проф. д-р Горан Калоѓера Archives - Република https://republika.mk/tema/prof-d-r-goran-kalogera/ За подобро да се разбереме Mon, 27 May 2024 17:19:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png проф. д-р Горан Калоѓера Archives - Република https://republika.mk/tema/prof-d-r-goran-kalogera/ 32 32 Дајте ми македонско државјанство – можеби за многумина ова изгледа глупаво, но за мене е многу важно, вели хрватскиот професор Горан Калоѓера https://republika.mk/vesti/makedonija/dajte-mi-makedonsko-drzhavjanstvo-mozhebi-za-mnogumina-ova-izgleda-glupavo-no-za-mene-e-mnogu-vazhno-veli-hrvatskiot-profesor-goran-kalogera/ Mon, 27 May 2024 17:19:04 +0000 https://republika.mk/?p=782169

Ова што го гледате на сликата, драги Македонци, е медалот заслуги за Македонија, објави на својот профил на Фејсбук, хрватскиот проф. д-р Горан Калоѓера.

Тој бара македонско државјанство за себе и за неговата сопруга, исто така универзитетски професор.

Во продолжение целата објава на Калоѓера, кој со Македонија е поврзан уште од 1980 година и најголем број од 40-тината објавени книги се поврзани со Македонија:

Никогаш порано не сум го користел, едноставно, го прифатив како признание за моите заслуги кон македонската наука. Со оглед на тоа што барам мислење од македонскиот народ, а не од владејачките структури, е следново: Барам за мене и за жена ми македонско државјанство. За мнозина можеби ова е глупо, но за мене е многу важно.

Јас сум македоннист од 1980 година, основач на македонски студии во Риека, надворешен член на Друштвото на писатели на Македонија, почесен доктор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, основач на Лекторатот за македонски јазик на Филозофскиот факултет во Риека, надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите, proffesor emeritus на Универзитетот во Риека.

Објавив 41 книга, од кои 30 се поврзани со Македонија. Јас сум основач на симпозиумите за хрватско-македонски лингвистички, литературни и културни врски, кои произведоа пет симпозиуми и исто толку зборници.

За сето тоа имав поддршка од мојата сопруга, која е редовен професор по американистика на Филозофскиот факултет во Риека, која одржа голем број предавања и објави неколку статии за врските на Македонците и нејзината дијаспора во светот.

Човек си ги знае границите. Моите се при крај и како ако не добијам државјанство да го заокружам мојот научен циклус за македонистиката? Со македонскиот народ сум бил од 1980 до денес. Во добро и во лошо. Сакам да го заокружам овој циклус со добивање државјанство (за мене и за сопругата).

Сега му се обраќам на македонскиот народ, ако ме поддржувате, кренете палец горе, ако не палец долу. Во зависност од вашите реакции, ќе ги направам следните чекори. И на крај морам малку да бидам злобен, во овие 40 години и повеќе, многу македонски пријатели ми кажаа дека тоа требаше одамна да се случи, без јас да барам. А сега јас барам. Ајде да видиме како дише народот, а како тие што сега се на власт, напиша професорот.

The post Дајте ми македонско државјанство – можеби за многумина ова изгледа глупаво, но за мене е многу важно, вели хрватскиот професор Горан Калоѓера appeared first on Република.

]]>

Ова што го гледате на сликата, драги Македонци, е медалот заслуги за Македонија, објави на својот профил на Фејсбук, хрватскиот проф. д-р Горан Калоѓера. Тој бара македонско државјанство за себе и за неговата сопруга, исто така универзитетски професор. Во продолжение целата објава на Калоѓера, кој со Македонија е поврзан уште од 1980 година и најголем број од 40-тината објавени книги се поврзани со Македонија: Никогаш порано не сум го користел, едноставно, го прифатив како признание за моите заслуги кон македонската наука. Со оглед на тоа што барам мислење од македонскиот народ, а не од владејачките структури, е следново: Барам за мене и за жена ми македонско државјанство. За мнозина можеби ова е глупо, но за мене е многу важно. Јас сум македоннист од 1980 година, основач на македонски студии во Риека, надворешен член на Друштвото на писатели на Македонија, почесен доктор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, основач на Лекторатот за македонски јазик на Филозофскиот факултет во Риека, надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите, proffesor emeritus на Универзитетот во Риека. Објавив 41 книга, од кои 30 се поврзани со Македонија. Јас сум основач на симпозиумите за хрватско-македонски лингвистички, литературни и културни врски, кои произведоа пет симпозиуми и исто толку зборници. За сето тоа имав поддршка од мојата сопруга, која е редовен професор по американистика на Филозофскиот факултет во Риека, која одржа голем број предавања и објави неколку статии за врските на Македонците и нејзината дијаспора во светот. Човек си ги знае границите. Моите се при крај и како ако не добијам државјанство да го заокружам мојот научен циклус за македонистиката? Со македонскиот народ сум бил од 1980 до денес. Во добро и во лошо. Сакам да го заокружам овој циклус со добивање државјанство (за мене и за сопругата). Сега му се обраќам на македонскиот народ, ако ме поддржувате, кренете палец горе, ако не палец долу. Во зависност од вашите реакции, ќе ги направам следните чекори. И на крај морам малку да бидам злобен, во овие 40 години и повеќе, многу македонски пријатели ми кажаа дека тоа требаше одамна да се случи, без јас да барам. А сега јас барам. Ајде да видиме како дише народот, а како тие што сега се на власт, напиша професорот.

The post Дајте ми македонско државјанство – можеби за многумина ова изгледа глупаво, но за мене е многу важно, вели хрватскиот професор Горан Калоѓера appeared first on Република.

]]>