проект Archives - Република https://republika.mk/tema/proekt/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Nov 2024 12:05:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png проект Archives - Република https://republika.mk/tema/proekt/ 32 32 Прилеп доби готов проект за нов театар, се чекаат средства за изградба https://republika.mk/vesti/kultura/prilep-dobi-gotov-proekt-za-nov-teatar-se-chekaat-sredstva-za-izgradba/ Tue, 05 Nov 2024 12:05:24 +0000 https://republika.mk/?p=834361

Центарот за култура „Марко Цепенков“ го доби проектот за изградба на нов театар во Прилеп. Од Министерството за транспорт и врски се чека одобрение за градба, а од Министерството за култура и туризам средства за реализација во програмата за 2025 година.

Проектантите неодамна го завршија проектот и Центарот за култура „Марко Цепенков“ располага со комплетна ревидирана проектна документација од проектот за реконструкција со доградба и надградба на објектот наменет за обезбедување простор за потребите на театарот. Всушност, станува збор за два одделни проекти по барање на Министерството за транспорт и врски: еден е за реконструкција на постојниот објект на Центарот, а другиот е за доградба и надградба на постојниот објект, изјави Марија Попова Јованоска, в.д. директорка на Центарот за култура „Марко Цепенков“.

Реконструкцијата на објектот се однесува на содржинско збогатување и функционално редефинирање на просторот како и подобрување на постојната физичка состојба на просторот и замена на дотраените материјали и техничка опрема, а доградбата и надградбата се однесуваат на обезбедување целосно нов простор за потребите на театарот во рамките на Центарот за култура со претходно отстранување дел од просторните целини.

Театарот е предвиден да ги опфати просторните делови од сегашното кино „Мис Стон“, од „Арт“ кагулето и дел од ликовната галерија.

Двата дела, предвидената реконструкцијата и доградбата со надградбата, ќе делуваат како една содржинска целина, со можност за работа како самостојни целини во иднина, објаснува Попова Јованоска.

Центарот се обрати до Министерството за култура за да одобри финансиски средства за изградба на новиот театар во Прилеп во програмата за наредната 2025 година.

За овие два проекти веќе се обративме до Министерството за култура и туризам и побаравме да обезбеди финансиски средства за реализација и да ги одобри во годишната програма за изградба на нови објекти и реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти што ги користат националните установи од областа на културата за 2025 година, рече Марија Попова Јованоска.

Според проектантите, за изградба на театарот ќе бидат потребни околу 18.000.000 евра, а за реконструкција на Центарот за култура околу 9.000.000 евра.

Проектант на проектите е Друштвото за производство, промет и услуги Архиум Љупчо ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, а ревидент е Друштвото за проектирање и инженеринг Хидро градежен инженеринг Скопје.

За реализација на двата проекти од Министерството за култура и туризам беа одобрени 60.000 евра.

The post Прилеп доби готов проект за нов театар, се чекаат средства за изградба appeared first on Република.

]]>

Дурмиши: Министерството за економија и труд доделува финансиски средства за реализирање на програмата (проектот) за заштита на потрошувачите https://republika.mk/vesti/ekonomija/durmishi-ministerstvoto-za-ekonomija-i-trud-dodeluva-finansiski-sredstva-za-realizirane-na-programata-proektot-za-zashtita-na-potroshuvachite/ Fri, 06 Sep 2024 08:26:14 +0000 https://republika.mk/?p=813713

Министерството за економија и труд, во согласност со својата посветеност на заштита на правата на потрошувачите, денеска објави јавен повик за доделување на финансиски средства за реализација на програми и проекти од страна на здруженијата на потрошувачите во рамки на Програмата за заштита на потрошувачите за 2024 година. Финансиските средства од оваа Програма се намененети за реализација на програми и проекти од страна на здруженијата на потрошувачите.

Преку ова финансиска поддршка Министерство за економија и труд доделува финансиски средства за реализација на програма (проект) за заштита на потрошувачите во износ од 300.000,00 денари до 500.000,00 денари согласно доставените предлог програми (проекти) за заштита на потрошувачите до исцрпување на финасиските средства предвидени за овој повик, на невладините организации за заштита на потрошувачите за обезбедување информации и помош за потрошувачите.

Оваа иницијатива е дел од нашите постојани напори да се подобри квалитетот на животот на сите граѓани и да се зајакне нивната заштита и права.

Ги охрабруваме сите здруженија на потрошувачите да ја искористат оваа можност и да аплицираат за финансиска поддршка која ќе им овозможи да реализираат значајни проекти за доброто на потрошувачите. Овој повик е доказ за нашата посветеност кон транспарентноста, правичноста и инклузивноста во креирањето на политики кои ги подобруваат условите за живот на сите граѓани.

Повеќе информации за условите за аплицирање, висината на финансиските средства и рокот за доставување на барањата можете да најдете на нашата веб-страница www.economy.gov.mk

The post Дурмиши: Министерството за економија и труд доделува финансиски средства за реализирање на програмата (проектот) за заштита на потрошувачите appeared first on Република.

]]>

Министерството за економија и труд, во согласност со својата посветеност на заштита на правата на потрошувачите, денеска објави јавен повик за доделување на финансиски средства за реализација на програми и проекти од страна на здруженијата на потрошувачите во рамки на Програмата за заштита на потрошувачите за 2024 година. Финансиските средства од оваа Програма се намененети за реализација на програми и проекти од страна на здруженијата на потрошувачите. Преку ова финансиска поддршка Министерство за економија и труд доделува финансиски средства за реализација на програма (проект) за заштита на потрошувачите во износ од 300.000,00 денари до 500.000,00 денари согласно доставените предлог програми (проекти) за заштита на потрошувачите до исцрпување на финасиските средства предвидени за овој повик, на невладините организации за заштита на потрошувачите за обезбедување информации и помош за потрошувачите. Оваа иницијатива е дел од нашите постојани напори да се подобри квалитетот на животот на сите граѓани и да се зајакне нивната заштита и права. Ги охрабруваме сите здруженија на потрошувачите да ја искористат оваа можност и да аплицираат за финансиска поддршка која ќе им овозможи да реализираат значајни проекти за доброто на потрошувачите. Овој повик е доказ за нашата посветеност кон транспарентноста, правичноста и инклузивноста во креирањето на политики кои ги подобруваат условите за живот на сите граѓани. Повеќе информации за условите за аплицирање, висината на финансиските средства и рокот за доставување на барањата можете да најдете на нашата веб-страница www.economy.gov.mk

The post Дурмиши: Министерството за економија и труд доделува финансиски средства за реализирање на програмата (проектот) за заштита на потрошувачите appeared first on Република.

]]>
Претставен проектот „Владетелки на Балканот“: Со апликацијата влегувате во Палата на Скопското кале, решавате загатки за да го пронајдете тајниот предмет на средновековната владетелка Марија Палеологова https://republika.mk/vesti/kultura/pretstaven-proektot-vladetelki-na-balkanot-so-aplikatsijata-vleguvate-vo-palata-na-skopsko-kale-reshavate-zagatki-za-da-go-pronajdete-tajniot-predmet-na-srednovekovnata-vladetelka-marija-paleologova/ Fri, 09 Aug 2024 10:18:21 +0000 https://republika.mk/?p=804894

Приказните на истакнати жени што владееле во средновековниот период на Балканот,  кои беа во фокусот на проектот „Владетелки на Балканот“ (SheLeadersVR) кој  се реализираше во Скопје со фотограметриско снимање и дигитализација на артефакти во Музејот на Македонија, стигна до финалето.

Проектот е поддржан од програмата на „Креативна Европа“, а кофинансиран од Министерството за култура. Центарот за научно истражување и промоција на културата „ХАЕМУС“ – домаќин и партнер од Македонија, го работеше овој проект во партнерство со: Здружението за дигитализација и информација на културното наследство „Digi.ba“, NoHo Ireland, Универзитетот во Сараево, Народниот музеј на Црна Гора и Археолошкиот институт при САНУ во Белград.

Во Европска куќа во Скопје деновиве се одржа промоција на VR и AR апликациите.

Целта на проектот е да се создадат дигитални апликации коишто ќе овозможат користење на виртуелна и проширена реалност при реконструкција на животот, дејствијата, просторот за живеење и предметите поврзани со пет избрани жени – средновековни владетелки од територијата на Западниот Балкан.

Врз основа на научно истражување, пишани и визуелни извори, беа создадени сценарија за играниот сегмент на VR апликацијата како и фантастични костуми со цел да се оживеат петте женски владетели на средновековниот Балкан.

На реконструкција на костумот на византиската принцеза и кралица Марија Палеологова, работеше м-р Василка Димитровска, креативен директор на ХАЕМУС, која беше во својство на главен консултант на проектот од Македонија. Костумот беше изложен за време на прес конференцијата, а понатаму ќе биде изложен и достапен при различни промотивни активности.

Историскиот костум на кралицата Марија Палеологова е специјално создаден  за потребите на AR и VR апликациите, каде што го носи вистинска актерка во автентично историско опкружување кое е дигитално реконструирано. Поради спецификата на театарската изработка, костумот не може да се облекува како кај примерите со жива интерпретација на наследството, туку е изложбен експонат којшто јавноста набрзо ќе има можност да го види.

Дополнително со историскиот костум, ХАЕМУС доби на управување и целосна опрема за VR искуство која вклучува и специјални окулари или очила за VR со чија помош ова искуство во времетраење од половина час е сеопфатно за сите сетила. Со нив може да се погледнат приказните за 5 кралици кои се направени во форма на интерактивна квиз-игра, а кога ќе ги заврши петте видео игри се отвора шеста врата која води кон тајна одаја каде се наоѓаат предметите (артефактите) што корисникот ги собрал попатно.

Тоа е видео игра, каде што треба да се пронајдат тајни артефакти коишто припаѓаат на сите кралици. Во случајот со Македонија, корисниците на апликацијата буквално влегуваат во средновековната Палата на Скопско Кале која за потребите на проектот е реконструирана, се движат низ неа и решаваат загатки, за да можат да го пронајдат тајниот предмет којшто ѝ припаѓал на средновековната владетелка Марија Палеологова,  објасни на средбата со новинарите, Димитровска

The post Претставен проектот „Владетелки на Балканот“: Со апликацијата влегувате во Палата на Скопското кале, решавате загатки за да го пронајдете тајниот предмет на средновековната владетелка Марија Палеологова appeared first on Република.

]]>

Приказните на истакнати жени што владееле во средновековниот период на Балканот,  кои беа во фокусот на проектот „Владетелки на Балканот“ (SheLeadersVR) кој  се реализираше во Скопје со фотограметриско снимање и дигитализација на артефакти во Музејот на Македонија, стигна до финалето. Проектот е поддржан од програмата на „Креативна Европа“, а кофинансиран од Министерството за култура. Центарот за научно истражување и промоција на културата „ХАЕМУС“ – домаќин и партнер од Македонија, го работеше овој проект во партнерство со: Здружението за дигитализација и информација на културното наследство „Digi.ba“, NoHo Ireland, Универзитетот во Сараево, Народниот музеј на Црна Гора и Археолошкиот институт при САНУ во Белград. Во Европска куќа во Скопје деновиве се одржа промоција на VR и AR апликациите. Целта на проектот е да се создадат дигитални апликации коишто ќе овозможат користење на виртуелна и проширена реалност при реконструкција на животот, дејствијата, просторот за живеење и предметите поврзани со пет избрани жени – средновековни владетелки од територијата на Западниот Балкан. Врз основа на научно истражување, пишани и визуелни извори, беа создадени сценарија за играниот сегмент на VR апликацијата како и фантастични костуми со цел да се оживеат петте женски владетели на средновековниот Балкан. На реконструкција на костумот на византиската принцеза и кралица Марија Палеологова, работеше м-р Василка Димитровска, креативен директор на ХАЕМУС, која беше во својство на главен консултант на проектот од Македонија. Костумот беше изложен за време на прес конференцијата, а понатаму ќе биде изложен и достапен при различни промотивни активности.
Историскиот костум на кралицата Марија Палеологова е специјално создаден  за потребите на AR и VR апликациите, каде што го носи вистинска актерка во автентично историско опкружување кое е дигитално реконструирано. Поради спецификата на театарската изработка, костумот не може да се облекува како кај примерите со жива интерпретација на наследството, туку е изложбен експонат којшто јавноста набрзо ќе има можност да го види. Дополнително со историскиот костум, ХАЕМУС доби на управување и целосна опрема за VR искуство која вклучува и специјални окулари или очила за VR со чија помош ова искуство во времетраење од половина час е сеопфатно за сите сетила. Со нив може да се погледнат приказните за 5 кралици кои се направени во форма на интерактивна квиз-игра, а кога ќе ги заврши петте видео игри се отвора шеста врата која води кон тајна одаја каде се наоѓаат предметите (артефактите) што корисникот ги собрал попатно. Тоа е видео игра, каде што треба да се пронајдат тајни артефакти коишто припаѓаат на сите кралици. Во случајот со Македонија, корисниците на апликацијата буквално влегуваат во средновековната Палата на Скопско Кале која за потребите на проектот е реконструирана, се движат низ неа и решаваат загатки, за да можат да го пронајдат тајниот предмет којшто ѝ припаѓал на средновековната владетелка Марија Палеологова,  објасни на средбата со новинарите, Димитровска

The post Претставен проектот „Владетелки на Балканот“: Со апликацијата влегувате во Палата на Скопското кале, решавате загатки за да го пронајдете тајниот предмет на средновековната владетелка Марија Палеологова appeared first on Република.

]]>
„Културата поврзува“ ја истакна долгогодишната поддршка на ЕУ за културата и уметноста во регионот https://republika.mk/vesti/kultura/kulturata-povrzuva-ja-istakna-dolgogodishnata-poddrshka-na-eu-za-kulturata-i-umetnosta-vo-regionot/ Sat, 27 Jul 2024 11:53:11 +0000 https://republika.mk/?p=800747

Фестивалот, организиран од УМ „Диктум фактум“ и предводен од Ади Софтиќ, млад eвропски амбасадорот (YEA), стана камен-темелник на културната прослава во регионот. Одржувајќи се од 26ти до 28-ми јули 2024 година, фестивалот има за цел не само да забавува, туку и да предизвика мисла и да инспирира преку внимателно куриран избор на филмови и дискусии.
Присутните на фестивалот имаа можност да уживаат во проекцијата на познатиот
филм „Професор Шапка на Коста Вујиќ“, во режија на Здравко Шотра, како и филмот од
Босна и Херцеговина „Екскурзија“ на Уна Гуњак, заедно со краткиот филм „Сите со
волја“ на Нерминка Емриќ.
Овогодинешниот фестивал е особено значаен бидејќи беше домаќин на завршниот настан на кампањата „Култура поврзува“, прослава на непоколебливата поддршка на Европската унија за уметноста и културата во Западен Балкан. Кампањата “Култура поврзува’, развиена од регионалната стратешка комуникациска програма за Западен Балкан, финансирана од ЕУ, ги прикажува динамичен културен пејзаж на регионот и ја слави различноста и богатството на културното наследство во Западен Балкан. Во текот на изминатата деценија, програмите на ЕУ, вклучително и Креативна Европа, успешно поддржаа илјадници културни проекти во регионот. „Културата поврзува“ кампањата дава слика за влијанието што тие го имаа.
Како дел од презентацијата на кампањата „Култура поврзува“, истакнати културни амбасадори, вклучувајќи филмски продуценти, уметници и музичари, беа вклучени во панел-дискусии кои споделуваат увиди за влијанието на културните иницијативи и важноста на поддршката од ЕУ. Во настанот учествуваа Гоце Неневски, визуелен уметник од Македонија, познат по својата работа во областите на скулптурата, инсталацијата, мултимедија, видео, фотографија и звук; Иван Петровиќ, една од клучните фигури во управување и организација на фестивалот EXIT во Србија и претседател на Управниот Одбор во Фондацијата EXIT; Фарук Шехиќ, истакнат поет, романсиер и раскажувач од Босна и Херцеговина, чии книги се преведени на повеќе
јазици; и Нихад Крешевљаковиќ, автор и сценарист кој е еден од иницијаторите на
Меморијата Модул, MESS.
Како дел од кампањата, покрај главното видео кое ги нагласува пораките за единство во различности, пет тематски видеа со претставници од различни уметнички дисциплини и Ентитетите од Западен Балкан сведочат за важноста на поддршката што ја добија.
За време на кампањата беа развиени и серија написи за да се обезбедат повеќе информации за поддршката на ЕУ за културните проекти. Меѓу истакнатите проекти е приказната за Мирдита во Албанија, каде што програмата за грантови EU4Culture помогна да се трансформира регионот одржлив развој на туризмот и правци за културно наследство. Конечно, младите европски амбасадори развија серија на видеа - рилови кои сведочат за силните врски меѓу секој од шесте ентитети и различни делови на Европа.
WeBalkans е проект финансиран од ЕУ кој ја промовира интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ преку различни културни, социјални и економски иницијативи. Кампањата „Културата поврзува“ која допре до милиони луѓе во Западен Балкан е дел од овој поширок напор, покажувајќи како финансирањето на ЕУ поддржува културни проекти кои поттикнуваат единство во различностите, соработката и разбирање.

The post „Културата поврзува“ ја истакна долгогодишната поддршка на ЕУ за културата и уметноста во регионот appeared first on Република.

]]>

Фестивалот, организиран од УМ „Диктум фактум“ и предводен од Ади Софтиќ, млад eвропски амбасадорот (YEA), стана камен-темелник на културната прослава во регионот. Одржувајќи се од 26ти до 28-ми јули 2024 година, фестивалот има за цел не само да забавува, туку и да предизвика мисла и да инспирира преку внимателно куриран избор на филмови и дискусии. Присутните на фестивалот имаа можност да уживаат во проекцијата на познатиот филм „Професор Шапка на Коста Вујиќ“, во режија на Здравко Шотра, како и филмот од Босна и Херцеговина „Екскурзија“ на Уна Гуњак, заедно со краткиот филм „Сите со волја“ на Нерминка Емриќ. Овогодинешниот фестивал е особено значаен бидејќи беше домаќин на завршниот настан на кампањата „Култура поврзува“, прослава на непоколебливата поддршка на Европската унија за уметноста и културата во Западен Балкан. Кампањата “Култура поврзува’, развиена од регионалната стратешка комуникациска програма за Западен Балкан, финансирана од ЕУ, ги прикажува динамичен културен пејзаж на регионот и ја слави различноста и богатството на културното наследство во Западен Балкан. Во текот на изминатата деценија, програмите на ЕУ, вклучително и Креативна Европа, успешно поддржаа илјадници културни проекти во регионот. „Културата поврзува“ кампањата дава слика за влијанието што тие го имаа. Како дел од презентацијата на кампањата „Култура поврзува“, истакнати културни амбасадори, вклучувајќи филмски продуценти, уметници и музичари, беа вклучени во панел-дискусии кои споделуваат увиди за влијанието на културните иницијативи и важноста на поддршката од ЕУ. Во настанот учествуваа Гоце Неневски, визуелен уметник од Македонија, познат по својата работа во областите на скулптурата, инсталацијата, мултимедија, видео, фотографија и звук; Иван Петровиќ, една од клучните фигури во управување и организација на фестивалот EXIT во Србија и претседател на Управниот Одбор во Фондацијата EXIT; Фарук Шехиќ, истакнат поет, романсиер и раскажувач од Босна и Херцеговина, чии книги се преведени на повеќе јазици; и Нихад Крешевљаковиќ, автор и сценарист кој е еден од иницијаторите на Меморијата Модул, MESS. Како дел од кампањата, покрај главното видео кое ги нагласува пораките за единство во различности, пет тематски видеа со претставници од различни уметнички дисциплини и Ентитетите од Западен Балкан сведочат за важноста на поддршката што ја добија. За време на кампањата беа развиени и серија написи за да се обезбедат повеќе информации за поддршката на ЕУ за културните проекти. Меѓу истакнатите проекти е приказната за Мирдита во Албанија, каде што програмата за грантови EU4Culture помогна да се трансформира регионот одржлив развој на туризмот и правци за културно наследство. Конечно, младите европски амбасадори развија серија на видеа - рилови кои сведочат за силните врски меѓу секој од шесте ентитети и различни делови на Европа. WeBalkans е проект финансиран од ЕУ кој ја промовира интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ преку различни културни, социјални и економски иницијативи. Кампањата „Културата поврзува“ која допре до милиони луѓе во Западен Балкан е дел од овој поширок напор, покажувајќи како финансирањето на ЕУ поддржува културни проекти кои поттикнуваат единство во различностите, соработката и разбирање.

The post „Културата поврзува“ ја истакна долгогодишната поддршка на ЕУ за културата и уметноста во регионот appeared first on Република.

]]>
„Факултет за работи што не се учат“ со проектот „Градот како јавна сцена“ денеска ќе се претстави на ОПЕНХАУС Берлин https://republika.mk/vesti/kultura/fakultet-za-raboti-shto-ne-se-uchat-so-proektot-gradot-kako-javna-stsena-deneska-ke-se-prettsavi-na-openhaus-berlin/ Thu, 18 Jul 2024 08:12:26 +0000 https://republika.mk/?p=797948

Организацијата Факултет за работи што не се учат (ФРУ), во рамките на проектот Активен Град/граѓани на 18- ти јули ќе се претстави на ОПЕНХАУС Берлин, отворено студио во Центарот за уметност и урбанизам во Берлин, каде што во моментов престојува на резиденција.

Во рамки на резиденцијалната програма на ZK/U, ФРУ ја претставува работата на долгорочниот проект Лабораторијата за просторно изведувачки практики ГРАДОТ КАКО СЦЕНА, која се реализира во соработка со Архитектонски факултет - во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Како дел од оваа лабораторија, во рамки на резиденцијата, во текот на јуни годинава, неколку млади уметници, архитекти и студенти, Димитар Милев, Ивана Самандова, Тамара Џерков и Мартина Пенева беа дел од истражувачкиот процес на проектот ОД „ЧЕТВРТИ“ ЅИД ДО „ДИЈАЛЕКТИЧКИ“ ЅИД.

Проектот ОД „ЧЕТВРТИ“ ЅИД ДО „ДИЈАЛЕКТИЧКИ“ ЅИД, е развиен од архитектите и уметниците, Филип Јовановски и Слободан Велевски за време на Active city(zens) резиденцијата. Проектот ќе биде претставен како дел од овомесечниот ОПЕНХАУС во центарот ZK/U кој ќе се одржи денес, на 18ти јули, од 19:00 до 23:00 часот.

ZK/U во Берлин е уникатна локација. Просторот на поранешната железничка станица, курира инклузивна програма за сите видови потенцијална публика. Во ZK/U се користи новоизградениот покрив на зградата за да се создадат инсталации со кратки перформанси достапни за голем број дневни патници со воз, како и за пешаците, посетителите на паркот и членовите на околната заедница. Ова е обид да се создаде едноставна уметничка интервенција во секојдневното патување со изведба на многу кратки перформанси (со времетраење од 10 секунди).

Проектот ОД „ЧЕТВРТИ“ ЅИД ДО „ДИЈАЛЕКТИЧКИ“ ЅИД, развиен од Јовановски и Велевски се фокусира на импулсот што го има лиминалната состојба на ѕидот во процесот на поттикнување наративи во физичкиот контекст.

Уметниците/архитекти ги поставуваат прашањата: Дали дијалектичкиот ѕид би бил идеален симболички и политички простор за дејствување, трансформирајки го градот во сцена? Колку е дебел тој ѕид?

Дијалектичкиот ѕид во овој случај е машина која генерира дејства преку воспоставување динамичен однос на генеричкиот (апстрактниот) наспроти активниот  простор (место) во градот, поставувајќи го прашањето за односот помеѓу публиката и изведувачите. Ѕидот е самата сцена, простор кој дијалектички ја вклучува публиката во дејството, го реактивира градот во создавањето на дејствата (настаните) и со тоа го трансформира во перформативен град/сцена.

Филип Јовановски (1979) е стручен соработник на Архитектонскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје и предава предмет сценографија како експерт од практиката на Факултетот за драмски уметности при УКИМ во Скопје. Јовановски со неговиот изразен интердисциплинарен пристап истражува различни медиуми и нивната интердисциплинарна конекција – архитектура, визуелна уметност, театар, видео, филм и просторни инсталации.

Најчесто уметничко изразно средство се просторните визуелни интервенции во јавен простор. Тој ја истражува уметничката изразност и потенцијал и во областа на сценографијата, досега создавајќи околу 30 сценографии за театарски претстави.  Јовановски имал над 15 самостојни изложби и претставувања во земјава и во странство, и учествувал во над 40 групни изложби.

Неговиот проект „Оваа зграда зборува (на)вистина“, куриран од Ивана Васева, кој ја претставуваше Република Македонија на Прашкото квадриенале за перформанс, дизајн и простор во 2019 година, ја доби главната награда „Златна Трига“.

Слободан Велевски (1976 година) е редовен професор на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Тој е дел од Институтот за урбанизам, а заедно со Марија Мано Велевска од 2014 година го раководи интегративното студиото Обрасци на раст и Раст 2.0 во последниот семестар на студиите по архитектура.

Во изминатиот период, самостојно или како ко-автор активно учествува во низа истражувачки проекти, научни конференции и семинари, работилници, публикации и архитектонско-урбанистички проекти и конкурси. Заедно со Марија Мано Велевска е автор на книгата „Разговори“ и едицијата Раст составена од 10 книги.

Слободан Велевски верува дека улогата на архитектот во општеството мора да ги надмине досегашните рамки на делување и дека создавањето современа архитектура е колаборативен процес во кој делото може да биде и вербално и материјално, но дека тоа секогаш мора да се стреми да ги отслика искуствата на мноштвеност и етика.

Проект Активен ГРА(Д)/ѓани

Лидер на проектот: Институт за театар од Чешка/Прашко квадриенале за дизајн на перформанс и простор(PQ)

Партнери:

ЗК/У-Берлин – Институт за уметност и урбанизам – Берлин

ИЗОЛАТЦИА – Киев, Украина

Организација Факултет за работи што не се учат (ФРУ) , Македонија/

Овој проект е поддржан од Програмата Креативна Европа на Европската Унија.

The post „Факултет за работи што не се учат“ со проектот „Градот како јавна сцена“ денеска ќе се претстави на ОПЕНХАУС Берлин appeared first on Република.

]]>

Организацијата Факултет за работи што не се учат (ФРУ), во рамките на проектот Активен Град/граѓани на 18- ти јули ќе се претстави на ОПЕНХАУС Берлин, отворено студио во Центарот за уметност и урбанизам во Берлин, каде што во моментов престојува на резиденција. Во рамки на резиденцијалната програма на ZK/U, ФРУ ја претставува работата на долгорочниот проект Лабораторијата за просторно изведувачки практики ГРАДОТ КАКО СЦЕНА, која се реализира во соработка со Архитектонски факултет - во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Како дел од оваа лабораторија, во рамки на резиденцијата, во текот на јуни годинава, неколку млади уметници, архитекти и студенти, Димитар Милев, Ивана Самандова, Тамара Џерков и Мартина Пенева беа дел од истражувачкиот процес на проектот ОД „ЧЕТВРТИ“ ЅИД ДО „ДИЈАЛЕКТИЧКИ“ ЅИД. Проектот ОД „ЧЕТВРТИ“ ЅИД ДО „ДИЈАЛЕКТИЧКИ“ ЅИД, е развиен од архитектите и уметниците, Филип Јовановски и Слободан Велевски за време на Active city(zens) резиденцијата. Проектот ќе биде претставен како дел од овомесечниот ОПЕНХАУС во центарот ZK/U кој ќе се одржи денес, на 18ти јули, од 19:00 до 23:00 часот. ZK/U во Берлин е уникатна локација. Просторот на поранешната железничка станица, курира инклузивна програма за сите видови потенцијална публика. Во ZK/U се користи новоизградениот покрив на зградата за да се создадат инсталации со кратки перформанси достапни за голем број дневни патници со воз, како и за пешаците, посетителите на паркот и членовите на околната заедница. Ова е обид да се создаде едноставна уметничка интервенција во секојдневното патување со изведба на многу кратки перформанси (со времетраење од 10 секунди). Проектот ОД „ЧЕТВРТИ“ ЅИД ДО „ДИЈАЛЕКТИЧКИ“ ЅИД, развиен од Јовановски и Велевски се фокусира на импулсот што го има лиминалната состојба на ѕидот во процесот на поттикнување наративи во физичкиот контекст. Уметниците/архитекти ги поставуваат прашањата: Дали дијалектичкиот ѕид би бил идеален симболички и политички простор за дејствување, трансформирајки го градот во сцена? Колку е дебел тој ѕид? Дијалектичкиот ѕид во овој случај е машина која генерира дејства преку воспоставување динамичен однос на генеричкиот (апстрактниот) наспроти активниот  простор (место) во градот, поставувајќи го прашањето за односот помеѓу публиката и изведувачите. Ѕидот е самата сцена, простор кој дијалектички ја вклучува публиката во дејството, го реактивира градот во создавањето на дејствата (настаните) и со тоа го трансформира во перформативен град/сцена.   Филип Јовановски (1979) е стручен соработник на Архитектонскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје и предава предмет сценографија како експерт од практиката на Факултетот за драмски уметности при УКИМ во Скопје. Јовановски со неговиот изразен интердисциплинарен пристап истражува различни медиуми и нивната интердисциплинарна конекција – архитектура, визуелна уметност, театар, видео, филм и просторни инсталации. Најчесто уметничко изразно средство се просторните визуелни интервенции во јавен простор. Тој ја истражува уметничката изразност и потенцијал и во областа на сценографијата, досега создавајќи околу 30 сценографии за театарски претстави.  Јовановски имал над 15 самостојни изложби и претставувања во земјава и во странство, и учествувал во над 40 групни изложби. Неговиот проект „Оваа зграда зборува (на)вистина“, куриран од Ивана Васева, кој ја претставуваше Република Македонија на Прашкото квадриенале за перформанс, дизајн и простор во 2019 година, ја доби главната награда „Златна Трига“. Слободан Велевски (1976 година) е редовен професор на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Тој е дел од Институтот за урбанизам, а заедно со Марија Мано Велевска од 2014 година го раководи интегративното студиото Обрасци на раст и Раст 2.0 во последниот семестар на студиите по архитектура. Во изминатиот период, самостојно или како ко-автор активно учествува во низа истражувачки проекти, научни конференции и семинари, работилници, публикации и архитектонско-урбанистички проекти и конкурси. Заедно со Марија Мано Велевска е автор на книгата „Разговори“ и едицијата Раст составена од 10 книги. Слободан Велевски верува дека улогата на архитектот во општеството мора да ги надмине досегашните рамки на делување и дека создавањето современа архитектура е колаборативен процес во кој делото може да биде и вербално и материјално, но дека тоа секогаш мора да се стреми да ги отслика искуствата на мноштвеност и етика.   Проект Активен ГРА(Д)/ѓани Лидер на проектот: Институт за театар од Чешка/Прашко квадриенале за дизајн на перформанс и простор(PQ) Партнери: ЗК/У-Берлин – Институт за уметност и урбанизам – Берлин ИЗОЛАТЦИА – Киев, Украина Организација Факултет за работи што не се учат (ФРУ) , Македонија/   Овој проект е поддржан од Програмата Креативна Европа на Европската Унија.    

The post „Факултет за работи што не се учат“ со проектот „Градот како јавна сцена“ денеска ќе се претстави на ОПЕНХАУС Берлин appeared first on Република.

]]>
Промоција на проектот „Виртуелна прошетка на Скопското кале“ https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-proektot-virtuelna-proshetka-na-skopskoto-kale/ Fri, 07 Jun 2024 08:54:50 +0000 https://republika.mk/?p=785437

Денес, (7 јуни 2024), со почеток во 19 часот, во Градска библиотека Браќа Миладиновци-Скопје (Буњаковец), ќе бидат презентирани резултатите од проектот Виртуелна прошетка на Скопското кале, во контекст на регионалниот проект Virtual Tours 3 Fortress/Castles (Albania, Kosovo, Macedonia) - (Virtual Tour - Skopje Fortress / Skopsko Kale)
Партнери на проектот SEKTRA NGO (Албанија); Cultural Innovative Development Initiative's (CIDI - Косово).

Проектот е поддржан од Вестерн Балкан Фонд.
Голема благодарност до Јехона Рока Варфи (НВО Сектра, Тирана), главен менаџер на проектот; Снежана Стојчевска - директорка на Градска библиотека Браќа Миладиновци-Скопје (Буњаковец) и тимот на Градска библиотека Браќа Миладиновци-Скопје (Буњаковец). Благодарност до архитект Јасминка Намичева.

ТИМ (Р.Македонија):
Александра Шутиноска Белчуровска - истражувач-археолог/експерт за културно наследство
Здравко Стојмиров - преведувач од македонски на англиски јазик
Михаило Апостолов - видео документација / техничка координација.
Весна А. Бришкоска - Фотографии
Иванка Апостолова Баскар - проектен координатор/продуцент, соопштуваат организаторите.

The post Промоција на проектот „Виртуелна прошетка на Скопското кале“ appeared first on Република.

]]>

Денес, (7 јуни 2024), со почеток во 19 часот, во Градска библиотека Браќа Миладиновци-Скопје (Буњаковец), ќе бидат презентирани резултатите од проектот Виртуелна прошетка на Скопското кале, во контекст на регионалниот проект Virtual Tours 3 Fortress/Castles (Albania, Kosovo, Macedonia) - (Virtual Tour - Skopje Fortress / Skopsko Kale) Партнери на проектот SEKTRA NGO (Албанија); Cultural Innovative Development Initiative's (CIDI - Косово).
Проектот е поддржан од Вестерн Балкан Фонд. Голема благодарност до Јехона Рока Варфи (НВО Сектра, Тирана), главен менаџер на проектот; Снежана Стојчевска - директорка на Градска библиотека Браќа Миладиновци-Скопје (Буњаковец) и тимот на Градска библиотека Браќа Миладиновци-Скопје (Буњаковец). Благодарност до архитект Јасминка Намичева. ТИМ (Р.Македонија): Александра Шутиноска Белчуровска - истражувач-археолог/експерт за културно наследство Здравко Стојмиров - преведувач од македонски на англиски јазик Михаило Апостолов - видео документација / техничка координација. Весна А. Бришкоска - Фотографии Иванка Апостолова Баскар - проектен координатор/продуцент, соопштуваат организаторите.

The post Промоција на проектот „Виртуелна прошетка на Скопското кале“ appeared first on Република.

]]>
Кинотеката е дел од проектот „ФилмЕД“ („FilmED”) – филмска едукација за сите https://republika.mk/vesti/kultura/kinotekata-e-del-od-proektot-filmed-filmed-filmska-edukatsija-za-site/ Thu, 04 Apr 2024 12:34:28 +0000 https://republika.mk/?p=762116

Кинотека на Република Македонија оваа година е дел од проектот „ФилмЕД“ (FilmED) кој има за цел да развива и имплементира тренинг програми за наставници и едукатори кои ќе стекнат знаење и пракса за спроведување на филмска едукација во наставни цели.

Координатор на проектот „ФилмЕД“ е Гете-институтот во Прага, Чешка, а партнери во реализацијата на пректот, покрај Кинотека на Р. Македонија и Гете- институтот во Скопје, се и Центарот за филмска култура „Анджеј Вајда“ од Полска (Andrzej Wajda Centre for Film Culture), непрофитна организација за неформалното филмско и аудиовизуелно образование „Крутон“ од Чешка (Krutónz), Националниот филмски институт – Филмски архив на Унгарија ( National Film Institute –Film Archive HU), како и Кино Усмев од Словачка (Kino Úsmev/ Cinefil). Сите партнери во проектот се од земји во централно-источниот и југоисточниот дел на Европа, регион кој се соочува со заеднички предизвици и во кој филмско образование во моментов има релативно мала застапеност.

Проектот „ФилмЕД“ ги таргетира малите и средните културни и образовни организации кои работат со аудиовизуелни добра, и има за цел да помогне во зголемувањето на нивните капацитети, да ги поддржи во споделување на својата аудиовизуелна експертиза со едукатори и наставници, и на крај да им овозможи да развијат и понудат сопствена обука за ширење на филмската култура. Најголемиот предизвик во остварувањето на овие цели е отсуството на знаења и насоки, како и недостигот од практична обука на едукаторите и наставниците кои би можеле да го вметнат филмско образование во своите образовни програми.

Со воведување на филмската едукација и конкретни филмските практики, проектот „ФилмЕД“ ќе овозможи да се развие нова и пред сѐ млада публика која преку промоцијата на европскиот филм ќе има можност да се запознае со европското филмско наследство.

„ФилмЕД“ (FilmED) веќе започна со работа и на првиот партнерски состанок кој се одржа на 27 и 28 февруари во Гете-инстутот во Прага беше утврдена методлогијата на рабоетење, и беше презентирана филмската работилницата FILMAY која од септември до крајот на годинава треба да се реализира во во Кинотеката на РС Македонија. Оваа работилница – филмска училница е наменета за млади луѓе и ќе понуди едукација од областа на филмското и аудио-визуелното наследство по што учесниците ќе се стекнат основни познавања на филмската уметност и филмските практики за да можат кративно да се изразат, да пренесат идеи и информации на аудио-визуелен начин, користејќи визуелни изразни средства. Под менторство на филмски професионалци младите учесници ќе снимаат и свои кратки филмови на различни теми, кои ќе бидат прикажани пред пошироката јавност на премиерна проекција на крајот на овој проект во киносалата на Кинотеката. Оваа работилница е само почетна фаза од реализација на „ФилмЕД“, во чии рамки ќе бидат одржани повеќе обуки и работилници во земјите на партнерите-учеснички во проектот.

Проектот е финансиски поддржан од Извршната агенцијата за образование и култура (EACEA) со седиште во Брисел, која управува со дел од програмите на Европската Комисија за финансирање на проекти и иницијативи во образованието, културата, медиумите, спортот, младите, граѓанството и хуманитарната помош.

The post Кинотеката е дел од проектот „ФилмЕД“ („FilmED”) – филмска едукација за сите appeared first on Република.

]]>

Кинотека на Република Македонија оваа година е дел од проектот „ФилмЕД“ (FilmED) кој има за цел да развива и имплементира тренинг програми за наставници и едукатори кои ќе стекнат знаење и пракса за спроведување на филмска едукација во наставни цели. Координатор на проектот „ФилмЕД“ е Гете-институтот во Прага, Чешка, а партнери во реализацијата на пректот, покрај Кинотека на Р. Македонија и Гете- институтот во Скопје, се и Центарот за филмска култура „Анджеј Вајда“ од Полска (Andrzej Wajda Centre for Film Culture), непрофитна организација за неформалното филмско и аудиовизуелно образование „Крутон“ од Чешка (Krutónz), Националниот филмски институт – Филмски архив на Унгарија ( National Film Institute –Film Archive HU), како и Кино Усмев од Словачка (Kino Úsmev/ Cinefil). Сите партнери во проектот се од земји во централно-источниот и југоисточниот дел на Европа, регион кој се соочува со заеднички предизвици и во кој филмско образование во моментов има релативно мала застапеност. Проектот „ФилмЕД“ ги таргетира малите и средните културни и образовни организации кои работат со аудиовизуелни добра, и има за цел да помогне во зголемувањето на нивните капацитети, да ги поддржи во споделување на својата аудиовизуелна експертиза со едукатори и наставници, и на крај да им овозможи да развијат и понудат сопствена обука за ширење на филмската култура. Најголемиот предизвик во остварувањето на овие цели е отсуството на знаења и насоки, како и недостигот од практична обука на едукаторите и наставниците кои би можеле да го вметнат филмско образование во своите образовни програми. Со воведување на филмската едукација и конкретни филмските практики, проектот „ФилмЕД“ ќе овозможи да се развие нова и пред сѐ млада публика која преку промоцијата на европскиот филм ќе има можност да се запознае со европското филмско наследство. „ФилмЕД“ (FilmED) веќе започна со работа и на првиот партнерски состанок кој се одржа на 27 и 28 февруари во Гете-инстутот во Прага беше утврдена методлогијата на рабоетење, и беше презентирана филмската работилницата FILMAY која од септември до крајот на годинава треба да се реализира во во Кинотеката на РС Македонија. Оваа работилница – филмска училница е наменета за млади луѓе и ќе понуди едукација од областа на филмското и аудио-визуелното наследство по што учесниците ќе се стекнат основни познавања на филмската уметност и филмските практики за да можат кративно да се изразат, да пренесат идеи и информации на аудио-визуелен начин, користејќи визуелни изразни средства. Под менторство на филмски професионалци младите учесници ќе снимаат и свои кратки филмови на различни теми, кои ќе бидат прикажани пред пошироката јавност на премиерна проекција на крајот на овој проект во киносалата на Кинотеката. Оваа работилница е само почетна фаза од реализација на „ФилмЕД“, во чии рамки ќе бидат одржани повеќе обуки и работилници во земјите на партнерите-учеснички во проектот. Проектот е финансиски поддржан од Извршната агенцијата за образование и култура (EACEA) со седиште во Брисел, која управува со дел од програмите на Европската Комисија за финансирање на проекти и иницијативи во образованието, културата, медиумите, спортот, младите, граѓанството и хуманитарната помош.  

The post Кинотеката е дел од проектот „ФилмЕД“ („FilmED”) – филмска едукација за сите appeared first on Република.

]]>
Промоција на проектот „Македонијо во срце те носиме“ со 12. еминентни македонски фолк и поп изведувачи https://republika.mk/scena/muzika/promotsija-na-proektot-makedonijo-vo-srtse-te-nosime-so-12-eminentni-makedonski-folk-i-pop-izveduvachi/ Sun, 04 Jun 2023 16:32:39 +0000 https://republika.mk/?p=647714

Идната недела ќе биде претставен новиот музички проект насловен „Македонијо во срце те носиме“. Станува збор за проект во кој на едно место се ставени 12. македонски патриотски песни во изведба на 12. македонски изведувачи, и од светот на забавната и народната музика.
Меѓу учесниците се: Наум Петрески, Сузана Спасовска, Миле Кузмановски, Бојана Скендеровски, ДНК, Огнен Здравковски, Ламбе Алабаковски, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Мина Блажев, Марија Спасовска, Зуица Лазова, а на списокот песни се „Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име имаме“…

The post Промоција на проектот „Македонијо во срце те носиме“ со 12. еминентни македонски фолк и поп изведувачи appeared first on Република.

]]>

Идната недела ќе биде претставен новиот музички проект насловен „Македонијо во срце те носиме“. Станува збор за проект во кој на едно место се ставени 12. македонски патриотски песни во изведба на 12. македонски изведувачи, и од светот на забавната и народната музика. Меѓу учесниците се: Наум Петрески, Сузана Спасовска, Миле Кузмановски, Бојана Скендеровски, ДНК, Огнен Здравковски, Ламбе Алабаковски, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Мина Блажев, Марија Спасовска, Зуица Лазова, а на списокот песни се „Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име имаме“…

The post Промоција на проектот „Македонијо во срце те носиме“ со 12. еминентни македонски фолк и поп изведувачи appeared first on Република.

]]>
Груби: Ако се проневери еден денар од проектот, да скапеме во затвор https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-ako-se-proneveri-eden-denar-od-proektot-da-skapeme-vo-zatvor/ Tue, 25 Apr 2023 10:01:50 +0000 https://republika.mk/?p=633838

Ако се проневери еден денар од проектот за изграда на Коридорите 8 и 10д на Бехтел и Енка да скапеме во доживотен затвор, рече првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби во месечното ораќање во Стопанската комора на  Македонија на тема „Бехтел и Енка – можности, предизвици и одговорности“.

Тој порача дека не познава ниту еден политичар кој ќе си дозволи во коруптивни активности во проект што го спроведуваат вакви компании, истакнувајќи дека хајката што се води е само за дневна политика.

Груби информираше дека досега не се исплатени средства а првите авансно плаќање за почеток на градежни работи и тоа ќе иде објавено на порталот Отворени финансии.

Измените на Законот за работни односи, што се дел од пакетот закони за забрзување на реализацијата на проектот, не значат експлоатација на работниците и злоупотреба на нивните права. Не се работи за 60 часови работа, туку за дополнителни часови со согласност на работниците - рече Груби.

Според Груби, во Договорот никаде не стои исплата на пенали, а домашните градежни компании ќе имаат голема корист во тек на целиот градежен процес со тоа што над 51 процент од работите ќе иде од домашни ресурси.

Покрај стопанственици на настанот присуствуваат и министрите за транспорт и врски Благој Бочварски, за финансии Фатмир Бесими, за економија Крешник Бектеши, како и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми и раководители на други институции поврзани со проектот.

The post Груби: Ако се проневери еден денар од проектот, да скапеме во затвор appeared first on Република.

]]>

Ако се проневери еден денар од проектот за изграда на Коридорите 8 и 10д на Бехтел и Енка да скапеме во доживотен затвор, рече првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби во месечното ораќање во Стопанската комора на  Македонија на тема „Бехтел и Енка – можности, предизвици и одговорности“. Тој порача дека не познава ниту еден политичар кој ќе си дозволи во коруптивни активности во проект што го спроведуваат вакви компании, истакнувајќи дека хајката што се води е само за дневна политика. Груби информираше дека досега не се исплатени средства а првите авансно плаќање за почеток на градежни работи и тоа ќе иде објавено на порталот Отворени финансии.
Измените на Законот за работни односи, што се дел од пакетот закони за забрзување на реализацијата на проектот, не значат експлоатација на работниците и злоупотреба на нивните права. Не се работи за 60 часови работа, туку за дополнителни часови со согласност на работниците - рече Груби.
Според Груби, во Договорот никаде не стои исплата на пенали, а домашните градежни компании ќе имаат голема корист во тек на целиот градежен процес со тоа што над 51 процент од работите ќе иде од домашни ресурси. Покрај стопанственици на настанот присуствуваат и министрите за транспорт и врски Благој Бочварски, за финансии Фатмир Бесими, за економија Крешник Бектеши, како и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми и раководители на други институции поврзани со проектот.

The post Груби: Ако се проневери еден денар од проектот, да скапеме во затвор appeared first on Република.

]]>
Презентација на проектот „Заедно дишеме“ на уметницата Симона Манчева https://republika.mk/vesti/kultura/prezentatsija-na-proektot-zaedno-disheme-na-umetnitsata-simona-mancheva/ Fri, 17 Feb 2023 07:51:00 +0000 https://republika.mk/?p=609990

Во рамките на новиот проект Arts Hub кој ќе го реализираме во периодот 2023/24 година, продолжуваме со серијата презентации и разговори со уметници од локалната уметничка сцена.

Преку оваа серијата од 6 презентаци и разговори, домашните уметници и автори кои во контекст на програмата КСП Центар Јадро во изминативе 2 години беа поддржани да реализираат свои проекти на партиципативна/социјално ангажирана уметност (Кристина Божурска, Културно Ехо, Елена Чемерска, Ивана Мирчевска, Симона Манчева, Лидија Пајевиќ и Крунислав Стојановски) ќе ги претстават своите веќе реализирани проекти и ќе ги споделат искуствата и лекциите научени од праксата во специфичниот локален контекст. Проследени со прашања и одговори, овие презентации и разговори, меѓу другото, ќе ги пренесат искуствата и ќе помогнат во освестување на битните аспекти поврзани со подготовката и реализацијата на проекти и акции базирани на социјално ангажираната уметност.

Серијата на презентации ја продолжуваме во петок (17.02.2023), во 20ч., со презентација и разговор за уметничкиот проект „Заедно дишеме“ на уметницата Симона Манчева во КСП Центар- Јадро.

„Заедно дишеме“ е партиципативен, колаборативен проект на уметницата Симона Манчева кој покренува прашања за начинот на кој живееме и се однесуваме спрема природата.

Првата етапа од овој проект се одржа помеѓу 5 и 8 август, 2022 година со четиридневна уметничка работилница за креирање ‘лендарт’ во месноста Лавчани, во близина на Велес.
.‘Лендарт’ е уметничко движење кое се појавило во 60-тите и 70-тите години на минатиот век преку креирање уметнички дела со користење природни материјали на отворен простор. Движењето било карактеризирано со алтернативен пристап кон уметничките практики кои ги поврзувале природата и културата преку одржливата уметност

Во работилницата учествуваа уметниците: Ана Трајковска, Ристо Јосифовски-Ромбо,, Доротеј Нешовски, Елче Димова Пантелиќ, Славица Јапиданова, и волонтерите: Уна Стошиќ, Викторија Чочева, Влатко Илов, Николинка Лазиќ, Верица Чочева, Дарко Стојанов кои заедно со логистичка подршка од Елена Данова..

Втората етапа кој се состоеше од серија на работилници се оддржа од 16 до 26ти , 2022 година во НВО Инфо-Центар – Кавадарци и градскиот парк „Љупчо Шкартов“ во соработка со Општина Кавадарци и секторот за хортикултура.

Симона Манчева [1989] е визуелен уметник. Магистерски студии има завршено на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Нејзините уметнички интереси се темелат на согледување на фиктивната реалност и уште повеќе фиктивен морал во општествата. Преку нејзините уметнички истражувања, таа се обидува да ги прикаже и сруши нашите ограничени предрасуди и стереотипи кои ги зајакнуваат границите на нашата слобода и во исто време ја развиваат свеста на луѓето за остварување на нивните права и задоволување на нивните потреби. Целите на нејзината практика се родовата и половата дискриминација, наследените стереотипи, сексуалниот идентитет, социјално маргинализираните групи, разновидноста и варијациите на луѓето и нивните тела. Преку нејзината уметност, таа сака да ги преиспита и да интервенира во овие општествени конструкции, да ги разбере контрадикциите и стереотипите кои произлегуваат од нив.

The post Презентација на проектот „Заедно дишеме“ на уметницата Симона Манчева appeared first on Република.

]]>

Во рамките на новиот проект Arts Hub кој ќе го реализираме во периодот 2023/24 година, продолжуваме со серијата презентации и разговори со уметници од локалната уметничка сцена. Преку оваа серијата од 6 презентаци и разговори, домашните уметници и автори кои во контекст на програмата КСП Центар Јадро во изминативе 2 години беа поддржани да реализираат свои проекти на партиципативна/социјално ангажирана уметност (Кристина Божурска, Културно Ехо, Елена Чемерска, Ивана Мирчевска, Симона Манчева, Лидија Пајевиќ и Крунислав Стојановски) ќе ги претстават своите веќе реализирани проекти и ќе ги споделат искуствата и лекциите научени од праксата во специфичниот локален контекст. Проследени со прашања и одговори, овие презентации и разговори, меѓу другото, ќе ги пренесат искуствата и ќе помогнат во освестување на битните аспекти поврзани со подготовката и реализацијата на проекти и акции базирани на социјално ангажираната уметност. Серијата на презентации ја продолжуваме во петок (17.02.2023), во 20ч., со презентација и разговор за уметничкиот проект „Заедно дишеме“ на уметницата Симона Манчева во КСП Центар- Јадро.
„Заедно дишеме“ е партиципативен, колаборативен проект на уметницата Симона Манчева кој покренува прашања за начинот на кој живееме и се однесуваме спрема природата. Првата етапа од овој проект се одржа помеѓу 5 и 8 август, 2022 година со четиридневна уметничка работилница за креирање ‘лендарт’ во месноста Лавчани, во близина на Велес. .‘Лендарт’ е уметничко движење кое се појавило во 60-тите и 70-тите години на минатиот век преку креирање уметнички дела со користење природни материјали на отворен простор. Движењето било карактеризирано со алтернативен пристап кон уметничките практики кои ги поврзувале природата и културата преку одржливата уметност Во работилницата учествуваа уметниците: Ана Трајковска, Ристо Јосифовски-Ромбо,, Доротеј Нешовски, Елче Димова Пантелиќ, Славица Јапиданова, и волонтерите: Уна Стошиќ, Викторија Чочева, Влатко Илов, Николинка Лазиќ, Верица Чочева, Дарко Стојанов кои заедно со логистичка подршка од Елена Данова.. Втората етапа кој се состоеше од серија на работилници се оддржа од 16 до 26ти , 2022 година во НВО Инфо-Центар – Кавадарци и градскиот парк „Љупчо Шкартов“ во соработка со Општина Кавадарци и секторот за хортикултура. Симона Манчева [1989] е визуелен уметник. Магистерски студии има завршено на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Нејзините уметнички интереси се темелат на согледување на фиктивната реалност и уште повеќе фиктивен морал во општествата. Преку нејзините уметнички истражувања, таа се обидува да ги прикаже и сруши нашите ограничени предрасуди и стереотипи кои ги зајакнуваат границите на нашата слобода и во исто време ја развиваат свеста на луѓето за остварување на нивните права и задоволување на нивните потреби. Целите на нејзината практика се родовата и половата дискриминација, наследените стереотипи, сексуалниот идентитет, социјално маргинализираните групи, разновидноста и варијациите на луѓето и нивните тела. Преку нејзината уметност, таа сака да ги преиспита и да интервенира во овие општествени конструкции, да ги разбере контрадикциите и стереотипите кои произлегуваат од нив.

The post Презентација на проектот „Заедно дишеме“ на уметницата Симона Манчева appeared first on Република.

]]>
Презентација на проектот „Човеколики неволји“ на уметницата Ивана Мирчевска https://republika.mk/vesti/kultura/prezentatsija-na-proektot-chovekoliki-nevolji-na-umetnitsata-ivana-mirchevska/ Wed, 15 Feb 2023 13:02:01 +0000 https://republika.mk/?p=609302

Во КСП Центар - Јадро, утре (четврток) со почеток во 20 часот ќе се одржи презентација на проектот „Човеколики неволји“ на уметницата Ивана Мирчевска.

Оваа презентација е дел од новиот проект Arts Hub кој ќе го реализираме во периодот 2023/24 година, а започнува со серијата презентации и разговори со уметници од локалната уметничка сцена.
Изложбата „Човеколики неволји“(„Човеколики неволји “- Изложба на партиципативен ументички проект(видео, звучен пејзаж, инсталација) која се отвори вчера, ќе имате можност да ја погледнете секој ден до овој петок (17.02.2023) од 10 до 20 часот.
Човеколики неволји е партиципативен уметнички проект кој го препознава пејзажот и неговите сочинители како активни посредувачи во креирањето на условите за живот и се повикува на локалните еколошки предизвици, истражувајќи ги проблематичните граници меѓу формите создадени од човекот и нечовечките нешта.

Проектот го реализираше уметницата Ивана Мирчевска, а учествуваа: Ангела Манчевска, Дијана Велковска, Ивана Самандова, Ивана Јовановска, Јован Гаковски, Кристијан Стефановски, Риџет Ферати и Христина Крстеска.

The post Презентација на проектот „Човеколики неволји“ на уметницата Ивана Мирчевска appeared first on Република.

Презентацијана проектот„Домашна работа“ на Кристина Божурска во рамките на Arts Hub во КСП Центар- Јадро https://republika.mk/vesti/kultura/prezentatsijana-proektot-domashna-rabota-na-kristina-bozhurska-vo-ramkite-na-arts-hub-vo-ksp-tsentar-jadro/ Thu, 09 Feb 2023 18:23:28 +0000 https://republika.mk/?p=607021

Почитувани, во рамките на новиот проект Arts Hub кој ќе го реализираме во периодот 2023/24 година, продолжуваме со серијата презентации и разговори со уметници од локалната уметничка сцена.

Преку оваа серијата од 6 презентаци и разговори, домашните уметници и автори кои во контекст на програмата КСП Центар Јадро во изминативе 2 години беа поддржани да реализираат свои проекти на партиципативна/социјално ангажирана уметност (Кристина Божурска, Културно Ехо, Елена Чемерска, Ивана Мирчевска, Симона Манчева, Лидија Пајевиќ и Крунислав Стојановски) ќе ги претстават своите веќе реализирани проекти и ќе ги споделат искуствата и лекциите научени од праксата во специфичниот локален контекст. Проследени со прашања и одговори , овие презентации и разговори, меѓу другото, ќе ги пренесат искуствата и ќе помогнат во освестување на битните аспекти поврзани со подготовката и реализацијата на проекти и акции базирани на социјално ангажираната уметност.

„Преку проектот „Домашна работа“ наша цел беше да развиеме експериментални и колаборативни форми на уметничка пракса, каде што фокусот беше насочен кон процесот и можностите што произлегуваат од тој процес. Нашата почетна точка на онлајн работилниците беше разгледувањето на дела од автори чиј главен фокус е социјалниот ангажман. Потоа го користевме ова искуство како средство за отворање на дискусија, правење паралели со личните животи, мобилизирање на идеи и иницирање акција. Младите учесници беа охрабрени да го препознаат потенцијалот што уметноста може да го има во обликувањето на нашата социјална реалност. Тие беа охрабрени да создадат и свои уметнички дела со различни достапни материјали со цел да посочат на социјалните теми и проблеми од нивната локална заедница, притоа носејќи ја уметноста на неочекувани јавни простори. Создавањето на пињати пред КСП Центар - Јадро не однесе во друга форма на учеството на публиката. Креиравме настани за дружење со соседите и случајните минувачи и заеднички изработувавме предмети потребни за изложбата. Пињатите се направени од донирани, непотребни хартии од домашни задачи кои потоа беа персонализирани со текстови, напишани и собрани од младите учесници на онлајн работилниците. Кршењето на пињатите на отворањето на изложбата ќе биде метафоричка „катарза“, симбол на личното и колективно дејствување на разбивање на несаканата реалност и „пишување“ и замислување на нова иднина со поголема емпатија, сочувство и разбирање.“ - истакнува Божурска во својот текст за целите и фазите на проектот.

Божурска го развиваше својот проект во периодот март-јули 2021 година во кој свое активно учество земаа Јана Иванова, Јована Лалчевска, Грегор Пешевски, Благица Стојанова, Ивона Здравева, Денис Денчиќ, Софија Краљевска, Исидора Божиновска и Лукас Картер.

На следниов ЛИНК можете да ја погледнете дигиталната верзија на публикацијата 👉 https://drive.google.com/.../199ej9TJ7wfS.../view...

Кршење на пињатите на вечерта на отворањето на изложбата 👉 https://fb.watch/iy3dW_gNt6/

Kратко видео од втората работилница од партиципативниот проект "Домашна работа" на Кристина Божурска  👉  https://fb.watch/iy3gJeFc3W/

Кратко виодео од првата работилница од партиципативниот проект "Домашна работа" на Кристина Божурска 👉 https://fb.watch/iy3i8DMjxZ/

-------------------------------------------
Кристина Божурска дипломирала сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2008 година, a во 2017 магистрира на Институтот за културолошки студии, Скопје, фокусирајќи се во своето истражување на социјалните практики во уметноста. Во своите дела користи мноштво техники и материјали, вклучувајќи готови предмети, сликарство, цртеж, текст и видео. Суштина на нејзината практика е социо-политичкиот контекст каде преку изборот на материјали и визуелни референци директно ги коментира актуелните проблеми.Честопати трга од отфрленото, непотребното, заборавеното, во обид да го помести фокусот на опсервација и да го преиспита доминантниот консензус. Имала самостојни изложби во галерија Уна во Бјаред, Шведска; Мала Станица, МКЦ и СИА Галерија, Скопје, Прима галерија Берлин и Куманово и учествува на бројни групни изложби и видео-фестивали во земјата и надвор.
Остварила студиски престој во ISCP New York и добива стипендија за учество во работилницата Arte Utile на Тања Бругера, на Летната Уметничка Академија во Салзбург во 2013. Има освоено неколку награди: Универзитетска награда за најдобар дипломиран студент (2007/2008), Најдобар видео во категоријата "Нано минута" на Меѓународниот видео фестивал во Бразил (2008); (YVAA) "Денес", наградата за млад уметник за 2010 година и во 2019 BuzArt награда на уметничката резиденција “Togetherness” во Тирана, доделена од Швајцарската фондација за култура во Албанија и галерија Кало. Предава ликовна уметност во интернационалното училиште QSI, Скопје.

The post Презентацијана проектот„Домашна работа“ на Кристина Божурска во рамките на Arts Hub во КСП Центар- Јадро appeared first on Република.

]]>

Почитувани, во рамките на новиот проект Arts Hub кој ќе го реализираме во периодот 2023/24 година, продолжуваме со серијата презентации и разговори со уметници од локалната уметничка сцена.

Преку оваа серијата од 6 презентаци и разговори, домашните уметници и автори кои во контекст на програмата КСП Центар Јадро во изминативе 2 години беа поддржани да реализираат свои проекти на партиципативна/социјално ангажирана уметност (Кристина Божурска, Културно Ехо, Елена Чемерска, Ивана Мирчевска, Симона Манчева, Лидија Пајевиќ и Крунислав Стојановски) ќе ги претстават своите веќе реализирани проекти и ќе ги споделат искуствата и лекциите научени од праксата во специфичниот локален контекст. Проследени со прашања и одговори , овие презентации и разговори, меѓу другото, ќе ги пренесат искуствата и ќе помогнат во освестување на битните аспекти поврзани со подготовката и реализацијата на проекти и акции базирани на социјално ангажираната уметност.

„Преку проектот „Домашна работа“ наша цел беше да развиеме експериментални и колаборативни форми на уметничка пракса, каде што фокусот беше насочен кон процесот и можностите што произлегуваат од тој процес. Нашата почетна точка на онлајн работилниците беше разгледувањето на дела од автори чиј главен фокус е социјалниот ангажман. Потоа го користевме ова искуство како средство за отворање на дискусија, правење паралели со личните животи, мобилизирање на идеи и иницирање акција. Младите учесници беа охрабрени да го препознаат потенцијалот што уметноста може да го има во обликувањето на нашата социјална реалност. Тие беа охрабрени да создадат и свои уметнички дела со различни достапни материјали со цел да посочат на социјалните теми и проблеми од нивната локална заедница, притоа носејќи ја уметноста на неочекувани јавни простори. Создавањето на пињати пред КСП Центар - Јадро не однесе во друга форма на учеството на публиката. Креиравме настани за дружење со соседите и случајните минувачи и заеднички изработувавме предмети потребни за изложбата. Пињатите се направени од донирани, непотребни хартии од домашни задачи кои потоа беа персонализирани со текстови, напишани и собрани од младите учесници на онлајн работилниците. Кршењето на пињатите на отворањето на изложбата ќе биде метафоричка „катарза“, симбол на личното и колективно дејствување на разбивање на несаканата реалност и „пишување“ и замислување на нова иднина со поголема емпатија, сочувство и разбирање.“ - истакнува Божурска во својот текст за целите и фазите на проектот.

Божурска го развиваше својот проект во периодот март-јули 2021 година во кој свое активно учество земаа Јана Иванова, Јована Лалчевска, Грегор Пешевски, Благица Стојанова, Ивона Здравева, Денис Денчиќ, Софија Краљевска, Исидора Божиновска и Лукас Картер.

На следниов ЛИНК можете да ја погледнете дигиталната верзија на публикацијата 👉 https://drive.google.com/.../199ej9TJ7wfS.../view...

Кршење на пињатите на вечерта на отворањето на изложбата 👉 https://fb.watch/iy3dW_gNt6/

Kратко видео од втората работилница од партиципативниот проект "Домашна работа" на Кристина Божурска  👉  https://fb.watch/iy3gJeFc3W/

Кратко виодео од првата работилница од партиципативниот проект "Домашна работа" на Кристина Божурска 👉 https://fb.watch/iy3i8DMjxZ/

------------------------------------------- Кристина Божурска дипломирала сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2008 година, a во 2017 магистрира на Институтот за културолошки студии, Скопје, фокусирајќи се во своето истражување на социјалните практики во уметноста. Во своите дела користи мноштво техники и материјали, вклучувајќи готови предмети, сликарство, цртеж, текст и видео. Суштина на нејзината практика е социо-политичкиот контекст каде преку изборот на материјали и визуелни референци директно ги коментира актуелните проблеми.Честопати трга од отфрленото, непотребното, заборавеното, во обид да го помести фокусот на опсервација и да го преиспита доминантниот консензус. Имала самостојни изложби во галерија Уна во Бјаред, Шведска; Мала Станица, МКЦ и СИА Галерија, Скопје, Прима галерија Берлин и Куманово и учествува на бројни групни изложби и видео-фестивали во земјата и надвор. Остварила студиски престој во ISCP New York и добива стипендија за учество во работилницата Arte Utile на Тања Бругера, на Летната Уметничка Академија во Салзбург во 2013. Има освоено неколку награди: Универзитетска награда за најдобар дипломиран студент (2007/2008), Најдобар видео во категоријата "Нано минута" на Меѓународниот видео фестивал во Бразил (2008); (YVAA) "Денес", наградата за млад уметник за 2010 година и во 2019 BuzArt награда на уметничката резиденција “Togetherness” во Тирана, доделена од Швајцарската фондација за култура во Албанија и галерија Кало. Предава ликовна уметност во интернационалното училиште QSI, Скопје.

The post Презентацијана проектот„Домашна работа“ на Кристина Божурска во рамките на Arts Hub во КСП Центар- Јадро appeared first on Република.

]]>
Презентацијата на проектот „Создаваме град, градиме иднина!“ на Културно Ехо  денеска во КСП Центар- Јадро https://republika.mk/vesti/kultura/prezentatsijata-na-proektot-sozdavame-grad-gradime-idnina-na-kulturno-eho-deneska-vo-ksp-tsentar-jadro/ Wed, 08 Feb 2023 08:16:25 +0000 https://republika.mk/?p=606280

Во рамките на новиот проект Arts Hub кој ќе го реализираме во приодот 2023/24 година, продолжуваме со серијата презентации и разговори со уметници од локалната уметничка сцена.

Преку оваа серијата од 6 презентаци и разговори, домашните уметници и автори кои во контекст на програмата КСП Центар Јадро во изминативе 2 години беа поддржани да реализираат свои проекти на партиципативна/социјално ангажирана уметност (Кристина Божурска, Културно Ехо, Елена Чемерска, Ивана Мирчевска, Симона Манчева, Лидија Пајевиќ и Крунислав Стојановски)  ќе ги претстават своите веќе реализирани  проекти и ќе ги споделат искуствата и лекциите научени од праксата во специфичниот локален контекст. Проследени со прашања и одговори , овие презентации и разговори, меѓу другото, ќе ги пренесат искуствата и ќе помогнат во  освестување на битните аспекти поврзани со подготовката и реализацијата на проекти и акции базирани на социјално ангажираната уметност

Серијата на презентации ја продолжуваме  со презентацијата на проектот   Создаваме град, градиме иднина!“ на Културно Ехо  на  8 февруари, 20 часот во КСП Центар- Јадро

Проектот „Создаваме град, градиме иднина!“ имаше за цел да ја зголеми транспарентноста и партиципативноста во процесот на урбанистичкото планирање на градот, преку серија јавни настани од мултимедијален карактер, чија основна цел беше да поттикнат критичко размислување и да иницираат вклучување на локалната заедница во процесот на планирањето на просторот.

Тема на проектот беше новиот генералeн урбанистички план за Скопје (ГУП за период од 2023 до 2032 година) кој е најважниот документ за планирањето на иднината на градот. Во рамки на проектот беа  реализирани 3 настани во 3 општини во Скопје.

Содржина на настаните  штп се реализираа во рамките на проектот:

1. Интерактивен документарен филм кој  обработува повеќе локации од важечкиот ГУП (од 2012 до 2022 година) што веќе се предмет на дебата во јавниот дискурс.

Тимот кој го изработи документарниот филм и перформансот:
Режија: Андреј Георгиев и Драгана Гунин
Актер: Симона Димковска
Кинематограф: Кристијан Караџовски
Монтажа: Дејан Смилевски и Андреј Ристески
Наратор: Мартин Манев
Гласови: Наталија Теодосиева, Илија Волчески, Јанка Лефкова и Благојчо Стојанов

2. Работилница на тема: Што претставува ГУП и зашто е важен? Инволвирање на граѓаните и интеракција за нови идеи и предлози во насока на планирањето на градот.

3. Дебата на тема „Нов ГУП, нова можност за Скопје?“

Проектот „Создаваме град, градиме иднина!“ го реализира Меѓународно здружение на граѓани Културно Ехо-Скопје во соработка со здружението Ситископ - Скопје во рамки на проектот „Места на дарежливост - трансформативни станици“ на КСП Центар Јадро.

Проектот Arts Hub е место за  спојување, креативно истражување и изразување, каде што уметниците и сите оние што се заинтересирани да го искусат креативниот процес ќе можат  да ги развијат и надградат своите интереси, знаења и вештини. На овој начин учесниците  ќе имаат прилика да ги споделат и надградат своите заеднички интереси, како што се визуелнитe уметности, музиката и изведувачките уметности итн.

Главна цел  на проектот  е да се  мотивираат уметниците кои што работат во  различни уметнички дисциплини да ги зголемат своите знаења и вештини во областа на социјално ангажираната уметност, специфичните форми на театар, аудио продукцијата и аудио подкаст, фотографија и видео,  и  како и тоа да се поттикнат, користејќи го стекнатото искуство низ едукативниот процес  да создадат свои  партиципативни проекти  преку кои ќе имаат импакт во заедницата и ќе делуваат во подигање на свеста за разни социјални  и политички теми и проблеми.

Следствено, проектот ќе ги задоволи потребите за комуникација на проблемите со публиките и  јавноста  преку уметничките проекти во насока на подигнувањето на свеста за проблемите;  мобилизација на уметничката сцена која во соработка со активното граѓанството  ќе создаде партнерства и воспостави отворени врски со групите засегнати од проблематиките што проектите ги таргетираат; охрабрување на разни целни групи  во иднина сами да се борат за каузите во кои веруваат и делуваат, како и да се поттикнат и да започнат да размислуваат како самоиницијативно можат да го подобрат квалитетот на животот во нивните заедници.

Овој проект ќе се стреми кон напуштање на класичните формати на продукција и презентација на уметнички проекти што подразбира активна работа со креативци од повеќе уметнички дисциплини, партиципативност, активно учество на граѓаните и публиката.

The post Презентацијата на проектот „Создаваме град, градиме иднина!“ на Културно Ехо  денеска во КСП Центар- Јадро appeared first on Република.

Тимот кој го изработи документарниот филм и перформансот: Режија: Андреј Георгиев и Драгана Гунин Актер: Симона Димковска Кинематограф: Кристијан Караџовски Монтажа: Дејан Смилевски и Андреј Ристески Наратор: Мартин Манев Гласови: Наталија Теодосиева, Илија Волчески, Јанка Лефкова и Благојчо Стојанов

Презентацијата на проектот  „ Создаваме град, градиме иднина!“ на Културно Ехо  https://republika.mk/vesti/kultura/prezentatsijata-na-proektot-sozdavame-grad-gradime-idnina-na-kulturno-eho/ Tue, 07 Feb 2023 08:35:37 +0000 https://republika.mk/?p=605777

Во рамките на новиот проект Arts Hub кој ќе го реализираме во приодот 2023/24 година, продолжуваме со серијата презентации и разговори со уметници од локалната уметничка сцена.

Преку оваа серијата од 6 презентаци и разговори, домашните уметници и автори кои во контекст на програмата КСП Центар Јадро во изминативе 2 години беа поддржани да реализираат свои проекти на партиципативна/социјално ангажирана уметност (Кристина Божурска, Културно Ехо, Елена Чемерска, Ивана Мирчевска, Симона Манчева, Лидија Пајевиќ и Крунислав Стојановски) ќе можат на своите колеги, пред се помлади и помалку искусни, но и на заинтересираните граѓани од локалната заедница, да им ги претстават своите веќереализирани  проекти и да ги споделат искуствата и лекциите научени од праксата во специфичниот локален контекст. Проследени со прашања и одговори од публиката, овие презентации и разговори, меѓу другото, ќе ги пренесат искуствата и ќе помогнат во  освестување на битните аспекти поврзани со подготовката и реализацијата на проекти и акции базирани на социјално ангажираната уметност

Серијата на презентации ја продолжуваме  со презентацијата на проектот   Создаваме град, градиме иднина!“ на Културно Ехо 

Проектот „Создаваме град, градиме иднина!“ имаше за цел да ја зголеми транспарентноста и партиципативноста во процесот на урбанистичкото планирање на градот, преку серија јавни настани од мултимедијален карактер, чија основна цел беше да поттикнат критичко размислување и да иницираат вклучување на локалната заедница во процесот на планирањето на просторот.

Тема на проектот беше новиот генералeн урбанистички план за Скопје (ГУП за период од 2023 до 2032 година) кој е најважниот документ за планирањето на иднината на градот. Во рамки на проектот беа  реализирани 3 настани во 3 општини во Скопје.

Содржина на настаните:

1. Проекција на интерактивен документарен филм кој ги обработува повеќе локации од важечкиот ГУП (од 2012 до 2022 година) што веќе се предмет на дебата во јавниот дискурс.

Тимот кој го изработи документарниот филм и перформансот:
Режија: Андреј Георгиев и Драгана Гунин
Актер: Симона Димковска
Кинематограф: Кристијан Караџовски
Монтажа: Дејан Смилевски и Андреј Ристески
Наратор: Мартин Манев
Гласови: Наталија Теодосиева, Илија Волчески, Јанка Лефкова и Благојчо Стојанов

 2. Работилница на тема: Што претставува ГУП и зашто е важен? Инволвирање на граѓаните и интеракција за нови идеи и предлози во насока на планирањето на градот.

3. Дебата на тема „Нов ГУП, нова можност за Скопје?“

Проектот „Создаваме град, градиме иднина!“ го реализира Меѓународно здружение на граѓани Културно Ехо-Скопје во соработка со здружението Ситископ - Скопје во рамки на проектот „Места на дарежливост - трансформативни станици“ на КСП Центар Јадро.

 Проектот Arts Hub е место за  спојување, креативно истражување и изразување, каде што уметниците и сите оние што се заинтересирани да го искусат креативниот процес ќе можат  да ги развијат и надградат своите интереси, знаења и вештини. Arts Hub ќе обезбеди достапен простор за собирање и континуирана работа. На овој начин учесниците  ќе имаат прилика да ги споделат и надградат своите заеднички интереси, како што се визуелнитe уметности, музиката и изведувачките уметности итн.

Главна цел  на проектот  е да се  мотивираат уметниците кои што работат во  различни уметнички дисциплини да ги зголемат своите знаења и вештини во областа на социјално ангажираната уметност, специфичните форми на театар, аудио продукцијата и аудио подкаст, фотографија и видео и  како и тоа да се поттикнат, користејќи го стекнатото искуство низ едукативниот процес  да создадат свои  партиципативни проекти  преку кои ќе имаат импакт во заедницата и ќе делуваат во подигање на свеста за разни социјални  и политички теми и проблеми.

Следствено, проектот ќе ги задоволи потребите за комуникација на проблемите со публиките и  јавноста  преку уметничките проекти во насока на подигнувањето на свеста за проблемите;  мобилизација на уметничката сцена која во соработка со активното граѓанството  ќе создаде партнерства и воспостави отворени врски со групите засегнати од проблематиките што проектите ги таргетираат; охрабрување на разни целни групи  во иднина сами да се борат за каузите во кои веруваат и делуваат, како и да се поттикнат и да започнат да размислуваат како самоиницијативно можат да го подобрат квалитетот на животот во нивните заедници.

Овој проект ќе се стреми кон напуштање на класичните формати на продукција и презентација на уметнички проекти што подразбира активна работа со креативци од повеќе уметнички дисциплини, партиципативност, активно учество на граѓаните и публиката.

The post Презентацијата на проектот  „ Создаваме град, градиме иднина!“ на Културно Ехо  appeared first on Република.

Презентација на проектот „Добро. Подобро, чисто! на Лидија Пајевиќ и Крунислав Стојановски во КСП Центар Јадро https://republika.mk/vesti/kultura/prezentatsija-na-proektot-dobro-podobro-chisto-na-lidija-pajevik-i-krunislav-stojanovski-vo-ksp-tsentar-jadro/ Mon, 06 Feb 2023 08:56:38 +0000 https://republika.mk/?p=605251

КСП Центар Јадро во рамките на новиот проект Arts Hub, кој ќе го реализираме во приодот 2023/24 година, започнува со серијата презентации и разговори со уметници од локалната уметничка сцена.

Преку оваа серијата од 6 презентаци и разговори, домашните уметници и автори кои во контекст на програмата КСП Центар Јадро во изминативе 2 години беа поддржани да реализираат свои проекти на партиципативна/социјално ангажирана уметност (Кристина Божурска, Културно Ехо, Елена Чемерска, Ивана Мирчевска, Симона Манчева, Лидија Пајевиќ и Крунислав Стојановски) ќе можат на своите колеги, пред се помлади и помалку искусни, но и на заинтересираните граѓани од локалната заедница, да им ги претстават своите веќереализирани  проекти и да ги споделат искуствата и лекциите научени од праксата во специфичниот локален контекст. Проследени со прашања и одговори од публиката, овие презентации и разговори, меѓу другото, ќе ги пренесат искуствата и ќе помогнат во  освестување на битните аспекти поврзани со подготовката и реализацијата на проекти и акции базирани на социјално ангажираната уметност

Серијата напрезентации ја започнуваме со презентацијата на проектот „Добро. Подобро, чисто!„ на ЛидијаПајевиќ и Крунислав Стојановски.

Добро.подобро.ЧИСТО!” е едукативно-уметнички проект кој се реализираше во рамките на проектот „Места на дарежливост -трансформативни станици“. Проектот има за цел да го подигне нивото на јавна свест за еколошките прашања во урбаната средина на градот Скопје и да се поддржи проактивниот однос на поединецот кон општествените предизвици со кои се соочуваме денес.

Преку креативна употреба на фотографскиот медиум и арт - терапија проектот ги охрабрува учесниците не само да го набљудуваат светот околу себе, туку и да култивираат однос на самоистражување заради јакнење на чувството на лична моќ.

Вака осмислен, проектот се реализираше во периодот септември - октомври 2022 преку провеќе активности: фотографирање во екстериер, работилница за цијанотипии, работилница со арт терапија и изложби. Активностите ги спроведуваа Лидија Пајевиќ и Крунислав Стојановски во соработка со гиманзиите “Никола Карев” и “Јосип Броз Тито”.

Проектот Arts Hub е место за  спојување, креативно истражување и изразување, каде што уметниците и сите оние што се заинтересирани да го искусат креативниот процес ќе можат  да ги развијат и надградат своите интереси, знаења и вештини. Arts Hub ќе обезбеди достапен простор за собирање и континуирана работа. На овој начин учесниците  ќе имаат прилика да ги споделат и надградат своите заеднички интереси, како што се визуелнитe уметности, музиката и изведувачките уметности итн.

Главна цел  на проектот  е да се  мотивираат уметниците кои што работат во различни уметнички дисциплини да ги зголемат своите знаења и вештини во областа на социјално ангажираната уметност, специфичните форми на театар, аудио продукцијата и аудио подкаст, фотографија и видео и  како и тоа да се поттикнат, користејќи го стекнатото искуство низ едукативниот процес  да создадат свои  партиципативни проекти  преку кои ќе имаат импакт во заедницата и ќе делуваат во подигање на свеста за разни социјални  и политички теми и проблеми.

Следствено, проектот ќе ги задоволи потребите за комуникација на проблемите со публиките и  јавноста  преку уметничките проекти во насока на подигнувањето на свеста за проблемите;  мобилизација на уметничката сцена која во соработка со активното граѓанството  ќе создаде партнерства и воспостави отворени врски со групите засегнати од проблематиките што проектите ги таргетираат; охрабрување на разни целни групи  во иднина сами да се борат за каузите во кои веруваат и делуваат, како и да се поттикнат и да започнат да размислуваат како самоиницијативно можат да го подобрат квалитетот на животот во нивните заедници.

Овој проект ќе се стреми кон напуштање на класичните формати на продукција и презентација на уметнички проекти што подразбира активна работа со креативци од повеќе уметнички дисциплини, партиципативност, активно учество на граѓаните и публиката.

The post Презентација на проектот „Добро. Подобро, чисто! на Лидија Пајевиќ и Крунислав Стојановски во КСП Центар Јадро appeared first on Република.

Започнува еден од најголемите танцови проекти во земјава https://republika.mk/vesti/kultura/zapochnuva-eden-od-najgolemite-tancovi-proekti-vo-zemjava/ Thu, 24 Nov 2022 13:13:55 +0000 https://republika.mk/?p=577825

Битрикс Културен Центар поддржан, преку „Платформа Битрикс“, а поддржан од Swiss Agency for Development and Cooperation (SDC) на почетокот на јануари започнува со реализација на првиот од трите циклуси од проекот Tanz.Transformator. Re-imagining our dance community. (Танц.Трансформатор - Реобмислување на локалната танцова заедница).

Како што вели и самото име, креаторите на проектот поаѓаат од идејата да се преобмисли локалната современа танцова заедница како обид за надминување на недостатоците, меѓу кои се наоѓа и потребата за генерирање повеќе платени можности за професионалните танчари поради непостоењето на институции кои можат да ги вработат и/или ангажираат континуирано, а со тоа и да се обезбеди континуитет и одржливост на оние кои професионално се занимаваат со танц. Така, проектот предвидува можност за професионален развој и платен ангажман на професионалните танчари од локалната сцена преку продукциски ориентирани резиденции со локални и интернационални кореографи, како и можности за национални и регионални турнеи кои што ќе овозможат континуитет на квалитетен професионален ангажман - неопходен за развојот и афирмацијата на танцовата уметност кај нас.

По објавување на отворените повици, проектот забележа огромен број на апликации од интернационални кореографи со нејверојатнен квалитет. Истовремено, со проектниот координатор Мааике Феккес и финансискиот менаџер Павел Маслов, одржавме неколку инфо-сесии со танчарите од локалната сцена и интересот е неверојатен. Очекуваме успешна сезона и се радуваме што во рамките на овој проект над 100 танчари од земјата ќе добијат шанса за работа и учество во овој проект. Среќни сме што оваа иницијатива беше препознаена од Агенцијата за развој и соработка на Швајцарија. Долго време работиме на тоа да ја сплотиме локалната танцова заедница, па се надеваме дека ова ќе биде успешен почеток.“ - забележува уметничкиот директор Ивана Балабанова.

Сите заинтересирани професионални, полу-професионални танчари и студенти имаат можност да се пријават за учество во три дневна работилница која ќе се одвива во периодот од 9-11 јануари 2023 г. во Скопје.

По завршувањето на работилницата, на најдобрите 7 ќе им биде овозможено учество во тронеделна, интензивна и платена танцова резиденција под водство на интернационален кореограф која што ќе се зокружи со премиера на танцов перформанс во Скопје на почетокот на февруари 2023г. По премиерната изведба предвидени се уште три репризни иданија на перформансот во три различни градови во државата.

Заинтересираните кандидати можат да се пријават со пополнување формулар за апликација на https://tanz-transformator.beatrixcrew.com/registration/dancers-application/ најдоцна до 1 декември 2022 г.
Здружението на граѓани за образование и обука од областа на танцот и културно-уметнички активности Битрикс Кру, досега познато по своето делување и активност во развојот на полу- професионалната танцова сцена во државата преку платформите Beatrix Dance League и Beatrix Specials, со овој проект го проширува својот фокус кон развојот на професионалната танцова сцена и поставува база/платформа за платен професионален ангажман на уметниците и продуцикцијата на професионални танцови перформанси, а со тоа директно влијае врз прогресот на современата танцова култура во државата.

Повеќе информации за Tanz.Transformator може да најдете на следните линкови:
https://tanz-transformator.beatrixcrew.com
https://www.instagram.com/platformbeatrix

The post Започнува еден од најголемите танцови проекти во земјава appeared first on Република.

]]>

Битрикс Културен Центар поддржан, преку „Платформа Битрикс“, а поддржан од Swiss Agency for Development and Cooperation (SDC) на почетокот на јануари започнува со реализација на првиот од трите циклуси од проекот Tanz.Transformator. Re-imagining our dance community. (Танц.Трансформатор - Реобмислување на локалната танцова заедница). Како што вели и самото име, креаторите на проектот поаѓаат од идејата да се преобмисли локалната современа танцова заедница како обид за надминување на недостатоците, меѓу кои се наоѓа и потребата за генерирање повеќе платени можности за професионалните танчари поради непостоењето на институции кои можат да ги вработат и/или ангажираат континуирано, а со тоа и да се обезбеди континуитет и одржливост на оние кои професионално се занимаваат со танц. Така, проектот предвидува можност за професионален развој и платен ангажман на професионалните танчари од локалната сцена преку продукциски ориентирани резиденции со локални и интернационални кореографи, како и можности за национални и регионални турнеи кои што ќе овозможат континуитет на квалитетен професионален ангажман - неопходен за развојот и афирмацијата на танцовата уметност кај нас.
По објавување на отворените повици, проектот забележа огромен број на апликации од интернационални кореографи со нејверојатнен квалитет. Истовремено, со проектниот координатор Мааике Феккес и финансискиот менаџер Павел Маслов, одржавме неколку инфо-сесии со танчарите од локалната сцена и интересот е неверојатен. Очекуваме успешна сезона и се радуваме што во рамките на овој проект над 100 танчари од земјата ќе добијат шанса за работа и учество во овој проект. Среќни сме што оваа иницијатива беше препознаена од Агенцијата за развој и соработка на Швајцарија. Долго време работиме на тоа да ја сплотиме локалната танцова заедница, па се надеваме дека ова ќе биде успешен почеток.“ - забележува уметничкиот директор Ивана Балабанова.
Сите заинтересирани професионални, полу-професионални танчари и студенти имаат можност да се пријават за учество во три дневна работилница која ќе се одвива во периодот од 9-11 јануари 2023 г. во Скопје. По завршувањето на работилницата, на најдобрите 7 ќе им биде овозможено учество во тронеделна, интензивна и платена танцова резиденција под водство на интернационален кореограф која што ќе се зокружи со премиера на танцов перформанс во Скопје на почетокот на февруари 2023г. По премиерната изведба предвидени се уште три репризни иданија на перформансот во три различни градови во државата. Заинтересираните кандидати можат да се пријават со пополнување формулар за апликација на https://tanz-transformator.beatrixcrew.com/registration/dancers-application/ најдоцна до 1 декември 2022 г. Здружението на граѓани за образование и обука од областа на танцот и културно-уметнички активности Битрикс Кру, досега познато по своето делување и активност во развојот на полу- професионалната танцова сцена во државата преку платформите Beatrix Dance League и Beatrix Specials, со овој проект го проширува својот фокус кон развојот на професионалната танцова сцена и поставува база/платформа за платен професионален ангажман на уметниците и продуцикцијата на професионални танцови перформанси, а со тоа директно влијае врз прогресот на современата танцова култура во државата. Повеќе информации за Tanz.Transformator може да најдете на следните линкови: https://tanz-transformator.beatrixcrew.com https://www.instagram.com/platformbeatrix  

The post Започнува еден од најголемите танцови проекти во земјава appeared first on Република.

]]>
МСУ – Скопје иницира еколошки проект кон зачувување на здравата животна средина https://republika.mk/vesti/kultura/msu-skopje-inicira-ekoloshki-proekt-kon-zachuvuvanje-na-zdravata-zivotna-sredina/ Thu, 03 Nov 2022 08:49:30 +0000 https://republika.mk/?p=569068

Музејот на современата уметност – Скопје започнува со реализaција на проектот „Пејзаж на вознемиреност“ (култура и уметност за идното коегзистирање со еколошките кризи и климатски промени). Реализацијата на проектот започнува утре на 4 ноември со работилница во Велес.

Проектот се однесува на климатските состојби и еколошки предизвици, кои генерираат ургентни состојби преку екстремните временски услови, губење на биодиверзитетот, девастираната животна средина, неконтролирани траектории на експлотација на основните ресурси, како водата и воздухот, глобален раст и несакани миграции.

Главно прашање на проектот е како институциите во културата и уметниците можат да придонесат во справување со овие кризни состојби. Со овој проект, Музејот на современата уметност презема важна институционална улога осредоточена на ефектите од климатските промени, погрешните локални политики, загадувањето на воздухот, депониите и губењето на биодиверзитетот.

Во претстојниот период, проектот вклучува повеќе серии на работилници во Скопје, Велес, Битола и Преспа, кои ќе се реализираат во соработка со локални еколошки друштва и организации, преку кои, новите генерации уметници, истражувачи и активисти во Македонија ќе се ангажираат во однос на животната средина и климатските промени.

Овој процес на едукација и размена на искуства ќе резултира со создавање колаборативни уметнички дела, публикација на рециклирана хартија, и изложба во Музејот на современата уметност во Скопје во Март 2023 година.

 На 4 ноември е договорена првата работилница во Велес, со учество на  Тихомир Топузовски (раководител на проектот) Ивана Васева (кураторка)  Кирил Арсовски (биолог и еколог) Денис Сарагиновски и Слободанка Стевчевска (ОПА, уметнички колектив) Ивана Мирчевска (уметницa) Дарко Алексовски (уметник), како и членови на Еколошко друштво од Велес „Вила Зора“.

Учесниците во работилницата првин ќе одат во посета на неколку значајни локалитети во Велес: Езеро Младост – Како човекот низ просторот и времето го менува и прилагодува релјефот„Топилница“– Историските и моменталните траги од човечката индустријализација и во Велешки Ади, Градски Парк - Историската и културолошкaта промена на потребата и начините на кој човекот ги искористува природните ресурси.

Потоа, со почеток во 12 часот на пладне ќе се одржи работна сесија во Ликовниот центар на „Народен музеј“ Велес, каде ќе се одржи предавање на тема „Природна и еколошка карта на Велес“, потоа разговор со локален еколошки активист Вила Зора – Велес и на крајот ќе се води дискусија.

Работилницата ќе биде отворена за јавноста. Сите заинтересирани, можат да присуствуваат на предавањата или да земат учество во дискусијата.

Македонија и земјите од Западен Балкан преставуваат средиште на загадувањето во Европа, пред се, поради застарените фабрики за јаглен, автомобилите, неисправните индустрии и енергетската сиромаштија на населението. Низа фактори кои во континуитет го загадуваат воздухот, водата и севкупниот биодиверзитет на земјата, предизвикуваат негативни влијанија врз животната средина и здравјето на граѓаните.

Културата е суштинска алатка за генерирање на еколошки ангажмани, истовремено влијаејќи на други меѓусебно поврзани агенди, како што се урбаното планирање, социјалната вклученост и правото на здрава животна средина.

Основната цел на проектот е да создаде услови за квалитетна размена на знаења, соработки, едукација и уметничка продукција, преку која уметниците, истражувачите, еколозите, активистите и граѓаните во Македонија ќе се ангажираат во однос на животната средина и климатските промени. Проектот е целосно финансиран од ФООМ (Фондацијата Отворено општество – Македонија).

The post МСУ – Скопје иницира еколошки проект кон зачувување на здравата животна средина appeared first on Република.

Учесниците на проектот „Регионална смотра на хортикултурни библиотеки“ во посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид https://republika.mk/vesti/kultura/uchesnicite-na-proektot-regionalna-smotra-na-hortikulturni-biblioteki-vo-poseta-na-nu-biblioteka-grigor-prlichev-vo-ohrid/ Fri, 22 Apr 2022 09:04:40 +0000 https://republika.mk/?p=492132

Во рамките на проектот на битолската библиотека насловен: „Регионална смотра на хортикултурни библиотеки“ вчера  во посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид  беа дел од учесниците на смотрата од Србија, Хрватска, Босна, Албанија и Црна Гора.

Претходно во Битола два дена тие имаа прилика да разменат искуства, како и да осмислат понатамошни активности  со кои ќе ги унапредат програмите на библиотеките и ќе овозможат ширење на хортикултурната библиотечна мрежа.

Библиотека „Св. Климент Охридски“ од Битола од 2017 г. активно учествува во промоцијата на хортикултурни библиотеки и со задоволство ја прифати поканата на иницијаторот  Мирко С. Марковиќ, библиотекар советник и управител на регионалната мрежа,  за организација на Регионалната смотра на  хортикултурни библиотеки, рече  координатор на проектот и програмски раководител на НУУБ „Св. Климент Охридски“ м-р Јелена Петровска.

Цветна приказна на библиотеките во регионот ќе продолжи ако   заедно  ги  промовираме новите концепти и услуги  на библиотеките во средини каде што  библиотеките се препознаени како активен учесник во заедницата.

Библиотеките во нашата држава со својата местоположба можат да го развиваат овој нов библиотечен концепт и да им ги  понудат новите содржини на своите корисници, рече м-р Петровска и најави дека идеја е догодина во овој проект активно да се вклучат и повеќе библиотеки од државава, меѓу кои и библиотеката од Охрид , за што таа најави и начелна поддршка од Министерството за култура.

Директор на охридската библиотека м-р  Милчо Јовановски  гостите ги прими во Прличевата одаја местото во кое со години се одржуваат настани и разни промоции и накусо ги запозна со историјатот на установата и животот и делото на патронот Прличев. Тој ги покани сите учесници на средбата да ги споделат искуствата со вработените во библиотеката од Охрид,  за тие да можат да ја разберат суштината на хортикултурните библиотеки. Тој  изрази желба за продлабочување на контактите со библиотеките во регионот и вклучување на охридската библиотека во меѓународни проекти.

Пред присутните  обраќање имаше и„таткото“ – креатор на овој високо инвентивен проект Мирко С. Марковиќ од Белград  - Србија.

Концептот се состои во запознавање, користење и практична апликација на знаења и литература од областа на ботаника, како и промовирање на литература од истата област, со што библиотекарите го унапредуваат квалитетот на своите услуги преку поголемо користење на фондовите на библиотеките и обликување на позитивна свест за уредување на работни и животни простори, и креирање на нови библиотечни програми, рече Марковиќ и додаде:

Покрај размената на информации и искуства, хортикултурна мрежа на библиотеки од целиот регион ќе биде еден вид „огласна табла“ и „временски распоред“ на редовни и повремени настани На тој начин библиотеките стануваат своевиден посредник во изградба на современото и еколошко живеење, овозможувајќи го побрзиот пристап до активности со хортикултурна нота врзани со хортикултурни содржини и промовирање на здрава средина за живеење.

Како чин на ново пријателство  на сите гости охридската библиотека им подари книги од сопствената продукција.

The post Учесниците на проектот „Регионална смотра на хортикултурни библиотеки“ во посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид appeared first on Република.

]]>

Во рамките на проектот на битолската библиотека насловен: „Регионална смотра на хортикултурни библиотеки“ вчера  во посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид  беа дел од учесниците на смотрата од Србија, Хрватска, Босна, Албанија и Црна Гора. Претходно во Битола два дена тие имаа прилика да разменат искуства, како и да осмислат понатамошни активности  со кои ќе ги унапредат програмите на библиотеките и ќе овозможат ширење на хортикултурната библиотечна мрежа.
Библиотека „Св. Климент Охридски“ од Битола од 2017 г. активно учествува во промоцијата на хортикултурни библиотеки и со задоволство ја прифати поканата на иницијаторот  Мирко С. Марковиќ, библиотекар советник и управител на регионалната мрежа,  за организација на Регионалната смотра на  хортикултурни библиотеки, рече  координатор на проектот и програмски раководител на НУУБ „Св. Климент Охридски“ м-р Јелена Петровска.
Цветна приказна на библиотеките во регионот ќе продолжи ако   заедно  ги  промовираме новите концепти и услуги  на библиотеките во средини каде што  библиотеките се препознаени како активен учесник во заедницата.
Библиотеките во нашата држава со својата местоположба можат да го развиваат овој нов библиотечен концепт и да им ги  понудат новите содржини на своите корисници, рече м-р Петровска и најави дека идеја е догодина во овој проект активно да се вклучат и повеќе библиотеки од државава, меѓу кои и библиотеката од Охрид , за што таа најави и начелна поддршка од Министерството за култура.
Директор на охридската библиотека м-р  Милчо Јовановски  гостите ги прими во Прличевата одаја местото во кое со години се одржуваат настани и разни промоции и накусо ги запозна со историјатот на установата и животот и делото на патронот Прличев. Тој ги покани сите учесници на средбата да ги споделат искуствата со вработените во библиотеката од Охрид,  за тие да можат да ја разберат суштината на хортикултурните библиотеки. Тој  изрази желба за продлабочување на контактите со библиотеките во регионот и вклучување на охридската библиотека во меѓународни проекти. Пред присутните  обраќање имаше и„таткото“ – креатор на овој високо инвентивен проект Мирко С. Марковиќ од Белград  - Србија.
Концептот се состои во запознавање, користење и практична апликација на знаења и литература од областа на ботаника, како и промовирање на литература од истата област, со што библиотекарите го унапредуваат квалитетот на своите услуги преку поголемо користење на фондовите на библиотеките и обликување на позитивна свест за уредување на работни и животни простори, и креирање на нови библиотечни програми, рече Марковиќ и додаде: Покрај размената на информации и искуства, хортикултурна мрежа на библиотеки од целиот регион ќе биде еден вид „огласна табла“ и „временски распоред“ на редовни и повремени настани На тој начин библиотеките стануваат своевиден посредник во изградба на современото и еколошко живеење, овозможувајќи го побрзиот пристап до активности со хортикултурна нота врзани со хортикултурни содржини и промовирање на здрава средина за живеење.
Како чин на ново пријателство  на сите гости охридската библиотека им подари книги од сопствената продукција.

The post Учесниците на проектот „Регионална смотра на хортикултурни библиотеки“ во посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид appeared first on Република.

]]>
Педесетина млади се вклучени во проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“ https://republika.mk/zivot/kariera/pedesetina-mladi-se-vklucheni-vo-proektot-zajaknuvanje-na-lugjeto-od-pelagonija/ Mon, 18 Apr 2022 15:04:40 +0000 https://republika.mk/?p=490154

Здружението „Про Локал“ од Битола, едно од ретките во Македонија, работи на подобрување на условите за живот на граѓаните. Во партнерство со уште девет локални граѓански организации и со поддршка од Амбасадата на Холандија во земјава, преку МАТРА Програмата се вклучија во реализација на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија/Empowering people of Pelagonija“.

Во проектот за зајакнување на младите во седум рурални општини во Пелагонискиот регион, вклучени се педесеттина млади од регионот кои работат со цел да ги разберат и практикуваат принципите на доброто владеење.

Во рамките на проектот здружението „Про Локал“ организира интензивни и партиципативни работилници, дебати и игри за мотивација кои се само дел од алатките преку кои ги обучуваат младите за активно учество во креирање на политиките на локално ниво. Целта на овој проект е да им помогне на младите да осознаат преку практични примери, преку учество во работењето на општините и Советите, како да ги реализираат нивните идеи.

До крајот на септември оваа година, во Пелагонија, со дополнителна финансиска поддршка и од проектот „Зајакнување на младите од Пелагонија“ ќе бидат отворени две фитнес зони за рекреација на отворено, во Могила и Новаци, ќе бидат уредени два парка во Демир Хисар и Кривогаштани, ќе биде уредено спортското игралиште во Лажани, општина Долнени, ќе биде опремено „Кино на отворено“ во Крушево а во Преспа ќе се формира Младински Хаб за промоција на туризмот.

Овој проект доколку се отслика на национално ниво со неговата имплементација и реализација би имало голема придобивка за сите млади кои сакаат да вложуват во нивниот раст и развој во Македонија. Проектот треба да биде апел и за останатите организации во државата, да вложуваат во младите кои се движечка сила во нашата земја, сѐ со цел да се задржи добар и квалитетен кадар.

The post Педесетина млади се вклучени во проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“ appeared first on Република.

]]>

Здружението „Про Локал“ од Битола, едно од ретките во Македонија, работи на подобрување на условите за живот на граѓаните. Во партнерство со уште девет локални граѓански организации и со поддршка од Амбасадата на Холандија во земјава, преку МАТРА Програмата се вклучија во реализација на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија/Empowering people of Pelagonija“. Во проектот за зајакнување на младите во седум рурални општини во Пелагонискиот регион, вклучени се педесеттина млади од регионот кои работат со цел да ги разберат и практикуваат принципите на доброто владеење. Во рамките на проектот здружението „Про Локал“ организира интензивни и партиципативни работилници, дебати и игри за мотивација кои се само дел од алатките преку кои ги обучуваат младите за активно учество во креирање на политиките на локално ниво. Целта на овој проект е да им помогне на младите да осознаат преку практични примери, преку учество во работењето на општините и Советите, како да ги реализираат нивните идеи. До крајот на септември оваа година, во Пелагонија, со дополнителна финансиска поддршка и од проектот „Зајакнување на младите од Пелагонија“ ќе бидат отворени две фитнес зони за рекреација на отворено, во Могила и Новаци, ќе бидат уредени два парка во Демир Хисар и Кривогаштани, ќе биде уредено спортското игралиште во Лажани, општина Долнени, ќе биде опремено „Кино на отворено“ во Крушево а во Преспа ќе се формира Младински Хаб за промоција на туризмот. Овој проект доколку се отслика на национално ниво со неговата имплементација и реализација би имало голема придобивка за сите млади кои сакаат да вложуват во нивниот раст и развој во Македонија. Проектот треба да биде апел и за останатите организации во државата, да вложуваат во младите кои се движечка сила во нашата земја, сѐ со цел да се задржи добар и квалитетен кадар.  

The post Педесетина млади се вклучени во проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“ appeared first on Република.

]]>