проектили Archives - Република https://republika.mk/tema/proektili/ За подобро да се разбереме Sun, 20 Oct 2024 06:58:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png проектили Archives - Република https://republika.mk/tema/proektili/ 32 32 ИДФ: Хезболах лансираше околу 200 проектили врз Израел https://republika.mk/vesti/svet/idf-hezbolah-lansirashe-okolu-200-proektili-vrz-izrael/ Sun, 20 Oct 2024 06:58:34 +0000 https://republika.mk/?p=828965

Израелската армија (ИДФ) соопшти дека Хезболах вчера истрелал околу 200 проектили од Либан, каде ИДФ води копнена офанзива против проиранското исламистичко движење.

– Околу 200 проектили што ги лансира терористичката организација Хезболах ја преминаа (границата) од Либан ви Израел, се наведува во соопштението на ИДФ.

Проектилите првенствено биле насочени кон северниот дел на Израел

The post ИДФ: Хезболах лансираше околу 200 проектили врз Израел appeared first on Република.

]]>

Израелската армија (ИДФ) соопшти дека Хезболах вчера истрелал околу 200 проектили од Либан, каде ИДФ води копнена офанзива против проиранското исламистичко движење.
– Околу 200 проектили што ги лансира терористичката организација Хезболах ја преминаа (границата) од Либан ви Израел, се наведува во соопштението на ИДФ.
Проектилите првенствено биле насочени кон северниот дел на Израел

The post ИДФ: Хезболах лансираше околу 200 проектили врз Израел appeared first on Република.

]]>
Вашингтон пост: Над 20 ирански проектили погодија две воени бази во Израел https://republika.mk/vesti/svet/vashington-post-nad-20-iranski-proektili-pogodija-dve-voeni-bazi-vo-izrael/ Fri, 04 Oct 2024 18:56:10 +0000 https://republika.mk/?p=822868

Повеќе од 20 од речиси 180 проектили што Иран ги истрела кон Израел во вторникот ја пробиле противвоздушната одбрана и паднале во близина на најмалку три воени и една разузнавачка локација, пишува Вашингтон пост.

Весникот ја потврди видео снимката на која се гледа како 20 ракети ја погодуваат воздушната база Неватим во јужен Израел и три во базата Тел Ноф во централниот дел на земјата.

На други видеа може да се види дека најмалку две ракети паднале во близина на седиштето на израелската разузнавачка агенција Мосад во Глилот, јавуваат израелските медиуми.

Израелската војска во средата потврди дека некои воздушни бази биле погодени од голем ирански балистички ракетен напад претходната ноќ, но нагласи дека нема штета во функционирањето на израелските воздухопловни сили.

 

The post Вашингтон пост: Над 20 ирански проектили погодија две воени бази во Израел appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 20 од речиси 180 проектили што Иран ги истрела кон Израел во вторникот ја пробиле противвоздушната одбрана и паднале во близина на најмалку три воени и една разузнавачка локација, пишува Вашингтон пост. Весникот ја потврди видео снимката на која се гледа како 20 ракети ја погодуваат воздушната база Неватим во јужен Израел и три во базата Тел Ноф во централниот дел на земјата. На други видеа може да се види дека најмалку две ракети паднале во близина на седиштето на израелската разузнавачка агенција Мосад во Глилот, јавуваат израелските медиуми. Израелската војска во средата потврди дека некои воздушни бази биле погодени од голем ирански балистички ракетен напад претходната ноќ, но нагласи дека нема штета во функционирањето на израелските воздухопловни сили.  

The post Вашингтон пост: Над 20 ирански проектили погодија две воени бази во Израел appeared first on Република.

]]>
Заврши нападот врз Израел https://republika.mk/vesti/svet/zavrshi-napadot-vrz-izrael/ Tue, 01 Oct 2024 19:56:19 +0000 https://republika.mk/?p=821519

Портпаролот на ИДФ, Даниел Хагари, изјави дека во моментов нема дополнителни закани кон Израел од Иран, што укажува дека ракетниот напад е завршен, јави „Тајмс оф Израел“.

Израелците пред кратко време беа известени дека по еден час можат да ги напуштат засолништата.

За време на одбраната извршивме неколку пресретнувања. Има одредени удари во центарот и областите на југот на земјата. Во оваа фаза, сè уште вршиме проценка на нападот, но немаме информации за евентуални жртви – изјави Хагари.

Ако Иран не планира да лансира нов бараж проектили, вечерашните ракетни напади врз Израел се завршени, јавува Би-Би-Си.

Повторно е отворен и воздушниот простор над земјата.

Вечерва израелската армија објави дека околу 200 балистички ракети се лансирани од Иран кон Израел. Истовремено во Тел Авив се случи и теорристички напад во трговски центар.

Израел се закани дека ќе се одмазди за вечерашниот ирански напад.

 

The post Заврши нападот врз Израел appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на ИДФ, Даниел Хагари, изјави дека во моментов нема дополнителни закани кон Израел од Иран, што укажува дека ракетниот напад е завршен, јави „Тајмс оф Израел“. Израелците пред кратко време беа известени дека по еден час можат да ги напуштат засолништата.
За време на одбраната извршивме неколку пресретнувања. Има одредени удари во центарот и областите на југот на земјата. Во оваа фаза, сè уште вршиме проценка на нападот, но немаме информации за евентуални жртви – изјави Хагари.
Ако Иран не планира да лансира нов бараж проектили, вечерашните ракетни напади врз Израел се завршени, јавува Би-Би-Си. Повторно е отворен и воздушниот простор над земјата. Вечерва израелската армија објави дека околу 200 балистички ракети се лансирани од Иран кон Израел. Истовремено во Тел Авив се случи и теорристички напад во трговски центар. Израел се закани дека ќе се одмазди за вечерашниот ирански напад.  

The post Заврши нападот врз Израел appeared first on Република.

]]>
Иран лансираше речиси 200 проектили кон Израел https://republika.mk/vesti/svet/iran-lansirashe-rechisi-200-proektili-kon-izrael/ Tue, 01 Oct 2024 17:55:04 +0000 https://republika.mk/?p=821501

Иранската армија денеска истрела балистички ракети кон Израел како одмазда за израелската кампања против сојузниците на Техеран, Хезболах во Либан. Сирени се огласија низ Израел, а експлозии можеа да се слушнат во Ерусалим и долината на реката Јордан, откако Израелците се натрупаа во засолништа за бомби. Репортерите на државната телевизија лежеа рамно на земја за време на преносите во живо.

Иранската револуционерна гарда соопшти дека Иран лансирал десетици проектили кон Израел и дека доколку Израел возврати, одговорот на Техеран ќе биде „подробен и погубен“.

Висок ирански функционер подоцна изјави за западни медиуми дека наредбата за лансирање ракети кон Израел ја дал врховниот лидер на земјата, ајатолахот Али Хамнеи. Хамнеи останува на безбедна локација, додаде високиот функционер.

Израелската армија соопшти дека воздушниот простор на Израел е затворен по иранскиот напад.

Радиото на израелската армија соопшти дека речиси 200 проектили биле лансирани во Израел од Иран.

Претходно војската објави дека се очекува каков било напад со балистички ракети од Иран да биде широко распространет и и порача на јавноста да се засолни во безбедни простории во случај на напад.

Иран вети дека ќе возврати по нападите во кои загинаа највисокото раководство на неговите сојузници на Хезболах во Либан.

Истрелувањето проектили дојде откако Израел рече дека неговите војници извршиле копнени напади во Либан, иако ги опиша нападите како ограничени. Израелската кампања во Либан е најголемата ескалација на регионалната војна од избувнувањето на борбите во Газа пред една година.

Во Вашингтон, американскиот претседател Џо Бајден рече дека САД се подготвени да му помогнат на Израел да се одбрани од иранските ракетни напади.

The post Иран лансираше речиси 200 проектили кон Израел appeared first on Република.

]]>

Иранската армија денеска истрела балистички ракети кон Израел како одмазда за израелската кампања против сојузниците на Техеран, Хезболах во Либан. Сирени се огласија низ Израел, а експлозии можеа да се слушнат во Ерусалим и долината на реката Јордан, откако Израелците се натрупаа во засолништа за бомби. Репортерите на државната телевизија лежеа рамно на земја за време на преносите во живо. Иранската револуционерна гарда соопшти дека Иран лансирал десетици проектили кон Израел и дека доколку Израел возврати, одговорот на Техеран ќе биде „подробен и погубен“. Висок ирански функционер подоцна изјави за западни медиуми дека наредбата за лансирање ракети кон Израел ја дал врховниот лидер на земјата, ајатолахот Али Хамнеи. Хамнеи останува на безбедна локација, додаде високиот функционер. Израелската армија соопшти дека воздушниот простор на Израел е затворен по иранскиот напад. Радиото на израелската армија соопшти дека речиси 200 проектили биле лансирани во Израел од Иран. Претходно војската објави дека се очекува каков било напад со балистички ракети од Иран да биде широко распространет и и порача на јавноста да се засолни во безбедни простории во случај на напад. Иран вети дека ќе возврати по нападите во кои загинаа највисокото раководство на неговите сојузници на Хезболах во Либан. Истрелувањето проектили дојде откако Израел рече дека неговите војници извршиле копнени напади во Либан, иако ги опиша нападите како ограничени. Израелската кампања во Либан е најголемата ескалација на регионалната војна од избувнувањето на борбите во Газа пред една година. Во Вашингтон, американскиот претседател Џо Бајден рече дека САД се подготвени да му помогнат на Израел да се одбрани од иранските ракетни напади.

The post Иран лансираше речиси 200 проектили кон Израел appeared first on Република.

]]>
Проектил тежок 230 кг: Британија ќе ги испрати во Украина најновите авионски бомби „Пејввеј 4“ https://republika.mk/vesti/svet/proektil-tezhok-230-kg-britanija-ke-gi-isprati-vo-ukraina-najnovite-avionski-bombi-pejvvej-4/ Sat, 04 May 2024 08:30:55 +0000 https://republika.mk/?p=774009

Велика Британија ќе ги пренесе во Украина најмодерните проектили „Пејввејв 4“, објави дописникот на Би-Би-Си, Џонатан Бил.

„Пејввејв 4“ се прилагодливи воздушни бомби способни да погодат на растојание од повеќе од 30 км, во зависност од висината на лансирање. Ласерското наведување овозможува бомбата да погоди цели во движење. Тежината на еден проектил е 230 кг.

Информациите за испораката на „Пејввејв 4“ со новиот британски пакет помош за Украина се уште се неофицијални. Исто така, не се знае кој модел на авиони на воздухопловните сили на земјата ќе ги носат и лансираат овие воздушни бомби.

Во моментов, вакви гранати се користат од воздухопловните сили на САД, Велика Британија и Саудиска Арабија.

The post Проектил тежок 230 кг: Британија ќе ги испрати во Украина најновите авионски бомби „Пејввеј 4“ appeared first on Република.

]]>

Велика Британија ќе ги пренесе во Украина најмодерните проектили „Пејввејв 4“, објави дописникот на Би-Би-Си, Џонатан Бил. „Пејввејв 4“ се прилагодливи воздушни бомби способни да погодат на растојание од повеќе од 30 км, во зависност од висината на лансирање. Ласерското наведување овозможува бомбата да погоди цели во движење. Тежината на еден проектил е 230 кг. Информациите за испораката на „Пејввејв 4“ со новиот британски пакет помош за Украина се уште се неофицијални. Исто така, не се знае кој модел на авиони на воздухопловните сили на земјата ќе ги носат и лансираат овие воздушни бомби. Во моментов, вакви гранати се користат од воздухопловните сили на САД, Велика Британија и Саудиска Арабија.

The post Проектил тежок 230 кг: Британија ќе ги испрати во Украина најновите авионски бомби „Пејввеј 4“ appeared first on Република.

]]>
САД развива ракетата воздух-воздух од петта генерација што ќе ја ипорачува на Украина https://republika.mk/vesti/svet/sad-razviva-raketata-vozduh-vozduh-od-petta-generatsija-shto-ke-ja-iporachuva-na-ukraina/ Wed, 06 Sep 2023 18:32:34 +0000 https://republika.mk/?p=679435

Во јуни оваа година, американската одбранбена компанија „Рајтеон технолоџис“ доби договор во вредност од 1,15 милијарди долари од американските воздухопловни сили за производство на следната серија на ракети воздух-воздух АИМ-120. Поради активното снабдување со ова оружје за вооружените сили на Украина, американската армија планира, прво, да ги надополни сопствените резерви и, второ, да дизајнира нова ракета, земајќи го предвид искуството од вооружениот конфликт.

Од јуни, „Рајтеон технолоџис“ активно го зголемува производство на проектили, а исто така работе и на создавање на најнови дизајни. Како резултат на тоа, завршени се тестовите на управуваната ракета воздух-воздух АИМ-120Д-3 (модел за воздухопловните сили на САД) и првите тестови на АИМ-120Ц-8 (модел за сојузничките залихи).

Претставниците на „Рајтеон технолоџис“ тврдат дека Ц-8, како и Д-3, има надградени табли и подобрени процесори, што во иднина ќе и овозможи на Украина поефикасно да се справи со руските крстосувачки ракети и беспилотни летала. Иако „Рајтеон технолоџис“ вообичаено произведува меѓу 500 и 800 од овие проектили во рок од 12 месеци, отсега производството ќе биде 1.200 единици годишно.

Што се однесува до испораките на АИМ-120Ц-8 во Украина, тие се очекуваат за најмалку три години, за разлика од Д-3, моделот Ц-8 сè уште не е целосно тестиран и „Рајтеон технолоџис“ сè уште не може со сигурност да каже уште колку време ќе биде потребно.

The post САД развива ракетата воздух-воздух од петта генерација што ќе ја ипорачува на Украина appeared first on Република.

]]>

Во јуни оваа година, американската одбранбена компанија „Рајтеон технолоџис“ доби договор во вредност од 1,15 милијарди долари од американските воздухопловни сили за производство на следната серија на ракети воздух-воздух АИМ-120. Поради активното снабдување со ова оружје за вооружените сили на Украина, американската армија планира, прво, да ги надополни сопствените резерви и, второ, да дизајнира нова ракета, земајќи го предвид искуството од вооружениот конфликт. Од јуни, „Рајтеон технолоџис“ активно го зголемува производство на проектили, а исто така работе и на создавање на најнови дизајни. Како резултат на тоа, завршени се тестовите на управуваната ракета воздух-воздух АИМ-120Д-3 (модел за воздухопловните сили на САД) и првите тестови на АИМ-120Ц-8 (модел за сојузничките залихи). Претставниците на „Рајтеон технолоџис“ тврдат дека Ц-8, како и Д-3, има надградени табли и подобрени процесори, што во иднина ќе и овозможи на Украина поефикасно да се справи со руските крстосувачки ракети и беспилотни летала. Иако „Рајтеон технолоџис“ вообичаено произведува меѓу 500 и 800 од овие проектили во рок од 12 месеци, отсега производството ќе биде 1.200 единици годишно. Што се однесува до испораките на АИМ-120Ц-8 во Украина, тие се очекуваат за најмалку три години, за разлика од Д-3, моделот Ц-8 сè уште не е целосно тестиран и „Рајтеон технолоџис“ сè уште не може со сигурност да каже уште колку време ќе биде потребно.

The post САД развива ракетата воздух-воздух од петта генерација што ќе ја ипорачува на Украина appeared first on Република.

]]>
Руска мисија во ОН: Инцидентот во Полска е обид НАТО директно да се вовлече во војната во Украина https://republika.mk/vesti/svet/ruska-misija-vo-on-incidentot-vo-polska-e-obid-nato-direktno-da-se-vovleche-vo-vojnata-vo-ukraina/ Wed, 16 Nov 2022 08:48:56 +0000 https://republika.mk/?p=574363

Мисијата на Русија во Обединетите нации денеска го повтори претходното негирање на Москва за вмешаност во експлозија во Полска и нагласи дека „инцидентот бил обид НАТО директно да се вовлече во војната во Украина“.

Фактите покажуваат дека Русија немала никаква врска со проектилите што ја погодија полската територија, изјави првиот заменик постојан претставник на Русија во ОН Дмитриј Пољански на Телеграм.

Според него, „инцидентот во Полска е обид да се предизвика директен воен конфликт меѓу НАТО и Русија“.

Пољански додаде дека инцидентот ќе биде главна тема на состанокот на Советот за безбедност на ОН за Украина кој ќе се одржи подоцна денеска.

Две лица загинаа вчера кога, како што соопштија полските власти, „проектил од руско производство“ паднал во близина на селото Пжеводов, на околу 6,4 километри западно од украинската граница, приближно во исто време кога московските сили го лансирале својот најголем бран ракетни напади врз украински градови за повеќе од еден месец

The post Руска мисија во ОН: Инцидентот во Полска е обид НАТО директно да се вовлече во војната во Украина appeared first on Република.

]]>

Мисијата на Русија во Обединетите нации денеска го повтори претходното негирање на Москва за вмешаност во експлозија во Полска и нагласи дека „инцидентот бил обид НАТО директно да се вовлече во војната во Украина“. Фактите покажуваат дека Русија немала никаква врска со проектилите што ја погодија полската територија, изјави првиот заменик постојан претставник на Русија во ОН Дмитриј Пољански на Телеграм. Според него, „инцидентот во Полска е обид да се предизвика директен воен конфликт меѓу НАТО и Русија“. Пољански додаде дека инцидентот ќе биде главна тема на состанокот на Советот за безбедност на ОН за Украина кој ќе се одржи подоцна денеска. Две лица загинаа вчера кога, како што соопштија полските власти, „проектил од руско производство“ паднал во близина на селото Пжеводов, на околу 6,4 километри западно од украинската граница, приближно во исто време кога московските сили го лансирале својот најголем бран ракетни напади врз украински градови за повеќе од еден месец

The post Руска мисија во ОН: Инцидентот во Полска е обид НАТО директно да се вовлече во војната во Украина appeared first on Република.

]]>
Cеверна Кореја: Тестираме проектили за самоодбрана од воените закани на САД https://republika.mk/vesti/svet/ceverna-koreja-testirame-proektili-za-samoodbrana-od-voenite-zakani-na-sad/ Sat, 08 Oct 2022 08:15:15 +0000 https://republika.mk/?p=558670

Властите во Cеверна Кореја соопштија дека ракетните тестови што земјата ги извршила во последно време се за самоодбрана од директни воени закани на САД и тие не ја нарушиле безбедноста на соседните земји и регионот.

Cеверна Кореја изврши шест ракетни лансирања за 12 дена од оваа недела, вклучително и лансирање на ракета со среден дострел, што прелета преку јапонска територија во вторникот.

Нашите ракетни тестови се нормална, планирана мерка за самоодбрана за заштита на безбедноста на нашата земја и регионалниот мир од директни воени закани на САД - јавија севернојорејските медиуми, цитирајќи портпарол на воздухопловната админи страција.

Во соопштението се додава дека ракетните тестови „не претставувале никаква закана и не предизвикале штета за безбедноста на цивилното воздухопловство, како и безбедноста на соседните земји и регионот“.

The post Cеверна Кореја: Тестираме проектили за самоодбрана од воените закани на САД appeared first on Република.

]]>

Властите во Cеверна Кореја соопштија дека ракетните тестови што земјата ги извршила во последно време се за самоодбрана од директни воени закани на САД и тие не ја нарушиле безбедноста на соседните земји и регионот. Cеверна Кореја изврши шест ракетни лансирања за 12 дена од оваа недела, вклучително и лансирање на ракета со среден дострел, што прелета преку јапонска територија во вторникот.
Нашите ракетни тестови се нормална, планирана мерка за самоодбрана за заштита на безбедноста на нашата земја и регионалниот мир од директни воени закани на САД - јавија севернојорејските медиуми, цитирајќи портпарол на воздухопловната админи страција.
Во соопштението се додава дека ракетните тестови „не претставувале никаква закана и не предизвикале штета за безбедноста на цивилното воздухопловство, како и безбедноста на соседните земји и регионот“.

The post Cеверна Кореја: Тестираме проектили за самоодбрана од воените закани на САД appeared first on Република.

]]>
Руски проектили го уништија аеродромот во Днепар https://republika.mk/vesti/svet/ruski-proektili-go-unishtija-aerodromot-vo-dnepar/ Sun, 10 Apr 2022 17:44:43 +0000 https://republika.mk/?p=486323

Аеродромот во Днепар денеска двапати беше погоден од ракети, соопшти гувернерот на тој регион во Украина.Според него, целосно е уништен тој аеродром во четвриот по големина град во Украина.

Украинската команда објави дека руските сили продолжуваат со артилериските напади врз градот Харков и дека ја продолжуваат шестнеделната опсада на Мариупол.

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руски ракети лансирани од воздух погодиле украински системи за противвоздушна ракетна одбрана С-300 на две локации.

Во руското соопштение се наведува и дека крстосувачките проектили лансирани од морето го уништиле штабот на една украинска единица во реонот на Днепар.

Ниту една од овие изјави на двете страни не можеше да биде потврдена.

The post Руски проектили го уништија аеродромот во Днепар appeared first on Република.

]]>

Аеродромот во Днепар денеска двапати беше погоден од ракети, соопшти гувернерот на тој регион во Украина.Според него, целосно е уништен тој аеродром во четвриот по големина град во Украина. Украинската команда објави дека руските сили продолжуваат со артилериските напади врз градот Харков и дека ја продолжуваат шестнеделната опсада на Мариупол.
Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руски ракети лансирани од воздух погодиле украински системи за противвоздушна ракетна одбрана С-300 на две локации. Во руското соопштение се наведува и дека крстосувачките проектили лансирани од морето го уништиле штабот на една украинска единица во реонот на Днепар. Ниту една од овие изјави на двете страни не можеше да биде потврдена.

The post Руски проектили го уништија аеродромот во Днепар appeared first on Република.

]]>
Cеверна Кореја третпат овој месец тестира балистички ракети https://republika.mk/vesti/svet/ceverna-koreja-tretpat-ovoj-mesec-testira-balistichki-raketi/ Sat, 15 Jan 2022 09:57:56 +0000 https://republika.mk/?p=444879

Cеверна Кореја истрелала проектили за кои се верува дека се балистички ракети. Ова е трето лансирање на севернокорејски проектили за еден месец, соопшти јужнокорејската војска.

Се претпоставува дека две балистички ракети со краток дострел биле истрелани кон исток од провинцијата Cеверен Пјонгјанг на северозападниот брег на Cеверна Кореја.

Севернокорејската агенција КЦНА објави дека е одржана вежба за тестирање на експертизата во процедурите за употреба на ракетно оружје лансирано од железнички вагони во движење.

Претходните две лансирања вклучуваа, како што го нарекоа државните медиуми, „хиперсонични проектили“, способни за големи брзини и маневрирање по лансирањето.

Вежбата доаѓа само неколку часа откако Пјонгјанг го осуди барањето на Американците за нови санкции од ОН поради неодамнешните лансирања кои беа оценети како провокација.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун не присуствувал на вежбата, а новинската агенција КЦНА јави дека е точно погодена целта поставена на источниот брег со „два тактички наведувани ракети“.

The post Cеверна Кореја третпат овој месец тестира балистички ракети appeared first on Република.

]]>

Cеверна Кореја истрелала проектили за кои се верува дека се балистички ракети. Ова е трето лансирање на севернокорејски проектили за еден месец, соопшти јужнокорејската војска. Се претпоставува дека две балистички ракети со краток дострел биле истрелани кон исток од провинцијата Cеверен Пјонгјанг на северозападниот брег на Cеверна Кореја. Севернокорејската агенција КЦНА објави дека е одржана вежба за тестирање на експертизата во процедурите за употреба на ракетно оружје лансирано од железнички вагони во движење. Претходните две лансирања вклучуваа, како што го нарекоа државните медиуми, „хиперсонични проектили“, способни за големи брзини и маневрирање по лансирањето. Вежбата доаѓа само неколку часа откако Пјонгјанг го осуди барањето на Американците за нови санкции од ОН поради неодамнешните лансирања кои беа оценети како провокација. Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун не присуствувал на вежбата, а новинската агенција КЦНА јави дека е точно погодена целта поставена на источниот брег со „два тактички наведувани ракети“.

The post Cеверна Кореја третпат овој месец тестира балистички ракети appeared first on Република.

]]>