пропаганда Archives - Република https://republika.mk/tema/propaganda/ За подобро да се разбереме Sat, 25 May 2024 06:42:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пропаганда Archives - Република https://republika.mk/tema/propaganda/ 32 32 САД и ЕУ ќе го заштитуваат Западен Балкан од странски пропаганди https://republika.mk/vesti/makedonija/sad-i-eu-ke-go-zashtituvaat-zapaden-balkan-od-stranski-propagandi/ Sat, 25 May 2024 06:42:53 +0000 https://republika.mk/?p=781555

Стејт департмент и Службата за надворешна акција на Европската Унија (ЕЕАС) отворија заеднички механизам за координација за Западен Балкан, фокусиран на манипулации со информации и надворешни влијанија (ФИМИ), што вклучува дезинформации и пропаганда.

Препознавајќи ја нашата споделена политика кон Западен Балкан и странските актери кои го таргетираат регионот со операциите на ФИМИ, овој механизам ќе го зајакне интегритетот на информацискиот простор на Западен Балкан, соопштија синоќа од Стејт департментот.

Во дописот се вели дека „механизмот ќе даде можност на партнерите истомисленици да станат независни во справувањето со заканата од ФИМИ и да работат заедно за да ја намалат способноста на Русија и Народна Република Кина да користат кампањи за пропаганда и манипулација со информации во регионот“.

Оваа мерка има за цел да ја зајакне Европа како геостратешки партнер, да го зајакне демократското владеење и владеењето на правото, како и да ги направи регионалните партнери побезбедни и попросперитетни, кажа Стејт департментот.

Продолжуваме, додаваат, да работиме за интеграција на регионот во евроатлантските структури.

САД и Македонија лани во мај потпишаа меморандум за соработка во борбата против дезинформациите.

Овој Меморандум за разбирање уследи по состаноците одржани во Скопје на 11 април 2023 година, меѓу Владата и Стејт департментот на САД. За време на тие состаноци, двете страни изразија загриженост за напорите на Русија и други да шират дезинформации за поткопување на демократијата и националната безбедност низ целиот свет, соопшти тогаш Стејт департментот.

Елизабет Ален, потсекретарка за јавна дипломатија и односи со јавноста на Стејт департментот, на 20 мај беше во посета на Македонија за да се сретне со експерти за странско злонамерно влијание и да го посети археолошиот локалитет Стоби.

Ален беше и во Србија, Косово и Босна и Херцеговина.

The post САД и ЕУ ќе го заштитуваат Западен Балкан од странски пропаганди appeared first on Република.

]]>

Стејт департмент и Службата за надворешна акција на Европската Унија (ЕЕАС) отворија заеднички механизам за координација за Западен Балкан, фокусиран на манипулации со информации и надворешни влијанија (ФИМИ), што вклучува дезинформации и пропаганда.
Препознавајќи ја нашата споделена политика кон Западен Балкан и странските актери кои го таргетираат регионот со операциите на ФИМИ, овој механизам ќе го зајакне интегритетот на информацискиот простор на Западен Балкан, соопштија синоќа од Стејт департментот.
Во дописот се вели дека „механизмот ќе даде можност на партнерите истомисленици да станат независни во справувањето со заканата од ФИМИ и да работат заедно за да ја намалат способноста на Русија и Народна Република Кина да користат кампањи за пропаганда и манипулација со информации во регионот“. Оваа мерка има за цел да ја зајакне Европа како геостратешки партнер, да го зајакне демократското владеење и владеењето на правото, како и да ги направи регионалните партнери побезбедни и попросперитетни, кажа Стејт департментот. Продолжуваме, додаваат, да работиме за интеграција на регионот во евроатлантските структури. САД и Македонија лани во мај потпишаа меморандум за соработка во борбата против дезинформациите.
Овој Меморандум за разбирање уследи по состаноците одржани во Скопје на 11 април 2023 година, меѓу Владата и Стејт департментот на САД. За време на тие состаноци, двете страни изразија загриженост за напорите на Русија и други да шират дезинформации за поткопување на демократијата и националната безбедност низ целиот свет, соопшти тогаш Стејт департментот.
Елизабет Ален, потсекретарка за јавна дипломатија и односи со јавноста на Стејт департментот, на 20 мај беше во посета на Македонија за да се сретне со експерти за странско злонамерно влијание и да го посети археолошиот локалитет Стоби. Ален беше и во Србија, Косово и Босна и Херцеговина.

The post САД и ЕУ ќе го заштитуваат Западен Балкан од странски пропаганди appeared first on Република.

]]>
Џафери за изјавата на Вучиќ: Тоа е пропаганда за да се наштети на Албанците https://republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-za-izjavata-na-vuchik-toa-e-propaganda-za-da-se-nashteti-na-albantsite/ Mon, 12 Feb 2024 11:19:55 +0000 https://republika.mk/?p=743176

Техничкиот премиер Талат Џафери вели дека изјавата на претседателот на Србија Александар Вучиќ дека Албин Курти сака од власт да го симне Али Ахмети и ДУИ всушност е пропаганда која има за цел да им наштети на Албанците во Македонија.

Божем многу се загрижени за судбината на Али Ахмети и ДУИ, а во суштина се против колективните интереси на Албанците во државата. Но, граѓаните разбираат на што се однесува душегрижноста на оние што ги даваат тие изјави. Во суштнина и децата знаат дека се работи индиректно, односно се инцицира незадоволство кон ДУИ, а во суштина е попречување на она што се проекции за достигнување на оние цели кои се програмски определени како присуството, работата и живеењето на Албанците како колетивен народ тука во Македонија, рече Џафери.

The post Џафери за изјавата на Вучиќ: Тоа е пропаганда за да се наштети на Албанците appeared first on Република.

Група американски конгресмени го обвинуваат Маск дека профитира од антиизраелска пропаганда https://republika.mk/vesti/svet/grupa-amerikanski-kongresmeni-go-obvinuvaat-mask-deka-profitira-od-antiizraelska-propaganda/ Tue, 21 Nov 2023 19:44:16 +0000 https://republika.mk/?p=714912

Група од 27 американски конгресмени демократите изразија загриженост дека платформата Икс (поранешен Твитер) профитира од премиум сметки, за кои тврдат дека го величаат насилството врз Израелците.

Во писмото испратено до сопственикот на компанијата Икс, Илон Маск и извршната директорка Линда Лакарино, конгресмените наведуваат дека извештаите од непрофитните организации покажуваат дека луѓето со премиум сметки на Икс „ги величаат варварските акти на насилство против Израелците“.

Компанијата Икс вчера поднесоа тужба против надзорната група „Медија Метерс“ (Media Matters) за клевета, откако непрофитната организација објави извештај во кој се истакнува дека рекламите за големите брендови се појавуваат заедно со објавите кои го промовираат Адолф Хитлер и нацизмот.

- Овие извештаи покажаа дека платформата Икс профитира од ширењето на оваа ужасна и штетна пропаганда преку претплати на сметки и приходи од реклами, се посочува во писмото на конгресмените.

Тие истакнаа дека Икс профитирал од објавите и од претплатите и од рекламите прикажани во одговорите на премиум и редовните објави.

- Социјалната мрежа Икс, исто така, имаше финансиска корист од ширењето на очигледно лажни и погрешни содржини, потенцираат конгресмените.

Приходите од реклами во САД се намалија за најмалку 55 отсто во однос на претходната година, откако Маск го презеде поранешниот Твитер.

The post Група американски конгресмени го обвинуваат Маск дека профитира од антиизраелска пропаганда appeared first on Република.

]]>

Група од 27 американски конгресмени демократите изразија загриженост дека платформата Икс (поранешен Твитер) профитира од премиум сметки, за кои тврдат дека го величаат насилството врз Израелците. Во писмото испратено до сопственикот на компанијата Икс, Илон Маск и извршната директорка Линда Лакарино, конгресмените наведуваат дека извештаите од непрофитните организации покажуваат дека луѓето со премиум сметки на Икс „ги величаат варварските акти на насилство против Израелците“. Компанијата Икс вчера поднесоа тужба против надзорната група „Медија Метерс“ (Media Matters) за клевета, откако непрофитната организација објави извештај во кој се истакнува дека рекламите за големите брендови се појавуваат заедно со објавите кои го промовираат Адолф Хитлер и нацизмот. - Овие извештаи покажаа дека платформата Икс профитира од ширењето на оваа ужасна и штетна пропаганда преку претплати на сметки и приходи од реклами, се посочува во писмото на конгресмените. Тие истакнаа дека Икс профитирал од објавите и од претплатите и од рекламите прикажани во одговорите на премиум и редовните објави. - Социјалната мрежа Икс, исто така, имаше финансиска корист од ширењето на очигледно лажни и погрешни содржини, потенцираат конгресмените. Приходите од реклами во САД се намалија за најмалку 55 отсто во однос на претходната година, откако Маск го презеде поранешниот Твитер.

The post Група американски конгресмени го обвинуваат Маск дека профитира од антиизраелска пропаганда appeared first on Република.

]]>
Русија усвои Закон за забрана на пропагирање на ЛГБТ, педофилија и промена на пол https://republika.mk/vesti/svet/rusija-usvoi-zakon-za-zabrana-na-propagiranje-na-lgbt-pedofilija-i-promena-na-pol/ Wed, 23 Nov 2022 16:23:01 +0000 https://republika.mk/?p=577428

Државната дума на Русија денеска во второ читање го усвои законот за забрана на ЛГБТ пропаганда, како и за пропагирање педофилија и промена на пол во Русија.

Сличен закон е во сила од 2013 година, но тој се однесуваше само на малолетниците, а новиот закон важи за сите возрасти.

Документот предвидува забрана за пропаганда на нетрадиционални сексуални односи и педофилија во медиумите, на интернет, во реклами, литература и кино. Законот, исто така, забранува поттикнување на тинејџери да го променат својот пол, медиуми, книги, аудиовизуелни услуги, филмови и реклами. Забрането е издавање сертификат за изнајмување филм ако содржи материјал што промовира нетрадиционални сексуални односи и преференции.

Според документот, руското регулаторно тело за медиуми (Роскомнадзор) ќе воспостави процедура за следење на интернет и блокирање веб-страници што го прекршуваат законот за пропаганда.

The post Русија усвои Закон за забрана на пропагирање на ЛГБТ, педофилија и промена на пол appeared first on Република.

]]>

Државната дума на Русија денеска во второ читање го усвои законот за забрана на ЛГБТ пропаганда, како и за пропагирање педофилија и промена на пол во Русија. Сличен закон е во сила од 2013 година, но тој се однесуваше само на малолетниците, а новиот закон важи за сите возрасти. Документот предвидува забрана за пропаганда на нетрадиционални сексуални односи и педофилија во медиумите, на интернет, во реклами, литература и кино. Законот, исто така, забранува поттикнување на тинејџери да го променат својот пол, медиуми, книги, аудиовизуелни услуги, филмови и реклами. Забрането е издавање сертификат за изнајмување филм ако содржи материјал што промовира нетрадиционални сексуални односи и преференции. Според документот, руското регулаторно тело за медиуми (Роскомнадзор) ќе воспостави процедура за следење на интернет и блокирање веб-страници што го прекршуваат законот за пропаганда.

The post Русија усвои Закон за забрана на пропагирање на ЛГБТ, педофилија и промена на пол appeared first on Република.

]]>
Српски политиколог го објаснува вистинското значење на буквата „Z“ на руските тенкови https://republika.mk/vesti/balkan/srpski-politikolog-go-objasnuva-vistinskoto-znachenje-na-bukvata-z-na-ruskite-tenkovi/ Tue, 03 May 2022 16:40:02 +0000 https://republika.mk/?p=496816

Српскиот политиколог, Урош Бабиќ, објаснува што всушност значи буквата „Z“ на руските воени возила, која, на некој начин, стана симбол на руската воена операција во Украина.

Едноставно ќе одговорам на тоа прашање. За мене сето ова е една голема глупост. Дефинитивно еден вид спин. Сето ова го гледам низ призмата на тоа што и се случи на Србија кога е во прашање пропагандата.

„Z“ е само знак за препознавање на воената опрема на руската армија лоцирана во Украина. Ништо повеќе од тоа. Можеше да биде која било друга буква. Нема никаква друга симболика. Можеше да биде А или Б. Така се случи „Z“. Пропагандните активности во современа смисла, така да се каже, во принцип датираат од Првата светска војна. Од тогаш имате можност да видите разни плакати - изјави Бабиќ, во дебата на телевизија „Курир“.

На неговото излагање се надоврза водителката Милица Марковиќ, која истакна дека дека во оваа форма како што се употребува во Украина, нема буква „З“ во руската азбука, односно не  постои латинична верзија на руската азбука (Алукраина, руски силифабета).

The post Српски политиколог го објаснува вистинското значење на буквата „Z“ на руските тенкови appeared first on Република.

]]>

Српскиот политиколог, Урош Бабиќ, објаснува што всушност значи буквата „Z“ на руските воени возила, која, на некој начин, стана симбол на руската воена операција во Украина. Едноставно ќе одговорам на тоа прашање. За мене сето ова е една голема глупост. Дефинитивно еден вид спин. Сето ова го гледам низ призмата на тоа што и се случи на Србија кога е во прашање пропагандата.
„Z“ е само знак за препознавање на воената опрема на руската армија лоцирана во Украина. Ништо повеќе од тоа. Можеше да биде која било друга буква. Нема никаква друга симболика. Можеше да биде А или Б. Така се случи „Z“. Пропагандните активности во современа смисла, така да се каже, во принцип датираат од Првата светска војна. Од тогаш имате можност да видите разни плакати - изјави Бабиќ, во дебата на телевизија „Курир“.
На неговото излагање се надоврза водителката Милица Марковиќ, која истакна дека дека во оваа форма како што се употребува во Украина, нема буква „З“ во руската азбука, односно не  постои латинична верзија на руската азбука (Алукраина, руски силифабета).

The post Српски политиколог го објаснува вистинското значење на буквата „Z“ на руските тенкови appeared first on Република.

]]>
САД обвинуваат финансиска веб-страница за ширење руска пропаганда https://republika.mk/vesti/svet/sad-obvinuvaat-finansiska-veb-stranica-za-shirenje-ruska-propaganda/ Tue, 15 Feb 2022 13:44:40 +0000 https://republika.mk/?p=458945

Претставници на американското разузнавање обвинија конзервативна веб-страница за финансиски вести со значајна американска читателска публика дека ја засилува пропагандата на Кремљ и дека наводните пет медиуми насочени кон Украинците ги преземале упатствата од руски шпиони.

Официјалните лица соопштија дека „Zero Hedge“, која има 1,2 милиони следбеници на Твитер, објавила написи создадени од медиуми под контрола на Москва, кои потоа биле споделени од медиуми и луѓе кои не знаеле за нивната поврзаност со руското разузнавање. Официјалните лица не соопштуваат дали сметаат дека „Zero Hedge“ знаел за какви било врски со шпионски агенции и не навеле директни врски меѓу веб-страницата и Русија.

„Zero Hedge“ ги негира тврдењата и вели дека во своите написи се обидува да објави широк спектар на ставови кои ги покриваат двете страни.

The post САД обвинуваат финансиска веб-страница за ширење руска пропаганда appeared first on Република.

]]>

Претставници на американското разузнавање обвинија конзервативна веб-страница за финансиски вести со значајна американска читателска публика дека ја засилува пропагандата на Кремљ и дека наводните пет медиуми насочени кон Украинците ги преземале упатствата од руски шпиони. Официјалните лица соопштија дека „Zero Hedge“, која има 1,2 милиони следбеници на Твитер, објавила написи создадени од медиуми под контрола на Москва, кои потоа биле споделени од медиуми и луѓе кои не знаеле за нивната поврзаност со руското разузнавање. Официјалните лица не соопштуваат дали сметаат дека „Zero Hedge“ знаел за какви било врски со шпионски агенции и не навеле директни врски меѓу веб-страницата и Русија. „Zero Hedge“ ги негира тврдењата и вели дека во своите написи се обидува да објави широк спектар на ставови кои ги покриваат двете страни.

The post САД обвинуваат финансиска веб-страница за ширење руска пропаганда appeared first on Република.

]]>