професионален војник Archives - Република https://republika.mk/tema/profesionalen-vojnik/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Feb 2024 14:50:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png професионален војник Archives - Република https://republika.mk/tema/profesionalen-vojnik/ 32 32 Професионален војник додека чувал стража во Идризово на затворениците им доставувал мобилни телефони https://republika.mk/vesti/crna-hronika/profesionalen-vojnik-dodeka-chuval-strazha-vo-idrizovo-na-zatvorenitsite-im-dostavuval-mobilni-telefoni/ Fri, 02 Feb 2024 14:50:50 +0000 https://republika.mk/?p=739803

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 23-годишник осомничен за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 1 февруари во КПУ Идризово – Скопје, како службено лице – професионален војник во Армијата на Република Македонија, поради прогласена кризна состојба на подрачје на затворот, бил ангажиран како надворешно – статично обезбедување од стражарна кула на оградниот ѕид на затворскиот објект. Притоа, тој презел дејствие со кое ги пречекорил границите на своите службени овластувања со намера за двајца осуденици кои издржувале казна затвор во затвореното одделение и на кои согласно куќниот ред во затворот им се забранети мобилни телефони, да им прибави и да им овозможи користење на мобилни телефони и комуникација без надзор на затворска полиција.

Откако претходно скрил десет мобилни телефони во тактичкиот елек од униформата која ја носел, тој го напуштил стражарното место и знаејќи дека осудениците биле пуштени на дневна прошетка и го чекаат, застанал до ѕидот од кабината и последователно преку две заштитни огради им ги фрлал мобилните телефони, со цел да им овозможи комуникација без надзор.

Бидејќи постојат околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство, како и особени околности кои го оправдуваат стравувањето дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

 

The post Професионален војник додека чувал стража во Идризово на затворениците им доставувал мобилни телефони appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 23-годишник осомничен за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 1 февруари во КПУ Идризово – Скопје, како службено лице – професионален војник во Армијата на Република Македонија, поради прогласена кризна состојба на подрачје на затворот, бил ангажиран како надворешно – статично обезбедување од стражарна кула на оградниот ѕид на затворскиот објект. Притоа, тој презел дејствие со кое ги пречекорил границите на своите службени овластувања со намера за двајца осуденици кои издржувале казна затвор во затвореното одделение и на кои согласно куќниот ред во затворот им се забранети мобилни телефони, да им прибави и да им овозможи користење на мобилни телефони и комуникација без надзор на затворска полиција. Откако претходно скрил десет мобилни телефони во тактичкиот елек од униформата која ја носел, тој го напуштил стражарното место и знаејќи дека осудениците биле пуштени на дневна прошетка и го чекаат, застанал до ѕидот од кабината и последователно преку две заштитни огради им ги фрлал мобилните телефони, со цел да им овозможи комуникација без надзор. Бидејќи постојат околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство, како и особени околности кои го оправдуваат стравувањето дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.  

The post Професионален војник додека чувал стража во Идризово на затворениците им доставувал мобилни телефони appeared first on Република.

]]>
Жена – професионален војник под истрага за примање поткуп https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zhena-profesionalen-vojnik-pod-istraga-za-primane-potkup/ Sat, 20 May 2023 16:56:34 +0000 https://republika.mk/?p=643042

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишна жена од Волково, бидејќи постои основано сомнение дека сторила кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти ОЈО, осомничената, на 18 и 19 мај, како професионален војник, директно побарала и примила парични средства, за да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши.

Парите ги побарала од нејзин колега, исто така професионален војник во Армијата на РСМ, за да му „помогне“ при изборот на јавно објавениот конкурс за прием на офицери.

По објавување на првичната и во очекување на конечната листа на кандидати, осомничената го контактирала колегата и му кажала дека може да му помогне за тој да ги исполни условите за да биде избран за офицер, стои во соопштението.

Но, за тоа побарала тој да плати 3.000 евра, кои наводно таа ќе ги проследи до лице кое има влијание при изборот. На 19 мај тие се сретнале во кафе бар, при што осомничената уште еднаш потврдила дека ќе ги прими парите. Заедно се упатиле кон нејзиниот автомобил каде војникот и предал 2.400 евра претходно криминалистичко-технички обработени. Веднаш потоа осомничената била лишена од слобода.

Бидејќи особени околности укажуваат на тоа дека осомничената ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, а постојат и особени околности кои што го оправдуваат стравот дека осомничената ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

Јавниот обвинител кој постапува во предметот издаде наредби со цел да се испита инволвираност и на други лица во настанот.

The post Жена – професионален војник под истрага за примање поткуп appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишна жена од Волково, бидејќи постои основано сомнение дека сторила кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 1 од Кривичниот законик. Како што соопшти ОЈО, осомничената, на 18 и 19 мај, како професионален војник, директно побарала и примила парични средства, за да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши. Парите ги побарала од нејзин колега, исто така професионален војник во Армијата на РСМ, за да му „помогне“ при изборот на јавно објавениот конкурс за прием на офицери. По објавување на првичната и во очекување на конечната листа на кандидати, осомничената го контактирала колегата и му кажала дека може да му помогне за тој да ги исполни условите за да биде избран за офицер, стои во соопштението. Но, за тоа побарала тој да плати 3.000 евра, кои наводно таа ќе ги проследи до лице кое има влијание при изборот. На 19 мај тие се сретнале во кафе бар, при што осомничената уште еднаш потврдила дека ќе ги прими парите. Заедно се упатиле кон нејзиниот автомобил каде војникот и предал 2.400 евра претходно криминалистичко-технички обработени. Веднаш потоа осомничената била лишена од слобода. Бидејќи особени околности укажуваат на тоа дека осомничената ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, а постојат и особени околности кои што го оправдуваат стравот дека осомничената ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор. Јавниот обвинител кој постапува во предметот издаде наредби со цел да се испита инволвираност и на други лица во настанот.

The post Жена – професионален војник под истрага за примање поткуп appeared first on Република.

]]>