протоколи Archives - Република https://republika.mk/tema/protokoli/ За подобро да се разбереме Mon, 08 May 2023 10:22:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png протоколи Archives - Република https://republika.mk/tema/protokoli/ 32 32 Од новата учебна година ќе има нови протоколи, прирачници и мерки за безбедност во училиштата, најави министерот за образование Јетон Шаќири https://republika.mk/vesti/makedonija/od-novata-uchebna-godina-ke-ima-novi-protokoli-prirachnitsi-i-merki-za-bezbednost-vo-uchilishtata-najavi-ministerot-za-obrazovanie-jeton-shakiri/ Mon, 08 May 2023 10:22:04 +0000 https://republika.mk/?p=638288

Од септември, кога почнува новата учебна година ќе има нови протоколи, прирачници и мерки коии се однесуваат на безбедноста во училиштата, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири, кој присустуваше на конференцијата за италијански јазик во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Очекувам од септември да имаме повеќе протоколи, повеќе прирачници, ќе ја разгледаме воспитната програма, работата на центрите за социјална работа, изјави министерот за образование и наука.

Шаќири кажа дека Министертвото за образование и наука (МОН) ќе има состаноци со надлежни институции кои треба да проценат кои се ризиците од употребата на мрежата „Тик-ток“ за учениците за да се заклучи дали треба да се ограничи нејзиното користење. За безбедноста во училиштата ќе има интензивни состаноци со вклученост на педагози, психолози и родители.

Денеска ќе продолжиме со состаноци со институциите кои треба да проценат кои се потенцијалните ризици од употребната на тик-ток мрежата, какви материјали содржи и начинот како ја употребуваат учениците во основно и средно образование, рече Шаќири.

Како што рече, институциите за безбедност треба да проценат колку е лош материјалот на „Тик-ток“, со оглед и на неколку видеа од ученици за кои постапува МВР.  Ќе се вклучат Министерството за информатичко општество и администрација и Агенцијата за електронски комуникации, како и други институции од ИКТ-секторот за да се разгледаат начините на употреба на оваа апликација.

Шаќири вели дека сите институции треба да се координираат и да разменуваат информации – министерствата за образование и наука и за труд и социјална политика, секторите за образование по општини.

Ќе се разгледува и како стоиме со кадарот – психолози, педагози. Некаде има по двајца, но бројот на ученици е различен по училишта. Ќе имаме анализа за тоа што може да придонесе севкупниот број на стручниот кадар во училиштата – основни или средни, и тие заедно да соработуваат во препораките. Според информации што ги добивам, некои од училиштата почнаа со редовни состаноци, итни состаноци, состаноци со родители. Покрај со класните наставници, ќе почнат и со психолози и педагози, кои досега постапуваа само за одредени случаи, рече Шаќири.

The post Од новата учебна година ќе има нови протоколи, прирачници и мерки за безбедност во училиштата, најави министерот за образование Јетон Шаќири appeared first on Република.

]]>

Од септември, кога почнува новата учебна година ќе има нови протоколи, прирачници и мерки коии се однесуваат на безбедноста во училиштата, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири, кој присустуваше на конференцијата за италијански јазик во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Очекувам од септември да имаме повеќе протоколи, повеќе прирачници, ќе ја разгледаме воспитната програма, работата на центрите за социјална работа, изјави министерот за образование и наука.
Шаќири кажа дека Министертвото за образование и наука (МОН) ќе има состаноци со надлежни институции кои треба да проценат кои се ризиците од употребата на мрежата „Тик-ток“ за учениците за да се заклучи дали треба да се ограничи нејзиното користење. За безбедноста во училиштата ќе има интензивни состаноци со вклученост на педагози, психолози и родители.
Денеска ќе продолжиме со состаноци со институциите кои треба да проценат кои се потенцијалните ризици од употребната на тик-ток мрежата, какви материјали содржи и начинот како ја употребуваат учениците во основно и средно образование, рече Шаќири.
Како што рече, институциите за безбедност треба да проценат колку е лош материјалот на „Тик-ток“, со оглед и на неколку видеа од ученици за кои постапува МВР.  Ќе се вклучат Министерството за информатичко општество и администрација и Агенцијата за електронски комуникации, како и други институции од ИКТ-секторот за да се разгледаат начините на употреба на оваа апликација. Шаќири вели дека сите институции треба да се координираат и да разменуваат информации – министерствата за образование и наука и за труд и социјална политика, секторите за образование по општини.
Ќе се разгледува и како стоиме со кадарот – психолози, педагози. Некаде има по двајца, но бројот на ученици е различен по училишта. Ќе имаме анализа за тоа што може да придонесе севкупниот број на стручниот кадар во училиштата – основни или средни, и тие заедно да соработуваат во препораките. Според информации што ги добивам, некои од училиштата почнаа со редовни состаноци, итни состаноци, состаноци со родители. Покрај со класните наставници, ќе почнат и со психолози и педагози, кои досега постапуваа само за одредени случаи, рече Шаќири.
   
The post Од новата учебна година ќе има нови протоколи, прирачници и мерки за безбедност во училиштата, најави министерот за образование Јетон Шаќири appeared first on Република.

]]>
4 месеци сме беспомошни жртви на лошото владеење и неспособноста на Спасовски, МОН и институциите https://republika.mk/vesti/crna-hronika/4-mesetsi-sme-bespomoshni-zhrtvi-na-loshoto-vladeene-i-nesposobnosta-na-spasovski-mon-i-institutsiite/ Tue, 28 Feb 2023 12:12:19 +0000 https://republika.mk/?p=614225

„Никој не смее да дозволи да си игра со судбините на децата. Ова е сензитивна тема и без разлика кој го нарачува сето ова, треба да има на ум дека не може да си игра со системот и со граѓаните на Република Македонија.“ Ова го изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на 27.10.2022 година кога за првпат во 8 училишта во Скопје беа пристигнати лажни закани за поставени бомби, потсети денеска Бојан Христовски, претседател на Градски Комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ.

Од тогаш до денес, додава тој, во скоро 40 наврати, на речиси 500 локации, од кои најголем дел училишта, па дури и градинки ширум земјава, веќе 4 месеци сме беспомошни сведоци и жртви на страв, немир, паника и терор.

Но, во исто време сме и жртви на лошото владеење со институциите кои не можат да се справат со овој проблем. Очигледно некој дозволува да си игра со судбините на децата, да си игра со системот и со граѓаните на Република Македонија, што е сосема спротивно на она што го изјави Спасовски пред 4 месеци. Но тоа е апсолвирана тема. Оваа власт, МВР со ова раководство, но и останатите надлежни институции, за жал не се способни да се справат со проблемот кој го вознемирува целото наше општество. Прекинот на редовната настава, како последица од лажните пријави, покрај психолошкиот, социјалниот и образовниот негативен инпакт врз децата, сериозно влијаат и на животот и работата на нивните семејства. Имено, не секој родител може да го напушти работното место за безбедно да го спроведе детето до својот дом. Од таа причина, многу деца остануваат без соодветна поддршка и помош при честите ситуации со лажни пријави за бомби, што понатаму може да предизвика дополнителни несакани последици, посочи тој.

Христовски јавно го повика Министерството за образование и наука итно и во најкус можен рок да преземе активности за изготвување на официјален план и протокол кој ќе предвидува функционални мерки и процедури за постапување при случаи на лажни пријави за бомби и други безбедносни закани во училиштата и други објекти.

Државниот образовен систем не смее да остави ниту едно дете без соодветна поддршка, превоз и безбедна локација, после пријави за бомби кои сериозно влијаат на психофизичкиот развој на децата. Бараме од надлежните институции да престанат со игнорантниот однос и наместо да бидат соучесници во креирање хаос, неизвесност и недоверба во системот со своето неделување, веднаш да изготват применлив план со кој, секое дете ќе биде соодветно згрижено и заштитено, а родителите изземени од незавидна ситуација во која секојдневно се наоѓаат. Јавно апелирам и до сите останати чинители, училишта, локална самоуправа, родителите и сите останати да бидат вклучени во овој процес. Доста е молчење. Време е за акција. Децата се наш приоритет и се што е поврзано со нив не трпи импровизации, порача тој.

The post 4 месеци сме беспомошни жртви на лошото владеење и неспособноста на Спасовски, МОН и институциите appeared first on Република.

]]>

„Никој не смее да дозволи да си игра со судбините на децата. Ова е сензитивна тема и без разлика кој го нарачува сето ова, треба да има на ум дека не може да си игра со системот и со граѓаните на Република Македонија.“ Ова го изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на 27.10.2022 година кога за првпат во 8 училишта во Скопје беа пристигнати лажни закани за поставени бомби, потсети денеска Бојан Христовски, претседател на Градски Комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ. Од тогаш до денес, додава тој, во скоро 40 наврати, на речиси 500 локации, од кои најголем дел училишта, па дури и градинки ширум земјава, веќе 4 месеци сме беспомошни сведоци и жртви на страв, немир, паника и терор.
Но, во исто време сме и жртви на лошото владеење со институциите кои не можат да се справат со овој проблем. Очигледно некој дозволува да си игра со судбините на децата, да си игра со системот и со граѓаните на Република Македонија, што е сосема спротивно на она што го изјави Спасовски пред 4 месеци. Но тоа е апсолвирана тема. Оваа власт, МВР со ова раководство, но и останатите надлежни институции, за жал не се способни да се справат со проблемот кој го вознемирува целото наше општество. Прекинот на редовната настава, како последица од лажните пријави, покрај психолошкиот, социјалниот и образовниот негативен инпакт врз децата, сериозно влијаат и на животот и работата на нивните семејства. Имено, не секој родител може да го напушти работното место за безбедно да го спроведе детето до својот дом. Од таа причина, многу деца остануваат без соодветна поддршка и помош при честите ситуации со лажни пријави за бомби, што понатаму може да предизвика дополнителни несакани последици, посочи тој.
Христовски јавно го повика Министерството за образование и наука итно и во најкус можен рок да преземе активности за изготвување на официјален план и протокол кој ќе предвидува функционални мерки и процедури за постапување при случаи на лажни пријави за бомби и други безбедносни закани во училиштата и други објекти.
Државниот образовен систем не смее да остави ниту едно дете без соодветна поддршка, превоз и безбедна локација, после пријави за бомби кои сериозно влијаат на психофизичкиот развој на децата. Бараме од надлежните институции да престанат со игнорантниот однос и наместо да бидат соучесници во креирање хаос, неизвесност и недоверба во системот со своето неделување, веднаш да изготват применлив план со кој, секое дете ќе биде соодветно згрижено и заштитено, а родителите изземени од незавидна ситуација во која секојдневно се наоѓаат. Јавно апелирам и до сите останати чинители, училишта, локална самоуправа, родителите и сите останати да бидат вклучени во овој процес. Доста е молчење. Време е за акција. Децата се наш приоритет и се што е поврзано со нив не трпи импровизации, порача тој.

The post 4 месеци сме беспомошни жртви на лошото владеење и неспособноста на Спасовски, МОН и институциите appeared first on Република.

]]>
Се отвора бифето и нема веќе маски, но останува мерката мерење температура пред влез во Собрание https://republika.mk/vesti/makedonija/se-otvora-bifeto-i-nema-vekje-maski-no-ostanuva-merkata-merenje-temperatura-pred-vlez-vo-sobranie/ Mon, 18 Apr 2022 13:07:46 +0000 https://republika.mk/?p=490067

Собранието на 28 април ќе одржи седница на која ќе бидат поставувани пратенички прашања.

За ова денеска на координација претседателот на Собранието Талат Џафери ги известил координаторите на пратеничките групи.

На редовната координација што се одржа денеска во Собранието, претседателот на Собранието, Талат Џафери, ги информираше присутните за активностите на законодавниот дом во наредните денови. Како прва активност, извести за одржувањето на новата 69. седница на Собранието на 19.04.2022 година (вторник), со почеток во 11.00 часот. Наредна активност ќе биде пленарната седница на која ќе се поставуваат пратенички прашања, на 28.04.2022 година (четврток), информира собраниската прес-служба.

Согласно здравствените протоколи, претседателот Џафери известил и дека од утре, 19 април, се враќа во функција и Прес-центарот во Собранието, а новинарите ќе можат да ги следат и седниците на собраниските тела во салите каде што се одржуваат.

Покрај тоа, се враќа во редовна работа и бифето до Прес-центарот. Дополнително, претседателот на координацијата ги извести присутните и за тоа дека по најновата донесена одлука на Владата за влегување во сила на новите здравствени протоколи за заштита од Ковид-19, и во законодавниот дом се укинува мерката за задолжително носење маски во затворен простор. Сепак, мерката за мерење на телесна температура при влез во Собранието останува во важност, информираат од Собранието по одржаната координација.

Потсетуваат дека со оглед на техничките проблеми со веб страницата на Собранието кои се предизвикуваат поради тековните подготовки за пуштање во употреба на новиот собраниски сајт, новинарите, доколку им се потребни одредени документи, да се обратат по електронски пат на следните адреси за електронска пошта: [email protected] [email protected] .

The post Се отвора бифето и нема веќе маски, но останува мерката мерење температура пред влез во Собрание appeared first on Република.

]]>

Собранието на 28 април ќе одржи седница на која ќе бидат поставувани пратенички прашања. За ова денеска на координација претседателот на Собранието Талат Џафери ги известил координаторите на пратеничките групи.
На редовната координација што се одржа денеска во Собранието, претседателот на Собранието, Талат Џафери, ги информираше присутните за активностите на законодавниот дом во наредните денови. Како прва активност, извести за одржувањето на новата 69. седница на Собранието на 19.04.2022 година (вторник), со почеток во 11.00 часот. Наредна активност ќе биде пленарната седница на која ќе се поставуваат пратенички прашања, на 28.04.2022 година (четврток), информира собраниската прес-служба.
Согласно здравствените протоколи, претседателот Џафери известил и дека од утре, 19 април, се враќа во функција и Прес-центарот во Собранието, а новинарите ќе можат да ги следат и седниците на собраниските тела во салите каде што се одржуваат.
Покрај тоа, се враќа во редовна работа и бифето до Прес-центарот. Дополнително, претседателот на координацијата ги извести присутните и за тоа дека по најновата донесена одлука на Владата за влегување во сила на новите здравствени протоколи за заштита од Ковид-19, и во законодавниот дом се укинува мерката за задолжително носење маски во затворен простор. Сепак, мерката за мерење на телесна температура при влез во Собранието останува во важност, информираат од Собранието по одржаната координација.
Потсетуваат дека со оглед на техничките проблеми со веб страницата на Собранието кои се предизвикуваат поради тековните подготовки за пуштање во употреба на новиот собраниски сајт, новинарите, доколку им се потребни одредени документи, да се обратат по електронски пат на следните адреси за електронска пошта: [email protected] [email protected] .

The post Се отвора бифето и нема веќе маски, но останува мерката мерење температура пред влез во Собрание appeared first on Република.

]]>
Андоновска: За кои протоколи говори власта, каде можеме да ги видиме истите, тие не постојат воопшто https://republika.mk/vesti/makedonija/andonovska-za-koi-protokoli-govori-vlasta-kade-mozeme-da-gi-vidime-istite-tie-ne-postojat-voopshto/ Tue, 22 Feb 2022 21:36:51 +0000 https://republika.mk/?p=462196

Јас не гледам што ние како држава направивме добро овој период, навистина не можам да дадам објаснување за некои донесени мерки. Па, дури и за овие мерки од денеска. Еве оваа конкретно денеска за трудниците, ние ги вративме и хронично болните на работа, ги вративме децата на училиште, еве ги враќаме студентите, целата оваа пандемија за жал мора да си признаеме дека е на товар и на грбот на граѓаните постојано. Ние не велиме дека не треба да се враќаат на работа граѓаните, но другите земји имаат стабилни и функционални здравствени системи. Системи кои што можат да одговорат на потребите на пациентите и оние што имаат полесна, но и оние што имаат потешка клиничка слика. Тие имаат капацитети да ги згрижат. А, ние немаме. Целиот овој период мораме да си признаеме дека беше на грбот и на товарот на граѓаните, истакна Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата на телевизија 24.

Андоновска додаде дека за жал Македонија нема функционален здравствен систем. Граѓаните во овој здравствен систем не можат да се снајдат, тие за жал се оставени сами на себе.

Ги вративме хронично болните, обезбедивме ли за нив безбедни услови за работа онакви какви што вели власта дека ќе се обезбедат за трудниците, запраша Андоновска

Андоновска посочи дека за жал државата не обезбеди безбедни услови за хронично болните граѓани за работа, туку државата ги остави сами да се грижат за себеси и своето здравје.

Од таму потекнува мојот сомнеж, а веројатно и на трудниците, и на јавноста, и на граѓаните дека повторно ќе ги втурнеме во оган. Власта вели ако се случи нешто да ексалираат работите или ако има поголем број на заболени, или ако ние не успееме да ги заштитиме трудниците ние ќе се повлечеме. Но, што ако дотогаш ние изгубиме животи? Кој ќе биде одговорен за сето тоа? Зошто однапред не се направи план, анализа, да се види како тоа го прават некои многу подобри од нас, дали ние имаме капацитет и услови истото да го направиме? Јас се сомневам дека ова што го велите дека ќе се организира институциите било каде да обезбедат услови безбедни за трудниците, рече Андоновска.

Андоновска додаде дека не гледа во институциите кои што ги посетува, а ниту пак граѓаните гледаат дека има некакви протоколи. Поради тоа се има еден општ хаос.

Ситуацијата на теренот е сосема поинаква, ние од таму треба да се спуштиме и од таму да почнеме да работиме. И од таму треба да ги градиме понатамошните одлуки и стратегии, и планови. Реалната ситуација за жал е многу поинаква. Не гледаме протоколи никаде. Еве јас лично не гледам протоколи никаде, ниту пак граѓаните гледаат некој протокол, ниту пак знаат како треба да се однесуват, нагласи Андоновска.

The post Андоновска: За кои протоколи говори власта, каде можеме да ги видиме истите, тие не постојат воопшто appeared first on Република.

]]>

Јас не гледам што ние како држава направивме добро овој период, навистина не можам да дадам објаснување за некои донесени мерки. Па, дури и за овие мерки од денеска. Еве оваа конкретно денеска за трудниците, ние ги вративме и хронично болните на работа, ги вративме децата на училиште, еве ги враќаме студентите, целата оваа пандемија за жал мора да си признаеме дека е на товар и на грбот на граѓаните постојано. Ние не велиме дека не треба да се враќаат на работа граѓаните, но другите земји имаат стабилни и функционални здравствени системи. Системи кои што можат да одговорат на потребите на пациентите и оние што имаат полесна, но и оние што имаат потешка клиничка слика. Тие имаат капацитети да ги згрижат. А, ние немаме. Целиот овој период мораме да си признаеме дека беше на грбот и на товарот на граѓаните, истакна Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата на телевизија 24. Андоновска додаде дека за жал Македонија нема функционален здравствен систем. Граѓаните во овој здравствен систем не можат да се снајдат, тие за жал се оставени сами на себе.