признанија Archives - Република https://republika.mk/tema/priznanija/ За подобро да се разбереме Mon, 16 Sep 2024 15:03:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png признанија Archives - Република https://republika.mk/tema/priznanija/ 32 32 Вие сте најголеми македонски амбасадори, им кажаа Сиљановска Давкова и Јаневска на средбата со учениците кои освоија награди и признанија на престижни меѓународни натпревари https://republika.mk/vesti/makedonija/vie-ste-najgolemi-makedonski-ambasadori-im-kazhaa-silanovska-davkova-i-janevska-na-sredbata-so-uchenitsite-koi-osvoija-nagradi-i-priznanija-na-prestizhni-megunarodni-natprevari/ Mon, 16 Sep 2024 15:03:08 +0000 https://republika.mk/?p=816849

Државата ќе обезбеди поголема грижа за талентираните ученици и финансиската поддршка за учество на меѓународни научни олимпијади и натпревари нема да биде доведувана во прашање. Ова на средба со македонски ученици кои годинава освоија награди и признанија на престижни меѓународни натпревари и со нивните наставници ментори, го истакнаа претседателката проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова и министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска.

Вие сте најголемите македонски амбасадори, промотори на квалитетното знаење кое може да се стекне на ова поднебје. Со Вас се гордее цела нација. Ова е ваш личен успех, но голема заслуга имаат и вашите семејства, најблиските и наставниците кои ве поддржуваат и подучуваат константно“, рече Јаневска.

Министерката изрази жалење што досега институциите на системот не успеале да најдат начини и да обезбедат можности за повеќе да ги поддржат учениците и со цел со уште поголемо чувство за заштита, на сигурност, на патриотизам и уште поголема желба за натпревар и докажување, да настапат онаму каде одат само најдобрите од Европа и Светот.

Но, ве молам немојте тоа да го препишувате на државата. Државата ја водат луѓе. Некогаш луѓе кои се интересираат за граѓаните, некогаш луѓе кои немаат никаква грижа на совест. Ве уверувам дека ова раководство во Министерството за образование и наука и воопшто на Владата, заедно со претседателката Сиљановска Давкова, ќе обезбедат повеќе и подобри можности за вас и за реализација на вашиот потенцијал тука, во Македонија. Работиме на нови законски измени за да имаме правен основ за поголема поддршка и повеќе пари“, додаде министерката Јаневска, информирајќи дека за прв пат во подготовка е Концепција за поддршка на талентирани ученици.

И претседателката Сиљановска Давкова упатувајќи честитки за постигнатите резултати, посочи на потребата за изнаоѓање на трајно системско решение за соодветна поддршка на нашите најуспешни и најталентирани ученици и нивните учества на меѓународни натпреварувања. Порача дека политиките, особено во областа на образованието, треба да бидат соодветни и сообразени со потребите и интересите на оние кои се највредни, оние кои се најперспективни.

Нема поголема обврска за оваа држава, и тоа постојано го повторувам, вистинските луѓе, најдобрите, да добијат највисока и најдобра поддршка, и гаранција која сум ја видела по светот, кога во гимназиските денови или на факултет се бомбардираа учениците и нивните ментори со понуди за интервјуа, за разговори, и од сите министерства им нудат ангажман, работно место, алумни систем, во постојан контакт сте. Мислам дека дојде времето и ние не смееме да си заминеме од нашите функции без да решиме или да ставиме еден камен во тој мозаик кој што ќе треба да ги реши проблемите на сите вас“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Годинава 50тина македонски ученици учествуваа на врвни светски ученички натпреварувања, освојувајќи вкупно 16 медали - 4 златни, 2 сребрени и 10 бронзени.

The post Вие сте најголеми македонски амбасадори, им кажаа Сиљановска Давкова и Јаневска на средбата со учениците кои освоија награди и признанија на престижни меѓународни натпревари appeared first on Република.

]]>

„Илинден“ од Тирана ги одреди добитниците на признанијата за зачувување на националниот идентитет на Македонците во Албанија https://republika.mk/vesti/makedonija/ilinden-od-tirana-gi-odredi-dobitnitsite-na-priznanijata-za-zachuvuvane-na-natsionalniot-identitet-na-makedontsite-vo-albanija/ Tue, 06 Feb 2024 16:40:41 +0000 https://republika.mk/?p=741128

По повод 15-годишнината од формирањето, раководството на македонското друштво „Илинден“ - Тирана донесе одлука за доделување на истоимената награда и благодарници на поединци и институции. Признанијата се доделуваат на лица и институции за нивните особени заслуги за ангажман и перманентните активности во насока на зачувузавање и одржување на националниот идентитет на припадниците на Македонците во Република Албанија.

И овој пат беа предложени повеќе институции и поединци, но од предложените избрани се оние кои со својот ангажман најмногу придонеле за подобрување и дисперзија на сознанијата за животот, историјата, културата и зачувување на автентичната македонска традиција на македонското население во Албанија. Годинава добитник на наградата „Илинден“ е „Нова Македонија“-Скопје, Република Македонија, кој е прв дневен весник на македонски јазик чиј прв број е отпечатен во далечната 1944 година, стои во објавата на Друштвото.

Почесната награда „Илинден“ првпат беше востановена на одбележувањето на јубилејот, десет години од формирањето на друштвото кога му беше доделена на епископ г. Партениј Антаниски, игумен на Бигорскиот манастир.

Благодарници се доделуваат на Јован Шкмби, советник од редовите на Македонска алијанса за европска интеграција во Советот на Општина Поградец, Весна Мојсова-Чепишевска - редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Иван Антоновски, асистент на истиот факултет, Живко Лазаров, претседател на македонски клуб „Илинден“-Лацен, Германија, Дејан Костески, претседател на Ракометниот клуб „Енхалон“, Струга, и Далибор Станковиќ, новинар во „Нова Македонија“, се наведува во објавата.

Претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај од негово и име на друштвото им честита на добитниците со надеж дека ќе послужат како поттик за натамошен ангажман на наградените во нивната досегашна определба да работат во интерес на вистината за животот и ангажманите на Македонците во Република Албанија.

МД „Илинден“ е формирано на 6 февруари 2009 година и регистрирано во Основниот суд во Тирана, чија мисија е заштита и афирмација на етничкиот, јазичен, културен, верски, историски идентитет на Македонците во Република Албанија.

The post „Илинден“ од Тирана ги одреди добитниците на признанијата за зачувување на националниот идентитет на Македонците во Албанија appeared first on Република.

]]>

По повод 15-годишнината од формирањето, раководството на македонското друштво „Илинден“ - Тирана донесе одлука за доделување на истоимената награда и благодарници на поединци и институции. Признанијата се доделуваат на лица и институции за нивните особени заслуги за ангажман и перманентните активности во насока на зачувузавање и одржување на националниот идентитет на припадниците на Македонците во Република Албанија.
И овој пат беа предложени повеќе институции и поединци, но од предложените избрани се оние кои со својот ангажман најмногу придонеле за подобрување и дисперзија на сознанијата за животот, историјата, културата и зачувување на автентичната македонска традиција на македонското население во Албанија. Годинава добитник на наградата „Илинден“ е „Нова Македонија“-Скопје, Република Македонија, кој е прв дневен весник на македонски јазик чиј прв број е отпечатен во далечната 1944 година, стои во објавата на Друштвото.
Почесната награда „Илинден“ првпат беше востановена на одбележувањето на јубилејот, десет години од формирањето на друштвото кога му беше доделена на епископ г. Партениј Антаниски, игумен на Бигорскиот манастир.
Благодарници се доделуваат на Јован Шкмби, советник од редовите на Македонска алијанса за европска интеграција во Советот на Општина Поградец, Весна Мојсова-Чепишевска - редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Иван Антоновски, асистент на истиот факултет, Живко Лазаров, претседател на македонски клуб „Илинден“-Лацен, Германија, Дејан Костески, претседател на Ракометниот клуб „Енхалон“, Струга, и Далибор Станковиќ, новинар во „Нова Македонија“, се наведува во објавата.
Претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај од негово и име на друштвото им честита на добитниците со надеж дека ќе послужат како поттик за натамошен ангажман на наградените во нивната досегашна определба да работат во интерес на вистината за животот и ангажманите на Македонците во Република Албанија. МД „Илинден“ е формирано на 6 февруари 2009 година и регистрирано во Основниот суд во Тирана, чија мисија е заштита и афирмација на етничкиот, јазичен, културен, верски, историски идентитет на Македонците во Република Албанија.

The post „Илинден“ од Тирана ги одреди добитниците на признанијата за зачувување на националниот идентитет на Македонците во Албанија appeared first on Република.

]]>
По шокантниот документарец за Жерар Депардје каде што тој навредливо коментира за жените, одземени му се признанијата https://republika.mk/scena/film/po-shokantniot-dokumentarets-za-zherar-depardje-kade-shto-toj-navredlivo-komentira-za-zhenite-odzemeni-mu-se-priznanijata/ Mon, 18 Dec 2023 12:12:38 +0000 https://republika.mk/?p=724179

Некогаш славниот француски актер Жерар Депардје, кој беше обвинет за силување пред три години, остана без признание од Белгија и канадската држава Квебек поради шокантен документарец кој изобилува со неговите мизогински коментари, поради кои може да остане и без орденот на Легијата на честа.

Депардје во саботата потврди, преку неговите адвокати, дека ја ставил на располагање високата француска награда на министерката за култура Рима Абдул Малек, која најави дисциплинска постапка против поранешната филмска ѕвезда поради навредливи коментари за жените.

Во петокот, францускиата министерка ги нарече „одвратни“ коментарите на актерот во телевизиски прилог за неговото патување во Северна Кореја во 2018 година. Во филмот прикажан на почетокот на декември, Депардје ги навредува жените нарекувајќи ги со погрдни имиња и не штеди ни мало девојче со своите непристојни коментари.

Жерар Депардје, кој во 1996 година беше одликуван со Легијата на честа од тогашниот француски претседател Жак Ширак, веќе ја загуби титулата почесен граѓанин на белгиската општина Естаимпуи, која беше негова привремена резиденција. Во средата го загуби и признавањето на Националниот ред на Квебек.

Депардје веќе е под истрага поради обвинение за силување поднесено во 2020 година, а во септември беше поднесено ново обвинение за сексуален напад против поранешниот водечки француски филмски актер, поврзано со настани во 2007 година. Неколку жени го обвинија наградуваниот актер, кој се појави во повеќе од 200 филмови, за сексуално вознемирување. Депардје целосно ги отфрла сите обвинувања.

The post По шокантниот документарец за Жерар Депардје каде што тој навредливо коментира за жените, одземени му се признанијата appeared first on Република.

]]>

Некогаш славниот француски актер Жерар Депардје, кој беше обвинет за силување пред три години, остана без признание од Белгија и канадската држава Квебек поради шокантен документарец кој изобилува со неговите мизогински коментари, поради кои може да остане и без орденот на Легијата на честа. Депардје во саботата потврди, преку неговите адвокати, дека ја ставил на располагање високата француска награда на министерката за култура Рима Абдул Малек, која најави дисциплинска постапка против поранешната филмска ѕвезда поради навредливи коментари за жените. Во петокот, францускиата министерка ги нарече „одвратни“ коментарите на актерот во телевизиски прилог за неговото патување во Северна Кореја во 2018 година. Во филмот прикажан на почетокот на декември, Депардје ги навредува жените нарекувајќи ги со погрдни имиња и не штеди ни мало девојче со своите непристојни коментари. Жерар Депардје, кој во 1996 година беше одликуван со Легијата на честа од тогашниот француски претседател Жак Ширак, веќе ја загуби титулата почесен граѓанин на белгиската општина Естаимпуи, која беше негова привремена резиденција. Во средата го загуби и признавањето на Националниот ред на Квебек. Депардје веќе е под истрага поради обвинение за силување поднесено во 2020 година, а во септември беше поднесено ново обвинение за сексуален напад против поранешниот водечки француски филмски актер, поврзано со настани во 2007 година. Неколку жени го обвинија наградуваниот актер, кој се појави во повеќе од 200 филмови, за сексуално вознемирување. Депардје целосно ги отфрла сите обвинувања.  