противвоздушна одбрана Archives - Република https://republika.mk/tema/protivvozdushna-odbrana/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Aug 2024 13:28:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png противвоздушна одбрана Archives - Република https://republika.mk/tema/protivvozdushna-odbrana/ 32 32 Бугарија ќе купува германски противвоздушен систем за стотици милиони долари https://republika.mk/vesti/balkan/bugarija-ke-kupuva-germanski-protivvozdushen-sistem-za-stotitsi-milioni-dolari/ Fri, 23 Aug 2024 15:58:02 +0000 https://republika.mk/?p=809511

Бугарија одобри купување на еден сет од системот за воздушна одбрана „IRIS-T SLM“ произведен од германската компанија „Diehl Defence“. Вредноста на договорот е 182 милиони евра, а испораката е планирана за 2027 година. Документот вклучува опција за набавка на пет дополнителни комплети „IRIS-T SLM“, како и систем за воздушна одбрана со долг дострел „IRIS-SLX“.

Купувањето ќе биде направено како дел од иницијативата „European Sky Shield“, чија цел е да се создаде слоевит систем за противвоздушна одбрана над воздушниот простор на ЕУ. Според некои извештаи, дел од трошоците ќе бидат покриени од САД како компензација за Бугарија за испраќањето на нејзините системи за противвоздушна одбрана и ракети во Украина во 2023 година.

The post Бугарија ќе купува германски противвоздушен систем за стотици милиони долари appeared first on Република.

]]>

Бугарија одобри купување на еден сет од системот за воздушна одбрана „IRIS-T SLM“ произведен од германската компанија „Diehl Defence“. Вредноста на договорот е 182 милиони евра, а испораката е планирана за 2027 година. Документот вклучува опција за набавка на пет дополнителни комплети „IRIS-T SLM“, како и систем за воздушна одбрана со долг дострел „IRIS-SLX“. Купувањето ќе биде направено како дел од иницијативата „European Sky Shield“, чија цел е да се создаде слоевит систем за противвоздушна одбрана над воздушниот простор на ЕУ. Според некои извештаи, дел од трошоците ќе бидат покриени од САД како компензација за Бугарија за испраќањето на нејзините системи за противвоздушна одбрана и ракети во Украина во 2023 година.

The post Бугарија ќе купува германски противвоздушен систем за стотици милиони долари appeared first on Република.

]]>
Грција ќе и ги даде на Украина своите противвоздушни системи само ако во замена добие американски https://republika.mk/vesti/balkan/grtsija-ke-i-gi-dade-na-ukraina-svoite-protivvozdushni-sistemi-samo-ako-vo-zamena-dobie-amerikanski/ Sat, 06 Apr 2024 17:58:28 +0000 https://republika.mk/?p=763124

Грција нема да ги пренесе во Украина руските системи за противвоздушна одбрана што се во посед на грчките оружени сеили, без прито да ги замени со слични западни системи.

Во замена за своето оружје што би требало да го испрати во Уктаина, Грција бара замена за слично оружје од САД.

Како што е случајот со сите системи на оружје, при нивно стекнување постојат законски обврски во однос на нивната продажба или пренос“, изјави шефот на Министерството за национална одбрана на земјата, Никос Дендиас.

Одговарајќи на новинарско прашање дали од Грција било побарано да ги испрати системите ТОР-M1, Оса-AKM и С-300 за потребите на Украина, Дендиас одговори дека „не може да стане збор за нивно повлекување од националниот систем за противвоздушна одбрана на Грција, каде што се целосно интегрирани, без да има нивна замена со системи со слични или супериорни борбени способности“.

The post Грција ќе и ги даде на Украина своите противвоздушни системи само ако во замена добие американски appeared first on Република.

]]>

Грција нема да ги пренесе во Украина руските системи за противвоздушна одбрана што се во посед на грчките оружени сеили, без прито да ги замени со слични западни системи. Во замена за своето оружје што би требало да го испрати во Уктаина, Грција бара замена за слично оружје од САД.
Како што е случајот со сите системи на оружје, при нивно стекнување постојат законски обврски во однос на нивната продажба или пренос“, изјави шефот на Министерството за национална одбрана на земјата, Никос Дендиас.
Одговарајќи на новинарско прашање дали од Грција било побарано да ги испрати системите ТОР-M1, Оса-AKM и С-300 за потребите на Украина, Дендиас одговори дека „не може да стане збор за нивно повлекување од националниот систем за противвоздушна одбрана на Грција, каде што се целосно интегрирани, без да има нивна замена со системи со слични или супериорни борбени способности“.

The post Грција ќе и ги даде на Украина своите противвоздушни системи само ако во замена добие американски appeared first on Република.

]]>
Унгарија и продаде на Србија радари за системите за противвоздушна одбрана „куб-м“ https://republika.mk/vesti/balkan/ungarija-i-prodade-na-srbija-radari-za-sistemite-za-protivvozdushna-odbrana-kub-m/ Mon, 25 Mar 2024 18:13:00 +0000 https://republika.mk/?p=757150

Србија купи радари за системот за противвоздушна одбрана „куб-м“ од Унгарија.

Како што објавија дел од српските и унгарските медиуми, наскоро од Унгарија во Србија треба да пристигнат компоненти за системот за противвоздушна одбрана 2К12 „куб-м“.

Станува збор за радарски станици за набљудување и наведување - РстОН 1С91M, кои им недостигаат на српските вооружени сили уште од времето кога овие компоненти беа уништени од антирадарски ракети АГМ-88 ХАРМ, за време на бомбардирањето на НАТО врз Србија во 1999 година.

Во моментов РВиПВО на Армијата на Србија има три самоодни ракетни дивизии за воздушна одбрана - 230, 240 и 310 - во 250-та ракетна бригада за ПВД, кои се опремени со вкупно 12 батерии од системот „куб-м“ и се распоредени во Ниш, Нови Сад и Крагуевац.

The post Унгарија и продаде на Србија радари за системите за противвоздушна одбрана „куб-м“ appeared first on Република.

]]>

Србија купи радари за системот за противвоздушна одбрана „куб-м“ од Унгарија. Како што објавија дел од српските и унгарските медиуми, наскоро од Унгарија во Србија треба да пристигнат компоненти за системот за противвоздушна одбрана 2К12 „куб-м“. Станува збор за радарски станици за набљудување и наведување - РстОН 1С91M, кои им недостигаат на српските вооружени сили уште од времето кога овие компоненти беа уништени од антирадарски ракети АГМ-88 ХАРМ, за време на бомбардирањето на НАТО врз Србија во 1999 година. Во моментов РВиПВО на Армијата на Србија има три самоодни ракетни дивизии за воздушна одбрана - 230, 240 и 310 - во 250-та ракетна бригада за ПВД, кои се опремени со вкупно 12 батерии од системот „куб-м“ и се распоредени во Ниш, Нови Сад и Крагуевац.

The post Унгарија и продаде на Србија радари за системите за противвоздушна одбрана „куб-м“ appeared first on Република.

]]>
Грција и Турција ќе се приклучат на европскиот проект за противракетна одбрана https://republika.mk/vesti/balkan/grtsija-i-turtsija-ke-se-prikluchat-na-evropskiot-proekt-za-protivraketna-odbrana/ Tue, 20 Feb 2024 22:04:12 +0000 https://republika.mk/?p=746352

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, ссоопшти дека Турција и Грција официјално ќе се приклучат на проектот за противракетна одбрана предводен од Германија.

Бројот на учесници во иницијативата „European Ski Shield“ достигнува 21. Проектот има за цел да ги пополни празнините во европската противвоздушна одбрана. Целта е да се создаде покоординиран систем за противвоздушна одбрана со краток, среден и долг дострел за да може Европа да се одбрани од какви било закани од воздух.

Франција не се приклучи на договорот бидејќи сака европските земји да користат сопствени системи и барем делумно да не се потпираат на опрема произведена во САД и Израел.

The post Грција и Турција ќе се приклучат на европскиот проект за противракетна одбрана appeared first on Република.

]]>

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, ссоопшти дека Турција и Грција официјално ќе се приклучат на проектот за противракетна одбрана предводен од Германија. Бројот на учесници во иницијативата „European Ski Shield“ достигнува 21. Проектот има за цел да ги пополни празнините во европската противвоздушна одбрана. Целта е да се создаде покоординиран систем за противвоздушна одбрана со краток, среден и долг дострел за да може Европа да се одбрани од какви било закани од воздух. Франција не се приклучи на договорот бидејќи сака европските земји да користат сопствени системи и барем делумно да не се потпираат на опрема произведена во САД и Израел.

The post Грција и Турција ќе се приклучат на европскиот проект за противракетна одбрана appeared first on Република.

]]>
Велика Британија ќе испорача на Украина двесте ракети за воздушна одбрана https://republika.mk/vesti/svet/velika-britanija-ke-isporacha-na-ukraina-dveste-raketi-za-vozdushna-odbrana/ Fri, 29 Dec 2023 21:50:20 +0000 https://republika.mk/?p=728042

Велика Британија ќе испрати околу 200 противвоздушни ракети во Украина.

Путин ги тестира одбранбените сили на Украина и решителноста на Западот, надевајќи се дека ќе победи кога сè ќе доведе до негов пораз. Но, тој греши, рече британскиот министер за одбрана Грант Шапс.

Тој додаде дека „сега е време слободниот свет да се здружи и да ги удвои своите напори за да и го даде на Украина она што и треба за да победи“.

Ракетите за противвоздушна одбрана, произведени во Велика Британија од концернот МБДА (МБДА), се дизајнирани да бидат лансирани од авиони, вклучително и ловци Тајфун и Ф-35, додаваат од британското Министерство за одбрана.

За две години, Британија ѝ даде на Украина воена помош во вкупна вредност од 4,6 милијарди фунти (5,9 милијарди долари).

The post Велика Британија ќе испорача на Украина двесте ракети за воздушна одбрана appeared first on Република.

САД ќе испратат системи за одбрана од балистички ракети на Блискиот Исток https://republika.mk/vesti/svet/sad-ke-ispratat-sistemi-za-odbrana-od-balistichki-raketi-na-bliskiot-istok/ Sun, 22 Oct 2023 08:08:43 +0000 https://republika.mk/?p=693801

Официјален Пентагон соопшти дека ќе го испрати системот „TААД“ (Terminal High Altitude Area Defense) на Блискиот Исток, заедно со американскиот систем за воздушна одбрана „Патриот“. Системот „ТААД“ е дизајниран да соборува балистички ракети со краток и среден дострел во последната фаза од нивниот лет.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, додаде дека дополнителен број војници се ставени под „подготовка за распоредување“ во регионот, иако не прецизираше за колкав број станува збор. Во соопштението на Пентагон се вели дека оваа одлука уследува по „неодамнешната ескалација на Иран и неговите посреднички сили низ регионот на Блискиот Исток“.

Нападите врз американските сили во Ирак и Сирија се зголемени откако пред две недели избувна судирот меѓу Израел и Хамас. По поотпочнувањето на конфликтото на 7 октомври, САД преместија носач на авиони, бродови и авиони во источниот Медитеран и ветија дека ќе му обезбедат на Израел дополнителна опрема и муниција.

The post САД ќе испратат системи за одбрана од балистички ракети на Блискиот Исток appeared first on Република.

]]>

Официјален Пентагон соопшти дека ќе го испрати системот „TААД“ (Terminal High Altitude Area Defense) на Блискиот Исток, заедно со американскиот систем за воздушна одбрана „Патриот“. Системот „ТААД“ е дизајниран да соборува балистички ракети со краток и среден дострел во последната фаза од нивниот лет. Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, додаде дека дополнителен број војници се ставени под „подготовка за распоредување“ во регионот, иако не прецизираше за колкав број станува збор. Во соопштението на Пентагон се вели дека оваа одлука уследува по „неодамнешната ескалација на Иран и неговите посреднички сили низ регионот на Блискиот Исток“. Нападите врз американските сили во Ирак и Сирија се зголемени откако пред две недели избувна судирот меѓу Израел и Хамас. По поотпочнувањето на конфликтото на 7 октомври, САД преместија носач на авиони, бродови и авиони во источниот Медитеран и ветија дека ќе му обезбедат на Израел дополнителна опрема и муниција.

The post САД ќе испратат системи за одбрана од балистички ракети на Блискиот Исток appeared first on Република.

]]>
Москва ќе ја слави новогодишната ноќ со противракетна одбрана, ангажирани се 20.000 војници за заштита на градот https://republika.mk/vesti/svet/moskva-ke-ja-slavi-novogodishnata-nok-so-protivraketna-odbrana-angazhirani-se-20-000-vojnitsi-za-zashtita-na-gradot/ Sat, 31 Dec 2022 12:03:06 +0000 https://republika.mk/?p=592239

Во периодот од 18 часа од 31 декември до 1 јануари ќе биде ограничен пристапот на граѓаните до Црвениот плоштад и Плоштадот на Револуцијата во главниот град на Русија.

Иако 31 декември вообичаено е ден кога генерално се зголемуваат безбедносните мерки во многу градови низ светот, поради воените активности во Украина, властите во Москва одлучија да преземат дополнителни безбедносни мерки.

Според руските медиуми, Москва за време на новогодишната ноќ ќе ја активира противвоздушната и противракетната одбрана, а во целиот процес ќе бидат вклучени околу 20.000 војници.

Вкупно, за време на новогодишните празници и викендите, околу 20.000 војници на воздухопловните сили ќе бидат на борбена задача за противвоздушна одбрана.

Првата бригада ги извршува задачите за одбрана на руската престолнина од оружје за воздушен напад и балистички ракети. Како што е наведено во Министерството за одбрана на Русија, воениот персонал за време на викендот ќе служи во единиците за противвоздушна одбрана, на радарските станици и командните пунктови“, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Годинава, за разлика од претходните, во Москва за време на новогодишните празници не очекуваат масовни настани и огномет.

The post Москва ќе ја слави новогодишната ноќ со противракетна одбрана, ангажирани се 20.000 војници за заштита на градот appeared first on Република.

]]>

Во периодот од 18 часа од 31 декември до 1 јануари ќе биде ограничен пристапот на граѓаните до Црвениот плоштад и Плоштадот на Револуцијата во главниот град на Русија. Иако 31 декември вообичаено е ден кога генерално се зголемуваат безбедносните мерки во многу градови низ светот, поради воените активности во Украина, властите во Москва одлучија да преземат дополнителни безбедносни мерки. Според руските медиуми, Москва за време на новогодишната ноќ ќе ја активира противвоздушната и противракетната одбрана, а во целиот процес ќе бидат вклучени околу 20.000 војници.
Вкупно, за време на новогодишните празници и викендите, околу 20.000 војници на воздухопловните сили ќе бидат на борбена задача за противвоздушна одбрана.   Првата бригада ги извршува задачите за одбрана на руската престолнина од оружје за воздушен напад и балистички ракети. Како што е наведено во Министерството за одбрана на Русија, воениот персонал за време на викендот ќе служи во единиците за противвоздушна одбрана, на радарските станици и командните пунктови“, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
Годинава, за разлика од претходните, во Москва за време на новогодишните празници не очекуваат масовни настани и огномет.

The post Москва ќе ја слави новогодишната ноќ со противракетна одбрана, ангажирани се 20.000 војници за заштита на градот appeared first on Република.

]]>
Руската ПВО соборила дрон во близина на авиобазата Енгелс каде се сместени нуклеарни бомбардери https://republika.mk/vesti/svet/ruskata-pvo-soborila-dron-vo-blizina-na-aviobazata-engels-kade-se-smesteni-nuklearni-bombarderi/ Thu, 29 Dec 2022 17:23:23 +0000 https://republika.mk/?p=591572

Официјална Москва соопшти дека сислите на руската противвоздушна одбрана собориле дрон во близина на авиобазата Енгелс, каде што се стационирани стратешки бомбардери.

Системот за противвоздушна одбрана собори беспилотно летало во регионот на Енгелс, изјави регионалниот гувернер Роман Бусаргин.

Тој додаде дека остатоци од дронот оштетиле станбена зграда, но нема информации за евентуално повредени лица.

Москва третпат тврди дека е нападната авиобазата Енгелс, што е лоцирана во близина на украинската граница. Базата Енгелс е една од двете во кои се сместени руските авионуклеарни сили. Според Русија во нападите врз базата Енгелс загинале најмалку шест војници.

Украина досега нема преземено одговорност за нападите врз Русија.

The post Руската ПВО соборила дрон во близина на авиобазата Енгелс каде се сместени нуклеарни бомбардери appeared first on Република.

]]>

Официјална Москва соопшти дека сислите на руската противвоздушна одбрана собориле дрон во близина на авиобазата Енгелс, каде што се стационирани стратешки бомбардери.
Системот за противвоздушна одбрана собори беспилотно летало во регионот на Енгелс, изјави регионалниот гувернер Роман Бусаргин.
Тој додаде дека остатоци од дронот оштетиле станбена зграда, но нема информации за евентуално повредени лица. Москва третпат тврди дека е нападната авиобазата Енгелс, што е лоцирана во близина на украинската граница. Базата Енгелс е една од двете во кои се сместени руските авионуклеарни сили. Според Русија во нападите врз базата Енгелс загинале најмалку шест војници. Украина досега нема преземено одговорност за нападите врз Русија.

The post Руската ПВО соборила дрон во близина на авиобазата Енгелс каде се сместени нуклеарни бомбардери appeared first on Република.

]]>
Руските сили ја засилуваат противвоздушната одбрана во Херсон поради зголемените украински ракетни напади https://republika.mk/vesti/svet/ruskite-sili-ja-zasiluvaat-protivvozdushnata-odbrana-vo-herson-poradi-zgolemenite-ukrainski-raketni-napadi/ Tue, 19 Jul 2022 09:49:56 +0000 https://republika.mk/?p=530976

Руските сили ги засилуваат системите за противвоздушна одбрана во регионот Херсон,.

Како што за РИА Новости информира заменик-шеф на управата на Херсонската област, Кирил Стремусов, засулувањето на овие системи доаѓа како одговор на зголемените ракетни напади од страна на украинската армија.

The post Руските сили ја засилуваат противвоздушната одбрана во Херсон поради зголемените украински ракетни напади appeared first on Република.

]]>

Руските сили ги засилуваат системите за противвоздушна одбрана во регионот Херсон,. Како што за РИА Новости информира заменик-шеф на управата на Херсонската област, Кирил Стремусов, засулувањето на овие системи доаѓа како одговор на зголемените ракетни напади од страна на украинската армија.

The post Руските сили ја засилуваат противвоздушната одбрана во Херсон поради зголемените украински ракетни напади appeared first on Република.

]]>
Руските сили користат мистериозно оружје што ја збунува противвоздушната одбрана да ги пресретне проектилите https://republika.mk/vesti/svet/ruskite-sili-koristat-misteriozno-oruzje-shto-ja-zbunuva-protivvozdushnata-odbrana-da-gi-presretne-proektilite/ Sat, 19 Mar 2022 20:14:57 +0000 https://republika.mk/?p=475502

Американските разузнавачи соопштија дека откриле балистички ракети што Русија ги истрелува кон Украина содржат мамки кои ги збунуваат радарите за противвоздушна одбрана и ги привлекуваат кон себе наведуваните ракети, пишува „Њујорк Тајмс“.

Уредите се долги околу еден метар, се во облик на стрела и се бели со портокалова опашка. Тие се ослободуваат од балистичките ракети со краток дострел „Искандер-М“ кои Русија ги испалува од мобилни фрлачи од другата страна на границата - вели американски функционер.

https://twitter.com/CAT_UXO/status/1500100071718854657?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1500100071718854657%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3893773%2Fmisteriozno-oruzje-rusija-ukrajina

Тој додава дека мистериозниот објект се испушта кога проектилот ќе забележи дека кон него е насочен радарски сноп од противничката противвоздушна одбрана.

Објектот е полн со електроника и произведува радиосигнали за да им пречи на непријателските радари кои се обидуваат да го лоцираат „Искандер-М“ и содржи извор на топлина за привлекување на проектилите што доаѓаат кон него - објаснува службеникот, кој не бил овластен да зборува јавно за разузнавачки работи и побарал да остане анонимен.

Пронајдените мамки би можеле да дадат одговор на прашањето зошто украинската воздушна одбрана има проблеми со пресретнувањето на руските ракети „Искандер“. Одговорот би можел да биде во овие мамки кои ја водат противвоздушната одбрана на погрешен пат.

„Искандер“ е балистички ракетен систем со краток дострел. Неговиот домет е повеќе од 400 километри.

The post Руските сили користат мистериозно оружје што ја збунува противвоздушната одбрана да ги пресретне проектилите appeared first on Република.

]]>

Американските разузнавачи соопштија дека откриле балистички ракети што Русија ги истрелува кон Украина содржат мамки кои ги збунуваат радарите за противвоздушна одбрана и ги привлекуваат кон себе наведуваните ракети, пишува „Њујорк Тајмс“.
Уредите се долги околу еден метар, се во облик на стрела и се бели со портокалова опашка. Тие се ослободуваат од балистичките ракети со краток дострел „Искандер-М“ кои Русија ги испалува од мобилни фрлачи од другата страна на границата - вели американски функционер.
https://twitter.com/CAT_UXO/status/1500100071718854657?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1500100071718854657%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3893773%2Fmisteriozno-oruzje-rusija-ukrajina Тој додава дека мистериозниот објект се испушта кога проектилот ќе забележи дека кон него е насочен радарски сноп од противничката противвоздушна одбрана.
Објектот е полн со електроника и произведува радиосигнали за да им пречи на непријателските радари кои се обидуваат да го лоцираат „Искандер-М“ и содржи извор на топлина за привлекување на проектилите што доаѓаат кон него - објаснува службеникот, кој не бил овластен да зборува јавно за разузнавачки работи и побарал да остане анонимен.
Пронајдените мамки би можеле да дадат одговор на прашањето зошто украинската воздушна одбрана има проблеми со пресретнувањето на руските ракети „Искандер“. Одговорот би можел да биде во овие мамки кои ја водат противвоздушната одбрана на погрешен пат. „Искандер“ е балистички ракетен систем со краток дострел. Неговиот домет е повеќе од 400 километри.

The post Руските сили користат мистериозно оружје што ја збунува противвоздушната одбрана да ги пресретне проектилите appeared first on Република.

]]>