професор Archives - Република https://republika.mk/tema/profesor/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Mar 2024 11:06:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png професор Archives - Република https://republika.mk/tema/profesor/ 32 32 Професор од тетовско средно училиште пријавен дека нападнал ученик https://republika.mk/vesti/crna-hronika/profesor-od-tetovsko-sredno-uchilishte-prijaven-deka-napadnal-uchenik/ Fri, 15 Mar 2024 12:59:57 +0000 https://republika.mk/?p=755098

Триесет и деветгодишната И.М. од тетовско село, вчера во 16 часот и 10 часот во СВР Тетово пријавила дека околу 13 часот и 10 минути во тетовско средно училиште во кое учел нејзиниот малолетен син, професорот И.Н. се однесувал агресивно кон него и му нанел повреда со тврд предмет.

Од тетовската полиција велат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

The post Професор од тетовско средно училиште пријавен дека нападнал ученик appeared first on Република.

]]>

Триесет и деветгодишната И.М. од тетовско село, вчера во 16 часот и 10 часот во СВР Тетово пријавила дека околу 13 часот и 10 минути во тетовско средно училиште во кое учел нејзиниот малолетен син, професорот И.Н. се однесувал агресивно кон него и му нанел повреда со тврд предмет. Од тетовската полиција велат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

The post Професор од тетовско средно училиште пријавен дека нападнал ученик appeared first on Република.

]]>
Професор во Берлин ја спореди вакцината против короната со холокаустот, казнет е со 3.000 евра https://republika.mk/vesti/svet/profesor-vo-berlin-ja-sporedi-vaktsinata-protiv-koronata-so-holokaustot-kaznet-e-so-3-000-evra/ Tue, 09 Jan 2024 08:15:36 +0000 https://republika.mk/?p=730615

Професор во германскиот главен град Берлин е казнет со 3.000 евра поради поттикнување омраза споредувајќи ја вакцината против коронавирусот со Холокаустот. 62-годишникот, кој предавал во стручно училиште, го тривијализирал убиството на шест милиони Евреи, одлучи вчера окружниот суд.

Во 2021 година, обвинетиот на онлајн платформа објавил видео на кое се прикажани портите на нацистички концентрационен логор, а наместо озлогласениот слоган „Arbeit macht frei“ (Работата ве ослободува) што се наоѓал на влезот во таквите логори, тој го вметнал „Impfen macht frei“ (Вакцинацијата ве ослободува).

Според обвинението, во друго видео тој ги споредил мерките на германската влада за борба против коронавирусот со холокаустот.

Поистоветувањето на историската неправда со мерките против коронавирусот „е тривијализација, секое друго толкување е претенциозно“, рече судијката, повикувајќи се на претходна одлука на Уставниот суд во Берлин во сличен случај.

Судијката рече дека очекува обвинетиот да поднесе жалба на пресудата. Градот го отпушти професорот во август 2021 година, поради што тој започна постапка пред трудовиот суд. Нему му била доделена отпремнина од 72.000 евра, но судот за работни односи одлучи дека не е разумно да се очекува Берлин да му дозволи да се врати на своето работно место.

The post Професор во Берлин ја спореди вакцината против короната со холокаустот, казнет е со 3.000 евра appeared first on Република.

]]>

Професор во германскиот главен град Берлин е казнет со 3.000 евра поради поттикнување омраза споредувајќи ја вакцината против коронавирусот со Холокаустот. 62-годишникот, кој предавал во стручно училиште, го тривијализирал убиството на шест милиони Евреи, одлучи вчера окружниот суд. Во 2021 година, обвинетиот на онлајн платформа објавил видео на кое се прикажани портите на нацистички концентрационен логор, а наместо озлогласениот слоган „Arbeit macht frei“ (Работата ве ослободува) што се наоѓал на влезот во таквите логори, тој го вметнал „Impfen macht frei“ (Вакцинацијата ве ослободува). Според обвинението, во друго видео тој ги споредил мерките на германската влада за борба против коронавирусот со холокаустот. Поистоветувањето на историската неправда со мерките против коронавирусот „е тривијализација, секое друго толкување е претенциозно“, рече судијката, повикувајќи се на претходна одлука на Уставниот суд во Берлин во сличен случај. Судијката рече дека очекува обвинетиот да поднесе жалба на пресудата. Градот го отпушти професорот во август 2021 година, поради што тој започна постапка пред трудовиот суд. Нему му била доделена отпремнина од 72.000 евра, но судот за работни односи одлучи дека не е разумно да се очекува Берлин да му дозволи да се врати на своето работно место.

The post Професор во Берлин ја спореди вакцината против короната со холокаустот, казнет е со 3.000 евра appeared first on Република.

]]>
Највисоката казна е 2.5 години затвор: Почнува судењето на тинејџерите за убиството на професорот Пати https://republika.mk/vesti/svet/najvisokata-kazna-e-2-5-godini-zatvor-pochnuva-sudeneto-na-tinejdherite-za-ubistvoto-na-profesorot-pati/ Mon, 27 Nov 2023 10:13:55 +0000 https://republika.mk/?p=716659

Во Франција денеска почнува судскиот процес против шест тинејџери обвинети за убиството на професорот по историја Самуел Пати во 2020 година.

Судењето се одвива зад затворени врати. Пати ги разбесни родителите на муслиманските ученици кога на час за слобода на изразувањето им покажа карикатура на пророкот Мухамед. Во исламот, прикажувањето на пророкот Мухамед се смета за богохулење.

Еден од шесте тинејџери е 15-годишно девојче кое наводно им кажало на своите родители дека професорот на час покажувала карикатури од Мухамед. Неа и се суди за лажно обвинение, бидејќи било утврдено дека не била на час кога тоа се случило.

Пати беше убиен пред училиштето во предградие на Париз од 18-годишно момче родено во Чеченија, кое набрзо беше усмртено од полицијата.

Пет други малолетници, на возраст меѓу 14 и 15 години во моментот на нападот, беа обвинети за злосторнички заговор и заседа. Ним им се суди затоа што на убиецот му го покажале 47-годишниот професор или го следеле неговото излегување од училиштето.

На сите им се суди пред судот за малолетници, а им се заканува затворска казна до 2,5 години. Рочиштата кои ќе се одржуваат зад затворени врати ќе траат до 8 декември.

Поради убиство на Пати уапсени се и осум возрасни лица.

Франција е дом на најголемото муслиманско малцинство во Европа, а во изминатите години беше цел на терористички напади на исламистите. По убиството на Пети, дел од професорите признале дека се цензурираат по прашањето за слободата на говорот и вероисповед за да избегнат конфликт со учениците и нивните родители.

The post Највисоката казна е 2.5 години затвор: Почнува судењето на тинејџерите за убиството на професорот Пати appeared first on Република.

]]>

Во Франција денеска почнува судскиот процес против шест тинејџери обвинети за убиството на професорот по историја Самуел Пати во 2020 година. Судењето се одвива зад затворени врати. Пати ги разбесни родителите на муслиманските ученици кога на час за слобода на изразувањето им покажа карикатура на пророкот Мухамед. Во исламот, прикажувањето на пророкот Мухамед се смета за богохулење. Еден од шесте тинејџери е 15-годишно девојче кое наводно им кажало на своите родители дека професорот на час покажувала карикатури од Мухамед. Неа и се суди за лажно обвинение, бидејќи било утврдено дека не била на час кога тоа се случило. Пати беше убиен пред училиштето во предградие на Париз од 18-годишно момче родено во Чеченија, кое набрзо беше усмртено од полицијата. Пет други малолетници, на возраст меѓу 14 и 15 години во моментот на нападот, беа обвинети за злосторнички заговор и заседа. Ним им се суди затоа што на убиецот му го покажале 47-годишниот професор или го следеле неговото излегување од училиштето. На сите им се суди пред судот за малолетници, а им се заканува затворска казна до 2,5 години. Рочиштата кои ќе се одржуваат зад затворени врати ќе траат до 8 декември. Поради убиство на Пати уапсени се и осум возрасни лица. Франција е дом на најголемото муслиманско малцинство во Европа, а во изминатите години беше цел на терористички напади на исламистите. По убиството на Пети, дел од професорите признале дека се цензурираат по прашањето за слободата на говорот и вероисповед за да избегнат конфликт со учениците и нивните родители.

The post Највисоката казна е 2.5 години затвор: Почнува судењето на тинејџерите за убиството на професорот Пати appeared first on Република.

]]>
Професор во Словенија шмркал кокаин во тоалет на матурска забава https://republika.mk/vesti/balkan/profesor-vo-slovenija-shmrkal-kokain-vo-toalet-na-maturska-zabava/ Sun, 23 Apr 2023 08:57:21 +0000 https://republika.mk/?p=633167

Професор од гимназија во Љубљана е фатен како шмрка кокаин во тоалетот за време на матурска вечер, објави „словенске њуз“.

Покрај тоа што шмркал кокаин, професорот наводно бил и многу пијан, на матурантите им се обраќал непримерно, се тетеравел, а во еден момент, според очевидци, дури и паднал на земја.

Аленка Будихна, директорката на гимназијата Бежиград, потврди дека се свесни за обвинувањата и дека обвинувањата се вистинити. Професорот повеќе не работи во гимназијата.

Имавме матура, а потоа неколку дена подоцна почнав да ги добивам овие информации. Веднаш го повикав работникот на разговор, му ја објаснив ситуацијата и тој престана да работи“, изјави директорот.

Инцидентот не се случил на официјалниот дел од матурската вечер, туку нешто подоцна, на афтер забавата на која се присутни само студенти.

Од училиштето велат дека професорот работел со нив од октомври минатата година и не немал никакво претерано или неумесно однесување.

The post Професор во Словенија шмркал кокаин во тоалет на матурска забава appeared first on Република.

]]>

Професор од гимназија во Љубљана е фатен како шмрка кокаин во тоалетот за време на матурска вечер, објави „словенске њуз“. Покрај тоа што шмркал кокаин, професорот наводно бил и многу пијан, на матурантите им се обраќал непримерно, се тетеравел, а во еден момент, според очевидци, дури и паднал на земја. Аленка Будихна, директорката на гимназијата Бежиград, потврди дека се свесни за обвинувањата и дека обвинувањата се вистинити. Професорот повеќе не работи во гимназијата.
Имавме матура, а потоа неколку дена подоцна почнав да ги добивам овие информации. Веднаш го повикав работникот на разговор, му ја објаснив ситуацијата и тој престана да работи“, изјави директорот.
Инцидентот не се случил на официјалниот дел од матурската вечер, туку нешто подоцна, на афтер забавата на која се присутни само студенти. Од училиштето велат дека професорот работел со нив од октомври минатата година и не немал никакво претерано или неумесно однесување.

The post Професор во Словенија шмркал кокаин во тоалет на матурска забава appeared first on Република.

]]>
Професор нападнал малолетничка во скопско средно училиште https://republika.mk/vesti/crna-hronika/profesor-napadnal-maloletnichka-vo-skopsko-sredno-uchilishte/ Thu, 16 Mar 2023 18:01:00 +0000 https://republika.mk/?p=620440

На 15.03.2023 во 18.00 часот Ф.С.(49) од Скопје пријавил дека околу 10.00 часот во средно училиште на подрачјето на Бит Пазар, неговата малолетна ќерка била физички нападната од Ф.Ќ., професор во училиштето.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Професор нападнал малолетничка во скопско средно училиште appeared first on Република.

]]>

На 15.03.2023 во 18.00 часот Ф.С.(49) од Скопје пријавил дека околу 10.00 часот во средно училиште на подрачјето на Бит Пазар, неговата малолетна ќерка била физички нападната од Ф.Ќ., професор во училиштето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Професор нападнал малолетничка во скопско средно училиште appeared first on Република.

]]>
Пријавен случај за сексуален однос меѓу професор и средношколка во „Кочо Рацин“ во Велес https://republika.mk/vesti/crna-hronika/prijaven-sluchaj-za-seksualen-odnos-megju-profesor-i-srednoshkolka-vo-kocho-racin-vo-veles/ Thu, 15 Dec 2022 21:38:45 +0000 https://republika.mk/?p=586234

Директорот на СОУ „Кочин Рацин“ во Велес вчера пријавил во полиција дека од непознат профил добил аудио снимка на „Фејсбук“ за наводен сексуален однос меѓу професор и ученичка во истото средно училиште.

Во Полициската станица во Велес директорот на СОУ Гимназија „Кочин Рацин“ во Велес вчера пријавил дека на 15 октомври оваа година преку социјалната мрежа Фејсбук од непознат профил добил аудио снимка со разговор за наводен сексуален однос меѓу професор од неговото училиште и девојче. Потоа добил и смс-порака со заканувавчка содржина доколку не преземе мерки против професорот, информира портпаролот на СВР Велес Ристе Самарџиев.
Тој додаде дека полицијата работи на расчистување на случајот.

The post Пријавен случај за сексуален однос меѓу професор и средношколка во „Кочо Рацин“ во Велес appeared first on Република.

]]>

Директорот на СОУ „Кочин Рацин“ во Велес вчера пријавил во полиција дека од непознат профил добил аудио снимка на „Фејсбук“ за наводен сексуален однос меѓу професор и ученичка во истото средно училиште. Во Полициската станица во Велес директорот на СОУ Гимназија „Кочин Рацин“ во Велес вчера пријавил дека на 15 октомври оваа година преку социјалната мрежа Фејсбук од непознат профил добил аудио снимка со разговор за наводен сексуален однос меѓу професор од неговото училиште и девојче. Потоа добил и смс-порака со заканувавчка содржина доколку не преземе мерки против професорот, информира портпаролот на СВР Велес Ристе Самарџиев. Тој додаде дека полицијата работи на расчистување на случајот.

The post Пријавен случај за сексуален однос меѓу професор и средношколка во „Кочо Рацин“ во Велес appeared first on Република.

]]>
„Сликајте ги свидетелствата на децата, после трчајте по партии за вработување“ – вирален статус на македонски професор https://republika.mk/zivot/kariera/slikajte-gi-svidetelstvata-na-decata-posle-trchajte-po-partii-za-vrabotuvanje-viralen-status-na-makedonski-profesor/ Sat, 03 Sep 2022 09:43:33 +0000 https://republika.mk/?p=547039

Сликајте ги свидетелствата и кажувајте и на јавноста колку Вашите деца се совршени, после трчајте по партии за вработување или клепајте пред конзулати и амбасади!

Не заборавајте дека 5-ките се само бројки и не содвестуваат на реалното знаење или ментална слика на ученикот. Им набивате лажен комплекс на децата да мислат дека се совршени и им одземате многу детски радости, обидувајќи се да се оправдаат пред Вас, а немоќни се.

Секое дете е небрусен дијамант, има талент и е совршено, треба родителот да го открие, поттикне, охрабри исто и наставникот кој ќе го подржи, насочи и образова. Да не се плаши детето ако добие 4 или помала оцена, невелам 1 оти кецот не постои повеќе освен кај Трајче, Ристе, Мефаил и Севѓул, маргинализирани ученици од пониски класи кои немаат можност да кренат тел.

Има деца чии родители се сиромашни, некои се разведуваат, отпуштен од работа, порок и сл децата се повлекуваат попуштаат во учење, треба да им се помогне, поттик од соучениците, наставник, педагог, психолог...

Како можи сите одлични, а државата пропаст, толку паметен народ а батал, некултурен, ѓубре насекаде искршени клупи, крлешки, секој ден пијани мочани, а толку совршени деца, љуби те мајка... Немојте да се охрабрувате оти Вашето дете е мангуп или истепал некого, туку дека победило во спорт, натпревар на школо, писмена задача и сл. Дајте им иднина сами да можат да функционираат, да бидат независни, да творат, заработуваат, сами да чекорат по патот на успехот и гледајќи ги да се гордеете!

Статус на професор Никола Аврамовски

The post „Сликајте ги свидетелствата на децата, после трчајте по партии за вработување“ – вирален статус на македонски професор appeared first on Република.

]]>

Сликајте ги свидетелствата и кажувајте и на јавноста колку Вашите деца се совршени, после трчајте по партии за вработување или клепајте пред конзулати и амбасади! Не заборавајте дека 5-ките се само бројки и не содвестуваат на реалното знаење или ментална слика на ученикот. Им набивате лажен комплекс на децата да мислат дека се совршени и им одземате многу детски радости, обидувајќи се да се оправдаат пред Вас, а немоќни се. Секое дете е небрусен дијамант, има талент и е совршено, треба родителот да го открие, поттикне, охрабри исто и наставникот кој ќе го подржи, насочи и образова. Да не се плаши детето ако добие 4 или помала оцена, невелам 1 оти кецот не постои повеќе освен кај Трајче, Ристе, Мефаил и Севѓул, маргинализирани ученици од пониски класи кои немаат можност да кренат тел. Има деца чии родители се сиромашни, некои се разведуваат, отпуштен од работа, порок и сл децата се повлекуваат попуштаат во учење, треба да им се помогне, поттик од соучениците, наставник, педагог, психолог... Како можи сите одлични, а државата пропаст, толку паметен народ а батал, некултурен, ѓубре насекаде искршени клупи, крлешки, секој ден пијани мочани, а толку совршени деца, љуби те мајка... Немојте да се охрабрувате оти Вашето дете е мангуп или истепал некого, туку дека победило во спорт, натпревар на школо, писмена задача и сл. Дајте им иднина сами да можат да функционираат, да бидат независни, да творат, заработуваат, сами да чекорат по патот на успехот и гледајќи ги да се гордеете! Статус на професор Никола Аврамовски

The post „Сликајте ги свидетелствата на децата, после трчајте по партии за вработување“ – вирален статус на македонски професор appeared first on Република.

]]>
Четири месеци затвор за професорот што нападна ученик во струшко училиште https://republika.mk/vesti/crna-hronika/chetiri-meseci-zatvor-za-profesorot-shto-napadna-uchenik-vo-strushko-uchilishte/ Thu, 10 Feb 2022 14:50:41 +0000 https://republika.mk/?p=456857

Пресуда од четири месеци затвор за професорот, кој во декември минатата година со метален боксирач нападна ученик во струшкото средно училиште „Ибрахим Темо“, донесе денеска Основниот суд во Струга.

Судот го прогласи за виновен за сторено кривично дело „насилство“, а во изречената казна, ќе му биде пресметан и периодот поминат во притвор, до правосилноста на пресудата.

Неговиот адвокат Сеад Мена најави жалба, со тврдење дека доказите не се објективно оценети.

На единственото судско рочиште, кое се одржа пред една недела, сега осудениот професор Ерол Спахо, кажа дека на случајот му претходел вербална расправија со негова колешка, мајка на повредениот ученик. Посочи дека бил нападнат од ученикот во тоалетот, со тупаница на челото. Боксирачот го извадил за да го исплаши, но тој завршил во главата на ученикот.

Одбраната на професорот тогаш побара укинување на мерката притворот со образложение дека не биле исполнети објективните елементи на кривичното дело насилство.

Има контрадикторни докази, особено исказите на сведоците и на оштетениот и спротивно на Обвинителството, одбраната бара обвинетиот да биде ослободен од ова кривично дело. Кривично дело има, тоа е телесна повреда, но таа се гони со приватна тужба, не по службена должност. Затоа побаравме притворот да му биде укинат и сметам дека судот ќе донесе правилна одлука, изјави по рочиштето на 3 февруари адвокатот Сеад Мена.

Инцидентот се случи на 23 декември минатата година во средното училиште „Ибрахим Темо“ во Струга. По нападот од професорот, ученикот бил примен на Хирушкото одделение со повреда на главата, каде по извршеното шиење е пуштен на домашно лекување. Педесет и седум годишниот професор беше приведен од полицијата, по што му беше одредена мерка притвор, а во меѓувреме по предлог на дисциплинската комисија во училиштето престана неговиот работен однос.

The post Четири месеци затвор за професорот што нападна ученик во струшко училиште appeared first on Република.

]]>

Пресуда од четири месеци затвор за професорот, кој во декември минатата година со метален боксирач нападна ученик во струшкото средно училиште „Ибрахим Темо“, донесе денеска Основниот суд во Струга. Судот го прогласи за виновен за сторено кривично дело „насилство“, а во изречената казна, ќе му биде пресметан и периодот поминат во притвор, до правосилноста на пресудата. Неговиот адвокат Сеад Мена најави жалба, со тврдење дека доказите не се објективно оценети. На единственото судско рочиште, кое се одржа пред една недела, сега осудениот професор Ерол Спахо, кажа дека на случајот му претходел вербална расправија со негова колешка, мајка на повредениот ученик. Посочи дека бил нападнат од ученикот во тоалетот, со тупаница на челото. Боксирачот го извадил за да го исплаши, но тој завршил во главата на ученикот. Одбраната на професорот тогаш побара укинување на мерката притворот со образложение дека не биле исполнети објективните елементи на кривичното дело насилство. Има контрадикторни докази, особено исказите на сведоците и на оштетениот и спротивно на Обвинителството, одбраната бара обвинетиот да биде ослободен од ова кривично дело. Кривично дело има, тоа е телесна повреда, но таа се гони со приватна тужба, не по службена должност. Затоа побаравме притворот да му биде укинат и сметам дека судот ќе донесе правилна одлука, изјави по рочиштето на 3 февруари адвокатот Сеад Мена. Инцидентот се случи на 23 декември минатата година во средното училиште „Ибрахим Темо“ во Струга. По нападот од професорот, ученикот бил примен на Хирушкото одделение со повреда на главата, каде по извршеното шиење е пуштен на домашно лекување. Педесет и седум годишниот професор беше приведен од полицијата, по што му беше одредена мерка притвор, а во меѓувреме по предлог на дисциплинската комисија во училиштето престана неговиот работен однос.

The post Четири месеци затвор за професорот што нападна ученик во струшко училиште appeared first on Република.

]]>