промоција на книга Archives - Република https://republika.mk/tema/promocija-na-kniga/ За подобро да се разбереме Wed, 05 Jun 2024 08:59:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png промоција на книга Archives - Република https://republika.mk/tema/promocija-na-kniga/ 32 32 Книжевен разговор и промоција на книгата „Небото ми е дома“ од академик Катица Ќулавкова https://republika.mk/vesti/kultura/knizheven-razgovor-i-promotsija-na-knigata-neboto-mi-e-doma-od-akademik-katitsa-kulavkova/ Wed, 05 Jun 2024 08:59:52 +0000 https://republika.mk/?p=784869

Вечерва во Хотел „Сириус“ во Струмица ќе се одржи книжевен разговор и промоција на книгата „Небото ми е дома“ од академик професор Катица Ќулавкова во организација на Фондација „Елеуса“.

Промотори на книгата ќе бидат д-р Игор Радев, д-р Ана Витанова Рингачева и м-р Сузана Мицева, поезијата ќе ја интерпретира Катерина Панов Кожаров, а настанот музички ќе го збогатат ВИС „Стихири“.

Во најавата за промоцијата организаторите ја пренесуваат изјавата на Ќулавкова дека станува збор за збирка од четири циклуси, набожна поезија.

-Поезијата не може да биде „побожна“, но може да има „набожна“ димензија. Во набожната поезија универзалните мотиви се посматраат на непретенциозен и рафиниран личен начин. Таквата поезија искажува верски чувства не само експлицитно, со зборови, туку и преку интонацијата, ритамот. Таквата поезија користи митски слики, алузии, метафори, алегории, реминисценции, симболи. Таквата поезија не глуми, туку востановува извесни состојби на богољубие, ја дивинизира природата и го користи „сакралниот интертекст“ за поетски цели (одломки од светите писма), пишува авторката во предговорот.

Академик Ќулавкова додава дека книгата почнала спонтано, но последните неколку години на неа работела концептуално и со јасна свест. Професорката суптилно нагласува дека можеби мотивот во таквата концептуалност лежи во она што е спротивно на верата, која, како што појаснува проф.д-р Ќулавкова, не е неверата, туку изневерата и тоа на идеалите и неотуѓивите добра на индивидуата.

Катица Ќулавкова (1951) е писателка и универзитетски професор во пензија по теорија и херменевтика на книжевноста. Таа е редовен член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) од 2003 година, член на Европската академија на науките и уметностите (Салцбург) и потпретседател на Меѓународниот ПЕН (Лондон). Почесен член е на Францускиот и на Турскиот ПЕН центар. Има објавено околу сто книги, било како автор (поезија, кратки раскази, есеи, критики и научни студии), или како приредувач, главен редактор или коавтор, во оригинал на македонски јазик или во превод.

Добитник е на сите позначајни македонски книжевни награди, како и на државните награди за животно дело „11 Октомври“ и за наука „Гоце Делчев“. Добитник е и на награди на Друштвото на писателите на Романија и на Албанскиот ПЕН Центар. Во 2021 година француската Влада ѝ го додели високото признание „Офицер во областа на уметноста и книжевноста“.

The post Книжевен разговор и промоција на книгата „Небото ми е дома“ од академик Катица Ќулавкова appeared first on Република.

]]>

Вечерва во Хотел „Сириус“ во Струмица ќе се одржи книжевен разговор и промоција на книгата „Небото ми е дома“ од академик професор Катица Ќулавкова во организација на Фондација „Елеуса“. Промотори на книгата ќе бидат д-р Игор Радев, д-р Ана Витанова Рингачева и м-р Сузана Мицева, поезијата ќе ја интерпретира Катерина Панов Кожаров, а настанот музички ќе го збогатат ВИС „Стихири“.
Во најавата за промоцијата организаторите ја пренесуваат изјавата на Ќулавкова дека станува збор за збирка од четири циклуси, набожна поезија. -Поезијата не може да биде „побожна“, но може да има „набожна“ димензија. Во набожната поезија универзалните мотиви се посматраат на непретенциозен и рафиниран личен начин. Таквата поезија искажува верски чувства не само експлицитно, со зборови, туку и преку интонацијата, ритамот. Таквата поезија користи митски слики, алузии, метафори, алегории, реминисценции, симболи. Таквата поезија не глуми, туку востановува извесни состојби на богољубие, ја дивинизира природата и го користи „сакралниот интертекст“ за поетски цели (одломки од светите писма), пишува авторката во предговорот.
Академик Ќулавкова додава дека книгата почнала спонтано, но последните неколку години на неа работела концептуално и со јасна свест. Професорката суптилно нагласува дека можеби мотивот во таквата концептуалност лежи во она што е спротивно на верата, која, како што појаснува проф.д-р Ќулавкова, не е неверата, туку изневерата и тоа на идеалите и неотуѓивите добра на индивидуата. Катица Ќулавкова (1951) е писателка и универзитетски професор во пензија по теорија и херменевтика на книжевноста. Таа е редовен член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) од 2003 година, член на Европската академија на науките и уметностите (Салцбург) и потпретседател на Меѓународниот ПЕН (Лондон). Почесен член е на Францускиот и на Турскиот ПЕН центар. Има објавено околу сто книги, било како автор (поезија, кратки раскази, есеи, критики и научни студии), или како приредувач, главен редактор или коавтор, во оригинал на македонски јазик или во превод. Добитник е на сите позначајни македонски книжевни награди, како и на државните награди за животно дело „11 Октомври“ и за наука „Гоце Делчев“. Добитник е и на награди на Друштвото на писателите на Романија и на Албанскиот ПЕН Центар. Во 2021 година француската Влада ѝ го додели високото признание „Офицер во областа на уметноста и книжевноста“.

The post Книжевен разговор и промоција на книгата „Небото ми е дома“ од академик Катица Ќулавкова appeared first on Република.

]]>
Промоција на книга на Сузана Милевска https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-kniga-na-suzana-milevska/ Thu, 02 May 2024 15:22:45 +0000 https://republika.mk/?p=773469

КСП Центар-Јадро и Контрапункт во рамките на деветтото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, платформа која ја покрена во 2016 година, со радост ве поканува на промоција на македонското издание на книгата „Партиципациска уметност: парадигматски пресврт од објекти кон субјекти“ од Сузана Милевска, една од нашите најзначајни теоретичарки на визуелна култура и кураторка.

 

Промоцијата ќе се одвива во дијалошки формат помеѓу Сузана Милевска и Артан Садику, политички филозоф. Воведни зборови ќе има Искра Гешоска, теоретичарка на културата и културна работничка, а свои интревенции ќе има Тијана Ана Спасовска, историчарка на уметноста. Промоцијата е замислена како отворен дискурзивен и партиципациски настан што ќе вклучи и сесија со прашања и одговори од присутните.

 

„Партиципациска уметност: парадигматски пресврт од објекти кон субјекти“ е избор од петнаесет есеи за париципациската уметност со фокус на уметноста во Југоисточна и Централна Европа. Милевска ги напишала и објавувала овие текстови на англиски во текот на повеќе од петнаесет години. За првпат, овие есеи се објавуваат заедно во оваа збирка, почнувајќи со првиот есеј напишан на оваа тема во 2006 година. Сите есеи се преведени на македонски јазик и уредени од Ана Димишковска, деканка на Институтот за филозофија и професорка по логика и филозофија, при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“, Скопје.

 

Сузана Милевска ги артикулира и интерпретира плуралните, отворени, променливи форми во уметноста кои, сепак, претставуваат кохерентно единство, структура која потенцира и репрезентира одреден свет на релации помеѓу поединечните општествени и човечки и интимни наративи, помеѓу политичкото и уметничкото. Зошто е од исклучително значење книгата со теориски артикулации и размислувања на Сузана Милевска – заради нејзината важна интервенција во етичко-политичката организација на промислувањето на партиципациската уметност, и заради нејзиното храбро и предизвикувачко отворање/поставување прашања преку чии можни одговори може одново да се освои изгубениот политички и уметнички простор, разбиен со безмилосните напади на глобалниот неолиберализам. Милевска освен што во една повеќегодишна епистемолошка перспектива нуди огромен спектар на предностите и замките кои со себе ги носи партиципациската уметност, таа едновремено, нѐ воведува во една поинаква перспектива низ која ги согледуваме и институционалните лавиринти, и постколонијалните спирали, а сето тоа, се разбира, со исклучително внимателно инсистирање на контекстите во кои се одвиваат ваквите динамики.

 

Книгата на Милевска Контрапункт ја објави и на англиски јазик, а промоцијата на англиското издание беше во март 2024 година, во Њујорк.

 

Сузана Милевска е кураторка и теоретичарка на визуелните уметности и култура. Нејзините теориски и кураторски интереси се свртени кон постколонијалната критика на хегемонските режими на моќта во претставувањето, родовите разлики во визуелната култура, и феминистичките, партиципациските и колаборативните уметнички практики. Милевска била Главен истражувач на проектот на Хоризонт во 2020 насловен како ТРАГИ на Политехничкиот Универзитет Милано, а во 2019 година таа ја курирала завршната изложба Спорни објекти/Засрамени субјекти. Во 2013 година, таа била назначена за прв поддржан професор за историја на уметностите од Централна и Југоисточна Европа на Уметничката Акдемија во Виена (2013-2015). Милевска докторирала визуелна култура на Голдсмит Колеџ, при Лондонскиот Универзитет. Во 2004 година била Фулбрајтов стипендист како виш истражувач во Конгресната библиотека во Вашингтон. Таа има курирано бројни меѓународни изложби, го има иницирано проектот Повикај го сведокото – Рома павилјон на Венециското биенале (2010-2011). Нејзините текстови се преведени на бугарски, хрватски, англиски, француски, унгарски, германски, италијански, јапонски, руски, српски, словенечки, шпански, шведски, турски, итн. Таа е автор и уредник на многу книги, меѓу кои Gender Difference in the Balkans, 2010, The Renaming Machine: The Book, 2010, и On Productive Shame, Reconciliation, и Agency, SternbergPress, 2016 година. Во 2012 ја добива наградата Игор Забел за култура и теорија.

 

Оваа книга е објавена како дел од проектот Peripheral Visions – towards a trans(l)national publishing culture, кој си поставува за цел да развие меѓународна размена меѓу малите културни и лингвистички контексти на полуперифериите на Европа со меѓусебна поддршка преку ко-продукции, ко-креации, трансфер на знаења и споделување на ресурси. Преку мултилингвално издаваштво, трансдисциплинирана културна продукција, алтернативна дистрибуција, размена на знаење, дигитални содржини, отворени дигитални технологии, и нови формати на игри, проектот создава меѓународен простор за создавање и експериментирање во издавачкиот процес. Peripheral Visions е заеднички проект на Културтрегер, Маска од Љубљана, eipcp – European Institute for Progressive Cultural Policies, kuda.org, Контрапункт и Мултимедијалниот Институт со здружените партнери Kulturföreningen Glänta и EUROZINE.

 

Изданието е финансиски поддржано од Министерството за култура на Република Македонија и програмата Креативна Европа на Европската Комисија, финансирана од Европската Унија. Но гледиштата и мислењата што се изразени во неа се сепак само на авторот(ите) и не нужно ги одразуваат оние на Европската Унија или на Европската агенција за образование и (EACEA). Ниту Европската Унија ниту доделувачот на грантот не можат да се сметаат за одговорни за нив.

The post Промоција на книга на Сузана Милевска appeared first on Република.

]]>

КСП Центар-Јадро и Контрапункт во рамките на деветтото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, платформа која ја покрена во 2016 година, со радост ве поканува на промоција на македонското издание на книгата „Партиципациска уметност: парадигматски пресврт од објекти кон субјекти“ од Сузана Милевска, една од нашите најзначајни теоретичарки на визуелна култура и кураторка.   Промоцијата ќе се одвива во дијалошки формат помеѓу Сузана Милевска и Артан Садику, политички филозоф. Воведни зборови ќе има Искра Гешоска, теоретичарка на културата и културна работничка, а свои интревенции ќе има Тијана Ана Спасовска, историчарка на уметноста. Промоцијата е замислена како отворен дискурзивен и партиципациски настан што ќе вклучи и сесија со прашања и одговори од присутните.   „Партиципациска уметност: парадигматски пресврт од објекти кон субјекти“ е избор од петнаесет есеи за париципациската уметност со фокус на уметноста во Југоисточна и Централна Европа. Милевска ги напишала и објавувала овие текстови на англиски во текот на повеќе од петнаесет години. За првпат, овие есеи се објавуваат заедно во оваа збирка, почнувајќи со првиот есеј напишан на оваа тема во 2006 година. Сите есеи се преведени на македонски јазик и уредени од Ана Димишковска, деканка на Институтот за филозофија и професорка по логика и филозофија, при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“, Скопје.   Сузана Милевска ги артикулира и интерпретира плуралните, отворени, променливи форми во уметноста кои, сепак, претставуваат кохерентно единство, структура која потенцира и репрезентира одреден свет на релации помеѓу поединечните општествени и човечки и интимни наративи, помеѓу политичкото и уметничкото. Зошто е од исклучително значење книгата со теориски артикулации и размислувања на Сузана Милевска – заради нејзината важна интервенција во етичко-политичката организација на промислувањето на партиципациската уметност, и заради нејзиното храбро и предизвикувачко отворање/поставување прашања преку чии можни одговори може одново да се освои изгубениот политички и уметнички простор, разбиен со безмилосните напади на глобалниот неолиберализам. Милевска освен што во една повеќегодишна епистемолошка перспектива нуди огромен спектар на предностите и замките кои со себе ги носи партиципациската уметност, таа едновремено, нѐ воведува во една поинаква перспектива низ која ги согледуваме и институционалните лавиринти, и постколонијалните спирали, а сето тоа, се разбира, со исклучително внимателно инсистирање на контекстите во кои се одвиваат ваквите динамики.   Книгата на Милевска Контрапункт ја објави и на англиски јазик, а промоцијата на англиското издание беше во март 2024 година, во Њујорк.   Сузана Милевска е кураторка и теоретичарка на визуелните уметности и култура. Нејзините теориски и кураторски интереси се свртени кон постколонијалната критика на хегемонските режими на моќта во претставувањето, родовите разлики во визуелната култура, и феминистичките, партиципациските и колаборативните уметнички практики. Милевска била Главен истражувач на проектот на Хоризонт во 2020 насловен како ТРАГИ на Политехничкиот Универзитет Милано, а во 2019 година таа ја курирала завршната изложба Спорни објекти/Засрамени субјекти. Во 2013 година, таа била назначена за прв поддржан професор за историја на уметностите од Централна и Југоисточна Европа на Уметничката Акдемија во Виена (2013-2015). Милевска докторирала визуелна култура на Голдсмит Колеџ, при Лондонскиот Универзитет. Во 2004 година била Фулбрајтов стипендист како виш истражувач во Конгресната библиотека во Вашингтон. Таа има курирано бројни меѓународни изложби, го има иницирано проектот Повикај го сведокото – Рома павилјон на Венециското биенале (2010-2011). Нејзините текстови се преведени на бугарски, хрватски, англиски, француски, унгарски, германски, италијански, јапонски, руски, српски, словенечки, шпански, шведски, турски, итн. Таа е автор и уредник на многу книги, меѓу кои Gender Difference in the Balkans, 2010, The Renaming Machine: The Book, 2010, и On Productive Shame, Reconciliation, и Agency, SternbergPress, 2016 година. Во 2012 ја добива наградата Игор Забел за култура и теорија.   Оваа книга е објавена како дел од проектот Peripheral Visions – towards a trans(l)national publishing culture, кој си поставува за цел да развие меѓународна размена меѓу малите културни и лингвистички контексти на полуперифериите на Европа со меѓусебна поддршка преку ко-продукции, ко-креации, трансфер на знаења и споделување на ресурси. Преку мултилингвално издаваштво, трансдисциплинирана културна продукција, алтернативна дистрибуција, размена на знаење, дигитални содржини, отворени дигитални технологии, и нови формати на игри, проектот создава меѓународен простор за создавање и експериментирање во издавачкиот процес. Peripheral Visions е заеднички проект на Културтрегер, Маска од Љубљана, eipcp – European Institute for Progressive Cultural Policies, kuda.org, Контрапункт и Мултимедијалниот Институт со здружените партнери Kulturföreningen Glänta и EUROZINE.   Изданието е финансиски поддржано од Министерството за култура на Република Македонија и програмата Креативна Европа на Европската Комисија, финансирана од Европската Унија. Но гледиштата и мислењата што се изразени во неа се сепак само на авторот(ите) и не нужно ги одразуваат оние на Европската Унија или на Европската агенција за образование и (EACEA). Ниту Европската Унија ниту доделувачот на грантот не можат да се сметаат за одговорни за нив.

The post Промоција на книга на Сузана Милевска appeared first on Република.

]]>
Промоција на книгата „Комичното и хуморот“ од Иван Џепароски денеска во Театар Комедија https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-knigata-komichnoto-i-humorot-od-ivan-dheparoski-deneska-vo-teatar-komedija/ Wed, 20 Mar 2024 08:17:28 +0000 https://republika.mk/?p=755753

Месецот март во Театар Комедија носи две новости, по следниов редослед − промоција на нова книга и прва премиера во 2024 година.

На 20 март (среда), со почеток во 12 часот, на малата сцена во Театар Комедија ќе се одржи јавна промоција на книгата „Комичното и хуморот“ од професорот Иван Џепароски. Кон книгата ќе се осврнат и ќе ја претстават писателот и професор, Александар Прокопиев, и професорката и театролог, Ана Стојаноска.

Во својот предговор кон изданието, професорката Стојаноска забележува: „Да се пишува за комедијата, за комичното, па дури и за хуморот, значи да се пишува за човековото снаоѓање низ светот, особено во театарот. Еден од главните постулати на пишувањето е дека најтешко е да се напише комедија, а уште потешко е да се пишува за комедијата. Одговорот на едноставното прашање ’Зошто е тоа така?‘ лежи во основата на односот на човекот кон смеата, хуморот, игривоста. Затоа се ретки книгите што умешно говорат за комичното. За наша среќа, ја имаме пред себе книгата на професорот, поет, философ и преведувач, Иван Џепароски, ’Комичното и хуморот‘“.

Книгата е сочинета од девет поглавја, кои професорот Џепароски во прологот ги „групира“ во три групи: За комичното, За комедијата, За црниот хумор, За иронијата (своевидни книжевно-театролошки одредници),  За писателите – со мала помош на црниот хумор, За уметноста – со мала помош на еден ирониски дијалог (лесни книжевни монолози и дијалози), Хуморот и сатирата: културолошки пристап, Комичното и хуморот: естетички пристап и Комичното и комедијата: Плаут (посложени есеи поврзани со културолошкиот, естетичкиот и книжевно-историскиот пристап). Во однос на текстовите поместени во книгата, тој додава: „Застапени се неколку мои не толку стари, но и неколку нови и необјавени текстови. Сите тие се повторно прегледани, преработени и поставени во нов контекст, врз основа на барањата на ова издание наменето за една поширока публика“.

Професорот Џепароски, исто така, нотира дека критиката и хуморот во Македонија се во криза и дека единствено Театар Комедија „со својата успешна програма и многубројната публика претставува соодветна апологија (одбрана) на комичното и на хуморот“.

Иван Џепароски (1958) е писател и филозоф. Професор е по естетика и филозофија на културата на Филозофскиот факултет во Скопје, а предавал и на Факултетот за драмски уметности при УКИМ. Во неколку мандати бил раководител на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје. Автор е на многубројни филозофски, естетички, поетски и есеистички дела, како и на неколку филозофски избори и поетски антологии. Добитник е на голем број награди и признанија. Негови поважни книги од областа на филозофијата се: Арго плови по Аксиј (1984), Во потрага по изгубениот тоталитет (1993), Уметничкото дело (1998), Отаде системот (2000), Филозофски приказни (2001), Естетика на возвишеното (2008), Став и суштина (2010), Дискурси на визуелното (2014), Култура и книжевност (2016), Естетика: Естетички категории (2020), Пандемија и постхуманизам (2022), Филозофија и книжевност (2023) и Два опита: Конески и Старделов (2023).

Книгата „Комичното и хуморот“ е трето остварување на Театар Комедија, во рамките на неговата благородна идеја за збогатување на својот библиотечен фонд и на книжната понуда со стручни и важни дела за театарската уметност на македонски јазик. Книгата е подарок од Театар Комедија и нема комерцијална вредност, а ќе биде достапна и за слободно преземање во електронска верзија на интернет-страницата на театарот, www.teatarkomedija.mk.

 

The post Промоција на книгата „Комичното и хуморот“ од Иван Џепароски денеска во Театар Комедија appeared first on Република.

]]>

Месецот март во Театар Комедија носи две новости, по следниов редослед − промоција на нова книга и прва премиера во 2024 година. На 20 март (среда), со почеток во 12 часот, на малата сцена во Театар Комедија ќе се одржи јавна промоција на книгата „Комичното и хуморот“ од професорот Иван Џепароски. Кон книгата ќе се осврнат и ќе ја претстават писателот и професор, Александар Прокопиев, и професорката и театролог, Ана Стојаноска. Во својот предговор кон изданието, професорката Стојаноска забележува: „Да се пишува за комедијата, за комичното, па дури и за хуморот, значи да се пишува за човековото снаоѓање низ светот, особено во театарот. Еден од главните постулати на пишувањето е дека најтешко е да се напише комедија, а уште потешко е да се пишува за комедијата. Одговорот на едноставното прашање ’Зошто е тоа така?‘ лежи во основата на односот на човекот кон смеата, хуморот, игривоста. Затоа се ретки книгите што умешно говорат за комичното. За наша среќа, ја имаме пред себе книгата на професорот, поет, философ и преведувач, Иван Џепароски, ’Комичното и хуморот‘“. Книгата е сочинета од девет поглавја, кои професорот Џепароски во прологот ги „групира“ во три групи: За комичното, За комедијата, За црниот хумор, За иронијата (своевидни книжевно-театролошки одредници),  За писателите – со мала помош на црниот хумор, За уметноста – со мала помош на еден ирониски дијалог (лесни книжевни монолози и дијалози), Хуморот и сатирата: културолошки пристап, Комичното и хуморот: естетички пристап и Комичното и комедијата: Плаут (посложени есеи поврзани со културолошкиот, естетичкиот и книжевно-историскиот пристап). Во однос на текстовите поместени во книгата, тој додава: „Застапени се неколку мои не толку стари, но и неколку нови и необјавени текстови. Сите тие се повторно прегледани, преработени и поставени во нов контекст, врз основа на барањата на ова издание наменето за една поширока публика“. Професорот Џепароски, исто така, нотира дека критиката и хуморот во Македонија се во криза и дека единствено Театар Комедија „со својата успешна програма и многубројната публика претставува соодветна апологија (одбрана) на комичното и на хуморот“. Иван Џепароски (1958) е писател и филозоф. Професор е по естетика и филозофија на културата на Филозофскиот факултет во Скопје, а предавал и на Факултетот за драмски уметности при УКИМ. Во неколку мандати бил раководител на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје. Автор е на многубројни филозофски, естетички, поетски и есеистички дела, како и на неколку филозофски избори и поетски антологии. Добитник е на голем број награди и признанија. Негови поважни книги од областа на филозофијата се: Арго плови по Аксиј (1984), Во потрага по изгубениот тоталитет (1993), Уметничкото дело (1998), Отаде системот (2000), Филозофски приказни (2001), Естетика на возвишеното (2008), Став и суштина (2010), Дискурси на визуелното (2014), Култура и книжевност (2016), Естетика: Естетички категории (2020), Пандемија и постхуманизам (2022), Филозофија и книжевност (2023) и Два опита: Конески и Старделов (2023). Книгата „Комичното и хуморот“ е трето остварување на Театар Комедија, во рамките на неговата благородна идеја за збогатување на својот библиотечен фонд и на книжната понуда со стручни и важни дела за театарската уметност на македонски јазик. Книгата е подарок од Театар Комедија и нема комерцијална вредност, а ќе биде достапна и за слободно преземање во електронска верзија на интернет-страницата на театарот, www.teatarkomedija.mk.  

The post Промоција на книгата „Комичното и хуморот“ од Иван Џепароски денеска во Театар Комедија appeared first on Република.

]]>