проглас Archives - Република https://republika.mk/tema/proglas/ За подобро да се разбереме Wed, 10 May 2023 12:03:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png проглас Archives - Република https://republika.mk/tema/proglas/ 32 32 МОН со проглас: Сите заедно да работиме за спречување на врсничкото насилство https://republika.mk/vesti/makedonija/mon-so-proglas-site-zaedno-da-rabotime-za-sprechuvane-na-vrsnichkoto-nasilstvo/ Wed, 10 May 2023 12:03:57 +0000 https://republika.mk/?p=639251

Министерството за образование и наука (МОН) со своевиден проглас бара помош и поддршка од сите фактори во општеството кои се поврзани со децата од училишна возраст за спречување на врсничкото насилство. „Секое дете има право да оди на училиште и да учи, без страв. Ги повикуваме наставниците, стручните соработници, родителите и другите учесници во образовниот процес - сите да работиме заедно, бидејќи имаме заедничка цел: да ги заштитиме учениците од врсничко насилство“, повикува МОН.

Само ако целото општество се вклучи во превенцијата и надминувањето на појавите на насилство, можеме да успееме.

Проблемот на врсничкото насилство ниту е нов, ни може магично да се реши. Тоа е комплексен и сериозен проблем. Министерство за образование и наука работи на зајкнување на постоечките процедури и постапки за функционирање на системот на заштита на децата во училиште. За да успееме, потребна ни е помош од сите кои добронамерно сакаат да излеземе како победници во борбата со ова зло.

Родителите со право се вознемирени, сите сме вознемирени – сликите од соседството се застрашувачки. Но, да не дозволиме децата да бидат залог во манипулативни обвинувања и да се отргнеме од се што не нѐ води напред.

Како општество можеме да ги заштитиме нашите деца, ако сите заедно, и во семејствата и во училишните колективи, им пристапиме на децата како на најголема вредност. Да почнеме со јакнење на довербата родител-ученик и наставник-ученик.

Како Министерството, ќе преземе сѐ за да ја зајакнеме воспитната компонента на образовниот процес и да им помогнеме на наставниците и стручните кадри во надградба на капацитетите за препознавање и спречување на насилство, се вели во пораката од министерството.

 

The post МОН со проглас: Сите заедно да работиме за спречување на врсничкото насилство appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука (МОН) со своевиден проглас бара помош и поддршка од сите фактори во општеството кои се поврзани со децата од училишна возраст за спречување на врсничкото насилство. „Секое дете има право да оди на училиште и да учи, без страв. Ги повикуваме наставниците, стручните соработници, родителите и другите учесници во образовниот процес - сите да работиме заедно, бидејќи имаме заедничка цел: да ги заштитиме учениците од врсничко насилство“, повикува МОН.
Само ако целото општество се вклучи во превенцијата и надминувањето на појавите на насилство, можеме да успееме. Проблемот на врсничкото насилство ниту е нов, ни може магично да се реши. Тоа е комплексен и сериозен проблем. Министерство за образование и наука работи на зајкнување на постоечките процедури и постапки за функционирање на системот на заштита на децата во училиште. За да успееме, потребна ни е помош од сите кои добронамерно сакаат да излеземе како победници во борбата со ова зло. Родителите со право се вознемирени, сите сме вознемирени – сликите од соседството се застрашувачки. Но, да не дозволиме децата да бидат залог во манипулативни обвинувања и да се отргнеме од се што не нѐ води напред.
Како општество можеме да ги заштитиме нашите деца, ако сите заедно, и во семејствата и во училишните колективи, им пристапиме на децата како на најголема вредност. Да почнеме со јакнење на довербата родител-ученик и наставник-ученик.
Како Министерството, ќе преземе сѐ за да ја зајакнеме воспитната компонента на образовниот процес и да им помогнеме на наставниците и стручните кадри во надградба на капацитетите за препознавање и спречување на насилство, се вели во пораката од министерството.
 

The post МОН со проглас: Сите заедно да работиме за спречување на врсничкото насилство appeared first on Република.

]]>
Млади македонисти: Преку е-форма може да се потпише Прогласот за заштита на македонскиот јазик и книжевност и на македонистиката https://republika.mk/vesti/makedonija/mladi-makedonisti-preku-e-forma-moze-da-se-potpishe-proglasot-za-zashtita-na-makedonskiot-jazik-i-knizevnost-i-na-makedonistikata/ Thu, 21 Jul 2022 12:25:56 +0000 https://republika.mk/?p=531832

По големиот интерес за поддршка и потпишување на Прогласот за заштита на македонскиот јазик и книжевност и на македонистиката, којшто вчера го објавија млади македонисти, отворена е и е-форма преку којашто може да се даде поддршка и да се потпише Прогласот. Петицијата којашто може да се потпише електронски е достапна на следнава врска: https://chng.it/z6HLKhccsN

Текстот на Прогласот во целост е достапен и преку е-платформата на којашто е петицијата. До овој момент нема одговор од повиканите институции од коишто се бара веднаш, без одложување, Унилатералната изјава на Република Македонија приложена кон записникот од првата политичка МВК да биде повлечена во целост, имајќи предвид дека со неа не се почитуваат востановените научни сознанија и утврдени факти за македонскиот јазичен, книжевен и, воопшто, културен идентитет, зад коишто стои не само домашната и странската македонистика, туку и современата светска славистика, лингвистика, книжевна наука и историографија.

Во Изјавата, меѓу другото, не се почитуваат и меѓународно усвоени теории и практики на толкување на фактите поврзани со историјата на словенските јазици во чиешто семејство припаѓа и македонскиот јазик, а, следствено на тоа, и на толкување на фактите за историјата на македонската книжевност и, воопшто, македонската култура. Со научно неточно тврдење изнесено во оваа Изјава, македонската дијалектологија, односно македонскиот дијасистем е сведен само на територијата на државата, спротивно на меѓународните принципи и научно утврдени факти коишто дијасистемот не го поврзуваат со политичките државни граници.

Македонската книжевност е сведена на датирање само од 1945 година наваму (имајќи ја предвид употребата на терминот „литературен македонски јазик“, којшто подразбира јазик на литературата/книжевноста), при што, одделно, во Изјавата се алудира само на книжевни остварувања коишто се од поновата книжевна продукција, со што политички се брише македонската книжевна историја.

Ве замолуваме да ја информирате јавноста за можноста за давање поддршка и потпишување на Прогласот и во ваква e-форма преку следнава врска: https://chng.it/z6HLKhccsN

The post Млади македонисти: Преку е-форма може да се потпише Прогласот за заштита на македонскиот јазик и книжевност и на македонистиката appeared first on Република.

]]>

По големиот интерес за поддршка и потпишување на Прогласот за заштита на македонскиот јазик и книжевност и на македонистиката, којшто вчера го објавија млади македонисти, отворена е и е-форма преку којашто може да се даде поддршка и да се потпише Прогласот. Петицијата којашто може да се потпише електронски е достапна на следнава врска: https://chng.it/z6HLKhccsN Текстот на Прогласот во целост е достапен и преку е-платформата на којашто е петицијата. До овој момент нема одговор од повиканите институции од коишто се бара веднаш, без одложување, Унилатералната изјава на Република Македонија приложена кон записникот од првата политичка МВК да биде повлечена во целост, имајќи предвид дека со неа не се почитуваат востановените научни сознанија и утврдени факти за македонскиот јазичен, книжевен и, воопшто, културен идентитет, зад коишто стои не само домашната и странската македонистика, туку и современата светска славистика, лингвистика, книжевна наука и историографија. Во Изјавата, меѓу другото, не се почитуваат и меѓународно усвоени теории и практики на толкување на фактите поврзани со историјата на словенските јазици во чиешто семејство припаѓа и македонскиот јазик, а, следствено на тоа, и на толкување на фактите за историјата на македонската книжевност и, воопшто, македонската култура. Со научно неточно тврдење изнесено во оваа Изјава, македонската дијалектологија, односно македонскиот дијасистем е сведен само на територијата на државата, спротивно на меѓународните принципи и научно утврдени факти коишто дијасистемот не го поврзуваат со политичките државни граници. Македонската книжевност е сведена на датирање само од 1945 година наваму (имајќи ја предвид употребата на терминот „литературен македонски јазик“, којшто подразбира јазик на литературата/книжевноста), при што, одделно, во Изјавата се алудира само на книжевни остварувања коишто се од поновата книжевна продукција, со што политички се брише македонската книжевна историја. Ве замолуваме да ја информирате јавноста за можноста за давање поддршка и потпишување на Прогласот и во ваква e-форма преку следнава врска: https://chng.it/z6HLKhccsN

The post Млади македонисти: Преку е-форма може да се потпише Прогласот за заштита на македонскиот јазик и книжевност и на македонистиката appeared first on Република.

]]>
Научните работници: Нема да прифатиме ниту една одлука со која се оспорува самобитноста на македонскиот народ https://republika.mk/vesti/makedonija/nauchnite-rabotnici-nema-da-prifatime-nitu-edna-odluka-so-koja-se-osporuva-samobitnosta-na-makedonskiot-narod/ Wed, 20 Jul 2022 13:59:25 +0000 https://republika.mk/?p=531479

Професорката Симона Груевска Маџоска од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ ја сподели позицијата на научните работници од МАНУ, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Институтот за македонска литература, Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, Македонскиот славистички комитет по повод објавената Унилатерална изјава на Македонија од 19.7.2022 во врска со македонскиот јазик, која ви ја пренесуваме во целост:

Ние, научните работници од МАНУ, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Институтот за македонска литература, Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, Македонскиот славистички комитет по повод објавената Унилатерална изјава на Македонија од 19.7.2022 во врска со македонскиот јазик, ги посочуваме клучните позиции на високообразовните и научните институции за македонскиот јазик.

1. Првенствено се повикуваме на Резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции на Собранието на РС Македонија, објавена во Службен весник на РМ бр: 173/2021 од 30.7.2021 (влегува во сила на: 29.7.2021), оформена според Македонскиот манифест на МАНУ, МПЦ-ОА и УКИМ од 3.12.2020, во која во точка 3 е посочено дека треба: „Да се уважуваат сознанијата, утврдените факти, усвоените теории и емпириските истражувања на современата светска славистика, лингвистика, историографија и меѓународното право, според коишто: - македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат свој просторен и свој временски континуитет; - македонскиот идентитет го црпи својот легитимитет од повеќевековните традиции, преданија, обичаи, колективна меморија, менталитет, јазик, артикулираната свест за етнокултурната посебност, колективниот интегритет, почитта кон традиционалните религиски институции и од наративот за припадноста на одреден географски и историски простор.“

Според ова, посочувањето на временскиот и на културниот континуитет на македонскиот јазик ги отфрла сите ограничувања на македонските дијалекти, така што наведеното во Унилатералната изјава дека: „Овој континуитет се заснова на специфичниот развој на дијалектите што се во неговата основа и биле распространети на територијата на денешна РС Македонија“, претставува грубо фалсификување на лингвистичките факти и на проучувањата на македонскиот јазик.

2. Старословенското, кирилометодиевското и црковнословенското наследство се суштински дел од културното наследство на сите словенски народи, а меѓу нив и на македонскиот народ. Тој го црпи својот културно-историски и национален континуитет од богатата црковнословенска, апокрифна, народна и книжевно-уметничка традиција која се развивала на етно-географските простори на Македонија.
Македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат свој многувековен просторен и временски континуитет во составот на големата група словенски јазици, со посебно место во рамки на групата на јужнословенски јазици (источна група). Освен тоа, македонскиот јазик, со оглед на богатите меѓујазични и меѓукултурни контакти со другите балкански јазици, има стекнато и специфична балканска димензија на својата структура.

3. Во лингвистиката се прифатени и научно фундирани фактите дека дијалектната диференцијација во Македонија започнала од 11 век, од кога може да се следат бројни иновации, а основните црти на македонските дијалекти се проследуваат на преминот од 13 век кон 14 век. Од крајот на 15 век заклучно со 18 век во дамаскинарските книжевни текстови навлегуваат и примери од македонските народни говори. Во текот на 19 век во Македонија се јавуваат бројни дејци коишто подробно се занимаваат со посебните јазични особености на македонските говори, во споредба со бугарските и српските говори, како Христо Матов, Партениј Зографски, Е. Спространов, Т. Китанчев и други. Во 1891 год. е формирана Младата македонска книжовна дружина која го печати списанието „Лоза“ во кое се употребуваат правописни правила кои ги истакнуваат јазичните особености на македонските говори. Вистинска артикулација на идејата за македонски литературен јазик е книгата на Крсте Мисирков „За македонцките работи“ од 1903 год. во која се изнесени основните критериуми за стандардизација на македонскиот јазик. Преку оваа книга и во списанието „Вардар“, Мисирков ја промовира правописната норма преку фонетската реализација на централните македонски говори. Македонскиот јазик во 1903 год. бил и службен јазик на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петерсбург, на чие чело биле К. Мисирков и Д. Чуповски. Македонскиот јазик и бугарскиот јазик се издигнуваат како јазични норми речиси во исто време, а македонската јазична норма никогаш не била дел на бугарската јазична норма. Македонската јазична норма се диференцира со контрастивната студија на македонските наречја од Партениј Зографски во 1858 и во книгата „За македонцките работи“ (1903) од Крсте Мисирков.

Со прифаќањето на основните Мисиркови поставки за стандардизацијата на македонскиот и нивна разработка се заокружи кодификацијата на македонскиот јазик во 1944 год. и во 1945 год. со донесувањето на решенијата за македонската азбука и за македонскиот правопис. Македонскиот стандарден јазик стана широко прифатен во сите сфери на општествениот живот.

4. Македонскиот јазик е впишан во Регистарот на земји и јазици од страна на поткомисијата УНГЕГН при ООН;
‒ Латиничната транскрипција на македонската кирилица е усвоена со резолуција во Атина во 1977 на Третата конференција на УНГЕГН при ООН;
-Во 1992 година, на конгрес во Рио де Жанеиро, Меѓународниот ПЕН-центар донесе посебна резолуција со која се признава македонскиот јазик, литература, култура и нација
- Македонскиот јазик е застапен во Европскиот лингвистички атлас (АЛЕ), основан под патронат на УНЕСКО;
- Македонскиот јазик е застапен и во Општословенскиот лингвистички атлас (ОЛА), проект под покровителство на Меѓународниот комитет на славистите, реализиран од страна на 13 национални академии на науките и/или соодветни институти од сите словенски земји;
- Македонскиот јазик е влезен во Меѓународната организација за стандардизација ISO;
- Македонскиот јазик е застапен на Google, како алатка за преведување.

Во согласност со наведените факти, се изјаснуваме дека нема да прифатиме ниту една одлука со која се оспорува самобитноста на македонскиот народ и неговиот самостоен историски развој како посебен европски народ од средновековието до денес и ќе го сметаме за нелегитимен секој политички договор кој е во спротивност со востановените научни сознанија за македонскиот јазик и културниот идентитет на домашните и на меѓународните организации, сојузи и институции и со универзалните повелби и конвенции. Ние, како научни работници, потврдуваме дека, како и досега, и во иднина ќе се раководиме според меѓународно прифатените научни сознанија за македонскиот јазик во историски и во современ контекст. Се повикуваме и на Европската повелба на фундаментални/основни права чиј чл. 22 гласи: „Унијата ќе ја почитува културната, религиозната и јазичната разноликост.“ Сметаме дека при сите разговори што ги опфаќаат јазичните и идентитетските прашања секоја земја членка на ЕУ мора да ја почитува оваа европска определба.

The post Научните работници: Нема да прифатиме ниту една одлука со која се оспорува самобитноста на македонскиот народ appeared first on Република.

]]>

Професорката Симона Груевска Маџоска од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ ја сподели позицијата на научните работници од МАНУ, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Институтот за македонска литература, Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, Македонскиот славистички комитет по повод објавената Унилатерална изјава на Македонија од 19.7.2022 во врска со македонскиот јазик, која ви ја пренесуваме во целост: Ние, научните работници од МАНУ, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Институтот за македонска литература, Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, Македонскиот славистички комитет по повод објавената Унилатерална изјава на Македонија од 19.7.2022 во врска со македонскиот јазик, ги посочуваме клучните позиции на високообразовните и научните институции за македонскиот јазик. 1. Првенствено се повикуваме на Резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции на Собранието на РС Македонија, објавена во Службен весник на РМ бр: 173/2021 од 30.7.2021 (влегува во сила на: 29.7.2021), оформена според Македонскиот манифест на МАНУ, МПЦ-ОА и УКИМ од 3.12.2020, во која во точка 3 е посочено дека треба: „Да се уважуваат сознанијата, утврдените факти, усвоените теории и емпириските истражувања на современата светска славистика, лингвистика, историографија и меѓународното право, според коишто: - македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат свој просторен и свој временски континуитет; - македонскиот идентитет го црпи својот легитимитет од повеќевековните традиции, преданија, обичаи, колективна меморија, менталитет, јазик, артикулираната свест за етнокултурната посебност, колективниот интегритет, почитта кон традиционалните религиски институции и од наративот за припадноста на одреден географски и историски простор.“ Според ова, посочувањето на временскиот и на културниот континуитет на македонскиот јазик ги отфрла сите ограничувања на македонските дијалекти, така што наведеното во Унилатералната изјава дека: „Овој континуитет се заснова на специфичниот развој на дијалектите што се во неговата основа и биле распространети на територијата на денешна РС Македонија“, претставува грубо фалсификување на лингвистичките факти и на проучувањата на македонскиот јазик. 2. Старословенското, кирилометодиевското и црковнословенското наследство се суштински дел од културното наследство на сите словенски народи, а меѓу нив и на македонскиот народ. Тој го црпи својот културно-историски и национален континуитет од богатата црковнословенска, апокрифна, народна и книжевно-уметничка традиција која се развивала на етно-географските простори на Македонија. Македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат свој многувековен просторен и временски континуитет во составот на големата група словенски јазици, со посебно место во рамки на групата на јужнословенски јазици (источна група). Освен тоа, македонскиот јазик, со оглед на богатите меѓујазични и меѓукултурни контакти со другите балкански јазици, има стекнато и специфична балканска димензија на својата структура. 3. Во лингвистиката се прифатени и научно фундирани фактите дека дијалектната диференцијација во Македонија започнала од 11 век, од кога може да се следат бројни иновации, а основните црти на македонските дијалекти се проследуваат на преминот од 13 век кон 14 век. Од крајот на 15 век заклучно со 18 век во дамаскинарските книжевни текстови навлегуваат и примери од македонските народни говори. Во текот на 19 век во Македонија се јавуваат бројни дејци коишто подробно се занимаваат со посебните јазични особености на македонските говори, во споредба со бугарските и српските говори, како Христо Матов, Партениј Зографски, Е. Спространов, Т. Китанчев и други. Во 1891 год. е формирана Младата македонска книжовна дружина која го печати списанието „Лоза“ во кое се употребуваат правописни правила кои ги истакнуваат јазичните особености на македонските говори. Вистинска артикулација на идејата за македонски литературен јазик е книгата на Крсте Мисирков „За македонцките работи“ од 1903 год. во која се изнесени основните критериуми за стандардизација на македонскиот јазик. Преку оваа книга и во списанието „Вардар“, Мисирков ја промовира правописната норма преку фонетската реализација на централните македонски говори. Македонскиот јазик во 1903 год. бил и службен јазик на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петерсбург, на чие чело биле К. Мисирков и Д. Чуповски. Македонскиот јазик и бугарскиот јазик се издигнуваат како јазични норми речиси во исто време, а македонската јазична норма никогаш не била дел на бугарската јазична норма. Македонската јазична норма се диференцира со контрастивната студија на македонските наречја од Партениј Зографски во 1858 и во книгата „За македонцките работи“ (1903) од Крсте Мисирков. Со прифаќањето на основните Мисиркови поставки за стандардизацијата на македонскиот и нивна разработка се заокружи кодификацијата на македонскиот јазик во 1944 год. и во 1945 год. со донесувањето на решенијата за македонската азбука и за македонскиот правопис. Македонскиот стандарден јазик стана широко прифатен во сите сфери на општествениот живот. 4. Македонскиот јазик е впишан во Регистарот на земји и јазици од страна на поткомисијата УНГЕГН при ООН; ‒ Латиничната транскрипција на македонската кирилица е усвоена со резолуција во Атина во 1977 на Третата конференција на УНГЕГН при ООН; -Во 1992 година, на конгрес во Рио де Жанеиро, Меѓународниот ПЕН-центар донесе посебна резолуција со која се признава македонскиот јазик, литература, култура и нација - Македонскиот јазик е застапен во Европскиот лингвистички атлас (АЛЕ), основан под патронат на УНЕСКО; - Македонскиот јазик е застапен и во Општословенскиот лингвистички атлас (ОЛА), проект под покровителство на Меѓународниот комитет на славистите, реализиран од страна на 13 национални академии на науките и/или соодветни институти од сите словенски земји; - Македонскиот јазик е влезен во Меѓународната организација за стандардизација ISO; - Македонскиот јазик е застапен на Google, како алатка за преведување. Во согласност со наведените факти, се изјаснуваме дека нема да прифатиме ниту една одлука со која се оспорува самобитноста на македонскиот народ и неговиот самостоен историски развој како посебен европски народ од средновековието до денес и ќе го сметаме за нелегитимен секој политички договор кој е во спротивност со востановените научни сознанија за македонскиот јазик и културниот идентитет на домашните и на меѓународните организации, сојузи и институции и со универзалните повелби и конвенции. Ние, како научни работници, потврдуваме дека, како и досега, и во иднина ќе се раководиме според меѓународно прифатените научни сознанија за македонскиот јазик во историски и во современ контекст. Се повикуваме и на Европската повелба на фундаментални/основни права чиј чл. 22 гласи: „Унијата ќе ја почитува културната, религиозната и јазичната разноликост.“ Сметаме дека при сите разговори што ги опфаќаат јазичните и идентитетските прашања секоја земја членка на ЕУ мора да ја почитува оваа европска определба.

The post Научните работници: Нема да прифатиме ниту една одлука со која се оспорува самобитноста на македонскиот народ appeared first on Република.

]]>
Младите македонисти со Проглас за заштита на македонскиот јазик и книжевност и на македонистиката https://republika.mk/vesti/makedonija/mladite-makedonisti-so-proglas-za-zashtita-na-makedonskiot-jazik-i-knizevnost-i-na-makedonistikata/ Wed, 20 Jul 2022 13:24:46 +0000 https://republika.mk/?p=531462

По објавувањето на Унилатералната изјава на Република Македонија приложена кон записникот од првата политичка МВК, во којашто се изоставени значајните научни факти за историјата и континуитетот на македонскиот јазик и книжевност, а едновремено се изнесуваат научно неточни тврдења за македонскиот јазик, ние, младите македонисти, должни сме да застанеме во одбрана на научната вистина и македонистиката и да не дозволиме да бидеме современици на отпочнување етапа на самонегирачки процес, со политички акт во којшто не се земени предвид научно потврдените сознанија и заклучоци ниту на македонската, ниту на светската филологија. Објавуваме и јавно упатуваме 

 

ПРОГЛАС ЗА ЗАШТИТА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И КНИЖЕВНОСТ

И НА МАКЕДОНИСТИКАТА

 

Бараме веднаш, без одложување, од страна на Владата на Р Македонија, односно Министерството за надворешни работи, оваа Изјава да биде повлечена во целост, имајќи предвид дека со неа не се почитуваат востановените научни сознанија и утврдени факти за македонскиот јазичен, книжевен и, воопшто, културен идентитет, зад коишто стои не само домашната и странската македонистика, туку и современата светска славистика, лингвистика, книжевна наука и историографија. Во Изјавата, меѓу другото, не се почитуваат и меѓународно усвоени теории и практики на толкување на фактите поврзани со историјата на словенските јазици во чиешто семејство припаѓа и македонскиот јазик, а, следствено на тоа, и на толкување на фактите за историјата на македонската книжевност и, воопшто, македонската култура. Со научно неточно тврдење изнесено во оваа Изјава, македонската дијалектологија, односно македонскиот дијасистем е сведен само на територијата на државата, спротивно на меѓународните принципи и научно утврдени факти коишто дијасистемот не го поврзуваат со политичките државни граници. Македонската книжевност е сведена на датирање само од 1945 година наваму (имајќи ја предвид употребата на терминот „литературен македонски јазик“, којшто подразбира јазик на литературата/книжевноста), при што, одделно, во Изјавата се алудира само на книжевни остварувања коишто се од поновата книжевна продукција, со што политички се брише македонската книжевна историја.

Ваквата Изјава може да доведе до сериозни и трајни последици по нацијата, државата и севкупната македонска култура, и затоа укажуваме дека доколку не биде повлечена, од наша страна ќе биде сметана за нелегитимна, а за нелегитимен ќе го сметаме и секој натамошен акт којшто ќе се темели или повикува на неа.

Јавно ги повикуваме претседателот на државата, г. Стево Пендаровски и Собранието на Р Македонија да застанат во одбрана на македонскиот јазик и книжевност, на македонистиката и на државните интереси и да ги искористат сите расположливи механизми за оваа срамна Изјава да биде повлечена, бидејќи со неа политички се задира во македонистичките темели, зад коишто стои науката. Притоа, треба да се има предвид дека оваа Изјава се коси со Резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции, донесена од Собранието на Р Македонија. Со неа е утврдено дека треба/мора да се почитуваат безрезервно сознанијата на македонските општествени, хуманистички и културолошки науки во врска со автохтоноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет и да се уважуваат сознанијата, утврдените факти, усвоените теории и емпириските истражувања на современата светска славистика, лингвистика, историографија и меѓународното право, според коишто македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат свој просторен и свој временски континуитет. Временскиот континуитет подразбира дека македонскиот јазик не е создаден, туку само е кодифициран во 1945 година, додека просторниот континуитет укажува на јазичната територија којашто не е само во рамките на државните граници како што научно неточно е претставено во Изјавата. Со Изјава или каков и да е друг акт, никој нема право да ги брише сознанијата на науката и да не почитува акт донесен од институција којашто е највисоко тело на државата.     

Стоејќи на браникот на македонскиот јазик, книжевност и култура, но и на браникот на македонистиката, укажуваме:

·         Историјата на македонскиот јазик не започнува во 1945 година. Кодификацијата врз научно верифицирани основи е потврда на претходен долговековен јазичен, културен и национален развој и континуитет и е само една етапа во развојот на јазикот. Нејзе ѝ претходат засведочени стремежи и за претходно нормирање на македонскиот јазик, при што одделно се издвојуваат заложбите на Ѓорѓија Пулевски, лозарите –припадниците на Младата македонска книжовна дружина, Крсте П. Мисирков. Во оваа Изјава, единствената временска одредница е поврзана само со кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, а покрај неа има само безначни фрази, при што изоставени се повикувања на традицијата на македонската редакција на црковнословенскиот јазик, дамаскинарската традиција, деветнаесеттовековните стремежи за посебен јазик, заложбите на Мисирков итн. Историјата на македонскиот писмен јазик започнува уште со старословенскиот јазик и кирилометодиевскиот период и мора да се има предвид дека старословенското, кирилометодиевското и црковнословенското наследство се суштински дел од културното наследство на сите словенски народи, вклучително и на македонскиот народ. Македонскиот јазик својот континуитет го остварува непрекинато, за што сведочат црковнословенската, апокрифната и народната книжевност и, воопшто, книжевноуметничката традиција, а тоа не е опфатено во оваа Изјава.

·         Дијалектното простирање на македонскиот јазик оди и преку државните граници на нашата татковина и научно е неточно наведеното во Изјавата дека континуитетот на македонскиот јазик „се заснова на специфичниот развој на дијалектите што се во неговата основа и биле распространети на територијата на денешна Република Македонија.“

·         Погрешна е формулацијата во Изјавата дека македонскиот јазик беше признаен од Третата конференција на ОН за стандардизација на географските имиња, одржана во Атина во 1977 година. Постоењето на македонскиот јазик е неспорно за светската филологија. На Конференцијата во Атина во 1977 година само е донесена Резолуција за тоа како македонската кирилица ќе се предава со латиница, или, поконкретно, како македонските топоними ќе се предаваат на географските карти со латиница.

·         Стандарниот јазик е социолингвистичка и политичка категорија, но нему му претходи народниот јазик. На народен македонски јазик е создавана македонската книжевност во периодот до крајот на Втората светска војна (како и во историјата на други народи пред чинот на кодификација на стандарден јазик) и таа е клучното остварување на нашиот јазик, потврдата за неговата посебност и пред чинот на кодификација. Да се потсетиме ‒ во 20 век, на македонски јазик создавале и Рацин, Иљоски, Панов, Крле, а претходно Џинот, Пејчиновиќ, Крчовски, Константин Миладинов… Со вака формулираната Изјава, македонската современа држава би се одрекла од делата на овие и други автори, клучни за македонскиот јазичен, книжевен и културен код. Поврзувајќи ја македонската книжевност само со чинот на кодификација (формулација: литературен јазик) и со единственото посочувањедека „литературата напишана на македонски јазик е добитник на меѓународни награди и признанија“, што доминантно се врзува со остварувања од последните неколку децении, без наведување ни збор повеќе за конкретни остварувања од македонската книжевна традиција и историја, со оваа Изјава политички се бришат клучни остварувања на македонската книжевност и култура.

·         Самиот факт што оваа Изјава е нелекторирана, со видливи, бројни правописни и граматички грешки, за жал, говори за односот, односно ниското ниво на свест и флоскулна, а не суштинска упатеност на носители на политики во државата (подолг временски период, а не само во актуелниот миг) кон важноста на македонскиот јазик, книжевност и култура и потребата од македонистички кадар (вклучително и лектори) и неговата важност за нацијата и државата. Како резултат на тоа и се случува ваква Изјава да биде подготвена и објавена без да биде консултирана релевантна научна и/или образовна институција од областа на македонистиката, бидејќи ако беше, немаше да може да ни се случи ваков срамен акт којшто е спротивен на македонските државни интереси.  

Кон сето ова, можат да се надоврзат уште низа научно поткрепени согледби, но повторно се доаѓа до истиот заклучок – ваквата изјава претставува чин на одрекување од клучни елементи на нашиот македонски јазичен, книжевен и, воопшто, културен идентитет! Оваа Изјава е одрекување и од влогот на нашите претходници и учители, меѓу коишто е и големиот Блаже Конески. Минатата година, кога одбележавме 100 години од неговото раѓање, многупати, вклучително и во политичките говори, се цитираше неговата мисла: „Јазикот е единствената комплетна татковина“. Но, зарем можеше од некои субјекти толку брзо да биде заборавена?! Оваа Изјава е навреда и за странските македонисти и слависти, од странските факултети и универзитети флоскулно наведени во неа, затоа што со неа се негира и брише она коешто тие го изучуваат, предаваат и афирмираат во светот како посветеници на македонистиката. Но, оваа Изјава е погубна и за следните генерации, на коишто со ваков акт им се одзема клучен дел од кодот на нивниот идентитет и на традициите на коишто тие ќе треба да се надоврзат. Им се одзема она што им припаѓа, а немаме право на тоа!

Ова не смееме да го дозволиме! Затоа, јавно ги повикуваме сите научни и образовни институции да застанат во одбрана на македонскиот јазик и книжевност и македонистиката, обединети во барањето Унилатералната изјава на Република Македонија веднаш, без одложување, да биде повлечена во целост, имајќи ја предвид нејзината штетност за нацијата и државата и далекусежните последици од неа по рецепцијата на македонскиот јазичен, книжевен и културен идентитет.

На крај, уште еднаш ги повикуваме Владата на Р Македонија и Министерството за надворешни работи, веднаш да ја повлечат Изјавата со којашто се задира во македонистичките темели, зад коишто стои науката. Ним им останува дали ќе им се извинат на македонскиот народ и на сите граѓани на нашата држава за овој историски негативен преседан.

Време е и во нашево време да се запрашаме: „Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред?“

 

Христина Ангелеска, магистранд по македонистика со комуникологија при Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“

м-р Иван Антоновски, асистент на Катедрата за македонска книжевност и култура при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – УКИМ

м-р Кристина Атанасова, магистер по македонска книжевност, графичка дизајнерка

Софија Величковска, студент на Катедрата за македонска книжевност и култура при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – УКИМ

Кристина Дабеска, дипломиран професор по македонски јазик и книжевност

Анастасија Димковска, дипломирана професорка по македонистика: книжевност и јазик

Теодора Донакова, дипломирана професорка по македонистика: книжевност и јазик

Кристина Дукоска, лектор и јазичен редактор

Тамара Ѓонеска, дипломирана професорка по македонски јазик и книжевност

Елена Ѓорѓиовска, дипломирана професорка по македонистика: книжевност и јазик, лектор по македонски јазик на Универзитетот во Букурешт, Романија

д-р Татјана Б. Ефтимоска, лектор и професор по македонски јазик и литература

м-р Моника Илкова, магистер по македонска книжевност, лектор по македонски јазик на Универзитетот во Ниш

м-р Давор Јанкулоски, асистент-истражувач, Истражувачки центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“, МАНУ

Катерина Котеска, апсолвент на Катедрата за македонска книжевност и култура при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – УКИМ

д-р Николче Мицкоски, соработник-истражувач, Лексикографски центар, МАНУ

д-р Бисера Павлеска-Георгиевска, доктор по филолошки науки

д-р Марија Паунова, вонреден професор на Катедрата за македонски јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – УКИМ

Рената Пенчова, дипломирана професорка по македонистика: книжевност и јазик, проектен асистент во здружение на граѓани „Еко Логик“

д-р Биљана Рајчинова-Николова, соработник-истражувач, Одделение за македонска литература во XX век, Институт за македонска литература, УКИМ – Скопје

Маја Ристеска, дипломиран професор по македонистика: книжевност и јазик

Павлинка Ристова, дипломирана професорка по општа и компаративна книжевност и македонски јазик, книжарка во книжарница ТРИ

Милена Сиљаноска, дипломирана професорка по општа и компаративна книжевност и македонски јазик, уредничка во Издавачки центар ТРИ

д-р Трајче Стамески, вонреден професор на Катедрата за македонска книжевност и култура при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – УКИМ

Радица Стојановска, апсолвент на Катедрата за македонска книжевност и култура при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – УКИМ

Стефани Стојаноска, дипломирана професорка по македонски јазик и книжевност

м-р Александра Стојковска, магистер по македонска книжевност

м-р Александра Спасевска, магистер по филолошки науки во областа македонска книжевност, наставник по македонски јазик во ООУ„Кузман Јосифовски-Питу“ – Кичево

д-р Искра Тасевска Хаџи-Бошкова, вонреден професор на Катедрата за македонска книжевност и култура при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – УКИМ

Марија Тасеска, студент на Катедрата за македонска книжевност и култура, Филолошки факултет „Блаже Конески“ – УКИМ

Марко Тодевски, студент на Катедрата за македонска книжевност и култура, Филолошки факултет „Блаже Конески“ – УКИМ

Валентина Трајановска, дипломирана професорка по македонски јазик и книжевност

м-р Ирина Тумбовска, магистер по македонска книжевност, Маркетинг и ПР во Издавачки центар Антолог

м-р Марина Цветаноска, соработник истражувач, Одделение за македонска литература XIX век при Институтот за македонска литература – УКИМ

Млади македонисти

The post Младите македонисти со Проглас за заштита на македонскиот јазик и книжевност и на македонистиката appeared first on Република.

]]>

По објавувањето на Унилатералната изјава на Република Македонија приложена кон записникот од првата политичка МВК, во којашто се изоставени значајните научни факти за историјата и континуитетот на македонскиот јазик и книжевност, а едновремено се изнесуваат научно неточни тврдења за македонскиот јазик, ние, младите македонисти, должни сме да застанеме во одбрана на научната вистина и македонистиката и да не дозволиме да бидеме современици на отпочнување етапа на самонегирачки процес, со политички акт во којшто не се земени предвид научно потврдените сознанија и заклучоци ниту на македонската, ниту на светската филологија. Објавуваме и јавно упатуваме   

ПРОГЛАС ЗА ЗАШТИТА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И КНИЖЕВНОСТ

И НА МАКЕДОНИСТИКАТА

  Бараме веднаш, без одложување, од страна на Владата на Р Македонија, односно Министерството за надворешни работи, оваа Изјава да биде повлечена во целост, имајќи предвид дека со неа не се почитуваат востановените научни сознанија и утврдени факти за македонскиот јазичен, книжевен и, воопшто, културен идентитет, зад коишто стои не само домашната и странската македонистика, туку и современата светска славистика, лингвистика, книжевна наука и историографија. Во Изјавата, меѓу другото, не се почитуваат и меѓународно усвоени теории и практики на толкување на фактите поврзани со историјата на словенските јазици во чиешто семејство припаѓа и македонскиот јазик, а, следствено на тоа, и на толкување на фактите за историјата на македонската книжевност и, воопшто, македонската култура. Со научно неточно тврдење изнесено во оваа Изјава, македонската дијалектологија, односно македонскиот дијасистем е сведен само на територијата на државата, спротивно на меѓународните принципи и научно утврдени факти коишто дијасистемот не го поврзуваат со политичките државни граници. Македонската книжевност е сведена на датирање само од 1945 година наваму (имајќи ја предвид употребата на терминот „литературен македонски јазик“, којшто подразбира јазик на литературата/книжевноста), при што, одделно, во Изјавата се алудира само на книжевни остварувања коишто се од поновата книжевна продукција, со што политички се брише македонската книжевна историја. Ваквата Изјава може да доведе до сериозни и трајни последици по нацијата, државата и севкупната македонска култура, и затоа укажуваме дека доколку не биде повлечена, од наша страна ќе биде сметана за нелегитимна, а за нелегитимен ќе го сметаме и секој натамошен акт којшто ќе се темели или повикува на неа. Јавно ги повикуваме претседателот на државата, г. Стево Пендаровски и Собранието на Р Македонија да застанат во одбрана на македонскиот јазик и книжевност, на македонистиката и на државните интереси и да ги искористат сите расположливи механизми за оваа срамна Изјава да биде повлечена, бидејќи со неа политички се задира во македонистичките темели, зад коишто стои науката. Притоа, треба да се има предвид дека оваа Изјава се коси со Резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции, донесена од Собранието на Р Македонија. Со неа е утврдено дека треба/мора да се почитуваат безрезервно сознанијата на македонските општествени, хуманистички и културолошки науки во врска со автохтоноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет и да се уважуваат сознанијата, утврдените факти, усвоените теории и емпириските истражувања на современата светска славистика, лингвистика, историографија и меѓународното право, според коишто македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат свој просторен и свој временски континуитет. Временскиот континуитет подразбира дека македонскиот јазик не е создаден, туку само е кодифициран во 1945 година, додека просторниот континуитет укажува на јазичната територија којашто не е само во рамките на државните граници како што научно неточно е претставено во Изјавата. Со Изјава или каков и да е друг акт, никој нема право да ги брише сознанијата на науката и да не почитува акт донесен од институција којашто е највисоко тело на државата.      Стоејќи на браникот на македонскиот јазик, книжевност и култура, но и на браникот на македонистиката, укажуваме: ·         Историјата на македонскиот јазик не започнува во 1945 година. Кодификацијата врз научно верифицирани основи е потврда на претходен долговековен јазичен, културен и национален развој и континуитет и е само една етапа во развојот на јазикот. Нејзе ѝ претходат засведочени стремежи и за претходно нормирање на македонскиот јазик, при што одделно се издвојуваат заложбите на Ѓорѓија Пулевски, лозарите –припадниците на Младата македонска книжовна дружина, Крсте П. Мисирков. Во оваа Изјава, единствената временска одредница е поврзана само со кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, а покрај неа има само безначни фрази, при што изоставени се повикувања на традицијата на македонската редакција на црковнословенскиот јазик, дамаскинарската традиција, деветнаесеттовековните стремежи за посебен јазик, заложбите на Мисирков итн. Историјата на македонскиот писмен јазик започнува уште со старословенскиот јазик и кирилометодиевскиот период и мора да се има предвид дека старословенското, кирилометодиевското и црковнословенското наследство се суштински дел од културното наследство на сите словенски народи, вклучително и на македонскиот народ. Македонскиот јазик својот континуитет го остварува непрекинато, за што сведочат црковнословенската, апокрифната и народната книжевност и, воопшто, книжевноуметничката традиција, а тоа не е опфатено во оваа Изјава. ·         Дијалектното простирање на македонскиот јазик оди и преку државните граници на нашата татковина и научно е неточно наведеното во Изјавата дека континуитетот на македонскиот јазик „се заснова на специфичниот развој на дијалектите што се во неговата основа и биле распространети на територијата на денешна Република Македонија.“ ·         Погрешна е формулацијата во Изјавата дека македонскиот јазик беше признаен од Третата конференција на ОН за стандардизација на географските имиња, одржана во Атина во 1977 година. Постоењето на македонскиот јазик е неспорно за светската филологија. На Конференцијата во Атина во 1977 година само е донесена Резолуција за тоа како македонската кирилица ќе се предава со латиница, или, поконкретно, како македонските топоними ќе се предаваат на географските карти со латиница. ·         Стандарниот јазик е социолингвистичка и политичка категорија, но нему му претходи народниот јазик. На народен македонски јазик е создавана македонската книжевност во периодот до крајот на Втората светска војна (како и во историјата на други народи пред чинот на кодификација на стандарден јазик) и таа е клучното остварување на нашиот јазик, потврдата за неговата посебност и пред чинот на кодификација. Да се потсетиме ‒ во 20 век, на македонски јазик создавале и Рацин, Иљоски, Панов, Крле, а претходно Џинот, Пејчиновиќ, Крчовски, Константин Миладинов… Со вака формулираната Изјава, македонската современа држава би се одрекла од делата на овие и други автори, клучни за македонскиот јазичен, книжевен и културен код. Поврзувајќи ја македонската книжевност само со чинот на кодификација (формулација: литературен јазик) и со единственото посочувањедека „литературата напишана на македонски јазик е добитник на меѓународни награди и признанија“, што доминантно се врзува со остварувања од последните неколку децении, без наведување ни збор повеќе за конкретни остварувања од македонската книжевна традиција и историја, со оваа Изјава политички се бришат клучни остварувања на македонската книжевност и култура. ·         Самиот факт што оваа Изјава е нелекторирана, со видливи, бројни правописни и граматички грешки, за жал, говори за односот, односно ниското ниво на свест и флоскулна, а не суштинска упатеност на носители на политики во државата (подолг временски период, а не само во актуелниот миг) кон важноста на македонскиот јазик, книжевност и култура и потребата од македонистички кадар (вклучително и лектори) и неговата важност за нацијата и државата. Како резултат на тоа и се случува ваква Изјава да биде подготвена и објавена без да биде консултирана релевантна научна и/или образовна институција од областа на македонистиката, бидејќи ако беше, немаше да може да ни се случи ваков срамен акт којшто е спротивен на македонските државни интереси.   Кон сето ова, можат да се надоврзат уште низа научно поткрепени согледби, но повторно се доаѓа до истиот заклучок – ваквата изјава претставува чин на одрекување од клучни елементи на нашиот македонски јазичен, книжевен и, воопшто, културен идентитет! Оваа Изјава е одрекување и од влогот на нашите претходници и учители, меѓу коишто е и големиот Блаже Конески. Минатата година, кога одбележавме 100 години од неговото раѓање, многупати, вклучително и во политичките говори, се цитираше неговата мисла: „Јазикот е единствената комплетна татковина“. Но, зарем можеше од некои субјекти толку брзо да биде заборавена?! Оваа Изјава е навреда и за странските македонисти и слависти, од странските факултети и универзитети флоскулно наведени во неа, затоа што со неа се негира и брише она коешто тие го изучуваат, предаваат и афирмираат во светот како посветеници на македонистиката. Но, оваа Изјава е погубна и за следните генерации, на коишто со ваков акт им се одзема клучен дел од кодот на нивниот идентитет и на традициите на коишто тие ќе треба да се надоврзат. Им се одзема она што им припаѓа, а немаме право на тоа! Ова не смееме да го дозволиме! Затоа, јавно ги повикуваме сите научни и образовни институции да застанат во одбрана на македонскиот јазик и книжевност и македонистиката, обединети во барањето Унилатералната изјава на Република Македонија веднаш, без одложување, да биде повлечена во целост, имајќи ја предвид нејзината штетност за нацијата и државата и далекусежните последици од неа по рецепцијата на македонскиот јазичен, книжевен и културен идентитет. На крај, уште еднаш ги повикуваме Владата на Р Македонија и Министерството за надворешни работи, веднаш да ја повлечат Изјавата со којашто се задира во македонистичките темели, зад коишто стои науката. Ним им останува дали ќе им се извинат на македонскиот народ и на сите граѓани на нашата држава за овој историски негативен преседан. Време е и во нашево време да се запрашаме: „Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред?“   Христина Ангелеска, магистранд по македонистика со комуникологија при Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ м-р Иван Антоновски, асистент на Катедрата за македонска книжевност и култура при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – УКИМ м-р Кристина Атанасова, магистер по македонска книжевност, графичка дизајнерка Софија Величковска, студент на Катедрата за македонска книжевност и култура при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – УКИМ Кристина Дабеска, дипломиран професор по македонски јазик и книжевност Анастасија Димковска, дипломирана професорка по македонистика: книжевност и јазик Теодора Донакова, дипломирана професорка по македонистика: книжевност и јазик Кристина Дукоска, лектор и јазичен редактор Тамара Ѓонеска, дипломирана професорка по македонски јазик и книжевност Елена Ѓорѓиовска, дипломирана професорка по македонистика: книжевност и јазик, лектор по македонски јазик на Универзитетот во Букурешт, Романија д-р Татјана Б. Ефтимоска, лектор и професор по македонски јазик и литература м-р Моника Илкова, магистер по македонска книжевност, лектор по македонски јазик на Универзитетот во Ниш м-р Давор Јанкулоски, асистент-истражувач, Истражувачки центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“, МАНУ Катерина Котеска, апсолвент на Катедрата за македонска книжевност и култура при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – УКИМ д-р Николче Мицкоски, соработник-истражувач, Лексикографски центар, МАНУ д-р Бисера Павлеска-Георгиевска, доктор по филолошки науки д-р Марија Паунова, вонреден професор на Катедрата за македонски јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – УКИМ Рената Пенчова, дипломирана професорка по македонистика: книжевност и јазик, проектен асистент во здружение на граѓани „Еко Логик“ д-р Биљана Рајчинова-Николова, соработник-истражувач, Одделение за македонска литература во XX век, Институт за македонска литература, УКИМ – Скопје Маја Ристеска, дипломиран професор по македонистика: книжевност и јазик Павлинка Ристова, дипломирана професорка по општа и компаративна книжевност и македонски јазик, книжарка во книжарница ТРИ Милена Сиљаноска, дипломирана професорка по општа и компаративна книжевност и македонски јазик, уредничка во Издавачки центар ТРИ д-р Трајче Стамески, вонреден професор на Катедрата за македонска книжевност и култура при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – УКИМ Радица Стојановска, апсолвент на Катедрата за македонска книжевност и култура при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – УКИМ Стефани Стојаноска, дипломирана професорка по македонски јазик и книжевност м-р Александра Стојковска, магистер по македонска книжевност м-р Александра Спасевска, магистер по филолошки науки во областа македонска книжевност, наставник по македонски јазик во ООУ„Кузман Јосифовски-Питу“ – Кичево д-р Искра Тасевска Хаџи-Бошкова, вонреден професор на Катедрата за македонска книжевност и култура при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – УКИМ Марија Тасеска, студент на Катедрата за македонска книжевност и култура, Филолошки факултет „Блаже Конески“ – УКИМ Марко Тодевски, студент на Катедрата за македонска книжевност и култура, Филолошки факултет „Блаже Конески“ – УКИМ Валентина Трајановска, дипломирана професорка по македонски јазик и книжевност м-р Ирина Тумбовска, магистер по македонска книжевност, Маркетинг и ПР во Издавачки центар Антолог м-р Марина Цветаноска, соработник истражувач, Одделение за македонска литература XIX век при Институтот за македонска литература – УКИМ Млади македонисти

The post Младите македонисти со Проглас за заштита на македонскиот јазик и книжевност и на македонистиката appeared first on Република.

]]>