продуктивност Archives - Република https://republika.mk/tema/produktivnost/ За подобро да се разбереме Fri, 19 Apr 2024 19:27:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png продуктивност Archives - Република https://republika.mk/tema/produktivnost/ 32 32 Дел од тајните на успешните луѓе: Неколку правила за поголема продуктивност https://republika.mk/zivot/kariera/del-od-tajnite-na-uspeshnite-luge-nekolku-pravila-za-pogolema-produktivnost/ Fri, 19 Apr 2024 20:32:51 +0000 https://republika.mk/?p=767574

Продуктивноста, како и сè друго - се вежба. Притоа, важно е да се биде искрен кон себе, свесен за своите слаби точки и да се работи на нив.

Лошо е чувството да се легнува навечер со сознание дека не сме направиле апсолутно ништо од планираното за тој ден. А, има и такви денови... И, во ред е ако се исклучок, некогаш човек треба да се одмори, а некогаш едноставно нема волја или енергија да биде продуктивен. Но, што ако, ден по ден, постојано ги одложуваме работите, ги одолговлекуваме задачите и само „се влечеме“ од точката А до точка Б, со усти „полни планови“ коишто не успеваат? Тогаш тоа е веќе проблем што треба да се реши со стручно лице. Советот гласи: Разговор со психолог.

Во позадината на сè тоа може да има посериозни нешта од едноставна мрзеливост. На пример - опсесивно компулсивно нарушување, депресија или синдромот на невнимание. Меѓутоа, ако ништо од тоа не е случај и всушност сме само мрзливи, продуктивноста и делотворноста се вежбаат, се подобруваат, како на пр. и трчањето, учењето, самодисциплината...

Следат неколку начини за зголемување на својата продуктивност, т.е. да се постигне што е можно повеќе од она што е зацртано за денеска и да се биде задоволен со себе.

Научете да кажете: Не!

Важно е да се знае како да се постават граници. Во спротивно, ќе бидете роб на туѓите потреби, желби и каприци и секогаш ќе бидете зафатени и „растргнати на сто страни“... Тоа, несомнено, е фрустрирачки и демотивирачки. Но, никој друг не е виновен за тоа освен самите вие. Кога се почитувате себеси и своето време, полесно е да се каже „не“ на сè што не е важно. Тоа „не“ се практикува. Се почнува со мали нешта: кажете му „не“ на телефонскиот продавач кој се јавува во лошо време, на службеничката на шалтер во банка која нуди непотребни „поволности“ и услуги, на познаникот со кого не сакате да излезете на кафе, на пријателот што позајмува пари, но никогаш не ги враќа, на партнер /-ка што не ве почитува...

Медитирање

Тоа помага да се зајакне концентрацијата, сосредоточеноста на она што е важно. Вештината на медитација ја поттикнува креативноста, смирува и на тој начин нè прави попродуктивни. Медитација може да бидат и едноставни техники на дишење коишто ќе помогнат да се префрли насоченоста однадвор кон себе... Лаички кажано - „да се склопите“ себеси и на крајот да си верувате себе и на своите чувства, претчувства и знаење.

Работата за денеска - завршете ја денеска, испланирана синоќа!

Успешните луѓе имаат една тајна: Денот го почнуваат со точно дефиниран распоред. Не го склопуваат во девет часот, по пиењето кафе, туку претходната вечер. Советот гласи: Запишете ги сите задачи што треба да ги направите следниот ден.

Подредете ги - од најважните и најтешките до најмалку важните, и обидете се да ги направите по тој редослед. Може и да се пречкртаат завршените задачи. Со тоа се развива чувството, а со тоа и мотивација да се продолжи.

Познавачите велат: Не одете на спиење без план за следниот ден!

Без одложувања и одвлекувања на вниманието!

Во денешно време, кога пораките и известувањата се составен дел од животот и сè нешто „ќе потсвирне“ некаде, концентрацијата е сè потешка. Затоа, се советува да се исклучат известувањата за е-пошта, Фејсбук, Икс и сл., на пр., додека се работи на нешто битно. Познато е дека никогаш не одзема само пет - 10 минути, туку тоа редовно преоѓа во барем половина час, а и многу повеќе.

Може, исто така, да се одредат и еден или два дена во седмицата за „без работа“. Во тие денови, потрудете се - без состаноци и без деловни телефонски повици. Според стручњаците, ако се почне со примена на сите овие совети уште денеска, за една седмица ќе се почувствуваат позитивни промени.

The post Дел од тајните на успешните луѓе: Неколку правила за поголема продуктивност appeared first on Република.

]]>

Продуктивноста, како и сè друго - се вежба. Притоа, важно е да се биде искрен кон себе, свесен за своите слаби точки и да се работи на нив. Лошо е чувството да се легнува навечер со сознание дека не сме направиле апсолутно ништо од планираното за тој ден. А, има и такви денови... И, во ред е ако се исклучок, некогаш човек треба да се одмори, а некогаш едноставно нема волја или енергија да биде продуктивен. Но, што ако, ден по ден, постојано ги одложуваме работите, ги одолговлекуваме задачите и само „се влечеме“ од точката А до точка Б, со усти „полни планови“ коишто не успеваат? Тогаш тоа е веќе проблем што треба да се реши со стручно лице. Советот гласи: Разговор со психолог. Во позадината на сè тоа може да има посериозни нешта од едноставна мрзеливост. На пример - опсесивно компулсивно нарушување, депресија или синдромот на невнимание. Меѓутоа, ако ништо од тоа не е случај и всушност сме само мрзливи, продуктивноста и делотворноста се вежбаат, се подобруваат, како на пр. и трчањето, учењето, самодисциплината... Следат неколку начини за зголемување на својата продуктивност, т.е. да се постигне што е можно повеќе од она што е зацртано за денеска и да се биде задоволен со себе.

Научете да кажете: Не!

Важно е да се знае како да се постават граници. Во спротивно, ќе бидете роб на туѓите потреби, желби и каприци и секогаш ќе бидете зафатени и „растргнати на сто страни“... Тоа, несомнено, е фрустрирачки и демотивирачки. Но, никој друг не е виновен за тоа освен самите вие. Кога се почитувате себеси и своето време, полесно е да се каже „не“ на сè што не е важно. Тоа „не“ се практикува. Се почнува со мали нешта: кажете му „не“ на телефонскиот продавач кој се јавува во лошо време, на службеничката на шалтер во банка која нуди непотребни „поволности“ и услуги, на познаникот со кого не сакате да излезете на кафе, на пријателот што позајмува пари, но никогаш не ги враќа, на партнер /-ка што не ве почитува...

Медитирање

Тоа помага да се зајакне концентрацијата, сосредоточеноста на она што е важно. Вештината на медитација ја поттикнува креативноста, смирува и на тој начин нè прави попродуктивни. Медитација може да бидат и едноставни техники на дишење коишто ќе помогнат да се префрли насоченоста однадвор кон себе... Лаички кажано - „да се склопите“ себеси и на крајот да си верувате себе и на своите чувства, претчувства и знаење.

Работата за денеска - завршете ја денеска, испланирана синоќа!

Успешните луѓе имаат една тајна: Денот го почнуваат со точно дефиниран распоред. Не го склопуваат во девет часот, по пиењето кафе, туку претходната вечер. Советот гласи: Запишете ги сите задачи што треба да ги направите следниот ден. Подредете ги - од најважните и најтешките до најмалку важните, и обидете се да ги направите по тој редослед. Може и да се пречкртаат завршените задачи. Со тоа се развива чувството, а со тоа и мотивација да се продолжи. Познавачите велат: Не одете на спиење без план за следниот ден!

Без одложувања и одвлекувања на вниманието!

Во денешно време, кога пораките и известувањата се составен дел од животот и сè нешто „ќе потсвирне“ некаде, концентрацијата е сè потешка. Затоа, се советува да се исклучат известувањата за е-пошта, Фејсбук, Икс и сл., на пр., додека се работи на нешто битно. Познато е дека никогаш не одзема само пет - 10 минути, туку тоа редовно преоѓа во барем половина час, а и многу повеќе. Може, исто така, да се одредат и еден или два дена во седмицата за „без работа“. Во тие денови, потрудете се - без состаноци и без деловни телефонски повици. Според стручњаците, ако се почне со примена на сите овие совети уште денеска, за една седмица ќе се почувствуваат позитивни промени.

The post Дел од тајните на успешните луѓе: Неколку правила за поголема продуктивност appeared first on Република.

]]>
Продуктивноста на работа е најниска помеѓу 15 и 18 часот https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/produktivnosta-na-rabota-e-najniska-pomegu-15-i-18-chasot/ Fri, 15 Dec 2023 11:38:08 +0000 https://republika.mk/?p=723276

Мнозинство работници и менаџери, 71 отсто, веруваат дека доцните попладневни часови е најлошото време за работа и дека продуктивноста најмногу паѓа помеѓу 15 и 18 часот, според истражувањето на Слек (Slack), филијала на калифорниската компанија Сејлсфорс.

Тоа истражување е спроведено во соработка со агенцијата Квалтрикс (Qualtricks) на повеќе од 10.000 испитаници.

Падот на продуктивноста во доцните попладневни часови е последица на нормалниот деноноќен ритам на телото, што значително опаѓа помеѓу 14 и 17 часот, велат експертите.

На вработените им се советува да работат лесна работа, да прават кратки паузи или да ја слушаат омилената музика во доцните попладневни часови за да ја зголемат концентрацијата на работните задачи

The post Продуктивноста на работа е најниска помеѓу 15 и 18 часот appeared first on Република.

]]>

Мнозинство работници и менаџери, 71 отсто, веруваат дека доцните попладневни часови е најлошото време за работа и дека продуктивноста најмногу паѓа помеѓу 15 и 18 часот, според истражувањето на Слек (Slack), филијала на калифорниската компанија Сејлсфорс. Тоа истражување е спроведено во соработка со агенцијата Квалтрикс (Qualtricks) на повеќе од 10.000 испитаници. Падот на продуктивноста во доцните попладневни часови е последица на нормалниот деноноќен ритам на телото, што значително опаѓа помеѓу 14 и 17 часот, велат експертите. На вработените им се советува да работат лесна работа, да прават кратки паузи или да ја слушаат омилената музика во доцните попладневни часови за да ја зголемат концентрацијата на работните задачи

The post Продуктивноста на работа е најниска помеѓу 15 и 18 часот appeared first on Република.

]]>
Македонските работници се трипати помалку продуктивни од европските, но и најмалку трипати помалку платени https://republika.mk/vesti/ekonomija/makedonskite-rabotnitsi-se-tripati-pomalku-produktivni-od-evropskite-no-i-najmalku-tripati-pomalku-plateni/ Tue, 06 Jun 2023 10:30:38 +0000 https://republika.mk/?p=648343

Ниски плати – непродуктивни работници. Македонскиот работник е трипати помалку продуктивен од германскиот, покажува истражувањето на Светска банка, но и најмалку тројно помалку платен објави Сител.

Проблемот, според бизнисот, е во лошата структурна поставеност, односно законски платите се зголемиле таму каде што реално работниците не си ги заработиле.

Македонската плата, односно граѓанинот во Македонија зема помала плата од германскиот граѓанин, но продуктивноста на германскиот е приближно околу 100.000 долари годишно, а македонскиот создава околу 30.000 долари. Ова значи трипати дека сме помалку продуктивни од европските граѓани, вели Синиша Наумовски од Академија на банкарство и информатичка технологија.

Работникот е продуктивен онолку колку што е платен, смета Синдикатот. Не може да очекувате висока продуктивност со плата од 22.000 денари.

Особено во трудоинтензивните дејности како чевларската, текстилната индустрија, градежништвото, металската индустрија, шумарството, каде луѓето се постојано на терен, изложени на надворешни влијанија и имате работни места со висок степен на ризик, каде едвај земаат 30.000 денари плата да очекувате поголема продуктивност. Истиот македонски работник во високоразиените земји ќе зема по 2 до 3.000 евра плата. Да видите колку е таму продуктивен“, вели Иван Пешевски од ССМ.

Оттаму сметаат истакнуваат дека парите го мотивираат работникот.

Кај нас ако некој работи прекувремено, ќе добие дневница од 1.000 денари, во странство најмалку двојно повеќе.

Надлежните велат дека се свесни дека со ниските плати не може да се мотивира работникот да биде продуктивен се и од власта, но велат дека грешката е од минатото кога се привлекуваа странски инвестиции нудејќи ја евтината работна сила како адут. Сега, според нив, ситуацијата се менува.

Нашата политика е секое работно место кое ќе го отворат новите компании, ако истите сакаат државна помош – мора да понудат за 50 % повисока плата од минималната. Платите мора да бидат достоинствени, вели вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Токму ниските плати и лошиот животен стандард изминативе години принудија секој четврти жител да ја напушти земјава, што значи изминативе години над 700 илјади лица побараа подобра иднина во странство.

Од власта се надеваат дека со достоинствени плати миграцијата ќе се спречи и работниците ќе останат овде.

The post Македонските работници се трипати помалку продуктивни од европските, но и најмалку трипати помалку платени appeared first on Република.

]]>

Ниски плати – непродуктивни работници. Македонскиот работник е трипати помалку продуктивен од германскиот, покажува истражувањето на Светска банка, но и најмалку тројно помалку платен објави Сител. Проблемот, според бизнисот, е во лошата структурна поставеност, односно законски платите се зголемиле таму каде што реално работниците не си ги заработиле.
Македонската плата, односно граѓанинот во Македонија зема помала плата од германскиот граѓанин, но продуктивноста на германскиот е приближно околу 100.000 долари годишно, а македонскиот создава околу 30.000 долари. Ова значи трипати дека сме помалку продуктивни од европските граѓани, вели Синиша Наумовски од Академија на банкарство и информатичка технологија.
Работникот е продуктивен онолку колку што е платен, смета Синдикатот. Не може да очекувате висока продуктивност со плата од 22.000 денари.
Особено во трудоинтензивните дејности како чевларската, текстилната индустрија, градежништвото, металската индустрија, шумарството, каде луѓето се постојано на терен, изложени на надворешни влијанија и имате работни места со висок степен на ризик, каде едвај земаат 30.000 денари плата да очекувате поголема продуктивност. Истиот македонски работник во високоразиените земји ќе зема по 2 до 3.000 евра плата. Да видите колку е таму продуктивен“, вели Иван Пешевски од ССМ.
Оттаму сметаат истакнуваат дека парите го мотивираат работникот. Кај нас ако некој работи прекувремено, ќе добие дневница од 1.000 денари, во странство најмалку двојно повеќе. Надлежните велат дека се свесни дека со ниските плати не може да се мотивира работникот да биде продуктивен се и од власта, но велат дека грешката е од минатото кога се привлекуваа странски инвестиции нудејќи ја евтината работна сила како адут. Сега, според нив, ситуацијата се менува.
Нашата политика е секое работно место кое ќе го отворат новите компании, ако истите сакаат државна помош – мора да понудат за 50 % повисока плата од минималната. Платите мора да бидат достоинствени, вели вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.
Токму ниските плати и лошиот животен стандард изминативе години принудија секој четврти жител да ја напушти земјава, што значи изминативе години над 700 илјади лица побараа подобра иднина во странство. Од власта се надеваат дека со достоинствени плати миграцијата ќе се спречи и работниците ќе останат овде.

The post Македонските работници се трипати помалку продуктивни од европските, но и најмалку трипати помалку платени appeared first on Република.

]]>