прочка Archives - Република https://republika.mk/tema/prochka/ За подобро да се разбереме Sun, 17 Mar 2024 16:41:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png прочка Archives - Република https://republika.mk/tema/prochka/ 32 32 Мечкарите дојдоа за Прочка во Прилеп https://republika.mk/vesti/mechkarite-dojdoa-za-prochka-vo-prilep/ Sun, 17 Mar 2024 14:10:07 +0000 https://republika.mk/?p=755601

Околу 500 учесници денеска дефилираа на прилепскиот карневал „Прочка 2024“. На булеварот во центарот на Прилеп карневалското дефиле го предводеа прилепските мечкари, заштитна маска на Карневалот и прогласена за нематеријално културно богатство од министерството за култура. На дефилето имаше маски од Прилеп и од повеќе градови од земјава.

Можеа да се сретна групни маски на аватари, пирати, ткајачи, а гостуваа познатите Бамбурци од селото Ратово.

- Нашата маска е вековна. Млади момчиња рано наутро се собираме во селото и одиме во куќите за да го избркаме лошиот дух, рекоа маскираните Бамбурци од Ратево.

На карневалот ги имаше маските „Аватар“, „Весели тотеми“ од Пробиштип.

Прилепските мечкари велат се одржува и продолжува вековната традиција.

Годинава сме околу 50 маскиреани и многу ни е мило што имаме 10-тина млади кои ја продолжуваат традицијата, рекоа прилепските мечкари.

Прилеп е членка на меѓународната федерација на карневалски градови и со гордост ја одржува вековната традиција во маскирањето.

-Прилеп е горд на карневалот кој се одржува по 22-ри пат. Има одлични маски, расположението е прекрасно, карневалско. Иако годинава немаме гости од други земји, карневалот останува меѓународен и ги очекуваме догодина, рече Ванчо Георгиев, претседател на здружението „Прилепски мечкари“.

Карневалските свечености траеја три дена. Во петокот беа изложени преку 400 маски, креации на прилепските ученици, вчера напладне се презентираа обичаите за Прочка, а денеска маскираните ја претставуваа вековната традиција.

За Карневалот, угостителските објекти довечер ќе работат со продолжено работно време. Прилепските мечкари за утре ги поканија сите гости на заеднички посен ручек со грав во манастирот „Свети Ѓорѓија“ кај Прилеп со што ќе биде означен почетокот на предвелигденските пости

The post Мечкарите дојдоа за Прочка во Прилеп appeared first on Република.

]]>

Околу 500 учесници денеска дефилираа на прилепскиот карневал „Прочка 2024“. На булеварот во центарот на Прилеп карневалското дефиле го предводеа прилепските мечкари, заштитна маска на Карневалот и прогласена за нематеријално културно богатство од министерството за култура. На дефилето имаше маски од Прилеп и од повеќе градови од земјава. Можеа да се сретна групни маски на аватари, пирати, ткајачи, а гостуваа познатите Бамбурци од селото Ратово.
- Нашата маска е вековна. Млади момчиња рано наутро се собираме во селото и одиме во куќите за да го избркаме лошиот дух, рекоа маскираните Бамбурци од Ратево.
На карневалот ги имаше маските „Аватар“, „Весели тотеми“ од Пробиштип. Прилепските мечкари велат се одржува и продолжува вековната традиција. Годинава сме околу 50 маскиреани и многу ни е мило што имаме 10-тина млади кои ја продолжуваат традицијата, рекоа прилепските мечкари. Прилеп е членка на меѓународната федерација на карневалски градови и со гордост ја одржува вековната традиција во маскирањето.
-Прилеп е горд на карневалот кој се одржува по 22-ри пат. Има одлични маски, расположението е прекрасно, карневалско. Иако годинава немаме гости од други земји, карневалот останува меѓународен и ги очекуваме догодина, рече Ванчо Георгиев, претседател на здружението „Прилепски мечкари“.
Карневалските свечености траеја три дена. Во петокот беа изложени преку 400 маски, креации на прилепските ученици, вчера напладне се презентираа обичаите за Прочка, а денеска маскираните ја претставуваа вековната традиција. За Карневалот, угостителските објекти довечер ќе работат со продолжено работно време. Прилепските мечкари за утре ги поканија сите гости на заеднички посен ручек со грав во манастирот „Свети Ѓорѓија“ кај Прилеп со што ќе биде означен почетокот на предвелигденските пости

The post Мечкарите дојдоа за Прочка во Прилеп appeared first on Република.

]]>
Мицкоски со порака за Прочка: Човечки е да се прости, но за оние кои со години ја ограбуваат Македонија, ќе има одговорност https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-so-poraka-za-prochka-chovechki-e-da-se-prosti-no-za-onie-koi-so-godini-ja-ograbuvaat-makedonija-ke-ima-odgovornost/ Sun, 17 Mar 2024 10:55:56 +0000 https://republika.mk/?p=755558

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил објави порака по повод празникот Прочка.

Денес е Прочка, празник кој ја носи пораката за простување која е фундаментот на Христијанството и вербата во Бога.

Тоа е подвиг кој треба да ги победи човечките слабости, суетата, грешките кои неминовно се прават.

Во тој контекст никогаш не ми е тешко да ја побарам прошката за работите кои можеле да бидат поинакви и подобри, од моите блиски, соработниците, од народот во кој цврсто верувам.

Човечки и исправно е да се побара прочка од оние кои му значат на човека. Но воедно за оние кои постојано грешат, за оние кои постојано, свесно и со години ја печалат својата индивидуална среќа, над колективната несреќа, кршејќи го законите, Уставот, ја злоупотребуваат власта, треба да знаат дека ќе има одговорност.

Со чисто срце и верба во Бога можеме да се избориме за посреќна, постабилна и просперитетна иднина!, вели Мицкоски.

The post Мицкоски со порака за Прочка: Човечки е да се прости, но за оние кои со години ја ограбуваат Македонија, ќе има одговорност appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил објави порака по повод празникот Прочка. Денес е Прочка, празник кој ја носи пораката за простување која е фундаментот на Христијанството и вербата во Бога. Тоа е подвиг кој треба да ги победи човечките слабости, суетата, грешките кои неминовно се прават. Во тој контекст никогаш не ми е тешко да ја побарам прошката за работите кои можеле да бидат поинакви и подобри, од моите блиски, соработниците, од народот во кој цврсто верувам. Човечки и исправно е да се побара прочка од оние кои му значат на човека. Но воедно за оние кои постојано грешат, за оние кои постојано, свесно и со години ја печалат својата индивидуална среќа, над колективната несреќа, кршејќи го законите, Уставот, ја злоупотребуваат власта, треба да знаат дека ќе има одговорност. Со чисто срце и верба во Бога можеме да се избориме за посреќна, постабилна и просперитетна иднина!, вели Мицкоски.

The post Мицкоски со порака за Прочка: Човечки е да се прости, но за оние кои со години ја ограбуваат Македонија, ќе има одговорност appeared first on Република.

]]>
Прости ми, простено нека ти: Денеска е Прочка, празник за проштевање и очистување од гревовите https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/prosti-mi-prosteno-neka-ti-deneska-e-prochka-praznik-za-proshtevane-i-ochistuvane-od-grevovite/ Sun, 17 Mar 2024 07:35:07 +0000 https://republika.mk/?p=755512

Прочка или Велики поклади, е ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на Велигденскиот пост. Датата на Прочка се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на седум недели пред Велигден.

„Прости ми, да ти простам“ со овие зборови денес верниците, на големиот празник, ќе забораваат на кавгите, на проблемите, на недоразбирањето и со чиста совест и душа ќе ги започнат велигденските пости.

За овој наш христијански празник Прочка семејството би требало да го поминат во пријатна и топла атмосфера во богата трпеза. Помладите членови од семејството треба да побараат прочка од постарите членови со зборовите „прости ми“, а постариот член одговара „простено да ти е од мене и од Бога“.

Обичаи – амкање и простување

На овој ден се изведуваат богати обичаи како што се проштевањето, оттука и празникот го добил името, потоа амкањето, обредните огнови, богатата трпеза, гатањето за живот и среќа, обичаите за очистувањето од болви, вошки и други штетници. Обичаите се стари и македонски, кои се пренесеуваат од колено на колено меѓу генерациите.

Мора да се напомене, дека од верски аспект, само простувањето како обичај има христијанска основа, додека други се остатоци од претхристијанските пролетни празнувања.

Неделата пред Прочка се нарекува бела или сирна недела, кога не се јаде месо, туку се јадат млечни продукти или сукани пити. Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајца.

Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на децата. Детето што ќе успее го гризне јајцето се прогласува за најсреќно во следната година и добива награда.

Еден од главните елементи на Прочка е маскирањето и преоблекувањето. Според обичајот, за Велики поклади порано се маскирале само мажите, а маските требало да бидат што пострашни и посмешни.

Затоа денес заборавте на сите недоразбирања и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле.

The post Прости ми, простено нека ти: Денеска е Прочка, празник за проштевање и очистување од гревовите appeared first on Република.

]]>

Прочка или Велики поклади, е ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на Велигденскиот пост. Датата на Прочка се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на седум недели пред Велигден. „Прости ми, да ти простам“ со овие зборови денес верниците, на големиот празник, ќе забораваат на кавгите, на проблемите, на недоразбирањето и со чиста совест и душа ќе ги започнат велигденските пости. За овој наш христијански празник Прочка семејството би требало да го поминат во пријатна и топла атмосфера во богата трпеза. Помладите членови од семејството треба да побараат прочка од постарите членови со зборовите „прости ми“, а постариот член одговара „простено да ти е од мене и од Бога“. Обичаи – амкање и простување На овој ден се изведуваат богати обичаи како што се проштевањето, оттука и празникот го добил името, потоа амкањето, обредните огнови, богатата трпеза, гатањето за живот и среќа, обичаите за очистувањето од болви, вошки и други штетници. Обичаите се стари и македонски, кои се пренесеуваат од колено на колено меѓу генерациите. Мора да се напомене, дека од верски аспект, само простувањето како обичај има христијанска основа, додека други се остатоци од претхристијанските пролетни празнувања. Неделата пред Прочка се нарекува бела или сирна недела, кога не се јаде месо, туку се јадат млечни продукти или сукани пити. Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајца. Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на децата. Детето што ќе успее го гризне јајцето се прогласува за најсреќно во следната година и добива награда. Еден од главните елементи на Прочка е маскирањето и преоблекувањето. Според обичајот, за Велики поклади порано се маскирале само мажите, а маските требало да бидат што пострашни и посмешни. Затоа денес заборавте на сите недоразбирања и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле.

The post Прости ми, простено нека ти: Денеска е Прочка, празник за проштевање и очистување од гревовите appeared first on Република.

]]>
Почнаа тридневните карневалски свечености во Прилеп https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/pochnaa-tridnevnite-karnevalski-svechenosti-vo-prilep/ Sat, 16 Mar 2024 08:29:41 +0000 https://republika.mk/?p=755318

Со низа манифестации и во весела атмосфера, Прилеп ги почна карневалските свечености за „Прочка 2024“ кои утре напладне ќе кулминираат со централното дефиле на маските кое ќе го предводат „Прилепските мечкари“, а се очекуваат околу 500 учесници.

Тридневните свечености почнаа со традиционалната изложба на маските, отворена во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“. Повеќе од 400 креации на учениците од основните и од средните училишта го најавува успешното пренесување на традициите за маскирање и на зачувување на културното богатство. Токму во таа насока се и денешните карневалски и свечености по повод Велики поклади-Прочка.

Во центарот на Прилеп, на платото кај Градскиот саат здружението на жени „Преродба“ денеска ќе го претстави обичајот за „Велики поклади- Прочка“- „Амкање“. Обичајот ќе биде изведен во автентичен амбиент, привлечен за минувачите, кои во тој период ги има многу, како прилепчани, така и гости, а настанот ќе биде збогатен со настап на младите уметници Марко и Антонио, дел од етно составот „Пиреј“. Во текот на денот во Старата прилепска чаршија ќе продефилираат мечкарите кои ќе ги канат касапите и занаетчиите на карневалот и на посниот ручек – грав, в понеделник.

Утре напладне, на Прочка, во центарот на Прилеп е главното карневалско дефиле на маските кое ќе го предводи автентичната, од министерството за култура порогласена за нематеријално културно наследство, маската – Прилепски мечкари.

На Карневалот се очекуваат околу 500 учесници со поединечни и групни маски, а стручно жири ќе ги прогласи најдобрите. Поканети се учесници и од речиси сите краишта на Македонија.

Поради Карневалот, угостителските објекти во викендот ќе имаат продолжено работно време. Поканети се сите фотографи да учествуваат зашто ќе бидат наградени и најдобрите фотографии направени на годинашниов карневал „Прочка 2024“.

The post Почнаа тридневните карневалски свечености во Прилеп appeared first on Република.

]]>

Со низа манифестации и во весела атмосфера, Прилеп ги почна карневалските свечености за „Прочка 2024“ кои утре напладне ќе кулминираат со централното дефиле на маските кое ќе го предводат „Прилепските мечкари“, а се очекуваат околу 500 учесници. Тридневните свечености почнаа со традиционалната изложба на маските, отворена во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“. Повеќе од 400 креации на учениците од основните и од средните училишта го најавува успешното пренесување на традициите за маскирање и на зачувување на културното богатство. Токму во таа насока се и денешните карневалски и свечености по повод Велики поклади-Прочка. Во центарот на Прилеп, на платото кај Градскиот саат здружението на жени „Преродба“ денеска ќе го претстави обичајот за „Велики поклади- Прочка“- „Амкање“. Обичајот ќе биде изведен во автентичен амбиент, привлечен за минувачите, кои во тој период ги има многу, како прилепчани, така и гости, а настанот ќе биде збогатен со настап на младите уметници Марко и Антонио, дел од етно составот „Пиреј“. Во текот на денот во Старата прилепска чаршија ќе продефилираат мечкарите кои ќе ги канат касапите и занаетчиите на карневалот и на посниот ручек – грав, в понеделник. Утре напладне, на Прочка, во центарот на Прилеп е главното карневалско дефиле на маските кое ќе го предводи автентичната, од министерството за култура порогласена за нематеријално културно наследство, маската – Прилепски мечкари. На Карневалот се очекуваат околу 500 учесници со поединечни и групни маски, а стручно жири ќе ги прогласи најдобрите. Поканети се учесници и од речиси сите краишта на Македонија. Поради Карневалот, угостителските објекти во викендот ќе имаат продолжено работно време. Поканети се сите фотографи да учествуваат зашто ќе бидат наградени и најдобрите фотографии направени на годинашниов карневал „Прочка 2024“.

The post Почнаа тридневните карневалски свечености во Прилеп appeared first on Република.

]]>
Народни верувања: Што ако на Прочка е сончево? https://republika.mk/zivot/servisi/narodni-veruvana-shto-ako-na-prochka-e-sonchevo/ Sat, 16 Mar 2024 08:07:19 +0000 https://republika.mk/?p=755316

Февруари е посебен месец, краток, колеблив и неодлучен, а во народот е познат под прекарот „сечко“, месец на мразовите. Постојат многу народни верувања за овој месец.

Старите го толкувале времето според случувањата во природата, затоа и според стариот календар се велело дека ако февруарското сонце ги измами мувите, март ќе ги подави.

Старите велат дека подобро е во февруари да се видат гладни полиња отколку в поле човек во кошула.

Ако мачка се сонча на февруарско сонце, во март ќе биде зад печка.

Ако на Св. Јевтимиј процвета цвеќе, на Цветници ќе замрзне.

Ако на Св. Трифун заврне, сливата ќе роди таа година.

Ако на Прочка е сончево, во март ќе снежи.

https://republika.mk/zivot/servisi/utre-e-prochka-adeti-ima-razni-no-ovie-dve-raboti-mora-da-gi-imate-na-trpezata/

The post Народни верувања: Што ако на Прочка е сончево? appeared first on Република.

]]>

Февруари е посебен месец, краток, колеблив и неодлучен, а во народот е познат под прекарот „сечко“, месец на мразовите. Постојат многу народни верувања за овој месец. Старите го толкувале времето според случувањата во природата, затоа и според стариот календар се велело дека ако февруарското сонце ги измами мувите, март ќе ги подави. Старите велат дека подобро е во февруари да се видат гладни полиња отколку в поле човек во кошула. Ако мачка се сонча на февруарско сонце, во март ќе биде зад печка. Ако на Св. Јевтимиј процвета цвеќе, на Цветници ќе замрзне. Ако на Св. Трифун заврне, сливата ќе роди таа година. Ако на Прочка е сончево, во март ќе снежи. https://republika.mk/zivot/servisi/utre-e-prochka-adeti-ima-razni-no-ovie-dve-raboti-mora-da-gi-imate-na-trpezata/

The post Народни верувања: Што ако на Прочка е сончево? appeared first on Република.

]]>
Во недела е Прочка: Простете, за да и вам ви биде простено! https://republika.mk/zivot/vo-nedela-e-prochka-prostete-za-da-i-vam-vi-bide-prosteno/ Fri, 15 Mar 2024 08:29:34 +0000 https://republika.mk/?p=755032

Следната недела на 17.03.2024 е Прочка – простете, за да и вам Ви биде простено!

На Прочка правиме спомен на паѓањето на првосоздадениот Адам од рајската храна, што божествените отци наши го определија пред почетокот на светата Четириесетница, за да покажат со тоа колку на човековата природа и е потребен постот како средство за лекување, а колку е гнасно лакомството и непослушноста. Со примерот на Адам Светите Отци сакаат и нам да ни покажат колку се кобни последиците од невоздржаноста и непослушноста. Адам, јадејќи од забранетиот плод, мислеше дека ќе стане бог. Но, не само што не стана тоа, туку и смртта си ја навлече, а и пропаст на целиот род.

И токму поради јадењето на првиот Адам, Господ постеше четириесет денови и беше послушен, и токму поради тоа и сегашниов пост е предложен од светите апостоли, па запазувајќи го она што Адам не го запази, преку постот повторно да ја стекнеме нераспадливоста што тој ја загуби. Впрочем, како што веќе рековме, целта на светите е за малку време да ги придобиеме делата Божји од почетокот до крајот и бидејќи сите ние еднакво ја делиме одговорноста на престапот Адамов и неговиот пад, од таа причина отците предложиле, сеќавајќи се на него, да го одбегнуваме неговиот пример, наместо да ја подражаваме неговата невоздржливост.

The post Во недела е Прочка: Простете, за да и вам ви биде простено! appeared first on Република.

]]>

Следната недела на 17.03.2024 е Прочка – простете, за да и вам Ви биде простено! На Прочка правиме спомен на паѓањето на првосоздадениот Адам од рајската храна, што божествените отци наши го определија пред почетокот на светата Четириесетница, за да покажат со тоа колку на човековата природа и е потребен постот како средство за лекување, а колку е гнасно лакомството и непослушноста. Со примерот на Адам Светите Отци сакаат и нам да ни покажат колку се кобни последиците од невоздржаноста и непослушноста. Адам, јадејќи од забранетиот плод, мислеше дека ќе стане бог. Но, не само што не стана тоа, туку и смртта си ја навлече, а и пропаст на целиот род. И токму поради јадењето на првиот Адам, Господ постеше четириесет денови и беше послушен, и токму поради тоа и сегашниов пост е предложен од светите апостоли, па запазувајќи го она што Адам не го запази, преку постот повторно да ја стекнеме нераспадливоста што тој ја загуби. Впрочем, како што веќе рековме, целта на светите е за малку време да ги придобиеме делата Божји од почетокот до крајот и бидејќи сите ние еднакво ја делиме одговорноста на престапот Адамов и неговиот пад, од таа причина отците предложиле, сеќавајќи се на него, да го одбегнуваме неговиот пример, наместо да ја подражаваме неговата невоздржливост.

The post Во недела е Прочка: Простете, за да и вам ви биде простено! appeared first on Република.

]]>
Доаѓа голем празник: Еве што мора да направите на тој ден https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/doaga-golem-praznik-eve-shto-mora-da-napravite-na-toj-den/ Thu, 14 Mar 2024 21:34:02 +0000 https://republika.mk/?p=754925

Празникот Прочка или Велики Поклади, меѓу народот познат и како Проштени Поклади, спаѓа во најголемите христијански празници, според некои веднаш по Божиќ и Велигден. Со Прочка започнуваат и долгите Велигденски пости, период исполнет со многу обичаи и верувања, со многу одречувања и надежи за пречек на Христовото воскресение (Велигден) за причесна и идентификација со Спасителот Исус Христос.

Обичајот проштевање тргнува од христијанското сфаќање за помагање и проштевање меѓу луѓето. Се верува дека на овој ден и небото и земјата се проштеваат па тоа треба да го сторат и луѓето. Небото затоа што ѝ погрешило на земјата со громови, мразеви, поројни дождови и сл. бара прошка. И луѓето еден од друг бараат прошка за грешките. Притоа, секогаш помалиот бара прошка од постариот, децата од родителите, крштеникот од кумот, а се проштеваат и пријатели, роднини, соседи итн. Откако три пати ќе се поклони помладиот му вели на постариот: „Прости ми!“, на што овој одговара: „Простено да ти е и од мене и од Господа“, или само: „Просто да ви е“. Во некои краишта на Македонија тој што барал прошка носел некаков подарок како портокал, лимон, суво грозје, алва, јајце и др. и во таа смисла во некои краишта портокалот останал како симбол на проштевањето.

За Прочка се прави заедничка вечера во семејството на која се запокладува со сирење и јајца. Вечерата завршува со амкање јајца за децата. Вистинската смисла на овој обичај е дека пред постот, на последното јадење, запостуваме и ја затвораме устата со бело јајце и потоа, на Велигден ја отвораме и замрсуваме со црвено јајце.

Првиот ден по Прочка е чист понеделник кога големиот велигденски пост веќе почнал. Така е именуван затоа што почнува нашето очистување со постот – духовно и телесно.

The post Доаѓа голем празник: Еве што мора да направите на тој ден appeared first on Република.

]]>

Празникот Прочка или Велики Поклади, меѓу народот познат и како Проштени Поклади, спаѓа во најголемите христијански празници, според некои веднаш по Божиќ и Велигден. Со Прочка започнуваат и долгите Велигденски пости, период исполнет со многу обичаи и верувања, со многу одречувања и надежи за пречек на Христовото воскресение (Велигден) за причесна и идентификација со Спасителот Исус Христос. Обичајот проштевање тргнува од христијанското сфаќање за помагање и проштевање меѓу луѓето. Се верува дека на овој ден и небото и земјата се проштеваат па тоа треба да го сторат и луѓето. Небото затоа што ѝ погрешило на земјата со громови, мразеви, поројни дождови и сл. бара прошка. И луѓето еден од друг бараат прошка за грешките. Притоа, секогаш помалиот бара прошка од постариот, децата од родителите, крштеникот од кумот, а се проштеваат и пријатели, роднини, соседи итн. Откако три пати ќе се поклони помладиот му вели на постариот: „Прости ми!“, на што овој одговара: „Простено да ти е и од мене и од Господа“, или само: „Просто да ви е“. Во некои краишта на Македонија тој што барал прошка носел некаков подарок како портокал, лимон, суво грозје, алва, јајце и др. и во таа смисла во некои краишта портокалот останал како симбол на проштевањето. За Прочка се прави заедничка вечера во семејството на која се запокладува со сирење и јајца. Вечерата завршува со амкање јајца за децата. Вистинската смисла на овој обичај е дека пред постот, на последното јадење, запостуваме и ја затвораме устата со бело јајце и потоа, на Велигден ја отвораме и замрсуваме со црвено јајце. Првиот ден по Прочка е чист понеделник кога големиот велигденски пост веќе почнал. Така е именуван затоа што почнува нашето очистување со постот – духовно и телесно.

The post Доаѓа голем празник: Еве што мора да направите на тој ден appeared first on Република.

]]>
Во недела е Прочка – простете, за и вам да ви биде простено https://republika.mk/zivot/vo-nedela-e-prochka-prostete-za-i-vam-da-vi-bide-prosteno/ Tue, 12 Mar 2024 08:38:45 +0000 https://republika.mk/?p=753870

В недела на 17.03.2024 е Прочка – простете, за да и вам Ви биде простено!

На Прочка правиме спомен на паѓањето на првосоздадениот Адам од рајската храна, што божествените отци наши го определија пред почетокот на светата Четириесетница, за да покажат со тоа колку на човековата природа и е потребен постот како средство за лекување, а колку е гнасно лакомството и непослушноста. Со примерот на Адам Светите Отци сакаат и нам да ни покажат колку се кобни последиците од невоздржаноста и непослушноста. Адам, јадејќи од забранетиот плод, мислеше дека ќе стане бог. Но, не само што не стана тоа, туку и смртта си ја навлече, а и пропаст на целиот род.

И токму поради јадењето на првиот Адам, Господ постеше четириесет денови и беше послушен, и токму поради тоа и сегашниов пост е предложен од светите апостоли, па запазувајќи го она што Адам не го запази, преку постот повторно да ја стекнеме нераспадливоста што тој ја загуби. Впрочем, како што веќе рековме, целта на светите е за малку време да ги придобиеме делата Божји од почетокот до крајот и бидејќи сите ние еднакво ја делиме одговорноста на престапот Адамов и неговиот пад, од таа причина отците предложиле, сеќавајќи се на него, да го одбегнуваме неговиот пример, наместо да ја подражаваме неговата невоздржливост.

The post Во недела е Прочка – простете, за и вам да ви биде простено appeared first on Република.

]]>

В недела на 17.03.2024 е Прочка – простете, за да и вам Ви биде простено! На Прочка правиме спомен на паѓањето на првосоздадениот Адам од рајската храна, што божествените отци наши го определија пред почетокот на светата Четириесетница, за да покажат со тоа колку на човековата природа и е потребен постот како средство за лекување, а колку е гнасно лакомството и непослушноста. Со примерот на Адам Светите Отци сакаат и нам да ни покажат колку се кобни последиците од невоздржаноста и непослушноста. Адам, јадејќи од забранетиот плод, мислеше дека ќе стане бог. Но, не само што не стана тоа, туку и смртта си ја навлече, а и пропаст на целиот род. И токму поради јадењето на првиот Адам, Господ постеше четириесет денови и беше послушен, и токму поради тоа и сегашниов пост е предложен од светите апостоли, па запазувајќи го она што Адам не го запази, преку постот повторно да ја стекнеме нераспадливоста што тој ја загуби. Впрочем, како што веќе рековме, целта на светите е за малку време да ги придобиеме делата Божји од почетокот до крајот и бидејќи сите ние еднакво ја делиме одговорноста на престапот Адамов и неговиот пад, од таа причина отците предложиле, сеќавајќи се на него, да го одбегнуваме неговиот пример, наместо да ја подражаваме неговата невоздржливост.

The post Во недела е Прочка – простете, за и вам да ви биде простено appeared first on Република.

]]>
Дијалогот не живее овде! https://republika.mk/kolumni/dijalogot-ne-zhivee-ovde/ Thu, 09 Mar 2023 08:15:38 +0000 https://republika.mk/?p=617559

Васко Шутаров

Откако ритуално и оваа Прочка си простивме и по којзнае кој пат се убедивме дека чувството на простување е божествено, можеме порастоварено одново да си продолжиме со нашите животи и нашите стари навики, совршено разминувајќи се меѓусебно, во еден меѓупростор од некомуницирање или едвај ритуално комуницирање, во кој неповратно го губиме најдрагоценото од нашите животи. Најдрагоценото во нашите животи е секако комуникацијата со другиот, а еден од основните феномени на човековиот однос кон другите и кон заедницата се состои токму во дијалогот кој е во основата на секоја значајна култура, на европските посебно!

Бидејќи сите вистини што се премолчуваат стануваат отровни (според Ниче), да си кажеме отворено (и колку може помалку отровно!), дека ние живееме животи на меѓусебно исклучиви, паралелни и крајно антагонизирани комуникации низ кои совршено се разминуваме, не се препознаваме и чувствуваме речиси анимален зазор во средбите едни со други. Во таквите паралелни светови на живеење, едни од нас се радуваат на премиерата на „Македонисимо“ во најпрестижната светски позната концертна сала „Музикферајн“ во Виена и на долгочочекуваната македонска ТВ-серија „Бистра вода“, други се радуваат на маскираната камарила околу новокомпонираниот струмички пар Тито и Јованка и драмолетката создадена околу борбата за лебот и игрите, трети ликуваат и се радуваат дека повторно ги изиграле сите закони и повторно и повторно си ги наполниле џебовите маскирани во Црвенкапи на македонската и пред меѓународната јавност! А, сите останати и сите ние заедно, во иста држава, со имагинарно „општество за сите“, каде животите ни се вшмукани, исцедени и отфрлени во едно совршено меѓусебно некомуницирање и непрепознавање.

Во таков раздробен, атомизиран и меѓусебно потполно раздвоен свет во едно, кобајаги, општество за сите, како одамна заборавен и сосема издвоен глас во пустина, прозвучи неодамна гласот на јапонскиот маестро Јутака Садо! „Кога прв пат ги видов ритмите во партитурите за „Македонисимо“, бев преплашен како ќе ги диригирам?! Но, само по дводневни проби со македонскиот квинтет, веќе не чувствував дека само следам ритам и матрица, туку како да создавав една многу слободна и среќна музика! Кога завршува секој од ставовите, оваа музика нè прави насмеани, нè прави среќни! Има преголемо уживање во оваа музика што го слави животот на многу креативен начин“, ќе каже Јапонецот Садо.

Да се биде вкоренет во таа светски препознатлива и толку посакувана музика која ослободува и ги прави луѓето среќни, музика која толку лесно и преку наједноставно грмнување на тапанот комуницира и го освојува светот славејќи ги слободата и животот, а истовремено да сте толку длабоко вкоренети во едно отуѓено и неслободно општество, одвоени и отуѓени од секаква меѓучовечка комуникација на себепрепознавање и самопочитување - таков голем историски грев, не може ни вечен срам да го покрие и исчисти!

А, да не биде утрото уште поотровно од денов, отворено да си кажеме и да си признаеме, дека, разговорот, комуникацијата и дијалогот воопшто не живеат овде! А, заедно со нив, ниту слободата, ниту среќата, ниту животот! Во една држава, неслободна и отуѓена од своите граѓани, дијалозите се ултимативни и еднонасочни! Или слушајте нè и согласете се со нас - или тргнете ни се од патот по кој газиме! (А газиме по демократскиот пат кон ЕУ, кон европските вредности во кои дијалогот е втемелен како основна препоставка за секоја заедничка вредност, нели?!)

Ајде сега, да почнеме од почеток и малку да се занимаваме со дијалогот, „драги домашни Европјани!“ Од нешто мора да се почне! А тој почеток и тој крај, не се викаат само претпристапни преговори со Европската Унија, туку најнапред, отворени и во секое време пристапни меѓусебени дијалози и комуникација со сите граѓани, дијалог со сите политички и неполитички чинители во сопствената држава!

Патот до секое демократизирање на општеството води преку аргументиран, слободен и креативен дијалог. За жал, кај нас таков пат и таков дијалог не постојат! Прашањето за дијалогот во овој контекст не е само политичко, туку пред сè животно и егзистенцијлно прашање, како за опстанокот на секој од нас, за нашиот личен развој и напредок, така и за опстанокот и за развојот на државата. И затоа, во отсуство на каков било дијалог во државава, мора од некаде да се започне - а тоа е повторно (и повторно!) мора да биде дијалогот, кој упорно нè одминува и го нема!

Зошто е толку важен дијалогот, кој сиве овие пусти години од осамостојувањето на државата така умешно ни бега, создавајќи од нас до крај неслободни и меѓусебно отуѓени луѓе?!

Познатиот австриски и израелски филозоф Мартин Бубер, најпознат по неговите ставови за филозофијата на дијалогот, во неговото дело „Јас и Ти“ запишал: „Духот не е во Јас, туку помеѓу Јас и Ти! Тој не е налик на крвта која тече во тебе, туку налик на воздухот кој што го вдишуваш!“

Потребата од разговор, од дијалог, произлегува секогаш од одреден недостаток во човекот, а да се елиминира тоа, потребен е друг човек кој се разликува од него. Ако Јас и Ти сме потполно исти, нам ништо нема да ни се случува! Затоа, сето она што Јас не сум, за мене е од исклучително значење, бидејќи од мене се разликува! Сè што правиме во животот, во суштина се обиди себеси да се дополниме или надополниме, од себе да создадеме целовити личности, токму преку препознавање, преку дијалог со другиот и различниот од нас!

„Двајца луѓе кои умеат да разговааат, можат меѓусебно да се обогатат и развиваат - она што излегува од мене и не ме изненадува толку, колку она што го примам од другиот“, според Борхес. Во идеална форма, идеалната потреба од дијалог буквално би можела да се сведе на оваа мисла од славниот писател. Бидејќи, кој не е кадарен да разговара, тој не е способен да се развива, а да се откажеш од разговор со другиот, значи да се откажеш од себеси! Бидејќи, кога добро ќе го запознаете другиот, веќе сте се обогатиле за уште еден живот! Без другиот ние не можеме да се разбереме себеси!

Еве, најсликовито кажано, колку сме далеку од себеси, од разговорите за себе и дијалозите меѓу себе во актуелниов миг, додека главната битка и кобајаги дијалог се водат околу лебот наш насушен! За држави како нашата (и за нас кои милуваме уште да ја нарекуваме, држава!) држави на екстремна општествена криза, потонати во безаконие, насилство и хаос, дијалогот како суштинска човекова потреба се претвора во сопствена карикатуралност. Во таквите општества, како нашето во моментот, јавниот простор е исполнет со (ново) говор, во кој однапред се знае кој што ќе каже! Да се води таков дијалог во кој само се декларираат монополизирани судови и тврдења, вистини поставени на ниво на догми, значи да се биде сведок на убиство на каква било дијалошка комуникација. Дијалог не може да води оној кој што е убеден само во непогрешливоста на сопствените концепции и идеи, дијалог не умеат да водат самобендисаните и ласкавците, на ниво на дијалог никогаш нема да се издигнат озборувачите и сите оние кои наместо со умна страст да разговараат и да се себепрепознаваат, се одаваат на неодоливата демонска страст за обезвреднување на другиот и различниот од себе!

Автентичен дијалог може да води само автентична личност, вистински дијалог можат да водат само слободни и креативни луѓе. Тапанот од „Македонисимо“ во европската и светска арена на културата од пред некој ден, требаше да биде потсетник на тој одамна вкоренет слободарски порив и никогаш до крај реализиран мотив за освоената слобода- да се биде свој и господар на своето! И кога сме најдалеку од себе, од своите слободи, од личниот и колективен стремеж кон подобро и поубаво, да не си вртиме грб едни на други, да не му вртиме грб на дијалогот меѓу себе! Бидејќи, сè уште постоиме- и покрај сите угнетувања од чие наталожено генерациско наследство не можеме да се ослободиме!

Да се одмолчат остатоците од животите и да се наведнат главите (бидејќи сабјата така потешко ги сече!), да се анестезираат умовите, да се заробат мислите, а зборовите да се ослободат само за аминување, да се монополизира вистината и узурпира иднината и само тоа да се бара од нас, тоа ли се очекувањата од она што условно сè уште имаме потреба да го наречемемакедонски дијалози?!

Барем додека се љубат слободата и животот, барем додека во слободата на мислата и на говорот можеме да ја препознаеме вистината и да ја креираме иднината, барем додека знаењето му служи како храна на умот а  јазикот и говорот им служат и на срцето и на умот како водилки  кон подостоен, повреден, поубав и подобар живот, ќе има уште некоја шанса за она што како личности, како општество и како држава мора(в)ме да го имаме како приоритет над приоритетите, а тоа се македонските дијалози. Колку и утописки да звучи ова денес, колку изгубенои толку недостижно да ни изгледа во моментов, мораме да научиме да не му вртиме грб на дијалогот! Да учиме одново (и одново!) да разговараме, пред да почнеме за што било да преговараме! Да се преговара, без најпрво меѓу себе да се разговара и договара, може само уште толку да нè отуѓува и да нèразделува меѓусебно! Зошто?! Затоа што во суштината на преговарачкиот поттекст е секогаш содржан одреден диктат, во нашиов случај исклучително потценувачки политички диктат, кој, за жал, најчесто своето исходиште го има некаде надвор од Македонија!

Голем срам и голем грев е, цел свет да го препознава во македонската музика, во нејзиниот тапан и ритамот, будењето на слободата, воспевањето на радоста и освојувањето на среќата, а само ние да не ги препознаваме, правејќи се често наглуви и осудени на вечен дијалог на глуви, меѓусебе!

The post Дијалогот не живее овде! appeared first on Република.

]]>

Васко Шутаров

Откако ритуално и оваа Прочка си простивме и по којзнае кој пат се убедивме дека чувството на простување е божествено, можеме порастоварено одново да си продолжиме со нашите животи и нашите стари навики, совршено разминувајќи се меѓусебно, во еден меѓупростор од некомуницирање или едвај ритуално комуницирање, во кој неповратно го губиме најдрагоценото од нашите животи. Најдрагоценото во нашите животи е секако комуникацијата со другиот, а еден од основните феномени на човековиот однос кон другите и кон заедницата се состои токму во дијалогот кој е во основата на секоја значајна култура, на европските посебно! Бидејќи сите вистини што се премолчуваат стануваат отровни (според Ниче), да си кажеме отворено (и колку може помалку отровно!), дека ние живееме животи на меѓусебно исклучиви, паралелни и крајно антагонизирани комуникации низ кои совршено се разминуваме, не се препознаваме и чувствуваме речиси анимален зазор во средбите едни со други. Во таквите паралелни светови на живеење, едни од нас се радуваат на премиерата на „Македонисимо“ во најпрестижната светски позната концертна сала „Музикферајн“ во Виена и на долгочочекуваната македонска ТВ-серија „Бистра вода“, други се радуваат на маскираната камарила околу новокомпонираниот струмички пар Тито и Јованка и драмолетката создадена околу борбата за лебот и игрите, трети ликуваат и се радуваат дека повторно ги изиграле сите закони и повторно и повторно си ги наполниле џебовите маскирани во Црвенкапи на македонската и пред меѓународната јавност! А, сите останати и сите ние заедно, во иста држава, со имагинарно „општество за сите“, каде животите ни се вшмукани, исцедени и отфрлени во едно совршено меѓусебно некомуницирање и непрепознавање. Во таков раздробен, атомизиран и меѓусебно потполно раздвоен свет во едно, кобајаги, општество за сите, како одамна заборавен и сосема издвоен глас во пустина, прозвучи неодамна гласот на јапонскиот маестро Јутака Садо! „Кога прв пат ги видов ритмите во партитурите за „Македонисимо“, бев преплашен како ќе ги диригирам?! Но, само по дводневни проби со македонскиот квинтет, веќе не чувствував дека само следам ритам и матрица, туку како да создавав една многу слободна и среќна музика! Кога завршува секој од ставовите, оваа музика нè прави насмеани, нè прави среќни! Има преголемо уживање во оваа музика што го слави животот на многу креативен начин“, ќе каже Јапонецот Садо. Да се биде вкоренет во таа светски препознатлива и толку посакувана музика која ослободува и ги прави луѓето среќни, музика која толку лесно и преку наједноставно грмнување на тапанот комуницира и го освојува светот славејќи ги слободата и животот, а истовремено да сте толку длабоко вкоренети во едно отуѓено и неслободно општество, одвоени и отуѓени од секаква меѓучовечка комуникација на себепрепознавање и самопочитување - таков голем историски грев, не може ни вечен срам да го покрие и исчисти! А, да не биде утрото уште поотровно од денов, отворено да си кажеме и да си признаеме, дека, разговорот, комуникацијата и дијалогот воопшто не живеат овде! А, заедно со нив, ниту слободата, ниту среќата, ниту животот! Во една држава, неслободна и отуѓена од своите граѓани, дијалозите се ултимативни и еднонасочни! Или слушајте нè и согласете се со нас - или тргнете ни се од патот по кој газиме! (А газиме по демократскиот пат кон ЕУ, кон европските вредности во кои дијалогот е втемелен како основна препоставка за секоја заедничка вредност, нели?!) Ајде сега, да почнеме од почеток и малку да се занимаваме со дијалогот, „драги домашни Европјани!“ Од нешто мора да се почне! А тој почеток и тој крај, не се викаат само претпристапни преговори со Европската Унија, туку најнапред, отворени и во секое време пристапни меѓусебени дијалози и комуникација со сите граѓани, дијалог со сите политички и неполитички чинители во сопствената држава! Патот до секое демократизирање на општеството води преку аргументиран, слободен и креативен дијалог. За жал, кај нас таков пат и таков дијалог не постојат! Прашањето за дијалогот во овој контекст не е само политичко, туку пред сè животно и егзистенцијлно прашање, како за опстанокот на секој од нас, за нашиот личен развој и напредок, така и за опстанокот и за развојот на државата. И затоа, во отсуство на каков било дијалог во државава, мора од некаде да се започне - а тоа е повторно (и повторно!) мора да биде дијалогот, кој упорно нè одминува и го нема! Зошто е толку важен дијалогот, кој сиве овие пусти години од осамостојувањето на државата така умешно ни бега, создавајќи од нас до крај неслободни и меѓусебно отуѓени луѓе?! Познатиот австриски и израелски филозоф Мартин Бубер, најпознат по неговите ставови за филозофијата на дијалогот, во неговото дело „Јас и Ти“ запишал: „Духот не е во Јас, туку помеѓу Јас и Ти! Тој не е налик на крвта која тече во тебе, туку налик на воздухот кој што го вдишуваш!“ Потребата од разговор, од дијалог, произлегува секогаш од одреден недостаток во човекот, а да се елиминира тоа, потребен е друг човек кој се разликува од него. Ако Јас и Ти сме потполно исти, нам ништо нема да ни се случува! Затоа, сето она што Јас не сум, за мене е од исклучително значење, бидејќи од мене се разликува! Сè што правиме во животот, во суштина се обиди себеси да се дополниме или надополниме, од себе да создадеме целовити личности, токму преку препознавање, преку дијалог со другиот и различниот од нас! „Двајца луѓе кои умеат да разговааат, можат меѓусебно да се обогатат и развиваат - она што излегува од мене и не ме изненадува толку, колку она што го примам од другиот“, според Борхес. Во идеална форма, идеалната потреба од дијалог буквално би можела да се сведе на оваа мисла од славниот писател. Бидејќи, кој не е кадарен да разговара, тој не е способен да се развива, а да се откажеш од разговор со другиот, значи да се откажеш од себеси! Бидејќи, кога добро ќе го запознаете другиот, веќе сте се обогатиле за уште еден живот! Без другиот ние не можеме да се разбереме себеси! Еве, најсликовито кажано, колку сме далеку од себеси, од разговорите за себе и дијалозите меѓу себе во актуелниов миг, додека главната битка и кобајаги дијалог се водат околу лебот наш насушен! За држави како нашата (и за нас кои милуваме уште да ја нарекуваме, држава!) држави на екстремна општествена криза, потонати во безаконие, насилство и хаос, дијалогот како суштинска човекова потреба се претвора во сопствена карикатуралност. Во таквите општества, како нашето во моментот, јавниот простор е исполнет со (ново) говор, во кој однапред се знае кој што ќе каже! Да се води таков дијалог во кој само се декларираат монополизирани судови и тврдења, вистини поставени на ниво на догми, значи да се биде сведок на убиство на каква било дијалошка комуникација. Дијалог не може да води оној кој што е убеден само во непогрешливоста на сопствените концепции и идеи, дијалог не умеат да водат самобендисаните и ласкавците, на ниво на дијалог никогаш нема да се издигнат озборувачите и сите оние кои наместо со умна страст да разговараат и да се себепрепознаваат, се одаваат на неодоливата демонска страст за обезвреднување на другиот и различниот од себе! Автентичен дијалог може да води само автентична личност, вистински дијалог можат да водат само слободни и креативни луѓе. Тапанот од „Македонисимо“ во европската и светска арена на културата од пред некој ден, требаше да биде потсетник на тој одамна вкоренет слободарски порив и никогаш до крај реализиран мотив за освоената слобода- да се биде свој и господар на своето! И кога сме најдалеку од себе, од своите слободи, од личниот и колективен стремеж кон подобро и поубаво, да не си вртиме грб едни на други, да не му вртиме грб на дијалогот меѓу себе! Бидејќи, сè уште постоиме- и покрај сите угнетувања од чие наталожено генерациско наследство не можеме да се ослободиме! Да се одмолчат остатоците од животите и да се наведнат главите (бидејќи сабјата така потешко ги сече!), да се анестезираат умовите, да се заробат мислите, а зборовите да се ослободат само за аминување, да се монополизира вистината и узурпира иднината и само тоа да се бара од нас, тоа ли се очекувањата од она што условно сè уште имаме потреба да го наречемемакедонски дијалози?! Барем додека се љубат слободата и животот, барем додека во слободата на мислата и на говорот можеме да ја препознаеме вистината и да ја креираме иднината, барем додека знаењето му служи како храна на умот а  јазикот и говорот им служат и на срцето и на умот како водилки  кон подостоен, повреден, поубав и подобар живот, ќе има уште некоја шанса за она што како личности, како општество и како држава мора(в)ме да го имаме како приоритет над приоритетите, а тоа се македонските дијалози. Колку и утописки да звучи ова денес, колку изгубенои толку недостижно да ни изгледа во моментов, мораме да научиме да не му вртиме грб на дијалогот! Да учиме одново (и одново!) да разговараме, пред да почнеме за што било да преговараме! Да се преговара, без најпрво меѓу себе да се разговара и договара, може само уште толку да нè отуѓува и да нèразделува меѓусебно! Зошто?! Затоа што во суштината на преговарачкиот поттекст е секогаш содржан одреден диктат, во нашиов случај исклучително потценувачки политички диктат, кој, за жал, најчесто своето исходиште го има некаде надвор од Македонија! Голем срам и голем грев е, цел свет да го препознава во македонската музика, во нејзиниот тапан и ритамот, будењето на слободата, воспевањето на радоста и освојувањето на среќата, а само ние да не ги препознаваме, правејќи се често наглуви и осудени на вечен дијалог на глуви, меѓусебе!

The post Дијалогот не живее овде! appeared first on Република.

]]>
Празник за проштавање и очистување од гревовите https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/praznik-za-proshtavane-i-ochistuvane-od-grevovite/ Sun, 26 Feb 2023 07:50:22 +0000 https://republika.mk/?p=613244

Сиропусната, белата, прошталната седмица завршува со неделата и празникот Прочка кога луѓето си проштеваат едни на други, за да ги остават и гревовите со оставањето на мрсната храна, а во постот да се воздржуваат и од гревовноста.

Прочка – Верниците меѓусебно си простуваат пред почетокот на Велигденскиот пост. Зборот „Прочка“ доаѓа од старомакедонскиот словенски збор „проштение“ = простување или од „проштати“ = проштева. Прочка е духовната метла со која ја метеме нашата душа од гревовите.

Велики поклади – Неделата навечер се поклади. Неделната вечера е богата со млечни производи, пита со сирење и јајца.

Сето ова се збива во еден ден – во последениот ден пред почетокот на Велигденскиот пост. Денес и небото и простува на земјата, а човекот му простува на човекот. Денешната порака е: Проштевајте! – Бог да прости, лесни пости! Ако не простиме, залудно ќе постиме. Лицемерно е да јадеш леб и вода, а да не проштеваш и да не се каеш.

Датирање

Прочка секогаш е во недела. Денот не го менува, но датумот го менува. Тоа е празник со непостојан датум – подвижен празник. Таа не се врзува со календарот, со конкретен датум, туку е поврзана со Велигден. Кога ќе се празнува Прочка зависи од тоа кога се празнува Велигден. И Велигден и Прочка се секогаш во недела. Седмата недела по Прочка е Велигден.

Прочка е предпочеток на Велигденскиот пост. Црквата го поставила како силен потсетник на духовниот карактер на постот. Постењето треба да започне со проштевањето и со покајанието, инаку значи дека не ни започнало или започнало само формално.

Без каење и проштевање се губи суштината на личносните односи на луѓето кон луѓето и на луѓето кон Бога. Преку тоа се искажува и се покажува љубовта кон Бога и кон луѓето. Откако ќе прости, човекот ќе има кротост, трпение, смирение и човекољубие низ добродетелноста на постот и молитвата.

Во овој ден твориме спомен на изгонувањето од рајот на првосоздадениот Адам, заради храна, како што устроија божествените свети отци, пред самиот почеток на светата Четириесетница. Бидејќи со тоа се покажува дека постот е лекарство полезно за човечката природа, додека лакомството и непослушанието се гнасни. Оставајќи ги безбројните примери на овие пороци во светот, светите отци укажуваат жив пример во првосоздадениот Адам кој претрпе голема штета во неговиот целосен пад кој донесе штета за нашата природа.

Тој не ја одржа првата заповед за полезниот пост којашто Господ ја даде за човештвото, туку им се покори на желбите на стомакот и на змијата, преку Ева, и не само што не стана бог, туку ја воведе смртта, донесувајќи погуба за целиот наш род. Заради неумереноста на Адама, нашиот Господ постеше четириесет дена и беше послушен. Заради оваа причина, светите апостоли го зачнаа овој сегашен четириесетодневен пост, та како што Адам ја загуби нетрулежноста преку неумереност, ние да можеме да ја здобиеме преку воздржание. Она што Адам го погреши и не го достигна – обожението, тоа ние ќе го здобиеме, ридајќи и постејќи и смирувајќи се, додека Бог не нè посети, бидејќи без тие нешта е невозможно да го примиме она што сме го загубиле.

The post Празник за проштавање и очистување од гревовите appeared first on Република.

]]>

Сиропусната, белата, прошталната седмица завршува со неделата и празникот Прочка кога луѓето си проштеваат едни на други, за да ги остават и гревовите со оставањето на мрсната храна, а во постот да се воздржуваат и од гревовноста. Прочка – Верниците меѓусебно си простуваат пред почетокот на Велигденскиот пост. Зборот „Прочка“ доаѓа од старомакедонскиот словенски збор „проштение“ = простување или од „проштати“ = проштева. Прочка е духовната метла со која ја метеме нашата душа од гревовите. Велики поклади – Неделата навечер се поклади. Неделната вечера е богата со млечни производи, пита со сирење и јајца. Сето ова се збива во еден ден – во последениот ден пред почетокот на Велигденскиот пост. Денес и небото и простува на земјата, а човекот му простува на човекот. Денешната порака е: Проштевајте! – Бог да прости, лесни пости! Ако не простиме, залудно ќе постиме. Лицемерно е да јадеш леб и вода, а да не проштеваш и да не се каеш. Датирање Прочка секогаш е во недела. Денот не го менува, но датумот го менува. Тоа е празник со непостојан датум – подвижен празник. Таа не се врзува со календарот, со конкретен датум, туку е поврзана со Велигден. Кога ќе се празнува Прочка зависи од тоа кога се празнува Велигден. И Велигден и Прочка се секогаш во недела. Седмата недела по Прочка е Велигден. Прочка е предпочеток на Велигденскиот пост. Црквата го поставила како силен потсетник на духовниот карактер на постот. Постењето треба да започне со проштевањето и со покајанието, инаку значи дека не ни започнало или започнало само формално. Без каење и проштевање се губи суштината на личносните односи на луѓето кон луѓето и на луѓето кон Бога. Преку тоа се искажува и се покажува љубовта кон Бога и кон луѓето. Откако ќе прости, човекот ќе има кротост, трпение, смирение и човекољубие низ добродетелноста на постот и молитвата. Во овој ден твориме спомен на изгонувањето од рајот на првосоздадениот Адам, заради храна, како што устроија божествените свети отци, пред самиот почеток на светата Четириесетница. Бидејќи со тоа се покажува дека постот е лекарство полезно за човечката природа, додека лакомството и непослушанието се гнасни. Оставајќи ги безбројните примери на овие пороци во светот, светите отци укажуваат жив пример во првосоздадениот Адам кој претрпе голема штета во неговиот целосен пад кој донесе штета за нашата природа. Тој не ја одржа првата заповед за полезниот пост којашто Господ ја даде за човештвото, туку им се покори на желбите на стомакот и на змијата, преку Ева, и не само што не стана бог, туку ја воведе смртта, донесувајќи погуба за целиот наш род. Заради неумереноста на Адама, нашиот Господ постеше четириесет дена и беше послушен. Заради оваа причина, светите апостоли го зачнаа овој сегашен четириесетодневен пост, та како што Адам ја загуби нетрулежноста преку неумереност, ние да можеме да ја здобиеме преку воздржание. Она што Адам го погреши и не го достигна – обожението, тоа ние ќе го здобиеме, ридајќи и постејќи и смирувајќи се, додека Бог не нè посети, бидејќи без тие нешта е невозможно да го примиме она што сме го загубиле.

The post Празник за проштавање и очистување од гревовите appeared first on Република.

]]>
Амкање за Прочка – традиција која сѐ уште живее https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/amkane-za-prochka-traditsija-koja-s-ushte-zhivee/ Sat, 25 Feb 2023 20:11:58 +0000 https://republika.mk/?p=613202

Празникот Прочка или Велики Поклади, меѓу народот познат и како Проштени Поклади, спаѓа во најголемите христијански празници, според некои веднаш по Божик и Велигден. Многумина не ја знаат старата традиција за Прочка, но во многу куќи се прави и ден-денеска - Амкање.

Амкањето е интересен обичај кој особено на децата им причинувал голема радост. Се изведувал на тој начин што едно варено бело јајце се прободувало со игла, потоа низ него се провирал конец (некаде конопен во други места памучен) кој се врзувал за урката, за таванот или за синџирот од огништето. Најстариот човек во куќата, најчесто домаќинката го држела конецот (урката и сл.) и сите почнувајќи од постарите амкале, обидувајќи се да го лапнат јајцето, но без при тоа да се послужат со рацете. Само на помалите деца им се дозволувало да се послужат со рачињата. Велат, чинело човек барем со забите да го допре јајцето за да му бидат бели и здрави. Ако некој го лапнел јајцето, му го давале да го изеде, а амкањето продолжувало со друго.

The post Амкање за Прочка – традиција која сѐ уште живее appeared first on Република.

]]>

Празникот Прочка или Велики Поклади, меѓу народот познат и како Проштени Поклади, спаѓа во најголемите христијански празници, според некои веднаш по Божик и Велигден. Многумина не ја знаат старата традиција за Прочка, но во многу куќи се прави и ден-денеска - Амкање. Амкањето е интересен обичај кој особено на децата им причинувал голема радост. Се изведувал на тој начин што едно варено бело јајце се прободувало со игла, потоа низ него се провирал конец (некаде конопен во други места памучен) кој се врзувал за урката, за таванот или за синџирот од огништето. Најстариот човек во куќата, најчесто домаќинката го држела конецот (урката и сл.) и сите почнувајќи од постарите амкале, обидувајќи се да го лапнат јајцето, но без при тоа да се послужат со рацете. Само на помалите деца им се дозволувало да се послужат со рачињата. Велат, чинело човек барем со забите да го допре јајцето за да му бидат бели и здрави. Ако некој го лапнел јајцето, му го давале да го изеде, а амкањето продолжувало со друго.

The post Амкање за Прочка – традиција која сѐ уште живее appeared first on Република.

]]>
Не заборавајте: Утре е голем празник, овие две работи мора да ги имате на трпезата https://republika.mk/zivot/ne-zaboravajte-utre-e-golem-praznik-ovie-dve-raboti-mora-da-gi-imate-na-trpezata/ Sat, 25 Feb 2023 15:09:25 +0000 https://republika.mk/?p=613131

На Прочка, според традицијата, помладиот бара прошка од постариот. Синот приоѓа кај таткото, братот кај брата си, ќерка кај мајка си, снаа кај свекрва, сестра кај сестра си и секој секому му вели: „Прости ми“, а тој одговара: „Простено да ти е од мене и од Бога“. Така прави секој кон секого, и машко и женско, помладиот кон постариот, но и постариот кон помладиот.

За Прочка се прави заедничка вечера во семејството на која се запокладува со сирење и јајца. Вечерата завршува со амкање јајца за децата, што претставува детска радост и добро расположение.

А вистинската смисла на сето тоа е дека пред постот, на последното јадење, запостуваме и ја затвораме устата со бело јајце и потоа, на Велигден ја отвораме и замрсуваме со црвено јајце. Мрсењето завршува во Белата недела, со бело јајце и пак започнува со јајце, но црвено – велигденско, на Велигден.

Утредента, првиот ден по Прочка е чист понеделник кога постот веќе започнал. Тоа е првиот ден од големиот Велигденски пост. Чист понеделник е така именуван затоа што започнува нашето очистување со постот – духовно и телесно.

The post Не заборавајте: Утре е голем празник, овие две работи мора да ги имате на трпезата appeared first on Република.

]]>

На Прочка, според традицијата, помладиот бара прошка од постариот. Синот приоѓа кај таткото, братот кај брата си, ќерка кај мајка си, снаа кај свекрва, сестра кај сестра си и секој секому му вели: „Прости ми“, а тој одговара: „Простено да ти е од мене и од Бога“. Така прави секој кон секого, и машко и женско, помладиот кон постариот, но и постариот кон помладиот. За Прочка се прави заедничка вечера во семејството на која се запокладува со сирење и јајца. Вечерата завршува со амкање јајца за децата, што претставува детска радост и добро расположение. А вистинската смисла на сето тоа е дека пред постот, на последното јадење, запостуваме и ја затвораме устата со бело јајце и потоа, на Велигден ја отвораме и замрсуваме со црвено јајце. Мрсењето завршува во Белата недела, со бело јајце и пак започнува со јајце, но црвено – велигденско, на Велигден. Утредента, првиот ден по Прочка е чист понеделник кога постот веќе започнал. Тоа е првиот ден од големиот Велигденски пост. Чист понеделник е така именуван затоа што започнува нашето очистување со постот – духовно и телесно.

The post Не заборавајте: Утре е голем празник, овие две работи мора да ги имате на трпезата appeared first on Република.

]]>
Сите адети поврзани со оваа Сирна недела, неделата пред Прочка https://republika.mk/zivot/servisi/site-adeti-povrzani-so-ovaa-sirna-nedela-nedelata-pred-prochka/ Mon, 20 Feb 2023 08:08:00 +0000 https://republika.mk/?p=610865

Имиња на празникот

Недела сиропусна – Седмицата пред Прочка се нарекува сирна недела, затоа што во тие денови не се јаде месо, туку се јадат млеко и јајца и продукти што ги содржат нив. Со месо се запостува претходната недела навечер, кога последно се јаде месо и потоа, дури на Велигден.

Бела недела – е затоа што во текот на целата седмица, дури и во среда и во петок, се јаде млеко и млечни производи во сите видови и производи со млеко и јајца.

Проштална недела или Недела на проштевањето – Седмицата завршува со неделата во која луѓето си проштеваат едни на други, за да ги остават и гревовите со оставањето на мрсната храна, а во постот да се воздржуваат и од гревовноста.

Прочка – Верниците меѓусебно си простуваат пред почетокот на Велигденскиот пост. Зборот „Прочка“ доаѓа од старомакедонскиот словенски збор „проштение“ = простување или од „проштати“ = проштева. Прочка е духовната метла со која ја метеме нашата душа од гревовите.

Велики поклади – Неделата навечер се поклади. Неделната вечера е богата со млечни производи, пита со сирење и јајца.

Сето ова се збива во еден ден – во последениот ден пред почетокот на Велигденскиот пост. Денес и небото и простува на земјата, а човекот му простува на човекот. Денешната порака е: Проштевајте! – Бог да прости, лесни пости! Ако не простиме, залудно ќе постиме. Лицемерно е да јадеш леб и вода, а да не проштеваш и да не се каеш.

Датирање

Прочка секогаш е во недела. Денот не го менува, но датумот го менува. Тоа е празник со непостојан датум – подвижен празник. Таа не се врзува со календарот, со конкретен датум, туку е поврзана со Велигден. Кога ќе се празнува Прочка зависи од тоа кога се празнува Велигден. И Велигден и Прочка се секогаш во недела. Седмата недела по Прочка е Велигден.

Прочка е предпочеток на Велигденскиот пост. Црквата го поставила како силен потсетник на духовниот карактер на постот. Постењето треба да започне со проштевањето и со покајанието, инаку значи дека не ни започнало или започнало само формално.

Без каење и проштевање се губи суштината на личносните односи на луѓето кон луѓето и на луѓето кон Бога. Преку тоа се искажува и се покажува љубовта кон Бога и кон луѓето. Откако ќе прости, човекот ќе има кротост, трпение, смирение и човекољубие низ добродетелноста на постот и молитвата.

Цел и смисла

Целта и смислата на празникот е да го истакне проштевањето како дело на љубовта, а љубовта е основа на христијанското живеење. Проштевањето е резулататот на љубовта. Тоа е израз на љубовта, а љубовта „сè извинува“ (1. Кор. 13,7). Кој проштева тој љуби, а кој љуби тој е од Бога и Бог е во него, бидејќи „Бог е љубов“ (1. Јов. 4,8).

Ако, таква проштална љубов покажуваат христијаните на Прочка, тогаш се добри како светиите и праведниците, како Христос и Богородица. Проштевањето е безгранично и безусловно. Прочка е празник колку на проштевањето, толку и на покајанието. А покајанието и проштевањето се почеток на Евангелието. Таков е почеток на христијанското живеење. Првите зборови на Господ Исус Христос биле повик на покајание, проштевање и љубов.

Проштевањето е духовен пост, кој треба да му претходи на телесниот пост. Духовниот треба да биде пред телесниот, како што е душата пред телото. „Затоа, прославете Го Бога во своите тела и во своите души, кои се Божји“, вели свети апостол Павле (1. Кор. 6,20).

Целта на празникот е со чиста душа да се започне велигденскиот пост. Уште денеска треба да започне чистењето на душата што ќе биде главна задача во постот. Утре нека почне и телесниот пост, за скротување на телото и воздржување од сластите и страстите.

Чистењето и подготовката е како што чистиме и подготвуваме за доаѓањето на важен гостин кај нас, а тоа е приемот на Господа Исуса Христа преку светата Причест.

Богослужба

Богослужбено Прочка е посветена на првиот човек Адам – на оној што прв згреши. А првиот грев на човекот во светов е гревот со храна. Светот горко нека заплаче со оној што прв падна во грев поради слатката храна и отпадна од Бога, заедно со паднатите ангели.

Денеска, пред почетокот на Постост, се сеќаваме на тоа дека, поради лакомоста и невоздржувањето од храна, Адам го изгуби рајот. Поради јадењето на Адам, Христос постеше 40 дена. Сегашниов пост е запазување на она што Адам не го запази и повторно стекнување на она што тој го изгуби. Богослужбата ни кажува колку и е потребен постот на човечката природа, како средство за лекување.

Текстот од Евангелието на денешната Литургија говори за проштевањето, за постот и за богатството – за нивната смисла, за значењето и постапувањето (Матеј 6,14-21). Тоа е цела програма за Велигденскиот пост: да простиме – да постиме и душата да ја гостиме.

На Прочка попладне, за Вечерната богослужба, се прави едноцрквие, што значи сите свештеници и верници се собираат на заедничка богослужба во централниот – Соборниот храм, со цел, во домот Божји, по молитвата, секој секому да му пружи рака за покајание и прошка и христијански да се прегрнат. Со целивот на евангелската љубов да си ги простиме грешките, навредите, омразата, пакоста, измамата, непочитта и лошото што сме го сториле едни на други.

Да му простиш некому, па тоа е вистинското дело на љубовта. Да ги избришеш сите навреди, лаги и клевети на другиот кон тебе е духовен херојство. Тоа е растоварување на двете души – и твојата и неговата, од голема тежина.

Традиција

Македонската традиција за Прочка е богата и разновидна. Секаде се одбележува овој празник меѓу македонскиот народ. Прочка, всушност, може да се нарече и наш празник, празник на македонскиот народ затоа што овој народ најмногу проштевал и проштева. Ние сме со духот на Прочка, со дух на проштевање. Кому сè не сме му простиле и што сè сме претрпеле и пак сме простиле.

Така сме правеле низ вековите, а така правиме и денес. Тоа е нашата евангелска определба. Таква е нашата душа. Таков е нашиот дух. Такво е нашето трпение и љубовта кон сите. Ваквиот христијански однос е вграден во нас, низ нашата вера и традиција. Така е воспитуван и така се воспитува македонскиот човек, усовршувајќи се во доброто.

На Прочка, според традицијата, помладиот бара прошка од постариот. Синот приоѓа кај таткото, братот кај брата си, ќерка кај мајка си, снаа кај свекрва, сестра кај сестра си и секој секому му вели: „Прости ми“, а тој одговара: „Простено да ти е од мене и од Бога“. Така прави секој кон секого, и машко и женско, помладиот кон постариот, но и постариот кон помладиот.

Таа глетка е многу мила. Полнота на љубов и радост. Колку е благопријатно тоа чувство на проштевање и прегратка. Тоа ја облагородува душата и го поттикнува добродетелството. Тоа е рајска сцена и блажена состојба од душевната радост.

Проштевањето е духовно миење. Тоа е очистување на душата, односно, очистување на две души одеднаш. Се ослободува и оној што пришол кон другиот и оној што простил. Првиот, за да му пријде нему, веќе му простил и му приоѓа со љубов и покајание, а тој се топи од силата и топлината на љубовта и му ја дава сета своја љубов и прошка. Двајцата се духовно радосни и весели. Бог се радува и ги благословува да останат во взаемната љубов и радост, правејќи си добро едни на други, со збор, помисла и дело.

За Прочка се прави заедничка вечера во семејството на која се запокладува со сирење и јајца. Вечерата завршува со амкање јајца за децата, што претставува детска радост и добро расположение. А вистинската смисла на сето тоа е дека пред постот, на последното јадење, запостуваме и ја затвораме устата со бело јајце и потоа, на Велигден ја отвораме и замрсуваме со црвено јајце. Мрсењето завршува во Белата недела, со бело јајце и пак започнува со јајце, но црвено – велигденско, на Велигден.

Сите тие обичаи се добра семејна радост. Тоа го прави семејниот амбиент топол и мил. Другите, пак, забави по повод Прочка, кои претставуваат јавен настап и посебни претстави (маски и карневали), немаат црковна или верска порака. Тие содржат повеќе хумор и смеа кои се овосветски и земни, материјални димензии на човечкото празнување или испразнување.

Тие го празнат човечкиот дух, а не го полнат. Тоа се пагански остатоци од претхристијанското време, со некои нови примеси за забава. Убаво е и тоа и добра е таа традиција, ама не такваа каква што е, туку, ако претставува парада и промоција на нашата кутура, музика, уметност и вера.

Таа да биде јавен настап на улиците и плоштадите, со претставување на делата полни со мотиви од нашата вера и култура. Да се види тој израз во нашата преубава македонска носија, во уметничките ракотворби, во постигнатите дела, во преубавата песна и во нашето оро со народната инструменталност. Да биде тоа претстава на градската музика и облека, платформа за убавите костими и тоалети, подиум со делата на македонскиот гениј и сето исполнето со богатството на убавината.

Таквата полнота на амбиентот ја облагородува душата и го полни духот со убавина и со добрина. Ете, тоа ни треба и тоа е манифестација на Прочка. Тоа е што го издигнува човекот повисоко, а не што го валка и што го урива надолу. Тоа треба да претставуваат тие излегувања на Прочка пред очите на луѓето и пред очите на Бога.

Утредента, првиот ден по Прочка е чист понеделник кога постот веќе започнал. Тоа е првиот ден од големиот Велигденски пост. Чист понеделник е така именуван затоа што започнува нешето очистување со постот – духовно и телесно.

Како да простуваме

Простувањето не треба да биде формално, само со обични зборови, само изговорен збор, туку вистинско, кое ќе се случи прво во нас, во срцето и во душата, а потоа и во устата, низ зборовите: „прости ми“ – „простено ти е“.

Простувањето е завршено кога сме преминале од простување во љубов. Тогаш вистински сме простиле или вистински ни простиле. Тоа не е лесно, а не е ни тешко, бидејќи љубовта прави чуда. Простувањето е дело на љубовта. Простувањето е слобода. Тоа ослободува. Силно е чувството на слобода што доаѓа со простувањето. Тоа е духовно миење, чистење на душата и ослободување од гревот со сите негови отрови.

Покајанието и простувањето значи менување на своето мислење и постапување. Кога ќе престанеш да мислиш како што си мислел претходно, кога ќе почнеш да говориш поинаку од претходното и кога ќе го правиш она што требало да го правиш – тогаш си се покајал и си простил.

Проштевањето е решеност повеќе да не се греши. Што, ако речеме: Ете, му простив и готово! Ми грешеше и ме навредуваше и сè ми правеше – и пак му простив, толку е, крај! Не, не. Тоа не е проштевање. Тоа е формалност. Гневот ти останал. Гревот те гризе. Ти не си се очистил, ниту него си го ослободил. Треба љубов да ви се всели во душата. А таа зрачи низ нашите мисли, зборови, чувства и дела.

Тие што не простуваат, не го разбирале Христа и Евангелието. Тие немаат право да се нарекуваат христијани, зашто не се христијани.

Кому да простуваме

На сите да им простиме сè. Дури и на непријателите. Така Господ направил. Бог бара од нас да не бидеме никогаш во непријателство со луѓето и да немаме злопамтливост (Матеј 5,23-24).

Да простиш, значи да не дозволиш веќе во срцето да ти влезе лоша желба или да ти падне лоша мисла на ум. Да ти исчезнат лошите намери и планови. Очистеното срце да го наполниш со љубов.

Ако е до грешност и до казна, сите сме грешни и сите сме за казна. Но, Бог не нè повикал да судиме и да казнуваме, туку да простуваме. И поставила правило: Бог ќе ни ги прости нам гревовите, доколку и ние им простуваме на оние што ни згрешиле (Матеј 6,14-15;18,35). И рекол: „Проштевајте и ќе ви биде простено“ (Лука 6,37).

Колку да простуваме

Прости му целосно и сè. Ако не му простиш ти, ќе му прости Бог. Така ти си си наштетил себе си, а не нему.

Колкупати да му простиме? Вака прашал и апостол Петар, а Христос му одговорил: „До седумдесет пати по седум“ (Матеј 18,22), што значи безброј пати.

Откако ќе си простиме и ќе се измириме, во мир ќе го почнеме постот. Така започнуваат и богослужбите, со повикот: – Во мир да се помолиме на Господа!

За МИА подготви Проф. д-р Ратомир Грозданоски

The post Сите адети поврзани со оваа Сирна недела, неделата пред Прочка appeared first on Република.

Од утре почнува Велигденскиот пост, еве какви се адетите за Чист понеделник https://republika.mk/zivot/servisi/od-utre-pochnuva-veligdenskiot-post-eve-kakvi-se-adetite-za-chist-ponedelnik/ Sun, 06 Mar 2022 15:40:48 +0000 https://republika.mk/?p=468115

Утре започнуваат велигденските пости. Денот по Прочка е Чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост. На овој ден се чисти куќата, децата и возрасните се бањаат, шишаат и бричат. Особено се внимава садовите за храна да се измијат и испоснат од мрсното. Во минатото тоа се правело со брашно или пепел и со подолго вриење.

За време на велигденските пости покрај вообичаените конзумирања храна од растително потекло, житарици, зеленчук и овошје, постојат и одредени карактеристични продукти што се подготвуваат само во одредени денови за време на постите.

Во текот на седумнеделниот период на Велигденскиот пост има повеќе празници. Во првата недела од великите пости, од понеделникот до средата се деновите наречени тримери кога не се конзумира никаква храна ниту течност. Одредени продукти од храна се подготвуваат за денот по завршувањето на тримерите, што е третиот ден од почетокот на великиот пост.

Во средата, кај оној што ги „држел” тримерите и каде што имало млада невеста, доаѓале гости. Домаќинката за таа прилика има подготвено варена пченица со конопни зрна, ошав – компот од црни сливи и друго сушено овошје (јаболко, суво грозје, диви сливи), кравајче од пченично брашно замесено со пепелница, украсено со бонбони. Се месело, исто така, и пита-зелник, со зеље, одозгора посолено со сусам додека на дното од тепсијата се ставале сецкани ореви. Задолжително за таа прилика како пијалок се носело и боза. Гостите што доаѓаат на посета исто така носеле боза, кравајче и пченица. Во оваа прилика се купувало и сезонско овошје, особено портокали.

Првата сабота после прочка е празникот Тодорова сабота- Тодорица, а саботата пред Велигден е Лазарова сабота, а во неделата се Цветници. Празникот Благовештение кој секогаш е на 7 април.

За празниците Благовец и Цветници дозволена била употреба на посни меса во кои спаѓаат рибата и полжавите. Рибата печена или пржена на масло, или подготвена со ориз или, пак, со запржен кромид и суви црни сливи, била скоро задолжително подготвувана во овие денови. Полжавите се печеле или се вареле како готвено јадење со зеленчук.

Сепак велигденскиот пост не значи само одрекување од храна. Важен е и духовниот пост. Верниците во деновите на постот треба да се воздржат од лоши мисли и дела, и да се обидат да најдат духовен мир, без што постот нема смисол.

The post Од утре почнува Велигденскиот пост, еве какви се адетите за Чист понеделник appeared first on Република.

]]>

Утре започнуваат велигденските пости. Денот по Прочка е Чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост. На овој ден се чисти куќата, децата и возрасните се бањаат, шишаат и бричат. Особено се внимава садовите за храна да се измијат и испоснат од мрсното. Во минатото тоа се правело со брашно или пепел и со подолго вриење. За време на велигденските пости покрај вообичаените конзумирања храна од растително потекло, житарици, зеленчук и овошје, постојат и одредени карактеристични продукти што се подготвуваат само во одредени денови за време на постите. Во текот на седумнеделниот период на Велигденскиот пост има повеќе празници. Во првата недела од великите пости, од понеделникот до средата се деновите наречени тримери кога не се конзумира никаква храна ниту течност. Одредени продукти од храна се подготвуваат за денот по завршувањето на тримерите, што е третиот ден од почетокот на великиот пост. Во средата, кај оној што ги „држел” тримерите и каде што имало млада невеста, доаѓале гости. Домаќинката за таа прилика има подготвено варена пченица со конопни зрна, ошав – компот од црни сливи и друго сушено овошје (јаболко, суво грозје, диви сливи), кравајче од пченично брашно замесено со пепелница, украсено со бонбони. Се месело, исто така, и пита-зелник, со зеље, одозгора посолено со сусам додека на дното од тепсијата се ставале сецкани ореви. Задолжително за таа прилика како пијалок се носело и боза. Гостите што доаѓаат на посета исто така носеле боза, кравајче и пченица. Во оваа прилика се купувало и сезонско овошје, особено портокали. Првата сабота после прочка е празникот Тодорова сабота- Тодорица, а саботата пред Велигден е Лазарова сабота, а во неделата се Цветници. Празникот Благовештение кој секогаш е на 7 април. За празниците Благовец и Цветници дозволена била употреба на посни меса во кои спаѓаат рибата и полжавите. Рибата печена или пржена на масло, или подготвена со ориз или, пак, со запржен кромид и суви црни сливи, била скоро задолжително подготвувана во овие денови. Полжавите се печеле или се вареле како готвено јадење со зеленчук. Сепак велигденскиот пост не значи само одрекување од храна. Важен е и духовниот пост. Верниците во деновите на постот треба да се воздржат од лоши мисли и дела, и да се обидат да најдат духовен мир, без што постот нема смисол.

The post Од утре почнува Велигденскиот пост, еве какви се адетите за Чист понеделник appeared first on Република.

]]>
Прости ми, да ти простам: Денес е „Прочка“, верувања и обичаи кои мора да ги направите за овој ден https://republika.mk/zivot/servisi/prosti-mi-da-ti-prostam-denes-e-prochka-veruvanja-i-obichai-koi-mora-da-gi-napravite-za-ovoj-den/ Sun, 06 Mar 2022 07:48:32 +0000 https://republika.mk/?p=468386

„Прости ми, да ти простам“ со овие зборови денес верниците, на големиот празник, ќе забораваат на кавгите, на проблемите, на недоразбирањето и со чиста совест и душа ќе ги започнат велигденските пости.

Прочка или Велики поклади, е ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на Велигденскиот пост. Датата на Прочка се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на седум недели пред Велигден.

За овој наш христијански празник Прочка семејството би требало да го поминат во пријатна и топла атмосфера во богата трпеза. Помладите членови од семејството треба да побараат прочка од постарите членови со зборовите „прости ми“, а постариот член одговара „простено да ти е од мене и од Бога“.

На овој ден се изведуваат богати обичаи како што се проштевањето, оттука и празникот го добил името, потоа амкањето, обредните огнови, богатата трпеза, гатањето за живот и среќа, обичаите за очистувањето од болви, вошки и други штетници. Обичаите се стари и македонски, кои се пренесеуваат од колено на колено меѓу генерациите.

Мора да се напомене, дека од верски аспект, само простувањето како обичај има христијанска основа, додека други се остатоци од претхристијанските пролетни празнувања.

Неделата пред Прочка се нарекува бела или сирна недела, кога не се јаде месо, туку се јадат млечни продукти или сукани пити. Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајца.

Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на децата. Детето што ќе успее го гризне јајцето се прогласува за најсреќно во следната година и добива награда.

Еден од главните елементи на Прочка е маскирањето и преоблекувањето. Според обичајот, за Велики поклади порано се маскирале само мажите, а маските требало да бидат што пострашни и посмешни.

Затоа денес заборавте на сите недоразбирања и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле.

The post Прости ми, да ти простам: Денес е „Прочка“, верувања и обичаи кои мора да ги направите за овој ден appeared first on Република.

]]>

„Прости ми, да ти простам“ со овие зборови денес верниците, на големиот празник, ќе забораваат на кавгите, на проблемите, на недоразбирањето и со чиста совест и душа ќе ги започнат велигденските пости. Прочка или Велики поклади, е ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на Велигденскиот пост. Датата на Прочка се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на седум недели пред Велигден. За овој наш христијански празник Прочка семејството би требало да го поминат во пријатна и топла атмосфера во богата трпеза. Помладите членови од семејството треба да побараат прочка од постарите членови со зборовите „прости ми“, а постариот член одговара „простено да ти е од мене и од Бога“. На овој ден се изведуваат богати обичаи како што се проштевањето, оттука и празникот го добил името, потоа амкањето, обредните огнови, богатата трпеза, гатањето за живот и среќа, обичаите за очистувањето од болви, вошки и други штетници. Обичаите се стари и македонски, кои се пренесеуваат од колено на колено меѓу генерациите. Мора да се напомене, дека од верски аспект, само простувањето како обичај има христијанска основа, додека други се остатоци од претхристијанските пролетни празнувања. Неделата пред Прочка се нарекува бела или сирна недела, кога не се јаде месо, туку се јадат млечни продукти или сукани пити. Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајца. Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на децата. Детето што ќе успее го гризне јајцето се прогласува за најсреќно во следната година и добива награда. Еден од главните елементи на Прочка е маскирањето и преоблекувањето. Според обичајот, за Велики поклади порано се маскирале само мажите, а маските требало да бидат што пострашни и посмешни. Затоа денес заборавте на сите недоразбирања и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле.

The post Прости ми, да ти простам: Денес е „Прочка“, верувања и обичаи кои мора да ги направите за овој ден appeared first on Република.

]]>
Утре е Прочка: Адети има разни, но овие две работи мора да ги имате на трпезата https://republika.mk/zivot/servisi/utre-e-prochka-adeti-ima-razni-no-ovie-dve-raboti-mora-da-gi-imate-na-trpezata/ Sat, 05 Mar 2022 10:12:12 +0000 https://republika.mk/?p=468100

Утре ни доаѓа големиот празник Прочка.

На Прочка, според традицијата, помладиот бара прошка од постариот. Синот приоѓа кај таткото, братот кај брата си, ќерка кај мајка си, снаа кај свекрва, сестра кај сестра си и секој секому му вели: „Прости ми“, а тој одговара: „Простено да ти е од мене и од Бога“. Така прави секој кон секого, и машко и женско, помладиот кон постариот, но и постариот кон помладиот.

За Прочка се прави заедничка вечера во семејството на која се запокладува со сирење и јајца. Вечерата завршува со амкање јајца за децата, што претставува детска радост и добро расположение. А вистинската смисла на сето тоа е дека пред постот, на последното јадење, запостуваме и ја затвораме устата со бело јајце и потоа, на Велигден ја отвораме и замрсуваме со црвено јајце. Мрсењето завршува во Белата недела, со бело јајце и пак започнува со јајце, но црвено – велигденско, на Велигден.

Утредента, првиот ден по Прочка е чист понеделник кога постот веќе започнал. Тоа е првиот ден од големиот Велигденски пост. Чист понеделник е така именуван затоа што започнува нешето очистување со постот – духовно и телесно.

The post Утре е Прочка: Адети има разни, но овие две работи мора да ги имате на трпезата appeared first on Република.

]]>

Утре ни доаѓа големиот празник Прочка. На Прочка, според традицијата, помладиот бара прошка од постариот. Синот приоѓа кај таткото, братот кај брата си, ќерка кај мајка си, снаа кај свекрва, сестра кај сестра си и секој секому му вели: „Прости ми“, а тој одговара: „Простено да ти е од мене и од Бога“. Така прави секој кон секого, и машко и женско, помладиот кон постариот, но и постариот кон помладиот. За Прочка се прави заедничка вечера во семејството на која се запокладува со сирење и јајца. Вечерата завршува со амкање јајца за децата, што претставува детска радост и добро расположение. А вистинската смисла на сето тоа е дека пред постот, на последното јадење, запостуваме и ја затвораме устата со бело јајце и потоа, на Велигден ја отвораме и замрсуваме со црвено јајце. Мрсењето завршува во Белата недела, со бело јајце и пак започнува со јајце, но црвено – велигденско, на Велигден. Утредента, првиот ден по Прочка е чист понеделник кога постот веќе започнал. Тоа е првиот ден од големиот Велигденски пост. Чист понеделник е така именуван затоа што започнува нешето очистување со постот – духовно и телесно.

The post Утре е Прочка: Адети има разни, но овие две работи мора да ги имате на трпезата appeared first on Република.

]]>
Се враќаат мечкарите за Прочка во Прилеп https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/se-vrakjaat-mechkarite-za-prochka-vo-prilep/ Sun, 06 Feb 2022 13:01:50 +0000 https://republika.mk/?p=454737

По двегодишна пауза, годинава ќе се одржи прилепскиот карневал „Прочка“. На Велики-Поклади, Прочка, на 6 март, во Прилеп ќе продефилираат карневалските маски на чело со Мечкарите, традиционалната, вековна маска, препознатлива за прилепскиот карневал.

Според условите, Карневалот кој е јубилеенб, по 20-ти пат, ќе се одржи во помал обем, со домашни учесници, објаснува Ванчо Георгиев, претседател на меѓународниот карневал „Прочка“.

– Имавме пауза од две години. Традицијата за „преправање“, маскирање на Прочка е перманентна. Ако и годинава не го организиравме карневалот, полека-полека ќе згаснат традициите за изработката на маски. Ние ќе се потрудиме да се одржи. Секако, не во тој обем како што беше, зашто тешко е да има гости од странство. Оваа година ќе биде, претежно, републички. Ќе имаме гости од земјава и, наши, традиционални маски. Интересно е што бројот на „мечкари“ е зголемен. Ќе има поголем број мечкари, бидејќи ние успеавме годинава и лани да купиме дел од опремата. Без разлика на сѐ, тие работат. Лани ги одржаа традициите со посетата на касапските куќи. Годинава ќе настапат според програмата. Мечкарите, традиционално, го отворат Прилепскиот карневал. Има најави дека и младите ќе изработат маски. На Карневалот сакаме да имаме и вип-гости, ќе ги очекуваме, барем по два-тројца претставници. И таму, во соседните земји, ни велат, имаат проблем со потврдите за преминувањето на границите, ама ќе се надеваме, објаснува Георгиев.

Прилепските мечкари се нестрпливи, сакаат да продолжи традицијата. Како што вели Тони Павлески, потпретседател на „Прилепските мечкари“, веќе ги почнаа подготовките.

The post Се враќаат мечкарите за Прочка во Прилеп appeared first on Република.

]]>

По двегодишна пауза, годинава ќе се одржи прилепскиот карневал „Прочка“. На Велики-Поклади, Прочка, на 6 март, во Прилеп ќе продефилираат карневалските маски на чело со Мечкарите, традиционалната, вековна маска, препознатлива за прилепскиот карневал. Според условите, Карневалот кој е јубилеенб, по 20-ти пат, ќе се одржи во помал обем, со домашни учесници, објаснува Ванчо Георгиев, претседател на меѓународниот карневал „Прочка“. – Имавме пауза од две години. Традицијата за „преправање“, маскирање на Прочка е перманентна. Ако и годинава не го организиравме карневалот, полека-полека ќе згаснат традициите за изработката на маски. Ние ќе се потрудиме да се одржи. Секако, не во тој обем како што беше, зашто тешко е да има гости од странство. Оваа година ќе биде, претежно, републички. Ќе имаме гости од земјава и, наши, традиционални маски. Интересно е што бројот на „мечкари“ е зголемен. Ќе има поголем број мечкари, бидејќи ние успеавме годинава и лани да купиме дел од опремата. Без разлика на сѐ, тие работат. Лани ги одржаа традициите со посетата на касапските куќи. Годинава ќе настапат според програмата. Мечкарите, традиционално, го отворат Прилепскиот карневал. Има најави дека и младите ќе изработат маски. На Карневалот сакаме да имаме и вип-гости, ќе ги очекуваме, барем по два-тројца претставници. И таму, во соседните земји, ни велат, имаат проблем со потврдите за преминувањето на границите, ама ќе се надеваме, објаснува Георгиев. Прилепските мечкари се нестрпливи, сакаат да продолжи традицијата. Како што вели Тони Павлески, потпретседател на „Прилепските мечкари“, веќе ги почнаа подготовките.

The post Се враќаат мечкарите за Прочка во Прилеп appeared first on Република.

]]>