Прличевси беседи Archives - Република https://republika.mk/tema/prlichevsi-besedi/ За подобро да се разбереме Mon, 07 Feb 2022 15:34:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Прличевси беседи Archives - Република https://republika.mk/tema/prlichevsi-besedi/ 32 32 Пецаков: За нас Григор Прличев, бил и ќе остане не само врвна книжевна преродбеничка фигура, туку и народен трибун https://republika.mk/vesti/kultura/pecakov-za-nas-grigor-prlichev-bil-i-kje-ostane-ne-samo-vrvna-knizevna-prerodbenichka-figura-tuku-i-naroden-tribun/ Mon, 07 Feb 2022 17:47:17 +0000 https://republika.mk/?p=455252

Со доделувањето на наградата за најдобра поема на лауреатот Трајче Кацаров, во НУЦК “Григор Прличев“ викендов беа заокружени свеченостите на годинашните “Прличеви Беседи“. Програмата започна со изведбата на “1762 Лето“ и претставување на наградениот поет и поемата “ЦВЕТКО“. За животниот пат и творештвото на Кацаров, пред присутните зборуваше драматургот Зоран Пејковски, а свое обраќање имаше и градоначалникот Кирил Пецаков.

Почитувани дами и господа, почитувани гости, драги охриѓани. Ми претставува особена чест, најискрено да му ја честитам наградата на познатиот македонски поет, есеист, раскажувач и драмски автор, Трајче Кацаровза поемата „ЦВЕТКО“ и да му посакамкрепко здравје и долги, долги години инспирација во создавањето на нови литературни дела.

Годинашното чествување на делото на македонскиот и светски книжевен великан и преродбеник, овенчаниот со Лаворов венец во Атина, Григор Прличев збогатено е со уште една поема, со која се продолжува традицијата на Прличевата “Сердарот“. Наградата е достоинствен и високовреднуван дел од современата македонска книжевност.

За нас Григор Прличев, бил и ќе остане не само врвна книжевна преродбеничка фигура, туку и народен трибун, човек кој влевал надеж за национално будење и културно самоидентификување. Во тој дух се и идеите на  “Сердарот“ и „Скендербег“  поврзани со борбата за народна слобода и заштита на сиромашните, гладните и унесреќените.

Ваквите манифестации посветени на великаните, каков што е Григор Прличев, се вистинското место гласно да ветиме дека ќе ја продолжиме  традиција и секој на свој начин ќе придонесуваме за подобра иднина на својот народ и на Македонија. На тој пат водилки треба да ни бидат високопоставените, не само уметнички,  туку и етичките и општоцивилизациските вредности на Прличев  – истакна градоначалникот Пецаков.

Претставувањето на  наградената поема “ЦВЕТКО“, нејзините литературни и уметнички вредности пред присутните ги образложи претседателката на жири комисијата Маја Јакимоска Тошиќ, а делови од поемата рецитираа актерите Билјана Билаловиќ и Павел Маслов.

Заблагодарувајќи се на наградата, лауреатот Кацаров, истакна дека во своето творештво секогаш се потпира на делата на големите писатели, поети и философи, прибележувајќи одредени мисли, кои понатака во процесот на творечката имагинација секогаш ја имаат во себе потребата да си биде љубен, зошто поетот не постои без љубовта.

Во продолжение на денешната програма, беше промовирана монографијата “Прличеви беседи (1952-2022) Хроника на еден културен настан“ од авторите Гордана Змејкоска и Милчо Јованоски.

The post Пецаков: За нас Григор Прличев, бил и ќе остане не само врвна книжевна преродбеничка фигура, туку и народен трибун appeared first on Република.

]]>

Со доделувањето на наградата за најдобра поема на лауреатот Трајче Кацаров, во НУЦК “Григор Прличев“ викендов беа заокружени свеченостите на годинашните “Прличеви Беседи“. Програмата започна со изведбата на “1762 Лето“ и претставување на наградениот поет и поемата “ЦВЕТКО“. За животниот пат и творештвото на Кацаров, пред присутните зборуваше драматургот Зоран Пејковски, а свое обраќање имаше и градоначалникот Кирил Пецаков.
Почитувани дами и господа, почитувани гости, драги охриѓани. Ми претставува особена чест, најискрено да му ја честитам наградата на познатиот македонски поет, есеист, раскажувач и драмски автор, Трајче Кацаровза поемата „ЦВЕТКО“ и да му посакамкрепко здравје и долги, долги години инспирација во создавањето на нови литературни дела. Годинашното чествување на делото на македонскиот и светски книжевен великан и преродбеник, овенчаниот со Лаворов венец во Атина, Григор Прличев збогатено е со уште една поема, со која се продолжува традицијата на Прличевата “Сердарот“. Наградата е достоинствен и високовреднуван дел од современата македонска книжевност. За нас Григор Прличев, бил и ќе остане не само врвна книжевна преродбеничка фигура, туку и народен трибун, човек кој влевал надеж за национално будење и културно самоидентификување. Во тој дух се и идеите на  “Сердарот“ и „Скендербег“  поврзани со борбата за народна слобода и заштита на сиромашните, гладните и унесреќените. Ваквите манифестации посветени на великаните, каков што е Григор Прличев, се вистинското место гласно да ветиме дека ќе ја продолжиме  традиција и секој на свој начин ќе придонесуваме за подобра иднина на својот народ и на Македонија. На тој пат водилки треба да ни бидат високопоставените, не само уметнички,  туку и етичките и општоцивилизациските вредности на Прличев  – истакна градоначалникот Пецаков. Претставувањето на  наградената поема “ЦВЕТКО“, нејзините литературни и уметнички вредности пред присутните ги образложи претседателката на жири комисијата Маја Јакимоска Тошиќ, а делови од поемата рецитираа актерите Билјана Билаловиќ и Павел Маслов.
Заблагодарувајќи се на наградата, лауреатот Кацаров, истакна дека во своето творештво секогаш се потпира на делата на големите писатели, поети и философи, прибележувајќи одредени мисли, кои понатака во процесот на творечката имагинација секогаш ја имаат во себе потребата да си биде љубен, зошто поетот не постои без љубовта. Во продолжение на денешната програма, беше промовирана монографијата “Прличеви беседи (1952-2022) Хроника на еден културен настан“ од авторите Гордана Змејкоска и Милчо Јованоски.

The post Пецаков: За нас Григор Прличев, бил и ќе остане не само врвна книжевна преродбеничка фигура, туку и народен трибун appeared first on Република.

]]>
Промоција на монографијата „Прличеви беседи – хроника на еден културен настан“ од Милчо Јованоски и Гордана Змејковска https://republika.mk/vesti/kultura/promocija-na-monografijata-prlichevi-besedi-hronika-na-eden-kulturen-nastan-od-milcho-jovanoski-i-gordana-zmejkovska/ Wed, 02 Feb 2022 12:10:41 +0000 https://republika.mk/?p=452972

Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ со промоција на монографијата „Прличеви беседи – хроника на еден културен настан“ ( 1952 – 2022) од авторите: Милчо Јованоски и Гордана Змејковска се вклучува во традиционалната манифестација „Прличеви беседи“ 2022.

Со промоцијата на монографијата  НУ Библиотека „Григор Прличев“  ќе ја одбележи 70 годишнината од почетокот на култната манифестација „Прличеви беседи“.

Основа, да почнеме и да продолжиме со истражувањето ни беше првата монографија од авторот Маринела Јовановиќ која го опфаќа периодот од 1952 година заклучно со 1996 година. Нејзини издавачи се: Градската библиотека „Григор Прличев“, Радио Охрид и книгоиздателството „Мацедониа Прима“.  Ние, како автори продолживме, таму каде што се застанало и преку документи, фотографии и искажувања се надеваме дека како наш залог за идните генерации уште еднаш ги зацврстивме историските и развојните факти, за седумте децении и посебно за последните 25 години сврзани со настаните од „Прличевите беседи“ одржани во нашата матична НУ Библиотека која со гордост го носи името на својот Патрон – Григор Прличев. Концепциски, оваа монографија е збогатена со сеќавања и беседи за Прличев од наши и странски писатели и поети. На површина излегуваат нови факти и нешта кои до денеска не сме ги знаеле или не биле доволно разјаснети.  Монографијата не е само гола фактографија на настани и хроника, туку содржи и низа стручни елементи и научни истражувања кои „шетаат“ во длабочина и широчина низ животот и творештвото на преродбеникот Прличев, веалт авторите Јованоски и Змејковска.

Издавањето на монографијата финансиски  е помогнато од Министерството за култура и Општина Охрид.

Промотор на монографијата ќе биде новинарот и публицист Владо Жура, извадоци ќе чита Анета Јованоска а Прличевата „1762 лето“ ќе ја изведат оркестарот и пејачката група на ФА „Бисери“ при Центарот за култура „Григор Прличев“ под уметничко раководство на Татјана Тренеска.

Промоцијата со почитување на сите Ковид -19 мерки ќе се одржи во малата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ во сабота 5 февруари од 13 часот.

The post Промоција на монографијата „Прличеви беседи – хроника на еден културен настан“ од Милчо Јованоски и Гордана Змејковска appeared first on Република.

]]>

Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ со промоција на монографијата „Прличеви беседи – хроника на еден културен настан“ ( 1952 – 2022) од авторите: Милчо Јованоски и Гордана Змејковска се вклучува во традиционалната манифестација „Прличеви беседи“ 2022. Со промоцијата на монографијата  НУ Библиотека „Григор Прличев“  ќе ја одбележи 70 годишнината од почетокот на култната манифестација „Прличеви беседи“.
Основа, да почнеме и да продолжиме со истражувањето ни беше првата монографија од авторот Маринела Јовановиќ која го опфаќа периодот од 1952 година заклучно со 1996 година. Нејзини издавачи се: Градската библиотека „Григор Прличев“, Радио Охрид и книгоиздателството „Мацедониа Прима“.  Ние, како автори продолживме, таму каде што се застанало и преку документи, фотографии и искажувања се надеваме дека како наш залог за идните генерации уште еднаш ги зацврстивме историските и развојните факти, за седумте децении и посебно за последните 25 години сврзани со настаните од „Прличевите беседи“ одржани во нашата матична НУ Библиотека која со гордост го носи името на својот Патрон – Григор Прличев. Концепциски, оваа монографија е збогатена со сеќавања и беседи за Прличев од наши и странски писатели и поети. На површина излегуваат нови факти и нешта кои до денеска не сме ги знаеле или не биле доволно разјаснети.  Монографијата не е само гола фактографија на настани и хроника, туку содржи и низа стручни елементи и научни истражувања кои „шетаат“ во длабочина и широчина низ животот и творештвото на преродбеникот Прличев, веалт авторите Јованоски и Змејковска.
Издавањето на монографијата финансиски  е помогнато од Министерството за култура и Општина Охрид. Промотор на монографијата ќе биде новинарот и публицист Владо Жура, извадоци ќе чита Анета Јованоска а Прличевата „1762 лето“ ќе ја изведат оркестарот и пејачката група на ФА „Бисери“ при Центарот за култура „Григор Прличев“ под уметничко раководство на Татјана Тренеска. Промоцијата со почитување на сите Ковид -19 мерки ќе се одржи во малата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ во сабота 5 февруари од 13 часот.

The post Промоција на монографијата „Прличеви беседи – хроника на еден културен настан“ од Милчо Јованоски и Гордана Змејковска appeared first on Република.

]]>