продажба на кокаин Archives - Република https://republika.mk/tema/prodazhba-na-kokain/ За подобро да се разбереме Sun, 07 Jul 2024 19:34:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png продажба на кокаин Archives - Република https://republika.mk/tema/prodazhba-na-kokain/ 32 32 Скопјанец осомничен за илегална продажба на кокаин https://republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanets-osomnichen-za-ilegalna-prodazhba-na-kokain/ Sun, 07 Jul 2024 19:52:01 +0000 https://republika.mk/?p=794347

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, пренесува 4news.мк.

Осомничениот 42-годишник набавил наркотична дрога кокаин од засега непознато лице со намера неовластено да ја препродава.

На 6 јули, во вечерните часови, ставил 13 полиетиленски пакувања кокаин со вкупна нето маса од 5,09 грама во багажниот простор под седиштето на својот моторцикл и во отвори со гумен капак.

Полициски службеници го затекнале додека со моторциклот се движел во Градскиот парк, пред стадионот на АРМ и при преглед на превозното средство ја откриле дрогата и парични средства – 3.000 евра и 5.000 денари за кои постои сомнение дека потекнуваат од илегална продажба на дрога.

Бидејќи постои опасност од бегство и особени околности кои укажуваат дека тој би можел да го повтори делото, а особено фактот што против него веќе е водена постапка и Основниот суд во Гевгелија му изрекол условна казна за поседување помало количество наркотици, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје сега достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

The post Скопјанец осомничен за илегална продажба на кокаин appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, пренесува 4news.мк. Осомничениот 42-годишник набавил наркотична дрога кокаин од засега непознато лице со намера неовластено да ја препродава. На 6 јули, во вечерните часови, ставил 13 полиетиленски пакувања кокаин со вкупна нето маса од 5,09 грама во багажниот простор под седиштето на својот моторцикл и во отвори со гумен капак. Полициски службеници го затекнале додека со моторциклот се движел во Градскиот парк, пред стадионот на АРМ и при преглед на превозното средство ја откриле дрогата и парични средства – 3.000 евра и 5.000 денари за кои постои сомнение дека потекнуваат од илегална продажба на дрога. Бидејќи постои опасност од бегство и особени околности кои укажуваат дека тој би можел да го повтори делото, а особено фактот што против него веќе е водена постапка и Основниот суд во Гевгелија му изрекол условна казна за поседување помало количество наркотици, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје сега достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

The post Скопјанец осомничен за илегална продажба на кокаин appeared first on Република.

]]>