протести Archives - Република https://republika.mk/tema/protesti/ За подобро да се разбереме Sun, 10 Nov 2024 10:39:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png протести Archives - Република https://republika.mk/tema/protesti/ 32 32 Повеќе од 100.000 лица протестираа во Валенсија поради бавната реакција на властите во поплавите https://republika.mk/vesti/svet/poveke-od-100-000-litsa-protestiraa-vo-valensija-poradi-bavnata-reaktsija-na-vlastite-vo-poplavite/ Sun, 10 Nov 2024 10:39:32 +0000 https://republika.mk/?p=836036

Над 100.000 лица протестираа вчера вечерта во Валенсија, на истокот на Шпанија, поради бавната реакција на регионалните власти за време на разорните поплави во кои загинаа повеќе од 220 лица, а на крајот од протестот дојде и до судири со полицијата, јавуваат шпанските медиуми.

Шпанската агенција Ефе, повикувајќи се на владини официјални извори, објавија дека на протестот по улиците на Валенсија синоќа излегле 130.000 лица, обвинувајќи ги локалните власти дека предоцна издале предупредувања за поплави.

Би-Би-Си потврди дека на крајот од протестот гневните демонстранти се судрија со полицијата.

Зградата на градското собрание беше измачкана со кал, а градоначалничkата Марија Хозе Катала на социјалните мрежи објави фотографии од скршени прозорци и видео на кое се гледа пожар.

„Вандализмот не е решение“, напиша таа.

Демонстрантите се собраа синоќа во центарот на Валенсија барајќи оставка од лидерот на регионалната влада Карлос Месон, извикувајќи „Убијци“, јавија британските медиуми.

„Нашите раце се извалкани со кал, вашите со крв“, пишуваше на еден од транспарентите, а демонстрантите ги извикуваа тие зборови.

Дел од нив во знак на протест фрлаа калливи чизми пред општинската зграда.

Жителите на погодените области го обвинуваат Месон дека го издал предупредувањето предоцна - во 20:00 часот на 29 октомври, откако водата веќе поплавила многу околни градови и села.

Месон рече дека предупредувањето би го издал порано доколку телото задолжено за следење на водите навреме ги известило властите за сериозноста на ситуацијата.

Најмалку 223 лица загинаа во поплавите, а речиси 80 лица се уште се водат како исчезнати во најсмртоносните поплави во една европска земја од поплавите во Португалија во 1967 година, кога загинаа околу 500 лица.

The post Повеќе од 100.000 лица протестираа во Валенсија поради бавната реакција на властите во поплавите appeared first on Република.

]]>

Над 100.000 лица протестираа вчера вечерта во Валенсија, на истокот на Шпанија, поради бавната реакција на регионалните власти за време на разорните поплави во кои загинаа повеќе од 220 лица, а на крајот од протестот дојде и до судири со полицијата, јавуваат шпанските медиуми. Шпанската агенција Ефе, повикувајќи се на владини официјални извори, објавија дека на протестот по улиците на Валенсија синоќа излегле 130.000 лица, обвинувајќи ги локалните власти дека предоцна издале предупредувања за поплави. Би-Би-Си потврди дека на крајот од протестот гневните демонстранти се судрија со полицијата. Зградата на градското собрание беше измачкана со кал, а градоначалничkата Марија Хозе Катала на социјалните мрежи објави фотографии од скршени прозорци и видео на кое се гледа пожар. „Вандализмот не е решение“, напиша таа. Демонстрантите се собраа синоќа во центарот на Валенсија барајќи оставка од лидерот на регионалната влада Карлос Месон, извикувајќи „Убијци“, јавија британските медиуми. „Нашите раце се извалкани со кал, вашите со крв“, пишуваше на еден од транспарентите, а демонстрантите ги извикуваа тие зборови. Дел од нив во знак на протест фрлаа калливи чизми пред општинската зграда. Жителите на погодените области го обвинуваат Месон дека го издал предупредувањето предоцна - во 20:00 часот на 29 октомври, откако водата веќе поплавила многу околни градови и села. Месон рече дека предупредувањето би го издал порано доколку телото задолжено за следење на водите навреме ги известило властите за сериозноста на ситуацијата. Најмалку 223 лица загинаа во поплавите, а речиси 80 лица се уште се водат како исчезнати во најсмртоносните поплави во една европска земја од поплавите во Португалија во 1967 година, кога загинаа околу 500 лица.

The post Повеќе од 100.000 лица протестираа во Валенсија поради бавната реакција на властите во поплавите appeared first on Република.

]]>
Протести во Виена против можната екстремно десничарска влада https://republika.mk/vesti/svet/protesti-vo-viena-protiv-mozhnata-ekstremno-desnicharska-vlada/ Fri, 04 Oct 2024 08:20:16 +0000 https://republika.mk/?p=822500

Илјадници луѓе синоќа излегоа на улиците на Виена, протестирајќи против можноста екстремно десничарската Слободарска партија на Австрија (ФПО) да биде дел од новата влада.

Организаторите тврдат дека се собрале околу 25.000 луѓе, додека полицијата не излезе со официјални бројки. Популистичката ФПО победи на изборите одржани во неделата со околу 29 проценти од гласовите.

Повеќето од останатите политички партии ја отфрлија можноста за коалиција со десничарите. Конзервативната Австриска народна партија, предводена од канцеларот Карл Нехамер, изрази подготвеност за соработка, но под услов лидерот на ФПО, Херберт Кикл, да не презема никакви државни функции.

Кикл, сепак, има амбиции да стане канцелар.

Демонстрантите поминаа низ центарот на градот и се собраа пред Парламентот носејќи транспаренти со натписи „Не во коалиција со нацистите“. На еден од плакатите Кикл е прикажан како марионета контролирана од рускиот претседател Владимир Путин, поради обвиненијата дека има проруски ставови.

Претседателот на Австрија, Александер Ван дер Белен, денеска треба да започне разговори за формирање нова влада со сите политички лидери, почнувајќи со Кикл. ссм

The post Протести во Виена против можната екстремно десничарска влада appeared first on Република.

]]>

Илјадници луѓе синоќа излегоа на улиците на Виена, протестирајќи против можноста екстремно десничарската Слободарска партија на Австрија (ФПО) да биде дел од новата влада. Организаторите тврдат дека се собрале околу 25.000 луѓе, додека полицијата не излезе со официјални бројки. Популистичката ФПО победи на изборите одржани во неделата со околу 29 проценти од гласовите. Повеќето од останатите политички партии ја отфрлија можноста за коалиција со десничарите. Конзервативната Австриска народна партија, предводена од канцеларот Карл Нехамер, изрази подготвеност за соработка, но под услов лидерот на ФПО, Херберт Кикл, да не презема никакви државни функции. Кикл, сепак, има амбиции да стане канцелар. Демонстрантите поминаа низ центарот на градот и се собраа пред Парламентот носејќи транспаренти со натписи „Не во коалиција со нацистите“. На еден од плакатите Кикл е прикажан како марионета контролирана од рускиот претседател Владимир Путин, поради обвиненијата дека има проруски ставови. Претседателот на Австрија, Александер Ван дер Белен, денеска треба да започне разговори за формирање нова влада со сите политички лидери, почнувајќи со Кикл. ссм

The post Протести во Виена против можната екстремно десничарска влада appeared first on Република.

]]>
Албанската опозиција најави национален протест на 6 октомври https://republika.mk/vesti/balkan/albanskata-opozitsija-najavi-natsionalen-protest-na-6-oktomvri/ Sat, 28 Sep 2024 17:28:55 +0000 https://republika.mk/?p=820611

Лидерот на  албанската опозициска демократска партија (ДП) и поранешен премиер и претседател, Сали Бериша, денеска најави масовни протести и граѓанска непослушност, на целата територија на земјата, чиј почеток ќе биде означен на 6 октомври, со масовен национален протест.

-Пратениците од опозицијата ќе ги предводат протестите, револтот и граѓанската непослушност на секое место, вклучително и во собраниската сала. Прво, несомнено ќе биде национален протест. Ова без какво било сомневање. Второ, тоа ќе биде национална акција. Се утврдуваат сите мерки кои имаат за цел да одговорат на национално ниво на бруталниот чин на мафијата Рама-Џафај и почетокот на нашата битка, која беше 100 отсто програмирана и планирана за техничка влада и слободни избори, рече Бериша, преку онлајн прес-конференција.

Додаде дека за пратениците и раководството на ДП има само една цел и мото „битка, битка и само битка“.

- До денеска ДП беше во одбрана. Од 6 октомври натаму ДП оди во напад. Во незапирливата битка, ДП ги концентрира сите свои потенцијали на напад на наркократијата и формирање техничка влада. Граѓанската непослушност е универзум на мерки опишани детално во прирачниците за граѓанска непослушност. Сите тие мерки ќе се користат се додека не се реализира целосната цел, создавање на техничката влада. Ние не сме за екстремни форми, туку веруваме и убедени сме дека граѓанската непослушност е патот по кој ДП ќе ги реализира своите цели, порача тој.

Бериша, кој од декември минатата година е во домашен притвор, под сомнение за корупција и злоупотреба на службената должност, додека бил премиер,  рече дека е осомничен само затоа што го бранел Уставот  и нагласи дека ќе застане „силно против овој режим со целосно уверување дека оваа битка ќе биде добиена“.

Масовни протеси со блокирање паришта, аеродроми, универзитети и други институции, Демократите најавија пред два дена откако Апелацискиот суд, на пратеникот Ервин Салиањи, му ја потврди едногодишната затворска казната под обвинение за „клевета“, што и тој и партијата, ја отфрлаат и ја сметаат за „политички прогон на опозицијата“.

Салиањи, кој вчера попладне се јави доброволно во полициската управа во Тирана, од каде беше префрлен во затворот во Фиер, и неговите сопартијци во мај 2018 година  објавија аудио снимка од разговор кој, според нив, се водел меѓу братот на тогашниот министер за внатрешни работи, Фатмир Џафај, и поранешен осуденик во Италија за трговија со дрога, за да му помогне да обезбеди пратка со марихуана.

И пред тоа Демократската партија со денови директно го обвинуваше министерот Џафај, во врска со неговиот брат, уапсен во Италија во 2002 година за учество во криминална организација која се занимавала со трговија со дрога и осуден во 2012 година од италијански суд.

На крајот од октомври 2018 година Џафај си поднесе оставка.

The post Албанската опозиција најави национален протест на 6 октомври appeared first on Република.

]]>

Лидерот на  албанската опозициска демократска партија (ДП) и поранешен премиер и претседател, Сали Бериша, денеска најави масовни протести и граѓанска непослушност, на целата територија на земјата, чиј почеток ќе биде означен на 6 октомври, со масовен национален протест.
-Пратениците од опозицијата ќе ги предводат протестите, револтот и граѓанската непослушност на секое место, вклучително и во собраниската сала. Прво, несомнено ќе биде национален протест. Ова без какво било сомневање. Второ, тоа ќе биде национална акција. Се утврдуваат сите мерки кои имаат за цел да одговорат на национално ниво на бруталниот чин на мафијата Рама-Џафај и почетокот на нашата битка, која беше 100 отсто програмирана и планирана за техничка влада и слободни избори, рече Бериша, преку онлајн прес-конференција.
Додаде дека за пратениците и раководството на ДП има само една цел и мото „битка, битка и само битка“.
- До денеска ДП беше во одбрана. Од 6 октомври натаму ДП оди во напад. Во незапирливата битка, ДП ги концентрира сите свои потенцијали на напад на наркократијата и формирање техничка влада. Граѓанската непослушност е универзум на мерки опишани детално во прирачниците за граѓанска непослушност. Сите тие мерки ќе се користат се додека не се реализира целосната цел, создавање на техничката влада. Ние не сме за екстремни форми, туку веруваме и убедени сме дека граѓанската непослушност е патот по кој ДП ќе ги реализира своите цели, порача тој.
Бериша, кој од декември минатата година е во домашен притвор, под сомнение за корупција и злоупотреба на службената должност, додека бил премиер,  рече дека е осомничен само затоа што го бранел Уставот  и нагласи дека ќе застане „силно против овој режим со целосно уверување дека оваа битка ќе биде добиена“. Масовни протеси со блокирање паришта, аеродроми, универзитети и други институции, Демократите најавија пред два дена откако Апелацискиот суд, на пратеникот Ервин Салиањи, му ја потврди едногодишната затворска казната под обвинение за „клевета“, што и тој и партијата, ја отфрлаат и ја сметаат за „политички прогон на опозицијата“. Салиањи, кој вчера попладне се јави доброволно во полициската управа во Тирана, од каде беше префрлен во затворот во Фиер, и неговите сопартијци во мај 2018 година  објавија аудио снимка од разговор кој, според нив, се водел меѓу братот на тогашниот министер за внатрешни работи, Фатмир Џафај, и поранешен осуденик во Италија за трговија со дрога, за да му помогне да обезбеди пратка со марихуана. И пред тоа Демократската партија со денови директно го обвинуваше министерот Џафај, во врска со неговиот брат, уапсен во Италија во 2002 година за учество во криминална организација која се занимавала со трговија со дрога и осуден во 2012 година од италијански суд. На крајот од октомври 2018 година Џафај си поднесе оставка.

The post Албанската опозиција најави национален протест на 6 октомври appeared first on Република.

]]>
Протести во Израел – се бара примирје со Хамас и ослободување на заложниците, за понеделник закажан генерален штрајк https://republika.mk/vesti/svet/protesti-vo-izrael-se-bara-primirje-so-hamas-i-osloboduvane-na-zalozhnitsite-za-ponedelnik-zakazhan-generalen-shtrajk/ Sun, 01 Sep 2024 20:06:57 +0000 https://republika.mk/?p=812107

Граѓани на Израел излегоа вечерва на улиците во Ерусалим, Тел Авив и други градови, откако шест заложници беа пронајдени мртви во Газа, барајќи од премиерот Бенјамин Нетанјаху да преговара за прекин на огнот со Хамас за да бидат ослободени преостанатите заложници, пренесува Бета.

Најголемиот израелски синдикат, Хистадрут, свика генерален штрајк за утре за да изврши притисок врз владата. Тоа ќе биде прв генерален штрајк по нападот на Хамас на 7 октомври и израелската воена интервенција во Појасот Газа.

Се очекува штрајкот да ги запре или наруши главните сектори на економијата, вклучително и банкарството, здравството и главниот аеродром во земјата.

Се проценува дека десетици илјади Израелци ќе протестираат вечерва, а многумина се веќе пред канцеларијата на Нетанјаху во Ерусалим.

Тие го обвинуваат Нетанјаху дека не успеал да ги врати живите заложниците бидејќи не постигнал договор со Хамас за нивно ослободување и завршување на војната.

Хамас понуди да ги ослободи заложниците во замена за прекин на војната, повлекување на израелските сили и ослободување на голем број палестински затвореници, вклучително и милитанти од висок профил.

Изат ал Ришк, висок функционер на Хамас, изјави дека заложниците би биле сè уште живи доколку Израел го прифател предлогот за прекин на огнот поддржан од САД.

Нетанјаху вети дека ќе ја продолжи војната додека Хамас не биде уништен и рече дека е потребен воен притисок за да се вратат заложниците дома.

Критичарите го обвинија Нетанјаху за застој во разговорите за прекин на огнот и дека ги става неговите лични интереси пред оние на заложниците.

Израелската армија денеска соопшти дека ги идентификувала телата на шестмината заложници, меѓу кои две жени и четворица мажи.

Обдукцијата на телата на заложниците пронајдени во Газа покажа дека шесте заложници биле убиени „од непосредна близина“ помеѓу четвртокот и петокот наутро, соопшти денеска израелското Министерство за здравство.

The post Протести во Израел – се бара примирје со Хамас и ослободување на заложниците, за понеделник закажан генерален штрајк appeared first on Република.

]]>

Граѓани на Израел излегоа вечерва на улиците во Ерусалим, Тел Авив и други градови, откако шест заложници беа пронајдени мртви во Газа, барајќи од премиерот Бенјамин Нетанјаху да преговара за прекин на огнот со Хамас за да бидат ослободени преостанатите заложници, пренесува Бета. Најголемиот израелски синдикат, Хистадрут, свика генерален штрајк за утре за да изврши притисок врз владата. Тоа ќе биде прв генерален штрајк по нападот на Хамас на 7 октомври и израелската воена интервенција во Појасот Газа. Се очекува штрајкот да ги запре или наруши главните сектори на економијата, вклучително и банкарството, здравството и главниот аеродром во земјата. Се проценува дека десетици илјади Израелци ќе протестираат вечерва, а многумина се веќе пред канцеларијата на Нетанјаху во Ерусалим. Тие го обвинуваат Нетанјаху дека не успеал да ги врати живите заложниците бидејќи не постигнал договор со Хамас за нивно ослободување и завршување на војната. Хамас понуди да ги ослободи заложниците во замена за прекин на војната, повлекување на израелските сили и ослободување на голем број палестински затвореници, вклучително и милитанти од висок профил. Изат ал Ришк, висок функционер на Хамас, изјави дека заложниците би биле сè уште живи доколку Израел го прифател предлогот за прекин на огнот поддржан од САД. Нетанјаху вети дека ќе ја продолжи војната додека Хамас не биде уништен и рече дека е потребен воен притисок за да се вратат заложниците дома. Критичарите го обвинија Нетанјаху за застој во разговорите за прекин на огнот и дека ги става неговите лични интереси пред оние на заложниците. Израелската армија денеска соопшти дека ги идентификувала телата на шестмината заложници, меѓу кои две жени и четворица мажи. Обдукцијата на телата на заложниците пронајдени во Газа покажа дека шесте заложници биле убиени „од непосредна близина“ помеѓу четвртокот и петокот наутро, соопшти денеска израелското Министерство за здравство.

The post Протести во Израел – се бара примирје со Хамас и ослободување на заложниците, за понеделник закажан генерален штрајк appeared first on Република.

]]>
Најмалку 10 полицајци повредени на пропалестински протести во Берлин https://republika.mk/vesti/svet/najmalku-10-politsajtsi-povredeni-na-propalestinski-protesti-vo-berlin/ Mon, 19 Aug 2024 07:12:25 +0000 https://republika.mk/?p=807802

Најмалку 10 полицајци се повредени за време на вчерашните пропалестински протести во Берлин, соопштија локалните власти, пренесува ДПА.

За време на вчерашните протести во централниот кварт „Кројцберг“ кон полицајците беа фрлани камења, јајца и пластични шишиња.

Еден од учесниците беше повреден откако беше удрен во врат од камен, а еден учесник на контра-протест исто така беше удрен во глава и повреден.

Полицијата соопшти дека 250 луѓе се собрале на плоштадот „Морицплац“ пред да тргнат во марш кој прераснал во протест со околу 1000 учесници.

Пред почетокот на маршот, демонстрантите биле информирани дека ќе бидат забранети сите скандирања кои пропагираат „уништување на Израел и/или неговите жители“ или промовираат „забранети организации“, вклучително и палестинската исламистичка група Хамас.

На терен беа распоредени околу 400 полицајци, кои повеќепати интервенирале. Полицијата размислувала да го прекине протестот поради скандирање на забранети слогани, но протестот на крај бил прекинат од организаторите.

По митингот, полицијата започнала 31 кривична истрага за различни прекршоци, вклучувајќи тешка телесна повреда, напад на службено лице, сериозно нарушување на јавниот ред и поттикнување омраза. Се пријавува и дека полицајци биле сведоци на малтретирање на медиумски тимови.

The post Најмалку 10 полицајци повредени на пропалестински протести во Берлин appeared first on Република.

]]>

Најмалку 10 полицајци се повредени за време на вчерашните пропалестински протести во Берлин, соопштија локалните власти, пренесува ДПА. За време на вчерашните протести во централниот кварт „Кројцберг“ кон полицајците беа фрлани камења, јајца и пластични шишиња. Еден од учесниците беше повреден откако беше удрен во врат од камен, а еден учесник на контра-протест исто така беше удрен во глава и повреден. Полицијата соопшти дека 250 луѓе се собрале на плоштадот „Морицплац“ пред да тргнат во марш кој прераснал во протест со околу 1000 учесници. Пред почетокот на маршот, демонстрантите биле информирани дека ќе бидат забранети сите скандирања кои пропагираат „уништување на Израел и/или неговите жители“ или промовираат „забранети организации“, вклучително и палестинската исламистичка група Хамас. На терен беа распоредени околу 400 полицајци, кои повеќепати интервенирале. Полицијата размислувала да го прекине протестот поради скандирање на забранети слогани, но протестот на крај бил прекинат од организаторите. По митингот, полицијата започнала 31 кривична истрага за различни прекршоци, вклучувајќи тешка телесна повреда, напад на службено лице, сериозно нарушување на јавниот ред и поттикнување омраза. Се пријавува и дека полицајци биле сведоци на малтретирање на медиумски тимови.

The post Најмалку 10 полицајци повредени на пропалестински протести во Берлин appeared first on Република.

]]>
Во Венецуела масовни протести на опозицијата поради изборните резултати https://republika.mk/vesti/svet/vo-venetsuela-masovni-protesti-na-opozitsijata-poradi-izbornite-rezultati/ Sun, 18 Aug 2024 09:45:47 +0000 https://republika.mk/?p=807634

Опозициските поддржувачи се собраа низ Венецуела на масовни протести поради, како што велат, спорната изборна победа на претседателот Николас Мадуро на претседателските избори минатиот месец.

Лидерката на опозицијата Марија Корина Мачадо им се придружи на илјадниците демонстранти во главниот град Каракас и им порача да не се плашат, јавува Би-Би-Си.

Мачадо беше во бегство откако беше обвинета за бунт, но таа се појави на протестите нагласувајќи дека „нема ништо над гласот на луѓето што зборувале“.

-Нема да ги напуштиме улиците!, им рече Мачадо на демонстрантите и повика на национални протести за да се зголеми притисокот врз Мадуро да го признае поразот на изборите.

Полицијата и војската беа распоредени во голем број во градовите бидејќи приврзаниците на Мадуро исто така организираа протести.

Изборната комисија соопшти дека Мадуро победил и освоил трет шестгодишен претседателски мандат, но опозицијата тврди дека нејзиниот кандидат Едмундо Гонзалес победил со голема разлика.

Говорејќи од непозната локација, Гонзалес рече дека е време за „уредна транзиција“, но изборната комисија одби да објави детални резултати, велејќи само дека Мадуро победил со 52 отсто од гласовите.

Од завршувањето на изборниот процес, се разгореа антивладините протести, а според властите, од 29 јули, кога беа објавени изборните резултати, се уапсени над 2.400 лица.

The post Во Венецуела масовни протести на опозицијата поради изборните резултати appeared first on Република.

]]>

Опозициските поддржувачи се собраа низ Венецуела на масовни протести поради, како што велат, спорната изборна победа на претседателот Николас Мадуро на претседателските избори минатиот месец. Лидерката на опозицијата Марија Корина Мачадо им се придружи на илјадниците демонстранти во главниот град Каракас и им порача да не се плашат, јавува Би-Би-Си. Мачадо беше во бегство откако беше обвинета за бунт, но таа се појави на протестите нагласувајќи дека „нема ништо над гласот на луѓето што зборувале“. -Нема да ги напуштиме улиците!, им рече Мачадо на демонстрантите и повика на национални протести за да се зголеми притисокот врз Мадуро да го признае поразот на изборите. Полицијата и војската беа распоредени во голем број во градовите бидејќи приврзаниците на Мадуро исто така организираа протести. Изборната комисија соопшти дека Мадуро победил и освоил трет шестгодишен претседателски мандат, но опозицијата тврди дека нејзиниот кандидат Едмундо Гонзалес победил со голема разлика. Говорејќи од непозната локација, Гонзалес рече дека е време за „уредна транзиција“, но изборната комисија одби да објави детални резултати, велејќи само дека Мадуро победил со 52 отсто од гласовите. Од завршувањето на изборниот процес, се разгореа антивладините протести, а според властите, од 29 јули, кога беа објавени изборните резултати, се уапсени над 2.400 лица.

The post Во Венецуела масовни протести на опозицијата поради изборните резултати appeared first on Република.

]]>
Израелците излегоа на улиците низ земјата барајќи договор за заложниците и нови избори https://republika.mk/vesti/svet/izraeltsite-izlegoa-na-ulitsite-niz-zemjata-barajki-dogovor-za-zalozhnitsite-i-novi-izbori/ Sun, 18 Aug 2024 08:15:56 +0000 https://republika.mk/?p=807618

По завршувањето на уште една рунда преговори за договор за прекин на огнот во Газа, илјадници луѓе во Израел синоќа повторно излегоа на улиците во земјата за да демонстрираат за поддршка на склучувањето на договорот за ослободување на заложниците, јави ДПА.

На еден од митинзите, мајката на заложникот кој го држеше палестинската милитантна група Хамас го повика раководството на израелските безбедносни сили да го спречат премиерот Бенјамин Нетанјаху да го саботира договорот, објави израелскиот весник Аарец.

Земјите посредници Катар, Египет и САД се надеваат дека договорот ќе доведе до прекин на огнот, како и ослободување на заложниците кои сè уште се држат во Појасот Газа.

-Дури и да не е совршена зделка, таа е единствена на маса, рече таткото на еден од заложниците на друг митинг.

Протести се одржаа во крајбрежната метропола Тел Авив, во Хаифа и многу други места во земјата.

Многумина од демонстрантите го обвинуваат Нетанјаху дека го саботира договорот и се поклонува на барањата на неговите ултра-религиозни и екстремно десничарски коалициски партнери, соопшти ДПА. Партнерите се противат на какви било отстапки за Хамас, а Нетанјаху зависи од нив за неговиот политички опстанок.

Демонстрантите, исто така, повторно повикаа на оставка на владата и на одржување нови избори.

Во случај на нови избори, Нетанјаху може да ја загуби премиерската функција, коментира ДПА. Ова, пак, ќе го забрза неговото гонење по обвиненијата за корупција.

The post Израелците излегоа на улиците низ земјата барајќи договор за заложниците и нови избори appeared first on Република.

]]>

По завршувањето на уште една рунда преговори за договор за прекин на огнот во Газа, илјадници луѓе во Израел синоќа повторно излегоа на улиците во земјата за да демонстрираат за поддршка на склучувањето на договорот за ослободување на заложниците, јави ДПА. На еден од митинзите, мајката на заложникот кој го држеше палестинската милитантна група Хамас го повика раководството на израелските безбедносни сили да го спречат премиерот Бенјамин Нетанјаху да го саботира договорот, објави израелскиот весник Аарец. Земјите посредници Катар, Египет и САД се надеваат дека договорот ќе доведе до прекин на огнот, како и ослободување на заложниците кои сè уште се држат во Појасот Газа. -Дури и да не е совршена зделка, таа е единствена на маса, рече таткото на еден од заложниците на друг митинг. Протести се одржаа во крајбрежната метропола Тел Авив, во Хаифа и многу други места во земјата. Многумина од демонстрантите го обвинуваат Нетанјаху дека го саботира договорот и се поклонува на барањата на неговите ултра-религиозни и екстремно десничарски коалициски партнери, соопшти ДПА. Партнерите се противат на какви било отстапки за Хамас, а Нетанјаху зависи од нив за неговиот политички опстанок. Демонстрантите, исто така, повторно повикаа на оставка на владата и на одржување нови избори. Во случај на нови избори, Нетанјаху може да ја загуби премиерската функција, коментира ДПА. Ова, пак, ќе го забрза неговото гонење по обвиненијата за корупција.

The post Израелците излегоа на улиците низ земјата барајќи договор за заложниците и нови избори appeared first on Република.

]]>
Протест во Белград против најавата за ископ на литиум https://republika.mk/vesti/balkan/protest-vo-belgrad-protiv-najavata-za-iskop-na-litium/ Sat, 10 Aug 2024 19:16:20 +0000 https://republika.mk/?p=805299

Протестот против најавата за ископ на литиум и компанијата Рио Тинто, официјално организиран од еколошките здруженија од Србија, кој се одржа на Теразие, продолжи со прошетка до мостот Газела, каде, како што најави претседателот на здружението „Не го даваме Јадар“ Златко Кокановиќ, ќе биде поделен на две колони и ќе го блокира сообраќајот на мостот.

Претставници на еколошките здруженија, како што е најавено, ќе бидат на чело на конвојот за Газела до кој ќе се стигнува преку улицата Крал Милан.
Се уште е блокиран сообраќајот на улиците околу Теразие, Призренска и Крал Милан, Кнез Милош кон Газела.

The post Протест во Белград против најавата за ископ на литиум appeared first on Република.

]]>

Протестот против најавата за ископ на литиум и компанијата Рио Тинто, официјално организиран од еколошките здруженија од Србија, кој се одржа на Теразие, продолжи со прошетка до мостот Газела, каде, како што најави претседателот на здружението „Не го даваме Јадар“ Златко Кокановиќ, ќе биде поделен на две колони и ќе го блокира сообраќајот на мостот. Претставници на еколошките здруженија, како што е најавено, ќе бидат на чело на конвојот за Газела до кој ќе се стигнува преку улицата Крал Милан. Се уште е блокиран сообраќајот на улиците околу Теразие, Призренска и Крал Милан, Кнез Милош кон Газела.

The post Протест во Белград против најавата за ископ на литиум appeared first on Република.

]]>
Протестите во Англија излегуваат од контрола https://republika.mk/vesti/svet/protestite-vo-anglija-izleguvaat-od-kontrola/ Mon, 05 Aug 2024 10:04:48 +0000 https://republika.mk/?p=803465

Британскиот премиер Кир Стармер денеска ќе одржи итен состанок со полициските началници по насилните антиимигрантски протести кои станаа поинтензивни во последните денови, при што беа подметнати пожари во згради, возила и хотели во кои се сместени барателите на азил.

Минатата недела избувнаа немири во повеќе градови, откако три девојчиња беа убиени во напад со нож во Саутпорт, северозападна Англија, а досега се уапсени 420 лица.

Екстремната десница ги искористи убиствата на девојчињата
Убиствата веднаш беа искористени од антиимигрантски и антимуслимански групи. Набргу по нападот, на интернет се проширија дезинформации дека осомничениот напаѓач е радикален исламист кој штотуку пристигнал во Британија. Но, полицијата соопшти дека осомничениот е роден во Британија и дека случајот не се третира како терористички инцидент.

Министерката за внатрешни работи, Ивет Купер, рече дека инцидентот „ги охрабрил групите да поттикнуваат расна омраза“, што доведе до тоа нивните членови да фрлаат тули врз полицајците, да ограбуваат продавници и да напаѓаат џамии.

Во текот на викендот избувнаа немири во Ливерпул, Бристол, Тамворт, Мидлсброу и Белфаст во Северна Ирска. Таму, повеќето од демонстрантите ги покриле главите со бандани и се обвиле со британски знамиња.

Повеќето од нив фрлаа камења извикувајќи „Стоп за чамците“, мислејќи на мигрантите кои во последните години пристигнуваат во Британија од јужниот брег на земјата. Во Ротерам, северна Англија, демонстрантите се обидоа да упаднат во хотел во кој се сместени барателите на азил.

Во неделата, премиер Кир Стармер вети дека антиимигрантските и исламофобични насилници ќе зажалат за своите постапки.
Гарантирам дека ќе зажалите што учествувавте во овие немири или директно или провоцирачки на интернет – рече шефот на лабуристичката влада која дојде на власт пред само еден месец.

Тој вети дека неговата влада ќе стори „сѐ што треба за да ги изведе овие насилници пред лицето на правдата што е можно побргу“.

The post Протестите во Англија излегуваат од контрола appeared first on Република.

]]>

Британскиот премиер Кир Стармер денеска ќе одржи итен состанок со полициските началници по насилните антиимигрантски протести кои станаа поинтензивни во последните денови, при што беа подметнати пожари во згради, возила и хотели во кои се сместени барателите на азил. Минатата недела избувнаа немири во повеќе градови, откако три девојчиња беа убиени во напад со нож во Саутпорт, северозападна Англија, а досега се уапсени 420 лица. Екстремната десница ги искористи убиствата на девојчињата Убиствата веднаш беа искористени од антиимигрантски и антимуслимански групи. Набргу по нападот, на интернет се проширија дезинформации дека осомничениот напаѓач е радикален исламист кој штотуку пристигнал во Британија. Но, полицијата соопшти дека осомничениот е роден во Британија и дека случајот не се третира како терористички инцидент. Министерката за внатрешни работи, Ивет Купер, рече дека инцидентот „ги охрабрил групите да поттикнуваат расна омраза“, што доведе до тоа нивните членови да фрлаат тули врз полицајците, да ограбуваат продавници и да напаѓаат џамии. Во текот на викендот избувнаа немири во Ливерпул, Бристол, Тамворт, Мидлсброу и Белфаст во Северна Ирска. Таму, повеќето од демонстрантите ги покриле главите со бандани и се обвиле со британски знамиња. Повеќето од нив фрлаа камења извикувајќи „Стоп за чамците“, мислејќи на мигрантите кои во последните години пристигнуваат во Британија од јужниот брег на земјата. Во Ротерам, северна Англија, демонстрантите се обидоа да упаднат во хотел во кој се сместени барателите на азил. Во неделата, премиер Кир Стармер вети дека антиимигрантските и исламофобични насилници ќе зажалат за своите постапки. Гарантирам дека ќе зажалите што учествувавте во овие немири или директно или провоцирачки на интернет – рече шефот на лабуристичката влада која дојде на власт пред само еден месец. Тој вети дека неговата влада ќе стори „сѐ што треба за да ги изведе овие насилници пред лицето на правдата што е можно побргу“.

The post Протестите во Англија излегуваат од контрола appeared first on Република.

]]>
Околу 750 лица уапсени на протестите во Венецуела против Мадуро https://republika.mk/vesti/svet/okolu-750-litsa-uapseni-na-protestite-vo-venetsuela-protiv-maduro/ Tue, 30 Jul 2024 16:19:28 +0000 https://republika.mk/?p=801789

Јавниот обвинител на Венецуела, Тарек Вилијам Сааб денеска изјави дека 749 лица се приведени за време на протестите што избија против изборната победа на претседателот Николас Мадуро, предупредувајќи дека тој број би можел да порасне во наредните часови.

-Има 749 од овие криминалци приведени, изјави Сааб за новинарите.

Тој додаде дека повеќето ќе бидат обвинети за „отпор кон власта и, во најтешките случаи, тероризам“.

The post Околу 750 лица уапсени на протестите во Венецуела против Мадуро appeared first on Република.

]]>

Јавниот обвинител на Венецуела, Тарек Вилијам Сааб денеска изјави дека 749 лица се приведени за време на протестите што избија против изборната победа на претседателот Николас Мадуро, предупредувајќи дека тој број би можел да порасне во наредните часови.
-Има 749 од овие криминалци приведени, изјави Сааб за новинарите.
Тој додаде дека повеќето ќе бидат обвинети за „отпор кон власта и, во најтешките случаи, тероризам“.

The post Околу 750 лица уапсени на протестите во Венецуела против Мадуро appeared first on Република.

]]>
Низ Израел прославено спасувањето на четворица заложници, заедно со протести против Нетанјаху https://republika.mk/vesti/svet/niz-izrael-proslaveno-spasuvaneto-na-chetvoritsa-zalozhnitsi-zaedno-so-protesti-protiv-netanjahu/ Sun, 09 Jun 2024 09:08:11 +0000 https://republika.mk/?p=785862

Демонстранти во Тел Авив и низ Израел го прославија ослободувањето на четворицата заложници од заробеништво на Хамас во Појасот Газа но и повикаа на нови избори и враќање на сите киднапирани во терористичкиот напад на 7 октомври во јужен Израел.

Како што јавуваат локалните медиуми, на синоќешните протести доминираше радоста поради ослободувањето на Ноа Аргамани, Алмог Меир Јан, Андреј Козлов и Шломи Жив, но и гневот поради постапките на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и владата.

Полицијата соопшти дека во Тел Авив се уапсени 33 демонстранти. Полицајци на коњи ги привеле демонстрантите, а подоцна биле употребени и водени топови.

Поранешниот шеф на израелската разузнавачка служба, Амос Малка, обраќајќи и се на толпата, ја нарече спасувачката операција „исклучителен оперативен успех во морето од стратешки неуспеси“.

Тој, исто така, го критикуваше Нетанјаху што брзал да се сретне и да се фотографира со ослободените заложници и нивните семејства, а не контактирал со семејствата на заложниците кои биле убиени во заробеништво.

По вчерашната спасувачка операција, 116 од 251 заложник киднапирани од Хамас на 7 октомври 2023 година се уште се во заробеништво, но не се сите живи.

За време на еднонеделното примирје на крајот на ноември, 105 цивили беа ослободени од заробеништво на Хамас, а пред тоа беа ослободени четворица заложници.

Слични помали протести беа одржани и во други израелски градови, вклучувајќи го и Ерусалим, каде што демонстрантите носеа големи фотографии од четворица заложници чија смрт неодамна беше објавена и скандираа пред резиденцијата на премиерот за поддршка на предложениот договор за заложници и против војната во Газа.

Демонстрантите се собраа и околу куќата на Нетанјаху на Средоземното Море, барајќи предвремени избори и ослободување на преостанатите заложници.

Заложниците беа киднапирани за време на терористичкиот напад на југот на Израел на 7 октомври, кога, според Израел, околу 3.000 палестински екстремисти ја пробија граничната ограда и влегоа на израелска територија по копно, воздух и море, убивајќи 1.200 луѓе и зедоа 251 заложници од кои повеќето беа цивили.

The post Низ Израел прославено спасувањето на четворица заложници, заедно со протести против Нетанјаху appeared first on Република.

]]>

Демонстранти во Тел Авив и низ Израел го прославија ослободувањето на четворицата заложници од заробеништво на Хамас во Појасот Газа но и повикаа на нови избори и враќање на сите киднапирани во терористичкиот напад на 7 октомври во јужен Израел. Како што јавуваат локалните медиуми, на синоќешните протести доминираше радоста поради ослободувањето на Ноа Аргамани, Алмог Меир Јан, Андреј Козлов и Шломи Жив, но и гневот поради постапките на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и владата. Полицијата соопшти дека во Тел Авив се уапсени 33 демонстранти. Полицајци на коњи ги привеле демонстрантите, а подоцна биле употребени и водени топови. Поранешниот шеф на израелската разузнавачка служба, Амос Малка, обраќајќи и се на толпата, ја нарече спасувачката операција „исклучителен оперативен успех во морето од стратешки неуспеси“. Тој, исто така, го критикуваше Нетанјаху што брзал да се сретне и да се фотографира со ослободените заложници и нивните семејства, а не контактирал со семејствата на заложниците кои биле убиени во заробеништво. По вчерашната спасувачка операција, 116 од 251 заложник киднапирани од Хамас на 7 октомври 2023 година се уште се во заробеништво, но не се сите живи. За време на еднонеделното примирје на крајот на ноември, 105 цивили беа ослободени од заробеништво на Хамас, а пред тоа беа ослободени четворица заложници. Слични помали протести беа одржани и во други израелски градови, вклучувајќи го и Ерусалим, каде што демонстрантите носеа големи фотографии од четворица заложници чија смрт неодамна беше објавена и скандираа пред резиденцијата на премиерот за поддршка на предложениот договор за заложници и против војната во Газа. Демонстрантите се собраа и околу куќата на Нетанјаху на Средоземното Море, барајќи предвремени избори и ослободување на преостанатите заложници. Заложниците беа киднапирани за време на терористичкиот напад на југот на Израел на 7 октомври, кога, според Израел, околу 3.000 палестински екстремисти ја пробија граничната ограда и влегоа на израелска територија по копно, воздух и море, убивајќи 1.200 луѓе и зедоа 251 заложници од кои повеќето беа цивили.

The post Низ Израел прославено спасувањето на четворица заложници, заедно со протести против Нетанјаху appeared first on Република.

]]>
Протести во Израел: Владата нема поим што прави https://republika.mk/vesti/svet/protesti-vo-izrael-vladata-nema-poim-shto-pravi/ Sun, 12 May 2024 09:21:44 +0000 https://republika.mk/?p=777193

Илјадници Израелци излегоа синоќа на улиците барајќи владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху да направи повеќе за да обезбеди ослободување на заложниците кои ги држи исламистичката група Хамас во Појасот Газа.

Како што пренесува Reuters, членовите на семејствата на заложниците носеле слики од нивните најблиски кои се уште се во заробеништво и се приклучиле на толпата што протестира во Тел Авив.

Една од нив беше Наама Вајнберг, чиј братучед Итаи Свирски беше киднапиран за време на нападот на Хамас врз израелските градови на 7 октомври и, според израелските власти, бил убиен во заробеништво. Во говорот таа се осврна на видеото кое Хамас го објави вчера, тврдејќи дека уште еден од израелските затвореници починал.

„Наскоро дури и оние кои успеаја да преживеат толку долго нема да бидат меѓу живите. Тие мора да се спасат сега“, рече Вајнберг.

„Апсолутно е јасно дека израелската влада е целосно идеолошки банкротирана. Тие немаат поим што прават. Јасно е дека не се обидуваат да спасат ниту еден заложник или да ја прекинат војната. Владата всушност е предводена од најекстремниот фундаменталист, чија идеологија нема никаква врска со демократските идеали.“

Како што одминуваше вечерта, некои демонстранти го блокираа главниот автопат во градот пред полицијата да ги растера со водени топови, а некои директно се судрија со полицијата. Уапсени се најмалку три лица.

The post Протести во Израел: Владата нема поим што прави appeared first on Република.

]]>

Илјадници Израелци излегоа синоќа на улиците барајќи владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху да направи повеќе за да обезбеди ослободување на заложниците кои ги држи исламистичката група Хамас во Појасот Газа. Како што пренесува Reuters, членовите на семејствата на заложниците носеле слики од нивните најблиски кои се уште се во заробеништво и се приклучиле на толпата што протестира во Тел Авив. Една од нив беше Наама Вајнберг, чиј братучед Итаи Свирски беше киднапиран за време на нападот на Хамас врз израелските градови на 7 октомври и, според израелските власти, бил убиен во заробеништво. Во говорот таа се осврна на видеото кое Хамас го објави вчера, тврдејќи дека уште еден од израелските затвореници починал. „Наскоро дури и оние кои успеаја да преживеат толку долго нема да бидат меѓу живите. Тие мора да се спасат сега“, рече Вајнберг. „Апсолутно е јасно дека израелската влада е целосно идеолошки банкротирана. Тие немаат поим што прават. Јасно е дека не се обидуваат да спасат ниту еден заложник или да ја прекинат војната. Владата всушност е предводена од најекстремниот фундаменталист, чија идеологија нема никаква врска со демократските идеали.“ Како што одминуваше вечерта, некои демонстранти го блокираа главниот автопат во градот пред полицијата да ги растера со водени топови, а некои директно се судрија со полицијата. Уапсени се најмалку три лица.

The post Протести во Израел: Владата нема поим што прави appeared first on Република.

]]>
ФИНКИ бара простор, инаку ќе има протести и штрајк https://republika.mk/vesti/makedonija/finki-bara-prostor-inaku-ke-ima-protesti-i-shtrajk/ Tue, 19 Mar 2024 09:09:45 +0000 https://republika.mk/?p=756197

Управата на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје бара Владата на Македонија на следната седница да донесе одлука за давање на времено или трајно користење, без надоместок, на на објектот кој се наоѓа на КП бр. 1856, КО Карпош, ИЛ бр. 47924, согласно барањето испратено од факултетот до Владата на 19 мај 2023 година.

Управата на ФИНКИ на вчерашната седница расправаше за односот на Владата и Министерството за образование и наука кон барањето за привремено надминување на просторниот проблем на најголемиот технички факултет во Македонија со повеќе од 5.000 активни студенти.

Факултетот бара Владата на Македонија да го задолжи Министерството за образование и наука во рок од три месеци да обезбеди простор и да изврши релокација на Бирото за развој на образование, како орган на државна управа во состав на МОН.

Ако Владата на следната седница не донесе позитивна одлука по барањето на факултетот, односно ако повторно ја одложи точката која е од суштествено значење за нормално спроведување на наставата на факултетот, ќе бидеме приморани да преземеме порадикални мерки. Факултетот го задржува правото, до остварување на овие барања, јавно да го искажува своето незадоволство со одржување на протести и штрајк“, соопшти ФИНКИ.

The post ФИНКИ бара простор, инаку ќе има протести и штрајк appeared first on Република.

]]>

Управата на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје бара Владата на Македонија на следната седница да донесе одлука за давање на времено или трајно користење, без надоместок, на на објектот кој се наоѓа на КП бр. 1856, КО Карпош, ИЛ бр. 47924, согласно барањето испратено од факултетот до Владата на 19 мај 2023 година. Управата на ФИНКИ на вчерашната седница расправаше за односот на Владата и Министерството за образование и наука кон барањето за привремено надминување на просторниот проблем на најголемиот технички факултет во Македонија со повеќе од 5.000 активни студенти. Факултетот бара Владата на Македонија да го задолжи Министерството за образование и наука во рок од три месеци да обезбеди простор и да изврши релокација на Бирото за развој на образование, како орган на државна управа во состав на МОН.
Ако Владата на следната седница не донесе позитивна одлука по барањето на факултетот, односно ако повторно ја одложи точката која е од суштествено значење за нормално спроведување на наставата на факултетот, ќе бидеме приморани да преземеме порадикални мерки. Факултетот го задржува правото, до остварување на овие барања, јавно да го искажува своето незадоволство со одржување на протести и штрајк“, соопшти ФИНКИ.

The post ФИНКИ бара простор, инаку ќе има протести и штрајк appeared first on Република.

]]>
Молотови коктели и камења против солзавец, шок бомби и пендреци: Десетина повредени во тешки инциденти меѓу студентите и полицијата во Атина https://republika.mk/vesti/balkan/molotovi-kokteli-i-kamena-protiv-solzavets-shok-bombi-i-pendretsi-desetina-povredeni-vo-teshki-intsidenti-megu-studentite-i-politsijata-vo-atina/ Fri, 08 Mar 2024 18:36:26 +0000 https://republika.mk/?p=752797

Најмалку девет лица се повредени, меѓу кои и еден новинар, во сериозните инциденти што се случија пред грчкиот Парламентот во Атина за време на протестот на студентите против законот за приватните факултети, јави дописничката на МИА од Атина.

Инцидентите почнаа кога дел од студентите се обидоа да се доближат до Споменикот на Незнајниот јунак пред Парламентот, по што полицијата интервенираше со солзавец и шок бомби.

Инциденти со молотови коктели, солзавец и шок бомби се случија во центарот на Атина пред грчкиот Парламентот за време на протестот на студентите против законот за приватните факултети, јави д

Следеа десетици молотови коктели, камења и разни предмети од демонстрантите кон полицајците, кои интервенираа со солзавец и шок бомби, но и со пендреци, при што беа повредени студенти.

По инцидентите протестот продолжи, а студентите остануваат пред грчкиот парламент, каде што е во тек расправата за законот за приватните факултети што ќе се гласа вечерва.

На протестот, според процените од полицијата, учествуваа над 20.000 лица, а во Атина пристигнаа студенти од студентски здруженија од цела Грција.

Законот на Министерството за образование за „Зајакнување на државниот универзитет – рамка за работа на непрофитни оддели на странски универзитети“, се очекува да добие зелено светло само од пратениците на владејачката Нова демократија.

На почетокот на февруари министерот за образование на Грција Кирјакос Пиеракакис претставувајќи го предлог-законот соопшти дека недржавните и непрофитни Универзитети од септември 2025 година ќе почнат со работа, а приемот на студентите ќе се врши исклучиво преку државните испити.

Од почетокот на јануари, секој четврток студентите и учениците одржуваа протести против отворањето приватни факултети, а и денеска, уште еднаш порачаа дека високото образование мора да остане државно и бесплатно.

The post Молотови коктели и камења против солзавец, шок бомби и пендреци: Десетина повредени во тешки инциденти меѓу студентите и полицијата во Атина appeared first on Република.

]]>

Најмалку девет лица се повредени, меѓу кои и еден новинар, во сериозните инциденти што се случија пред грчкиот Парламентот во Атина за време на протестот на студентите против законот за приватните факултети, јави дописничката на МИА од Атина. Инцидентите почнаа кога дел од студентите се обидоа да се доближат до Споменикот на Незнајниот јунак пред Парламентот, по што полицијата интервенираше со солзавец и шок бомби. Инциденти со молотови коктели, солзавец и шок бомби се случија во центарот на Атина пред грчкиот Парламентот за време на протестот на студентите против законот за приватните факултети, јави д Следеа десетици молотови коктели, камења и разни предмети од демонстрантите кон полицајците, кои интервенираа со солзавец и шок бомби, но и со пендреци, при што беа повредени студенти. По инцидентите протестот продолжи, а студентите остануваат пред грчкиот парламент, каде што е во тек расправата за законот за приватните факултети што ќе се гласа вечерва. На протестот, според процените од полицијата, учествуваа над 20.000 лица, а во Атина пристигнаа студенти од студентски здруженија од цела Грција. Законот на Министерството за образование за „Зајакнување на државниот универзитет – рамка за работа на непрофитни оддели на странски универзитети“, се очекува да добие зелено светло само од пратениците на владејачката Нова демократија. На почетокот на февруари министерот за образование на Грција Кирјакос Пиеракакис претставувајќи го предлог-законот соопшти дека недржавните и непрофитни Универзитети од септември 2025 година ќе почнат со работа, а приемот на студентите ќе се врши исклучиво преку државните испити. Од почетокот на јануари, секој четврток студентите и учениците одржуваа протести против отворањето приватни факултети, а и денеска, уште еднаш порачаа дека високото образование мора да остане државно и бесплатно.

The post Молотови коктели и камења против солзавец, шок бомби и пендреци: Десетина повредени во тешки инциденти меѓу студентите и полицијата во Атина appeared first on Република.

]]>
Џафери за протестите на пет државни универзитети: На закажани избори не се потпишуваат колективни договори https://republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-za-protestite-na-pet-drzhavni-univerziteti-na-zakazhani-izbori-ne-se-potpishuvaat-kolektivni-dogovori/ Wed, 06 Mar 2024 10:51:02 +0000 https://republika.mk/?p=751849

Техничкиот премиер Талат Џафери денеска на прес-конференција, во врска со протестите на пет државни универзитети, кажа дека на закажани избори не се потпишуваат колективни договори и оти протестите се користат за дневно-политички цели.

Тој појасни дека секој има право на протест и штрајк, но оти решението за оваа ситуација, како што кажа, ќе се бара по изборите.

Членовите на синдикатите на петте државни универзитети „Гоце Делчев“- Штип, „Св. Климент Охридски“ – Битола, Државен Универзитет во Тетово, „Св. Апостол Павле“ и „Мајка Тереза“ во Скопје во понеделникот на мирен протест побараа потпишување на колективен договор на овие универзитети и изедначување на правата, обврските и одговорностите со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје. Тие го поздравија потпишувањето и спроведувањето на колективниот договор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, но истовремено укажаа на нееднаквиот статус на останатите пет јавни универзитети во земјата. Сметаат дека се игнорирани и дискриминирани од Владата и Собранието во однос на УКИМ, чии вработени со потпишаниот колективен договор од овој месец ќе добијат зголемување на платите за околу 22 отсто.

Решението е да се чека да се завршат изборите. Собранието е основач. Собранието ниту е политичка партија, ниту е личност. Собранието е државна институција и тоа највисок орган. Во кој било формат после изборите продолжува процедурата започната по однос на барањата. Кој и да е претседател на Собранието и кој и да е составот на наредното мнозинство ќе мора да го овласти претседателот на Собранието затоа што актуелниот после избори физички нема време тоа да го прави. Во време на избори не може да пристапи кон ова, значи решението е да продолжи постапката по изборите. Имајќи предвид дека искуствено оние слабости што ги имаше барањето на УКИМ веќе се надминати затоа што имаа сите примерок од содржината како треба да изгледа целината на договорот го имаа од УКИМ како пример, им го дадов уште таму кога беа кај мене, така што полесно ќе може да се заврши процедурата - рече Џафери.

Вели дека тие не биле дискриминирани, бидејќи немале формирано навремено синдикати.

Немаа синдикати, затоа што дел од професорите беа по инерција членови на синдикати, општи синдикати во МОН. И кога виделе на примерот на УКИМ коишто земале и читале закони па требале да имаат самостоен синдикат како самостојна институција, на тој пример. Значи, како се дискриминирани? Колку време постојат универзитетиве, најновиот е УНК – значи Универзитетот „Мајка Тереза“. Па зошто не формираа навреме синдикати да имаат како што ги формираа после кога им укажав дека треба да прават тоа - рече тој.

Пратеникот Арбр Адеми вчера изјави дека пратениците од владејачкото мнозинство до Собранието поднеле измени на Законот за високото образование, со кои, се очекува, да се регулира коефициентот за исплата на плата на вработените во јавните високообразовни установи. Тој очекува дека законот да биде донесен во текот на оваа недела на пленарна седница.

Имајќи предвид дека изборите се распишани, а претседателот на Собранието иако сака, но членот 8а од Изборниот законик забранува потпишување на колективни договори. Наоѓајќи се во таква ситуација кога не може да се потпише колективен договор со другите универзитети, ние пратениците од владејачкото мнозинство презедовме иницијатива тие членови кои се во Колективниот договор што Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ го склучи со претседателот на Собранието во декември 2022 година, да бидат внесени овде со помоќен правен акт – со закон и кои одредби ќе важат за сите јавни универзитети. Во предложениот закон е наведено и дека овој закон ќе стапи во сила осмиот ден од објавувањето во Службен весник, што значи дека ќе стапи во сила во текот на овој месец - истакна Адеми изразувајќи надеж дека овие законски измени ќе ја добијат поддршката од сите пратеници во Собранието.

The post Џафери за протестите на пет државни универзитети: На закажани избори не се потпишуваат колективни договори appeared first on Република.

]]>

Техничкиот премиер Талат Џафери денеска на прес-конференција, во врска со протестите на пет државни универзитети, кажа дека на закажани избори не се потпишуваат колективни договори и оти протестите се користат за дневно-политички цели. Тој појасни дека секој има право на протест и штрајк, но оти решението за оваа ситуација, како што кажа, ќе се бара по изборите. Членовите на синдикатите на петте државни универзитети „Гоце Делчев“- Штип, „Св. Климент Охридски“ – Битола, Државен Универзитет во Тетово, „Св. Апостол Павле“ и „Мајка Тереза“ во Скопје во понеделникот на мирен протест побараа потпишување на колективен договор на овие универзитети и изедначување на правата, обврските и одговорностите со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје. Тие го поздравија потпишувањето и спроведувањето на колективниот договор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, но истовремено укажаа на нееднаквиот статус на останатите пет јавни универзитети во земјата. Сметаат дека се игнорирани и дискриминирани од Владата и Собранието во однос на УКИМ, чии вработени со потпишаниот колективен договор од овој месец ќе добијат зголемување на платите за околу 22 отсто.
Решението е да се чека да се завршат изборите. Собранието е основач. Собранието ниту е политичка партија, ниту е личност. Собранието е државна институција и тоа највисок орган. Во кој било формат после изборите продолжува процедурата започната по однос на барањата. Кој и да е претседател на Собранието и кој и да е составот на наредното мнозинство ќе мора да го овласти претседателот на Собранието затоа што актуелниот после избори физички нема време тоа да го прави. Во време на избори не може да пристапи кон ова, значи решението е да продолжи постапката по изборите. Имајќи предвид дека искуствено оние слабости што ги имаше барањето на УКИМ веќе се надминати затоа што имаа сите примерок од содржината како треба да изгледа целината на договорот го имаа од УКИМ како пример, им го дадов уште таму кога беа кај мене, така што полесно ќе може да се заврши процедурата - рече Џафери.
Вели дека тие не биле дискриминирани, бидејќи немале формирано навремено синдикати.
Немаа синдикати, затоа што дел од професорите беа по инерција членови на синдикати, општи синдикати во МОН. И кога виделе на примерот на УКИМ коишто земале и читале закони па требале да имаат самостоен синдикат како самостојна институција, на тој пример. Значи, како се дискриминирани? Колку време постојат универзитетиве, најновиот е УНК – значи Универзитетот „Мајка Тереза“. Па зошто не формираа навреме синдикати да имаат како што ги формираа после кога им укажав дека треба да прават тоа - рече тој.
Пратеникот Арбр Адеми вчера изјави дека пратениците од владејачкото мнозинство до Собранието поднеле измени на Законот за високото образование, со кои, се очекува, да се регулира коефициентот за исплата на плата на вработените во јавните високообразовни установи. Тој очекува дека законот да биде донесен во текот на оваа недела на пленарна седница.
Имајќи предвид дека изборите се распишани, а претседателот на Собранието иако сака, но членот 8а од Изборниот законик забранува потпишување на колективни договори. Наоѓајќи се во таква ситуација кога не може да се потпише колективен договор со другите универзитети, ние пратениците од владејачкото мнозинство презедовме иницијатива тие членови кои се во Колективниот договор што Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ го склучи со претседателот на Собранието во декември 2022 година, да бидат внесени овде со помоќен правен акт – со закон и кои одредби ќе важат за сите јавни универзитети. Во предложениот закон е наведено и дека овој закон ќе стапи во сила осмиот ден од објавувањето во Службен весник, што значи дека ќе стапи во сила во текот на овој месец - истакна Адеми изразувајќи надеж дека овие законски измени ќе ја добијат поддршката од сите пратеници во Собранието.

The post Џафери за протестите на пет државни универзитети: На закажани избори не се потпишуваат колективни договори appeared first on Република.

]]>
Најава за нови протести и штрајкови од Синдикатот на Министерството за финансии при УПОЗ https://republika.mk/vesti/ekonomija/najava-za-novi-protesti-i-shtrajkovi-od-sindikatot-na-ministerstvoto-za-finansii-pri-upoz/ Fri, 09 Feb 2024 10:02:55 +0000 https://republika.mk/?p=742140

Нови протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерството за финансии при УПОЗ, ако не се потпише колективен договор. Бараат да им да исплатат дополнителните 30 отсто на платата што ја укнина Уставниот суд.

Бараме да ни се вратат дополнителните 30 отсто на плата што ни ги укина Уставниот суд. Му даваме рок на министерот да го потпише до распишувањето на изборите, доколку не го потпише ќе продолжиме после изборите со протести и штрајкови и нема да функционира Министерството за финансии. Нема да се работат експропријациите за Бехтел и Енка и нема да се исплаќаат плати за цела јавна и државна администрација“, рече Даниел Михајловски, претседател на Синдикална организација на Министерството за финансии при УПОЗ.

Бојан Трипуноски, генерален секретар на синдикатот на УПОЗ, потсети дека бараат решавање на проблемите со кои се соочуваат вработените во Министерството за финансии, Управата за имотно правни работи и Бирото за јавни набавки.

Апелираме до министерот, да не направи раздор и уште поголемо незадоволство помеѓу вработените, бидејќи нашите информации говорат дека намерата на одредени раководни лица во министерството е да направат огромна дискриминација на начин што само мал дел од вработените ќе добијат 30 отсто надополнување на плата, одреден дел 15 отсто надополнување на плата, а голем дел од вработените воопшто нема да добијат ништо, иако за тоа се обезбедени средства во буџетот на институцијата“ кажа Трипуноски.

Тие упатија апел до министерот да ги заштити вработените и на тој начин да спречи заминување на квалитетни кадри од министерство за финансии.

 

The post Најава за нови протести и штрајкови од Синдикатот на Министерството за финансии при УПОЗ appeared first on Република.

]]>

Нови протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерството за финансии при УПОЗ, ако не се потпише колективен договор. Бараат да им да исплатат дополнителните 30 отсто на платата што ја укнина Уставниот суд.
Бараме да ни се вратат дополнителните 30 отсто на плата што ни ги укина Уставниот суд. Му даваме рок на министерот да го потпише до распишувањето на изборите, доколку не го потпише ќе продолжиме после изборите со протести и штрајкови и нема да функционира Министерството за финансии. Нема да се работат експропријациите за Бехтел и Енка и нема да се исплаќаат плати за цела јавна и државна администрација“, рече Даниел Михајловски, претседател на Синдикална организација на Министерството за финансии при УПОЗ.
Бојан Трипуноски, генерален секретар на синдикатот на УПОЗ, потсети дека бараат решавање на проблемите со кои се соочуваат вработените во Министерството за финансии, Управата за имотно правни работи и Бирото за јавни набавки.
Апелираме до министерот, да не направи раздор и уште поголемо незадоволство помеѓу вработените, бидејќи нашите информации говорат дека намерата на одредени раководни лица во министерството е да направат огромна дискриминација на начин што само мал дел од вработените ќе добијат 30 отсто надополнување на плата, одреден дел 15 отсто надополнување на плата, а голем дел од вработените воопшто нема да добијат ништо, иако за тоа се обезбедени средства во буџетот на институцијата“ кажа Трипуноски.
Тие упатија апел до министерот да ги заштити вработените и на тој начин да спречи заминување на квалитетни кадри од министерство за финансии.  

The post Најава за нови протести и штрајкови од Синдикатот на Министерството за финансии при УПОЗ appeared first on Република.

]]>
Ќе блокираат автопати и гранични премини: Грчките земјоделци ќе одржат протест во Атина https://republika.mk/vesti/balkan/ke-blokiraat-avtopati-i-granichni-premini-grchkite-zemjodeltsi-ke-odrzhat-protest-vo-atina/ Tue, 06 Feb 2024 18:10:21 +0000 https://republika.mk/?p=741150

Засилување на активностите односно блокирање на патишта, автопати и гранични премини, како и одржување голем протест во Атина следната седмица, одлучија грчките земјоделци на состанок одржан во Лариса, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, на состанокот присуствувале 55 блокови на земјоделци и 70 федерации, кои ги повикале нивните колеги од утре масовно да учествуваат во активностите, а одлучиле: блокади и затворања со трактори на автопатите и локалните патишта и на граничните премини, протести низ градовите и централен протест следната недела во Атина со трактори.

Земјоделците изразиле незадоволство од досегашните мерки на Владата, како и оние кои грчкиот премиер го соопшти во петокот и бараат:намалување на трошоците за производство, земјоделската нафта да биде ослободена од данок, намалување на цената на струјата на седум центи за киловатчас, субвенција за добиточна храна, 100 отсто надомест и оштета за загубениот приход од производите.

Владиниот портпарол Павлос Маринакис во интервју за радио порача дека „вратата од кабинетот на премиерот е секогаш отворена за средба со земјоделците“.

The post Ќе блокираат автопати и гранични премини: Грчките земјоделци ќе одржат протест во Атина appeared first on Република.

]]>

Засилување на активностите односно блокирање на патишта, автопати и гранични премини, како и одржување голем протест во Атина следната седмица, одлучија грчките земјоделци на состанок одржан во Лариса, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, на состанокот присуствувале 55 блокови на земјоделци и 70 федерации, кои ги повикале нивните колеги од утре масовно да учествуваат во активностите, а одлучиле: блокади и затворања со трактори на автопатите и локалните патишта и на граничните премини, протести низ градовите и централен протест следната недела во Атина со трактори. Земјоделците изразиле незадоволство од досегашните мерки на Владата, како и оние кои грчкиот премиер го соопшти во петокот и бараат:намалување на трошоците за производство, земјоделската нафта да биде ослободена од данок, намалување на цената на струјата на седум центи за киловатчас, субвенција за добиточна храна, 100 отсто надомест и оштета за загубениот приход од производите. Владиниот портпарол Павлос Маринакис во интервју за радио порача дека „вратата од кабинетот на премиерот е секогаш отворена за средба со земјоделците“.

The post Ќе блокираат автопати и гранични премини: Грчките земјоделци ќе одржат протест во Атина appeared first on Република.

]]>
Црвени картони за МОН: „Сакаме промени, сакаме одговорност”, побараа студентите на протестот https://republika.mk/vesti/makedonija/tsrveni-kartoni-za-mon-sakame-promeni-sakame-odgovornost-pobaraa-studentite-na-protestot/ Mon, 05 Feb 2024 13:28:48 +0000 https://republika.mk/?p=740565

Пред Министерството за образование и наука попладнево почна најавениот протест на студентите кои на ваков начин одлучија да изразат незадоволство од ефикасноста на МОН бидејќи не ги почитува роковите за исплата на стипендиите и на други субвенции.

Организатор на протестот е Универзитетското студентско собрание (УСС) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кое соопшти дека студентите „го креваат гласот обединети“, затоа што имаат поддршка и од универзитетските студентски собранија на државните универзитети „Св. Климент Охридски“, „Гоце Делчев“, „Мајка Тереза“, како и од приватните универзитети АУЕ-ФОН и Американ колеџ.

„Сакаме промени, сакаме одговорност” извикуваат студентите кои револтот го изразуваат со свирежи, транспаренти и “црвени картони”, собрани на булеварот пред МОН кој е затворен за сообраќај.

Со протестот студентите бараат поголема ефикасност на МОН поради ненавремена исплата на студентските стипендии, задоцнети исплати на ваучерите за превоз, доцнења со исплатите по склучувањето на спогодбите за ретроактивна исплата на стипендиите, проблеми со мерката субвенциониран студентски оброк, поради непочитување на утврдените рокови и, како што велат, проблеми во координираноста помеѓу одделенијата во Министерството.

На протестот учествува и неформалната организација „Студентски отпор“ која претходно закажа протест пред МОН во 16 часот, но се придружи на иницијативата на УСС на УКИМ и на заеднички протест во 14 часот заради масовност и единственост во барањата. Како што соопшти, „само обединети и заедно можеме да се избориме за нашите студентски права“.

 

The post Црвени картони за МОН: „Сакаме промени, сакаме одговорност”, побараа студентите на протестот appeared first on Република.

]]>

Пред Министерството за образование и наука попладнево почна најавениот протест на студентите кои на ваков начин одлучија да изразат незадоволство од ефикасноста на МОН бидејќи не ги почитува роковите за исплата на стипендиите и на други субвенции. Организатор на протестот е Универзитетското студентско собрание (УСС) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кое соопшти дека студентите „го креваат гласот обединети“, затоа што имаат поддршка и од универзитетските студентски собранија на државните универзитети „Св. Климент Охридски“, „Гоце Делчев“, „Мајка Тереза“, како и од приватните универзитети АУЕ-ФОН и Американ колеџ. „Сакаме промени, сакаме одговорност” извикуваат студентите кои револтот го изразуваат со свирежи, транспаренти и “црвени картони”, собрани на булеварот пред МОН кој е затворен за сообраќај. Со протестот студентите бараат поголема ефикасност на МОН поради ненавремена исплата на студентските стипендии, задоцнети исплати на ваучерите за превоз, доцнења со исплатите по склучувањето на спогодбите за ретроактивна исплата на стипендиите, проблеми со мерката субвенциониран студентски оброк, поради непочитување на утврдените рокови и, како што велат, проблеми во координираноста помеѓу одделенијата во Министерството. На протестот учествува и неформалната организација „Студентски отпор“ која претходно закажа протест пред МОН во 16 часот, но се придружи на иницијативата на УСС на УКИМ и на заеднички протест во 14 часот заради масовност и единственост во барањата. Како што соопшти, „само обединети и заедно можеме да се избориме за нашите студентски права“.  

The post Црвени картони за МОН: „Сакаме промени, сакаме одговорност”, побараа студентите на протестот appeared first on Република.

]]>
Илјадници Израелци во Тел Авив бараа заминување на Нетанјаху – тој војува само за да остане на власт https://republika.mk/vesti/svet/iljadnitsi-izraeltsi-vo-tel-aviv-baraa-zaminuvane-na-netanjahu-toj-vojuva-samo-za-da-ostane-na-vlast/ Sun, 21 Jan 2024 09:33:15 +0000 https://republika.mk/?p=735091

Илјадници Израелци демонстрираа синоќа во Тел Авив барајќи ослободување на заложниците, кои Хамас ги држи од 7 октомври во Појасот Газа, и барајќи заминување на премиерот Бенјамин Нетанјаху, кого го обвинуваат за продолжување на војната само за тој да остане на власт.

Демонстрантите носеа натписи со кои посочија дека Нетанјаху е „Лицето на злото“ и затоа бараат „Избори сега“.

Од околу 250 киднапирани лица, околу сто беа ослободени за време на прекинот на огнот на крајот на ноември, а 132 се уште се во Газа. Меѓу нив, 27 загинаа, пренесуваат француските медиуми врз основа на израелски податоци.

-Како што работите се развиваат, сите заложници ќе умрат. Се уште не е доцна да ги ослободиме, изјави синоќа Ави Лулу Шамриз, татко на еден од заложниците убиени во Газа.

За време на синоќешниот брифинг портпаролот на израелската армија, Даниел Хагари, кажа дека неговите војници пронашле тунел во Кан Јунис (јужна Газа) со „докази кои потврдуваат присуство на заложници“, вклучително и цртежи направени од петгодишно дете држено таму.

-Околу дваесет заложници беа заклучени во тунелите во различни периоди, во тешки услови, без дневна светлина (...) со малку кислород и страшна влажност, рече Хагари.

Премиерот Нетанјаху сака да ја продолжи војната додека Хамас не биде „елиминиран“.

-Сите во земјата, со исклучок на неговата токсична коалиција, знаат дека неговите одлуки не се донесени за доброто на земјата, дека тој само се обидува да остане на власт,синоќа критикуваше Јаир Кац (69). „Сите сакаме тој да поднесе оставка“.

„Нашата земја ја водат криминалци кои немаат апсолутно никаков интерес за граѓаните“, рече Боаз Садех (46). „Тие не прават ништо за да ги ослободат заложниците“, додаде тој.

Во Ерусалим, исто така, синоќа се собраа околу 250 луѓе пред резиденцијата на премиерот, носејќи цвеќиња и фотографии од заложниците.

Шефот на израелската влада од 1996 до 1999 година, потоа од 2009 до 2021 година, Бенјамин Нетанјаху се врати на функцијата од изборите во 2022 година, откако формираше коалиција со ултраортодоксни и екстремно десничарски еврејски партии.

The post Илјадници Израелци во Тел Авив бараа заминување на Нетанјаху – тој војува само за да остане на власт appeared first on Република.

]]>

Илјадници Израелци демонстрираа синоќа во Тел Авив барајќи ослободување на заложниците, кои Хамас ги држи од 7 октомври во Појасот Газа, и барајќи заминување на премиерот Бенјамин Нетанјаху, кого го обвинуваат за продолжување на војната само за тој да остане на власт. Демонстрантите носеа натписи со кои посочија дека Нетанјаху е „Лицето на злото“ и затоа бараат „Избори сега“. Од околу 250 киднапирани лица, околу сто беа ослободени за време на прекинот на огнот на крајот на ноември, а 132 се уште се во Газа. Меѓу нив, 27 загинаа, пренесуваат француските медиуми врз основа на израелски податоци. -Како што работите се развиваат, сите заложници ќе умрат. Се уште не е доцна да ги ослободиме, изјави синоќа Ави Лулу Шамриз, татко на еден од заложниците убиени во Газа. За време на синоќешниот брифинг портпаролот на израелската армија, Даниел Хагари, кажа дека неговите војници пронашле тунел во Кан Јунис (јужна Газа) со „докази кои потврдуваат присуство на заложници“, вклучително и цртежи направени од петгодишно дете држено таму. -Околу дваесет заложници беа заклучени во тунелите во различни периоди, во тешки услови, без дневна светлина (...) со малку кислород и страшна влажност, рече Хагари. Премиерот Нетанјаху сака да ја продолжи војната додека Хамас не биде „елиминиран“. -Сите во земјата, со исклучок на неговата токсична коалиција, знаат дека неговите одлуки не се донесени за доброто на земјата, дека тој само се обидува да остане на власт,синоќа критикуваше Јаир Кац (69). „Сите сакаме тој да поднесе оставка“. „Нашата земја ја водат криминалци кои немаат апсолутно никаков интерес за граѓаните“, рече Боаз Садех (46). „Тие не прават ништо за да ги ослободат заложниците“, додаде тој. Во Ерусалим, исто така, синоќа се собраа околу 250 луѓе пред резиденцијата на премиерот, носејќи цвеќиња и фотографии од заложниците. Шефот на израелската влада од 1996 до 1999 година, потоа од 2009 до 2021 година, Бенјамин Нетанјаху се врати на функцијата од изборите во 2022 година, откако формираше коалиција со ултраортодоксни и екстремно десничарски еврејски партии.

The post Илјадници Израелци во Тел Авив бараа заминување на Нетанјаху – тој војува само за да остане на власт appeared first on Република.

]]>
Над 100.000 луѓе во Гермaнија на протести против екстремната десница https://republika.mk/vesti/svet/nad-100-000-luge-vo-germanija-na-protesti-protiv-ekstremnata-desnitsa/ Sat, 20 Jan 2024 17:35:19 +0000 https://republika.mk/?p=734989

Повеќе од 100.000 луѓе излегоа ширум Германија денеска на протести против екстремно десничарската AфД (Алтернатива за Германија), откако се дозна дека членовите на партијата разговарале на состанок за планови за масовна депортација.

Околу 35.000 луѓе се приклучија на повикот под слоганот „Обрани ја демократијата - Франкфурт против АфД“, марширајќи во финансиското срце на Германија.

Сличен број, некои носеа натписи како „Нацистите надвор“, се појави во северниот град Хановер.

Протести беа одржани и во други градови, вклучувајќи ги Брауншвајг, Ерфурт и Касел и многу помали градови, отсликувајќи ја мобилизацијата секој ден во текот на изминатата недела.

Севкупно, од вчера се одржани демонстрации на околу 100 локации низ Германија, вклучително и во Берлин закажани за утре.

Не само политичарите, туку и црквите и тренери од Бундеслигата ги повикаа луѓето да застанат против АфД.

Бранот на мобилизација против екстремно десничарската партија беше поттикнат од извештајот на 10 јануари на истражниот медиум Коректив, кој откри дека членовите на АфД разговарале на состанок за протерување на имигрантите и „неасимилираните граѓани“.

The post Над 100.000 луѓе во Гермaнија на протести против екстремната десница appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 100.000 луѓе излегоа ширум Германија денеска на протести против екстремно десничарската AфД (Алтернатива за Германија), откако се дозна дека членовите на партијата разговарале на состанок за планови за масовна депортација. Околу 35.000 луѓе се приклучија на повикот под слоганот „Обрани ја демократијата - Франкфурт против АфД“, марширајќи во финансиското срце на Германија. Сличен број, некои носеа натписи како „Нацистите надвор“, се појави во северниот град Хановер. Протести беа одржани и во други градови, вклучувајќи ги Брауншвајг, Ерфурт и Касел и многу помали градови, отсликувајќи ја мобилизацијата секој ден во текот на изминатата недела. Севкупно, од вчера се одржани демонстрации на околу 100 локации низ Германија, вклучително и во Берлин закажани за утре. Не само политичарите, туку и црквите и тренери од Бундеслигата ги повикаа луѓето да застанат против АфД. Бранот на мобилизација против екстремно десничарската партија беше поттикнат од извештајот на 10 јануари на истражниот медиум Коректив, кој откри дека членовите на АфД разговарале на состанок за протерување на имигрантите и „неасимилираните граѓани“.

The post Над 100.000 луѓе во Гермaнија на протести против екстремната десница appeared first on Република.

]]>