протест онкологија Archives - Република https://republika.mk/tema/protest-onkologija/ За подобро да се разбереме Thu, 12 Oct 2023 18:40:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png протест онкологија Archives - Република https://republika.mk/tema/protest-onkologija/ 32 32 Канцерот не знае дали буџетот има пари за лекови или не – продолжуваат протестите за „Онкологија“ https://republika.mk/vesti/makedonija/kantserot-ne-znae-dali-budhetot-ima-pari-za-lekovi-ili-ne-prodolzhuvaat-protestite-za-onkologija/ Thu, 12 Oct 2023 18:44:43 +0000 https://republika.mk/?p=690649

Канцерот не знае дали буџетот има пари за лекови или не. Термини за онколошките пациенти мора да има, за ехо, за момографија, за сѐ останато. Ова беше истакнато на вечерашниот собир пред Јавното обвинителство, еден од низата, откако излегоа наводи во јавноста за злоупотреба на лекови на Клиниката за онкологија.

Ана Марјановиќ, пациентка на Клиниката за онкологија во Скопје, рече дека смета оти на оваа клиника, најпосле, слушнале дека има проблеми што навистина треба да се решат.

- Колку успешно тоа го прават, ќе покаже времето. Со оние изјави за имање финансии, па немање финансии, па дали ќе има терапија или не, тоа допрва ќе го видиме, зашто канцерот не знае дали буџетот има пари за лекови или нема. Оние луѓе коишто треба да примаат терапија, ќе треба да ја примаат на 21 ден, па да се надеваме дека ќе се најде како тоа да се реши, подвлече Марјановиќ во изјава за МИА.

Што се однесува до Министерството за здравство, таа смета дека очигледно ги слушнале кога кажувале дека нема термини за снимање.

- Меѓутоа, мислам дека со промената што ја направија, можно е и да ги направија уште полоши работите. Бидејќи во наши групи на социјалните мрежи, барем во изминатите неколку дена, постојано се појавуваат постови со слики од матични лекари што велат, нема термин за на државно. Така да, тој проблем не ни е решен. Дури изгледа како да стана поголем од што беше претходно, иако главен проблем можеби не се термините, меѓутоа немањето доволно радиолози кои знаат да гледаат, на коишто онколозите им веруваат, на коишто ние, пациентите, им веруваме. Од таа причина, тој проблем за да се промени, најверојатно ќе треба да се промени начинот на кој се специјализира во оваа држава и тоа ќе потрае, додаде Марјановиќ.

Во Јавното обвинителство сѐ уште пациенти се јавувале, како што додаде, пријавуваат нерегуларности и таму, „навистина се работи“.

- Лично, не ми се допаѓа што сѐ уште нема имиња и презимиња, тоа што нас уште од самиот старт ни беше најважно и го побаравме. Меѓутоа, од друга страна, ајде ќе речеме дека можеби имаме некакво разбирање, бидејќи знаеме колку е обемен предметот. Апелираме повторно да не се дозволи ова да се развлече повеќе од тоа што навистина треба, бидејќи во последно време, ете и во наши групи на социјалните мрежи, постојат шпекулации, имиња, се плука по доктори, се зборува лошо за други доктори и слично. Ние не сакаме да го правиме тоа. Сѐ уште стоиме достоинствено на тоа што го рековме, дека нема да насочуваме на кој се сомневаме, или кој сметаме дека бил дел од ова. И со некои работи што се објавуваат, веќе постепено ескалира и на Онкологија, доктори се соочуваат со проблеми во работата. Од причина што луѓето не знаејќи кои се виновниците, мислам дека губат доверба и во оние доктори, коишто чесно и добро си ја работат својата работа, рече Марјановиќ.

Таа информираше дека од сабота им се придружува друга група што протестираше.

- Ние како што си седиме секој ден од 19 часот, ќе продолжиме. Нема да дозволиме овие наши собиранки да се обојат партиски, бидејќи ние сѐ уште стоиме на фактот дека, канцерот не познава партиски книшки и националности и не сакаме на тој начин да нѐ делат или да нѐ повикуваат, истакна Марјановиќ.

Словенија, како што посочи, има одлична програма за превенција на рак на дојка, па може да се разгледа и да се направи, нагласи таа, да функционира и во нашата држава

The post Канцерот не знае дали буџетот има пари за лекови или не – продолжуваат протестите за „Онкологија“ appeared first on Република.

]]>

Канцерот не знае дали буџетот има пари за лекови или не. Термини за онколошките пациенти мора да има, за ехо, за момографија, за сѐ останато. Ова беше истакнато на вечерашниот собир пред Јавното обвинителство, еден од низата, откако излегоа наводи во јавноста за злоупотреба на лекови на Клиниката за онкологија. Ана Марјановиќ, пациентка на Клиниката за онкологија во Скопје, рече дека смета оти на оваа клиника, најпосле, слушнале дека има проблеми што навистина треба да се решат. - Колку успешно тоа го прават, ќе покаже времето. Со оние изјави за имање финансии, па немање финансии, па дали ќе има терапија или не, тоа допрва ќе го видиме, зашто канцерот не знае дали буџетот има пари за лекови или нема. Оние луѓе коишто треба да примаат терапија, ќе треба да ја примаат на 21 ден, па да се надеваме дека ќе се најде како тоа да се реши, подвлече Марјановиќ во изјава за МИА. Што се однесува до Министерството за здравство, таа смета дека очигледно ги слушнале кога кажувале дека нема термини за снимање.
- Меѓутоа, мислам дека со промената што ја направија, можно е и да ги направија уште полоши работите. Бидејќи во наши групи на социјалните мрежи, барем во изминатите неколку дена, постојано се појавуваат постови со слики од матични лекари што велат, нема термин за на државно. Така да, тој проблем не ни е решен. Дури изгледа како да стана поголем од што беше претходно, иако главен проблем можеби не се термините, меѓутоа немањето доволно радиолози кои знаат да гледаат, на коишто онколозите им веруваат, на коишто ние, пациентите, им веруваме. Од таа причина, тој проблем за да се промени, најверојатно ќе треба да се промени начинот на кој се специјализира во оваа држава и тоа ќе потрае, додаде Марјановиќ.
Во Јавното обвинителство сѐ уште пациенти се јавувале, како што додаде, пријавуваат нерегуларности и таму, „навистина се работи“.
- Лично, не ми се допаѓа што сѐ уште нема имиња и презимиња, тоа што нас уште од самиот старт ни беше најважно и го побаравме. Меѓутоа, од друга страна, ајде ќе речеме дека можеби имаме некакво разбирање, бидејќи знаеме колку е обемен предметот. Апелираме повторно да не се дозволи ова да се развлече повеќе од тоа што навистина треба, бидејќи во последно време, ете и во наши групи на социјалните мрежи, постојат шпекулации, имиња, се плука по доктори, се зборува лошо за други доктори и слично. Ние не сакаме да го правиме тоа. Сѐ уште стоиме достоинствено на тоа што го рековме, дека нема да насочуваме на кој се сомневаме, или кој сметаме дека бил дел од ова. И со некои работи што се објавуваат, веќе постепено ескалира и на Онкологија, доктори се соочуваат со проблеми во работата. Од причина што луѓето не знаејќи кои се виновниците, мислам дека губат доверба и во оние доктори, коишто чесно и добро си ја работат својата работа, рече Марјановиќ.
Таа информираше дека од сабота им се придружува друга група што протестираше. - Ние како што си седиме секој ден од 19 часот, ќе продолжиме. Нема да дозволиме овие наши собиранки да се обојат партиски, бидејќи ние сѐ уште стоиме на фактот дека, канцерот не познава партиски книшки и националности и не сакаме на тој начин да нѐ делат или да нѐ повикуваат, истакна Марјановиќ. Словенија, како што посочи, има одлична програма за превенција на рак на дојка, па може да се разгледа и да се направи, нагласи таа, да функционира и во нашата држава

The post Канцерот не знае дали буџетот има пари за лекови или не – продолжуваат протестите за „Онкологија“ appeared first on Република.

]]>
Запалени „крвави“ фотографии од Филипче, д-р Васев и други инволвирани во скандалот на Онкологија https://republika.mk/vesti/makedonija/zapaleni-krvavi-fotografii-od-filipche-d-r-vasev-i-drugi-involvirani-vo-skandalot-na-onkologija/ Mon, 18 Sep 2023 18:30:53 +0000 https://republika.mk/?p=682969

За време на денешниот протест за случајот со Клиниката за онкологија, со барање „Правда за жртвите“, се побара разрешница за сите инволвирани во „скандалот со Клиниката на онкологија“, но и за обелоденување на информациите околу истрагата за трагедијата во модуларната болница во Тетово.

Насобраните граѓани палена измачкани со црвена боја фотографии со ликовите на повеќемина функционери од кои се бара одговорност. Организаторите најавија дека ќе ги интензивираат протестите.

– Нема да има социјална правда дур не се понесе одговорност за згаснувањето на животите на луѓето како резултат на корупцијата. Правда за жрвите мора да има!, беше посочено на денешниот протест.

Нагласуваат дека донесените измени во Кривичниот законик нема да ги аболицираат инволвираните од нивните злосторства, доколку, како што истакнуваат, ние тоа не го дозволиме.

– Ултиматумот од минатата недела не е исполнет, особено барањето ОЈО да излезе со детали за текот на истрагата во рок од една недела и поради тие причини протестите ќе ги интензивираме. Нашите барања и ултиматум од овој протест, се истрага за инволвираноста на поранешниот министер Венко Филипче и директорот Нино Васев, проширување на истрагата на работата на Детска онкологија, целосна ревизија на работата на Клиниката за онкологија, правосилни судски пресуди за сите инволвирани во злосторството и криминалот на Онкологија, обелоденување на информациите од истрагата за трагедијата во модуларната болница во Тетово, одговорност од ЈО кое одлучи дека нема кривичо дела во трагичниот случај со малата Јана од Битола – наведуваат организаторите.

Претходно, министер за здравство Фатмир Меџити денеска имаше брифинг со новинари, каде кажа дека очекува истрагата за Клиниката за онкологија да заврши во најкраток можен рок. Како што додаде тој, пациентите така ќе си ја вратат довербата и кон лекарите и кон здравствените институции.

Повеќе фотографии на Нова Македонија

The post Запалени „крвави“ фотографии од Филипче, д-р Васев и други инволвирани во скандалот на Онкологија appeared first on Република.

]]>

За време на денешниот протест за случајот со Клиниката за онкологија, со барање „Правда за жртвите“, се побара разрешница за сите инволвирани во „скандалот со Клиниката на онкологија“, но и за обелоденување на информациите околу истрагата за трагедијата во модуларната болница во Тетово. Насобраните граѓани палена измачкани со црвена боја фотографии со ликовите на повеќемина функционери од кои се бара одговорност. Организаторите најавија дека ќе ги интензивираат протестите.
– Нема да има социјална правда дур не се понесе одговорност за згаснувањето на животите на луѓето како резултат на корупцијата. Правда за жрвите мора да има!, беше посочено на денешниот протест.
Нагласуваат дека донесените измени во Кривичниот законик нема да ги аболицираат инволвираните од нивните злосторства, доколку, како што истакнуваат, ние тоа не го дозволиме.
– Ултиматумот од минатата недела не е исполнет, особено барањето ОЈО да излезе со детали за текот на истрагата во рок од една недела и поради тие причини протестите ќе ги интензивираме. Нашите барања и ултиматум од овој протест, се истрага за инволвираноста на поранешниот министер Венко Филипче и директорот Нино Васев, проширување на истрагата на работата на Детска онкологија, целосна ревизија на работата на Клиниката за онкологија, правосилни судски пресуди за сите инволвирани во злосторството и криминалот на Онкологија, обелоденување на информациите од истрагата за трагедијата во модуларната болница во Тетово, одговорност од ЈО кое одлучи дека нема кривичо дела во трагичниот случај со малата Јана од Битола – наведуваат организаторите.
Претходно, министер за здравство Фатмир Меџити денеска имаше брифинг со новинари, каде кажа дека очекува истрагата за Клиниката за онкологија да заврши во најкраток можен рок. Како што додаде тој, пациентите така ќе си ја вратат довербата и кон лекарите и кон здравствените институции.
Повеќе фотографии на Нова Македонија

The post Запалени „крвави“ фотографии од Филипче, д-р Васев и други инволвирани во скандалот на Онкологија appeared first on Република.

]]>
Почна протестот за случајот со Клиниката за онкологија, се бара судска разрешница за сите инволвирани https://republika.mk/vesti/makedonija/pochna-protestot-za-sluchajot-so-klinikata-za-onkologija-se-bara-sudska-razreshnitsa-za-site-involvirani/ Mon, 18 Sep 2023 16:49:22 +0000 https://republika.mk/?p=682951

Пред Влада на Република Македонија почна протестот за случајот со Клиниката за онкологија. Со барање „Правда за жртвите“, се очекува протестот да продолжи пред зградата на Основното јавно обвинителство во Скопје.

Организаторите најавија дека ќе ги интензивираат протестите и повторија дека се бара судска разрешница за сите инволвирани во „скандалот со Клиниката на онкологија“, но и за обелоденување на информациите околу истрагата за трагедијата во модуларната болница во Тетово.

– Нема да има социјална правда дур не се понесе одговорност за згаснувањето на животите на луѓето како резултат на корупцијата. Правда за жрвите мора да има!, е пораката упатена од протестот.

Нагласуваат дека донесените измени во Кривичниот законик нема да ги аболицираат инволвираните од нивните злосторства, доколку, како што истакнуваат, ние тоа не го дозволиме.

-Ултиматумот од минатата недела не е исполнет, особено барањето ОЈО да излезе со детали за текот на истрагата во рок од една недела и поради тие причини протестите ќе ги интензивираме. Нашите барања и ултиматум од овој протест, се истрага за инволвираноста на поранешниот министер Венко Филипче и директорот Нино Васев, проширување на истрагата на работата на Детска онкологија, целосна ревизија на работата на Клиниката за онкологија, правосилни судски пресуди за сите инволвирани во злосторството и криминалот на Онкологија, обелоденување на информациите од истрагата за трагедијата во модуларната болница во Тетово, одговорност од ЈО кое одлучи дека нема кривичо дела во трагичниот случај со малата Јана од Битола, наведуваат организаторите.

Претходно, министер за здравство Фатмир Меџити денеска имаше брифинг со новинари, каде кажа дека очекува истрагата за Клиниката за онкологија да заврши во најкраток можен рок. Како што додаде тој, пациентите така ќе си ја вратат довербата и кон лекарите и кон здравствените институции.

Премиерот Димитар Ковачевски пак изјави дека ќе бидат санкционирани оние кои го прекршиле законот, но, не смее да се напаѓаат сите здравствени работници.

– Се работи за наводи што се грозни и што не смеат да се случуваат, а за наводи што сме слушале во текот на изминатите 20 години. Ова е првпат да биде спроведена една ваква обемна акција за идентификување на можни сторители на вакви дела. Би сакал да повикам да не се прави сензационализација и напад на сите доктори и медицински сестри во државата, бидејќи најголемиот број од медицинскиот персонал којшто работи во нашата држава, се извонредни луѓе, кадри, што се грижат за здравјето на нашето население, подвлече премиерот.

Задачата на МВР и на Обвинителството, како што додаде, е обезбедување докази врз основа на што ќе бидат идентификувани сторителите.

– Од страна на претседателот на Владата и од Владата, нема да има никакви интервенции во однос на заштита на кого било. Бидејќи, се работи за навистина грозни наводи што се предмет на истрагата на МВР и на Обвинителството. Исто така гледам по медиумите, посебно социјалните медиуми, дека се сака да се креира слика за вмешаност на само одредени лица, зависно од нивната припадност, она што можам да го кажам е дека ваков тип на криминал е мултипартиски, мултиетнички и мултикултурен, дециден беше Ковачевски

The post Почна протестот за случајот со Клиниката за онкологија, се бара судска разрешница за сите инволвирани appeared first on Република.

]]>

Пред Влада на Република Македонија почна протестот за случајот со Клиниката за онкологија. Со барање „Правда за жртвите“, се очекува протестот да продолжи пред зградата на Основното јавно обвинителство во Скопје. Организаторите најавија дека ќе ги интензивираат протестите и повторија дека се бара судска разрешница за сите инволвирани во „скандалот со Клиниката на онкологија“, но и за обелоденување на информациите околу истрагата за трагедијата во модуларната болница во Тетово.
– Нема да има социјална правда дур не се понесе одговорност за згаснувањето на животите на луѓето како резултат на корупцијата. Правда за жрвите мора да има!, е пораката упатена од протестот.
Нагласуваат дека донесените измени во Кривичниот законик нема да ги аболицираат инволвираните од нивните злосторства, доколку, како што истакнуваат, ние тоа не го дозволиме.
-Ултиматумот од минатата недела не е исполнет, особено барањето ОЈО да излезе со детали за текот на истрагата во рок од една недела и поради тие причини протестите ќе ги интензивираме. Нашите барања и ултиматум од овој протест, се истрага за инволвираноста на поранешниот министер Венко Филипче и директорот Нино Васев, проширување на истрагата на работата на Детска онкологија, целосна ревизија на работата на Клиниката за онкологија, правосилни судски пресуди за сите инволвирани во злосторството и криминалот на Онкологија, обелоденување на информациите од истрагата за трагедијата во модуларната болница во Тетово, одговорност од ЈО кое одлучи дека нема кривичо дела во трагичниот случај со малата Јана од Битола, наведуваат организаторите.
Претходно, министер за здравство Фатмир Меџити денеска имаше брифинг со новинари, каде кажа дека очекува истрагата за Клиниката за онкологија да заврши во најкраток можен рок. Како што додаде тој, пациентите така ќе си ја вратат довербата и кон лекарите и кон здравствените институции. Премиерот Димитар Ковачевски пак изјави дека ќе бидат санкционирани оние кои го прекршиле законот, но, не смее да се напаѓаат сите здравствени работници.