прислушкување Archives - Република https://republika.mk/tema/prislushkuvanje/ За подобро да се разбереме Thu, 12 Oct 2023 07:21:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png прислушкување Archives - Република https://republika.mk/tema/prislushkuvanje/ 32 32 Николоски го поддржа извештајот на Совет на Европа за злоупотреба на прислушкувањето и следењето https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-go-poddrzha-izveshtajot-na-sovet-na-evropa-za-zloupotreba-na-prislushkuvaneto-i-sledeneto/ Thu, 12 Oct 2023 07:21:29 +0000 https://republika.mk/?p=690339

Би сакал да го поддржам овој многу важен извештај. Со право се вели дека – Собранието треба да ја осуди употребата на шпионски софтвер од страна на државните органи за политички цели, што е прекршување на правото на почитување на приватниот живот и другите права гарантирани со Европската конвенција за човекови права, ова преку изјава го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Употребата на шпионски софтвер од типот Пегазус треба да се ограничи на исклучителни ситуации како последна мерка, за вистински и сериозни закани за националната безбедност или специфични и дефинирани тешки кривични дела. Државите кои наводно го користеле Пегазус за нелегитимни цели треба да го информираат Собранието и Венецијанската комисија за неговата употреба, да спроведат ефективни истраги и да обезбедат обесштетување на жртвите. Сите земји-членки треба да се воздржат од користење на овој вид шпионски софтвер додека нивната законска рамка за тајно следење не биде целосно усогласена со барањата на Конвенцијата, како што оцени Венецијанската комисија. Во мојата земја Македонија постои голема загриженост дека Владата незаконски користи злонамерен софтвер за пресретнување на комуникацијата на опозицијата, вклучително и мене, како и на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски и други политичари од високо ниво. Побаравме собраниски надзор, но не добивме кредибилен демант дека во Македонија нема надзор на граѓаните со таканаречен злонамерен софтвер или напреден софтвер, кој буквално влегува во домот на граѓаните. Она што исто така можам да го кажам е дека ние како најголема политичка партија во Македонија имаме сериозен сомнеж дека сме под континуиран физички надзор како опозициски политичари, што најверојатно незаконски го прават одредени структури кои се во безбедносниот сектор во државата, вели Николоски.

Тој додава дека она што исто така можам да го кажам е дека дел од овој вид на злонамерен софтвер е произведен во Македонија. Една компанија, компанијата „Ситрокс“, веќе е на црната листа на САД токму поради оваа работа.

Од 2021 година, различни истражни извештаи открија дека владите на неколку земји-членки на Советот на Европа набавиле и користеле шпионски софтвер наречен Пегазус. Владата на мојата земја е една од нив. Големо прашање е, како се користи и за што? Постои големо сомневање дека се користи за политички цели при што се кршат човековите права, за ова мора да се спроведе соодветна истрага, а одговорните мора да се изведат пред лицето на правдата за криминалот што го направија со незаконско користење на ваков софтвер за незаконско следење и прислушување на опозицијата, вели Николоски.

The post Николоски го поддржа извештајот на Совет на Европа за злоупотреба на прислушкувањето и следењето appeared first on Република.

]]>

Петрушевски: Зошто ЈО не реагира по индициите дека ОТА набавила опрема за масовно прислушкување, без согласност од МВР? https://republika.mk/vesti/makedonija/petrushevski-zoshto-jo-ne-reagira-po-inditsiite-deka-ota-nabavila-oprema-za-masovno-prislushkuvane-bez-soglasnost-od-mvr/ Sat, 24 Jun 2023 09:21:46 +0000 https://republika.mk/?p=654645

Директорот на ОТА извршил незаконска набавка на опрема за масовно прислушкувања. Единствен кој стои зад тоа е Димитар Ковачевски, без чија согласност истата не можела да биде набавена, истакна на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Јас и другите членови на собраниската комисија за мониторинг над службите за безбедност, кои воочивме за нас спорни моменти, свесни за обврската кон државната тајна која не обврзува без да изнесуваме детали во јавноста го известивме ЈО. Морам да напоменам, дека известувањето беше со согласност на сите пратеници и од опозиција и од позиција. ЈО со денови молчи. И нема никаква реакција. Затоа повторно излегуваме да алармираме.

Набавен е опрема за следење на комуникациите, со набавка спроведена на незаконит начин, без потребна дозвола од МВР и без почитување на Правилникот на Агенцијата. Јавно прашуваме, дали ваквата опрема е набавена со цел масовно прислушкување на Македонските граѓани?, прашува Петрушевски.

Тој праша и дали со набавената опрема можат буквално да се прислушкуваат сите 2 милиони граѓани на Република Македонија?

Дали набавката на опремата е спроведена со цел прислушкување пред избори, и дали со истата власта има за цел да влезе и во други криминални дејанија? Го повикуваме директорот на ОТА да одговори, дали набавил опрема за масовно прислушкување без потребната дозвола од МВР? Дали зад набавката на опремата на незаконит начин стои лично Димитар Ковачевски? ЈО да не чека и да отвори истрага. Државата се соочува со опасност од огромен и досега невиден скандал, вели пратеникот.

https://www.youtube.com/watch?v=9dYpj3MsTjI

The post Петрушевски: Зошто ЈО не реагира по индициите дека ОТА набавила опрема за масовно прислушкување, без согласност од МВР? appeared first on Република.

]]>

Директорот на ОТА извршил незаконска набавка на опрема за масовно прислушкувања. Единствен кој стои зад тоа е Димитар Ковачевски, без чија согласност истата не можела да биде набавена, истакна на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
Јас и другите членови на собраниската комисија за мониторинг над службите за безбедност, кои воочивме за нас спорни моменти, свесни за обврската кон државната тајна која не обврзува без да изнесуваме детали во јавноста го известивме ЈО. Морам да напоменам, дека известувањето беше со согласност на сите пратеници и од опозиција и од позиција. ЈО со денови молчи. И нема никаква реакција. Затоа повторно излегуваме да алармираме.
Набавен е опрема за следење на комуникациите, со набавка спроведена на незаконит начин, без потребна дозвола од МВР и без почитување на Правилникот на Агенцијата. Јавно прашуваме, дали ваквата опрема е набавена со цел масовно прислушкување на Македонските граѓани?, прашува Петрушевски. Тој праша и дали со набавената опрема можат буквално да се прислушкуваат сите 2 милиони граѓани на Република Македонија?
Дали набавката на опремата е спроведена со цел прислушкување пред избори, и дали со истата власта има за цел да влезе и во други криминални дејанија? Го повикуваме директорот на ОТА да одговори, дали набавил опрема за масовно прислушкување без потребната дозвола од МВР? Дали зад набавката на опремата на незаконит начин стои лично Димитар Ковачевски? ЈО да не чека и да отвори истрага. Државата се соочува со опасност од огромен и досега невиден скандал, вели пратеникот.
https://www.youtube.com/watch?v=9dYpj3MsTjI

The post Петрушевски: Зошто ЈО не реагира по индициите дека ОТА набавила опрема за масовно прислушкување, без согласност од МВР? appeared first on Република.

]]>
„Големото уво“ во Грција: Пратеници се прислушкуваат преку специјален софтвер https://republika.mk/vesti/balkan/golemoto-uvo-vo-grcija-pratenici-se-prislushkuvaat-preku-specijalen-softver/ Fri, 09 Sep 2022 14:00:22 +0000 https://republika.mk/?p=549161

Пратеникот и поранешен министер од грчката опозициска партија СИРИЗА Христос Спирѕис до Врховниот суд на Грција денеска достави пријава за обид неговиот мобилен телефон да биде хакиран и следен со софтверот „Предатор“,

Ова е трет ваков случај во Грција откако новинарот Танасис Кукакис откри дека неговиот мобилен телефон бил хакиран со конкретната програма, а лидерот на ПАСОК – Движење на промена Никос Андрулакис на крајот на јули, исто како и Спирѕис сега, пријави обид неговиот мобилен телефон да биде следен со „Предатор“.

Спирѕис рече дека во ноември 2021 година, кусо откако излегол со соопштение и доставил пратеничко прашање за следење на новинар и адвокат, според текст објавен во грчки весник, во рок од четири дена добил две смс пораки со сомнителни линкови.

Додаде дека ова покажува дека некои сакале да знаат со кои новинари, со кои граѓани разговара, но и да ги следат неговите разговори со претседателот на СИРИЗА, Алексис Ципрас во врска со откритијата во медиумите од тој период поврзани со Националната служба за разузнавање (ЕИП).

-Сакам да ве информирам и да нагласам дека втората порака е истата што им беше испратена на Танасис Кукакис и Никос Андрулакис. Што значи дека тие не биле изолирани случаи на следење. Ниту господинот Кукакис, ниту господинот Андролакис. Трите пораки беа испратени од истиот болен, морбиден, антидемократски и нелегитимен центар. И овој центар е ЕИП Мицотакис, или директно или преку нивна наредба од трети страни. Поради оваа причина сакам да поставам јавни прашања. Господине Мицотакис, ги слушавте разговорите што ги имав со претседателот на СИРИЗА, Алексис Ципрас?, изјави Спирѕис.

По пријавата на пратеникот, лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас преку писмо до претседателот на Парламентот Константинос Тасулас достави барање за вонредно свикување на Специјалната постојана комисија за институции и транспарентност во Парламентот „за случувањата во врска со следењата од страна на Националната служба за разузнавање

The post „Големото уво“ во Грција: Пратеници се прислушкуваат преку специјален софтвер appeared first on Република.

]]>

Пратеникот и поранешен министер од грчката опозициска партија СИРИЗА Христос Спирѕис до Врховниот суд на Грција денеска достави пријава за обид неговиот мобилен телефон да биде хакиран и следен со софтверот „Предатор“, Ова е трет ваков случај во Грција откако новинарот Танасис Кукакис откри дека неговиот мобилен телефон бил хакиран со конкретната програма, а лидерот на ПАСОК – Движење на промена Никос Андрулакис на крајот на јули, исто како и Спирѕис сега, пријави обид неговиот мобилен телефон да биде следен со „Предатор“. Спирѕис рече дека во ноември 2021 година, кусо откако излегол со соопштение и доставил пратеничко прашање за следење на новинар и адвокат, според текст објавен во грчки весник, во рок од четири дена добил две смс пораки со сомнителни линкови. Додаде дека ова покажува дека некои сакале да знаат со кои новинари, со кои граѓани разговара, но и да ги следат неговите разговори со претседателот на СИРИЗА, Алексис Ципрас во врска со откритијата во медиумите од тој период поврзани со Националната служба за разузнавање (ЕИП). -Сакам да ве информирам и да нагласам дека втората порака е истата што им беше испратена на Танасис Кукакис и Никос Андрулакис. Што значи дека тие не биле изолирани случаи на следење. Ниту господинот Кукакис, ниту господинот Андролакис. Трите пораки беа испратени од истиот болен, морбиден, антидемократски и нелегитимен центар. И овој центар е ЕИП Мицотакис, или директно или преку нивна наредба од трети страни. Поради оваа причина сакам да поставам јавни прашања. Господине Мицотакис, ги слушавте разговорите што ги имав со претседателот на СИРИЗА, Алексис Ципрас?, изјави Спирѕис. По пријавата на пратеникот, лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас преку писмо до претседателот на Парламентот Константинос Тасулас достави барање за вонредно свикување на Специјалната постојана комисија за институции и транспарентност во Парламентот „за случувањата во врска со следењата од страна на Националната служба за разузнавање

The post „Големото уво“ во Грција: Пратеници се прислушкуваат преку специјален софтвер appeared first on Република.

]]>
И во Бугарија афера со прислушкување https://republika.mk/vesti/balkan/i-vo-bugarija-afera-so-prislushkuvanje/ Fri, 11 Feb 2022 08:01:31 +0000 https://republika.mk/?p=457015

Софиското обвинителство води истрага за можна незаконска употреба на софтверот „Пегаз“ во државни структури заради неодобрено прислушување бугарски државјани, соопшти обвинителството.

Од Националното биро за контрола на специјални разузнавачки средства (НБЦРС) побарале информации дали во државните структури се применувал производот на израелската технолошка компанија НВО Груп „Пегаз“ за конкретни граѓани. Проверката ќе разјасни дали софтверот е продаден и доставен во Бугарија и евентуално каде е имплементиран

The post И во Бугарија афера со прислушкување appeared first on Република.

]]>

Софиското обвинителство води истрага за можна незаконска употреба на софтверот „Пегаз“ во државни структури заради неодобрено прислушување бугарски државјани, соопшти обвинителството. Од Националното биро за контрола на специјални разузнавачки средства (НБЦРС) побарале информации дали во државните структури се применувал производот на израелската технолошка компанија НВО Груп „Пегаз“ за конкретни граѓани. Проверката ќе разјасни дали софтверот е продаден и доставен во Бугарија и евентуално каде е имплементиран

The post И во Бугарија афера со прислушкување appeared first on Република.

]]>
Скандал во Израел: Полицијата нелегално ги шпионирала соработниците на Нетанјаху https://republika.mk/vesti/svet/skandal-vo-izrael-policijata-nelegalno-gi-shpionirala-sorabotnicite-na-netanjahu/ Mon, 07 Feb 2022 22:35:10 +0000 https://republika.mk/?p=455432

Израелскиот министер за полиција денеска изјави дека ќе формира државна истражна комисија откако израелски дневен весник објави дека полицијата незаконски користела шпионски софтвер против соработниците на поранешниот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Пегазус, алатка за хакирање на мобилни телефони произведена од израелската групација НСО, се користела за „собирање податоци дури и пред да се отвори каква било истрага против тие цели и без судски наредби“, објави Калкалист. Целта биле синот и двајцата помошници на поранешниот премиер, кому му се суди за корупција, потоа уште еден сообвинет и неколку очевидци, како и двајца поранешни функционери, пишува весникот.

Адвокатите на Нетанјаху бараат да се прекине постапката против него додека не се разјасни извештајот на Калкалист, а министерот за внатрешни работи Омер Барлев рече дека ќе формира истражна комисија за целосно да ги истражи наводите.

Нема да има такви пропусти под мојата палка“, рече тој.

Полицијата спроведува внатрешни истраги и одговара на прашања од парламентарните комисии откако Калкалист минатиот месец објавил дека нејзините истражители го користеле Пегазус против израелски граѓани, понекогаш без налог.

Израелскиот премиер Нафтали Бенет немал коментар, но најмалку тројца министри повикале на независна истрага, како и Синдикатот на новинарите. Претседателот Исак Херцог, исто така, изразил загриженост и повика на темелна истрага, објави Тајмс оф Израел

The post Скандал во Израел: Полицијата нелегално ги шпионирала соработниците на Нетанјаху appeared first on Република.

]]>

Израелскиот министер за полиција денеска изјави дека ќе формира државна истражна комисија откако израелски дневен весник објави дека полицијата незаконски користела шпионски софтвер против соработниците на поранешниот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Пегазус, алатка за хакирање на мобилни телефони произведена од израелската групација НСО, се користела за „собирање податоци дури и пред да се отвори каква било истрага против тие цели и без судски наредби“, објави Калкалист. Целта биле синот и двајцата помошници на поранешниот премиер, кому му се суди за корупција, потоа уште еден сообвинет и неколку очевидци, како и двајца поранешни функционери, пишува весникот.
Адвокатите на Нетанјаху бараат да се прекине постапката против него додека не се разјасни извештајот на Калкалист, а министерот за внатрешни работи Омер Барлев рече дека ќе формира истражна комисија за целосно да ги истражи наводите.
Нема да има такви пропусти под мојата палка“, рече тој.
Полицијата спроведува внатрешни истраги и одговара на прашања од парламентарните комисии откако Калкалист минатиот месец објавил дека нејзините истражители го користеле Пегазус против израелски граѓани, понекогаш без налог. Израелскиот премиер Нафтали Бенет немал коментар, но најмалку тројца министри повикале на независна истрага, како и Синдикатот на новинарите. Претседателот Исак Херцог, исто така, изразил загриженост и повика на темелна истрага, објави Тајмс оф Израел

The post Скандал во Израел: Полицијата нелегално ги шпионирала соработниците на Нетанјаху appeared first on Република.

]]>