прохор пчињски Archives - Република https://republika.mk/tema/prohor-pchinjski/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Aug 2024 11:37:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png прохор пчињски Archives - Република https://republika.mk/tema/prohor-pchinjski/ 32 32 Вучиќ ја пречека Силјановска со цвеќе https://republika.mk/vesti/makedonija/vuchik-ja-precheka-siljanovska-so-tsveke/ Fri, 02 Aug 2024 11:37:13 +0000 https://republika.mk/?p=802744

Српскиот претседател Александар Вучиќ, и посака добредојде на македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова во манастирот „Св. Прохор Пчињски“.

Претседателот на Србија при дочекот и подари цвеќе на македонската претседателка.

„И посакав добродојде на претседателката Гордана Силјановска Давкова. Оваа посета претставува одлична можност да се зајакне партнерството и да се афирмираат заедничките вредности на Србија и Македонија со цел напредок и развој на целиот регион.

Манастирот Свети Прохор Пчињски е најдоброто место за оваа средба, бидејќи ја симболизира врската меѓу Србија и Македонија, вкоренета во заедничката традиција, култура и предизвикувачки историски околности кои ги обликувале идентитетите на нашите народи. Илиндан, односно Илинден е уште една допирна точка на која треба да го засноваме натамошното поврзување на нашите две земји“, напиша Вучиќ на „Инстаграм“.

The post Вучиќ ја пречека Силјановска со цвеќе appeared first on Република.

]]>

Српскиот претседател Александар Вучиќ, и посака добредојде на македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова во манастирот „Св. Прохор Пчињски“. Претседателот на Србија при дочекот и подари цвеќе на македонската претседателка. „И посакав добродојде на претседателката Гордана Силјановска Давкова. Оваа посета претставува одлична можност да се зајакне партнерството и да се афирмираат заедничките вредности на Србија и Македонија со цел напредок и развој на целиот регион. Манастирот Свети Прохор Пчињски е најдоброто место за оваа средба, бидејќи ја симболизира врската меѓу Србија и Македонија, вкоренета во заедничката традиција, култура и предизвикувачки историски околности кои ги обликувале идентитетите на нашите народи. Илиндан, односно Илинден е уште една допирна точка на која треба да го засноваме натамошното поврзување на нашите две земји“, напиша Вучиќ на „Инстаграм“.

The post Вучиќ ја пречека Силјановска со цвеќе appeared first on Република.

]]>
Манастирот Прохор Пчињски безбеден, пожарот на планината Козјак се гасне со хеликоптери https://republika.mk/vesti/balkan/manastirot-prohor-pchinski-bezbeden-pozharot-na-planinata-kozjak-se-gasne-so-helikopteri/ Wed, 31 Jul 2024 10:14:22 +0000 https://republika.mk/?p=801947

Хеликоптери на МВР на Србија во моментов го гаснат пожарот што гори на планината Козјак над манастирот Прохор Пчињски. Манастирскиот комплекс е безбеден од пожарот, јави дописникот на МИА од Белград.

Манастирскиот комплекс е безбеден од пожарот што веќе неколку дена беснее на планината Козјак, во чие подножје се наоѓа ова православно светилиште. Пожарот од манастирот е оддалечен околу 2 километри воздушна линија, а 15 километри територијално, изјави за порталот Бујановачке, Бранимир Стојанчиќ од организацијата Предел со извонредни карактеристики на Пчињската долина (ПИО).

Стојанчиќ кажа дека пожарот од Македонија, каде што гори од неделата, во вторникот се проширил на територијата на Србија, поточно општина Бујановац, но дека среќна околност е што пожарот гори на врвовите на Козјак, далеку од населбата и самиот манастир.

Тој додаде дека службата ПИО уште порано оспособила планински патишта што сега многу им ја олеснува работата на пожарникарите и спасувачите на терен.

Во гаснењето на пожарот учествуваат десет наши луѓе. Денеска очекуваме хеликоптери, кои вчера ја надлетуваа областа. Голема штета е што гори квалитетна шума, изјави Стојанчиќ.

Синоќа вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека денеска два хеликоптери на Хеликоптерската единица на МВР ќе го гаснат пожарот што се прошири од Македонија во местото Козјак кај Бујановац, во близина на манастирот Прохор Пчињски.

Во гаснењето на пожарот на крајно непристапен терен во областа Козјак, ангажирани се 43 пожарникари-спасувачи со 14 возила од противпожарните единици на Врање, Белград, Ниш, Лесковац, Крушевац, Смедерево, Панчево, Јагодина и Крагуевац, изјави министерот Дачиќ.

The post Манастирот Прохор Пчињски безбеден, пожарот на планината Козјак се гасне со хеликоптери appeared first on Република.

]]>

Хеликоптери на МВР на Србија во моментов го гаснат пожарот што гори на планината Козјак над манастирот Прохор Пчињски. Манастирскиот комплекс е безбеден од пожарот, јави дописникот на МИА од Белград. Манастирскиот комплекс е безбеден од пожарот што веќе неколку дена беснее на планината Козјак, во чие подножје се наоѓа ова православно светилиште. Пожарот од манастирот е оддалечен околу 2 километри воздушна линија, а 15 километри територијално, изјави за порталот Бујановачке, Бранимир Стојанчиќ од организацијата Предел со извонредни карактеристики на Пчињската долина (ПИО). Стојанчиќ кажа дека пожарот од Македонија, каде што гори од неделата, во вторникот се проширил на територијата на Србија, поточно општина Бујановац, но дека среќна околност е што пожарот гори на врвовите на Козјак, далеку од населбата и самиот манастир. Тој додаде дека службата ПИО уште порано оспособила планински патишта што сега многу им ја олеснува работата на пожарникарите и спасувачите на терен. Во гаснењето на пожарот учествуваат десет наши луѓе. Денеска очекуваме хеликоптери, кои вчера ја надлетуваа областа. Голема штета е што гори квалитетна шума, изјави Стојанчиќ. Синоќа вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека денеска два хеликоптери на Хеликоптерската единица на МВР ќе го гаснат пожарот што се прошири од Македонија во местото Козјак кај Бујановац, во близина на манастирот Прохор Пчињски. Во гаснењето на пожарот на крајно непристапен терен во областа Козјак, ангажирани се 43 пожарникари-спасувачи со 14 возила од противпожарните единици на Врање, Белград, Ниш, Лесковац, Крушевац, Смедерево, Панчево, Јагодина и Крагуевац, изјави министерот Дачиќ.

The post Манастирот Прохор Пчињски безбеден, пожарот на планината Козјак се гасне со хеликоптери appeared first on Република.

]]>
Фатени на ГП „Прохор Пчињски“: Мајката и сестрата на Коста сакале да пребегнат во Македонија https://republika.mk/vesti/balkan/fateni-na-gp-prohor-pchinski-majkata-i-sestrata-na-kosta-sakale-da-prebegnat-vo-makedonija/ Sat, 24 Jun 2023 20:36:35 +0000 https://republika.mk/?p=654817

Мајката и сестрата на 13-годишниот Коста Кецмановиќ, кој минатиот месец уби 9 соученици и чувар во ОУ „Владимир Рибникар“ во Белград, се обиделе да ја напуштат Србија, но се запрени на граничниот премин „Прохор Пчињски“ на пат кон Македонија, јавуваат српските медиуми. Засега не е познато која била крајната дестинација, Македонија или пак Грција.

https://republika.mk/vesti/balkan/tatkoto-so-godini-ja-predupreduval-soprugata-deka-so-deteto-neshto-ne-e-vo-red-majkata-go-ignorirala-problemot/

Милјана е запрена бидејќи е под истрага. Органите имаат сомненија дека го запоставила и го малтретирала момчето убиец пред да го изврши делото. Доколку се докаже дека го сторила ова кривично дело, и се заканува затворска казна до три години.

The post Фатени на ГП „Прохор Пчињски“: Мајката и сестрата на Коста сакале да пребегнат во Македонија appeared first on Република.

]]>

Мајката и сестрата на 13-годишниот Коста Кецмановиќ, кој минатиот месец уби 9 соученици и чувар во ОУ „Владимир Рибникар“ во Белград, се обиделе да ја напуштат Србија, но се запрени на граничниот премин „Прохор Пчињски“ на пат кон Македонија, јавуваат српските медиуми. Засега не е познато која била крајната дестинација, Македонија или пак Грција. https://republika.mk/vesti/balkan/tatkoto-so-godini-ja-predupreduval-soprugata-deka-so-deteto-neshto-ne-e-vo-red-majkata-go-ignorirala-problemot/ Милјана е запрена бидејќи е под истрага. Органите имаат сомненија дека го запоставила и го малтретирала момчето убиец пред да го изврши делото. Доколку се докаже дека го сторила ова кривично дело, и се заканува затворска казна до три години.  

The post Фатени на ГП „Прохор Пчињски“: Мајката и сестрата на Коста сакале да пребегнат во Македонија appeared first on Република.

]]>
Политичар фарса: Лажна величина – лажна плоча https://republika.mk/vesti/makedonija/politichar-farsa-lazna-velichina-lazna-plocha/ Thu, 11 Aug 2022 17:53:44 +0000 https://republika.mk/?p=539244

Лажна величина, фасада, лажна плоча. Така обично прават политичарите кои се фарса без суштина, што само го покажува системот на владеење на СДСМ, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање како го коментира повторното вадење на плочата од манастирот Св. Прохор Пчински посветена на првото заседание на АСНОМ.

-Тргањето на плочата посветена на Првото заседание на АСНОМ од манастирот Св. Прохор Пчински е потврда дека се работи за најголемата измама и за најголемата фасада на македонската политичка сцена. Стево Пендаровски со голема помпа во јавноста велеше дека се враќа прославата во Прохор Пчински, притоа излажа и не кажа дека последно тоа се случи во 2009 година, туку велеше дека се случило многу порано, рече Николоски.

Тој истакна дека Пендаровски излажал кога кажал дека проблемот со плочата е речени за после неколку дена од неговиот кабинет да кажат дека се работи за лажна плоча.

-Но, она што е најбитно рече дека проблемите се решени, положи цвеќе пред една плоча која што ја видовме сите, за после неколку дена таа плоча да е тргната и самиот да признае преку соопштение од неговиот кабинет дека се работи за лажна плоча, односно како што тие велат за привремена плоча. Што да ви кажам? Лажна величина, фасада, лажна плоча. Така обично прават политичарите кои се фарса без суштина, што само го покажува системот на владеење на СДСМ, потенцираше потпретседателот Николоски.

The post Политичар фарса: Лажна величина – лажна плоча appeared first on Република.

Ставена само за посетата на Пендаровски: Плочата за АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ за Илинден била од времен карактер https://republika.mk/vesti/makedonija/stavena-samo-za-posetata-na-pendarovski-plochata-za-asnom-vo-manastirot-sv-prohor-pchinjski-za-ilinden-bila-od-vremen-karakter/ Wed, 10 Aug 2022 16:59:06 +0000 https://republika.mk/?p=538852

Плочата за АСНОМ којашто беше поставена во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ за Илинден беше од времен карактер со цел да се реализира посетата на претседателот Стево Пендаровски и државната делегација, за прв пат по повеќе години, велат од кабинетот на шефот на државата по објавените информации во медиумите дека плочата веќе ја нема на местото на чествувањето.

Тогаш беше договорено во најбрз можен рок да се формираат работни групи составени од претставници од двете министерства за надворешни работи, министерствата за култура, како и од други државни институции коишто ќе ги утврдат начинот и формата за прослава на 2 Август, Илинден во „Св. Прохор Пчински“ за наредната година. Целта на таквата формализирана соработка е да се воспостави институционална форма за одбележување на празникот Илинден во манастирот „Св. Прохор Пчински“ - наведуваат од кабинетот на Пендаровски.

И игуменот на манастирот „Св. Прохор Пчињски“, архимандрит Методије, за МИА потврдува дека договорот на двете делегации, македонската и српската, бил плочата да се тргне по прославата на Илинден, и повторно по договор да се става кога ќе треба.

Спомен плочата за одржувањето на првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година, беше поставена на празникот Илинден во параклисот на манастирот „Св. Прохор Пчињски“ каде што по долгогодишна пауза чествуваше македонска државнo-црковна делегација предводена од претседателот Стево Пендаровски. Од српска страна на одбележувањето присуствуваше министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ.

https://republika.mk/vesti/balkan/ne-izdrza-ni-deset-dena-trgnata-plochata-za-asnom-vo-prohor-pchinjski/

На спомен плочата двојазично, на македонски и на српски јазик, пишува: „На 2 август 1944 година на ова место е одржано Првото заседание на Антифашистичкото собрание на Народното ослободување на Македонија, каде народните избраници донесоа историски одлуки со кои се воспостави државност и самобитност на македонскиот народ изразувајќи ја својата определба да живеат заедно со народите на Југославија“.

The post Ставена само за посетата на Пендаровски: Плочата за АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ за Илинден била од времен карактер appeared first on Република.

]]>

Плочата за АСНОМ којашто беше поставена во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ за Илинден беше од времен карактер со цел да се реализира посетата на претседателот Стево Пендаровски и државната делегација, за прв пат по повеќе години, велат од кабинетот на шефот на државата по објавените информации во медиумите дека плочата веќе ја нема на местото на чествувањето.
Тогаш беше договорено во најбрз можен рок да се формираат работни групи составени од претставници од двете министерства за надворешни работи, министерствата за култура, како и од други државни институции коишто ќе ги утврдат начинот и формата за прослава на 2 Август, Илинден во „Св. Прохор Пчински“ за наредната година. Целта на таквата формализирана соработка е да се воспостави институционална форма за одбележување на празникот Илинден во манастирот „Св. Прохор Пчински“ - наведуваат од кабинетот на Пендаровски.
И игуменот на манастирот „Св. Прохор Пчињски“, архимандрит Методије, за МИА потврдува дека договорот на двете делегации, македонската и српската, бил плочата да се тргне по прославата на Илинден, и повторно по договор да се става кога ќе треба. Спомен плочата за одржувањето на првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година, беше поставена на празникот Илинден во параклисот на манастирот „Св. Прохор Пчињски“ каде што по долгогодишна пауза чествуваше македонска државнo-црковна делегација предводена од претседателот Стево Пендаровски. Од српска страна на одбележувањето присуствуваше министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ. https://republika.mk/vesti/balkan/ne-izdrza-ni-deset-dena-trgnata-plochata-za-asnom-vo-prohor-pchinjski/ На спомен плочата двојазично, на македонски и на српски јазик, пишува: „На 2 август 1944 година на ова место е одржано Првото заседание на Антифашистичкото собрание на Народното ослободување на Македонија, каде народните избраници донесоа историски одлуки со кои се воспостави државност и самобитност на македонскиот народ изразувајќи ја својата определба да живеат заедно со народите на Југославија“.

The post Ставена само за посетата на Пендаровски: Плочата за АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ за Илинден била од времен карактер appeared first on Република.

]]>