пристапни преговори Archives - Република https://republika.mk/tema/pristapni-pregovori/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Mar 2024 15:22:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пристапни преговори Archives - Република https://republika.mk/tema/pristapni-pregovori/ 32 32 Шмит изрази благодарност по најавата за препорака од Еврокомисијата за почеток на преговори со БиХ https://republika.mk/vesti/balkan/shmit-izrazi-blagodarnost-po-najavata-za-preporaka-od-evrokomisijata-za-pochetok-na-pregovori-so-bih/ Tue, 12 Mar 2024 15:22:18 +0000 https://republika.mk/?p=754096

По повод веста дека БиХ ќе добие зелено светло за почеток на пристапните преговори со ЕУ, задоволство изрази и високиот меѓународен претставник во БиХ, Кристијан Шмит.

„Благодарен сум за најавата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дека ЕУ препорачува отворање на пристапни преговори со Босна и Херцеговина. Ова е можен почеток на процес кој е клучен за иднината и просперитетот на Босна и Херцеговина во семејството на ЕУ. Ќе дадам целосна поддршка и соработка во согласност со Дејтонскиот мандат“, напиша на Икс високиот претставник Кристијан Шмит.

The post Шмит изрази благодарност по најавата за препорака од Еврокомисијата за почеток на преговори со БиХ appeared first on Република.

]]>

Маричиќ-Сарацин: Со проактивност на сите политички партии да се направи нов напредок кон ЕУ до крајот на годината https://republika.mk/vesti/makedonija/marichik-saratsin-so-proaktivnost-na-site-politichki-partii-da-se-napravi-nov-napredok-kon-eu-do-krajot-na-godinata/ Thu, 18 May 2023 10:44:09 +0000 https://republika.mk/?p=642232

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска оствари средба со Мануел Сарацин, специјалниот пратеник на Владата на Сојузна Република Германија за Западен Балкан, на која беше разговарано за пристапните преговори на Македонија со ЕУполитиката за проширување со земјите од регионот, како и за домашните актуелни случувања.

- Максимално сме посветени на процесот на преговори со ЕУ и оптимист сум дека нашите обврски како држава ќе ги исполниме во предвидениот рок. Почетокот на пристапните преговори се наш поттик за забрзување на интеграцијата и продолжување на реформите, со кои ќе им обезбедиме подобар квалитет на живеење за нашите граѓани. Очекуваме поддршка за забрзување на процесите кои ги правиме на евроинтегративниот пат од нашите пријатели во ЕУ. Не смееме да го пропуштиме моментумот, рече Маричиќ на средбата.

Сарацин посочи дека Македонија е на вистинскиот пат да ја реализира својата стратешка цел, но во следниот период мора да се фокусира на обврските кои произлегуваат од преговарачката рамка, на владеењето на правото, независното судство и борбата против корупцијата, за да ја задржи динамиката на напредок кон ЕУ.

Соговорниците се согласија сега е најважно да се одржи континуитет на пристапните преговори и оваа година Македонија да направи нов напредок кон ЕУ, со отворање на првиот Кластер, „Фундаментални вредности“. За тоа Мануел Сарацин, специјалниот пратеник на Владата на Сојузна Република Германија за Западен Балкан, рече дека како и досега ја имаме силната и принципиелна поддршка од европските партнери, но дека многу поважно е да имаме политички консензус и проактивност од сите политички партии за евроинтегративниот процес.

Сарацин на средбата уште еднаш ги посочи германските позиции за проширувањето на ЕУ и за актуелните геостратешки настани во Европа рече дека Германија е наш искрен партнер на патот кон членство во ЕУ и ќе се залага што поскоро да се случи обединувањето на регионот со ЕУ.

Маричиќ го информираше Сарацин за текот на скрининг процесот и за реформскиот план кој треба да даде брзи резултати и напредок во зајакнувањето на владеењето на правото, правосудниот систем, борбата против корупцијата и другите области од значење за европскиот пат на нашата земја.

Маричиќ изрази уверување дека европските партнери го ценат сето она што македонската Влада го постигнала на европскиот пат, особено имајќи ги предвид тешките политички и економски околности, на кои бевме сведоци поради војната во Украина и потенцираше дека очекува Унијата да даде јасен план за европската перспектива на Западен Балкан.

На средбата присуствуваше и амбасадорката на Сојузна Република Германија во Македонија, Петра Дрекслер.

The post Маричиќ-Сарацин: Со проактивност на сите политички партии да се направи нов напредок кон ЕУ до крајот на годината appeared first on Република.

Маричиќ: Европската Унија останува со нас во време на криза https://republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-evropskata-unija-ostanuva-so-nas-vo-vreme-na-kriza/ Mon, 24 Oct 2022 20:06:34 +0000 https://republika.mk/?p=565104

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, на маргините на Европскиот самит во Салзбург, одржа билатерални средби со еврокомесарот за буџет и администрација, Јоханес Хан, со генералениот секретар на Министерстото за надворешни работи на Австрија, Лаунски-Тиефентал и Александар Симурдиќ, директор на Фондот за европски прашања на АП Војводина.

На состанокот со еврокомесарот Хан беше изразена поддршката и помошта што ќе ја даде ЕУ за надминување на енергетската криза, и потврдено дека Унијата останува со нас во време на светска криза, со што уште еднаш ја покажува солидарноста на дело.

-Со нашите докажани европски партнери и пријатели полесно и побрзо ќе ги надминеме кризите со кои се соочува цела Европа. Овие предизвици нè принудуваат да работиме заедно поинтензивно на обновливи извори на енергија, а од друга страна светската енергентска криза бара да почнеме со енергетско поврзување и градење на енергетска инфраструктура, рече Маричиќ на состанокот.

Одлична конструктивна средба вицепремиерот за европски прашања Маричиќ одржа со Петер Лаунски-Тиефентал, Генералиот секретар на Министерстото за надворешни работи на Австрија.

На состанокот соговорниците се согласија дека во овие моменти сојузништвото и обединетоста се најважни. Петер Лаунски-Тиефентал рече дека Австрија останува наш искрен поддржувач на евроинтеграциите и на напредокот во реформите, со цел процесот за членство во ЕУ да биде побрз и полесен за Македонија.

Вицепремиерот Маричиќ имаше состанок и со Александар Симурдиќ, директорот на Фондот за европски прашања на АП Војводина, на кој беше дискутирано за искуствата на Дрбија во процедот на евроинтеграции и за заедничките предизвици со кои се соочуваме во делот на јавната администрација и зголемување на нивото на искотистеност на европски средства.

Маричиќ и Симурдиќ потврдија дека за евроинтегративниот процес е најважно да се разбери неговата важност и да биде инклузивен процес, во кој секој ќе даде свој придонес.

Според искуствата на директорот Симурдиќ, локалните заедници ќе играат важна улога и ќе мора да се подготвени за новите програми и поддршка која ќе доаѓа од ЕУ и на најдобар начин да ја искористат за граѓаните час поскоро да ги почувствуваат бенефитите од преговорите и членството во Унијата.

The post Маричиќ: Европската Унија останува со нас во време на криза appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, на маргините на Европскиот самит во Салзбург, одржа билатерални средби со еврокомесарот за буџет и администрација, Јоханес Хан, со генералениот секретар на Министерстото за надворешни работи на Австрија, Лаунски-Тиефентал и Александар Симурдиќ, директор на Фондот за европски прашања на АП Војводина. На состанокот со еврокомесарот Хан беше изразена поддршката и помошта што ќе ја даде ЕУ за надминување на енергетската криза, и потврдено дека Унијата останува со нас во време на светска криза, со што уште еднаш ја покажува солидарноста на дело.
-Со нашите докажани европски партнери и пријатели полесно и побрзо ќе ги надминеме кризите со кои се соочува цела Европа. Овие предизвици нè принудуваат да работиме заедно поинтензивно на обновливи извори на енергија, а од друга страна светската енергентска криза бара да почнеме со енергетско поврзување и градење на енергетска инфраструктура, рече Маричиќ на состанокот.
Одлична конструктивна средба вицепремиерот за европски прашања Маричиќ одржа со Петер Лаунски-Тиефентал, Генералиот секретар на Министерстото за надворешни работи на Австрија. На состанокот соговорниците се согласија дека во овие моменти сојузништвото и обединетоста се најважни. Петер Лаунски-Тиефентал рече дека Австрија останува наш искрен поддржувач на евроинтеграциите и на напредокот во реформите, со цел процесот за членство во ЕУ да биде побрз и полесен за Македонија. Вицепремиерот Маричиќ имаше состанок и со Александар Симурдиќ, директорот на Фондот за европски прашања на АП Војводина, на кој беше дискутирано за искуствата на Дрбија во процедот на евроинтеграции и за заедничките предизвици со кои се соочуваме во делот на јавната администрација и зголемување на нивото на искотистеност на европски средства. Маричиќ и Симурдиќ потврдија дека за евроинтегративниот процес е најважно да се разбери неговата важност и да биде инклузивен процес, во кој секој ќе даде свој придонес. Според искуствата на директорот Симурдиќ, локалните заедници ќе играат важна улога и ќе мора да се подготвени за новите програми и поддршка која ќе доаѓа од ЕУ и на најдобар начин да ја искористат за граѓаните час поскоро да ги почувствуваат бенефитите од преговорите и членството во Унијата.

The post Маричиќ: Европската Унија останува со нас во време на криза appeared first on Република.

]]>
Започнува скринингот за Кластер 3 „Конкурентност и инклузивен раст“ https://republika.mk/vesti/makedonija/zapochnuva-skriningot-za-klaster-3-konkurentnost-i-inkluziven-rast/ Mon, 17 Oct 2022 06:43:32 +0000 https://republika.mk/?p=561857

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, од денеска престојува во Брисел, по повод започнувањето на објаснувачките скрининг состаноци за Кластерот 3, „Конкурентност и инклузивен раст“.

Објаснувачкиот скрининг за овој Кластер започнува со денешниот објаснувачки состанок за Поглавјето 10, „Дигитална трансформација и медиуми“, на кој македонскиот преговарачки тим ќе ја слуша експертизата, препораките и советите од Европската комисија во оваа област, кои понатаму ќе бидат водич во подготовките за билатералниот скрининг во ова поглавје, информираат од Секретаријатот за евтопски прашања.

Досега успешно се завршени објаснувачките скрининг состаноци за Кластерот 1, „Темели“ и Кластерот 2 „Внатрешен пазар“, што е и констатација на Комисијата во годишниот Извештај за Македонија за 2022 година, дека процесот на скрининг се одвива непречено, а земјата покажува високо ниво на посветеност.

До крајот на оваа недела ќе се одржат и скрининг состаноците за Поглавјата 16,17,19,20,25,26 и 29, односно поглавјата „Оданочување“, „Економска и монетарна политика“, „Социјална политика и вработување“, „Претпријатија и индустриска политика“, „Наука и истражување“, „Образование и култура“ и „Царинска Унија“.

По одржувањето на првата Меѓувладина конференција со ЕУ, во јуни годинава, со која официјално Македонија ги отвори преговорите, започна скрининг процесот, кој се состои од две фази. Првата е објаснувачкиот скрининг – кога Европската комисија ќе го презентира најрелевантното законодавство на ЕУ за сите поглавја сега групирани во кластери, односно во случајот на нашата земја ќе се направи само ажурирање на релевантните акти (имајќи предвид дека ние веќе поминавме низ овој процес во 2018-2019 година). Втората фаза од скринингот, односно билатералниот скрининг, кој започнува на 11-ти ноември за Кластер 1, „Фундаментални вредности“, претставува процес во кој ние го презентираме степенот на усогласеност на националното законодавство и планови за понатамошно усогласување, градење на институционални и административни капацитети, како и потребни човечки, финансиски и ИТ ресурси за спроведување на европските стандарди.

The post Започнува скринингот за Кластер 3 „Конкурентност и инклузивен раст“ appeared first on Република.

]]>

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, од денеска престојува во Брисел, по повод започнувањето на објаснувачките скрининг состаноци за Кластерот 3, „Конкурентност и инклузивен раст“. Објаснувачкиот скрининг за овој Кластер започнува со денешниот објаснувачки состанок за Поглавјето 10, „Дигитална трансформација и медиуми“, на кој македонскиот преговарачки тим ќе ја слуша експертизата, препораките и советите од Европската комисија во оваа област, кои понатаму ќе бидат водич во подготовките за билатералниот скрининг во ова поглавје, информираат од Секретаријатот за евтопски прашања. Досега успешно се завршени објаснувачките скрининг состаноци за Кластерот 1, „Темели“ и Кластерот 2 „Внатрешен пазар“, што е и констатација на Комисијата во годишниот Извештај за Македонија за 2022 година, дека процесот на скрининг се одвива непречено, а земјата покажува високо ниво на посветеност. До крајот на оваа недела ќе се одржат и скрининг состаноците за Поглавјата 16,17,19,20,25,26 и 29, односно поглавјата „Оданочување“, „Економска и монетарна политика“, „Социјална политика и вработување“, „Претпријатија и индустриска политика“, „Наука и истражување“, „Образование и култура“ и „Царинска Унија“. По одржувањето на првата Меѓувладина конференција со ЕУ, во јуни годинава, со која официјално Македонија ги отвори преговорите, започна скрининг процесот, кој се состои од две фази. Првата е објаснувачкиот скрининг – кога Европската комисија ќе го презентира најрелевантното законодавство на ЕУ за сите поглавја сега групирани во кластери, односно во случајот на нашата земја ќе се направи само ажурирање на релевантните акти (имајќи предвид дека ние веќе поминавме низ овој процес во 2018-2019 година). Втората фаза од скринингот, односно билатералниот скрининг, кој започнува на 11-ти ноември за Кластер 1, „Фундаментални вредности“, претставува процес во кој ние го презентираме степенот на усогласеност на националното законодавство и планови за понатамошно усогласување, градење на институционални и административни капацитети, како и потребни човечки, финансиски и ИТ ресурси за спроведување на европските стандарди.

The post Започнува скринингот за Кластер 3 „Конкурентност и инклузивен раст“ appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Бизнис секторот ја има клучната улога во усогласувањето на економските ЕУ регулативи и стандарди https://republika.mk/vesti/ekonomija/marichikj-biznis-sektorot-ja-ima-kluchnata-uloga-vo-usoglasuvanjeto-na-ekonomskite-eu-regulativi-i-standardi/ Thu, 25 Aug 2022 18:04:28 +0000 https://republika.mk/?p=544133

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска учествуваше на редовната седница на Комисијата за јавно-приватен дијалог, со која претседаваше заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, на која го објасни скрининг процесот на претставниците на Стопанските Комори и нивната улога во процесот на пристапните преговори со Унијата.

Учеството на стопанските комори во пристапните преговори, ќе биде клучно, бидејќи со специфичното знаење и искуство што го има бизнис секторот, може многу да придонесе за подобрување на политиките и побрзо усогласување со  ЕУ регулативите и ЕУ стандардите, кои ќе бараат и човечки и финансиски капитал, но и нова технологија, рече вицепремиерот Маричиќ.

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ исто така на состанокот посочи дека пред нас е динамичен процес во кој ќе бидат поставени барања и структурни промени, кои нè очекуваат во процесот на пристапување, како и по влезот во Европската Унија.

Една од најважните цели на економската политика во наредниот период мора да ни биде зајакнување на конкурентноста на економијата со цел да се подобри нејзината способност да ги издржи притисоците на конкуренцијата во Европската унија, рече вицепремиерот Маричиќ

Маричиќ изрази верување дека заеднички ќе успееме да ги надминеме предизвиците кои нè очекуваат во претстојниот интензивен период и дека успешно ќе се завршиме преговарачкиот процес, кој ќе значи членство во Унијата и отворање на нов пазар, укинување на царинските бариери и пристап до сите фондови на ЕУ, потенцирајќи дека и државата и граѓаните го заслужуваат тоа.

Вицепремиерот ги продолжува консултациите и во наредниот период ќе се работи на идентификување на луѓе, експерти кои ќе можат да се вклучат и со својата стручност и знаење да придонесат во преговорите. Дел од овој процес ќе бидат не само луѓето кои веќе се дел од администрацијата, туку и експерти од надвор, со цел навремено информирање и креирање политики дома согласно политиките на ЕУ, за полесно трансферирање во нашиот систем.

The post Маричиќ: Бизнис секторот ја има клучната улога во усогласувањето на економските ЕУ регулативи и стандарди appeared first on Република.