пробен попис Archives - Република https://republika.mk/tema/proben-popis/ За подобро да се разбереме Tue, 14 Jun 2022 09:27:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пробен попис Archives - Република https://republika.mk/tema/proben-popis/ 32 32 Државниот завод за статистика ќе спроведе Пробен попис на земјоделството од 15 до 30 јуни https://republika.mk/vesti/ekonomija/drzavniot-zavod-za-statistika-kje-sprovede-proben-popis-na-zemjodelstvoto-od-15-do-30-juni/ Tue, 14 Jun 2022 09:27:22 +0000 https://republika.mk/?p=514921

Со Пробниот попис ќе бидат опфатени одреден број семејни земјоделски стопанства и деловни субјекти што се регистрирани и се занимаваат со активности поврзани со земјоделството, соопштија од ДЗС.

Основна цел на Пробниот попис е да се тестираат методологијата и прашалниците за спроведување на Пописот, како и организациските и стручните аспекти на оваа активност.

За таа цел, ќе бидат посетени одредени семејни земјоделски стопанства во избрани општини (Илинден, Куманово, Тетово, Кавадарци, Кривогаштани, Струмица и Чешиново-Облешево), како и деловни субјекти во повеќе општини: Илинден, Гази Баба, Кисела Вода, Бутел, Тетово, Куманово, Струмица, Битола, Ресен и други.

Попишувачите, обучени од страна на Државниот завод за статистика, ќе ги посетат земјоделските стопанства и деловните субјекти и ќе ги интервјуираат со помош на рачно преносливи компјутери -  таблети.

Пробниот попис се спроведува во согласност со Законот за државната статистика, а методолошките и организациските аспекти се целосно усогласени со европските регулативи: IFS 2018/1091, Регулативата за имплементација на IFS 2018/1874 и Регулативата за имплементација на IFS 2021/2269.

Соработката и учеството на домаќинствата и деловните субјекти во оваа статистичка акција ќе му помогнат на Државниот завод за статистика да обезбеди успешно спроведување на главниот Попис на земјоделството следната година, стои во соопштението.

The post Државниот завод за статистика ќе спроведе Пробен попис на земјоделството од 15 до 30 јуни appeared first on Република.

]]>

Со Пробниот попис ќе бидат опфатени одреден број семејни земјоделски стопанства и деловни субјекти што се регистрирани и се занимаваат со активности поврзани со земјоделството, соопштија од ДЗС.
Основна цел на Пробниот попис е да се тестираат методологијата и прашалниците за спроведување на Пописот, како и организациските и стручните аспекти на оваа активност. За таа цел, ќе бидат посетени одредени семејни земјоделски стопанства во избрани општини (Илинден, Куманово, Тетово, Кавадарци, Кривогаштани, Струмица и Чешиново-Облешево), како и деловни субјекти во повеќе општини: Илинден, Гази Баба, Кисела Вода, Бутел, Тетово, Куманово, Струмица, Битола, Ресен и други. Попишувачите, обучени од страна на Државниот завод за статистика, ќе ги посетат земјоделските стопанства и деловните субјекти и ќе ги интервјуираат со помош на рачно преносливи компјутери -  таблети. Пробниот попис се спроведува во согласност со Законот за државната статистика, а методолошките и организациските аспекти се целосно усогласени со европските регулативи: IFS 2018/1091, Регулативата за имплементација на IFS 2018/1874 и Регулативата за имплементација на IFS 2021/2269. Соработката и учеството на домаќинствата и деловните субјекти во оваа статистичка акција ќе му помогнат на Државниот завод за статистика да обезбеди успешно спроведување на главниот Попис на земјоделството следната година, стои во соопштението.

The post Државниот завод за статистика ќе спроведе Пробен попис на земјоделството од 15 до 30 јуни appeared first on Република.

]]>