продавач Archives - Република https://republika.mk/tema/prodavach/ За подобро да се разбереме Wed, 24 May 2023 14:05:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png продавач Archives - Република https://republika.mk/tema/prodavach/ 32 32 Почина 21-годишниот Мемет, продавач на „Лице в лице”, кого скопјани го познаваат од дебармаалските улици https://republika.mk/vesti/skopje/pochina-21-godishniot-memet-prodavach-na-litse-v-litse-kogo-skopjani-go-poznavaat-od-debarmaalskite-ulitsi/ Wed, 24 May 2023 14:05:46 +0000 https://republika.mk/?p=644273

Со тага и неверување споделуваме со вас дека поради здравствени компликации почина Мемет, нашиот продавач од редовите на Daycare Centre for street children/ Дневен Центар за деца на улица, соопштија од „Лице в Лице“.

Публиката на „Лице в лице“ го гледаше често во неговото омилено Дебар Маало, стои на социјалните мрежи.

Не останувавме рамнодушни на неговата насмевка, на мекоста и топлината кои зрачеа од него.
Ќе го паметиме Мемет како кроток и љубезен млад човек, вреден и скромен. Другаруваше со сите продавачи на списанието, тука беше да сподели трик, да каже нешто за добрината. Веруваше во љубовта и грижата на луѓето кои секогаш го поддржуваа. Сонуваше да сними рап песна и да стане познат рапер. Сочувство до семејството и блиските, се вели во објавата.

 

The post Почина 21-годишниот Мемет, продавач на „Лице в лице”, кого скопјани го познаваат од дебармаалските улици appeared first on Република.

]]>

Со тага и неверување споделуваме со вас дека поради здравствени компликации почина Мемет, нашиот продавач од редовите на Daycare Centre for street children/ Дневен Центар за деца на улица, соопштија од „Лице в Лице“. Публиката на „Лице в лице“ го гледаше често во неговото омилено Дебар Маало, стои на социјалните мрежи.
Не останувавме рамнодушни на неговата насмевка, на мекоста и топлината кои зрачеа од него. Ќе го паметиме Мемет како кроток и љубезен млад човек, вреден и скромен. Другаруваше со сите продавачи на списанието, тука беше да сподели трик, да каже нешто за добрината. Веруваше во љубовта и грижата на луѓето кои секогаш го поддржуваа. Сонуваше да сними рап песна и да стане познат рапер. Сочувство до семејството и блиските, се вели во објавата.  

The post Почина 21-годишниот Мемет, продавач на „Лице в лице”, кого скопјани го познаваат од дебармаалските улици appeared first on Република.

]]>
Продавач сликал картички од купувачи, оштетил 17 граѓани https://republika.mk/vesti/crna-hronika/prodavach-slikal-kartichki-od-kupuvachi-oshtetil-17-gragjani/ Tue, 29 Mar 2022 12:51:13 +0000 https://republika.mk/?p=480341

СВР Скопје– Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против А.Ѓ.(23) и А.Ѓ(25), двајцата од с.Рашче, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем” по член 251 и „изработка и употреба на лажна платежна картичка” по член 274 Б од Кривичниот законик.

Првопријавениот, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, во периодот од септември до декември 2021, додека бил вработен во правно лице во Скопје на работно место продавач, искористувајќи поволна прилика, со својот мобилен телефон ги фотографирал идентификациските податоци од платежните картички заедно со пин кодот од картичките на купувачите, кои му ги давале за плаќање на купената стока.

На тој начин успеал да собере податоци на 17 граѓани и потоа, заедно со второпријавениот ги искористиле во неколку наврати за плаќање на комунални сметки и нарачки на производи. По преземени мерки, било утврдено дека пријавените се сторители на делата. Со судска наредба биле извршени претреси во нивните домови во с.Рашче и биле пронајдени докази за извршување на кривичните дела, стои во соопштението од МВР.

The post Продавач сликал картички од купувачи, оштетил 17 граѓани appeared first on Република.

]]>

СВР Скопје– Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против А.Ѓ.(23) и А.Ѓ(25), двајцата од с.Рашче, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем” по член 251 и „изработка и употреба на лажна платежна картичка” по член 274 Б од Кривичниот законик. Првопријавениот, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, во периодот од септември до декември 2021, додека бил вработен во правно лице во Скопје на работно место продавач, искористувајќи поволна прилика, со својот мобилен телефон ги фотографирал идентификациските податоци од платежните картички заедно со пин кодот од картичките на купувачите, кои му ги давале за плаќање на купената стока. На тој начин успеал да собере податоци на 17 граѓани и потоа, заедно со второпријавениот ги искористиле во неколку наврати за плаќање на комунални сметки и нарачки на производи. По преземени мерки, било утврдено дека пријавените се сторители на делата. Со судска наредба биле извршени претреси во нивните домови во с.Рашче и биле пронајдени докази за извршување на кривичните дела, стои во соопштението од МВР.

The post Продавач сликал картички од купувачи, оштетил 17 граѓани appeared first on Република.

]]>