проститутки Archives - Република https://republika.mk/tema/prostitutki/ За подобро да се разбереме Thu, 19 Jan 2023 20:38:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png проститутки Archives - Република https://republika.mk/tema/prostitutki/ 32 32 За 700 евра од час или 2.300 за цела ноќ се дружат со политичари, експерти и гости: Цвета бизнисот на сексуалните работнички во Давос https://republika.mk/vesti/svet/za-700-evra-od-chas-ili-2-300-za-tsela-nok-se-druzhat-so-politichari-eksperti-i-gosti-tsveta-biznisot-na-seksualnite-rabotnichki-vo-davos/ Thu, 19 Jan 2023 20:38:21 +0000 https://republika.mk/?p=598856

Светскиот самит во Давос, на кој се решаваат големи светски проблеми, предизвикува наплив од проститутки, а побарувачката по сексуалните работнички вртоглаво расте секоја година додека се одржува форумот на стотици политички лидери и бизнисмени, кои пристигнуваат од цел свет.

Придружничките се резервираат во истите хотели во кои што отседнуваат и угледните гости кои учествуваат на петдневниот самит, кој почна на 16 јануари во ова швајцарско одморалиште.

Сексуалната работничка по име Лијана откри за германскиот весник Билд дека носи деловна облека за да не се истакнува меѓу гостите, и покрај тоа што проституцијата е легална во Швајцарија. Лијана вели дека наплатува околу 700 евра за час, односно 2.300 евра за цела ноќ, плус патни трошоци.

Некои букираат придружнички за себеси и за своите вработени за забава во хотелскиот апартман, изјави менаџерката на една ескорт служба од градот Аргау.

Сексуална работничка Саломе Балтхус (36) вели дека престојува во хотел близу Давос, но одби да открие кои се нејзините клиенти.

Верувајте ми, не би сакале да им се замерите и да завршите на суд, вели таа.

Меѓу темите за кои се дискутира на годинашниот самит се војната во Украина, глобалната инфлација, климатските промени и нееднаквоста. Оваа година учествуваат речиси 600 извршни директори и 50 шефови на влади.

The post За 700 евра од час или 2.300 за цела ноќ се дружат со политичари, експерти и гости: Цвета бизнисот на сексуалните работнички во Давос appeared first on Република.

]]>

Светскиот самит во Давос, на кој се решаваат големи светски проблеми, предизвикува наплив од проститутки, а побарувачката по сексуалните работнички вртоглаво расте секоја година додека се одржува форумот на стотици политички лидери и бизнисмени, кои пристигнуваат од цел свет. Придружничките се резервираат во истите хотели во кои што отседнуваат и угледните гости кои учествуваат на петдневниот самит, кој почна на 16 јануари во ова швајцарско одморалиште. Сексуалната работничка по име Лијана откри за германскиот весник Билд дека носи деловна облека за да не се истакнува меѓу гостите, и покрај тоа што проституцијата е легална во Швајцарија. Лијана вели дека наплатува околу 700 евра за час, односно 2.300 евра за цела ноќ, плус патни трошоци. Некои букираат придружнички за себеси и за своите вработени за забава во хотелскиот апартман, изјави менаџерката на една ескорт служба од градот Аргау. Сексуална работничка Саломе Балтхус (36) вели дека престојува во хотел близу Давос, но одби да открие кои се нејзините клиенти. Верувајте ми, не би сакале да им се замерите и да завршите на суд, вели таа. Меѓу темите за кои се дискутира на годинашниот самит се војната во Украина, глобалната инфлација, климатските промени и нееднаквоста. Оваа година учествуваат речиси 600 извршни директори и 50 шефови на влади.

The post За 700 евра од час или 2.300 за цела ноќ се дружат со политичари, експерти и гости: Цвета бизнисот на сексуалните работнички во Давос appeared first on Република.

]]>
Побарувачката е голема: Проститутките на Самитот во Давос наплаќаат 700 евра за еден час и 2500 за цела ноќ https://republika.mk/vesti/svet/pobaruvachkata-e-golema-prostitutkite-na-samitot-vo-davos-naplakaat-700-evra-za-eden-chas-i-2500-za-tsela-nok/ Wed, 18 Jan 2023 12:47:07 +0000 https://republika.mk/?p=598300

Проститутките се собира во Давос на годишниот состанок на глобалната елита, пишува грчкиот весник „Прототема“.

Побарувачката за сексуални услуги е зголемена за време на самитот, дознава весникот.

Глобалната елита која се справува со најголемите проблеми во светот - вклучително и родовата нееднаквост - на самитот во Давос го поттикнува порастот на проституцијата во швајцарскиот туристички град.

Побарувачката за сексуална работа вртоглаво расте секоја година на состанокот на светските лидери и деловните тајкуни.

Проститутката Лијана наплаќа околу 700 евра за еден час и  2500 евра за цела ноќ, плус патни трошоци.

 

The post Побарувачката е голема: Проститутките на Самитот во Давос наплаќаат 700 евра за еден час и 2500 за цела ноќ appeared first on Република.

]]>

Проститутките се собира во Давос на годишниот состанок на глобалната елита, пишува грчкиот весник „Прототема“. Побарувачката за сексуални услуги е зголемена за време на самитот, дознава весникот. Глобалната елита која се справува со најголемите проблеми во светот - вклучително и родовата нееднаквост - на самитот во Давос го поттикнува порастот на проституцијата во швајцарскиот туристички град. Побарувачката за сексуална работа вртоглаво расте секоја година на состанокот на светските лидери и деловните тајкуни. Проститутката Лијана наплаќа околу 700 евра за еден час и  2500 евра за цела ноќ, плус патни трошоци.  

The post Побарувачката е голема: Проститутките на Самитот во Давос наплаќаат 700 евра за еден час и 2500 за цела ноќ appeared first on Република.

]]>
Заклани три проститутки во Рим, полицијата се сомнева во сериски убиец https://republika.mk/vesti/svet/zaklani-tri-prostitutki-vo-rim-policijata-se-somneva-vo-seriski-ubiec/ Thu, 17 Nov 2022 21:51:29 +0000 https://republika.mk/?p=575140

Психоза владее во Рим по убиството на три проститутки.

Грозоморното откритие се случило во зграда на Виа Аугуста Риботија во римскиот кварт Прати, кога чуварот на зградата пронашол тело на жена како лежи во локва крв на скалите на вториот кат. Полицијата излегла на местото на настанот, а откако истражителите ја отвориле вратата од станот, го пронашле телото на уште една жена, а веднаш се посомневало за убиство. Двете жртви по потекло се од Кина и се верува дека се занимавале со проституција, пишува италијанскиот „Кориере дела сера“.

Покрената е истрага, но идентитетот на жртвите не е веднаш откриен. Жената чие тело е пронајдено на скалите имала околу 40 години, додека жртвата пронајдена во станот била помлада. Според соседите, жртвата од скалите живеела во зградата, а се проверува што точно правеле несреќните жени во Рим и како се меѓусебно поврзани. Ќе се проверуваат и телефонските броеви за да се утврди мрежата на нивните познаници.

Она што исто така го привлекува вниманието на истражителите е фактот дека ниту еден од жителите во зградата не слушнал вресок во текот на утрото, а пријавата во полиција стигнала околу 11 часот.

Полицијата располага со снимки од бројни надзорни камери на Пјаца Клодио и околните улици за да се утврди кој влегувал и излегувал од зградата во претпоставениот момент на убиството, а во станот се трага по индиции и докази кои би укажале на еден или повеќе сторители.

Сепак, нешто помалку од еден час подоцна пронајдено е тело на друга жена, првично погрешно идентификувана како транссексуална личност. Станува збор за 65-годишната ескорт дама, Колумбијката Марта Кастан Торес, чие тело е пронајдено во стан на улицата Дурацо, исто така во областа на плоштадот Клодио.

Според полициските наоди, телото лежело на креветот со длабока убодна рана во градниот кош. Злосторството го пријавила сестрата на жртвата, која утрото го открила телото и веднаш ја алармирала полицијата. Станот во кој е пронајдено телото на 65-годишната жена се наоѓа во подрум.

Во тек е истрага за да се утврди дали има поврзаност меѓу двете кривични дела. Оружјето што се користи и во двата случаи би можело да биде некаков нож, веројатно со долго сечило, но овие детали се уште се утврдуваат, пренесува Corriere della Sera.

 

The post Заклани три проститутки во Рим, полицијата се сомнева во сериски убиец appeared first on Република.

]]>

Психоза владее во Рим по убиството на три проститутки. Грозоморното откритие се случило во зграда на Виа Аугуста Риботија во римскиот кварт Прати, кога чуварот на зградата пронашол тело на жена како лежи во локва крв на скалите на вториот кат. Полицијата излегла на местото на настанот, а откако истражителите ја отвориле вратата од станот, го пронашле телото на уште една жена, а веднаш се посомневало за убиство. Двете жртви по потекло се од Кина и се верува дека се занимавале со проституција, пишува италијанскиот „Кориере дела сера“. Покрената е истрага, но идентитетот на жртвите не е веднаш откриен. Жената чие тело е пронајдено на скалите имала околу 40 години, додека жртвата пронајдена во станот била помлада. Според соседите, жртвата од скалите живеела во зградата, а се проверува што точно правеле несреќните жени во Рим и како се меѓусебно поврзани. Ќе се проверуваат и телефонските броеви за да се утврди мрежата на нивните познаници. Она што исто така го привлекува вниманието на истражителите е фактот дека ниту еден од жителите во зградата не слушнал вресок во текот на утрото, а пријавата во полиција стигнала околу 11 часот. Полицијата располага со снимки од бројни надзорни камери на Пјаца Клодио и околните улици за да се утврди кој влегувал и излегувал од зградата во претпоставениот момент на убиството, а во станот се трага по индиции и докази кои би укажале на еден или повеќе сторители. Сепак, нешто помалку од еден час подоцна пронајдено е тело на друга жена, првично погрешно идентификувана како транссексуална личност. Станува збор за 65-годишната ескорт дама, Колумбијката Марта Кастан Торес, чие тело е пронајдено во стан на улицата Дурацо, исто така во областа на плоштадот Клодио. Според полициските наоди, телото лежело на креветот со длабока убодна рана во градниот кош. Злосторството го пријавила сестрата на жртвата, која утрото го открила телото и веднаш ја алармирала полицијата. Станот во кој е пронајдено телото на 65-годишната жена се наоѓа во подрум. Во тек е истрага за да се утврди дали има поврзаност меѓу двете кривични дела. Оружјето што се користи и во двата случаи би можело да биде некаков нож, веројатно со долго сечило, но овие детали се уште се утврдуваат, пренесува Corriere della Sera.  

The post Заклани три проститутки во Рим, полицијата се сомнева во сериски убиец appeared first on Република.

]]>