приведени Archives - Република https://republika.mk/tema/privedeni/ За подобро да се разбереме Wed, 17 Jul 2024 14:58:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png приведени Archives - Република https://republika.mk/tema/privedeni/ 32 32 Со алат демонтирале два големи мотори во напуштена свињаска фарма https://republika.mk/vesti/crna-hronika/so-alat-demontirale-dva-golemi-motori-vo-napushtena-svinaska-farma/ Wed, 17 Jul 2024 16:57:32 +0000 https://republika.mk/?p=797755

Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север, синоќа околу 22.00 часот, ги лишиле од слобода Е.Б.(29) и Е.И.(25), двајцата од Куманово.

Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, тие биле затекнати со уште едно лице при извршување „тешка кражба“ во објект на поранешна, сега напуштена свињарска фарма во село Речица, кумановско, каде што со алат демонтирале два големи мотори.

-Од лицата бил одземен алатот со кој го извршиле делото, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово. По целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

The post Со алат демонтирале два големи мотори во напуштена свињаска фарма appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север, синоќа околу 22.00 часот, ги лишиле од слобода Е.Б.(29) и Е.И.(25), двајцата од Куманово. Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, тие биле затекнати со уште едно лице при извршување „тешка кражба“ во објект на поранешна, сега напуштена свињарска фарма во село Речица, кумановско, каде што со алат демонтирале два големи мотори. -Од лицата бил одземен алатот со кој го извршиле делото, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово. По целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

The post Со алат демонтирале два големи мотори во напуштена свињаска фарма appeared first on Република.

]]>
Приведени маж и жена, биле агресивни кон полицајци https://republika.mk/vesti/crna-hronika/privedeni-mazh-i-zhena-bile-agresivni-kon-politsajtsi/ Sat, 13 Jul 2024 15:58:07 +0000 https://republika.mk/?p=796456

На 12.07.2024 во 14:25 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.И.(58) од Скопје поради тоа што во Полициската станица Кисела Вода агресивно се однесувал кон полициски службеници.

Исто така полициски службеници ја привеле и А.И.(57) од Скопје, поради тоа што агресивно се однесувала кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

The post Приведени маж и жена, биле агресивни кон полицајци appeared first on Република.

]]>

На 12.07.2024 во 14:25 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.И.(58) од Скопје поради тоа што во Полициската станица Кисела Вода агресивно се однесувал кон полициски службеници. Исто така полициски службеници ја привеле и А.И.(57) од Скопје, поради тоа што агресивно се однесувала кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

The post Приведени маж и жена, биле агресивни кон полицајци appeared first on Република.

]]>
Приведени пет странски работници во Македонија https://republika.mk/vesti/crna-hronika/privedeni-pet-stranski-rabotnitsi-vo-makedonija/ Wed, 05 Jun 2024 08:16:16 +0000 https://republika.mk/?p=784838

На 04.06.2024 во 12:30 часот, полициски службеници од Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Југ во содејство со Државен инспектор за труд извршиле контрола на градилиште над с.Дрен, демиркаписко.

При контролата, на градилиштето биле затекнати С.В.(47), А.Х.(33) и А.Р.(60), сите од Република Турција, при што било констатирано дека престојуваат спротивно на целта, односно биле работно ангажирани за фирма од Скопје без да имаат одобрение за престој врз основа на вработување. Поради сомнение за сторен прекршок по член 217 став 1 од Закон за странци лицата биле приведени во Полициската станица за граничен надзор Михајлово.

Подоцна, во 12:45 часот на земјен пат од с.Дрен кон истото градилиште, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово извршиле контрола на патничко возило „дачиа дастер” со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ц.(34), а сопатник бил М.З.(28), двајцата од Народна Република Кина. Притоа, било констатирано дека двајцата немаат пријавено престој во државата, односно постапиле спротивно на член 190 став 3 од Законот за странци.

Тие, исто така, биле приведени во Полициската станица за граничен надзор Михајлово.

Против турските и кинеските државјани е поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка, а од Основен суд Неготино изречени им се глоби од по 200 евра и мерка за доброволно враќање во рок од седум дена.

The post Приведени пет странски работници во Македонија appeared first on Република.

]]>

На 04.06.2024 во 12:30 часот, полициски службеници од Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Југ во содејство со Државен инспектор за труд извршиле контрола на градилиште над с.Дрен, демиркаписко. При контролата, на градилиштето биле затекнати С.В.(47), А.Х.(33) и А.Р.(60), сите од Република Турција, при што било констатирано дека престојуваат спротивно на целта, односно биле работно ангажирани за фирма од Скопје без да имаат одобрение за престој врз основа на вработување. Поради сомнение за сторен прекршок по член 217 став 1 од Закон за странци лицата биле приведени во Полициската станица за граничен надзор Михајлово. Подоцна, во 12:45 часот на земјен пат од с.Дрен кон истото градилиште, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово извршиле контрола на патничко возило „дачиа дастер” со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ц.(34), а сопатник бил М.З.(28), двајцата од Народна Република Кина. Притоа, било констатирано дека двајцата немаат пријавено престој во државата, односно постапиле спротивно на член 190 став 3 од Законот за странци. Тие, исто така, биле приведени во Полициската станица за граничен надзор Михајлово. Против турските и кинеските државјани е поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка, а од Основен суд Неготино изречени им се глоби од по 200 евра и мерка за доброволно враќање во рок од седум дена.

The post Приведени пет странски работници во Македонија appeared first on Република.

]]>
Приведени 28 лица за трговија со дрога во голема полициска акција на „тигрите“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/privedeni-28-litsa-za-trgovija-so-droga-vo-golema-politsiska-aktsija-na-tigrite/ Sat, 01 Jun 2024 15:43:28 +0000 https://republika.mk/?p=783908

Вкупно 28 лица се лишени од слобода во рамки на криминалистичка истрага која од декември 2023 се спроведуваше по насоки на надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, а се однесува на сузбивање на улична продажба на кокаин, амфетамин и марихуана, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицата се уапсени на 31 мај и 1 јуни во голема заедничка акција на Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, САЕ Тигар и СВР Скопје – Единица за недозволена трговија по преземени низа координирани мерки и активности на подрачјето на Скопје.

„Во акцијата за сузбивање на улично дилерство на дрога изминатата ноќ лишени се од слобода В.Г.(46), М.В.(22) и С.Б.(21), кај кои бил пронајден кокаин, Д.Т.(24) од Кочани, како и С.В.(28) од Скопје, кај кои при претрес биле пронајдени поголеми суми пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од продажба на наркотична дрога“, стои во соопштението од МВР.

Покрај ова, како што дополнуваат, извршени се претреси на седум локации во Скопје, при што кај Ѓ.Ш.(41) од Скопје биле пронајдени марихуана, вага и други предмети поврзани со кривичното дело, кај А.П.(29) пронајден е куршум и запалка за бомба, кај Б.П.(34) се пронајдени остатоци од кокаин и други предмети поврзани со кривичното дело.

„Од слобода се лишени и А.Б.Ј., поради сомнение за уништување докази, како и М.Д.(37) од Скопје, кај кого бил пронајден кокаин“, велат оттаму.

Поголема сума пари, марихуана, лични карти и пасоши на повеќе лица оставани како залог за купопродажба на дрога, полицијата пронашла при претрес кај Ф.Д.(41) од Скопје, а при преземени мерки за негово лишување од слобода, тој не застанал на издадена наредба за запирање, при што оштетил три службени возила, извршувајќи и кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ и за него е издаден распис за негово пронаоѓање и приведување.

„Покрај 28-те вкупно приведени лица, во текот на криминалистичката истрага обезбедени се повеќе материјални докази за инволвираност на лицата во улична продажба на кокаин, амфетамин и марихуана, за две лица е веќе поднесена кривична пријава и одредена е мерка притвор, одземен е мотоцикл хонда како и патничко возило форд мондео за кое се обезбедени докази дека било користено за продажба на кокаин“, велат од МВР.

Во текот на денешниот ден, како што дополнуваат, од страна на СВР Скопје до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава против седум лица.

 

The post Приведени 28 лица за трговија со дрога во голема полициска акција на „тигрите“ appeared first on Република.

]]>

Вкупно 28 лица се лишени од слобода во рамки на криминалистичка истрага која од декември 2023 се спроведуваше по насоки на надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, а се однесува на сузбивање на улична продажба на кокаин, амфетамин и марихуана, информираат од Министерството за внатрешни работи. Лицата се уапсени на 31 мај и 1 јуни во голема заедничка акција на Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, САЕ Тигар и СВР Скопје – Единица за недозволена трговија по преземени низа координирани мерки и активности на подрачјето на Скопје. „Во акцијата за сузбивање на улично дилерство на дрога изминатата ноќ лишени се од слобода В.Г.(46), М.В.(22) и С.Б.(21), кај кои бил пронајден кокаин, Д.Т.(24) од Кочани, како и С.В.(28) од Скопје, кај кои при претрес биле пронајдени поголеми суми пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од продажба на наркотична дрога“, стои во соопштението од МВР. Покрај ова, како што дополнуваат, извршени се претреси на седум локации во Скопје, при што кај Ѓ.Ш.(41) од Скопје биле пронајдени марихуана, вага и други предмети поврзани со кривичното дело, кај А.П.(29) пронајден е куршум и запалка за бомба, кај Б.П.(34) се пронајдени остатоци од кокаин и други предмети поврзани со кривичното дело. „Од слобода се лишени и А.Б.Ј., поради сомнение за уништување докази, како и М.Д.(37) од Скопје, кај кого бил пронајден кокаин“, велат оттаму. Поголема сума пари, марихуана, лични карти и пасоши на повеќе лица оставани како залог за купопродажба на дрога, полицијата пронашла при претрес кај Ф.Д.(41) од Скопје, а при преземени мерки за негово лишување од слобода, тој не застанал на издадена наредба за запирање, при што оштетил три службени возила, извршувајќи и кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ и за него е издаден распис за негово пронаоѓање и приведување.
„Покрај 28-те вкупно приведени лица, во текот на криминалистичката истрага обезбедени се повеќе материјални докази за инволвираност на лицата во улична продажба на кокаин, амфетамин и марихуана, за две лица е веќе поднесена кривична пријава и одредена е мерка притвор, одземен е мотоцикл хонда како и патничко возило форд мондео за кое се обезбедени докази дека било користено за продажба на кокаин“, велат од МВР.
Во текот на денешниот ден, како што дополнуваат, од страна на СВР Скопје до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава против седум лица.  

The post Приведени 28 лица за трговија со дрога во голема полициска акција на „тигрите“ appeared first on Република.

]]>
МВР: Приведени се лицата кои го нападнаа автобусот на Чкембари https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-privedeni-se-litsata-koi-go-napadnaa-avtobusot-na-chkembari/ Sun, 19 May 2024 16:01:43 +0000 https://republika.mk/?p=779881

По вчерашниот меч меѓу МЗТ Скопје и Пелистер, навивачите на гостите при напуштање на градот имаа непријатен настан, нивниот автобус беше каменуван. Од Пелистер го пријавија инцидентот во полиција, а од таму сега има известување дека четворица напаѓачи се приведени.

„На 18.05.2024 во 22.40 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода А.М.(35), Љ.П.(35), двајцата од Скопје, Н.А.(21) од Илинден, скопско и В.С.(18) од Петровец, скопско, затоа што каменувале автобус во движење, при што ги оштетиле прозорците. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.“, стои во известувањето од МВР.

 

The post МВР: Приведени се лицата кои го нападнаа автобусот на Чкембари appeared first on Република.

]]>

По вчерашниот меч меѓу МЗТ Скопје и Пелистер, навивачите на гостите при напуштање на градот имаа непријатен настан, нивниот автобус беше каменуван. Од Пелистер го пријавија инцидентот во полиција, а од таму сега има известување дека четворица напаѓачи се приведени. „На 18.05.2024 во 22.40 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода А.М.(35), Љ.П.(35), двајцата од Скопје, Н.А.(21) од Илинден, скопско и В.С.(18) од Петровец, скопско, затоа што каменувале автобус во движење, при што ги оштетиле прозорците. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.“, стои во известувањето од МВР.  

The post МВР: Приведени се лицата кои го нападнаа автобусот на Чкембари appeared first on Република.

]]>
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра https://republika.mk/vesti/svet/privedeni-14-drzhavjani-na-srbija-koi-izmamile-germanski-drzhavjani-za-milion-evra/ Thu, 02 May 2024 11:21:37 +0000 https://republika.mk/?p=773392

Четиринаесет лица во Србија се приведени поради меѓународна измама преку „кол-центри“ во кои се оштетени неколку германски државјани за сума од околу еден милион евра, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Србија.

Како што се наведува во соопштението на МВР, на барање на Германија, припадници на полицијата и на Службата за борба против високотехнолошки криминал при Техничката управа учествувале во меѓународна полициска акција, а се однесува на измама извршена од меѓународно организирана криминална група.

При претрес на станови и други простории на 22 локации, од кои две се на територијата на Ниш и девет на територијата на Нови Пазар, пронајдени се доказни предмети.

The post Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра appeared first on Република.

]]>

Четиринаесет лица во Србија се приведени поради меѓународна измама преку „кол-центри“ во кои се оштетени неколку германски државјани за сума од околу еден милион евра, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Србија. Како што се наведува во соопштението на МВР, на барање на Германија, припадници на полицијата и на Службата за борба против високотехнолошки криминал при Техничката управа учествувале во меѓународна полициска акција, а се однесува на измама извршена од меѓународно организирана криминална група. При претрес на станови и други простории на 22 локации, од кои две се на територијата на Ниш и девет на територијата на Нови Пазар, пронајдени се доказни предмети.

The post Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра appeared first on Република.

]]>
Во Турција приведени 36 лица поради наводна поврзаност со „Исламска држава“ https://republika.mk/vesti/svet/vo-turtsija-privedeni-36-litsa-poradi-navodna-povrzanost-so-islamska-drzhava/ Sun, 21 Apr 2024 18:29:16 +0000 https://republika.mk/?p=769017

Турските власти приведоа 36 лица поради наводна поврзаноаст со групата „Исламска држава“ во рамки на операции спроведени во четири области во земјата, изјави денеска министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Во објава на медиумската платформа „Икс“, Јерликаја посочи дека осомничените дејствувале во корист на Исламската држава со собирање средства или снабдување на терористичката организација.

„Полицијата заплени и неколку пушки и пиштоли“, рече министерот Јерликаја.

The post Во Турција приведени 36 лица поради наводна поврзаност со „Исламска држава“ appeared first on Република.

]]>

Турските власти приведоа 36 лица поради наводна поврзаноаст со групата „Исламска држава“ во рамки на операции спроведени во четири области во земјата, изјави денеска министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Во објава на медиумската платформа „Икс“, Јерликаја посочи дека осомничените дејствувале во корист на Исламската држава со собирање средства или снабдување на терористичката организација. „Полицијата заплени и неколку пушки и пиштоли“, рече министерот Јерликаја.

The post Во Турција приведени 36 лица поради наводна поврзаност со „Исламска држава“ appeared first on Република.

]]>
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, Дејан Јанковиќ, останатите полицајци ослободени https://republika.mk/vesti/balkan/odreden-pritvor-za-zamenik-direktorot-na-kosovskata-politsija-dejan-jankovik-ostanatite-politsajtsi-oslobodeni/ Thu, 18 Apr 2024 11:41:29 +0000 https://republika.mk/?p=767538

По задржувањето на четворица припадници на косовската полиција, одреден е притвор до 48 часа за заменик директорот на косовската полиција, Дејан Јанковиќ, за утврдување на фактите и потребните проверки во врска со безбедноста на Република Србија, соопшти српското МВР

Останатите лица се пуштени по безбедносни проверки.

Претходно беше соопштено дека „четворица припадници на косовската полиција се задржани во средата при контрола на административниот премин, а еден од нив е приведен“.

The post Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, Дејан Јанковиќ, останатите полицајци ослободени appeared first on Република.

]]>

По задржувањето на четворица припадници на косовската полиција, одреден е притвор до 48 часа за заменик директорот на косовската полиција, Дејан Јанковиќ, за утврдување на фактите и потребните проверки во врска со безбедноста на Република Србија, соопшти српското МВР Останатите лица се пуштени по безбедносни проверки. Претходно беше соопштено дека „четворица припадници на косовската полиција се задржани во средата при контрола на административниот премин, а еден од нив е приведен“.

The post Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, Дејан Јанковиќ, останатите полицајци ослободени appeared first on Република.

]]>
Приведени 17 вработени во затворската полиција https://republika.mk/vesti/makedonija/privedeni-17-vraboteni-vo-zatvorskata-politsija/ Mon, 15 Apr 2024 12:25:51 +0000 https://republika.mk/?p=766331

По повеќемесечна криминалистичка истрага, Секторот за криминалистички истраги при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против 17 лица, сите припадници на затворската полиција, вработени во КПД Затвор Идризово, соопштија денеска од МВР.

За пет лица постои основано сомнение дека како група, со умисла, во текот на месец октомври минатата година сториле кривично дело „овозможување бегство на лице лишено од слобода“ по чл.372 ст.2 од КЗ, додека едно лице се сомничи за помагање во сторување на кривичното дело. За 11 лица постојат основи на сомнение дека, во временскиот период од 19 – 26.10.2023 година, сториле продолжено кривично дело „противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“ по чл.373 во врска со чл.22 од КЗ.

Ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје му предложи определување на мерката притвор за шестмината осомничени, додека за единаесетте лица за кои се води предистражна постапка предложи мерки на претпазливост и тоа: забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето; обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган; привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање; забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело, соопштува МВР.

За овие кривични дела согласно позитивното законодавство се предвидени затворски казни од една до десет години за кривичното дело „овозможување бегство на лице лишено од слобода“ по чл.372 и од три месеци до пет години за кривичното дело „противзаконито oслободување на лице лишено од слобода“ по чл.373 од КЗ.

На 15.04.2024 Секторот за криминалистички истраги во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги лиши од слобода сите 17 лица и ги предаде на Основнот кривичен суд Скопје за понатамошно постапување, велат од МВР.

The post Приведени 17 вработени во затворската полиција appeared first on Република.

]]>

По повеќемесечна криминалистичка истрага, Секторот за криминалистички истраги при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против 17 лица, сите припадници на затворската полиција, вработени во КПД Затвор Идризово, соопштија денеска од МВР. За пет лица постои основано сомнение дека како група, со умисла, во текот на месец октомври минатата година сториле кривично дело „овозможување бегство на лице лишено од слобода“ по чл.372 ст.2 од КЗ, додека едно лице се сомничи за помагање во сторување на кривичното дело. За 11 лица постојат основи на сомнение дека, во временскиот период од 19 – 26.10.2023 година, сториле продолжено кривично дело „противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“ по чл.373 во врска со чл.22 од КЗ.
Ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје му предложи определување на мерката притвор за шестмината осомничени, додека за единаесетте лица за кои се води предистражна постапка предложи мерки на претпазливост и тоа: забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето; обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган; привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање; забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело, соопштува МВР.
За овие кривични дела согласно позитивното законодавство се предвидени затворски казни од една до десет години за кривичното дело „овозможување бегство на лице лишено од слобода“ по чл.372 и од три месеци до пет години за кривичното дело „противзаконито oслободување на лице лишено од слобода“ по чл.373 од КЗ.
На 15.04.2024 Секторот за криминалистички истраги во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги лиши од слобода сите 17 лица и ги предаде на Основнот кривичен суд Скопје за понатамошно постапување, велат од МВР.

The post Приведени 17 вработени во затворската полиција appeared first on Република.

]]>
Mигранти од Непал приведени во Македонија, сакале нелегално да влезат во Грција https://republika.mk/vesti/crna-hronika/migranti-od-nepal-privedeni-vo-makedonija-sakale-nelegalno-da-vlezat-vo-grtsija/ Thu, 11 Apr 2024 15:06:29 +0000 https://republika.mk/?p=765035

На 10.04.2024 во 10:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица привеле седум лица мигранти од Непал, кои се обиделе нелегално да ја преминат државната граница од Република Македонија кон Република Грција.

По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

The post Mигранти од Непал приведени во Македонија, сакале нелегално да влезат во Грција appeared first on Република.

]]>

На 10.04.2024 во 10:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица привеле седум лица мигранти од Непал, кои се обиделе нелегално да ја преминат државната граница од Република Македонија кон Република Грција. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

The post Mигранти од Непал приведени во Македонија, сакале нелегално да влезат во Грција appeared first on Република.

]]>
Полицијата приведе четворица малолетници физички напаѓале свои врсници https://republika.mk/vesti/crna-hronika/politsijata-privede-chetvoritsa-maloletnitsi-fizichki-napagale-svoi-vrsnitsi/ Sun, 07 Apr 2024 14:03:55 +0000 https://republika.mk/?p=763464

Вчера вечер на подрачје на општина Центар, полициски службеници од полициската станица Центар при СВР Скопје лишиле од слобода четири малолетници од Скопје, при што кај еден од нив бил пронајден и одземен нож. Тие се сомничат дека извршиле повеќе кривични дела.

„Малолетниците се сомничат дека на 5 април околу 22 часот во Градскиот трговски центар физички нападнале малолетник од Скопје и агресивно се однесувале кон три малолетнички, исто така, од Скопје и дека истиот ден 40 минути подоцна физички нападнале друг малолетник од Скопје. Исто така, тие се сомничат дека на 6 април околу 20 часот во Градскиот трговски центар физички ги нападнале Л.Т. и С.А., двајцата од Скопје“, соопшти МВР.

По целосно документирање на случаите, во координација со јавен обвинител за малолетници, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

The post Полицијата приведе четворица малолетници физички напаѓале свои врсници appeared first on Република.

]]>

Вчера вечер на подрачје на општина Центар, полициски службеници од полициската станица Центар при СВР Скопје лишиле од слобода четири малолетници од Скопје, при што кај еден од нив бил пронајден и одземен нож. Тие се сомничат дека извршиле повеќе кривични дела. „Малолетниците се сомничат дека на 5 април околу 22 часот во Градскиот трговски центар физички нападнале малолетник од Скопје и агресивно се однесувале кон три малолетнички, исто така, од Скопје и дека истиот ден 40 минути подоцна физички нападнале друг малолетник од Скопје. Исто така, тие се сомничат дека на 6 април околу 20 часот во Градскиот трговски центар физички ги нападнале Л.Т. и С.А., двајцата од Скопје“, соопшти МВР. По целосно документирање на случаите, во координација со јавен обвинител за малолетници, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.  

The post Полицијата приведе четворица малолетници физички напаѓале свои врсници appeared first on Република.

]]>
Приведени разбојници во Велес https://republika.mk/vesti/crna-hronika/privedeni-razbojnitsi-vo-veles/ Sat, 23 Dec 2023 14:28:38 +0000 https://republika.mk/?p=725961

Полициски службеници од Полициската станица за безбедноста на патниот сообраќај при СВР-Велес, денеска околу 8.30 часот ги лишиле од слобода М.Г. (25) и О.Т.(32), двајцата од Велес, соопштија од МВР.

Полицијата постапувала по претходно добиена пријава дека утрото околу 08 часот извршиле разбојништво во спортска обложувалница и со употреба на сила врз вработената, одзеле пари.

По кратко време, лицата се пронајдени и приведени во полициска станица. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението од МВР.

The post Приведени разбојници во Велес appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Полициската станица за безбедноста на патниот сообраќај при СВР-Велес, денеска околу 8.30 часот ги лишиле од слобода М.Г. (25) и О.Т.(32), двајцата од Велес, соопштија од МВР. Полицијата постапувала по претходно добиена пријава дека утрото околу 08 часот извршиле разбојништво во спортска обложувалница и со употреба на сила врз вработената, одзеле пари. По кратко време, лицата се пронајдени и приведени во полициска станица. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението од МВР.

The post Приведени разбојници во Велес appeared first on Република.

]]>
Три лица приведени во Дебар, принудувале деца на питачење https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tri-litsa-privedeni-vo-debar-prinuduvale-detsa-na-pitachene/ Sat, 25 Nov 2023 13:58:35 +0000 https://republika.mk/?p=716164

Полициските службеници од Одделението за внатрешни работи - Дебар привеле три лица кои принудувале деца на питачење.

-Вчера во 11:40 часот, во ОВР Дебар, приведени се С.Д.(33), Д.М.(27), двајцата од Скопје како и В.И.(22) од Куманово. При извршени контроли на улицата „1 мај“ во Дебар, полициските службеници ги затекнале пријавените како на питачење наведуваат малолетни лица, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Според него по извршени разговори во присуство на претставник на Центарот за социјални работи од Дебар и по целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

И покрај преземените мерки од страна на полициските службеници, во градот редовна е појавата на питачење. Станува збор за деца но и возрасни кои тука доаѓаат главно од Прилеп, Велес и Гостивар.

The post Три лица приведени во Дебар, принудувале деца на питачење appeared first on Република.

]]>

Полициските службеници од Одделението за внатрешни работи - Дебар привеле три лица кои принудувале деца на питачење. -Вчера во 11:40 часот, во ОВР Дебар, приведени се С.Д.(33), Д.М.(27), двајцата од Скопје како и В.И.(22) од Куманово. При извршени контроли на улицата „1 мај“ во Дебар, полициските службеници ги затекнале пријавените како на питачење наведуваат малолетни лица, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид. Според него по извршени разговори во присуство на претставник на Центарот за социјални работи од Дебар и по целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. И покрај преземените мерки од страна на полициските службеници, во градот редовна е појавата на питачење. Станува збор за деца но и возрасни кои тука доаѓаат главно од Прилеп, Велес и Гостивар.

The post Три лица приведени во Дебар, принудувале деца на питачење appeared first on Република.

]]>
Две млади лица приведени во Карпош, од нив одземена дрога https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dve-mladi-litsa-privedeni-vo-karposh-od-niv-odzemena-droga/ Sat, 11 Nov 2023 11:59:50 +0000 https://republika.mk/?p=700522

На 10.11.2023 во 21:50 часот на подрачје на Карпош во Скопје, од полициски службеници е лишен од слобода М.К.(32) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 11.11.2023 во 00:05 часот на подрачје на Карпош во Скопје, од полициски службеници е лишен од слобода П.С.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

The post Две млади лица приведени во Карпош, од нив одземена дрога appeared first on Република.

]]>

На 10.11.2023 во 21:50 часот на подрачје на Карпош во Скопје, од полициски службеници е лишен од слобода М.К.(32) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 11.11.2023 во 00:05 часот на подрачје на Карпош во Скопје, од полициски службеници е лишен од слобода П.С.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

The post Две млади лица приведени во Карпош, од нив одземена дрога appeared first on Република.

]]>
Приведени затвореник и затворски полицаец од струмичко https://republika.mk/vesti/crna-hronika/privedeni-zatvorenik-i-zatvorski-politsaets-od-strumichko/ Mon, 23 Oct 2023 19:16:26 +0000 https://republika.mk/?p=694316

Денеска (23.10.2023) во 12.00 часот на раскрсница кај село Чалакли, валандовско, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Валандово ги лишиле од слобода Р.М. (42) од село Водоча и Д.Д. (27) од село Рич, струмичко.

Имено, Р.М. кој денеска во периодот од 07.00 до 19.00 часот бил на работа како затворски полицаец во Затвор Струмица, пречекорувајќи ги неговите овластувања му овозможил на осуденикот Д.Д., кој во моментот издржува затворска казна, времено да го напушти затворот, иако за тоа немал соодветно Решение. Притоа, двајцата, со приватното возило на Р.М. се упатиле кон село Јосифово, валандовско.

За случајот се запознаени Основното јавно обвинителство Струмица и Затворот Струмица, а по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Приведени затвореник и затворски полицаец од струмичко appeared first on Република.

]]>

Денеска (23.10.2023) во 12.00 часот на раскрсница кај село Чалакли, валандовско, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Валандово ги лишиле од слобода Р.М. (42) од село Водоча и Д.Д. (27) од село Рич, струмичко. Имено, Р.М. кој денеска во периодот од 07.00 до 19.00 часот бил на работа како затворски полицаец во Затвор Струмица, пречекорувајќи ги неговите овластувања му овозможил на осуденикот Д.Д., кој во моментот издржува затворска казна, времено да го напушти затворот, иако за тоа немал соодветно Решение. Притоа, двајцата, со приватното возило на Р.М. се упатиле кон село Јосифово, валандовско. За случајот се запознаени Основното јавно обвинителство Струмица и Затворот Струмица, а по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Приведени затвореник и затворски полицаец од струмичко appeared first on Република.

]]>
Приведени три лица: Му се заканувале на градоначалникот на Гази Баба – познати нивните идентитети https://republika.mk/vesti/crna-hronika/privedeni-tri-litsa-mu-se-zakanuvale-na-gradonachalnikot-na-gazi-baba-poznati-nivnite-identiteti/ Fri, 15 Sep 2023 17:15:58 +0000 https://republika.mk/?p=682254

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје денеска (15.09.2023) ги лишија од слобода С.М., Ф.М. и М.М., во врска со пријавата од градоначалникот на општина Гази Баба.

Тој на 11.09.2023 во СВР Скопје пријави дека три лица упатувале закани по неговиот живот поради претходно извршено уривање на дивоградба во с. Инџиково.

Веднаш по добиената пријава, преземени се неопходните мерки и активности и денеска сторителите се лишени од слобода и против нив е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје по брза постапка за кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 ст.4 од КЗ.

The post Приведени три лица: Му се заканувале на градоначалникот на Гази Баба – познати нивните идентитети appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје денеска (15.09.2023) ги лишија од слобода С.М., Ф.М. и М.М., во врска со пријавата од градоначалникот на општина Гази Баба. Тој на 11.09.2023 во СВР Скопје пријави дека три лица упатувале закани по неговиот живот поради претходно извршено уривање на дивоградба во с. Инџиково. Веднаш по добиената пријава, преземени се неопходните мерки и активности и денеска сторителите се лишени од слобода и против нив е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје по брза постапка за кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 ст.4 од КЗ.

The post Приведени три лица: Му се заканувале на градоначалникот на Гази Баба – познати нивните идентитети appeared first on Република.

]]>
Полицијата уапси седум лица, носеле оружје, дрога https://republika.mk/vesti/crna-hronika/politsijata-uapsi-sedum-litsa-nosele-oruzhje-droga/ Sat, 19 Aug 2023 10:23:40 +0000 https://republika.mk/?p=673663

На 18.08.2023 во 14.30 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода П.К.(39) од Битола. При претрес во неговиот дом во с.Олевени, битолско, биле пронајдени и одземени една ловечка пушка „ЦЗ“, една воздушна пушка, 65 ловечки патрони, куршуми различен калибар, рамка за пиштол и други предмети. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава.

На 19.08.2023 во 01.30 часот на подрачје на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.08.2023 во 05.20 часот на подрачје на Карпош, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода Б.К.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

The post Полицијата уапси седум лица, носеле оружје, дрога appeared first on Република.

]]>

На 18.08.2023 во 14.30 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода П.К.(39) од Битола. При претрес во неговиот дом во с.Олевени, битолско, биле пронајдени и одземени една ловечка пушка „ЦЗ“, една воздушна пушка, 65 ловечки патрони, куршуми различен калибар, рамка за пиштол и други предмети. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава. На 19.08.2023 во 01.30 часот на подрачје на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 19.08.2023 во 05.20 часот на подрачје на Карпош, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода Б.К.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

The post Полицијата уапси седум лица, носеле оружје, дрога appeared first on Република.

]]>
Мерка притвор за уште 35 навивачи, притворени сите 105 уапсени за инцидентите во кои беше убиен навивачот на АЕК https://republika.mk/vesti/balkan/merka-pritvor-za-ushte-35-navivachi-pritvoreni-site-105-uapseni-za-intsidentite-vo-koi-beshe-ubien-navivachot-na-aek/ Sun, 13 Aug 2023 19:26:54 +0000 https://republika.mk/?p=671749

Сите 105 навивачи уапсени за инцидентите пред стадионот на АЕК во понеделникот вечерта во кои беше убиен 29-годишниот навивач на атинскиот тим, ќе бидат притворени, откако и на последните 35 уапсени денеска им беше одредена мерка притвор, јави дописничката на МИА од Атина.

За време на тридневното маратонско сослушување, ниту еден од уапсените не беше ослободен од обвиненијата за кои се товарат, а од 105 лица, 102 се хрватски државјани, двајца се Грци, а еден е Албанец.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, меѓу оние кои денеска дадоа исказ пред истражен судија и добија мерка притвор се и петтемина Хрвати, кои ден по инцидентите беа уапсени на пристаништето во Игуменица, во обид со брод да ја напуштат Грција.

Притворените 105 навивачи ќе бидат префрлени во 16 затвори во цела Грција, а паралелно продолжува истрага за откривање на сторителот на убиството на навивачот и се очекуваат резултатите од ДНК анализата по примероците земени од уапсените.

Уапсените се товарат за четири кривични и седум прекршочни дела, меѓу кои и за убиство со умисла, како иако убиецот сѐ уште не е идентификуван, за криминална организација, за експлозија и поседување експлозивен материјал итн.

Процесот на сослушување пред истражните судии започна во петокот напладне, а заврши вечерва околу 21 часот.

The post Мерка притвор за уште 35 навивачи, притворени сите 105 уапсени за инцидентите во кои беше убиен навивачот на АЕК appeared first on Република.

]]>

Сите 105 навивачи уапсени за инцидентите пред стадионот на АЕК во понеделникот вечерта во кои беше убиен 29-годишниот навивач на атинскиот тим, ќе бидат притворени, откако и на последните 35 уапсени денеска им беше одредена мерка притвор, јави дописничката на МИА од Атина. За време на тридневното маратонско сослушување, ниту еден од уапсените не беше ослободен од обвиненијата за кои се товарат, а од 105 лица, 102 се хрватски државјани, двајца се Грци, а еден е Албанец. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, меѓу оние кои денеска дадоа исказ пред истражен судија и добија мерка притвор се и петтемина Хрвати, кои ден по инцидентите беа уапсени на пристаништето во Игуменица, во обид со брод да ја напуштат Грција. Притворените 105 навивачи ќе бидат префрлени во 16 затвори во цела Грција, а паралелно продолжува истрага за откривање на сторителот на убиството на навивачот и се очекуваат резултатите од ДНК анализата по примероците земени од уапсените. Уапсените се товарат за четири кривични и седум прекршочни дела, меѓу кои и за убиство со умисла, како иако убиецот сѐ уште не е идентификуван, за криминална организација, за експлозија и поседување експлозивен материјал итн. Процесот на сослушување пред истражните судии започна во петокот напладне, а заврши вечерва околу 21 часот.

The post Мерка притвор за уште 35 навивачи, притворени сите 105 уапсени за инцидентите во кои беше убиен навивачот на АЕК appeared first on Република.

]]>
Навивачи на Динамо Загреб приведени на Евзони пред да влезат во Македонија https://republika.mk/sport/fudbal/navivachi-na-dinamo-zagreb-privedeni-na-evzoni-pred-da-vlezat-vo-makedonija/ Tue, 08 Aug 2023 17:33:02 +0000 https://republika.mk/?p=670113

Хрватски навивачи кои учестувале во жестоката тепачка во Атина со фанови на АЕК и на Панатинаикос, денеска се обиделе да избегаат во Македонија. Едно комбе со седуммина навивачи е сопрено на Евзони, грчко-македонскиот премин.

Грчките медиуми известуваат дека комбе со седум хрватски државјани било застанато на Евзони. Во комбето биле пронајдени палки и ножеви, а тие веројатно сакале преку Македонија да се упатат кон својата држава.

Веднаш биле уапсени, а се очекува да бидат однесени на распит во Солун, со што ќе се зголеми официјалната бројка од 98 лица уапсени досега.

На неколку други премини исто така се приведени хрватски навивачи кои саакале да побегнат од Грција. Едно 19-годишно момче е фатено на преминот Какавија, од Грција кон Албанија.

 

The post Навивачи на Динамо Загреб приведени на Евзони пред да влезат во Македонија appeared first on Република.

]]>

Хрватски навивачи кои учестувале во жестоката тепачка во Атина со фанови на АЕК и на Панатинаикос, денеска се обиделе да избегаат во Македонија. Едно комбе со седуммина навивачи е сопрено на Евзони, грчко-македонскиот премин. Грчките медиуми известуваат дека комбе со седум хрватски државјани било застанато на Евзони. Во комбето биле пронајдени палки и ножеви, а тие веројатно сакале преку Македонија да се упатат кон својата држава. Веднаш биле уапсени, а се очекува да бидат однесени на распит во Солун, со што ќе се зголеми официјалната бројка од 98 лица уапсени досега. На неколку други премини исто така се приведени хрватски навивачи кои саакале да побегнат од Грција. Едно 19-годишно момче е фатено на преминот Какавија, од Грција кон Албанија.  

The post Навивачи на Динамо Загреб приведени на Евзони пред да влезат во Македонија appeared first on Република.

]]>
Полицијата приведе 20 лица на фестивал во Дојран https://republika.mk/vesti/crna-hronika/politsijata-privede-20-litsa-na-festival-vo-dojran-2/ Mon, 03 Jul 2023 08:08:01 +0000 https://republika.mk/?p=657594

Министерството за внатрешни работи информираше дека, полициски службеници од Секторот за недозволен трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделoт за криминалистичка полиција во координација и заедничка акција со Секторот за внатрешни работи Струмица и Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје презеле засилени мерки за време на одржувањето на музичка манифестација во Стар Дојран, со цел откривање на кривични дела и прекршоци од областа на недозволената трговија со дрога.

Притоа, биле лишени од слобода 20 лица, од кои 1 грчки државјанин, кај кои при преглед била пронајдена разновидна дрога. За случаите е известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по нивно целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави, се вели во соопштението од полицијата.

Од таму додаваат дека овие зајакнати контроли, покрај соодветно санкционирање на овој тип кривични дела, имаат за цел и превенирање на недозволената продажба и употреба на наркотични средства меѓу младите, како најчести посетители на ваков тип музички манифестации.

The post Полицијата приведе 20 лица на фестивал во Дојран appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи информираше дека, полициски службеници од Секторот за недозволен трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделoт за криминалистичка полиција во координација и заедничка акција со Секторот за внатрешни работи Струмица и Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје презеле засилени мерки за време на одржувањето на музичка манифестација во Стар Дојран, со цел откривање на кривични дела и прекршоци од областа на недозволената трговија со дрога. Притоа, биле лишени од слобода 20 лица, од кои 1 грчки државјанин, кај кои при преглед била пронајдена разновидна дрога. За случаите е известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по нивно целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави, се вели во соопштението од полицијата. Од таму додаваат дека овие зајакнати контроли, покрај соодветно санкционирање на овој тип кривични дела, имаат за цел и превенирање на недозволената продажба и употреба на наркотични средства меѓу младите, како најчести посетители на ваков тип музички манифестации.

The post Полицијата приведе 20 лица на фестивал во Дојран appeared first on Република.

]]>