Противпожарен сојуз Archives - Република https://republika.mk/tema/protivpozharen-sojuz/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Jun 2023 13:01:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Противпожарен сојуз Archives - Република https://republika.mk/tema/protivpozharen-sojuz/ 32 32 „Да ги заштитиме нашите шуми од пожари“- едукативна кампања на Противпожарниот сојуз на Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/da-gi-zashtitime-nashite-shumi-od-pozhari-edukativna-kampana-na-protivpozharniot-sojuz-na-makedonija/ Wed, 14 Jun 2023 13:01:17 +0000 https://republika.mk/?p=651368

„Да ги заштитиме нашите шуми од пожари“ е насловот на кампањата која денеска се одржа на плоштадот Македонија со цел да се едуцира јавноста за заштита од пожари во шумите кои изминативе години зафатија голем дел од нашето национално богатство.

Кампањата, која е во организација на Противпожарниот сојуз на Македонија во соработка со Градскиот противпожарен Сојуз на Скопје, Општинските противпожарни Сојузи на Општините од Град Скопје, Дирекција за заштита и спасување на Македонија и Македонски шуми, се реализира со делење флаери со едукативна содржина за заштита од пожарите, почитување на мерките за претпазливост и спречување на пожарите со навремено известување. Кампањата започнува во Скопје, но планирани се активности и во останатите градови во државата.

Оваа кампања е централизирана во Скопје, но планирани се и активности за во останатите градови од Македонија и пред се ќе се насочиме кон електронско информирање на јавноста со пласирање на информации преку социјалните медиуми и преку средствата за јавно информирање, изјави Зоран Кочоски, претседателот на Противпожарниот сојуз на Македонија, додавајќи дека овој настан е само еден од низата на настани кои ќе следат во периодот.

null

Претседателот на Противпожарниот сојуз на Македонија нагласи дека најдобар начин за справување со пожарите е информирањето, односно свесноста за брза дојава во случај на забележување на пожар на отворено или во шумите.

Противпожарниот сојуз на Македонија планира да формира свои тимови кои ќе бидат на располагање на професионалниот состав за гасење на пожари во соработка со Македонски шуми и со Противпожарните единици од градовите низ државата, истакна Кочоски со надеж дека ќе имаме мирно лето без пожари.

На прашање во врска со бројот на пожарникари во нашата држава, Кочоски рече дека Македонија нема доволен број на пожарникари и дека потребно е зголемување како и инвестиција во обуките и опрема за сите доброволни пожарникари. Тој нагласи дека недостигот на координација е најголемиот проблем за ненавременото справување со пожарите кои се јавуваат на отворен простор.

null

Претседателот на Противпожарниот сојуз на Град Скопје , Петар Плотников, појасни дека ова е почеток на серијата кампањи кои ќе се одржат во летниот период и информираше дека последователно кампањи ќе се одржат и преку општинските противпожарни сојузи Аеродром, Косела Вода, Ѓорче Петров, Бутел, Чаир, Гази Баба, Сопиште, Петровец и Илинден.

Дополнително ќе се покријат и оние делови, локалитети на градот Скопје кои претставуваат туристички и излетнички места, а тоа се Катланово, Чучер Сандево, Матка, Сарај, Парк шумата Водно, Козјак и Марков манастир, истакна Плотников.

Претседателот на Противпожарниот сојуз на Македонија Кочоски за МИА истакна дека сојузот се уште има добар одзив на старите членови кои волонтираат, но нагласи дека има недостаток во недефинираниот статус на Противпожарниот сојуз во државата и недостиг на финансиска поддршка.

Во Македонија има вкупно 31 регистриран сојуз од кои само 23 се активни. Во моментов има 24 регистрирани противпожарни друштва со околу 1400 членови, од кои активни се околу 500, што е под нивото на кое треба да биде државата бидејќи противпожарните друштва се соочуваат со немање на средства за опрема и функционирање. Најлошото е тоа што во Македонија нема систем на организирани обуки и сертифицирање на пожарникари, нагласи Зоран Кочоски.

The post „Да ги заштитиме нашите шуми од пожари“- едукативна кампања на Противпожарниот сојуз на Македонија appeared first on Република.

]]>

„Да ги заштитиме нашите шуми од пожари“ е насловот на кампањата која денеска се одржа на плоштадот Македонија со цел да се едуцира јавноста за заштита од пожари во шумите кои изминативе години зафатија голем дел од нашето национално богатство. Кампањата, која е во организација на Противпожарниот сојуз на Македонија во соработка со Градскиот противпожарен Сојуз на Скопје, Општинските противпожарни Сојузи на Општините од Град Скопје, Дирекција за заштита и спасување на Македонија и Македонски шуми, се реализира со делење флаери со едукативна содржина за заштита од пожарите, почитување на мерките за претпазливост и спречување на пожарите со навремено известување. Кампањата започнува во Скопје, но планирани се активности и во останатите градови во државата.
Оваа кампања е централизирана во Скопје, но планирани се и активности за во останатите градови од Македонија и пред се ќе се насочиме кон електронско информирање на јавноста со пласирање на информации преку социјалните медиуми и преку средствата за јавно информирање, изјави Зоран Кочоски, претседателот на Противпожарниот сојуз на Македонија, додавајќи дека овој настан е само еден од низата на настани кои ќе следат во периодот.
null Претседателот на Противпожарниот сојуз на Македонија нагласи дека најдобар начин за справување со пожарите е информирањето, односно свесноста за брза дојава во случај на забележување на пожар на отворено или во шумите.
Противпожарниот сојуз на Македонија планира да формира свои тимови кои ќе бидат на располагање на професионалниот состав за гасење на пожари во соработка со Македонски шуми и со Противпожарните единици од градовите низ државата, истакна Кочоски со надеж дека ќе имаме мирно лето без пожари.
На прашање во врска со бројот на пожарникари во нашата држава, Кочоски рече дека Македонија нема доволен број на пожарникари и дека потребно е зголемување како и инвестиција во обуките и опрема за сите доброволни пожарникари. Тој нагласи дека недостигот на координација е најголемиот проблем за ненавременото справување со пожарите кои се јавуваат на отворен простор. null Претседателот на Противпожарниот сојуз на Град Скопје , Петар Плотников, појасни дека ова е почеток на серијата кампањи кои ќе се одржат во летниот период и информираше дека последователно кампањи ќе се одржат и преку општинските противпожарни сојузи Аеродром, Косела Вода, Ѓорче Петров, Бутел, Чаир, Гази Баба, Сопиште, Петровец и Илинден.