просветни работници Archives - Република https://republika.mk/tema/prosvetni-rabotnici/ За подобро да се разбереме Wed, 24 May 2023 13:54:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png просветни работници Archives - Република https://republika.mk/tema/prosvetni-rabotnici/ 32 32 Со спојување на предметите во рок од пет години ќе се изгуби едно работно место во две училишта, кажаа на протестот од Независниот синдикат за образование и наука https://republika.mk/vesti/makedonija/so-spojuvane-na-predmetite-vo-rok-od-pet-godini-ke-se-izgubi-edno-rabotno-mesto-vo-dve-uchilishta-kazhaa-na-protestot-od-nezavisniot-sindikat-za-obrazovanie-i-nauka/ Wed, 24 May 2023 13:54:26 +0000 https://republika.mk/?p=644270

Независниот синдикат за образование и НСОН денеска во Скопје одржаа протест, како што нагласија, во интерес на правата на просветните работници и побараа да не се спојуваат наставните предмети и да се почитуваат колективните договори. Протестот започна напладне од Жена парк, а учесниците пешачеа до зградата на Министерството за образование и наука, каде одржаа говори.

Првите луѓе на синдикатите рекоа дека го искажуваат своето незадоволство како резултат на недостаток на социјален дијалог, погазување на работничките права, погазување на достоинството на просветните работници, непочитување на законите и колективните договори. Тие најавија дека доколку нема слух и доколку не настанат радикални промени во скоро време од страна на МОН ќе повикаат на преземање порадикални чекори што подразбира организирање „обичен или бел штрајк“ во зависност од синдикалната поддршка.

Членовите на синдикатот се незадоволни од најавите за спојување на повеќе наставни предмети Географија, Историја, Хемија, Физика, Биологија, Граѓанско образование, Етика, Информатика и Техничко образование. Ваква појава, според претседателот на Независниот синдикат за образование Томислав Гиевски, може да предизвика губење на дел од работните места, а истовремено го погазува професионалниот интегритет на работниците.

Географот се обучувал да предава географија, историчарот историја...Со ваквите промени просветните работници стануваат универзални, секој да биде соодветен за секој предмет да го предава. Тоа е исто како хирурзите да ги испратиме да гаснат пожар, а пожерникарите да ги испратиме да работат во некоја конфекција. Се погазува професионалноста, рече Гиевски.

Тие се незадоволни и од непочитувањето на колективните договори во секторот образование.

Гиевски потенцира дека во секторот образование години наназад не се почитуваат колективните договори.

Во моментов најниската плата за најнизок степен на сложеност изнесува нето 12.000 денари, а сведоци сме дека минималната плата во државата изнесува нето 20.175 денари. Кога станува збор за просветните работници изреката е постојано дека нема пари, дека државата е во криза, но видовме како експресно најдоа начин да си ги зголемат платите нивни државните функционери за 78 отсто. За јавните функционери законот е закон и тој мора да се почитува, а просветните работници секогаш се ставени на маргините, не се почитуваат колективните договори во делот на додатоците, платата доцни константно во последниве 20 години, не е никогаш иплатена во законски предвидениот рок, рече Гиевски.

Независниот синдикат за образование, според него, досега немал средба со актуелниот министер за образование Јетон Шаќири иако имале околу десет барања.

Никогаш не сме добиле повратен одговор, никаква желба од страна на министерот да разговара со нас и затоа мора да не слушне од тука, рече Гиевски.

Причината за спојувањето на предметите, според него, е само да не ги решат проблемите на просветните работници.

Со спојување на предметите во рок од пет години со целосна имплементација во просек ќе се изгуби едно работно место во две училишта. Земам училишта кои во просек имаат четири одделенија со паралелка. Недостасуваат 24 часа по природните и општествените предмети, заедно со укинувањето на предметот иновации. Тоа е клучно, вели Гиевски.

Претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија Марјан Ристески, пак, истакна дека кревањето на галсот на просветните работници е показател дека, како што рече, нешто не е во ред во државата.

Владата свесно бега, требаше да ни достави некоја методологија колкв ќе биде процентот на платите и како ќе се пресметуваат. Зошто сакаат да купуваат време не знам, меѓутоа трпението на граѓаните е при крај, рече Ристески.

Според него, доколку се донесат законските измени во Собранието поврзани со коридорите ќе се види гневот на работниците.

За брзо време ќе се направи еден масовен протест, најави Ристески.

The post Со спојување на предметите во рок од пет години ќе се изгуби едно работно место во две училишта, кажаа на протестот од Независниот синдикат за образование и наука appeared first on Република.

]]>

Независниот синдикат за образование и НСОН денеска во Скопје одржаа протест, како што нагласија, во интерес на правата на просветните работници и побараа да не се спојуваат наставните предмети и да се почитуваат колективните договори. Протестот започна напладне од Жена парк, а учесниците пешачеа до зградата на Министерството за образование и наука, каде одржаа говори. Првите луѓе на синдикатите рекоа дека го искажуваат своето незадоволство како резултат на недостаток на социјален дијалог, погазување на работничките права, погазување на достоинството на просветните работници, непочитување на законите и колективните договори. Тие најавија дека доколку нема слух и доколку не настанат радикални промени во скоро време од страна на МОН ќе повикаат на преземање порадикални чекори што подразбира организирање „обичен или бел штрајк“ во зависност од синдикалната поддршка. Членовите на синдикатот се незадоволни од најавите за спојување на повеќе наставни предмети Географија, Историја, Хемија, Физика, Биологија, Граѓанско образование, Етика, Информатика и Техничко образование. Ваква појава, според претседателот на Независниот синдикат за образование Томислав Гиевски, може да предизвика губење на дел од работните места, а истовремено го погазува професионалниот интегритет на работниците.
Географот се обучувал да предава географија, историчарот историја...Со ваквите промени просветните работници стануваат универзални, секој да биде соодветен за секој предмет да го предава. Тоа е исто како хирурзите да ги испратиме да гаснат пожар, а пожерникарите да ги испратиме да работат во некоја конфекција. Се погазува професионалноста, рече Гиевски.
Тие се незадоволни и од непочитувањето на колективните договори во секторот образование. Гиевски потенцира дека во секторот образование години наназад не се почитуваат колективните договори.
Во моментов најниската плата за најнизок степен на сложеност изнесува нето 12.000 денари, а сведоци сме дека минималната плата во државата изнесува нето 20.175 денари. Кога станува збор за просветните работници изреката е постојано дека нема пари, дека државата е во криза, но видовме како експресно најдоа начин да си ги зголемат платите нивни државните функционери за 78 отсто. За јавните функционери законот е закон и тој мора да се почитува, а просветните работници секогаш се ставени на маргините, не се почитуваат колективните договори во делот на додатоците, платата доцни константно во последниве 20 години, не е никогаш иплатена во законски предвидениот рок, рече Гиевски.
Независниот синдикат за образование, според него, досега немал средба со актуелниот министер за образование Јетон Шаќири иако имале околу десет барања.
Никогаш не сме добиле повратен одговор, никаква желба од страна на министерот да разговара со нас и затоа мора да не слушне од тука, рече Гиевски.
Причината за спојувањето на предметите, според него, е само да не ги решат проблемите на просветните работници.
Со спојување на предметите во рок од пет години со целосна имплементација во просек ќе се изгуби едно работно место во две училишта. Земам училишта кои во просек имаат четири одделенија со паралелка. Недостасуваат 24 часа по природните и општествените предмети, заедно со укинувањето на предметот иновации. Тоа е клучно, вели Гиевски.
Претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија Марјан Ристески, пак, истакна дека кревањето на галсот на просветните работници е показател дека, како што рече, нешто не е во ред во државата.
Владата свесно бега, требаше да ни достави некоја методологија колкв ќе биде процентот на платите и како ќе се пресметуваат. Зошто сакаат да купуваат време не знам, меѓутоа трпението на граѓаните е при крај, рече Ристески.
Според него, доколку се донесат законските измени во Собранието поврзани со коридорите ќе се види гневот на работниците.
За брзо време ќе се направи еден масовен протест, најави Ристески.

The post Со спојување на предметите во рок од пет години ќе се изгуби едно работно место во две училишта, кажаа на протестот од Независниот синдикат за образование и наука appeared first on Република.

]]>
Директори вршители на должност и наставници приправници денеска протестираа пред Министерството за образование https://republika.mk/vesti/makedonija/direktori-vrshiteli-na-dolzhnost-i-nastavnitsi-pripravnitsi-deneska-protestiraa-pred-ministerstvoto-za-obrazovanie/ Mon, 20 Feb 2023 13:47:58 +0000 https://republika.mk/?p=611116

Директори вршители на должност и наставници приправници денеска протестираа пред Министерството за образование. Бараат Државниот испитен центар да дозволи термини за полагање на менаџерски испит за лиценца за директори на училишта, студентски домови, граѓански центри.  Револтирани се бидејќи  година и пол државата ги кочи и не им дозволува да се доусовршуват.

Решавање на проблемот побара и штипскиот градоначалник кој најави дека за ова ќе ги извести сите дипломатски преставништва во државата.

Проблемот не ги засега само директорите, туку и наставниците приправници  кои го имат завршено приправничкиот стаж. И тие чекаат за полагање на стручниот испит.

Во државата со овој проблем се соочуваат 111кандидати за директори и над 600наставници приправници. Минатата недела штипските директори и наставници приправници протестираа на градскиот плоштад.

https://republika.mk/vesti/makedonija/jordanov-ke-gi-izvestam-ambasadite-ne-se-dozvoluva-godina-i-pol-nikoj-da-polaga-ova-go-pravat-za-da-nemat-konkurentsija-kadrite-na-sdsm/

The post Директори вршители на должност и наставници приправници денеска протестираа пред Министерството за образование appeared first on Република.

]]>

Директори вршители на должност и наставници приправници денеска протестираа пред Министерството за образование. Бараат Државниот испитен центар да дозволи термини за полагање на менаџерски испит за лиценца за директори на училишта, студентски домови, граѓански центри.  Револтирани се бидејќи  година и пол државата ги кочи и не им дозволува да се доусовршуват. Решавање на проблемот побара и штипскиот градоначалник кој најави дека за ова ќе ги извести сите дипломатски преставништва во државата. Проблемот не ги засега само директорите, туку и наставниците приправници  кои го имат завршено приправничкиот стаж. И тие чекаат за полагање на стручниот испит. Во државата со овој проблем се соочуваат 111кандидати за директори и над 600наставници приправници. Минатата недела штипските директори и наставници приправници протестираа на градскиот плоштад. https://republika.mk/vesti/makedonija/jordanov-ke-gi-izvestam-ambasadite-ne-se-dozvoluva-godina-i-pol-nikoj-da-polaga-ova-go-pravat-za-da-nemat-konkurentsija-kadrite-na-sdsm/

The post Директори вршители на должност и наставници приправници денеска протестираа пред Министерството за образование appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ поднесе закон во Собранието за решавање на проблемот на просветните работници, но СДСМ и ДУИ го одбија https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-podnese-zakon-vo-sobranieto-za-reshavanje-na-problemot-na-prosvetnite-rabotnici-no-sdsm-i-dui-go-odbija-2/ Sat, 07 May 2022 07:15:11 +0000 https://republika.mk/?p=498868

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски присуствуваше на отворањето на обуката на тема „Јакнење на капацитети на локалните заедници“ во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер“, ВМРО-ДПМНЕ и Партискиот истражувачко-аналитички центар „Љубиша Георгиевски“, каде пред почетокот на даде и изјава за медиумите.

На новинарско прашање за тоа дали СОНК и Владата би можеле да постигнат некаков договор, Мицкоски одговори дека ако стратегијата на Владата беше со развлекување на периодот да го намали револтот кај наставниците и вработените во градинките, истата е неуспешна и фрустрацијата станува сѐ поголема.

-Денеска продолжуваат преговорите колку што сум информиран. Не знам до каде е ова кое што би требало да изгледа како симулација на преговори. Ако беше целта да се раскине периодот па да се намали револтот кај наставниците професорите и вработените во градинките, ако таа беше стратегијата мислам дека им е неуспешна бидејќи фрустрацијата кај луѓето е сѐ поголема. Но, длабоко во себе посакувам да има добар договор и договор со кој ќе бидат задоволни вработените во училиштата и во градинките. Ние како ВМРО-ДПМНЕ апсолутно ги подржуваме нивните барања, поднесовме закон во Парламентот, за за жал владата на СДСМ и ДУИ тоа го одби. Така што тука мислам дека во позадина се кријат некои други работи, но времето ќе ги покаже кои се тие работи, истакна Мицкоски.

The post ВМРО-ДПМНЕ поднесе закон во Собранието за решавање на проблемот на просветните работници, но СДСМ и ДУИ го одбија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски присуствуваше на отворањето на обуката на тема „Јакнење на капацитети на локалните заедници“ во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер“, ВМРО-ДПМНЕ и Партискиот истражувачко-аналитички центар „Љубиша Георгиевски“, каде пред почетокот на даде и изјава за медиумите. На новинарско прашање за тоа дали СОНК и Владата би можеле да постигнат некаков договор, Мицкоски одговори дека ако стратегијата на Владата беше со развлекување на периодот да го намали револтот кај наставниците и вработените во градинките, истата е неуспешна и фрустрацијата станува сѐ поголема.
-Денеска продолжуваат преговорите колку што сум информиран. Не знам до каде е ова кое што би требало да изгледа како симулација на преговори. Ако беше целта да се раскине периодот па да се намали револтот кај наставниците професорите и вработените во градинките, ако таа беше стратегијата мислам дека им е неуспешна бидејќи фрустрацијата кај луѓето е сѐ поголема. Но, длабоко во себе посакувам да има добар договор и договор со кој ќе бидат задоволни вработените во училиштата и во градинките. Ние како ВМРО-ДПМНЕ апсолутно ги подржуваме нивните барања, поднесовме закон во Парламентот, за за жал владата на СДСМ и ДУИ тоа го одби. Така што тука мислам дека во позадина се кријат некои други работи, но времето ќе ги покаже кои се тие работи, истакна Мицкоски.

The post ВМРО-ДПМНЕ поднесе закон во Собранието за решавање на проблемот на просветните работници, но СДСМ и ДУИ го одбија appeared first on Република.

]]>
Димитриеска Кочоска: Згрозена сум од притисокот на власта кон просветните работници, тие ги бараат само нивните основни права https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrieska-kochoska-zgrozena-sum-od-pritisokot-na-vlasta-kon-prosvetnite-rabotnici-tie-gi-baraat-samo-nivnite-osnovni-prava/ Wed, 20 Apr 2022 12:40:18 +0000 https://republika.mk/?p=491189

Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска заедно со градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“, извршија увид на градежни активности на улици во индустриската зона „УЗУС“, каде беше дадена и изјава за медиумите.

Запрашана за коментар околу најавите на СОНК за излегување на улица доколку до 26 април не се исполнат барањата на просветните работници, Димитриеска Кочоска истакна дека имајќи во предвид тоа што во државата сѐ поскапе и се зголемија трошоците за живот, единствено што бараат просветните работници се нивните права, па затоа Владата треба да излезе во пресрет и да ги реализира.

Прво во нашава држава буквално сѐ поскапе, но знаењето за жал остана да биде на маргините и во вакви услови кога имаме зголемени трошоци за живот, просветните работници единствено што бараат се своите права и треба да Владата им излезе во пресрет и ги реализира. Прво морам да кажам дека сум згрозена од притисокот кој власта го прави врз просветните работници. Тие штрајкуваат заради тоа што сакаат да го обезбедат истиот начин на живот и истиот животен стандард. Ако ние имаме ненормално поскапување на сите трошоци за живот, зголемувањето на платите ќе значи само дека она што го живееле и начинот на кој што живееле претходно да го имаат и понатаму. Владата и овие притисоци кои што ги прави врз нив само покажува дека ние се враќаме и живееме во 19-ти, а не во 21-ви век, потенцираше Димитриеска Кочоска.

Таа додаде и дека притисоците кои ги прави министерката за труд и социјална политика врз просветните работници дека нема да им бидат исплатени платите се нереални и незаконски затоа што правото на штрајк е загарантирано со устав и тие штрајкуваат на работното место.

Морам да напоменам и тоа дека нереални и незаконски се притисоците од страна на министерката за труд и социјала, затоа што просветните работници штрајкуваат на своето работно место. Значи прво со устав им е загарантирано правото на штрајк и не може да се заканува дека нема да ги добијат нивните плати затоа што тие доаѓаат на работа и штрајкуваат во своите работни простории“, нагласи Димитриеска Кочоска.

Таа за крај уште еднаш упати апел до власта да им излезе во пресрет на просветните работници и истакна дека просветните работници треба да останат до крај на својот став.

Уште еднаш апелирам до власта да излезе во пресрет на просветните работници, а сметам дека тие треба да останат на својот став и да истраат до крај затоа што доколку имаме пред два месеци промена и зголемување на минималната плата, тие ништо друго не бараат освен едноставно да се следи таа пракса“, заврши Димитриеска Кочоска.

The post Димитриеска Кочоска: Згрозена сум од притисокот на власта кон просветните работници, тие ги бараат само нивните основни права appeared first on Република.