промоција Archives - Република https://republika.mk/tema/promocija/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Nov 2024 13:49:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png промоција Archives - Република https://republika.mk/tema/promocija/ 32 32 Книгата „И јас сум Сирма“ ја пишував со смеа и солзи, кажа на промоцијата авторот Зоран Спасов Ѕоф https://republika.mk/vesti/kultura/knigata-i-jas-sum-sirma-ja-pishuvav-so-smea-i-solzi-kazha-na-promotsijata-avtorot-zoran-spasov-zof/ Fri, 15 Nov 2024 13:49:27 +0000 https://republika.mk/?p=838160

„И јас сум Сирма“ не е роман, туку нешто меѓу сага и еп. Тоа е приказна што ќе ве натера да плачете, да мразите и да се смеете... книга што никого нема да остави рамнодушен.
Со овие зборови вчеравечер (14 ноември) во преполниот Младинскиот културен центар – Скопје беше претставен новиот, и досега најсложен и најсериозен роман на популарниот автор Зоран Спасов Sоф – „И јас сум Сирма“. Кон книгата, која е во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“, се осврнаа промоторката Татјана Алексиќ и уредничката Татјана Димовска-Атанасова.

Ова е петта книга на Зоран Спасов Sоф во издание на „Арс Ламина“, по хит-книгите „Тито, мојот претпоследен херој“, „Торонто експрес“, „Џабе живиш у Скопје“ и „Цепај сине: пошто џабе живиш у Македонија“. Во своето обраќање Ѕоф истакна дека Сирма е всушност симбол за Македонија, а „И јас сум Сирма“ е приказна за Македонија.

- Сирма напати ме потсетува на некого: на мајка ти, баба ти, на мајка ми... но најмногу од сè ми личи на Македонија. Двете делат иста судбина, со секој здив, со секој збор, со секоја реченица. Не ја познавам лично, но имам чувство дека цело време е тука некаде, на дофат... Книгата има многу слоеви. Има многу пораки меѓу редови и многу ликови. Една од ретките книги каде што на едно место ги има Страшо Пинџур, Нострадамус, Невена Георгиева-Дуња, Данте Алигери, Ибе Паликуќа и други... и се сместени на местото каде што припаѓаат. Еден од рецензентите на книгата ме праша како успеав една долга историја од 3000 страни, да ја спакувам во 200 страници... Но, книгата е проследена и со веб-сајт ijassumsirma.mk каде што се објавени рецензиите и сите материјали поврзани со книгата, а има и проверка на фактите во книгата. Факти што не му се познати на Македонецот. Ќе се зачудат читателите како јас некои луѓе, кои се антихерои, ги носам на пиедестал, како големи Македонци, а имам и некои „величини“ кои малку ги имам намалено... Во книгата ве чекаат многу изненадувања –пријатни и непријатни, ако не се расплачеш, не си човек, и ако не се намееш –пак не си човек... така ја пишував, со смеа и солзи – рече Ѕоф.

Одамна имал желба да напише книга за Сирма Војвода, која ја смета за олицетворение на непокор, рамо до рамо со Роза Луксембург, Клара Цеткин, или Милунка Савиќ. Според него Сирма е трагичен лик, со трагична судбина, како што е трагична судбината на Македонија.

Уредничката на книгата Татјана Димовска-Атанасова истакна дека „И јас сум Сирма“ е најамбициозното дело на Зоран Спасов Ѕоф досега. Станува збор за своевиден книжевен експеримент, што може да се перципира како хибрид, фрагментарен роман или пак, како збирка раскази што може да се читаат засебно и без одреден редослед. Жанровски е ситуиран како историска фикција со примеси на драма, политички трилер, сатира, магичен реализам и дистопија.

Она што најпрецизно би ја дефинирало оваа книга е книжевен пачворк. Авторот зема парчиња од нашата историја, од сосем различни временски контексти и педантно ги пришива едно за друго со една заедничка нишка – ликот на Сирма Војвода. Навидум неповрзани меѓу себе, приказните во романот се слеваат во еден вид наративен кластер кон центарот на романот - Сирма. Користејќи се со социјални типови, преместување на перспективата, инверзија и иронија, Ѕоф ги карикира колективните митови, си поигрува и се пресметува со стереотипите и со сето она што е типично за ова општествено-политичко и историско милје. Романот е импресивна вивисекција на македонскиот дух прикажана преку внатрешна и надворешна фокализација на главната хероина Сирма, која авторот ја издига на ниво на митолошка парадигма - синоним за сила, истрајност, храброст, бескомпромисност, но пред сè синоним за Македонија – рече Димовска-Атанасова.

Промоторката на книгата Татјана Алексиќ рече дека „сите ние, помалку или повеќе, сме Сирми“.

Мерак ми е што вечерва и јас сум Сирма! Сите ние сме Сирми. Ова не е омаж за Сирма, туку женски родослов... Сите ние, помалку или повеќе сме Сирми, и треба да ѝ се поклониме, како што Sоф, писател и женољубец со култ кон македонската жена, им се поклони - оживувајќи ја Сирма, во еден современ роман - сага, приказна во приказна, затоа што „сите живи суштества се раѓаат со инстинкт за преживување. Пајаците, за да преживеат, ткаат мрежи. Луѓето за да преживеат, ткаат приказни. За нас нема ништо поважно од овие приказни“, што би рекол генијалниот Горан Стефановски, со кого нашиот ткаач на приказни Sоф, го почнува второто поглавје на романот „И јас сум Сирма“. Можете да го читате романот од напред од средина, а и од назад... како Хазарски речник. Хронологијата нема свој крај во романот, како ни идеологијата на Сирма. Да напишеш ваков роман фикција, фузија од историски факти и митови, среќа и горчина, реалност и фантазија, треба да си начитан, наслушан, нагледан, нашетан и наигран. Да си доообар играч на полето (терен) на културата. Не мора да си најаден и напиен, затоа што испишаните страници се храна и вино. Дегустаторите на романот ,,И јас сум Сирма" ќе имаат сервирана богата трпеза на пикантерии од далечното минато, поблиското минато и блиската иднина, без да почувствуваат дека се во сегашноста, качени на временската машина ала автобусот од филмот „Ко то тамо пева“ - рече Алексиќ.

Специјална гостинка на настанот беше младата актерка Јована Спасиќ, која беше во улога на Сирма. Со доза на драматичност, хумор и сарказам таа ја „оживеа“ Сирма на бината во денсинг-салата на МКЦ, претставувајќи ја истовремено нејзината храброст и сила, но и нежност и убавина. По промоцијата, забавата продолжи со настап на „Сирма rock’n’roll бенд“, кој изведе познати рок и поп-нумери од домашната и светската сцена.

Како што беше случајот со претходните книги, така и со новата – заработката од продажбата на „И јас сум Сирма“, Ѕоф ќе ја донира во хумани цели. Вчера на Детската клиника во Скопје беше отворена библиотеката „Соба на бајките“ – донација на Зоран Спасов Ѕоф и „Арс Ламина“. Библиотеката е направена и опремена со средства од продажбата на претходната хит-книга на Ѕоф – „Цепај сине: пошто џабе живиш у Македонија“. Во библиотеката се застапени околу 100 книги за деца, сликовници, читанки и лектири на македонски и на албански јазик. Со оваа донација Ѕоф и „Арс Ламина“ ја продолжуваат заедничката мисија да им помогнат на најранливите категории, особено на децата.

The post Книгата „И јас сум Сирма“ ја пишував со смеа и солзи, кажа на промоцијата авторот Зоран Спасов Ѕоф appeared first on Република.

]]>

„И јас сум Сирма“ не е роман, туку нешто меѓу сага и еп. Тоа е приказна што ќе ве натера да плачете, да мразите и да се смеете... книга што никого нема да остави рамнодушен. Со овие зборови вчеравечер (14 ноември) во преполниот Младинскиот културен центар – Скопје беше претставен новиот, и досега најсложен и најсериозен роман на популарниот автор Зоран Спасов Sоф – „И јас сум Сирма“. Кон книгата, која е во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“, се осврнаа промоторката Татјана Алексиќ и уредничката Татјана Димовска-Атанасова. Ова е петта книга на Зоран Спасов Sоф во издание на „Арс Ламина“, по хит-книгите „Тито, мојот претпоследен херој“, „Торонто експрес“, „Џабе живиш у Скопје“ и „Цепај сине: пошто џабе живиш у Македонија“. Во своето обраќање Ѕоф истакна дека Сирма е всушност симбол за Македонија, а „И јас сум Сирма“ е приказна за Македонија.
- Сирма напати ме потсетува на некого: на мајка ти, баба ти, на мајка ми... но најмногу од сè ми личи на Македонија. Двете делат иста судбина, со секој здив, со секој збор, со секоја реченица. Не ја познавам лично, но имам чувство дека цело време е тука некаде, на дофат... Книгата има многу слоеви. Има многу пораки меѓу редови и многу ликови. Една од ретките книги каде што на едно место ги има Страшо Пинџур, Нострадамус, Невена Георгиева-Дуња, Данте Алигери, Ибе Паликуќа и други... и се сместени на местото каде што припаѓаат. Еден од рецензентите на книгата ме праша како успеав една долга историја од 3000 страни, да ја спакувам во 200 страници... Но, книгата е проследена и со веб-сајт ijassumsirma.mk каде што се објавени рецензиите и сите материјали поврзани со книгата, а има и проверка на фактите во книгата. Факти што не му се познати на Македонецот. Ќе се зачудат читателите како јас некои луѓе, кои се антихерои, ги носам на пиедестал, како големи Македонци, а имам и некои „величини“ кои малку ги имам намалено... Во книгата ве чекаат многу изненадувања –пријатни и непријатни, ако не се расплачеш, не си човек, и ако не се намееш –пак не си човек... така ја пишував, со смеа и солзи – рече Ѕоф.
Одамна имал желба да напише книга за Сирма Војвода, која ја смета за олицетворение на непокор, рамо до рамо со Роза Луксембург, Клара Цеткин, или Милунка Савиќ. Според него Сирма е трагичен лик, со трагична судбина, како што е трагична судбината на Македонија. Уредничката на книгата Татјана Димовска-Атанасова истакна дека „И јас сум Сирма“ е најамбициозното дело на Зоран Спасов Ѕоф досега. Станува збор за своевиден книжевен експеримент, што може да се перципира како хибрид, фрагментарен роман или пак, како збирка раскази што може да се читаат засебно и без одреден редослед. Жанровски е ситуиран како историска фикција со примеси на драма, политички трилер, сатира, магичен реализам и дистопија.
Она што најпрецизно би ја дефинирало оваа книга е книжевен пачворк. Авторот зема парчиња од нашата историја, од сосем различни временски контексти и педантно ги пришива едно за друго со една заедничка нишка – ликот на Сирма Војвода. Навидум неповрзани меѓу себе, приказните во романот се слеваат во еден вид наративен кластер кон центарот на романот - Сирма. Користејќи се со социјални типови, преместување на перспективата, инверзија и иронија, Ѕоф ги карикира колективните митови, си поигрува и се пресметува со стереотипите и со сето она што е типично за ова општествено-политичко и историско милје. Романот е импресивна вивисекција на македонскиот дух прикажана преку внатрешна и надворешна фокализација на главната хероина Сирма, која авторот ја издига на ниво на митолошка парадигма - синоним за сила, истрајност, храброст, бескомпромисност, но пред сè синоним за Македонија – рече Димовска-Атанасова.
Промоторката на книгата Татјана Алексиќ рече дека „сите ние, помалку или повеќе, сме Сирми“.
Мерак ми е што вечерва и јас сум Сирма! Сите ние сме Сирми. Ова не е омаж за Сирма, туку женски родослов... Сите ние, помалку или повеќе сме Сирми, и треба да ѝ се поклониме, како што Sоф, писател и женољубец со култ кон македонската жена, им се поклони - оживувајќи ја Сирма, во еден современ роман - сага, приказна во приказна, затоа што „сите живи суштества се раѓаат со инстинкт за преживување. Пајаците, за да преживеат, ткаат мрежи. Луѓето за да преживеат, ткаат приказни. За нас нема ништо поважно од овие приказни“, што би рекол генијалниот Горан Стефановски, со кого нашиот ткаач на приказни Sоф, го почнува второто поглавје на романот „И јас сум Сирма“. Можете да го читате романот од напред од средина, а и од назад... како Хазарски речник. Хронологијата нема свој крај во романот, како ни идеологијата на Сирма. Да напишеш ваков роман фикција, фузија од историски факти и митови, среќа и горчина, реалност и фантазија, треба да си начитан, наслушан, нагледан, нашетан и наигран. Да си доообар играч на полето (терен) на културата. Не мора да си најаден и напиен, затоа што испишаните страници се храна и вино. Дегустаторите на романот ,,И јас сум Сирма" ќе имаат сервирана богата трпеза на пикантерии од далечното минато, поблиското минато и блиската иднина, без да почувствуваат дека се во сегашноста, качени на временската машина ала автобусот од филмот „Ко то тамо пева“ - рече Алексиќ.
Специјална гостинка на настанот беше младата актерка Јована Спасиќ, која беше во улога на Сирма. Со доза на драматичност, хумор и сарказам таа ја „оживеа“ Сирма на бината во денсинг-салата на МКЦ, претставувајќи ја истовремено нејзината храброст и сила, но и нежност и убавина. По промоцијата, забавата продолжи со настап на „Сирма rock’n’roll бенд“, кој изведе познати рок и поп-нумери од домашната и светската сцена. Како што беше случајот со претходните книги, така и со новата – заработката од продажбата на „И јас сум Сирма“, Ѕоф ќе ја донира во хумани цели. Вчера на Детската клиника во Скопје беше отворена библиотеката „Соба на бајките“ – донација на Зоран Спасов Ѕоф и „Арс Ламина“. Библиотеката е направена и опремена со средства од продажбата на претходната хит-книга на Ѕоф – „Цепај сине: пошто џабе живиш у Македонија“. Во библиотеката се застапени околу 100 книги за деца, сликовници, читанки и лектири на македонски и на албански јазик. Со оваа донација Ѕоф и „Арс Ламина“ ја продолжуваат заедничката мисија да им помогнат на најранливите категории, особено на децата.

The post Книгата „И јас сум Сирма“ ја пишував со смеа и солзи, кажа на промоцијата авторот Зоран Спасов Ѕоф appeared first on Република.

]]>
Промоција на романот „Ќе се видиме ли, пак!?“ од Зоран Радически во Скопје и во Тетово https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-romanot-ke-se-vidime-li-pak-od-zoran-radicheski-vo-skopje-i-vo-tetovo/ Mon, 28 Oct 2024 10:02:56 +0000 https://republika.mk/?p=831160

Романот „Ќе се видиме ли, пак!?“ од Зоран Радически, издание на „ПНВ Публикации“ од Скопје, ќе биде претставен пред тетовската и пред скопската публика. Првата промоција на романот ќе се одржи на 29 октомври од 19:30 часот во родниот град на авторот ‒ Тетово, во „Музејот на тетовскиот крај“ (поранешен Дом на АРМ), а книгата ќе ја промовира Перица Сарџоски, додека пак, промоцијата во Скопје е закажана за следниот ден ‒ 30 октомври со почеток во 20:00 часот во кафе-книжарницата „Буква“, а промотор ќе биде Дарко Лешоски. Настаните ќе ги модерира Јулијана Величковска. Изданието е поддржано од Министерството за култура.

‒ Во романот „Ќе се видиме ли, пак!?“ Зоран Радически на забавен начин раскажува за предизвиците на поединецот кој е изместен од својот досегашен животен контекст и простор. Среде хаосот на големиот град, еден сосема обичен човек се обидува да „плива“ и, од малите, искршени фрагменти на стварноста, да го обликува и преосмисли својот идентитет. Неговата емигрантска приказна не е натопена во блуз и патетика. Низ дисторзија од јазични игри и свесно кршење на стандардот, пред читателот, калеидоскопски, со голема брзина, се прикажуваат цела низа бизарни, необични случки, ексцентрични ликови, а атмосферата понекогаш е фантазмагорична и на граница на реалното. Во својот „расказнет роман“, иако дебитантски, авторот умешно се справува со предизвиците што ги носи пишувањето на оваа форма и вешто ги користи можностите на жанрот ‒ Иван Шопов.

Зоран Радически е книжевен преведувач, поет, лингвист и полиглот. Роден е во 1985 година во Скопје. Дипломирал и магистрирал на Катедрата за превод и толкување и на Катедрата за јужнословенски јазици при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Зоран, главно, преведува поезија и кратка проза од: германски, англиски, африкаанс, холандски; а во зависност од потребите, исто така и од: шпански, француски, италијански, руски и други јужнословенски јазици на македонски јазик и обратно. Има преведено повеќе збирки и песни од различни домашни и странски поети. Зоран пишува хаику, класична поезија и проза. Учествувал како поет на повеќе книжевни фестивали и застапен е во неколку антологии. Досега има објавено една хаику збирка на македонски јазик „Сенките во сонот“. Бил ангажиран како преведувач и толкувач на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ и во рамките на платформата за млади европски поети „Версополис“.

The post Промоција на романот „Ќе се видиме ли, пак!?“ од Зоран Радически во Скопје и во Тетово appeared first on Република.

]]>

Романот „Ќе се видиме ли, пак!?“ од Зоран Радически, издание на „ПНВ Публикации“ од Скопје, ќе биде претставен пред тетовската и пред скопската публика. Првата промоција на романот ќе се одржи на 29 октомври од 19:30 часот во родниот град на авторот ‒ Тетово, во „Музејот на тетовскиот крај“ (поранешен Дом на АРМ), а книгата ќе ја промовира Перица Сарџоски, додека пак, промоцијата во Скопје е закажана за следниот ден ‒ 30 октомври со почеток во 20:00 часот во кафе-книжарницата „Буква“, а промотор ќе биде Дарко Лешоски. Настаните ќе ги модерира Јулијана Величковска. Изданието е поддржано од Министерството за култура. ‒ Во романот „Ќе се видиме ли, пак!?“ Зоран Радически на забавен начин раскажува за предизвиците на поединецот кој е изместен од својот досегашен животен контекст и простор. Среде хаосот на големиот град, еден сосема обичен човек се обидува да „плива“ и, од малите, искршени фрагменти на стварноста, да го обликува и преосмисли својот идентитет. Неговата емигрантска приказна не е натопена во блуз и патетика. Низ дисторзија од јазични игри и свесно кршење на стандардот, пред читателот, калеидоскопски, со голема брзина, се прикажуваат цела низа бизарни, необични случки, ексцентрични ликови, а атмосферата понекогаш е фантазмагорична и на граница на реалното. Во својот „расказнет роман“, иако дебитантски, авторот умешно се справува со предизвиците што ги носи пишувањето на оваа форма и вешто ги користи можностите на жанрот ‒ Иван Шопов. Зоран Радически е книжевен преведувач, поет, лингвист и полиглот. Роден е во 1985 година во Скопје. Дипломирал и магистрирал на Катедрата за превод и толкување и на Катедрата за јужнословенски јазици при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Зоран, главно, преведува поезија и кратка проза од: германски, англиски, африкаанс, холандски; а во зависност од потребите, исто така и од: шпански, француски, италијански, руски и други јужнословенски јазици на македонски јазик и обратно. Има преведено повеќе збирки и песни од различни домашни и странски поети. Зоран пишува хаику, класична поезија и проза. Учествувал како поет на повеќе книжевни фестивали и застапен е во неколку антологии. Досега има објавено една хаику збирка на македонски јазик „Сенките во сонот“. Бил ангажиран како преведувач и толкувач на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ и во рамките на платформата за млади европски поети „Версополис“.

The post Промоција на романот „Ќе се видиме ли, пак!?“ од Зоран Радически во Скопје и во Тетово appeared first on Република.

]]>
„Меморија“ пушти во етер уште една нова песна насловена „За добро да е“ https://republika.mk/scena/memorija-pushti-vo-eter-ushte-edna-nova-pesna-naslovena-za-dobro-da-e/ Wed, 02 Oct 2024 07:47:14 +0000 https://republika.mk/?p=821584

Легендарната македонска група „Меморија“ во пресрет на својот голем славенички концерт закажан за 16-ти ноември 2024 во арената „Борис Трајковски“ по повод 40 години од своето постоење, во етер пушти уште една нова, петта по ред песна насловена „За добро да е“.

Овој пат во прашање е нова авторска песна, чиј автор е новиот гитарист на бендот Рубин Димковски, додека автор на текстот е Душко Темелковски, некогашниот пејач на прилепската група „Бен Хур“.
Песната е стилски поинаква од сето она што досега групата го работела, во брз ска ритам, но со мошне заразен и певлив хорски рефрен и стихови од кои извира чиста позитива, што и тоа како ни е потребно на сите нас во овие матни времиња. Главниот вокал и овој пат го преземал Ристо Самарџиев, но во хорските рефрени пеат сите челенови на групата, што дава добар шлагворт за уште подобра интеракција со публиката која ќе ја пее во еден глас со групата на нивниот претстоен, славенички скопски концерт, на 16-ти ноември, но и на сите останати настапи во иднина.
Како и претходните новоизлезени песни и оваа е снимена во студиото „Тра ла ла“ на Мите Димовски кој заедно со Давор Јордановски ја изработиле музичката продукција, додека извршен продуцент е Петар Георгиевски – Камиказа.
Песната официјално беше промовирана на прес конференција која се одржа во просториите на „Универзитет Скопје“.

https://www.youtube.com/watch?v=CaBbuOVEA8Q

The post „Меморија“ пушти во етер уште една нова песна насловена „За добро да е“ appeared first on Република.

]]>

Легендарната македонска група „Меморија“ во пресрет на својот голем славенички концерт закажан за 16-ти ноември 2024 во арената „Борис Трајковски“ по повод 40 години од своето постоење, во етер пушти уште една нова, петта по ред песна насловена „За добро да е“. Овој пат во прашање е нова авторска песна, чиј автор е новиот гитарист на бендот Рубин Димковски, додека автор на текстот е Душко Темелковски, некогашниот пејач на прилепската група „Бен Хур“. Песната е стилски поинаква од сето она што досега групата го работела, во брз ска ритам, но со мошне заразен и певлив хорски рефрен и стихови од кои извира чиста позитива, што и тоа како ни е потребно на сите нас во овие матни времиња. Главниот вокал и овој пат го преземал Ристо Самарџиев, но во хорските рефрени пеат сите челенови на групата, што дава добар шлагворт за уште подобра интеракција со публиката која ќе ја пее во еден глас со групата на нивниот претстоен, славенички скопски концерт, на 16-ти ноември, но и на сите останати настапи во иднина. Како и претходните новоизлезени песни и оваа е снимена во студиото „Тра ла ла“ на Мите Димовски кој заедно со Давор Јордановски ја изработиле музичката продукција, додека извршен продуцент е Петар Георгиевски – Камиказа. Песната официјално беше промовирана на прес конференција која се одржа во просториите на „Универзитет Скопје“. https://www.youtube.com/watch?v=CaBbuOVEA8Q

The post „Меморија“ пушти во етер уште една нова песна насловена „За добро да е“ appeared first on Република.

]]>
Промоција на „Костимот во Македонија“ во рамките на „Олабај“ – офф-програмата на фестивалот „Браќа Манаки“ https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-kostimot-vo-makedonija-vo-ramkite-na-olabaj-off-programata-na-festivalot-braka-manaki/ Tue, 17 Sep 2024 10:10:53 +0000 https://republika.mk/?p=817068

Фотомонографијата „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова-Младеновиќ ќе биде промовирана на 23 септември (понеделник), во 18 часот, во КЦ „Магаза“ во Битола. Настанот е во рамките на „Олабај“ – офф-програмата на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.

Промоторка на книгата ќе биде Наде Геневска-Брачиќ, етнолог и кустос-советник во НУ Завод и музеј – Битола, воедно и авторка на едниот предговор во книгата, а модераторка ќе биде уредничката Бисера Бендевска. „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ е издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и е поддржано од Министерството за култура, како дело од национален интерес.

Ова е второ претставување на „Костимот во Македонија“, по промоцијата во Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје, во март оваа година. Книгата ги сублимира сознанијата и знаењата здобиени од стручната наобразба на авторката во областа на костимографијата и на модниот дизајн, но и од работните искуства, пред сè како филмски и музејски костимограф. Повикувајќи се на големите студии на проф. д-р Ѓорѓи Здравев за македонските народни носии, на д-р Воислав С. Радовановиќ, кој се фокусирал на раскошноста на мариовската носија и на неколкумина други македонски стручни лица, етнолози, и потпирајќи се на својот вроден раскажувачки талент, Тодорова-Младеновиќ создаде читлив и рецептивен текст интересен за стручната јавност, но и за секој љубопитник што го интересира развојот на облеката во Македонија од првите фотографски записи, па до денес.

Стилот на пишување е белетризиран и збогатен со цитати од македонската книжевност, конкретно од романот „Крпен живот“ на Стале Попов во кој детално се опишуваат постапките на креирање облека во домаќинството, а вклучени се и сведоштва на историски личности од почетокот на 20 век во Македонија, кои зборуваат за други аспекти на облекувањето во тоа време. Книгата е збогатена со многубројни фотографии од приватната архива на авторката и од други извори, педантно забележани во книгата.

Зорка Тодорова-Младеновиќ (1943) е моден креатор, костимограф, автор и новинар. По дипломирањето на Националната школа за декоративни уметности во Париз, Франција, во 1968 година, се вработува во Радио-телевизија Скопје како костимограф за ТВ-серии, драми и музичко-забавни емисии. Истовремено работи костимографии и за играни филмови („Мементо“, „Жед“, „Истрел“, „Исправи се Делфина“, „Црвениот коњ“, „Хај-фај“, „Војната заврши“ итн.), и за театарски претстави (во Драмски театар, Кумановски театар, Битолски театар, Театар на националностите, Театар „Пралипе“ итн.). Во текот на својот работен век пишува и текстови за мода во македонските дневни и периодични изданија („Починка“, „Екран“, „Вечер“, „Нова Македонија“, „Журнал“, „Просветена жена“ и др.), а одреден период го уредува специјализираното списание „Текстилен информатор“. По пензионирањето, Тодорова-Младеновиќ реализира околу 200 историски костими за восочните фигури изложени во редовните поставки на Музејот на македонската борба за државност и самостојност, како и во Археолошкиот музеј во Скопје.

 

The post Промоција на „Костимот во Македонија“ во рамките на „Олабај“ – офф-програмата на фестивалот „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

]]>

Фотомонографијата „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова-Младеновиќ ќе биде промовирана на 23 септември (понеделник), во 18 часот, во КЦ „Магаза“ во Битола. Настанот е во рамките на „Олабај“ – офф-програмата на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Промоторка на книгата ќе биде Наде Геневска-Брачиќ, етнолог и кустос-советник во НУ Завод и музеј – Битола, воедно и авторка на едниот предговор во книгата, а модераторка ќе биде уредничката Бисера Бендевска. „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ е издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и е поддржано од Министерството за култура, како дело од национален интерес. Ова е второ претставување на „Костимот во Македонија“, по промоцијата во Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје, во март оваа година. Книгата ги сублимира сознанијата и знаењата здобиени од стручната наобразба на авторката во областа на костимографијата и на модниот дизајн, но и од работните искуства, пред сè како филмски и музејски костимограф. Повикувајќи се на големите студии на проф. д-р Ѓорѓи Здравев за македонските народни носии, на д-р Воислав С. Радовановиќ, кој се фокусирал на раскошноста на мариовската носија и на неколкумина други македонски стручни лица, етнолози, и потпирајќи се на својот вроден раскажувачки талент, Тодорова-Младеновиќ создаде читлив и рецептивен текст интересен за стручната јавност, но и за секој љубопитник што го интересира развојот на облеката во Македонија од првите фотографски записи, па до денес. Стилот на пишување е белетризиран и збогатен со цитати од македонската книжевност, конкретно од романот „Крпен живот“ на Стале Попов во кој детално се опишуваат постапките на креирање облека во домаќинството, а вклучени се и сведоштва на историски личности од почетокот на 20 век во Македонија, кои зборуваат за други аспекти на облекувањето во тоа време. Книгата е збогатена со многубројни фотографии од приватната архива на авторката и од други извори, педантно забележани во книгата. Зорка Тодорова-Младеновиќ (1943) е моден креатор, костимограф, автор и новинар. По дипломирањето на Националната школа за декоративни уметности во Париз, Франција, во 1968 година, се вработува во Радио-телевизија Скопје како костимограф за ТВ-серии, драми и музичко-забавни емисии. Истовремено работи костимографии и за играни филмови („Мементо“, „Жед“, „Истрел“, „Исправи се Делфина“, „Црвениот коњ“, „Хај-фај“, „Војната заврши“ итн.), и за театарски претстави (во Драмски театар, Кумановски театар, Битолски театар, Театар на националностите, Театар „Пралипе“ итн.). Во текот на својот работен век пишува и текстови за мода во македонските дневни и периодични изданија („Починка“, „Екран“, „Вечер“, „Нова Македонија“, „Журнал“, „Просветена жена“ и др.), а одреден период го уредува специјализираното списание „Текстилен информатор“. По пензионирањето, Тодорова-Младеновиќ реализира околу 200 историски костими за восочните фигури изложени во редовните поставки на Музејот на македонската борба за државност и самостојност, како и во Археолошкиот музеј во Скопје.  

The post Промоција на „Костимот во Македонија“ во рамките на „Олабај“ – офф-програмата на фестивалот „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

]]>
Промоција на романот „Деца“ од Милена Марковиќ во МКЦ https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-romanot-detsa-od-milena-markovik-vo-mkts/ Wed, 04 Sep 2024 08:36:03 +0000 https://republika.mk/?p=812970

Во бифето на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, вечерва, на 4 септември, со почеток во 20 часот, ќе се одржи промоција на романот „Деца“ од познатата српска авторка Милена Марковиќ. Овој роман, што во 2021 година ја освои престижната НИН-ова награда, носи моќна и емотивна приказна за животот и растењето.

Промоцијата ќе биде проследена со разговор меѓу авторката и македонската писателка Јулијана Величковска, а изданието е објавено од ПНВ Публикации, со поддршка од Министерството за култура на Република Србија. Преводот на македонски јазик е дело на Сашо Огненовски.

Критиките за романот се одлични. Познатиот новинар Теофил Панчиќ за „Деца“ вели: „Ова е книга што ќе остави траен впечаток на читателот. Не можам да замислам некој кој ќе ја прочита, а нема да се почувствува променет“. Писателот Миљенко Јерговиќ додава: „’Деца‘ е поетско ремек-дело за женственоста, мајчинството и историјата, роман што ни ги отвора трауматичните сеќавања на минатото“.

Милена Марковиќ е истакната драматургка, сценаристка и поетеса. Нејзини дела, како сценариото за серијата „Мочуриште“ и драмите „Брод за кукли“ и „Павилјони“, се изведуваат и на македонските сцени, вклучувајќи го и Народниот театар во Битола. Во својата кариера, Марковиќ има освоено бројни награди за својата литературна и драмска работа, како што се „Милош Црњански“ и „Борисав Михајловиќ Михиз“.

 

The post Промоција на романот „Деца“ од Милена Марковиќ во МКЦ appeared first on Република.

]]>

Во бифето на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, вечерва, на 4 септември, со почеток во 20 часот, ќе се одржи промоција на романот „Деца“ од познатата српска авторка Милена Марковиќ. Овој роман, што во 2021 година ја освои престижната НИН-ова награда, носи моќна и емотивна приказна за животот и растењето. Промоцијата ќе биде проследена со разговор меѓу авторката и македонската писателка Јулијана Величковска, а изданието е објавено од ПНВ Публикации, со поддршка од Министерството за култура на Република Србија. Преводот на македонски јазик е дело на Сашо Огненовски. Критиките за романот се одлични. Познатиот новинар Теофил Панчиќ за „Деца“ вели: „Ова е книга што ќе остави траен впечаток на читателот. Не можам да замислам некој кој ќе ја прочита, а нема да се почувствува променет“. Писателот Миљенко Јерговиќ додава: „’Деца‘ е поетско ремек-дело за женственоста, мајчинството и историјата, роман што ни ги отвора трауматичните сеќавања на минатото“. Милена Марковиќ е истакната драматургка, сценаристка и поетеса. Нејзини дела, како сценариото за серијата „Мочуриште“ и драмите „Брод за кукли“ и „Павилјони“, се изведуваат и на македонските сцени, вклучувајќи го и Народниот театар во Битола. Во својата кариера, Марковиќ има освоено бројни награди за својата литературна и драмска работа, како што се „Милош Црњански“ и „Борисав Михајловиќ Михиз“.  

The post Промоција на романот „Деца“ од Милена Марковиќ во МКЦ appeared first on Република.

]]>
Владата ќе ја промовира мерката „Помалку трошоци-повеќе за сите“ https://republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-ke-ja-promovira-merkata-pomalku-troshotsi-poveke-za-site/ Tue, 03 Sep 2024 10:59:35 +0000 https://republika.mk/?p=812662

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата ќе одржи прес-конференција на која ќе ја промовира мерката „Помалку трошоци-повеќе за сите“.

Како што соопшти владината прес-служба, станува збор за мерка со која ќе се замрзнат и намалат цените на производите потребни за децата за отпочнување на учебната година, со што, како што велат, директно ќе се помогне за заштита на стандардот на граѓаните.

 

The post Владата ќе ја промовира мерката „Помалку трошоци-повеќе за сите“ appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата ќе одржи прес-конференција на која ќе ја промовира мерката „Помалку трошоци-повеќе за сите“. Како што соопшти владината прес-служба, станува збор за мерка со која ќе се замрзнат и намалат цените на производите потребни за децата за отпочнување на учебната година, со што, како што велат, директно ќе се помогне за заштита на стандардот на граѓаните.  

The post Владата ќе ја промовира мерката „Помалку трошоци-повеќе за сите“ appeared first on Република.

]]>
Новата книга „Трибун, Хронистерик, Номад” од македонскиот писател Александар Прокопиев ќе биде промовирана денес на Гевгелиско културно лето https://republika.mk/vesti/kultura/novata-kniga-tribun-hronisterik-nomad-od-makedonskiot-pisatel-aleksandar-prokopiev-ke-bide-promovirana-denes-na-gevgelisko-kulturno-leto/ Tue, 13 Aug 2024 10:42:33 +0000 https://republika.mk/?p=806113

Новата книга „Трибун, Хронистерик, Номад” од македонскиот писател Александар Прокопиев ќе биде промовирана денес во 19:30 часот во хотел Аполонија, во рамки на Гевгелиско културно лето 2024.

Промотор: Влатко Галевски

 

Оваа широка, длабока и пловна есеистичка книга на Александар Прокопиев, на самиот раб помеѓу критичкиот и прозниот дискурс, содржи десетина текстови со сроден тоналитет, подредени во три музички именувани циклуси: Praeludium, Scherzo и Lento.

Александар Прокопиев (1953, Скопје) досега објавил дваесетина прозни книги – раскази, новели, есеи и еден роман – некои од нив се преведени на светски и балкански јазици. Во 2000-та година, Енциклопедија Британика ја истакна неговата книга хибридна проза „Антиупатства за лична употреба” меѓу најинтересните годишни изданија од Југоисточна Европа, во 2011-та година за збирката бајки за возрасни „Човечулец” Прокопиев ја доби угледната меѓународна награда „Балканика”, 2022 година во најновата едиција на обемната, реномирана историја на европските книжевности „Les Lettres Europeenes”, неговата проза се анализира во поглавјето „Тенденции и современи фигури 1989-2021”, споредувајќи ја неговата со нарацијата на инвентивните раскажувачи како Бартелми, Калвино…

 

На најновата книга есеи „Трибун, Хронистерик, Номад” ѝ претходеа: „Дали Калимах беше постмодернист?” (1994), „Патувања на сказната” (1996), „Постмодерен Вавилон” (2000), „Борхес и Компјутерот” (2005), „Измислувајќи ја Европа” (2014).

The post Новата книга „Трибун, Хронистерик, Номад” од македонскиот писател Александар Прокопиев ќе биде промовирана денес на Гевгелиско културно лето appeared first on Република.

]]>

Новата книга „Трибун, Хронистерик, Номад” од македонскиот писател Александар Прокопиев ќе биде промовирана денес во 19:30 часот во хотел Аполонија, во рамки на Гевгелиско културно лето 2024. Промотор: Влатко Галевски   Оваа широка, длабока и пловна есеистичка книга на Александар Прокопиев, на самиот раб помеѓу критичкиот и прозниот дискурс, содржи десетина текстови со сроден тоналитет, подредени во три музички именувани циклуси: Praeludium, Scherzo и Lento. Александар Прокопиев (1953, Скопје) досега објавил дваесетина прозни книги – раскази, новели, есеи и еден роман – некои од нив се преведени на светски и балкански јазици. Во 2000-та година, Енциклопедија Британика ја истакна неговата книга хибридна проза „Антиупатства за лична употреба” меѓу најинтересните годишни изданија од Југоисточна Европа, во 2011-та година за збирката бајки за возрасни „Човечулец” Прокопиев ја доби угледната меѓународна награда „Балканика”, 2022 година во најновата едиција на обемната, реномирана историја на европските книжевности „Les Lettres Europeenes”, неговата проза се анализира во поглавјето „Тенденции и современи фигури 1989-2021”, споредувајќи ја неговата со нарацијата на инвентивните раскажувачи како Бартелми, Калвино…   На најновата книга есеи „Трибун, Хронистерик, Номад” ѝ претходеа: „Дали Калимах беше постмодернист?” (1994), „Патувања на сказната” (1996), „Постмодерен Вавилон” (2000), „Борхес и Компјутерот” (2005), „Измислувајќи ја Европа” (2014).

The post Новата книга „Трибун, Хронистерик, Номад” од македонскиот писател Александар Прокопиев ќе биде промовирана денес на Гевгелиско културно лето appeared first on Република.

]]>
Промоција на „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска во Кавадарци https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-edinstven-matichen-broj-od-lidija-dimkovska-vo-kavadartsi/ Mon, 12 Aug 2024 13:28:42 +0000 https://republika.mk/?p=805883

Во деновите кои доаѓаат, Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ги најавува следните настани:

Вторник, 13 август 2024, 20 часот, Галерија при Дом на култура Кавадарци – отворање на изложба на дела од деветата Меѓународна радовишка ликовна колонија 2024.

Среда, 14 август 2024, 20 часот, Градски плоштад Кавадарци – концерт “Фатени за раце го менуваме светот“ со настап на членови на Фолклорниот ансамбл “Тиквеш“ кој работи при Дом на култура Кавадарци и учениците од посебната паралелка при ОУ “Страшо Пинџур“ Кавадарци.

Четврток, 15 август 2024, 20 часот, Галерија при Дом на култура Кавадарци – Промоција на „Роман на годината 2023“ чиј добитник е една од најпознатите македонски писателки Лидија Димковска. За романот и наградата ќе зборуваат познатиот македонски новинар Ѕвездан Георгиевски, како претставник на Фондацијата “Славко Јаневски“ која ја доделува наградата, промоторот Виолета Танчева Златева и секако авторката на наградениот роман “Единствен матичен број“ – Лидија Димковска. Наградата Роман на годината годинава се додели по 25 пат, а во Кавадарци се случува промоција по петти пат, традиционално како прв град после Скопје.

The post Промоција на „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска во Кавадарци appeared first on Република.

]]>

Во деновите кои доаѓаат, Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ги најавува следните настани: Вторник, 13 август 2024, 20 часот, Галерија при Дом на култура Кавадарци – отворање на изложба на дела од деветата Меѓународна радовишка ликовна колонија 2024. Среда, 14 август 2024, 20 часот, Градски плоштад Кавадарци – концерт “Фатени за раце го менуваме светот“ со настап на членови на Фолклорниот ансамбл “Тиквеш“ кој работи при Дом на култура Кавадарци и учениците од посебната паралелка при ОУ “Страшо Пинџур“ Кавадарци. Четврток, 15 август 2024, 20 часот, Галерија при Дом на култура Кавадарци – Промоција на „Роман на годината 2023“ чиј добитник е една од најпознатите македонски писателки Лидија Димковска. За романот и наградата ќе зборуваат познатиот македонски новинар Ѕвездан Георгиевски, како претставник на Фондацијата “Славко Јаневски“ која ја доделува наградата, промоторот Виолета Танчева Златева и секако авторката на наградениот роман “Единствен матичен број“ – Лидија Димковска. Наградата Роман на годината годинава се додели по 25 пат, а во Кавадарци се случува промоција по петти пат, традиционално како прв град после Скопје.

The post Промоција на „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска во Кавадарци appeared first on Република.

]]>
„Флипбук филм фестивал“ заврши со промоција на монографијата на Никица Гилиќ „Предавања за филмскиот модернизам“ https://republika.mk/scena/film/flipbuk-film-festival-zavrshi-so-promotsija-na-monografijata-na-nikitsa-gilik-predavana-za-filmskiot-modernizam/ Mon, 12 Aug 2024 08:22:17 +0000 https://republika.mk/?p=805704

Синоќа со промоција на монографијата на Никица Гилиќ „Predavanja o filmskom modernizmu“ (2024) во издание на Leykam International, Zagreb, Croatia заврши фестивалот на анимиран филм „Флипбук филм фестивал“

Новата авторска книга на професорот по филмологија и книжевен компаративист Никица Гилиќ, „Predavanja o filmskom modernizmu“, донесува фундаментални размислувања за филмскиот модернизам, типологијата на модернистичките филмови и анализи на одредени репрезентативни дела и опуси на играни, експериментални, анимирани и документарни филмови – од зрелите достигнувања на Томислав Готовац, преку загрепската школа за анимиран филм и авторски филмски класици – до Карл Тодор Драјер, Роберт Бресон, „Безбедно место“ на Јурје Леротиќ и филмовите на Стенли Кјубрик, браќата Коен, Дамир Чучиќ, Маја Дерен и други современи хрватски аниматори.

Целта на оваа монографија е да ги доближи модернизмот и постмодернизмот до филмските љубители, поради што авторот користи примери од делата на избраните автори, велат организаторите.

Книгата ја промовираа професор Александар Прокопиев и Жарко Иванов.

The post „Флипбук филм фестивал“ заврши со промоција на монографијата на Никица Гилиќ „Предавања за филмскиот модернизам“ appeared first on Република.

]]>

Синоќа со промоција на монографијата на Никица Гилиќ „Predavanja o filmskom modernizmu“ (2024) во издание на Leykam International, Zagreb, Croatia заврши фестивалот на анимиран филм „Флипбук филм фестивал“

Новата авторска книга на професорот по филмологија и книжевен компаративист Никица Гилиќ, „Predavanja o filmskom modernizmu“, донесува фундаментални размислувања за филмскиот модернизам, типологијата на модернистичките филмови и анализи на одредени репрезентативни дела и опуси на играни, експериментални, анимирани и документарни филмови – од зрелите достигнувања на Томислав Готовац, преку загрепската школа за анимиран филм и авторски филмски класици – до Карл Тодор Драјер, Роберт Бресон, „Безбедно место“ на Јурје Леротиќ и филмовите на Стенли Кјубрик, браќата Коен, Дамир Чучиќ, Маја Дерен и други современи хрватски аниматори.

Целта на оваа монографија е да ги доближи модернизмот и постмодернизмот до филмските љубители, поради што авторот користи примери од делата на избраните автори, велат организаторите.

Книгата ја промовираа професор Александар Прокопиев и Жарко Иванов.

The post „Флипбук филм фестивал“ заврши со промоција на монографијата на Никица Гилиќ „Предавања за филмскиот модернизам“ appeared first on Република.

]]>
Претставен проектот „Владетелки на Балканот“: Со апликацијата влегувате во Палата на Скопското кале, решавате загатки за да го пронајдете тајниот предмет на средновековната владетелка Марија Палеологова https://republika.mk/vesti/kultura/pretstaven-proektot-vladetelki-na-balkanot-so-aplikatsijata-vleguvate-vo-palata-na-skopsko-kale-reshavate-zagatki-za-da-go-pronajdete-tajniot-predmet-na-srednovekovnata-vladetelka-marija-paleologova/ Fri, 09 Aug 2024 10:18:21 +0000 https://republika.mk/?p=804894

Приказните на истакнати жени што владееле во средновековниот период на Балканот,  кои беа во фокусот на проектот „Владетелки на Балканот“ (SheLeadersVR) кој  се реализираше во Скопје со фотограметриско снимање и дигитализација на артефакти во Музејот на Македонија, стигна до финалето.

Проектот е поддржан од програмата на „Креативна Европа“, а кофинансиран од Министерството за култура. Центарот за научно истражување и промоција на културата „ХАЕМУС“ – домаќин и партнер од Македонија, го работеше овој проект во партнерство со: Здружението за дигитализација и информација на културното наследство „Digi.ba“, NoHo Ireland, Универзитетот во Сараево, Народниот музеј на Црна Гора и Археолошкиот институт при САНУ во Белград.

Во Европска куќа во Скопје деновиве се одржа промоција на VR и AR апликациите.

Целта на проектот е да се создадат дигитални апликации коишто ќе овозможат користење на виртуелна и проширена реалност при реконструкција на животот, дејствијата, просторот за живеење и предметите поврзани со пет избрани жени – средновековни владетелки од територијата на Западниот Балкан.

Врз основа на научно истражување, пишани и визуелни извори, беа создадени сценарија за играниот сегмент на VR апликацијата како и фантастични костуми со цел да се оживеат петте женски владетели на средновековниот Балкан.

На реконструкција на костумот на византиската принцеза и кралица Марија Палеологова, работеше м-р Василка Димитровска, креативен директор на ХАЕМУС, која беше во својство на главен консултант на проектот од Македонија. Костумот беше изложен за време на прес конференцијата, а понатаму ќе биде изложен и достапен при различни промотивни активности.

Историскиот костум на кралицата Марија Палеологова е специјално создаден  за потребите на AR и VR апликациите, каде што го носи вистинска актерка во автентично историско опкружување кое е дигитално реконструирано. Поради спецификата на театарската изработка, костумот не може да се облекува како кај примерите со жива интерпретација на наследството, туку е изложбен експонат којшто јавноста набрзо ќе има можност да го види.

Дополнително со историскиот костум, ХАЕМУС доби на управување и целосна опрема за VR искуство која вклучува и специјални окулари или очила за VR со чија помош ова искуство во времетраење од половина час е сеопфатно за сите сетила. Со нив може да се погледнат приказните за 5 кралици кои се направени во форма на интерактивна квиз-игра, а кога ќе ги заврши петте видео игри се отвора шеста врата која води кон тајна одаја каде се наоѓаат предметите (артефактите) што корисникот ги собрал попатно.

Тоа е видео игра, каде што треба да се пронајдат тајни артефакти коишто припаѓаат на сите кралици. Во случајот со Македонија, корисниците на апликацијата буквално влегуваат во средновековната Палата на Скопско Кале која за потребите на проектот е реконструирана, се движат низ неа и решаваат загатки, за да можат да го пронајдат тајниот предмет којшто ѝ припаѓал на средновековната владетелка Марија Палеологова,  објасни на средбата со новинарите, Димитровска

The post Претставен проектот „Владетелки на Балканот“: Со апликацијата влегувате во Палата на Скопското кале, решавате загатки за да го пронајдете тајниот предмет на средновековната владетелка Марија Палеологова appeared first on Република.

]]>

Приказните на истакнати жени што владееле во средновековниот период на Балканот,  кои беа во фокусот на проектот „Владетелки на Балканот“ (SheLeadersVR) кој  се реализираше во Скопје со фотограметриско снимање и дигитализација на артефакти во Музејот на Македонија, стигна до финалето. Проектот е поддржан од програмата на „Креативна Европа“, а кофинансиран од Министерството за култура. Центарот за научно истражување и промоција на културата „ХАЕМУС“ – домаќин и партнер од Македонија, го работеше овој проект во партнерство со: Здружението за дигитализација и информација на културното наследство „Digi.ba“, NoHo Ireland, Универзитетот во Сараево, Народниот музеј на Црна Гора и Археолошкиот институт при САНУ во Белград. Во Европска куќа во Скопје деновиве се одржа промоција на VR и AR апликациите. Целта на проектот е да се создадат дигитални апликации коишто ќе овозможат користење на виртуелна и проширена реалност при реконструкција на животот, дејствијата, просторот за живеење и предметите поврзани со пет избрани жени – средновековни владетелки од територијата на Западниот Балкан. Врз основа на научно истражување, пишани и визуелни извори, беа создадени сценарија за играниот сегмент на VR апликацијата како и фантастични костуми со цел да се оживеат петте женски владетели на средновековниот Балкан. На реконструкција на костумот на византиската принцеза и кралица Марија Палеологова, работеше м-р Василка Димитровска, креативен директор на ХАЕМУС, која беше во својство на главен консултант на проектот од Македонија. Костумот беше изложен за време на прес конференцијата, а понатаму ќе биде изложен и достапен при различни промотивни активности.
Историскиот костум на кралицата Марија Палеологова е специјално создаден  за потребите на AR и VR апликациите, каде што го носи вистинска актерка во автентично историско опкружување кое е дигитално реконструирано. Поради спецификата на театарската изработка, костумот не може да се облекува како кај примерите со жива интерпретација на наследството, туку е изложбен експонат којшто јавноста набрзо ќе има можност да го види. Дополнително со историскиот костум, ХАЕМУС доби на управување и целосна опрема за VR искуство која вклучува и специјални окулари или очила за VR со чија помош ова искуство во времетраење од половина час е сеопфатно за сите сетила. Со нив може да се погледнат приказните за 5 кралици кои се направени во форма на интерактивна квиз-игра, а кога ќе ги заврши петте видео игри се отвора шеста врата која води кон тајна одаја каде се наоѓаат предметите (артефактите) што корисникот ги собрал попатно. Тоа е видео игра, каде што треба да се пронајдат тајни артефакти коишто припаѓаат на сите кралици. Во случајот со Македонија, корисниците на апликацијата буквално влегуваат во средновековната Палата на Скопско Кале која за потребите на проектот е реконструирана, се движат низ неа и решаваат загатки, за да можат да го пронајдат тајниот предмет којшто ѝ припаѓал на средновековната владетелка Марија Палеологова,  објасни на средбата со новинарите, Димитровска

The post Претставен проектот „Владетелки на Балканот“: Со апликацијата влегувате во Палата на Скопското кале, решавате загатки за да го пронајдете тајниот предмет на средновековната владетелка Марија Палеологова appeared first on Република.

]]>
Промоција на новиот спот на скопскиот бенд Занаду вечерва во Лабораториум https://republika.mk/scena/promotsija-na-noviot-spot-na-skopskiot-bend-zanadu-vecherva-vo-laboratorium/ Thu, 08 Aug 2024 18:41:16 +0000 https://republika.mk/?p=804710

Вечерва во Културниот центар „Лабораториум“ во Скопје, со почеток во 21:00 часот, ќе се одржи промоцијата на новиот спот на скопскиот бенд „Занаду“.

Песната “Не сакам” е сингл направен во длабочините на морето, од забите на сонцето, предвесник на вториот студиски албум на бендот.

The post Промоција на новиот спот на скопскиот бенд Занаду вечерва во Лабораториум appeared first on Република.

]]>

Вечерва во Културниот центар „Лабораториум“ во Скопје, со почеток во 21:00 часот, ќе се одржи промоцијата на новиот спот на скопскиот бенд „Занаду“. Песната “Не сакам” е сингл направен во длабочините на морето, од забите на сонцето, предвесник на вториот студиски албум на бендот.

The post Промоција на новиот спот на скопскиот бенд Занаду вечерва во Лабораториум appeared first on Република.

]]>
Во „Прличевата одаја“ денеска промоција на „Секојдневен ореол“ од Оливера Јовановска https://republika.mk/vesti/kultura/vo-prlichevata-odaja-deneska-promotsija-na-sekojdneven-oreol-od-olivera-jovanovska/ Thu, 08 Aug 2024 07:32:17 +0000 https://republika.mk/?p=804424

Денеска напладне во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде промовирано најновото поетско дело на Оливера Јовановска „Секојдневниот ореол“.
Промотор ќе биде проф. д-р Виолета Ачкоска.
Стихови ќе читаат Софија Милеска и Христијан Јовановски.
Оливера Јовановска е родена на 21 јули 1970 година во Битола, Македонија. Таа е македонска и австралиска поетеса која во далечната 1986 година се пресели да живее во Австралија. Таму се здобива со диплома за администрација и бизнис менаџмент, кој се главен фактор за нејзино успешно менаџирање бизнис за здрава храна. Моментално поголем дел од времето го минува во Скопје, Македонија.
Автор е на збирките поезија „Неостварена љубов” (2020), „Магични љубовни зборови” (2021), „Одмрзнати чувства” (2022) „Слушни го срцето” (2023), „Време безвремено” (2023), ,, Секојдневниот ореол“ (2024), ,,Примабалерина“ (2024), Хаику поезија ,,Бисерно клопче“ (2024), збирката раскази „Талкање низ соништата” (2024), како и збирката раскази за деца ,,Чувај го детето во себе“ (2024). Јовановска е автор и на романот „Лавиринт на Вистината” (2021), кој е издаден на англиски, албански и руски јазик. Застапена е со поезија и проза во повеќе зборници и антологии во Македонија.
Член е на МЛД „Григор Прличев” од Сиднеј и на МЛД „Кочо Рацин“ од Мелбурн, исто така е член и на фондацијата ,,Такец“ од Битола.
Оливера Јовановска повеќепати е наградувана за поезија и проза во Австралија и Македонија. Некои од нејзините песни се изведувани од познати македонски интерпретатори, така што нејзините стихови се слушнати и на неколку фестивали.

The post Во „Прличевата одаја“ денеска промоција на „Секојдневен ореол“ од Оливера Јовановска appeared first on Република.

]]>

Денеска напладне во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде промовирано најновото поетско дело на Оливера Јовановска „Секојдневниот ореол“. Промотор ќе биде проф. д-р Виолета Ачкоска. Стихови ќе читаат Софија Милеска и Христијан Јовановски. Оливера Јовановска е родена на 21 јули 1970 година во Битола, Македонија. Таа е македонска и австралиска поетеса која во далечната 1986 година се пресели да живее во Австралија. Таму се здобива со диплома за администрација и бизнис менаџмент, кој се главен фактор за нејзино успешно менаџирање бизнис за здрава храна. Моментално поголем дел од времето го минува во Скопје, Македонија. Автор е на збирките поезија „Неостварена љубов” (2020), „Магични љубовни зборови” (2021), „Одмрзнати чувства” (2022) „Слушни го срцето” (2023), „Време безвремено” (2023), ,, Секојдневниот ореол“ (2024), ,,Примабалерина“ (2024), Хаику поезија ,,Бисерно клопче“ (2024), збирката раскази „Талкање низ соништата” (2024), како и збирката раскази за деца ,,Чувај го детето во себе“ (2024). Јовановска е автор и на романот „Лавиринт на Вистината” (2021), кој е издаден на англиски, албански и руски јазик. Застапена е со поезија и проза во повеќе зборници и антологии во Македонија. Член е на МЛД „Григор Прличев” од Сиднеј и на МЛД „Кочо Рацин“ од Мелбурн, исто така е член и на фондацијата ,,Такец“ од Битола. Оливера Јовановска повеќепати е наградувана за поезија и проза во Австралија и Македонија. Некои од нејзините песни се изведувани од познати македонски интерпретатори, така што нејзините стихови се слушнати и на неколку фестивали.

The post Во „Прличевата одаја“ денеска промоција на „Секојдневен ореол“ од Оливера Јовановска appeared first on Република.

]]>
„Радио“ и „Неправилен ритам“ – навезени вистини за едни времиња https://republika.mk/vesti/kultura/radio-i-nepravilen-ritam-navezeni-vistini-za-edni-vremina/ Wed, 07 Aug 2024 14:28:16 +0000 https://republika.mk/?p=804269

„Радио“  и „Неправилен ритам -Приказни од современата македонска музичка сцена “ се насловите на  книгите што вчеравечер во рамки на програмата на „Охридско лето“ ги промовира авторот, новинарот Љупчо Јолевски.

Добрила Грашеска, Игор Трпчески, Сашо Поповски и Александра Поповска, со своето учество на промоцијата во Предворјето на црквата „Света Софија“ ја  споделија убавина на пишаниот збор, на македонската  музика и на македонската култура воопшто.

Поранешниот новинар Дејан Трајкоски, книгите на Јолевски ги гледа како „текстуални винили“.

-Документаристички раритет. Искра светлина од мрачните лавиринти на македонското копи-пејст новинарство. Навезени вистини за едни времиња, гледани од горе, од високо, а срочени лесно, чиниш, како со пердув“, вели Трајкоски.

Според професорката и писателка Ана Стојаноска, книгата „Неправилен ритам“  иако делува како место за чување на историјата, е одлична база за чување на сето она што во денешен контекст значи современа музичка култура и како таква треба да ни биде дел од нашето секојдневно културно и уметничко доживување.

Авторот на овие две исклучително вредни дела , Љупчо Јолевски, најави дека нема да застане само на овие две книги, туку наскоро ќе следува и трета книга напишана од неговото перо.

-Овие две книги беа мојата лична потреба, не да оставам дел од себе туку дел од македонската култура како документ, како сведоштво за времето што допрва доаѓа. Втората е наменета на моите внуци кои допрва ќе растат и на сите нивни врсници да знаат што имало овде, на ова тло. Тука сме да ја споделиме мислата, да ја споделиме песната, да го величаме зборот. Долго размислував за оваа моја промоција во Охрид, каде ќе биде, како ќе биде. Им благодарам на „Охридско лето“, на дирекцијата, на сите оние кои таму се ангажирани за оваа можност што ми дозволија вечерва да излеземе овде пред вас и да кажеме некој збор, да ви понудиме вечер во која ќе го славиме сето она што е убаво, сето она што е вредно и можеби ќе ја запомниме потребата да бидеме блиски и да споделиме срцевина, рече Јолевски посакувајќи во Охрид да се множат културните настани кои ќе ја враќаат вербата во она што е всушност Охрид, мека на културата.

Љупчо Јолевски  е новинар кој професионалната новинарска кариера ја започнал во почетокот на 1980-те во весникот на младите на Македонија – „Млад борец“, безмалку едновремено со  почетокот од Интердисциплинарните студии по новинарство на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Една деценија подоцна, во 1990-те се префрла во Втората програма на Македонското радио, каде бил новинар и водител на неколку контактни и музички емисии, за од 1995 година покрај редовните програмски обврски, цели четири години да биде уредник – координатор на култната Стотројка (Музичкото радио – Канал 103), која во тој период за своите програмски дострели ја добива и Годишната награда на МРТВ.Истото ова признание што го доделуваше МРТВ Љупчо Јолевски, како новинар и уредник го има добиено и во 1998 година.

Во таа декада и половина, тој  со своите текстови бил присутен во ревијата „Екран“, магазините „Рок“, „Време – забаве“, „Македонско време“, „Град“…

Инаку, Јолевски, за својата долгогодишна работа во новинарството минатата година ја доби наградата „13 ноември“ што ја доделува Град Скопје.

 

 

 

 

 

The post „Радио“ и „Неправилен ритам“ – навезени вистини за едни времиња appeared first on Република.

]]>

„Радио“  и „Неправилен ритам -Приказни од современата македонска музичка сцена “ се насловите на  книгите што вчеравечер во рамки на програмата на „Охридско лето“ ги промовира авторот, новинарот Љупчо Јолевски. Добрила Грашеска, Игор Трпчески, Сашо Поповски и Александра Поповска, со своето учество на промоцијата во Предворјето на црквата „Света Софија“ ја  споделија убавина на пишаниот збор, на македонската  музика и на македонската култура воопшто. Поранешниот новинар Дејан Трајкоски, книгите на Јолевски ги гледа како „текстуални винили“. -Документаристички раритет. Искра светлина од мрачните лавиринти на македонското копи-пејст новинарство. Навезени вистини за едни времиња, гледани од горе, од високо, а срочени лесно, чиниш, како со пердув“, вели Трајкоски. Според професорката и писателка Ана Стојаноска, книгата „Неправилен ритам“  иако делува како место за чување на историјата, е одлична база за чување на сето она што во денешен контекст значи современа музичка култура и како таква треба да ни биде дел од нашето секојдневно културно и уметничко доживување. Авторот на овие две исклучително вредни дела , Љупчо Јолевски, најави дека нема да застане само на овие две книги, туку наскоро ќе следува и трета книга напишана од неговото перо. -Овие две книги беа мојата лична потреба, не да оставам дел од себе туку дел од македонската култура како документ, како сведоштво за времето што допрва доаѓа. Втората е наменета на моите внуци кои допрва ќе растат и на сите нивни врсници да знаат што имало овде, на ова тло. Тука сме да ја споделиме мислата, да ја споделиме песната, да го величаме зборот. Долго размислував за оваа моја промоција во Охрид, каде ќе биде, како ќе биде. Им благодарам на „Охридско лето“, на дирекцијата, на сите оние кои таму се ангажирани за оваа можност што ми дозволија вечерва да излеземе овде пред вас и да кажеме некој збор, да ви понудиме вечер во која ќе го славиме сето она што е убаво, сето она што е вредно и можеби ќе ја запомниме потребата да бидеме блиски и да споделиме срцевина, рече Јолевски посакувајќи во Охрид да се множат културните настани кои ќе ја враќаат вербата во она што е всушност Охрид, мека на културата. Љупчо Јолевски  е новинар кој професионалната новинарска кариера ја започнал во почетокот на 1980-те во весникот на младите на Македонија – „Млад борец“, безмалку едновремено со  почетокот од Интердисциплинарните студии по новинарство на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Една деценија подоцна, во 1990-те се префрла во Втората програма на Македонското радио, каде бил новинар и водител на неколку контактни и музички емисии, за од 1995 година покрај редовните програмски обврски, цели четири години да биде уредник – координатор на култната Стотројка (Музичкото радио – Канал 103), која во тој период за своите програмски дострели ја добива и Годишната награда на МРТВ.Истото ова признание што го доделуваше МРТВ Љупчо Јолевски, како новинар и уредник го има добиено и во 1998 година. Во таа декада и половина, тој  со своите текстови бил присутен во ревијата „Екран“, магазините „Рок“, „Време – забаве“, „Македонско време“, „Град“… Инаку, Јолевски, за својата долгогодишна работа во новинарството минатата година ја доби наградата „13 ноември“ што ја доделува Град Скопје.          

The post „Радио“ и „Неправилен ритам“ – навезени вистини за едни времиња appeared first on Република.

]]>
На „Охридско лето“ промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од новинарот Јолевски https://republika.mk/vesti/kultura/na-ohridsko-leto-promotsija-na-knigite-radio-i-nepravilen-ritam-od-novinarot-jolevski/ Tue, 06 Aug 2024 08:02:55 +0000 https://republika.mk/?p=803753

Фестивалот „Охридско лето“ вечерва во Предворјето на црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот организира  промоција на книгите  „Радио“ и „Неправилен ритам“ од авторот Љупчо Јолевски.

Љупчо Јолевски  е новинар кој професионалната новинарска кариера ја започнал во почетокот на 1980-те во весникот на младите на Македонија – „Млад борец“, безмалку едновремено со  почетокот од Интердисциплинарните студии по новинарство на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Една деценија подоцна, во 1990-те се префрла во Втората програма на Македонското радио, каде бил новинар и водител на неколку контактни и музички емисии, за од 1995 година покрај редовните програмски обврски, цели четири години да биде уредник – координатор на култната Стотројка (Музичкото радио – Канал 103), која во тој период за своите програмски дострели ја добива и Годишната награда на МРТВ.Истото ова признание што го доделуваше МРТВ Љупчо Јолевски, како новинар и уредник го има добиено и во 1998 година.

Во таа декада и половина, тој  со своите текстови бил присутен во ревијата „Екран“, магазините „Рок“, „Време – забаве“, „Македонско време“, „Град“…

Инаку, Љупчо Јолевски има објавено две книги „Радио“ и „Неправилен ритам – Приказни од современата македонска музичка сцена“ и за својата долгогодишна работа во новинарството минатата година ја доби наградата „13 ноември“ што ја доделува Град Скопје.

The post На „Охридско лето“ промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од новинарот Јолевски appeared first on Република.

]]>

Фестивалот „Охридско лето“ вечерва во Предворјето на црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот организира  промоција на книгите  „Радио“ и „Неправилен ритам“ од авторот Љупчо Јолевски. Љупчо Јолевски  е новинар кој професионалната новинарска кариера ја започнал во почетокот на 1980-те во весникот на младите на Македонија – „Млад борец“, безмалку едновремено со  почетокот од Интердисциплинарните студии по новинарство на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Една деценија подоцна, во 1990-те се префрла во Втората програма на Македонското радио, каде бил новинар и водител на неколку контактни и музички емисии, за од 1995 година покрај редовните програмски обврски, цели четири години да биде уредник – координатор на култната Стотројка (Музичкото радио – Канал 103), која во тој период за своите програмски дострели ја добива и Годишната награда на МРТВ.Истото ова признание што го доделуваше МРТВ Љупчо Јолевски, како новинар и уредник го има добиено и во 1998 година. Во таа декада и половина, тој  со своите текстови бил присутен во ревијата „Екран“, магазините „Рок“, „Време – забаве“, „Македонско време“, „Град“… Инаку, Љупчо Јолевски има објавено две книги „Радио“ и „Неправилен ритам – Приказни од современата македонска музичка сцена“ и за својата долгогодишна работа во новинарството минатата година ја доби наградата „13 ноември“ што ја доделува Град Скопје.

The post На „Охридско лето“ промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од новинарот Јолевски appeared first on Република.

]]>
Мултимедијалната промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ – Приказни за современата македонска сцена“ од Љупчо Јолевски во Охрид https://republika.mk/vesti/kultura/multimedijalnata-promotsija-na-knigite-radio-i-nepravilen-ritam-prikazni-za-sovremenata-makedonska-stsena-od-lupcho-jolevski-vo-ohrid/ Mon, 05 Aug 2024 10:59:34 +0000 https://republika.mk/?p=803497

Утре во рамките на програмата на „Охридско лето“ ќе се одржи мултимедијалната промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ - Приказни за современата македонска сцена“ од Љупчо Јолевски.

Ве очекуваме со многу позитивна енергија, во вторник на 6 август, во 21 часот во предворјето на црквата Света Софија со Добрила Грашеска, Игор Трпчески, Сашо Поповски и Александра Поповска.
Дојдете да ја споделиме убавината на пишаниот збор, нашата музика и македонската култура!, велат организаторите.

The post Мултимедијалната промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ – Приказни за современата македонска сцена“ од Љупчо Јолевски во Охрид appeared first on Република.

]]>

Утре во рамките на програмата на „Охридско лето“ ќе се одржи мултимедијалната промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ - Приказни за современата македонска сцена“ од Љупчо Јолевски.

Ве очекуваме со многу позитивна енергија, во вторник на 6 август, во 21 часот во предворјето на црквата Света Софија со Добрила Грашеска, Игор Трпчески, Сашо Поповски и Александра Поповска.
Дојдете да ја споделиме убавината на пишаниот збор, нашата музика и македонската култура!, велат организаторите.

The post Мултимедијалната промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ – Приказни за современата македонска сцена“ од Љупчо Јолевски во Охрид appeared first on Република.

]]>
Весна Мојсова Чепишевска, Братислав Димитров и Горјан Петрески ќе ги промовираат книгите „Огне“ и „Време на желби“ од Виолета Наумовска https://republika.mk/vesti/kultura/vesna-mojsova-chepishevska-bratislav-dimitrov-i-gorjan-petreski-ke-gi-promoviraat-knigite-ogne-i-vreme-na-zhelbi-od-violeta-naumovska/ Thu, 25 Jul 2024 09:09:59 +0000 https://republika.mk/?p=800113

Во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“ утре - 25.07.2024г. (четврток), со почеток во 12 часот во Сули ан ќе се одржи промоција на книгите „Огне“ и „Време за желби“ на авторката Виолета Наумовска.

Промотори на настанот се проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска, Братислав Димитров и Горјан Петрески.

 

The post Весна Мојсова Чепишевска, Братислав Димитров и Горјан Петрески ќе ги промовираат книгите „Огне“ и „Време на желби“ од Виолета Наумовска appeared first on Република.

]]>

Во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“ утре - 25.07.2024г. (четврток), со почеток во 12 часот во Сули ан ќе се одржи промоција на книгите „Огне“ и „Време за желби“ на авторката Виолета Наумовска. Промотори на настанот се проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска, Братислав Димитров и Горјан Петрески.  

The post Весна Мојсова Чепишевска, Братислав Димитров и Горјан Петрески ќе ги промовираат книгите „Огне“ и „Време на желби“ од Виолета Наумовска appeared first on Република.

]]>
Промоција на книгата „Балкански вознеси“ од Васил Тоциновски денеска на „Скопско лето“ https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-knigata-balkanski-voznesi-od-vasil-totsinovski-deneska-na-skopsko-leto/ Fri, 19 Jul 2024 07:15:46 +0000 https://republika.mk/?p=798267

Промоцијата на книгата „Балкански вознеси“ од авторот Васил Тоциновски ќе се одржи во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“ на 19.07.2024г. (петок) со почеток во 12:00ч. во Градската кафеана „Пелистер“.

Промотори: проф. д-р Васил Дрвошанов и м-р Сашо Огненовски

Книгата „Балкански вознеси“ на македонскиот писател и научен работник Васил Тоциновски, издание на „Академска мисла“ Скопје, претставува своевидно освежување. Во ова заитано и превртено време на конфликти, недоразбирања, разградувања и непочитување ги проследува, толкува и вреднува заедничките нешта кои ги зближуваат и творечки ги обединуваат балканските литерaтури. Книгата содржи дваесет текстови во кои низ архивски истражувања и нова документација се разгледуваат малку познати и се отвораат нови страници за одредени автори и дела, појави и пројави во македонската книжевност од еден подолг временски период, почнувајќи од втората половина на деветнаесеттиот век до денес. 

Васил Тоциновски на триста страници во книгата „Балкански вознеси“ е во потрага на автори и дела, појави и пројави, процеси и состојби кои градат мостови на пријателство, почит, доверба и соработка меѓу народите и државите. Настрана од дипломатијата и историјата авторот системно и аргументирано открива нови и непознати страници од животот и делото на Андреја Д. Петкович и Кочо Рацин. Станува збор за текстови кои се читливи, интересни, разбирливи со убавините на стилот и јазикот со кои го идентификуваме авторскиот ракопис на Тоциновски. 

The post Промоција на книгата „Балкански вознеси“ од Васил Тоциновски денеска на „Скопско лето“ appeared first on Република.

]]>

Промоцијата на книгата „Балкански вознеси“ од авторот Васил Тоциновски ќе се одржи во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“ на 19.07.2024г. (петок) со почеток во 12:00ч. во Градската кафеана „Пелистер“. Промотори: проф. д-р Васил Дрвошанов и м-р Сашо Огненовски
Книгата „Балкански вознеси“ на македонскиот писател и научен работник Васил Тоциновски, издание на „Академска мисла“ Скопје, претставува своевидно освежување. Во ова заитано и превртено време на конфликти, недоразбирања, разградувања и непочитување ги проследува, толкува и вреднува заедничките нешта кои ги зближуваат и творечки ги обединуваат балканските литерaтури. Книгата содржи дваесет текстови во кои низ архивски истражувања и нова документација се разгледуваат малку познати и се отвораат нови страници за одредени автори и дела, појави и пројави во македонската книжевност од еден подолг временски период, почнувајќи од втората половина на деветнаесеттиот век до денес.  Васил Тоциновски на триста страници во книгата „Балкански вознеси“ е во потрага на автори и дела, појави и пројави, процеси и состојби кои градат мостови на пријателство, почит, доверба и соработка меѓу народите и државите. Настрана од дипломатијата и историјата авторот системно и аргументирано открива нови и непознати страници од животот и делото на Андреја Д. Петкович и Кочо Рацин. Станува збор за текстови кои се читливи, интересни, разбирливи со убавините на стилот и јазикот со кои го идентификуваме авторскиот ракопис на Тоциновски. 

The post Промоција на книгата „Балкански вознеси“ од Васил Тоциновски денеска на „Скопско лето“ appeared first on Република.

]]>
Промоција на книгата „(Пре)врски-препознавање на нарцисоидна злоупотреба“ од Слаѓана Васовиќ во Охрид https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-knigata-pre-vrski-prepoznavane-na-nartsisoidna-zloupotreba-od-slagana-vasovik-vo-ohrid/ Wed, 17 Jul 2024 19:07:20 +0000 https://republika.mk/?p=797787

В среда, во Охрид, во кафе-бар Шила (комплекс Летница) со почеток во 18:30 часот, ќе биде промовирана книгата „(Пре)врски-препознавање на нарцисоидна злоупотреба“ од Слаѓана Васовиќ.

Книга која јасно го дефинира емотивното насилствo

“Насилство во кое не се гледаат модринки и рани на телото, а душата крвави. Ова насилство низ годините се смета за начин на однесување и не е казниво со закон.
Книга за секоја жртва на нарцисоидна злоупотреба која е во потрага по дефинирање на својот проблем.
Најтешкиот чекор на секоја жртва на ова насилство е да го прифати и дефинира како насилство тоа кое ја повредува. Најчесто овие жртви имаат преголемо чувство на вина и сметаат дека тие се виновни за сè што им се случува.
Токму меѓу овие редови ќе успеат да препознаат свои однесувања, доживувања и размислувања. Тоа помага да се осознае дека жртвата не „измислува“, туку напротив, доживува реално насилство и не е сама во борбата против ова.
Преку лични и вистински примери доловена е манипулативната игра на нарцисот која дава поголема јаснотија на истата шема кај сите различни примери.
Јасно е посочена проблематика на влијанието на културата и општеството врз создавањето и поддржувањето ваков тип насилство.
Книга која ќе ви даде поддршка доколку постојано сте во позиција да се објаснувате, да докажувате низ што се поминувате, да излезете од тој круг и да не се чувствувате единствени во таа борба, пишува рецензентот на книгата, Проф.д-р Ана Чучкова, психолог.

 

Зошто треба да правиме разлика меѓу патолошкиот нарцизам и нарцизмот како појава во постмодерното општество кој им дава смисла на некои нови процеси, или накратко, како селфи цивилизацијата да ја разликуваме од нарцизмот кој може да уништи животи? Честото зборување за некаква пандемија на нарцизам ги меша поимите. На спектарот од нарцизмот, патолошки се екстремните степени.
Во денешно време и пречесто се употребува зборот нарцис, многу често кога зборуваме за познати личности, политичари, инфлуенсери на социјалните мрежи и токсични личности во нашето опкружување. Многумина ќе забележат дека зборот е премногу дијагностички или етикетирачки, но најголемата опасност како што забележува професорката д-р Рамани Дурвасула е во тоа што комплексноста на една личност овде се сведува на еден збор. Ако се користи пречесто, тој ја губи својата описна моќ. Исто така, може погрешно да се употребува за некој кој е површен, бара внимание, фалбаџија е или неверен, а всушност да не е нарцисоиден. Тоа креира повеќе ризици, вели д-р Рамани. На тој начин може да се минимизира неволјата на тие што се наоѓаат во нарцисоидни врски, што значи дека нема да ја добијат поддршката или емпатијата што им треба.“

The post Промоција на книгата „(Пре)врски-препознавање на нарцисоидна злоупотреба“ од Слаѓана Васовиќ во Охрид appeared first on Република.

]]>

В среда, во Охрид, во кафе-бар Шила (комплекс Летница) со почеток во 18:30 часот, ќе биде промовирана книгата „(Пре)врски-препознавање на нарцисоидна злоупотреба“ од Слаѓана Васовиќ.
Книга која јасно го дефинира емотивното насилствo “Насилство во кое не се гледаат модринки и рани на телото, а душата крвави. Ова насилство низ годините се смета за начин на однесување и не е казниво со закон. Книга за секоја жртва на нарцисоидна злоупотреба која е во потрага по дефинирање на својот проблем. Најтешкиот чекор на секоја жртва на ова насилство е да го прифати и дефинира како насилство тоа кое ја повредува. Најчесто овие жртви имаат преголемо чувство на вина и сметаат дека тие се виновни за сè што им се случува. Токму меѓу овие редови ќе успеат да препознаат свои однесувања, доживувања и размислувања. Тоа помага да се осознае дека жртвата не „измислува“, туку напротив, доживува реално насилство и не е сама во борбата против ова. Преку лични и вистински примери доловена е манипулативната игра на нарцисот која дава поголема јаснотија на истата шема кај сите различни примери. Јасно е посочена проблематика на влијанието на културата и општеството врз создавањето и поддржувањето ваков тип насилство. Книга која ќе ви даде поддршка доколку постојано сте во позиција да се објаснувате, да докажувате низ што се поминувате, да излезете од тој круг и да не се чувствувате единствени во таа борба, пишува рецензентот на книгата, Проф.д-р Ана Чучкова, психолог.
 
Зошто треба да правиме разлика меѓу патолошкиот нарцизам и нарцизмот како појава во постмодерното општество кој им дава смисла на некои нови процеси, или накратко, како селфи цивилизацијата да ја разликуваме од нарцизмот кој може да уништи животи? Честото зборување за некаква пандемија на нарцизам ги меша поимите. На спектарот од нарцизмот, патолошки се екстремните степени. Во денешно време и пречесто се употребува зборот нарцис, многу често кога зборуваме за познати личности, политичари, инфлуенсери на социјалните мрежи и токсични личности во нашето опкружување. Многумина ќе забележат дека зборот е премногу дијагностички или етикетирачки, но најголемата опасност како што забележува професорката д-р Рамани Дурвасула е во тоа што комплексноста на една личност овде се сведува на еден збор. Ако се користи пречесто, тој ја губи својата описна моќ. Исто така, може погрешно да се употребува за некој кој е површен, бара внимание, фалбаџија е или неверен, а всушност да не е нарцисоиден. Тоа креира повеќе ризици, вели д-р Рамани. На тој начин може да се минимизира неволјата на тие што се наоѓаат во нарцисоидни врски, што значи дека нема да ја добијат поддршката или емпатијата што им треба.“

The post Промоција на книгата „(Пре)врски-препознавање на нарцисоидна злоупотреба“ од Слаѓана Васовиќ во Охрид appeared first on Република.

]]>
„Додека спиеш“ промовирана во Охрид: Билјана Стојановска умее во песните да даде неочекуван пресврт и од реалност незабележливо да нѐ внесе во бајка https://republika.mk/vesti/kultura/dodeka-spiesh-promovirana-vo-ohrid-biljana-stojanovska-umee-vo-pesnite-da-dade-neochekuvan-presvrt-i-od-realnost-nezabelezhlivo-da-n-vnese-vo-bajka/ Sun, 14 Jul 2024 11:13:02 +0000 https://republika.mk/?p=796606

Во кафе барот „Ликвид“ во Охрид синоќа беше промовирана книгата „Додека спиеш“ од македонската поетеса Биљана Стојановска, во издание на издавачка куќа: „Чудна шума“

Пред присутните за поезијата на Стојановска говореше Билјана Црвенковска, уредник на „Чудна шума“, а стихови интерпретираа: Ана Голејшка Џикова, Долорес Атанасова-Лори, Снежана Стојчевска и Елена Митреска.

Стојановска умее со природноста на Господинов, да напише стихови за празнење на цревата и тоа да биде поетично. Умее во песните да даде неочекуван пресврт или ефект на изненадување, но умее и од реалност незабележливо да нѐ внесе во бајка и да нѐ воодушеви со магичниот реализам. Да ни раскаже приказна за камионот со сладолед и за вкусовите на летото среде зима, но и да нѐ тресне од сивиот бетон и да нѐ врати во реалноста на болничките соби каде што луѓето се обидуваат да си го вратат достоинството и да си ја задржат главата на рамена, вели Снежана Стојчевска во рецензијата за книгата.

Биљана Стојановска е родена 1984 година. Има дипломирано на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на отсекот за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Во 2015 година ја објави нејзината прва збирка поезија „Зборовите немаат значење“ во издание на „Антолог“. Добитник е на книжевната награда „Тодор Чаловски“ за 2017 година за книгата „Стан што се распаѓа“ (2018, „Галикул“). Нејзината поезија е преведена на англиски, германски, кинески, српски, полски, словенечки јазик, а застапена е и во повеќе списанија за литература и антологии.

Прв пат имам промоција надвор од Скопје и многу ми е драго дека тое е токму на едно од најубавите места во Охрид. Кога се договаравме за промоцијата прво реков, ама јас немам охридска публика, меѓутоа се покажа дека тоа не е вистина. Им благодарам на охриѓаните кои активно следат што се случува на современата книжевна сцена и на стружаните. Многу ми е драго што дојдовте и посакувам да уживате во интерпретацијата на мојата поезија од овие четири жени на кои посебно им се заблагодарувам бидејќи без нив ова немаше да се случи, рече Стојановска.

The post „Додека спиеш“ промовирана во Охрид: Билјана Стојановска умее во песните да даде неочекуван пресврт и од реалност незабележливо да нѐ внесе во бајка appeared first on Република.

]]>

Во кафе барот „Ликвид“ во Охрид синоќа беше промовирана книгата „Додека спиеш“ од македонската поетеса Биљана Стојановска, во издание на издавачка куќа: „Чудна шума“ Пред присутните за поезијата на Стојановска говореше Билјана Црвенковска, уредник на „Чудна шума“, а стихови интерпретираа: Ана Голејшка Џикова, Долорес Атанасова-Лори, Снежана Стојчевска и Елена Митреска.
Стојановска умее со природноста на Господинов, да напише стихови за празнење на цревата и тоа да биде поетично. Умее во песните да даде неочекуван пресврт или ефект на изненадување, но умее и од реалност незабележливо да нѐ внесе во бајка и да нѐ воодушеви со магичниот реализам. Да ни раскаже приказна за камионот со сладолед и за вкусовите на летото среде зима, но и да нѐ тресне од сивиот бетон и да нѐ врати во реалноста на болничките соби каде што луѓето се обидуваат да си го вратат достоинството и да си ја задржат главата на рамена, вели Снежана Стојчевска во рецензијата за книгата.
Биљана Стојановска е родена 1984 година. Има дипломирано на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на отсекот за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Во 2015 година ја објави нејзината прва збирка поезија „Зборовите немаат значење“ во издание на „Антолог“. Добитник е на книжевната награда „Тодор Чаловски“ за 2017 година за книгата „Стан што се распаѓа“ (2018, „Галикул“). Нејзината поезија е преведена на англиски, германски, кинески, српски, полски, словенечки јазик, а застапена е и во повеќе списанија за литература и антологии.
Прв пат имам промоција надвор од Скопје и многу ми е драго дека тое е токму на едно од најубавите места во Охрид. Кога се договаравме за промоцијата прво реков, ама јас немам охридска публика, меѓутоа се покажа дека тоа не е вистина. Им благодарам на охриѓаните кои активно следат што се случува на современата книжевна сцена и на стружаните. Многу ми е драго што дојдовте и посакувам да уживате во интерпретацијата на мојата поезија од овие четири жени на кои посебно им се заблагодарувам бидејќи без нив ова немаше да се случи, рече Стојановска.

The post „Додека спиеш“ промовирана во Охрид: Билјана Стојановска умее во песните да даде неочекуван пресврт и од реалност незабележливо да нѐ внесе во бајка appeared first on Република.

]]>
Промоција на книгата „Додека спиеш“ од македонската поетеса Биљана Стојановска вечерва во Охрид https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-knigata-dodeka-spiesh-od-makedonskata-poetesa-bilana-stojanovska-vecherva-vo-ohrid/ Sat, 13 Jul 2024 09:03:26 +0000 https://republika.mk/?p=796317

Денес, со почеток во 19:30 часот во кафе барот „Ликвид“ во Охрид, ќе биде промовирана книгата „Додека спиеш“ од македонската поетеса Биљана Стојановска.

Издавачка куќа: „Чудна шума“

 

Промотор: Билјана Црвенковска

Стихови ќе интерпретираат: Ана Голејшка Џикова, Долорес Атанасова-Лори, Снежана Стојчевска и Елена Митреска.

 

„Стојановска умее со природноста на Господинов, да напише стихови за празнење на цревата и тоа да биде поетично. Умее во песните да даде неочекуван пресврт или ефект на изненадување, но умее и од реалност незабележливо да нѐ внесе во бајка и да нѐ воодушеви со магичниот реализам. Да ни раскаже приказна за камионот со сладолед и за вкусовите на летото среде зима, но и да нѐ тресне од сивиот бетон и да нѐ врати во реалноста на болничките соби каде што луѓето се обидуваат да си го вратат достоинството и да си ја задржат главата на рамена“, вели Снежана Стојчевска во рецензијата за книгата.

Биљана Стојановска е родена 1984 година. Има дипломирано на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на отсекот за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Во 2015 година ја објави нејзината прва збирка поезија „Зборовите немаат значење“ во издание на „Антолог“. Добитник е на книжевната награда „Тодор Чаловски“ за 2017 година за книгата „Стан што се распаѓа“ (2018, „Галикул“). Нејзината поезија е преведена на англиски, германски, кинески, српски, полски, словенечки јазик, а застапена е и во повеќе списанија за литература и антологии.

The post Промоција на книгата „Додека спиеш“ од македонската поетеса Биљана Стојановска вечерва во Охрид appeared first on Република.

]]>

Денес, со почеток во 19:30 часот во кафе барот „Ликвид“ во Охрид, ќе биде промовирана книгата „Додека спиеш“ од македонската поетеса Биљана Стојановска. Издавачка куќа: „Чудна шума“   Промотор: Билјана Црвенковска Стихови ќе интерпретираат: Ана Голејшка Џикова, Долорес Атанасова-Лори, Снежана Стојчевска и Елена Митреска.   „Стојановска умее со природноста на Господинов, да напише стихови за празнење на цревата и тоа да биде поетично. Умее во песните да даде неочекуван пресврт или ефект на изненадување, но умее и од реалност незабележливо да нѐ внесе во бајка и да нѐ воодушеви со магичниот реализам. Да ни раскаже приказна за камионот со сладолед и за вкусовите на летото среде зима, но и да нѐ тресне од сивиот бетон и да нѐ врати во реалноста на болничките соби каде што луѓето се обидуваат да си го вратат достоинството и да си ја задржат главата на рамена“, вели Снежана Стојчевска во рецензијата за книгата. Биљана Стојановска е родена 1984 година. Има дипломирано на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на отсекот за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Во 2015 година ја објави нејзината прва збирка поезија „Зборовите немаат значење“ во издание на „Антолог“. Добитник е на книжевната награда „Тодор Чаловски“ за 2017 година за книгата „Стан што се распаѓа“ (2018, „Галикул“). Нејзината поезија е преведена на англиски, германски, кинески, српски, полски, словенечки јазик, а застапена е и во повеќе списанија за литература и антологии.

The post Промоција на книгата „Додека спиеш“ од македонската поетеса Биљана Стојановска вечерва во Охрид appeared first on Република.

]]>