проширување Archives - Република https://republika.mk/tema/proshiruvanje/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Nov 2024 17:20:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png проширување Archives - Република https://republika.mk/tema/proshiruvanje/ 32 32 Вархеји: Проширувањето на ЕУ е неизбежно, прашање е колку земји ќе се приклучат и кога https://republika.mk/vesti/svet/varheji-proshiruvaneto-na-eu-e-neizbezhno-prashane-e-kolku-zemji-ke-se-prikluchat-i-koga/ Tue, 19 Nov 2024 17:23:58 +0000 https://republika.mk/?p=839686

Понатамошното проширување на Европската унија е неизбежно, а сега прашање е колку земји ќе се приклучат и кога, изјави денеска комесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји пред парламентарната комисија за европски прашања.

-Политиката на проширување стана една од најважните теми за ЕУ, рече Вархеји говорејќи за последните пет години на таа функција.

Зборувајќи за пакетот за проширување на европскиот блок од 2024 година, Вархеји рече дека проширувањето е еднакво на „инвестирање во долгорочниот мир, безбедност и просперитет на ЕУ“.

Тој истакна дека во 2019 година во процесот на проширување учествувале седум членки на ЕУ, а сега има 10, додека во 2019 година имало пет кандидати, а бројот се зголемил на девет.

-Периодот од 2023 до 2024 година го „забрзува процесот на проширување“, рече тој, сугерирајќи дека новата Европска комисија треба да биде „комисија за проширување“ која работи на тоа да обезбеди нови членки да се приклучат до крајот на нивниот мандат.

Претходната комисија не го сметаше проширувањето за приоритет, што го турна процесот околу 10 години назад, рече Вархеји.

The post Вархеји: Проширувањето на ЕУ е неизбежно, прашање е колку земји ќе се приклучат и кога appeared first on Република.

]]>

Понатамошното проширување на Европската унија е неизбежно, а сега прашање е колку земји ќе се приклучат и кога, изјави денеска комесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји пред парламентарната комисија за европски прашања.
-Политиката на проширување стана една од најважните теми за ЕУ, рече Вархеји говорејќи за последните пет години на таа функција.
Зборувајќи за пакетот за проширување на европскиот блок од 2024 година, Вархеји рече дека проширувањето е еднакво на „инвестирање во долгорочниот мир, безбедност и просперитет на ЕУ“. Тој истакна дека во 2019 година во процесот на проширување учествувале седум членки на ЕУ, а сега има 10, додека во 2019 година имало пет кандидати, а бројот се зголемил на девет.
-Периодот од 2023 до 2024 година го „забрзува процесот на проширување“, рече тој, сугерирајќи дека новата Европска комисија треба да биде „комисија за проширување“ која работи на тоа да обезбеди нови членки да се приклучат до крајот на нивниот мандат.
Претходната комисија не го сметаше проширувањето за приоритет, што го турна процесот околу 10 години назад, рече Вархеји.

The post Вархеји: Проширувањето на ЕУ е неизбежно, прашање е колку земји ќе се приклучат и кога appeared first on Република.

]]>
Вархеји в понеделник пред Европскиот парламент ќе ги презентира извештаите за проширувањето https://republika.mk/vesti/svet/varheji-v-ponedelnik-pred-evropskiot-parlament-ke-gi-prezentira-izveshtaite-za-proshiruvaneto/ Wed, 13 Nov 2024 11:20:42 +0000 https://republika.mk/?p=837150

Европскиот комесар за проширување и соседство Оливер Вархеји в понеделник, на 18 ноември ќе ги презентира извештаите на Европската комисија за проширувањето на Европската унија пред членовите на Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент.

На средбата ќе се разговара за извештаите за земјите кандидати за членство во ЕУ и Ќе бидат разгледани извештаите за земјите од Западен Балкан, како и за Грузија, Молдавија, Турција и Украина.

The post Вархеји в понеделник пред Европскиот парламент ќе ги презентира извештаите за проширувањето appeared first on Република.

]]>

Европскиот комесар за проширување и соседство Оливер Вархеји в понеделник, на 18 ноември ќе ги презентира извештаите на Европската комисија за проширувањето на Европската унија пред членовите на Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент. На средбата ќе се разговара за извештаите за земјите кандидати за членство во ЕУ и Ќе бидат разгледани извештаите за земјите од Западен Балкан, како и за Грузија, Молдавија, Турција и Украина.

The post Вархеји в понеделник пред Европскиот парламент ќе ги презентира извештаите за проширувањето appeared first on Република.

]]>
Кос: Ќе работам на тоа билатералните прашања да не се увезуваат во процесот на проширување https://republika.mk/vesti/makedonija/kos-ke-rabotam-na-toa-bilateralnite-prashana-da-ne-se-uvezuvaat-vo-protsesot-na-proshiruvane/ Thu, 07 Nov 2024 17:49:21 +0000 https://republika.mk/?p=835268

Билатералните проблеми не смеат да останат трајни пречки на патот кон Брисел и затоа ќе работи на тоа „да не се увезуваат билатералните прашања во процесот на проширување“, изјави кандидатката за нов еврокомесар за проширување Марта Кос на денешното сослушување пред во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ).

Очекуваме земјата кандидат Македонија да го промени Уставот како што вети, ништо повеќе и ништо помалку, истакна Кос во одговор на прашање бугарскиот европратеник од националистичката проруска партија Преродба, Станислав Стојанов, во врска со, според него, „обидите на Македонија да го одложи или ограничи усвојувањето на уставните промени со што би се овозможило рамноправност на Бугарите со останатите делови на народи“.

Кос истакна дека уставните измени се обврска за земјава наведена и во овогодишниот извештај за напредокот на европскиот пат на кандидати за членство, додавајќи дека во процесот на пристапување на ЕУ мора да се почитуваат владеењето на правото, човековите права и правата на припадниците на малцинствата.

На дополнително прашање на Стојанов, како планира во исполнувањето на нејзините заложби за брзо решавање на споровите меѓу земјите кандидатки и членките на ЕУ, да ги штити интересите на државите кои се дел од Унијата, Кос истакна дека кога станува збор за билтерализацијата нормално е дека приоритет ќе имаат интересите на членките на блокот, но дека таа заедно со нејзините колеги ќе работи на тоа „да не се увезуваат билатералните прашања во процесот на проширување“.

Но, имаме ситуација како во вашата земја која сега е дел од ова и штом еднаш го имаме преговарачкиот процес, имаме многу повеќе алатки како да им помогнеме на земјите кандидати, а од другата страна и на земјите членки да најдат решението. Нема друг начин и не можам да одредам датум колку долго ќе трае тоа. Споровите треба да се решаваат врз основа на принципите на нашите вредности. Помагањето на земјите кандидати и на земјите членки ќе биде многу важен дел од мојата работа. Нема друг начин, истакна Кос.

Во воведното обраќање Кос потенцира дека процесот на проширување е маратон, а не спринт и тој мора да остане заснован на принципот на индивидуални заслуги, но дека треба да се работи на постепено интегрирање на земјите кандидати во клучните сектори, пред се на заедничкиот пазар.

Треба да ги прифатиме само оние нови членки, кои ќе се определат за клучните принципи на Европа, како што се демократијата и владеењето на правот, рече кандидатката за еврокомесарка за проширување.

Кос се обврза да обезбеди сите земји опфатени со проширувањето да бидат добро подготвени во овој процес, но ја нагласи и потребата од силна европска посветеност кон земјите кандидати.

Сакам да видам конкретни резултати во процесот на пристапување на земјите од Западниот Балкан. Да ја претвориме оваа можност во реалност за Западниот Балкан. Помирувањето и регионална соработка се клучни елементи на процесот на проширување на Западниот Балкан. Ако го потврдите мојот избор повеќе ќе се вклучам во надминувањето на билатералните проблеми и изнаоѓањето решенија. Тие не смеат да останат трајни пречки на патот кон Брисел, им порача Кос на европратениците.

Кос се осврна и на слободата на медиумите во кандидати за членство, посочувајќи дека држава која не ги гарантира слободата на говорот и медиумскиот плурализам, не може да стане членка на ЕУ.

Таа се обврза и на тесна соработка со Украина, поддржувајќи го нејзиното закрепнување и обнова во координација со Г7 и меѓународни партнери.

Поддршката на Украина и возвраќањето на руската агресија се апсолутен приоритет, истакна додавајќи дека преговорите за членство на Украина мора да бидат „европска ѕвезда водилка за оваа херојска нација“, како и дека истото важи и за Молдавија“.

Кос најави и поддршка на напорите на ОН за решавање на кипарското прашање, од што, како што нагласи ќе зависи и темпото на односите меѓу ЕУ и Турција во иднина, како и дека ќе ги поддржи напорите за поттикнување мир меѓу Ерменија и Азербејџан.

- Секогаш ќе ги бранам човековите права, демократијата, основните слободи и владеењето на правото и ќе ги потсетам земјите опфатени со процесот на проширување дека нема преговори за овие начела, додаде Кос.

Според неа, потребата е одржување на интегритетот на процесот на проширување и со конкретни активности во насока на постепена интеграција во ЕУ да им испрати позитивен сигнал на граѓаните на земјите кандидати за членство.

Кос нагласи и дека процесот на проширување не само што треба да се базира на исполнувањето на релевантните критериуми од земјите кандидати за членство, туку треба да биде транспарентен и во однос на парите што се трошат.

За да се подготват земјите членки и ЕУ за проширувањето, потребните внатрешни реформи на ЕУ треба да се одвиваат паралелно со него, рече Кос, повикувајќи на поголема вклученост на граѓанското општество во земјите членки во овој процес и апелирајќи до европратениците да го поддржат проширувањето и ги објаснат неговите придобивки пред своите гласачи.

Инаку, на сослушувањето на Кос, покрај членовите на АФЕТ, присуствуваа и европратеници од комитетите за граѓански слободи, правда и внатрешни работи (ЛИБЕ) и за уставни прашања (АФЦО) и од Поткомитетот за човекови права (ДРОИ).

The post Кос: Ќе работам на тоа билатералните прашања да не се увезуваат во процесот на проширување appeared first on Република.

]]>

Билатералните проблеми не смеат да останат трајни пречки на патот кон Брисел и затоа ќе работи на тоа „да не се увезуваат билатералните прашања во процесот на проширување“, изјави кандидатката за нов еврокомесар за проширување Марта Кос на денешното сослушување пред во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ).
Очекуваме земјата кандидат Македонија да го промени Уставот како што вети, ништо повеќе и ништо помалку, истакна Кос во одговор на прашање бугарскиот европратеник од националистичката проруска партија Преродба, Станислав Стојанов, во врска со, според него, „обидите на Македонија да го одложи или ограничи усвојувањето на уставните промени со што би се овозможило рамноправност на Бугарите со останатите делови на народи“.
Кос истакна дека уставните измени се обврска за земјава наведена и во овогодишниот извештај за напредокот на европскиот пат на кандидати за членство, додавајќи дека во процесот на пристапување на ЕУ мора да се почитуваат владеењето на правото, човековите права и правата на припадниците на малцинствата. На дополнително прашање на Стојанов, како планира во исполнувањето на нејзините заложби за брзо решавање на споровите меѓу земјите кандидатки и членките на ЕУ, да ги штити интересите на државите кои се дел од Унијата, Кос истакна дека кога станува збор за билтерализацијата нормално е дека приоритет ќе имаат интересите на членките на блокот, но дека таа заедно со нејзините колеги ќе работи на тоа „да не се увезуваат билатералните прашања во процесот на проширување“.
Но, имаме ситуација како во вашата земја која сега е дел од ова и штом еднаш го имаме преговарачкиот процес, имаме многу повеќе алатки како да им помогнеме на земјите кандидати, а од другата страна и на земјите членки да најдат решението. Нема друг начин и не можам да одредам датум колку долго ќе трае тоа. Споровите треба да се решаваат врз основа на принципите на нашите вредности. Помагањето на земјите кандидати и на земјите членки ќе биде многу важен дел од мојата работа. Нема друг начин, истакна Кос.
Во воведното обраќање Кос потенцира дека процесот на проширување е маратон, а не спринт и тој мора да остане заснован на принципот на индивидуални заслуги, но дека треба да се работи на постепено интегрирање на земјите кандидати во клучните сектори, пред се на заедничкиот пазар.
Треба да ги прифатиме само оние нови членки, кои ќе се определат за клучните принципи на Европа, како што се демократијата и владеењето на правот, рече кандидатката за еврокомесарка за проширување.
Кос се обврза да обезбеди сите земји опфатени со проширувањето да бидат добро подготвени во овој процес, но ја нагласи и потребата од силна европска посветеност кон земјите кандидати.
Сакам да видам конкретни резултати во процесот на пристапување на земјите од Западниот Балкан. Да ја претвориме оваа можност во реалност за Западниот Балкан. Помирувањето и регионална соработка се клучни елементи на процесот на проширување на Западниот Балкан. Ако го потврдите мојот избор повеќе ќе се вклучам во надминувањето на билатералните проблеми и изнаоѓањето решенија. Тие не смеат да останат трајни пречки на патот кон Брисел, им порача Кос на европратениците.
Кос се осврна и на слободата на медиумите во кандидати за членство, посочувајќи дека држава која не ги гарантира слободата на говорот и медиумскиот плурализам, не може да стане членка на ЕУ. Таа се обврза и на тесна соработка со Украина, поддржувајќи го нејзиното закрепнување и обнова во координација со Г7 и меѓународни партнери.
Поддршката на Украина и возвраќањето на руската агресија се апсолутен приоритет, истакна додавајќи дека преговорите за членство на Украина мора да бидат „европска ѕвезда водилка за оваа херојска нација“, како и дека истото важи и за Молдавија“.
Кос најави и поддршка на напорите на ОН за решавање на кипарското прашање, од што, како што нагласи ќе зависи и темпото на односите меѓу ЕУ и Турција во иднина, како и дека ќе ги поддржи напорите за поттикнување мир меѓу Ерменија и Азербејџан. - Секогаш ќе ги бранам човековите права, демократијата, основните слободи и владеењето на правото и ќе ги потсетам земјите опфатени со процесот на проширување дека нема преговори за овие начела, додаде Кос. Според неа, потребата е одржување на интегритетот на процесот на проширување и со конкретни активности во насока на постепена интеграција во ЕУ да им испрати позитивен сигнал на граѓаните на земјите кандидати за членство. Кос нагласи и дека процесот на проширување не само што треба да се базира на исполнувањето на релевантните критериуми од земјите кандидати за членство, туку треба да биде транспарентен и во однос на парите што се трошат.
За да се подготват земјите членки и ЕУ за проширувањето, потребните внатрешни реформи на ЕУ треба да се одвиваат паралелно со него, рече Кос, повикувајќи на поголема вклученост на граѓанското општество во земјите членки во овој процес и апелирајќи до европратениците да го поддржат проширувањето и ги објаснат неговите придобивки пред своите гласачи.
Инаку, на сослушувањето на Кос, покрај членовите на АФЕТ, присуствуваа и европратеници од комитетите за граѓански слободи, правда и внатрешни работи (ЛИБЕ) и за уставни прашања (АФЦО) и од Поткомитетот за човекови права (ДРОИ).

The post Кос: Ќе работам на тоа билатералните прашања да не се увезуваат во процесот на проширување appeared first on Република.

]]>
Борел: Проширувањето има централна улога во геополитичкиот пристап на ЕУ https://republika.mk/vesti/svet/borel-proshiruvaneto-ima-tsentralna-uloga-vo-geopolitichkiot-pristap-na-eu/ Wed, 30 Oct 2024 17:32:48 +0000 https://republika.mk/?p=832539

Јасен став на Европската комисија е дека проширувањето им централна улога во геополитичкиот пристап на ЕУ, порача денеска високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на Унијата, Жосеп Борел при презентацијата на Пакетот извештаи за проширувањето.

- Граѓаните очекуваат од Европската Унија да дејствува со цел да се гарантира стабилноста и соработката во нашето соседство. Ако тоа не можеме да го сториме во нашето најблиско соседство, тешко ре да се верува дека тоа ќе успееме да го направиме во подалечните делови од светот, нагласи Борел, додавајќи дека Европската Унија нема да биде само набљудувач на настаните.

На заедничката прес-конференција со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Борел нагласи дека во изминативе пет години се соочивме со предизвици без преседан во сферата на здравството, животната средина и безбедноста, а речиси пред 1000 дена Русија ја започна целосната агресија врз Украина.

- Русија претставува егзистенцијална закана за Европа, повеќе од кога било до сега, и членството во ЕУ стана стратешки избор. Алтернативите (на членството) може да бидат полесни на краток рок, но она што е лесно на краток рок, може да донесе тешкотии на долг рок, порача Борел.

Тој нагласи дека она што е наведено во извештаите се базира на индивидуалните достигнувања на земјите аспиранти за членство и нивните заслуги, чиј темел пред се е владеењето на правото.

- Во изминатите пет години пристапните преговори се вратија на врвот на приоритетите на Европската комисија. Во 2019 година имаше пет кандидати за членство, а денес има девет земји кандидати и еден потенцијален кандидат, што ги прави 10, односно двојно повеќе. Тоа покажува дека Европската Унија дејствува како магнет, привлекувајќи луѓе и држави, истакна Борел.

Според него, постепената интеграција донесе резултати, па така земјите вклучени во пристапниот процес веќе имаат видлива корист од тоа.

- Тоа значи дека не мора да чекате до крајот за да ги добиете сите придобивки (од членството), туку тоа е процес низ кој има видливи придобивки кои граѓаните ги чувствуваат секојдневно, рече Борел, додавајќи дека тоа вклучува пристап до програмата Еразмус+, тоа што сите граѓани од Западниот Балкан може да патуваат во ЕУ без визи, како и Планот за раст на регионот и инструментите за поддршка на Молдавија и Украина, со кои се наградуваат реформите, од кои најважно е владеењето на правото.

Тој посочи дека ЕУ се обидува да воспостави посилни врски со кандидатите за членство во сферата на енергетската и безбедносната политики, со цел да се одбранат европските вредности, да се зачува регионалната стабилност и да се заштити глобалниот поредок.

- Нашата Унија не треба да биде само поголема, туку и посилна. Можете да станете поголеми, но тоа не значи автоматски дека сте и посилни. Ние го сакаме и едното и другото. Сакаме да ги интегрираме нашите соседи и сите заедно да бидеме посилни, рече високиот претставник на ЕУ.

Борел посочи дека во услови на руската агресија врз Украина, не може да развивате односи со Русија како се да е нормално, а во исто време да сакате членство во ЕУ, бидејќи не може и едното и другото.

Според него, во изминативе години има значително усогласување на кандидатите за членство со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, што е показател дека тие ги споделуваат европските вредности и геополитички цели.

- Некои наши партнери се целосно усогласени со нашата заедничката надворешна и безбедносна политика. Би можел да споменам Македонија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово, кое доброволно се усогласува, потенцира Борел.

Вархеји, од своја страна, нагласи дека актуелна Европска комисија работеше напорно да го врати проширувањето како еден од трите нејзини приоритети и тоа не само да се дискутира за тоа, туку и да се оствари напредок.

- Проширувањето не е поврзано само со промената на нашето геополитичко опкружување, туку тоа е и во интерес на ЕУ, истакна Вархеји, додавајќи дека членството во Унијата е долгорочна гаранција за мир, стабилност, безбедност и просперитет.

Тој нагласи дека со измената на метедологијата за членство извршена во 2020, ЕУ направи многу значајна промена во пристапот и го врати кредибилитетот на процесот, кој се загуби негде попатно, правејќи го предвидлив со ставот дека ако има напредок од едната, ќе го има и од другата страна.

- Врз основа на тоа можеме да кажеме дека направиме многу. Не само што имаме нов земји кандидати за членство, туку и шест земји кои преговараат, а може да им се приклучи и седма ако Советот донесе одлука за старт на преговорите со БиХ, рече Вархеји.

Според него, сето ова е видлив напредок и врз основа на тоа до крајот на мандатот на новата Европска комисија би можеле да очекуваме ново проширување на Унијата.

Тој посочи и дека паралелно со ова, ЕУ работи и на намалување на економско-социјалниот јаз меѓу земјите кандидати и членките на Унијата, за што се одвоени 30 милијарди евра само за земјите од Западниот Балкан, што претставува една третина од БДП на регионот.

- Не само што е потребно ЕУ да биде силна, туку треба и да ја донесе Европа во соседните региони, рече Вархеји, потенцирајќи дека за таа цел е подготвен и Планот за раст на Западниот Балкан, како и алатки за поддршка на Молдавија и Украина, што треба да им помогне на овие земји да ги спроведат потребните реформи и да бидат подготвени за членство во ЕУ до крајот на мандатот на новата Комисија, кој завршува кон крајот на 2029 година.

Пакетот извештаи за проширувањето ја оценува усогласеноста на земјите кандидати и потенцијални кандидати за членство во ЕУ со Копенхашките критериуми, кои се однесуваат на стабилност на институциите кои ги гарантираат демократијата, владеењето на правото, почитувањето на човекови права и заштита на малцинствата, потоа одржувањето на функционална пазарна економија и нејзината способност за справување со конкурентскиот притисок и пазарните сили во ЕУ, како и капацитетите да се преземат обврските од членството, вклучително и за ефикасно спроведување на правилата, стандардите и политиките на ЕУ.

Пакетот за проширување ги дефинира експлицитно оние реформи што треба да ги преземат земјите опфатени со пристапниот процес за да станат членки на ЕУ и информира за нивниот напредок на патот кон членство во Унијата.

Во документот се прави и преглед на спроведувањето на клучните политички и економски реформи од страна на аспирантите за членство и им се даваат јасни препораки за следниот период. сп/

The post Борел: Проширувањето има централна улога во геополитичкиот пристап на ЕУ appeared first on Република.

Сијарто: Само изговор им е дека консензусот е пречка за проширувањето https://republika.mk/vesti/makedonija/sijarto-samo-izgovor-im-e-deka-konsenzusot-e-prechka-za-proshiruvaneto/ Tue, 15 Oct 2024 12:40:34 +0000 https://republika.mk/?p=827180

Идеална ситуација би била ако Македонија и Босна и Херцеговина одржат меѓувладини конференции за старт на преговорите до крајот на годината, изјави денеска во Луксембург унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто по одржувањето на Втората меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, со што земјата практично ги започна пристапните преговори по кластери.

Но, тоа не зависи само од нас, само од претседателството (со ЕУ), не зависи ниту од комесарот, туку зависи од консензусот на сите 27 земји членки, рече Сијарто на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама и еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

Во одговор на новинарско прашање дали не би било подобро ако во процесот на проширување на блокот се укине принципот на консензус при одлучувањето, Сијарто рече дека оние земји членки кои тврдат дека консензусот е пречка за проширувањето, во основа само бараат изговор затоа што не се ентузијасти за овој процес.

Верувајте ми, ако треба да ја именувам областа во која лицемерието е на врвот во ЕУ, тогаш тоа дефинитивно е проширувањето, бидејќи слушам како моите колеги зборуваат едно пред јавноста, а друго и меѓу нас. За жал морам да ви кажам дека не сите го кажуваат истото јавно и зад затворени врати, додаде Сијарото.

Според него, укинувањето на принципот на консензус во носењето одлуки би довело до уништување на Европската Унија.

Во случај да се укине консензусот тоа ќе ги потисне помалите или земјите членки од средна големина, затоа што во случај ако нема потреба од консензус, големите би одлучувале за важни прашања, а работата на помалите или средните земји би била само да кажат „да“, оцени Сијарто, додавајќи дека затоа не е случајно што Европската Унија се заснова на договори и методологии, кои бараат косензус при носењето одлуки за важни прашања.

Тој истакна дека еден од приоритетите на унгарското претседателство се ЕУ е токму проширувањето и денешниот старт на преговорите со Албанија е делумно исполнување на тие планови. Сијарто изрази надеж дека до крајот на годината Албанија ќе може да почне преговори и по втор кластер, како и дека ќе биде остварен напредок во преговарачкиот процес и со Србија, бидејќи, според него, земјата е подготвена за отворање на кластерот поврзан со инклузивниот раст и развој.

Ако двапати патувате во Белград во еден месец ќе видите што значи развој и раст, па оние бирократи што овде се грижат дали Србија е подготвена да го отвори тоа поглавјето јас би предложи да отпатуваат во Белград и ќе видат дека тие се подготвени, рече Сијарто изразувајќи надеж дека оние земји членки на ЕУ кои „се покритични“ кон Србија, нема да прават пречка на таа цел.

Тој додаде дека очекува и Црна Гора да постигне напредок во преговорите, со тоа што би го затворила преговарачкиот процес по неколку поглавја.

Вархеји, пак оцени дека не држи тезата оти ЕУ треба да се реформира пред да ги прими новите членки, потенцирајќи дека процесите на проширување и на реформи може да се одвиваат паралелно.

Сегашната институционална поставеност и поставеноста на договорите (на ЕУ) совршено можат да прифатат нови членки. Се уште верувам дека тоа е така и затоа на проширувањето и внатрешните реформи гледаме како на паралелни дебати и најдобро е да ги држиме паралелно, додаде Вархеји.

Тој потсети дека една од обврските на новата Европска комисија ќе биде и изработката на Повеќегодишната финансиска рамка за ЕУ за периодот по 2027 година и во неа треба да се направат големи промени да може Унијата да ги прими новите членки, бидејќи со средствата од тој буџет ќе треба да се покријат трошоците од проширувањето

Мислам дека таа (рамка) ќе биде добар показател кога ЕУ ќе посака добредојде (на нови членки), истакна Верхеји.

Рама изрази надеж дека Албанија до крајот на оваа деценија ќе ги заврши преговорите и ќе се појави на вратата на Европскиот совет како земја членки на ЕУ.

Се разбира, ова многу амбициозно, потребно е многу многу голем обем на работа. Во тесна соработка со Комисијата поставивме патоказ, повторно многу амбициозен, и имаме план, а и исто така сметаме на партнерите да ни помогнат да го постигнеме тоа, рече Рама, додавајќи дека не е целта Албанија да дојде во Брисел, туку стандардите на Европската унија да се донесат во земјата.

https://republika.mk/vesti/balkan/koja-bila-majka-na-narodniot-heroj-i-so-kogo-vodela-lubov-se-mnogu-interesni-temi-za-istoricharite-ama-ne-za-chlenstvo-vo-eu-smeta-rama/

The post Сијарто: Само изговор им е дека консензусот е пречка за проширувањето appeared first on Република.

]]>

Идеална ситуација би била ако Македонија и Босна и Херцеговина одржат меѓувладини конференции за старт на преговорите до крајот на годината, изјави денеска во Луксембург унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто по одржувањето на Втората меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, со што земјата практично ги започна пристапните преговори по кластери.
Но, тоа не зависи само од нас, само од претседателството (со ЕУ), не зависи ниту од комесарот, туку зависи од консензусот на сите 27 земји членки, рече Сијарто на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама и еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.
Во одговор на новинарско прашање дали не би било подобро ако во процесот на проширување на блокот се укине принципот на консензус при одлучувањето, Сијарто рече дека оние земји членки кои тврдат дека консензусот е пречка за проширувањето, во основа само бараат изговор затоа што не се ентузијасти за овој процес.
Верувајте ми, ако треба да ја именувам областа во која лицемерието е на врвот во ЕУ, тогаш тоа дефинитивно е проширувањето, бидејќи слушам како моите колеги зборуваат едно пред јавноста, а друго и меѓу нас. За жал морам да ви кажам дека не сите го кажуваат истото јавно и зад затворени врати, додаде Сијарото.
Според него, укинувањето на принципот на консензус во носењето одлуки би довело до уништување на Европската Унија.
Во случај да се укине консензусот тоа ќе ги потисне помалите или земјите членки од средна големина, затоа што во случај ако нема потреба од консензус, големите би одлучувале за важни прашања, а работата на помалите или средните земји би била само да кажат „да“, оцени Сијарто, додавајќи дека затоа не е случајно што Европската Унија се заснова на договори и методологии, кои бараат косензус при носењето одлуки за важни прашања.
Тој истакна дека еден од приоритетите на унгарското претседателство се ЕУ е токму проширувањето и денешниот старт на преговорите со Албанија е делумно исполнување на тие планови. Сијарто изрази надеж дека до крајот на годината Албанија ќе може да почне преговори и по втор кластер, како и дека ќе биде остварен напредок во преговарачкиот процес и со Србија, бидејќи, според него, земјата е подготвена за отворање на кластерот поврзан со инклузивниот раст и развој.
Ако двапати патувате во Белград во еден месец ќе видите што значи развој и раст, па оние бирократи што овде се грижат дали Србија е подготвена да го отвори тоа поглавјето јас би предложи да отпатуваат во Белград и ќе видат дека тие се подготвени, рече Сијарто изразувајќи надеж дека оние земји членки на ЕУ кои „се покритични“ кон Србија, нема да прават пречка на таа цел.
Тој додаде дека очекува и Црна Гора да постигне напредок во преговорите, со тоа што би го затворила преговарачкиот процес по неколку поглавја. Вархеји, пак оцени дека не држи тезата оти ЕУ треба да се реформира пред да ги прими новите членки, потенцирајќи дека процесите на проширување и на реформи може да се одвиваат паралелно.
Сегашната институционална поставеност и поставеноста на договорите (на ЕУ) совршено можат да прифатат нови членки. Се уште верувам дека тоа е така и затоа на проширувањето и внатрешните реформи гледаме како на паралелни дебати и најдобро е да ги држиме паралелно, додаде Вархеји.
Тој потсети дека една од обврските на новата Европска комисија ќе биде и изработката на Повеќегодишната финансиска рамка за ЕУ за периодот по 2027 година и во неа треба да се направат големи промени да може Унијата да ги прими новите членки, бидејќи со средствата од тој буџет ќе треба да се покријат трошоците од проширувањето
Мислам дека таа (рамка) ќе биде добар показател кога ЕУ ќе посака добредојде (на нови членки), истакна Верхеји.
Рама изрази надеж дека Албанија до крајот на оваа деценија ќе ги заврши преговорите и ќе се појави на вратата на Европскиот совет како земја членки на ЕУ.
Се разбира, ова многу амбициозно, потребно е многу многу голем обем на работа. Во тесна соработка со Комисијата поставивме патоказ, повторно многу амбициозен, и имаме план, а и исто така сметаме на партнерите да ни помогнат да го постигнеме тоа, рече Рама, додавајќи дека не е целта Албанија да дојде во Брисел, туку стандардите на Европската унија да се донесат во земјата.
https://republika.mk/vesti/balkan/koja-bila-majka-na-narodniot-heroj-i-so-kogo-vodela-lubov-se-mnogu-interesni-temi-za-istoricharite-ama-ne-za-chlenstvo-vo-eu-smeta-rama/

The post Сијарто: Само изговор им е дека консензусот е пречка за проширувањето appeared first on Република.

]]>
Марта Кос од Словенија предложена за еврокомесар за проширување https://republika.mk/vesti/svet/marta-kos-od-slovenija-predlozhena-za-evrokomesar-za-proshiruvane/ Tue, 17 Sep 2024 09:48:29 +0000 https://republika.mk/?p=817059

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денес ги објави имињата на кандидатите за еврокомесари, а портфолиото „проширување“ го доби Марта Кос од Словенија.

Иако имаше најави дека позицијата за проширувањето ќе има висок профил во овој мандат и дека еврокомесарот за проширување ќе биде и потпретседател на Европската комисија, од овој список испаѓа дека сите тие планови паднале во вода и место силен – во Брисел ќе имаме слаб поттурнувач на проширувањето.

Уште повеќе што за кандидатурата на Марта Кос се уште се кршат копјата во Словенија и таа практично нема силна поддршка во сопствената држава, а доаѓа од земја која нема голема тежина во ЕУ. Единствен плус за нас е што таа е од земја од поранешна Југославија, блиска до регионот и со повеќе разбирање за потребите тука отколку некој што би бил фокусиран на Украина и Молдавија. На листата на новата извршна власт на ЕУ се:

Урсула фон дер Лајен (Германија): претседател на Европската комисија

Тереза ​​Рибера (Шпанија): извршен потпретседател за чиста, праведна и конкурентна транзиција

Хена Виркунен (Финска): извршен потпретседател за технички суверенитет, безбедност и демократија

Стефан Сежурне (Франција): извршен потпретседател за просперитет и индустриска стратегија

Роксана Минзату (Романија): извршен потпретседател за луѓе, вештини и подготвеност

Рафаеле Фито (Италија): извршен потпретседател за кохезија и реформи

Каја Калас (Естонија): всок претставник за надворешна и безбедносна политика

Магнус Брунер (Австрија): внатрешни работи и миграција

Хаџа Лахбиб (Белгија): подготвеност, управување со кризи, еднаквост

Екатерина Захариева (Бугарија): стартапи, истражување и иновации

Дубравка Шуица (Хрватска): Медитерана

Костас Кадис (Кипар): Рибарство и океани

Јозеф Сикела (Чешка): Меѓународни партнерства

Дан Јоргенсен (Данска): Енергија и домување

Апостолос Цицикостас (Грција): Одржлив транспорт и туризам

Оливер Вархеји (Унгарија): здравје и благосостојба на животните

Мајкл Мекграт (Ирска): демократија, правда и владеење на правото

Валдис Домбровскис (Латвија): економија и продуктивност, имплементација и поедноставување

Андриус ​​Кубилиус (Литванија): одбрана и простор

Кристоф Хансен (Луксембург): земјоделство и храна

Глен Микалеф (Малта): меѓугенерациска правичност, млади, култура и спорт

Wopke Hoekstra (Холандија): клима, нето-нула и чист раст

Пјотр Серафин (Полска): буџет, противизмама, јавна администрација

Марија Луис Албакерки (Португалија): финансиски услуги

Роксана Минзату (Романија): луѓе, вештини и подготвеност

Марош Шефчовиќ (Словачка): трговско-економска безбедност, меѓуинституционални односи и транспарентност

Марта Кос (Словенија): проширување

Џесика Розвал (Шведска): животна средина, отпорност на вода и конкурентна кружна економија

Пред некој ден шефот на словенечката делегација во рамките на Европската народна партија (ЕПП) за „Еуроњуз“ изјави дека изборот на Марта Кос е целосно неприфатлив за ЕПП на која и припаѓа, наведувајќи ги како минуси нејзиното немање искуство и наводни врски со поранешната југословенска тајна полиција. Романа Томц, за „Еуроњуз“ изјави дека изборот на новиот кандидат на земјата за еврокомесар, Марта Кос, е „целосно неприфатлив“ и „проблематичен“ за ЕПП, најголемата група во парламентот.

„Можете ли да замислите дека некој во Германија, на пример, би поставил кандидат со терет дека бил соработник на Штази во минатото“, праша Томц, мислејќи на озлогласената поранешна источногерманска тајна служба?

Таа рече дека некои од нејзините колеги во Европскиот парламент се „навистина нервозни“ кога ќе слушнат дека има соработник на УДБА „меѓу нас, па дури и како кандидат за Комисијата“.

„Тоа не ни е дозволено“, додаде таа, оценувајќи дека справувањето со назначувањето на државниот комесар е „понижување“ што ја става Словенија во ризик да се смета за „проблем“ во ЕУ.

Промената на кандидатот за комесар во Љубљана во последен момент, што го одложи претставувањето на кабинетот на претседателката Урсула фон дер Лајен, предизвика спор меѓу премиерот Роберт Голоб и опозициската партија на која и припаѓа Томц и која тој ја обвинува за саботажа. Томаж Весел, поранешниот прв човек на националниот ревизорски суд, првично беше предложен пред летото, што владата повторно го потврди минатата недела, т.е. на 3 септември, пред Љубљана да попушти и да се согласи да испрати жена.

„Зошто се предомисли останува мистерија“, рече Томц, обвинувајќи го Голоб дека едноставно попушта на барањата на Фон дер Лајен. Таа продолжи да сугерира дека Весел има поголеми шанси да ја помине контролата на Европскиот парламент, тврдејќи дека политичкиот пејзаж е променет.

Овој пресврт создава политичка бура во Словенија, која се заканува дополнително да го искомплицира изгласувањето на новата ЕК. Според законот, Кос сега мора да присуствува на сослушувањето на Комитетот за прашања на ЕУ на словенечкото Национално собрание. Иако ставовите на пратениците се необврзувачки, претседателот на комисијата, Франц Брезник, се закани дека ќе го одложи рочиштето за најмногу две недели додека не добие повеќе детали за притисокот што владата го извршила врз Весел да се повлече, јавуваат словенечките медиуми.Томц рече дека Франк Брезник едноставно бара појаснување и документација.

„Проблемот може лесно да се реши. Добро е познато што треба да направи владата: да ја претстави потребната документација. Нема причина Комисијата да не ја исполни својата улога доколку ги добие соодветните информации“, рече таа.

„Власта за тоа сака да ја обвини опозицијата, но тоа апсолутно не е точно“, изјави пратеничката од партијата на поранешниот премиер Јанез Јанша, додавајќи дека опозицијата само следи демократски процедури. Томц јасно го идентификуваше премиерот Голоб како тој што го предизвика одложувањето.

„Одложувањето беше предизвикано од премиерот Роберт Голоб“, рече таа, кого го означи како „најслабиот премиер во Европската унија“ и кој е под палката на шефицата на Комисијата Урсула фон дер Лајен. Таа ја повика Фон дер Лајен да ги почитува демократските процеси во Словенија, тврдејќи дека сегашниот ќорсокак може да се реши доколку владата постапи потранспарентно.

„Тие исто така ја доведоа фон дер Лајен во лоша позиција бидејќи таа не знае што да прави сега“, рече Томц.

„Овие обвинувања првпат се појавија кога ја објавив мојата кандидатура за претседател на Република Словенија во 2022 година со намера да ме дискредитираат“, одговори Кос на обвинувањата во писмена изјава за „Еуроњуз“.

„Пред да станам амбасадор во Германија и во Швајцарија, бев проверена од безбедносните служби на двете земји; без никаков проблем добив одобрение. Ако некогаш сум им наштетила на интересите на Словенија, немаше да можам да работам во словенечката влада, ниту да бидам амбасадор“, рече таа.

На сугестијата на Томц дека на Кос и недостига искуство за извршување на функцијата, Кос рече дека тоа е лага и клевета.

„Две години бев директор на Канцеларијата на Владата на Република Словенија за комуникации и портпарол на Владата, три години потпретседател на Стопанската комора на Словенија. Во тоа време бев и надзорник на Томц, која се чини дека го заборави ова, добро се сеќавам на неа, бидејќи добро ја извршуваше работата како шеф Службите за јавни набавки“, рече Кос.

„За време на мојот седумгодишен амбасадорски мандат, четири години во Германија и три години во Швајцарија, имав чест да бидам прогласена за амбасадор на годината за 2016 година (од страна на Diplomatisches Magazin). Ги добив Големиот крст за заслуги на Орден за заслуги на Сојузна Република Германија“, рече Кос и додаде:

„Осум години бев директорка на ГКТИ Словенија, компанија за франшиза на Густав Касер Тренинг Интернационал во Швајцарија. Забелешката на Томц дека сум номинирана само затоа што сум жена го игнорира моето големо знаење, искуство и компетентност од 35-годишна кариера. Да, јас сум жена, но она што е најважно е секогаш стручноста, компетентноста и способноста да дадеме значаен придонес“, вели таа и продолжува:

„Родот не е, и никогаш не треба да биде, примарна квалификација за такви улоги. Нејзината изјава, исто така, е во спротивност со една од најважните цели на ЕУ, а тоа е промовирање на родовата еднаквост“, пренерува „Еуроњуз“.

Фактот дека Лајен денес сепак ја именуваше Кос за оваа позиција покажува или дека и се брза или дека добила некоја гаранција дека во овие меѓупартиски политички пресметки во Словенија сепак ќе надвладее изборот на Кос за функцијата.

The post Марта Кос од Словенија предложена за еврокомесар за проширување appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денес ги објави имињата на кандидатите за еврокомесари, а портфолиото „проширување“ го доби Марта Кос од Словенија. Иако имаше најави дека позицијата за проширувањето ќе има висок профил во овој мандат и дека еврокомесарот за проширување ќе биде и потпретседател на Европската комисија, од овој список испаѓа дека сите тие планови паднале во вода и место силен – во Брисел ќе имаме слаб поттурнувач на проширувањето. Уште повеќе што за кандидатурата на Марта Кос се уште се кршат копјата во Словенија и таа практично нема силна поддршка во сопствената држава, а доаѓа од земја која нема голема тежина во ЕУ. Единствен плус за нас е што таа е од земја од поранешна Југославија, блиска до регионот и со повеќе разбирање за потребите тука отколку некој што би бил фокусиран на Украина и Молдавија. На листата на новата извршна власт на ЕУ се: Урсула фон дер Лајен (Германија): претседател на Европската комисија Тереза ​​Рибера (Шпанија): извршен потпретседател за чиста, праведна и конкурентна транзиција Хена Виркунен (Финска): извршен потпретседател за технички суверенитет, безбедност и демократија Стефан Сежурне (Франција): извршен потпретседател за просперитет и индустриска стратегија Роксана Минзату (Романија): извршен потпретседател за луѓе, вештини и подготвеност Рафаеле Фито (Италија): извршен потпретседател за кохезија и реформи Каја Калас (Естонија): всок претставник за надворешна и безбедносна политика Магнус Брунер (Австрија): внатрешни работи и миграција Хаџа Лахбиб (Белгија): подготвеност, управување со кризи, еднаквост Екатерина Захариева (Бугарија): стартапи, истражување и иновации Дубравка Шуица (Хрватска): Медитерана Костас Кадис (Кипар): Рибарство и океани Јозеф Сикела (Чешка): Меѓународни партнерства Дан Јоргенсен (Данска): Енергија и домување Апостолос Цицикостас (Грција): Одржлив транспорт и туризам Оливер Вархеји (Унгарија): здравје и благосостојба на животните Мајкл Мекграт (Ирска): демократија, правда и владеење на правото Валдис Домбровскис (Латвија): економија и продуктивност, имплементација и поедноставување Андриус ​​Кубилиус (Литванија): одбрана и простор Кристоф Хансен (Луксембург): земјоделство и храна Глен Микалеф (Малта): меѓугенерациска правичност, млади, култура и спорт Wopke Hoekstra (Холандија): клима, нето-нула и чист раст Пјотр Серафин (Полска): буџет, противизмама, јавна администрација Марија Луис Албакерки (Португалија): финансиски услуги Роксана Минзату (Романија): луѓе, вештини и подготвеност Марош Шефчовиќ (Словачка): трговско-економска безбедност, меѓуинституционални односи и транспарентност Марта Кос (Словенија): проширување Џесика Розвал (Шведска): животна средина, отпорност на вода и конкурентна кружна економија Пред некој ден шефот на словенечката делегација во рамките на Европската народна партија (ЕПП) за „Еуроњуз“ изјави дека изборот на Марта Кос е целосно неприфатлив за ЕПП на која и припаѓа, наведувајќи ги како минуси нејзиното немање искуство и наводни врски со поранешната југословенска тајна полиција. Романа Томц, за „Еуроњуз“ изјави дека изборот на новиот кандидат на земјата за еврокомесар, Марта Кос, е „целосно неприфатлив“ и „проблематичен“ за ЕПП, најголемата група во парламентот. „Можете ли да замислите дека некој во Германија, на пример, би поставил кандидат со терет дека бил соработник на Штази во минатото“, праша Томц, мислејќи на озлогласената поранешна источногерманска тајна служба? Таа рече дека некои од нејзините колеги во Европскиот парламент се „навистина нервозни“ кога ќе слушнат дека има соработник на УДБА „меѓу нас, па дури и како кандидат за Комисијата“. „Тоа не ни е дозволено“, додаде таа, оценувајќи дека справувањето со назначувањето на државниот комесар е „понижување“ што ја става Словенија во ризик да се смета за „проблем“ во ЕУ. Промената на кандидатот за комесар во Љубљана во последен момент, што го одложи претставувањето на кабинетот на претседателката Урсула фон дер Лајен, предизвика спор меѓу премиерот Роберт Голоб и опозициската партија на која и припаѓа Томц и која тој ја обвинува за саботажа. Томаж Весел, поранешниот прв човек на националниот ревизорски суд, првично беше предложен пред летото, што владата повторно го потврди минатата недела, т.е. на 3 септември, пред Љубљана да попушти и да се согласи да испрати жена. „Зошто се предомисли останува мистерија“, рече Томц, обвинувајќи го Голоб дека едноставно попушта на барањата на Фон дер Лајен. Таа продолжи да сугерира дека Весел има поголеми шанси да ја помине контролата на Европскиот парламент, тврдејќи дека политичкиот пејзаж е променет. Овој пресврт создава политичка бура во Словенија, која се заканува дополнително да го искомплицира изгласувањето на новата ЕК. Според законот, Кос сега мора да присуствува на сослушувањето на Комитетот за прашања на ЕУ на словенечкото Национално собрание. Иако ставовите на пратениците се необврзувачки, претседателот на комисијата, Франц Брезник, се закани дека ќе го одложи рочиштето за најмногу две недели додека не добие повеќе детали за притисокот што владата го извршила врз Весел да се повлече, јавуваат словенечките медиуми.Томц рече дека Франк Брезник едноставно бара појаснување и документација. „Проблемот може лесно да се реши. Добро е познато што треба да направи владата: да ја претстави потребната документација. Нема причина Комисијата да не ја исполни својата улога доколку ги добие соодветните информации“, рече таа. „Власта за тоа сака да ја обвини опозицијата, но тоа апсолутно не е точно“, изјави пратеничката од партијата на поранешниот премиер Јанез Јанша, додавајќи дека опозицијата само следи демократски процедури. Томц јасно го идентификуваше премиерот Голоб како тој што го предизвика одложувањето. „Одложувањето беше предизвикано од премиерот Роберт Голоб“, рече таа, кого го означи како „најслабиот премиер во Европската унија“ и кој е под палката на шефицата на Комисијата Урсула фон дер Лајен. Таа ја повика Фон дер Лајен да ги почитува демократските процеси во Словенија, тврдејќи дека сегашниот ќорсокак може да се реши доколку владата постапи потранспарентно. „Тие исто така ја доведоа фон дер Лајен во лоша позиција бидејќи таа не знае што да прави сега“, рече Томц. „Овие обвинувања првпат се појавија кога ја објавив мојата кандидатура за претседател на Република Словенија во 2022 година со намера да ме дискредитираат“, одговори Кос на обвинувањата во писмена изјава за „Еуроњуз“. „Пред да станам амбасадор во Германија и во Швајцарија, бев проверена од безбедносните служби на двете земји; без никаков проблем добив одобрение. Ако некогаш сум им наштетила на интересите на Словенија, немаше да можам да работам во словенечката влада, ниту да бидам амбасадор“, рече таа. На сугестијата на Томц дека на Кос и недостига искуство за извршување на функцијата, Кос рече дека тоа е лага и клевета. „Две години бев директор на Канцеларијата на Владата на Република Словенија за комуникации и портпарол на Владата, три години потпретседател на Стопанската комора на Словенија. Во тоа време бев и надзорник на Томц, која се чини дека го заборави ова, добро се сеќавам на неа, бидејќи добро ја извршуваше работата како шеф Службите за јавни набавки“, рече Кос. „За време на мојот седумгодишен амбасадорски мандат, четири години во Германија и три години во Швајцарија, имав чест да бидам прогласена за амбасадор на годината за 2016 година (од страна на Diplomatisches Magazin). Ги добив Големиот крст за заслуги на Орден за заслуги на Сојузна Република Германија“, рече Кос и додаде: „Осум години бев директорка на ГКТИ Словенија, компанија за франшиза на Густав Касер Тренинг Интернационал во Швајцарија. Забелешката на Томц дека сум номинирана само затоа што сум жена го игнорира моето големо знаење, искуство и компетентност од 35-годишна кариера. Да, јас сум жена, но она што е најважно е секогаш стручноста, компетентноста и способноста да дадеме значаен придонес“, вели таа и продолжува: „Родот не е, и никогаш не треба да биде, примарна квалификација за такви улоги. Нејзината изјава, исто така, е во спротивност со една од најважните цели на ЕУ, а тоа е промовирање на родовата еднаквост“, пренерува „Еуроњуз“. Фактот дека Лајен денес сепак ја именуваше Кос за оваа позиција покажува или дека и се брза или дека добила некоја гаранција дека во овие меѓупартиски политички пресметки во Словенија сепак ќе надвладее изборот на Кос за функцијата.

The post Марта Кос од Словенија предложена за еврокомесар за проширување appeared first on Република.

]]>
Фон дер Лајен: И новата Европска комисија ќе има еврокомесар за проширување – тоа е инвестиција во европската безбедност https://republika.mk/vesti/svet/fon-der-lajen-i-novata-evropska-komisija-ke-ima-evrokomesar-za-proshiruvane-toa-e-investitsija-vo-evropskata-bezbednost/ Mon, 02 Sep 2024 19:13:07 +0000 https://republika.mk/?p=812406

И во новиот состав на Европската комисија ќе има и комесар за проширување, соопшти денеска во Блед претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.

Таа на Бледскиот стратешки форум изјави дека прашањето за проширувањето е вратено на „врвот на политичката агенда“ на последното свикување на Комисијата. Во новото свикување овој процес мора дополнително да се забрза и да добие „целосно внимание“.

-Затоа, во новиот состав на Европската комисија, кој треба да биде познат наскоро, ќе добие и комесар за проширување, најави фон дер Лајен.

Претседателката на ЕК рече дека проширувањето е „инвестиција“ во европската безбедност и економска конкурентност и најави дека шесте земји кандидати наскоро ќе го претстават својот реформски план, кој ќе биде награден со европски инвестиции во вкупна вредност од шест милијарди евра

The post Фон дер Лајен: И новата Европска комисија ќе има еврокомесар за проширување – тоа е инвестиција во европската безбедност appeared first on Република.

]]>

И во новиот состав на Европската комисија ќе има и комесар за проширување, соопшти денеска во Блед претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен. Таа на Бледскиот стратешки форум изјави дека прашањето за проширувањето е вратено на „врвот на политичката агенда“ на последното свикување на Комисијата. Во новото свикување овој процес мора дополнително да се забрза и да добие „целосно внимание“. -Затоа, во новиот состав на Европската комисија, кој треба да биде познат наскоро, ќе добие и комесар за проширување, најави фон дер Лајен. Претседателката на ЕК рече дека проширувањето е „инвестиција“ во европската безбедност и економска конкурентност и најави дека шесте земји кандидати наскоро ќе го претстават својот реформски план, кој ќе биде награден со европски инвестиции во вкупна вредност од шест милијарди евра

The post Фон дер Лајен: И новата Европска комисија ќе има еврокомесар за проширување – тоа е инвестиција во европската безбедност appeared first on Република.

]]>
Сијарто: Повеќето земји-членки на ЕУ не сакаат проширување, ама не кажуваат отворено https://republika.mk/vesti/svet/sijarto-poveketo-zemji-chlenki-na-eu-ne-sakaat-proshiruvane-ama-ne-kazhuvaat-otvoreno/ Sat, 30 Mar 2024 17:47:46 +0000 https://republika.mk/?p=760438

Само малцинство од земјите-членки се навистина за проширување на Европската унија, тоа е вистината и отрезнувачката реалност наспроти перцепцијата на оние кои сакаат да се зачленат, вели унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во интервју за емисијата Агенда 35. Унгарија на 1 јули ќе го преземе претседателството со ЕУ, а Сијарто вели дека земјата е меѓу оние кои се најголеми поддржувачи на проширувањето, пренесува СДК.мк.

„Скептичните земји или оние кои се против проширување никогаш не зборуваат отворено и директно. Тие никогаш нема да речат – ние сме против проширување, ние не се согласуваме Македонија да се приклучи на ЕУ. Тие секогаш ќе стават напред некои вештачки нешта, кои всушност и не разбирате што значат. Што значи ‘внатрешни реформи пред проширување’? Што значи ‘продлабочување пред проширување’? Ова се комуникациски балони, комуникациски панели што не значат ништо. Тие имаат само функција да ja сокријат позицијата против проширувањето. Затоа велам дека искреноста мора да се врати во дебатата за проширувањето. Искреноста и взаемната почит. Мислиме дека најголемиот проблем во моментов во европската политичка арена е големиот недостиг на взаемна почит. Да се почитува Македонија, за мене, на пример, значи членките на ЕУ да зборуваат директно и отворено за нивните позиции, во однос на проширувањето и приемот на Македонија. Но, тие никогаш нема да го кажат тоа. Тоа што исто така ме фрустрира е што гледам претставници на земји-членки како зборуваат јавно и потоа ги слушам што зборуваат зад затворени врати“, вели Сијарто и додава:

„Како да не се исти земји. Ставаат вештачки сопки на патот, ставаат предуслови што апсолутно не се реалистични. На пример, стопроцентна усогласеност со надворешната и безбедносна политика на ЕУ мислам дека не е ниту фер, ниту рационална, оти додека земјата не е целосно интегрирана во политичката интеграција, вакви предуслови не може да се очекува да бидат исполнети“.

Тој вели дека унгарското претседателство со ЕУ мора да постави реалистични цели за следните шест месеци, има шанса да стави некои прашања на агендата и да ги забрза малку, некои досиеја и да ги турне напред.

„Мислам дека е срамота што вистинските разговори за пристапување сè уште не се почнати со Македонија, исто и со Албанија. Знаеме дека Црна Гора не може да затвори ниедно поглавје до сега“, рече Сијарто.

Со оглед на спротивстаувањето на Унгарија на клучен дел од политиките на ЕУ, на прашањето зошто земјата уште е дел од организации чии вредности не ги дели, Сијарто вели: „Па, ние ги делиме суштинските вредности на ЕУ, сакаме ЕУ да биде силна. Прашањето е како ЕУ да биде пак силна, оти во моментов е слаба и станува послаба и послаба… Тоа е нашата позиција. Силни членки, силна интеграција, а не супер држава“.

Унгарија го помогна бегството на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој на 20 ноември 2018, 7 дена откако се јави од Будимпешта, доби политички азил. Претходно, македонската полиција го бараше дома, кај мајка му и во гаражата кај партиското седиште во центарот на Скопје. Тој на 9 ноември 2018 требаше да се пријави во затворот во Шутка на издржување на двегодишна затворска казна за „Тенк” на СЈО за набавката на мерцедесот од 600.000 евра.

Сега има ново барање од македонските власти за негова екстрадиција, а Сијарто вели дека нема поим што ќе се случи оти судот ја носи одлуката.

„Порано често разговарав со него, обично го прашував за негово мислење за развојот на Западен Балкан, како тој ги гледа нештата, тој е единствениот поранешен премиер што го имаме тука, па убеден сум дека нема кој би знаел подобро што се случува. Не, не, нема привилегии. Тој си доби азил, а процедурата е правна, не е политичка, па кога ме прашувате што ќе се случи со барањето за екстрадиција немам поим, оти не е на Владата, а особено не на МНР да го цени тоа. Секогаш е судот тој кој ја носи одлуката, а во нашата земја ние не се мешаме во судството. Не знаеме што ќе се случи“, рече Сијарто.

На прашањето дали статусот на Груевски ќе биде загрозен во Унгарија со оглед на несогласувањата со актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Сијарто рече „Не, оти нема тоа врска со правниот статус, дали и какви односи има тој со луѓе во Македонија“.

The post Сијарто: Повеќето земји-членки на ЕУ не сакаат проширување, ама не кажуваат отворено appeared first on Република.

]]>

Само малцинство од земјите-членки се навистина за проширување на Европската унија, тоа е вистината и отрезнувачката реалност наспроти перцепцијата на оние кои сакаат да се зачленат, вели унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во интервју за емисијата Агенда 35. Унгарија на 1 јули ќе го преземе претседателството со ЕУ, а Сијарто вели дека земјата е меѓу оние кои се најголеми поддржувачи на проширувањето, пренесува СДК.мк.
„Скептичните земји или оние кои се против проширување никогаш не зборуваат отворено и директно. Тие никогаш нема да речат – ние сме против проширување, ние не се согласуваме Македонија да се приклучи на ЕУ. Тие секогаш ќе стават напред некои вештачки нешта, кои всушност и не разбирате што значат. Што значи ‘внатрешни реформи пред проширување’? Што значи ‘продлабочување пред проширување’? Ова се комуникациски балони, комуникациски панели што не значат ништо. Тие имаат само функција да ja сокријат позицијата против проширувањето. Затоа велам дека искреноста мора да се врати во дебатата за проширувањето. Искреноста и взаемната почит. Мислиме дека најголемиот проблем во моментов во европската политичка арена е големиот недостиг на взаемна почит. Да се почитува Македонија, за мене, на пример, значи членките на ЕУ да зборуваат директно и отворено за нивните позиции, во однос на проширувањето и приемот на Македонија. Но, тие никогаш нема да го кажат тоа. Тоа што исто така ме фрустрира е што гледам претставници на земји-членки како зборуваат јавно и потоа ги слушам што зборуваат зад затворени врати“, вели Сијарто и додава:
„Како да не се исти земји. Ставаат вештачки сопки на патот, ставаат предуслови што апсолутно не се реалистични. На пример, стопроцентна усогласеност со надворешната и безбедносна политика на ЕУ мислам дека не е ниту фер, ниту рационална, оти додека земјата не е целосно интегрирана во политичката интеграција, вакви предуслови не може да се очекува да бидат исполнети“. Тој вели дека унгарското претседателство со ЕУ мора да постави реалистични цели за следните шест месеци, има шанса да стави некои прашања на агендата и да ги забрза малку, некои досиеја и да ги турне напред.
„Мислам дека е срамота што вистинските разговори за пристапување сè уште не се почнати со Македонија, исто и со Албанија. Знаеме дека Црна Гора не може да затвори ниедно поглавје до сега“, рече Сијарто.
Со оглед на спротивстаувањето на Унгарија на клучен дел од политиките на ЕУ, на прашањето зошто земјата уште е дел од организации чии вредности не ги дели, Сијарто вели: „Па, ние ги делиме суштинските вредности на ЕУ, сакаме ЕУ да биде силна. Прашањето е како ЕУ да биде пак силна, оти во моментов е слаба и станува послаба и послаба… Тоа е нашата позиција. Силни членки, силна интеграција, а не супер држава“. Унгарија го помогна бегството на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој на 20 ноември 2018, 7 дена откако се јави од Будимпешта, доби политички азил. Претходно, македонската полиција го бараше дома, кај мајка му и во гаражата кај партиското седиште во центарот на Скопје. Тој на 9 ноември 2018 требаше да се пријави во затворот во Шутка на издржување на двегодишна затворска казна за „Тенк” на СЈО за набавката на мерцедесот од 600.000 евра. Сега има ново барање од македонските власти за негова екстрадиција, а Сијарто вели дека нема поим што ќе се случи оти судот ја носи одлуката.
„Порано често разговарав со него, обично го прашував за негово мислење за развојот на Западен Балкан, како тој ги гледа нештата, тој е единствениот поранешен премиер што го имаме тука, па убеден сум дека нема кој би знаел подобро што се случува. Не, не, нема привилегии. Тој си доби азил, а процедурата е правна, не е политичка, па кога ме прашувате што ќе се случи со барањето за екстрадиција немам поим, оти не е на Владата, а особено не на МНР да го цени тоа. Секогаш е судот тој кој ја носи одлуката, а во нашата земја ние не се мешаме во судството. Не знаеме што ќе се случи“, рече Сијарто.
На прашањето дали статусот на Груевски ќе биде загрозен во Унгарија со оглед на несогласувањата со актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Сијарто рече „Не, оти нема тоа врска со правниот статус, дали и какви односи има тој со луѓе во Македонија“.

The post Сијарто: Повеќето земји-членки на ЕУ не сакаат проширување, ама не кажуваат отворено appeared first on Република.

]]>
Сијарто: Има многу лицемерни земји-членки, тоа се гледа во односот кон Македонија https://republika.mk/vesti/svet/sijarto-ima-mnogu-litsemerni-zemji-chlenki-toa-se-gleda-vo-odnosot-kon-makedonija/ Sat, 30 Mar 2024 10:33:12 +0000 https://republika.mk/?p=760340

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, чија земја е следниот претседавач со Европската унија, најавува дека за време на претседавањето едно од прашањата на кое ќе се посветат ќе биде процесот на проширување.

Претседателството мора да постави реалистични цели за следните шест месеци. Претседателството има шанса да стави некои прашања на агендата и да ги забрза малку, некои досиеја и да ги турне напред. Тоа може да направи претседателството. Ние, многу од нашиот труд ќе го концентрираме на процесот на проширување и тие досиеја ќе ги туркаме едно по едно. Мислам дека е срамота што вистинските разговори за пристапување се уште не се почнати со Македонија, исто и со Албанија. Знаеме дека Црна Гора не може да затвори ниедно поглавје до сега, вели Сијарто за емисијата „Агенда 35“ на МРТ.

Додава дека Унгарија е една од државите кои се поддржувачи на проширувањето на Унијата и дека за тоа има неколку причини.

ЕУ е во лоша состојба и мора да се покрене прашањето како оваа состојба да се подобри, вели Сијарто. Веруваме дека на ЕУ и треба нов динамизам, нова енергија и свежина, а земјите од Западен Балкан можат да го донесат тој импакт.

Во однос на државите членки кои велат дека прво треба да се стави фокус на внатрешните реформи, а потоа да се биде подготвен за проширување, Сијарто со став дека тоа е многу лицемерно и дека скептичните земји или оние кои се против проширување никогаш не зборуваат отворено и директно.

Тие никогаш нема да речат - ние сме против проширување, ние не се согласуваме Македонија да се приклучи на ЕУ. Тие секогаш ќе стават напред некои вештачки нешта, кои всушност и не разбирате што значат. Што значи „внатрешни реформи пред проширување“? Што значи „продлабочување пред проширување“? Ова се комуникациски балони, комуникациски панели што не значат ништо. Тие имаат само функција да ja сокријат позицијата против проширувањето. Затоа велам дека искреноста мора да се врати во дебатата за проширувањето. Искреноста и взаемната почит. Мислиме дека најголемиот проблем во моментов во европската политичка арена е големиот недостиг на взаемна почит. Да се почитува Македонија, за мене, на пример, значи членките на ЕУ да зборуваат директно и отворено за нивните позиции, во однос на проширувањето и приемот на Македонија. Но, тие никогаш нема да го кажат тоа. Тоа што исто така ме фрустрира е што гледам претставници на земји членки како зборуваат јавно и потоа ги слушам што зборуваат зад затворени врати, посочува Сијарто.

Вели дека нема дилема дека процесот на проширување е стопиран и дека како земја претседавач ќе дадат се од себе за да се отворат меѓувладините конференции, новите кластери и поглавја.

Тоа е амбицијата што ја имаме пред нас, вели Сијарто.

Во однос на барањето за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски, Сијарто вели дека тоа е одлука на судот и дека Груевски нема никакви привилегии.

Не, не, нема привилегии. Тој си доби азил, а процедурата е правна, не е политичка, па кога ме прашувате што ќе се случи со барањето за екстрадиција немам поим, оти не е на Владата, а особено не на МНР да го цени тоа. Секогаш е судот тој кој ја носи одлуката, а во нашата земја ние не се мешаме во судството. Не знаеме што ќе се случи, истакнува Сијарто.

The post Сијарто: Има многу лицемерни земји-членки, тоа се гледа во односот кон Македонија appeared first on Република.

Преговорите на едни земји веќе нема да се врзуваат со други земји: Сијарто вели дека за време на унгарското претседателство ќе има најголемо проширување на ЕУ https://republika.mk/vesti/svet/pregovorite-na-edni-zemji-veke-nema-da-se-vrzuvaat-so-drugi-zemji-sijarto-veli-deka-za-vreme-na-ungarskoto-pretsedatelstvo-ke-ima-najgolemo-proshiruvane-na-eu/ Tue, 20 Feb 2024 17:30:10 +0000 https://republika.mk/?p=746245

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, порача дерка за време на унгарското претседателство ќе дојде до „најголемото проширување на Европската Унија досега“.

Сијарто додаде дека за време на пристапните преговори фокусот ќе биде ставен на „актуелната состојба“ на кандидатите, а не на „попуштање пред политичките притисоци“.

Нема да дозволиме пристапните преговори на некои земји вештачки да се врзуваат со други земји. Нема да дозволиме пристапниот процес на која било земја што е поблиску до влез да зависи од земја која заостанува (во реформите)“, рече Сијарто во Брисел.

Тој додаде дека за време на претседавањето со ЕУ, Унгарија ќе и помогне на Србија да отвори нови поглавја за пристап и да затвори повеќе поглавја, а ќе им помогне и на Босна и Херцеговина, Грузија и Молдавија да почнат важни преговори.

ЕУ треба да има нови членки кои можат да донесат свежина, нов моментум, како што се земјите од Западен Балкан, Грузија или Молдавија“, рече Сијарто.

Унгарија ќе претседава со ЕУ во втората половина на оваа година.

The post Преговорите на едни земји веќе нема да се врзуваат со други земји: Сијарто вели дека за време на унгарското претседателство ќе има најголемо проширување на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, порача дерка за време на унгарското претседателство ќе дојде до „најголемото проширување на Европската Унија досега“. Сијарто додаде дека за време на пристапните преговори фокусот ќе биде ставен на „актуелната состојба“ на кандидатите, а не на „попуштање пред политичките притисоци“.
Нема да дозволиме пристапните преговори на некои земји вештачки да се врзуваат со други земји. Нема да дозволиме пристапниот процес на која било земја што е поблиску до влез да зависи од земја која заостанува (во реформите)“, рече Сијарто во Брисел.
Тој додаде дека за време на претседавањето со ЕУ, Унгарија ќе и помогне на Србија да отвори нови поглавја за пристап и да затвори повеќе поглавја, а ќе им помогне и на Босна и Херцеговина, Грузија и Молдавија да почнат важни преговори.
ЕУ треба да има нови членки кои можат да донесат свежина, нов моментум, како што се земјите од Западен Балкан, Грузија или Молдавија“, рече Сијарто.
Унгарија ќе претседава со ЕУ во втората половина на оваа година.

The post Преговорите на едни земји веќе нема да се врзуваат со други земји: Сијарто вели дека за време на унгарското претседателство ќе има најголемо проширување на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Лајчак: По подолго време ЕУ првпат е подготвена за проширување https://republika.mk/vesti/svet/lajchak-po-podolgo-vreme-eu-prvpat-e-podgotvena-za-proshiruvane/ Fri, 08 Dec 2023 11:43:46 +0000 https://republika.mk/?p=720992

Специјалниот претставник на Европската Унија за Западeн Балкан и дијалогот Белград – Приштина Мирослав Лајчак изјави дека првпат по долго време ЕУ е подготвена за проширување, јави дописникот на МИА од Белград.

На денешниот самит за Балканот истакнав дека првпат по некое време ЕУ е подготвена за проширување. Крајно време е да ја искористиме таа можност, напиша синоќа Лајчак на платформата Х (Твитер).

Лајчак вчера учествуваше на самитот ЕУ-Западен Балкан организиран од бриселскиот политички институт „Пријатели на Европа“.

The post Лајчак: По подолго време ЕУ првпат е подготвена за проширување appeared first on Република.

]]>

Специјалниот претставник на Европската Унија за Западeн Балкан и дијалогот Белград – Приштина Мирослав Лајчак изјави дека првпат по долго време ЕУ е подготвена за проширување, јави дописникот на МИА од Белград. На денешниот самит за Балканот истакнав дека првпат по некое време ЕУ е подготвена за проширување. Крајно време е да ја искористиме таа можност, напиша синоќа Лајчак на платформата Х (Твитер). Лајчак вчера учествуваше на самитот ЕУ-Западен Балкан организиран од бриселскиот политички институт „Пријатели на Европа“.

The post Лајчак: По подолго време ЕУ првпат е подготвена за проширување appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Уставните измени се приоритет, гледате дека ЕУ се подготвува за проширување https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ustavnite-izmeni-se-prioritet-gledate-deka-eu-se-podgotvuva-za-proshiruvane/ Sat, 07 Oct 2023 14:21:26 +0000 https://republika.mk/?p=688938

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека претседателските и парламентарните избори ќе се одржат во нивниот законски термин, но дека сѐ уште е на маса поднудата ако се изгласаат уставните измени со оглед дека врвно прашање за земјата е продолжување на евроинтеграцискиот пат.

Сите се уверивте после изјавите и на Мишел по вчерашниот состанок во Гранада, и по изјавата на комесарот Вархеј, по состанокот во Тирана, и по изјавата на претседателот на Франција, Макрон, дека динамиката за проширување во ЕУ постои и дека тие веќе се подготвуваат за проширување“, рече Ковачевски на новинарско прашање по по посетата на „Вкуси ја традицијата – Втор национален саем за храна и пијалаци“, пренесе МКД.мк.

„Ние имаме Закон за избор на претседател, Закон за избор на пратеници, на парламент, Закон за избор на градоначалници. За сето тоа постои закон во државата. Се знаат роковите. На 12 мај треба да имаме нов претседател, на 15 јули треба да имаме нов парламент бидејќи тогаш е мандатот на пратениците, треба да имаме парламентарни избори. Она што стои сѐ уште на маса, тоа е, ако ги изгласаме уставните измени како врвно прашање за продолжување на евроинтеграцискиот пат на државата“, рече Ковачевски посочувајќи на изјави од ЕУ кои одат во насока на подготовка за проширување..

Тој отфрли можност за нова лидерска средба за прашањето на изборите.

Ние не можеме да супституираме институции, значи да укинуваме парламент, да укинуваме политички партии и да правиме лидерски средби на коишто ќе се разговара за решенија коишто не се усогласени со ниту еден закон. Но со оглед на тоа дека имавме лидерска средба на која што јас како претседател на СДСМ овластен и од мојата политичка партија, овластен и од коалицијата, понудив на претседателот на опозицијата на ВМРО ДПМНЕ, решение. Во понеделник да ги изгласаме уставните измени, истиот ден ќе го распуштиме Собранието и ќе одиме на избори. Или доколку сакаат тогаш може да бидат да ги отвориме уставните измени, да влезат во Владата на паритетна основа односно 50 проценти од министерствата, плус да ги затвориме процесите на скринингот и на уставните измени, да ги отвориме поглавјата, да затвориме заедно едно или две поглавја, во што сум убеден дека можеме да го направиме до февруари, и потоа да одиме на претседателски и на парламентарни избори. Тоа се опции коишто стојат на маса. Инаку, да ние ги суптитуираме институциите со средби на коишто ќе седат двајца или тројца луѓе и ќе договараат нешто што не е согласно со парламентарните и законски процедури, сметам дека тоа не личи на држава која што е земја членка на НАТО и која што преговара со ЕУ“, рече Ковачевски.

The post Ковачевски: Уставните измени се приоритет, гледате дека ЕУ се подготвува за проширување appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека претседателските и парламентарните избори ќе се одржат во нивниот законски термин, но дека сѐ уште е на маса поднудата ако се изгласаат уставните измени со оглед дека врвно прашање за земјата е продолжување на евроинтеграцискиот пат.
Сите се уверивте после изјавите и на Мишел по вчерашниот состанок во Гранада, и по изјавата на комесарот Вархеј, по состанокот во Тирана, и по изјавата на претседателот на Франција, Макрон, дека динамиката за проширување во ЕУ постои и дека тие веќе се подготвуваат за проширување“, рече Ковачевски на новинарско прашање по по посетата на „Вкуси ја традицијата – Втор национален саем за храна и пијалаци“, пренесе МКД.мк.
„Ние имаме Закон за избор на претседател, Закон за избор на пратеници, на парламент, Закон за избор на градоначалници. За сето тоа постои закон во државата. Се знаат роковите. На 12 мај треба да имаме нов претседател, на 15 јули треба да имаме нов парламент бидејќи тогаш е мандатот на пратениците, треба да имаме парламентарни избори. Она што стои сѐ уште на маса, тоа е, ако ги изгласаме уставните измени како врвно прашање за продолжување на евроинтеграцискиот пат на државата“, рече Ковачевски посочувајќи на изјави од ЕУ кои одат во насока на подготовка за проширување.. Тој отфрли можност за нова лидерска средба за прашањето на изборите.
Ние не можеме да супституираме институции, значи да укинуваме парламент, да укинуваме политички партии и да правиме лидерски средби на коишто ќе се разговара за решенија коишто не се усогласени со ниту еден закон. Но со оглед на тоа дека имавме лидерска средба на која што јас како претседател на СДСМ овластен и од мојата политичка партија, овластен и од коалицијата, понудив на претседателот на опозицијата на ВМРО ДПМНЕ, решение. Во понеделник да ги изгласаме уставните измени, истиот ден ќе го распуштиме Собранието и ќе одиме на избори. Или доколку сакаат тогаш може да бидат да ги отвориме уставните измени, да влезат во Владата на паритетна основа односно 50 проценти од министерствата, плус да ги затвориме процесите на скринингот и на уставните измени, да ги отвориме поглавјата, да затвориме заедно едно или две поглавја, во што сум убеден дека можеме да го направиме до февруари, и потоа да одиме на претседателски и на парламентарни избори. Тоа се опции коишто стојат на маса. Инаку, да ние ги суптитуираме институциите со средби на коишто ќе седат двајца или тројца луѓе и ќе договараат нешто што не е согласно со парламентарните и законски процедури, сметам дека тоа не личи на држава која што е земја членка на НАТО и која што преговара со ЕУ“, рече Ковачевски.
 
The post Ковачевски: Уставните измени се приоритет, гледате дека ЕУ се подготвува за проширување appeared first on Република.

]]>
Руте: Oд аспект на проширувањето важно е прашањето дали ЕУ е целосно подготвена да прифати нови членки https://republika.mk/vesti/makedonija/rute-od-aspekt-na-proshiruvaneto-vazhno-e-prashaneto-dali-eu-e-tselosno-podgotvena-da-prifati-novi-chlenki/ Sat, 07 Oct 2023 07:22:32 +0000 https://republika.mk/?p=688806

Холандскиот премиер, Марк Руте, порача дека проширување на ЕУ до 2030 година ќе биде можно само доколку земјите кандидати за членство бидат подготвени за членство до тој датум.

Не се согласувам многу со тој датум. Прашањето не е кога земјите ќе бидат подготвени. Прашањето е дали земјите ќе бидат подготвени, изјави Руте, коментирајќи ја целта за проширување на ЕУ во 2030 година, што ја постави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Според Руте, проширувањето е макотрпен процес, кој бара кандидатите за членство во ЕУ да се усогласат со законодавството на Унијата за да можат да пристапат во блокот.

Не треба да има апсолутно никакви исклучоци кога станува збор за исполнување на условите на ЕУ за зачленување, додаде Руте.

Холандскиот премиер смета дека од аспект на проширувањето важно е и прашањето дали ЕУ е целосно подготвена да прифати нови членки.

ЕУ веќе има 27 земји членки и ако се приклучат уште земји, тогаш донесувањето одлуки и секакви други работи ќе стане уште покомплицирано, оцени Руте.

Прашањето за реформи на ЕУ пред следното проширување веќе извесен период е меѓу главните теми во Унијата, особено во врска со процедурите за носење одлуки, буџетот на блокот, санкционирањето за прекршувањата на принципите на владеење на правото, како и идејата за „постепена интеграција“ на кандидатите за членство уште пред нивниот прием.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, изјавата на Руте доаѓа во време на кампања за предвремените парламентарни избори во Холандија, закажани за во ноември. Според последните анкети на јавното мислење, засега се води тесна битка за победа меѓу левоцентристикиот блок на Лабуристичката партија (ПВДА) и Зелената левица (ГЛ), предводен од поранешниот еврокомесар Франс Тимерманс, либералната Народна партија за слобода и демократија (ВВД) на Руте и новоформираната популистичка демохристијанска партија Нов социјален договор (НСЦ) на Питер Омцихт.

Иако и блокот ПБДА-ГЛ и ВВД во нивните изборни програми се на став дека треба да се почитуваат критериумите за членство при приемот на ЕУ, коалицијата на Тимерманс важи за понаклонета кон приемот на нови членки, залагајќи се за „охрабрување, наградување и активна поддршка на вистинските реформи“. Од друга страна, партијата на Руте строго се држи до ставот дека „земјите кандидатки за членството во ЕУ и ќе бидат оценувани според постигнатите резултати“. НСЦ се уште ја нема објавено својата изборна програма, но се очекува меѓу трите водечки политички сили нејзините ставови да бидат најрестриктивни по однос на проширувањето.

The post Руте: Oд аспект на проширувањето важно е прашањето дали ЕУ е целосно подготвена да прифати нови членки appeared first on Република.

]]>

Холандскиот премиер, Марк Руте, порача дека проширување на ЕУ до 2030 година ќе биде можно само доколку земјите кандидати за членство бидат подготвени за членство до тој датум.
Не се согласувам многу со тој датум. Прашањето не е кога земјите ќе бидат подготвени. Прашањето е дали земјите ќе бидат подготвени, изјави Руте, коментирајќи ја целта за проширување на ЕУ во 2030 година, што ја постави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
Според Руте, проширувањето е макотрпен процес, кој бара кандидатите за членство во ЕУ да се усогласат со законодавството на Унијата за да можат да пристапат во блокот.
Не треба да има апсолутно никакви исклучоци кога станува збор за исполнување на условите на ЕУ за зачленување, додаде Руте.
Холандскиот премиер смета дека од аспект на проширувањето важно е и прашањето дали ЕУ е целосно подготвена да прифати нови членки.
ЕУ веќе има 27 земји членки и ако се приклучат уште земји, тогаш донесувањето одлуки и секакви други работи ќе стане уште покомплицирано, оцени Руте.
Прашањето за реформи на ЕУ пред следното проширување веќе извесен период е меѓу главните теми во Унијата, особено во врска со процедурите за носење одлуки, буџетот на блокот, санкционирањето за прекршувањата на принципите на владеење на правото, како и идејата за „постепена интеграција“ на кандидатите за членство уште пред нивниот прием. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, изјавата на Руте доаѓа во време на кампања за предвремените парламентарни избори во Холандија, закажани за во ноември. Според последните анкети на јавното мислење, засега се води тесна битка за победа меѓу левоцентристикиот блок на Лабуристичката партија (ПВДА) и Зелената левица (ГЛ), предводен од поранешниот еврокомесар Франс Тимерманс, либералната Народна партија за слобода и демократија (ВВД) на Руте и новоформираната популистичка демохристијанска партија Нов социјален договор (НСЦ) на Питер Омцихт. Иако и блокот ПБДА-ГЛ и ВВД во нивните изборни програми се на став дека треба да се почитуваат критериумите за членство при приемот на ЕУ, коалицијата на Тимерманс важи за понаклонета кон приемот на нови членки, залагајќи се за „охрабрување, наградување и активна поддршка на вистинските реформи“. Од друга страна, партијата на Руте строго се држи до ставот дека „земјите кандидатки за членството во ЕУ и ќе бидат оценувани според постигнатите резултати“. НСЦ се уште ја нема објавено својата изборна програма, но се очекува меѓу трите водечки политички сили нејзините ставови да бидат најрестриктивни по однос на проширувањето.

The post Руте: Oд аспект на проширувањето важно е прашањето дали ЕУ е целосно подготвена да прифати нови членки appeared first on Република.

]]>
Мишел: Првпат по многу години имаме дебата на високо ниво за проширувањето https://republika.mk/vesti/svet/mishel-prvpat-po-mnogu-godini-imame-debata-na-visoko-nivo-za-proshiruvaneto/ Fri, 06 Oct 2023 08:09:57 +0000 https://republika.mk/?p=688437

За да има проширување на Унијата кандидатите за членство мора да ги спроведат реформите, а ЕУ од своја страна мора да се подготви за нивниот прием и ова е првпат по многу години да имаме дебата на високо ниво за вакво фундаментално и важно прашање, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел при пристигнувањето на денешниот неформален Самит на ЕУ што се одржува во шпанскиот град Гранада.

Ова ќе биде важен состанок на Европскиот совет, бидејќи ќе претставува стартна точка за стратешката агенда на ЕУ. За нас е важно да расчистиме неколку работи - што сакаме во иднината, кои се нашите приоритети и која е нашата идна политика, за да дојдеме до перспективата на проширувањето, додаде Мишел.

Според него, во рамки на ЕУ треба да се реши и прашањето за начинот на носење на заеднички одлуки, како и за тоа како ќе биде платена реализацијата на заедничките цели и политики.

Во одговор на новинарско прашања околу подготвеноста на ЕУ за проширувањето, Мишел истакна дека тоа што Унијата ја отвора дебатата за ова прашање значи дека е подготвена за тоа.

Демократската дебата е легитимна и лидерите на 27-те земји ја почна оваа дискусија и сега треба да идентификуваме и да решиме што сакаме на краток рок, што на среден рок, за да постигнеме напредок. Ова е стартна точка и целта е да се добие некаква ориентација по која треба да работи белгиското претседателство следната година, додаде Мишел.

Во однос на азербејџанско-ерменските односи, тој потсети дека ги поканил лидерите на двете земји на средба во Брисел, кон крајот на октомври и дека тие ја прифатиле поканата, оценувајќи дека ќе биде многу тешко да се постигне напредок во нормализацијата на односите меѓу двете земји, но дека ЕУ ќе ги искористи сите алатки да се дојде до таа цел.

The post Мишел: Првпат по многу години имаме дебата на високо ниво за проширувањето appeared first on Република.

]]>

За да има проширување на Унијата кандидатите за членство мора да ги спроведат реформите, а ЕУ од своја страна мора да се подготви за нивниот прием и ова е првпат по многу години да имаме дебата на високо ниво за вакво фундаментално и важно прашање, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел при пристигнувањето на денешниот неформален Самит на ЕУ што се одржува во шпанскиот град Гранада.
Ова ќе биде важен состанок на Европскиот совет, бидејќи ќе претставува стартна точка за стратешката агенда на ЕУ. За нас е важно да расчистиме неколку работи - што сакаме во иднината, кои се нашите приоритети и која е нашата идна политика, за да дојдеме до перспективата на проширувањето, додаде Мишел.
Според него, во рамки на ЕУ треба да се реши и прашањето за начинот на носење на заеднички одлуки, како и за тоа како ќе биде платена реализацијата на заедничките цели и политики. Во одговор на новинарско прашања околу подготвеноста на ЕУ за проширувањето, Мишел истакна дека тоа што Унијата ја отвора дебатата за ова прашање значи дека е подготвена за тоа.
Демократската дебата е легитимна и лидерите на 27-те земји ја почна оваа дискусија и сега треба да идентификуваме и да решиме што сакаме на краток рок, што на среден рок, за да постигнеме напредок. Ова е стартна точка и целта е да се добие некаква ориентација по која треба да работи белгиското претседателство следната година, додаде Мишел.
Во однос на азербејџанско-ерменските односи, тој потсети дека ги поканил лидерите на двете земји на средба во Брисел, кон крајот на октомври и дека тие ја прифатиле поканата, оценувајќи дека ќе биде многу тешко да се постигне напредок во нормализацијата на односите меѓу двете земји, но дека ЕУ ќе ги искористи сите алатки да се дојде до таа цел.

The post Мишел: Првпат по многу години имаме дебата на високо ниво за проширувањето appeared first on Република.

]]>
Ковачевски од Гранада: По многу години, сега на агендата како тема го имаме проширувањето на Европската Унија https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-od-granada-po-mnogu-godini-sega-na-agendata-kako-tema-go-imame-proshiruvaneto-na-evropskata-unija/ Thu, 05 Oct 2023 11:38:57 +0000 https://republika.mk/?p=688170

По многу години, сега на агендата како тема го имаме проширувањето на Европската Унија. Ова е исклучително важен состанок со сите земји во Европа и една од главните теми што нам ни е од најголема важност е проширувањето, а секако ќе дискутираме и теми поврзани со дигитализацијата и воведувањето на вештачката интелигенција со цел подобрување на условите за граѓаните, изјави премиерот Димитар Ковачевски, пред почетокот на третиот состанок на Европската политичка заедница, што се одржува денеска во Гранада, Шпанија.

Ковачевски, посочи дека Македонија се наоѓа во одлична позиција со оглед на тоа дека минатата година ги отпочна преговорите со ЕУ, додека во Унијата веќе е отпочнат процес на прилагодување на функционирањето на повеќе земји членки.

- Мислам дека ние се наоѓаме во одлична позиција со оглед на тоа дека минатата година ги отпочнавме преговорите со ЕУ. Од друга страна, ЕУ има стратешки интерес и веќе отворен процес за свое прилагодување коешто е паралелен во однос на тоа дека ќе треба да функционира во иднина со земји кои што имаат поголем број од сегашниот што значи дека ќе постои динамика и на страната на земјите кандидати за членство, пред се мислам на земјите од Западен Балкан, вклучително и на Македонија, меѓутоа и динамика внатре во ЕУ во однос на прилагодување на функционирањето на повеќе земји членки, изјави Ковачевски.

Според Ковачевски, значајно е што утре ќе биде одржан и неформален состанок на Европскиот совет на кој ќе се разговара токму за прашања значајни за нас, а тоа е пред се мирот и безбедноста во Европа, поддршката на Украина, но и проширувањето на ЕУ.

- Како што најави и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, веќе во рамки на ЕУ се води дебата во однос на подготовката на ЕУ за прием на нови членки од една страна и од друга страна процесите за пристапување кои што самите земји членки ги имаат со ЕУ, изјави Ковачевски.

Според Ковачевски, она што стои во документот изработен од Германија и Франција е позитивно за земјава и за државите од регионот.

- Јас не можам тоа да го коментирам во моментот бидејќи се работи за работен документ кој не е финален и затоа ќе оставам тие да го комуницираат, иако го имам видено и сметам дека тоа што стои во самиот работен документ е позитивно за нашата држава и земјите во регионот, рече Ковачевски.

Во рамки на состанокот, како што посочи, планирано е да има работни состаноци на кои ќе присуствуваат премиерите на Франција, Италија, Обединетото кралство и на други држави, како на претставникот на Европскиот Парламент и на Европската Комисија.

- Се надевам на успешни состаноци. Ќе имаме и билатерална средба со премиерот на Холандија, премиерот на Ирска и потпретседателот на ЕК, рече Ковачевски.

Гранада денеска е центарот на европската политика. Градот со нешто повеќе од 200.000 жители и големо историско и културно наследство испреплетено од трите големи монотеистички култури - христијанската, муслиманската и еврејската денеска е домаќин на третиот самит на Европската политичка заедница (ЕПЦ), на кој се поканети 27 земји-членки на ЕУ, 17 други соседни земји, како што се Обединетото Кралство, Турција, Украина, Швајцарија и балканските држави.

Европската политичка заедница има за цел да поттикне политички дијалог и соработка во решавањето на прашања од заеднички интерес, да ја зајакне безбедноста, стабилноста и просперитетот на европскиот континент. Замислена како платформа за политичка координација, формирана во мај 2022 година на иницијатива на францускиот претседтаел Емануел Макрон, таа не заменува ниту една постоечка организација, структура или процес и нема за цел да создаде нови во оваа фаза

The post Ковачевски од Гранада: По многу години, сега на агендата како тема го имаме проширувањето на Европската Унија appeared first on Република.

]]>

По многу години, сега на агендата како тема го имаме проширувањето на Европската Унија. Ова е исклучително важен состанок со сите земји во Европа и една од главните теми што нам ни е од најголема важност е проширувањето, а секако ќе дискутираме и теми поврзани со дигитализацијата и воведувањето на вештачката интелигенција со цел подобрување на условите за граѓаните, изјави премиерот Димитар Ковачевски, пред почетокот на третиот состанок на Европската политичка заедница, што се одржува денеска во Гранада, Шпанија. Ковачевски, посочи дека Македонија се наоѓа во одлична позиција со оглед на тоа дека минатата година ги отпочна преговорите со ЕУ, додека во Унијата веќе е отпочнат процес на прилагодување на функционирањето на повеќе земји членки. - Мислам дека ние се наоѓаме во одлична позиција со оглед на тоа дека минатата година ги отпочнавме преговорите со ЕУ. Од друга страна, ЕУ има стратешки интерес и веќе отворен процес за свое прилагодување коешто е паралелен во однос на тоа дека ќе треба да функционира во иднина со земји кои што имаат поголем број од сегашниот што значи дека ќе постои динамика и на страната на земјите кандидати за членство, пред се мислам на земјите од Западен Балкан, вклучително и на Македонија, меѓутоа и динамика внатре во ЕУ во однос на прилагодување на функционирањето на повеќе земји членки, изјави Ковачевски. Според Ковачевски, значајно е што утре ќе биде одржан и неформален состанок на Европскиот совет на кој ќе се разговара токму за прашања значајни за нас, а тоа е пред се мирот и безбедноста во Европа, поддршката на Украина, но и проширувањето на ЕУ. - Како што најави и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, веќе во рамки на ЕУ се води дебата во однос на подготовката на ЕУ за прием на нови членки од една страна и од друга страна процесите за пристапување кои што самите земји членки ги имаат со ЕУ, изјави Ковачевски. Според Ковачевски, она што стои во документот изработен од Германија и Франција е позитивно за земјава и за државите од регионот. - Јас не можам тоа да го коментирам во моментот бидејќи се работи за работен документ кој не е финален и затоа ќе оставам тие да го комуницираат, иако го имам видено и сметам дека тоа што стои во самиот работен документ е позитивно за нашата држава и земјите во регионот, рече Ковачевски. Во рамки на состанокот, како што посочи, планирано е да има работни состаноци на кои ќе присуствуваат премиерите на Франција, Италија, Обединетото кралство и на други држави, како на претставникот на Европскиот Парламент и на Европската Комисија. - Се надевам на успешни состаноци. Ќе имаме и билатерална средба со премиерот на Холандија, премиерот на Ирска и потпретседателот на ЕК, рече Ковачевски. Гранада денеска е центарот на европската политика. Градот со нешто повеќе од 200.000 жители и големо историско и културно наследство испреплетено од трите големи монотеистички култури - христијанската, муслиманската и еврејската денеска е домаќин на третиот самит на Европската политичка заедница (ЕПЦ), на кој се поканети 27 земји-членки на ЕУ, 17 други соседни земји, како што се Обединетото Кралство, Турција, Украина, Швајцарија и балканските држави. Европската политичка заедница има за цел да поттикне политички дијалог и соработка во решавањето на прашања од заеднички интерес, да ја зајакне безбедноста, стабилноста и просперитетот на европскиот континент. Замислена како платформа за политичка координација, формирана во мај 2022 година на иницијатива на францускиот претседтаел Емануел Макрон, таа не заменува ниту една постоечка организација, структура или процес и нема за цел да создаде нови во оваа фаза

The post Ковачевски од Гранада: По многу години, сега на агендата како тема го имаме проширувањето на Европската Унија appeared first on Република.

]]>
Португалија против фиксни датуми за проширување на ЕУ https://republika.mk/vesti/svet/portugalija-protiv-fiksni-datumi-za-proshiruvane-na-eu/ Thu, 05 Oct 2023 07:56:06 +0000 https://republika.mk/?p=688050

Владата на Португалија најави дека проширувањето на Европската унија не треба да има фиксни рокови, дека нејзините институции мора да се реформираат за да се прилагодат на новите членки, особено кога станува збор за одлучување, но и дека е неопходно за земјите кандидати да ги исполнат своите задачи.

Не е мудро да се поставуваат фиксни или многу конкретни рокови. Процесот на проширување се заснова на сопствените заслуги на кандидатите и на проценката на нивниот капацитет и исполнувањето на критериумите од Копенхаген, рече Тијаго Антуњеш, државен секретар во Министерството за европски работи

Антуњеш додаде дека проширувањето на ЕУ ќе биде „централен дел“ на состанокот во Гренада.

Тоа е апсолутен приоритет, што од суштински геополитички причини доби ново значење, како за земјите од Западен Балкан, кои најдолго чекаат, така и за источното трио Украина, Молдавија и Грузија, рече тој.

Според него, Лисабон верува дека проширувањето на Европската Унија е инвестиција во мирот, безбедноста и стабилноста на континентот. - Сакаме тоа да се случи, се надевам што е можно поскоро, додаде Антуњеш.

На крајот на август, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел рече дека сака Европа да биде подготвена за проширување до 2030 година.

The post Португалија против фиксни датуми за проширување на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Владата на Португалија најави дека проширувањето на Европската унија не треба да има фиксни рокови, дека нејзините институции мора да се реформираат за да се прилагодат на новите членки, особено кога станува збор за одлучување, но и дека е неопходно за земјите кандидати да ги исполнат своите задачи. Не е мудро да се поставуваат фиксни или многу конкретни рокови. Процесот на проширување се заснова на сопствените заслуги на кандидатите и на проценката на нивниот капацитет и исполнувањето на критериумите од Копенхаген, рече Тијаго Антуњеш, државен секретар во Министерството за европски работи Антуњеш додаде дека проширувањето на ЕУ ќе биде „централен дел“ на состанокот во Гренада. Тоа е апсолутен приоритет, што од суштински геополитички причини доби ново значење, како за земјите од Западен Балкан, кои најдолго чекаат, така и за источното трио Украина, Молдавија и Грузија, рече тој. Според него, Лисабон верува дека проширувањето на Европската Унија е инвестиција во мирот, безбедноста и стабилноста на континентот. - Сакаме тоа да се случи, се надевам што е можно поскоро, додаде Антуњеш. На крајот на август, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел рече дека сака Европа да биде подготвена за проширување до 2030 година.

The post Португалија против фиксни датуми за проширување на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Мишел: На декемврискиот Самит очекувам одлуки за проширувањето за некои од земјите од Западниот Балкан https://republika.mk/vesti/svet/mishel-na-dekemvriskiot-samit-ochekuvam-odluki-za-proshiruvaneto-za-nekoi-od-zemjite-od-zapadniot-balkan/ Wed, 04 Oct 2023 09:32:07 +0000 https://republika.mk/?p=687776

На Самитот на ЕУ во декември очекувам одлуки поврзани со проширувањето за некои од земјите од Западниот Балкан, согласно извештајот на Европската комисија за усогласеноста на државите кандидати со реформските барања, што се очекува да биде објавен во следните недели, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел во интервју за португалската агенција Луса.

Од Европскиот совет ќе зависи што од извештајот на Комисијата ќе стави на маса, нагласи Мишел, додавајќи дека самиот факт што на неформалниот Самит на Унијата в петок во Гранада европските лидери ќе „разговараат за иднината на ЕУ поврзана со проширување претставува многу моќен сигнал“.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, тој во интервјуто се осврнува и на неговата изјава во Блед, кога 2030 година ја постави како цел за идното проширување на ЕУ.

Останувам на оваа цел и овој рок. Тоа им е јасно на сите. Зошто е важен овој датум? Затоа што тоа е јасен поттик за сите нас да се подготвиме и да ги забрзаме нашите напори. Без датум, имаше заедничка цел, но беше лесно да се одолговлекува и да не се донесат потребните одлуки, истакна претседателот на Европскиот совет.

Мишел смета и дека на декемврискиот Самит лидерите на ЕУ треба да дадат зелено светло за старт на формални пристапни преговори со Украина и Молдавија.

Декември ќе биде важен момент. Ќе биде тежок состанок, тежок Европски совет. Не би ги потценил предизвиците… Европскиот совет во декември треба да донесе некои одлуки за Украина, за Молдавија и за тоа дали ќе ги отвориме преговорите, изјави Мишел.

Според него, ЕУ во последниве месеци дала јасни сигнали со тоа што на Украина и додели статус на земја кандидат за членство во Унијата.

Испративме јасна порака не само од Европскиот совет, туку и од многу поединечни лидери дека треба да го забрзаме процесот и да ги направиме потребните напори, додаде Мишел во интервјуто.

The post Мишел: На декемврискиот Самит очекувам одлуки за проширувањето за некои од земјите од Западниот Балкан appeared first on Република.

]]>

На Самитот на ЕУ во декември очекувам одлуки поврзани со проширувањето за некои од земјите од Западниот Балкан, согласно извештајот на Европската комисија за усогласеноста на државите кандидати со реформските барања, што се очекува да биде објавен во следните недели, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел во интервју за португалската агенција Луса.
Од Европскиот совет ќе зависи што од извештајот на Комисијата ќе стави на маса, нагласи Мишел, додавајќи дека самиот факт што на неформалниот Самит на Унијата в петок во Гранада европските лидери ќе „разговараат за иднината на ЕУ поврзана со проширување претставува многу моќен сигнал“.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, тој во интервјуто се осврнува и на неговата изјава во Блед, кога 2030 година ја постави како цел за идното проширување на ЕУ. –
Останувам на оваа цел и овој рок. Тоа им е јасно на сите. Зошто е важен овој датум? Затоа што тоа е јасен поттик за сите нас да се подготвиме и да ги забрзаме нашите напори. Без датум, имаше заедничка цел, но беше лесно да се одолговлекува и да не се донесат потребните одлуки, истакна претседателот на Европскиот совет. Мишел смета и дека на декемврискиот Самит лидерите на ЕУ треба да дадат зелено светло за старт на формални пристапни преговори со Украина и Молдавија.
Декември ќе биде важен момент. Ќе биде тежок состанок, тежок Европски совет. Не би ги потценил предизвиците… Европскиот совет во декември треба да донесе некои одлуки за Украина, за Молдавија и за тоа дали ќе ги отвориме преговорите, изјави Мишел.
Според него, ЕУ во последниве месеци дала јасни сигнали со тоа што на Украина и додели статус на земја кандидат за членство во Унијата.
Испративме јасна порака не само од Европскиот совет, туку и од многу поединечни лидери дека треба да го забрзаме процесот и да ги направиме потребните напори, додаде Мишел во интервјуто.
 
The post Мишел: На декемврискиот Самит очекувам одлуки за проширувањето за некои од земјите од Западниот Балкан appeared first on Република.

]]>
Османи: Македонија е најмалтретираната земја во процесот на проширување на ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-makedonija-e-najmaltretiranata-zemja-vo-protsesot-na-proshiruvane-na-eu/ Thu, 28 Sep 2023 06:32:14 +0000 https://republika.mk/?p=685812

Најдобрата гаранција за зачувување на македонскиот идентитет е, по влезот во НАТО, земјата да стане членка и на ЕУ, истакнува во интервју за германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЦ), министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Сепак, забележува дека Македонија е најмалтретираната земја во процесот на проширување на ЕУ.

Прашан дали има гаранции оти Бугарија нема да поставува натамошни барања по евентуалното усвојување на уставните измени, Османи вели дека никој не може да знае што ќе донесе следниот ден, пренесува Дојче веле.

За жал, често сме биле разочарани, а динамиката во бугарската политика е толку несигурна што не се знае што ќе донесе утрешниот ден. Прилично сум сигурен дека Бугарија постојано ќе формулира нови барања. Но, за мене е важно што е на агендата на ЕУ, ништо друго. Ние постигнавме компромис со Бугарија, акциски план за малцинствата. Сакаме темата да ја префрлиме од историски интерпретации и идентитетски прашања кон човековите и малцинските права, затоа што во тоа сме добри. Тоа го кажувам како човек кој не доаѓа од најголемата етничка група во земјата. Македонија изгради уникатен модел на функционална мултиетничка демократија, наспроти сите скептици кои сметаа дека тоа на Балканот не е можно, вели Османи.

Шефот на дипломатијата смета дека анкетите кои покажуваат оти големото мнозинство граѓани се против уставните измени се погрешно интерпретирани.

Граѓаните го отфрлаат вметнувањето на идентитетско-политичките конфликти во процесот на проширување на ЕУ, но од претстојните уставни измени нема таква опасност, напротив, посочува Османи и дополнува дека тие „ќе ја зацврстат и прошират мултиетничката демократија“.

Османи вели дека е свесен за опасноста дека некои кругови во Бугарија ќе се обидат да ја злоупотребат ситуацијата на над 80.000 (според ФАЦ) македонски државјани кои поседуваат бугарски пасоши.

Знам дека зад барањата за малцинските права стојат нечесни намери. Но, за мене поголема закана е дека сѐ додека нашите граѓани не се дел од ЕУ, тие ќе бидат принудени да аплицираат за бугарски пасоши од социјални и економски причини, наведува Османи во интервјуто за ФАЦ.

The post Османи: Македонија е најмалтретираната земја во процесот на проширување на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Најдобрата гаранција за зачувување на македонскиот идентитет е, по влезот во НАТО, земјата да стане членка и на ЕУ, истакнува во интервју за германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЦ), министерот за надворешни работи Бујар Османи. Сепак, забележува дека Македонија е најмалтретираната земја во процесот на проширување на ЕУ. Прашан дали има гаранции оти Бугарија нема да поставува натамошни барања по евентуалното усвојување на уставните измени, Османи вели дека никој не може да знае што ќе донесе следниот ден, пренесува Дојче веле.
За жал, често сме биле разочарани, а динамиката во бугарската политика е толку несигурна што не се знае што ќе донесе утрешниот ден. Прилично сум сигурен дека Бугарија постојано ќе формулира нови барања. Но, за мене е важно што е на агендата на ЕУ, ништо друго. Ние постигнавме компромис со Бугарија, акциски план за малцинствата. Сакаме темата да ја префрлиме од историски интерпретации и идентитетски прашања кон човековите и малцинските права, затоа што во тоа сме добри. Тоа го кажувам како човек кој не доаѓа од најголемата етничка група во земјата. Македонија изгради уникатен модел на функционална мултиетничка демократија, наспроти сите скептици кои сметаа дека тоа на Балканот не е можно, вели Османи.
Шефот на дипломатијата смета дека анкетите кои покажуваат оти големото мнозинство граѓани се против уставните измени се погрешно интерпретирани.
Граѓаните го отфрлаат вметнувањето на идентитетско-политичките конфликти во процесот на проширување на ЕУ, но од претстојните уставни измени нема таква опасност, напротив, посочува Османи и дополнува дека тие „ќе ја зацврстат и прошират мултиетничката демократија“.
Османи вели дека е свесен за опасноста дека некои кругови во Бугарија ќе се обидат да ја злоупотребат ситуацијата на над 80.000 (според ФАЦ) македонски државјани кои поседуваат бугарски пасоши.
Знам дека зад барањата за малцинските права стојат нечесни намери. Но, за мене поголема закана е дека сѐ додека нашите граѓани не се дел од ЕУ, тие ќе бидат принудени да аплицираат за бугарски пасоши од социјални и економски причини, наведува Османи во интервјуто за ФАЦ.
 
The post Османи: Македонија е најмалтретираната земја во процесот на проширување на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Курти дели совети: Земјите-кандидати за членство во ЕУ треба да спроведат реформи кои ќе го забрзаат членството https://republika.mk/vesti/kurti-deli-soveti-zemjite-kandidati-za-chlenstvo-vo-eu-treba-da-sprovedat-reformi-koi-ke-go-zabrzaat-chlenstvoto/ Mon, 28 Aug 2023 10:35:07 +0000 https://republika.mk/?p=676567

Премиерот на Косово, Албин Курти, порачал дека Европската Унија мора да се прошири, дека Западниот Балкан треба да го поддржи проширувањето, а земјите кандидати треба да спроведат реформи кои го забрзуваат членството.

Во соопштението на косовската влада се наведува дека Курти ова го кажал при учеството на работната вечера на покана на премиерот на Словенија, Роберт Голоб и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на Бледскиот форум.

На тема „Солидарност за глобална безбедност“, во чии рамки годинава се одржува форумот, на вечерата се разговарало за регионалната соработка, членството на Западниот Балкан во Европската Унија и безбедноста.

Курти ја истакнал важноста на договорите постигнати минатата година во берлинскиот процес, при што особено ја истакнал слободата на движење.

На 1 јануари 2024 година сите граѓани на Република Косово ќе патуваат без визи во земјите на Европската Унија, додека визи ќе бидат потребни за Босна и Херцеговина. Во овие 50 дена што преостануваат до самитот во Тирана, важно е да се почне целосно спроведување на трите договори што ги потпишавме во Берлин“, изјавил Курти.

Косовскиот премиер ги поздравил повиците на Голоб и на Мишел, за фокусирање на проширувањето на Европската Унија, како и можностите за земјите од Западниот Балкан. Курти истакнал дека предуслов за тоа е почитување на малцинствата и меѓусебно признавање.

The post Курти дели совети: Земјите-кандидати за членство во ЕУ треба да спроведат реформи кои ќе го забрзаат членството appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Косово, Албин Курти, порачал дека Европската Унија мора да се прошири, дека Западниот Балкан треба да го поддржи проширувањето, а земјите кандидати треба да спроведат реформи кои го забрзуваат членството. Во соопштението на косовската влада се наведува дека Курти ова го кажал при учеството на работната вечера на покана на премиерот на Словенија, Роберт Голоб и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на Бледскиот форум. На тема „Солидарност за глобална безбедност“, во чии рамки годинава се одржува форумот, на вечерата се разговарало за регионалната соработка, членството на Западниот Балкан во Европската Унија и безбедноста. Курти ја истакнал важноста на договорите постигнати минатата година во берлинскиот процес, при што особено ја истакнал слободата на движење.
На 1 јануари 2024 година сите граѓани на Република Косово ќе патуваат без визи во земјите на Европската Унија, додека визи ќе бидат потребни за Босна и Херцеговина. Во овие 50 дена што преостануваат до самитот во Тирана, важно е да се почне целосно спроведување на трите договори што ги потпишавме во Берлин“, изјавил Курти.
Косовскиот премиер ги поздравил повиците на Голоб и на Мишел, за фокусирање на проширувањето на Европската Унија, како и можностите за земјите од Западниот Балкан. Курти истакнал дека предуслов за тоа е почитување на малцинствата и меѓусебно признавање.

The post Курти дели совети: Земјите-кандидати за членство во ЕУ треба да спроведат реформи кои ќе го забрзаат членството appeared first on Република.

]]>
Проширувањето на ЕУ дел од дебатата за укинување на едногласноста при одлучувањето https://republika.mk/vesti/svet/proshiruvanjeto-na-eu-del-od-debatata-za-ukinuvanje-na-ednoglasnosta-pri-odluchuvanjeto/ Tue, 20 Sep 2022 19:13:01 +0000 https://republika.mk/?p=552713

Чешкото претседателство со ЕУ ја отвори темата за укинување на едногласно одлучување во одредени области од надворешната политика, при што проширувањето на Унијата иако не е висок приоритет, сепак е дел од дебатите, јави дописничката на МИА од Брисел.

Министерот за европски работи на Чешка, Микулаш Бек, на прес-конференцијата денеска по Советот за општи работи на ЕУ, призна дека не е преголем оптимист дека до крајот на чешкото претседавање ќе се постигне успех за овој предлог да се премине од едногласност на квалификувано мнозинство во надворешната и безбедносната политика во Советот на ЕУ, но рече и дека не се откажува.

Прага од земјите членки побара да ги дадат своите размислувања, кои делови од надворешната и безбедносната политика прифатливо би поминале под гласање со квалификувано мнозинство.

Главната цел на оваа расправа е да се надминат блокадите на земји како Унгарија во санкциите против Русија, но министерот Бек потсети и на говорот на германскиот канцелар Олаф Шолц, кој неодамна посочи дека е време и одлуките за проширување да бидат ослободени од едногласното одлучување.

Некои од поранешните силни противници (на квалификуваното мнозинство) се и силни поддржувачи на проширувањето, го слушнавме говорот на канцеларот Шолц, рече тој споменувајќи ја поврзаноста со проширувањето и потребата да се промени начинот на одлучување.

За министерот Бек најпродуктивно во овој момент е да се добие генерална и широка слика од сите земји членки, каде се тие подготвени да попуштат за едногласното одлучување и истакна дека во овој дел важни елементи се теми како транснационални листи за ЕУ изборите, проширувањето и влезот на Украина во заедничкиот пазар на ЕУ, итн.

Не сум преголем оптимист, но не е сѐ изгубено. Има важни теми на маса, изјави Бек, повикувајќи уште еднаш да се има големата геополитичка слика на ум.

На прашање на МИА дали станало збор и конкретно за укинување на едногласноста во областа на проширувањето, чешкиот министер одговори дека „проширувањето не беше официјална главна тема“.

Но, некако беше присутно во дискусијата за процесот на одлучување, повеќе земји членки го споменаа како релевантен контекст во дебатата и чешкото претседателство е многу посветено на процесот на проширување, многу е важно да биде присутен контекстот во дебатата за институционални промени, изјави Бек на прес-конференцијата попладнево.

The post Проширувањето на ЕУ дел од дебатата за укинување на едногласноста при одлучувањето appeared first on Република.

]]>

Чешкото претседателство со ЕУ ја отвори темата за укинување на едногласно одлучување во одредени области од надворешната политика, при што проширувањето на Унијата иако не е висок приоритет, сепак е дел од дебатите, јави дописничката на МИА од Брисел. Министерот за европски работи на Чешка, Микулаш Бек, на прес-конференцијата денеска по Советот за општи работи на ЕУ, призна дека не е преголем оптимист дека до крајот на чешкото претседавање ќе се постигне успех за овој предлог да се премине од едногласност на квалификувано мнозинство во надворешната и безбедносната политика во Советот на ЕУ, но рече и дека не се откажува. Прага од земјите членки побара да ги дадат своите размислувања, кои делови од надворешната и безбедносната политика прифатливо би поминале под гласање со квалификувано мнозинство. Главната цел на оваа расправа е да се надминат блокадите на земји како Унгарија во санкциите против Русија, но министерот Бек потсети и на говорот на германскиот канцелар Олаф Шолц, кој неодамна посочи дека е време и одлуките за проширување да бидат ослободени од едногласното одлучување.