прочистителна станица Archives - Република https://republika.mk/tema/prochistitelna-stanica/ За подобро да се разбереме Fri, 24 Mar 2023 13:07:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png прочистителна станица Archives - Република https://republika.mk/tema/prochistitelna-stanica/ 32 32 Мицкоски за договорот за пречистителна станица: Потпишан е истиот договор за кој Арсовска и СДСM клеветеа и не навредуваа https://republika.mk/vesti/skopje/mitskoski-za-dogovorot-za-prechistitelna-stanitsa-potpishan-e-istiot-dogovor-za-koj-arsovska-i-sdsm-klevetea-i-ne-navreduvaa/ Fri, 24 Mar 2023 13:07:10 +0000 https://republika.mk/?p=623236

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на општина Илинден одговарајќи на новинарско прашање за договорот за пречистителна станица поради кој градоначалничката на Град Скоје, Данела Арсовска го разреши директорот на ЈП „Водовод и канализација“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, па истата Арсовска пред некој ден се пофали со потпишувањето на истиот тој грант, истакна дека позитивното во целата работа е тоа што конечно уште едно растурање пердуви се разбиструва па граѓаните можат да видат какви луѓе, за жал, се на многу значајни позиции.
„Јас тоа го зборував и тогаш, а и денеска истото можам да го повторам дека договорот кој што и тогаш и денеска се потпишува е истиот, нити точка, ниту запирка е сменето.

Тогаш Арсовска реши да коалицира со ДУИ и со СДСМ и да продолжи така да функционира. И во ред со среќа нека е. Никогаш во животот ни една работа не е вечна, па ни таа, но добро е што конечно уште едно растурање на пердуви, уште една магла се разбиструва и граѓаните можат да видат, за жал, и ние како ВМРО-ДПМНЕ имавме доверба во одреден период, какви луѓе се на многу значајни места кои што треба да се занимаваат само за интересот на граѓаните, во случајот на скопјани, но за жал таа се занимава за нешто кое што нема никаква врска со јавниот интерес на скопјани“, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека градоначалничката Арсовска и СДСМ и должат едно големо извинување за навредите и за скапите билборди со лаги и клевети, платени со народни пари во екот на најголемата финансиска и енергетска.

„Понекогаш човек и се срами за тоа што го гледа. Јас навистина се чувствувам засрамено што воопшто имав можност во животот да запознам една таква личност и во овој момент можам само да кажам дека и таа и СДСМ им должат на скопјани едно големо извинување. Најпрвин поради навредите упатени кон мене, кон ВМРО-ДПМНЕ, кон советниците од ВМРО-ДПМНЕ, кон луѓето кои што работеа таа да биде градоначалник, а СДСМ треба да се извини што во екот на најголемата би рекол финансиска и енергетска криза трошеа народни пари за билборди за да лажат, да ме клеветат и да навредуваат, но вистината порано или подоцна излегува на виделина, така е и во овој случај ќе видите понатаму, допрва ќе бидете подготвени за многу изненадувања непријатни за нив, а за среќа на скопјани сепак ќе дојде до една реализација на еден капитален проект којшто многу значи за скопјани“, потенцираше Мицкоски.

The post Мицкоски за договорот за пречистителна станица: Потпишан е истиот договор за кој Арсовска и СДСM клеветеа и не навредуваа appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на општина Илинден одговарајќи на новинарско прашање за договорот за пречистителна станица поради кој градоначалничката на Град Скоје, Данела Арсовска го разреши директорот на ЈП „Водовод и канализација“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, па истата Арсовска пред некој ден се пофали со потпишувањето на истиот тој грант, истакна дека позитивното во целата работа е тоа што конечно уште едно растурање пердуви се разбиструва па граѓаните можат да видат какви луѓе, за жал, се на многу значајни позиции. „Јас тоа го зборував и тогаш, а и денеска истото можам да го повторам дека договорот кој што и тогаш и денеска се потпишува е истиот, нити точка, ниту запирка е сменето.
Тогаш Арсовска реши да коалицира со ДУИ и со СДСМ и да продолжи така да функционира. И во ред со среќа нека е. Никогаш во животот ни една работа не е вечна, па ни таа, но добро е што конечно уште едно растурање на пердуви, уште една магла се разбиструва и граѓаните можат да видат, за жал, и ние како ВМРО-ДПМНЕ имавме доверба во одреден период, какви луѓе се на многу значајни места кои што треба да се занимаваат само за интересот на граѓаните, во случајот на скопјани, но за жал таа се занимава за нешто кое што нема никаква врска со јавниот интерес на скопјани“, истакна Мицкоски.
Тој додаде дека градоначалничката Арсовска и СДСМ и должат едно големо извинување за навредите и за скапите билборди со лаги и клевети, платени со народни пари во екот на најголемата финансиска и енергетска.
„Понекогаш човек и се срами за тоа што го гледа. Јас навистина се чувствувам засрамено што воопшто имав можност во животот да запознам една таква личност и во овој момент можам само да кажам дека и таа и СДСМ им должат на скопјани едно големо извинување. Најпрвин поради навредите упатени кон мене, кон ВМРО-ДПМНЕ, кон советниците од ВМРО-ДПМНЕ, кон луѓето кои што работеа таа да биде градоначалник, а СДСМ треба да се извини што во екот на најголемата би рекол финансиска и енергетска криза трошеа народни пари за билборди за да лажат, да ме клеветат и да навредуваат, но вистината порано или подоцна излегува на виделина, така е и во овој случај ќе видите понатаму, допрва ќе бидете подготвени за многу изненадувања непријатни за нив, а за среќа на скопјани сепак ќе дојде до една реализација на еден капитален проект којшто многу значи за скопјани“, потенцираше Мицкоски.

The post Мицкоски за договорот за пречистителна станица: Потпишан е истиот договор за кој Арсовска и СДСM клеветеа и не навредуваа appeared first on Република.

]]>
Арсовска само се изрезили со „рачињата во медот“, потпишаниот договор за пречистителната станица му го избели образот на Перински https://republika.mk/vesti/skopje/arsovska-samo-se-izrezili-so-rachinata-vo-medot-potpishaniot-dogovor-za-prechistitelnata-stanitsa-mu-go-izbeli-obrazot-na-perinski/ Fri, 24 Mar 2023 08:12:32 +0000 https://republika.mk/?p=623084

Како кула од карти паднаа обвинувањата на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска за наводно местење на тендерот за изградбата на пречистителна станица од страна на поранешниот директор на ЈП Водовод и канализација Скопје Златко Перински откако вчера од страна на заменик претседателката на Европската инвестициска банка одговорна за Западен Балкан, Лилјана Павлова во присуство на евроамбасадорот Дејвид Гир се потпиша договорот за грант вреден 70 милиони евра.

Речиси поминаа повеќе од седум месеци по кавгата на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ поради обвинувањата дека наводно Арсовска го фатила тогашниот директор Перински со рачињата во медот и се обидувал да влијае на целата тендерска постапка за изградба на пречистителната станица во Скопје.

Неоснованите обвинувања кои не беа поткрепени со цврсти докази изнесени на прес-конференција на Арсовска, ги демантираше и самиот Перински, кој рече дека се е во согласност со прописите и процедурите на ЕИБ и Европската банка за обнова и развој, како и дека самата Арсовска барала промена не членовите на евалуациската комисија за изградба на пречистителната станица, без никакво образложение, за која што рече дека ја известил и ЕИБ која тогаш одговорила негативно.

Јас за ова ја известив Европската инвестициска банка која е банка лидер и која е кредитор на самиот проект тежок 160 милиони евра за ваквиот чекор и побарав мислење за ваквото барање. Европската инвестициска банка одговори за ваквото барање на Арсовска негативно. Значи она што го бараше градоначалничката не е одобрено од банката лидер. Јас не можам да си дозволам незаконито работење по ниту една цена и кога било. Ниту, пак, ќе подлегнам на притисоците. Затоа она што јас го следам е единствено законот и мислењето на релевантните институции, рече Перински.

Многу набрзо обвинувањата на Арсовска за незаконско постапување на Перински ги демантираше и Европската инвестициска банка, која преку соопштение до јавноста информираше дека набавките се спроведени во согласност со водичот за набавки на ЕИБ и во согласност со одобрената стратегија за набавки, а во текот на вчерашниот ден кога се потпиша и самиот договор меѓу Владата и ЕИБ, заменик претседателката на ЕИБ Павлова одговарајќи на новинарско прашање го потврди истиот став, а тоа е дека нема никакви неправилности во текот на постапката и дека се е водено според процедурите кои се воспоставени од ЕИБ.

Во текот на постапката и јавните набавки за пречистителната станица беа успешно завршени, не беа пронајдени никакви пропусти и добија зелено светло за потпис од страна на изведувачот и договорениот супервизор од ‘Водовод и канализација, рече Павлова.

На потпишување на Договорот беше присутна и градоначалничката Арсовска, која најдено во тесно поради неоснованите обвинувања кон Перински, изјави дека евентуалните пропусти во процесот на јавна набавка за пречистителната станица биле спречени поради нејзиното навремено делување.

Нема проблем затоа што не дозволивме да го има, изјави Арсовска.

И опозициската ВМРО-ДПМНЕ излезе со соопштение во кое се повика на изјавите на заменик претседателката на ЕИБ Павлова, потенцирајќи дека целиот процес бил кристално чист, но Арсовска сега се претставува како спасител на проектот кој што директно пред неколку месеци го саботираше.

Овој проект беше директно саботиран од Данела Арсовска и СДС лажно манипулирајќи дека е криминален, и дека кадрите на ВМРО-ДПМНЕ се со рацете во медот. Арсовска се однесува како да има колективна амнезија на сеќавањето. И сега откако го одобри, ќе се прикажува како за спасител на проектот кој го саботираше, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Овој значаен проект за изградба на пречистителна станица скопјани и за државата беше предмет на многу неосновани обвинувања и обиди за манипулација од страна на скопската градоначалничка Арсовска, но по се изгледа дека сите лажни тврдења и се удрија од глава, и истиот договор непроменет ќе биде потпишан и од самата Арсовска.

The post Арсовска само се изрезили со „рачињата во медот“, потпишаниот договор за пречистителната станица му го избели образот на Перински appeared first on Република.

]]>

Како кула од карти паднаа обвинувањата на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска за наводно местење на тендерот за изградбата на пречистителна станица од страна на поранешниот директор на ЈП Водовод и канализација Скопје Златко Перински откако вчера од страна на заменик претседателката на Европската инвестициска банка одговорна за Западен Балкан, Лилјана Павлова во присуство на евроамбасадорот Дејвид Гир се потпиша договорот за грант вреден 70 милиони евра. Речиси поминаа повеќе од седум месеци по кавгата на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ поради обвинувањата дека наводно Арсовска го фатила тогашниот директор Перински со рачињата во медот и се обидувал да влијае на целата тендерска постапка за изградба на пречистителната станица во Скопје. Неоснованите обвинувања кои не беа поткрепени со цврсти докази изнесени на прес-конференција на Арсовска, ги демантираше и самиот Перински, кој рече дека се е во согласност со прописите и процедурите на ЕИБ и Европската банка за обнова и развој, како и дека самата Арсовска барала промена не членовите на евалуациската комисија за изградба на пречистителната станица, без никакво образложение, за која што рече дека ја известил и ЕИБ која тогаш одговорила негативно.
Јас за ова ја известив Европската инвестициска банка која е банка лидер и која е кредитор на самиот проект тежок 160 милиони евра за ваквиот чекор и побарав мислење за ваквото барање. Европската инвестициска банка одговори за ваквото барање на Арсовска негативно. Значи она што го бараше градоначалничката не е одобрено од банката лидер. Јас не можам да си дозволам незаконито работење по ниту една цена и кога било. Ниту, пак, ќе подлегнам на притисоците. Затоа она што јас го следам е единствено законот и мислењето на релевантните институции, рече Перински.
Многу набрзо обвинувањата на Арсовска за незаконско постапување на Перински ги демантираше и Европската инвестициска банка, која преку соопштение до јавноста информираше дека набавките се спроведени во согласност со водичот за набавки на ЕИБ и во согласност со одобрената стратегија за набавки, а во текот на вчерашниот ден кога се потпиша и самиот договор меѓу Владата и ЕИБ, заменик претседателката на ЕИБ Павлова одговарајќи на новинарско прашање го потврди истиот став, а тоа е дека нема никакви неправилности во текот на постапката и дека се е водено според процедурите кои се воспоставени од ЕИБ.
Во текот на постапката и јавните набавки за пречистителната станица беа успешно завршени, не беа пронајдени никакви пропусти и добија зелено светло за потпис од страна на изведувачот и договорениот супервизор од ‘Водовод и канализација, рече Павлова.
На потпишување на Договорот беше присутна и градоначалничката Арсовска, која најдено во тесно поради неоснованите обвинувања кон Перински, изјави дека евентуалните пропусти во процесот на јавна набавка за пречистителната станица биле спречени поради нејзиното навремено делување.
Нема проблем затоа што не дозволивме да го има, изјави Арсовска.
И опозициската ВМРО-ДПМНЕ излезе со соопштение во кое се повика на изјавите на заменик претседателката на ЕИБ Павлова, потенцирајќи дека целиот процес бил кристално чист, но Арсовска сега се претставува како спасител на проектот кој што директно пред неколку месеци го саботираше.
Овој проект беше директно саботиран од Данела Арсовска и СДС лажно манипулирајќи дека е криминален, и дека кадрите на ВМРО-ДПМНЕ се со рацете во медот. Арсовска се однесува како да има колективна амнезија на сеќавањето. И сега откако го одобри, ќе се прикажува како за спасител на проектот кој го саботираше, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Овој значаен проект за изградба на пречистителна станица скопјани и за државата беше предмет на многу неосновани обвинувања и обиди за манипулација од страна на скопската градоначалничка Арсовска, но по се изгледа дека сите лажни тврдења и се удрија од глава, и истиот договор непроменет ќе биде потпишан и од самата Арсовска.

The post Арсовска само се изрезили со „рачињата во медот“, потпишаниот договор за пречистителната станица му го избели образот на Перински appeared first on Република.

]]>
Од лагите остана медот и срамот за Арсовска и СДСМ за пречистителната станица https://republika.mk/vesti/skopje/od-lagite-ostana-medot-i-sramot-za-arsovska-i-sdsm-za-prechistitelnata-stanitsa/ Wed, 22 Mar 2023 14:31:01 +0000 https://republika.mk/?p=622470

Денес Владата го потпишува договорот со ЕИБ за грант на пречистителна станица во Скопје, проект во кој беше вклучен Златко Перински како директор на ЈП Водовод и канализација.

Од ВМРО-ДПМНЕ отсетуваат дека овој проект од капитално значење за скопјани беше директно саботиран од Данела Арсовска и СДСМ, лажно манипулирајќи дека е криминален и дека кадрите на ВМРО-ДПМНЕ се “со рацете во медот“.

Потпретседателката на ЕИБ, Павлова потврди дека се работи за кристално чист проект.

„Она што можам да го кажам е дека ние мора да следиме посебни правила и процедури и вршиме надзор со вонредни и редовни контроли на процесот на оваа јавна набавка, но се мина како во добар ред и има зелено светло за Водовод да го потпише договорот, рече Павлова од Европската инвестициска банка.

Денес Арсовска присуствуваше на истиот проект поради кој го разреши Перински без никаков основ.

-Арсовска се однесува како да има колективна амнезија на сеќавањето. И сега откако го одобри истиот проект, ќе се прикажува како за спасител на проектот кој го саботираше. Паднаа маските. Се видоа лагите и клеветите на Арсовска за пречистителната станица, и се потврди коалицијата Арсовска, СДС, ДУИ и Левица. Денес со Владата и СДС таа срка од истиот мед за кој говореше, но останаа груба дамка манипулациите и жестоките лаги кон претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Златко Перински. Од лагите остана медот и срамот за Данела и владата на СДС, за народот пречистителна станица. Најмалку што може денес Арсовска и СДС да направат е да се извинат за лагите кон Мицкоски, Перински и ВМРО-ДПМНЕ. Арсовска рекла, Арсовска порекла. Арсовска си срка тоа што плукала, порачуваат од ВMРО-ДПМНЕ.

The post Од лагите остана медот и срамот за Арсовска и СДСМ за пречистителната станица appeared first on Република.

]]>

Денес Владата го потпишува договорот со ЕИБ за грант на пречистителна станица во Скопје, проект во кој беше вклучен Златко Перински како директор на ЈП Водовод и канализација. Од ВМРО-ДПМНЕ отсетуваат дека овој проект од капитално значење за скопјани беше директно саботиран од Данела Арсовска и СДСМ, лажно манипулирајќи дека е криминален и дека кадрите на ВМРО-ДПМНЕ се “со рацете во медот“.
Потпретседателката на ЕИБ, Павлова потврди дека се работи за кристално чист проект.
„Она што можам да го кажам е дека ние мора да следиме посебни правила и процедури и вршиме надзор со вонредни и редовни контроли на процесот на оваа јавна набавка, но се мина како во добар ред и има зелено светло за Водовод да го потпише договорот, рече Павлова од Европската инвестициска банка.
Денес Арсовска присуствуваше на истиот проект поради кој го разреши Перински без никаков основ.
-Арсовска се однесува како да има колективна амнезија на сеќавањето. И сега откако го одобри истиот проект, ќе се прикажува како за спасител на проектот кој го саботираше. Паднаа маските. Се видоа лагите и клеветите на Арсовска за пречистителната станица, и се потврди коалицијата Арсовска, СДС, ДУИ и Левица. Денес со Владата и СДС таа срка од истиот мед за кој говореше, но останаа груба дамка манипулациите и жестоките лаги кон претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Златко Перински. Од лагите остана медот и срамот за Данела и владата на СДС, за народот пречистителна станица. Најмалку што може денес Арсовска и СДС да направат е да се извинат за лагите кон Мицкоски, Перински и ВМРО-ДПМНЕ. Арсовска рекла, Арсовска порекла. Арсовска си срка тоа што плукала, порачуваат од ВMРО-ДПМНЕ.

The post Од лагите остана медот и срамот за Арсовска и СДСМ за пречистителната станица appeared first on Република.

]]>
Потпишан Договорот за 70 милиони евра грант од ЕУ за пречистителната станица во Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/potpishan-dogovorot-za-70-milioni-evra-grant-od-eu-za-prechistitelnata-stanitsa-vo-skopje-2/ Wed, 22 Mar 2023 13:39:16 +0000 https://republika.mk/?p=622457

Третирана вода со врвен квалитет, според европските стандарди и заштеда од протекување, ќе овозможи пречистителната станица во Скопје за чија изградба, денеска, со ЕУ грантот од 70 милиони евра, се заокружи финансиската рамка вредна над 200 милиони евра.

Договорот за грантот го потпишаа министерот за финансии Фатмир Бесими, заменик претседателката на Европската инвестициска банка одговорна за Западен Балкан, Лилјана Павлова и министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, во присуство на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и евроамбасадорот Дејвид Гир.

Како што беше кажано, проектот ќе овозможи подобри услови за живот за околу 540 000 луѓе и е најголемиот досега кај нас во секторот животна средина. Имплементатори се Градот Скопје и ЈП „Водовоод и канализација“.

По денешното заокружување на финансиската рамка, останува уште да се завршат процесот на експропријација и урбанистичко-ппланската документација со Градот Скопје и Општина Гази Баба, како и да се потпишат договорите за градба и надзор од страна на ЈП „Водовод и канализација“.

- Овој проект е над сите политички интереси во земјава и императив ако сакаме да бидеме дел од европското семејство, но и уште една потврда за конкретната поддршка што и ја дава ЕУ на земјава, беше истакнато пред потпишувањето на Договорот.

-Токму денес, на Светскиот ден на водата, се обврзуваме да бидеме дел од промената која подразбира одговорен однос и заштита на водите. Конечно скопјани ќе ја добијат пречистителната станица која е од витално еколошко значење. Ова е потврда дека европската интеграција е најдобрата формула за натамошниот развој на земјата, а дека членството во ЕУ не значи само исполнување на критериумите и усогласување со законодатството, туку и конкретна помош за државата и конкретни придобивки за граѓаните. Ги носиме европските стандарди на живеење кај нас. Во чекор сме кон целта на зелената агенда на Западен Балкан, потенцира вицепремиерот Маричиќ.

Како што рече министерот Бесими, грантот доаѓа во време кога финансиските пазари се значително скапи.

-За овие средства ниту треба да се задолжиме, ниту да платиме камата, а не треба ни да ги вратиме. Ова се пари за нашите граѓани, за 500 000 жители во градот Скопје. Ова е уште една потврда дека нашата европска иднина и членството во ЕУ не се само формален или политички процес, туку значат вистинско подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните и се јасен сигнал за поддршката што ни ја дава ЕУ, подвлече Бесими.

Министерката Шукова рече дека со изградбата на пречистителната станица, ќе се овозможи примарен и секундарен третман на отпадните води во Скопје со што ќе се исполнат минималните барања од Директивата на ЕУ за третман на урбани отапдни води.

-Договорот е во духот на мотото на Светскиот ден на водите - „Да се забрза промената“, а Владата работи токму во таа насока. Пречистетлната страница е предизвикувачки процес кој бара голема координација на сите засегнати страни. Но, сите заедно сме подготвени да го прифатиме предизвикот. Целта на проектот е да даде значаен и мерлив придонес за подобрување на скопската урбана средина и за подобрување на третманот на отпадните води, прочистување и елиминација на милта, а со тоа и подобрување на квалитетот на живот и водните тела, рече Шукова.

И евроамбасадорот Гир потврди дека грантот е уште една практичен пример за поддршката од ЕУ за Македонија.

-Откако ќе биде пуштена во функција, пречистителната станица ќе може безбедно да ја третира и прочистува водата за 540 000 жители. Третираната вода ќе има врвен квалитет, согласно европските стандарди. Ќе се намали и протекувањето, па 70 проценти од искористената вода ќе може да се употреби што е од суштинско значење во период на климатски промени и зголемување на урбаното население. Тоа ќе помогне и водата од реката Вардар која тече од Скопје кон Егејско Море да биде помалку загадена, посочи Гир.

Заменик претседателката на Европската инвестициска банка (ЕИБ) Лилјана Павлова потсети дека овој проект досега доби голема техничка помош и поддршка, а во претстојните денови треба да се потпишат договорите за изградба и надзор од Град Скопје и ЈП „Водовод и канализација“.

-Мора да ги чуваме водените природни ресурси и внимателно да ги користиме. Овој проект е од витална важност за скопјани, но и за Македонија воопшто. Се работи за најголем инвестициски грант за Македонија во рамки на Инвестициската рамка за Западен Балкан, рече Павлова.

Осврнувајќи се на статистиките, таа укажа дека до 2025 година, 800 милиони луѓе во светот ќе се соочат со недостиг на вода.

-Тука има богатство на вода и треба добро да ја чуваме, но и да се осигураме дека нејзиниот квалитет за пиење е на најдобро можно ниво, подвлече Павлова

The post Потпишан Договорот за 70 милиони евра грант од ЕУ за пречистителната станица во Скопје appeared first on Република.

]]>

Третирана вода со врвен квалитет, според европските стандарди и заштеда од протекување, ќе овозможи пречистителната станица во Скопје за чија изградба, денеска, со ЕУ грантот од 70 милиони евра, се заокружи финансиската рамка вредна над 200 милиони евра. Договорот за грантот го потпишаа министерот за финансии Фатмир Бесими, заменик претседателката на Европската инвестициска банка одговорна за Западен Балкан, Лилјана Павлова и министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, во присуство на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и евроамбасадорот Дејвид Гир. Како што беше кажано, проектот ќе овозможи подобри услови за живот за околу 540 000 луѓе и е најголемиот досега кај нас во секторот животна средина. Имплементатори се Градот Скопје и ЈП „Водовоод и канализација“. По денешното заокружување на финансиската рамка, останува уште да се завршат процесот на експропријација и урбанистичко-ппланската документација со Градот Скопје и Општина Гази Баба, како и да се потпишат договорите за градба и надзор од страна на ЈП „Водовод и канализација“. - Овој проект е над сите политички интереси во земјава и императив ако сакаме да бидеме дел од европското семејство, но и уште една потврда за конкретната поддршка што и ја дава ЕУ на земјава, беше истакнато пред потпишувањето на Договорот. -Токму денес, на Светскиот ден на водата, се обврзуваме да бидеме дел од промената која подразбира одговорен однос и заштита на водите. Конечно скопјани ќе ја добијат пречистителната станица која е од витално еколошко значење. Ова е потврда дека европската интеграција е најдобрата формула за натамошниот развој на земјата, а дека членството во ЕУ не значи само исполнување на критериумите и усогласување со законодатството, туку и конкретна помош за државата и конкретни придобивки за граѓаните. Ги носиме европските стандарди на живеење кај нас. Во чекор сме кон целта на зелената агенда на Западен Балкан, потенцира вицепремиерот Маричиќ. Како што рече министерот Бесими, грантот доаѓа во време кога финансиските пазари се значително скапи. -За овие средства ниту треба да се задолжиме, ниту да платиме камата, а не треба ни да ги вратиме. Ова се пари за нашите граѓани, за 500 000 жители во градот Скопје. Ова е уште една потврда дека нашата европска иднина и членството во ЕУ не се само формален или политички процес, туку значат вистинско подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните и се јасен сигнал за поддршката што ни ја дава ЕУ, подвлече Бесими. Министерката Шукова рече дека со изградбата на пречистителната станица, ќе се овозможи примарен и секундарен третман на отпадните води во Скопје со што ќе се исполнат минималните барања од Директивата на ЕУ за третман на урбани отапдни води.
-Договорот е во духот на мотото на Светскиот ден на водите - „Да се забрза промената“, а Владата работи токму во таа насока. Пречистетлната страница е предизвикувачки процес кој бара голема координација на сите засегнати страни. Но, сите заедно сме подготвени да го прифатиме предизвикот. Целта на проектот е да даде значаен и мерлив придонес за подобрување на скопската урбана средина и за подобрување на третманот на отпадните води, прочистување и елиминација на милта, а со тоа и подобрување на квалитетот на живот и водните тела, рече Шукова.
И евроамбасадорот Гир потврди дека грантот е уште една практичен пример за поддршката од ЕУ за Македонија. -Откако ќе биде пуштена во функција, пречистителната станица ќе може безбедно да ја третира и прочистува водата за 540 000 жители. Третираната вода ќе има врвен квалитет, согласно европските стандарди. Ќе се намали и протекувањето, па 70 проценти од искористената вода ќе може да се употреби што е од суштинско значење во период на климатски промени и зголемување на урбаното население. Тоа ќе помогне и водата од реката Вардар која тече од Скопје кон Егејско Море да биде помалку загадена, посочи Гир. Заменик претседателката на Европската инвестициска банка (ЕИБ) Лилјана Павлова потсети дека овој проект досега доби голема техничка помош и поддршка, а во претстојните денови треба да се потпишат договорите за изградба и надзор од Град Скопје и ЈП „Водовод и канализација“. -Мора да ги чуваме водените природни ресурси и внимателно да ги користиме. Овој проект е од витална важност за скопјани, но и за Македонија воопшто. Се работи за најголем инвестициски грант за Македонија во рамки на Инвестициската рамка за Западен Балкан, рече Павлова. Осврнувајќи се на статистиките, таа укажа дека до 2025 година, 800 милиони луѓе во светот ќе се соочат со недостиг на вода. -Тука има богатство на вода и треба добро да ја чуваме, но и да се осигураме дека нејзиниот квалитет за пиење е на најдобро можно ниво, подвлече Павлова

The post Потпишан Договорот за 70 милиони евра грант од ЕУ за пречистителната станица во Скопје appeared first on Република.

]]>
Финансиска полиција и ОЈО го тресат Град Скопје, Арсовска давала изјава за прочистителната станица https://republika.mk/vesti/skopje/finansiska-policija-i-ojo-go-tresat-grad-skopje-arsovska-davala-izjava-za-prochistitelnata-stanica/ Tue, 20 Sep 2022 10:23:20 +0000 https://republika.mk/?p=552523

Финансиска полиција и Основното обвинитество влегоа во Град Скопје. Овие две институции веќе неколку дена го проверуваат работењето на градските служби. Како што дознава „Република“ градоначалничката Данела Арсовска во петокот и вчера давала изјава за прочисителната  станица.

Токму проектот за изградба на прочистителна станица на Водовод со европски средства во вредност од околу 136 милиони евра е причина за раздорот меѓу градоначалничката и директорот Перински по што тој си поднесе оставка.

Перински тврдеше дека проектот бил реализиран по насоките од европски ЕБОР но оти имал притисок за да менува луѓе во комисиите на проектот.

The post Финансиска полиција и ОЈО го тресат Град Скопје, Арсовска давала изјава за прочистителната станица appeared first on Република.

]]>

Финансиска полиција и Основното обвинитество влегоа во Град Скопје. Овие две институции веќе неколку дена го проверуваат работењето на градските служби. Како што дознава „Република“ градоначалничката Данела Арсовска во петокот и вчера давала изјава за прочисителната  станица. Токму проектот за изградба на прочистителна станица на Водовод со европски средства во вредност од околу 136 милиони евра е причина за раздорот меѓу градоначалничката и директорот Перински по што тој си поднесе оставка. Перински тврдеше дека проектот бил реализиран по насоките од европски ЕБОР но оти имал притисок за да менува луѓе во комисиите на проектот.

The post Финансиска полиција и ОЈО го тресат Град Скопје, Арсовска давала изјава за прочистителната станица appeared first on Република.

]]>