примопредавање Archives - Република https://republika.mk/tema/primopredavanje/ За подобро да се разбереме Fri, 28 Jun 2024 11:36:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png примопредавање Archives - Република https://republika.mk/tema/primopredavanje/ 32 32 Муцунски ја презеде функцијата министер за надворешни работи од Османи https://republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-ja-prezede-funktsijata-minister-za-nadvoreshni-raboti-od-osmani/ Fri, 28 Jun 2024 11:36:39 +0000 https://republika.mk/?p=791548

Во Министерството за надворешни работи денеска беше извршено примопредавање на функцијата меѓу новоименуваниот министер Тимчо Муцунски и досегашниот министер Бујар Османи.

Од МНР информираа дека Османи му посакал успех на Муцунски во реализацијата на активностите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, а Муцунски порачал дека во периодот што следи акцентот ќе биде ставен на забрзување на евроинтегративниот процес на земјава, стратешкото партнерство со САД, како и привлекувањето странски инвестиции.

И покрај многуте предизвици, со посветена работа и решителност ќе бидат постигнати зацртаните цели во предвидената програма за работа на Владата, истакнал Муцунски на средбата.

Претходно, Муцунски му ја предаде функцијата градоначалник на Општина Аеродром на Дејан Митески, кој ќе биде новиот в.д. градоначалник на Општината.

The post Муцунски ја презеде функцијата министер за надворешни работи од Османи appeared first on Република.

]]>

Во Министерството за надворешни работи денеска беше извршено примопредавање на функцијата меѓу новоименуваниот министер Тимчо Муцунски и досегашниот министер Бујар Османи. Од МНР информираа дека Османи му посакал успех на Муцунски во реализацијата на активностите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, а Муцунски порачал дека во периодот што следи акцентот ќе биде ставен на забрзување на евроинтегративниот процес на земјава, стратешкото партнерство со САД, како и привлекувањето странски инвестиции.
И покрај многуте предизвици, со посветена работа и решителност ќе бидат постигнати зацртаните цели во предвидената програма за работа на Владата, истакнал Муцунски на средбата.
Претходно, Муцунски му ја предаде функцијата градоначалник на Општина Аеродром на Дејан Митески, кој ќе биде новиот в.д. градоначалник на Општината.  

The post Муцунски ја презеде функцијата министер за надворешни работи од Османи appeared first on Република.

]]>
Официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател https://republika.mk/vesti/makedonija/ofitsijalna-tseremonija-na-primopredavane-na-funktsijata-pretsedatel/ Sun, 12 May 2024 06:59:34 +0000 https://republika.mk/?p=777155

Во Кабинетот на претседателот, денеска ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател со највисоки државни и воени почести.

По свечената церемонија, соопштија од кабинетот на Претседателот на државата, новоизбраната претседателка Гордана Силјановска Давкова и претседателот Стево Пендаровски ќе остварат тет-а-тет средба.

The post Официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател appeared first on Република.

]]>

Во Кабинетот на претседателот, денеска ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател со највисоки државни и воени почести. По свечената церемонија, соопштија од кабинетот на Претседателот на државата, новоизбраната претседателка Гордана Силјановска Давкова и претседателот Стево Пендаровски ќе остварат тет-а-тет средба.

The post Официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател appeared first on Република.

]]>
Премиерот и новите министри ги презедоа функциите, беа на средба и кај Пендаровски https://republika.mk/vesti/makedonija/premierot-i-novite-ministri-gi-prezedoa-funkciite-bea-na-gosti-i-kaj-pendarovski/ Tue, 18 Jan 2022 07:34:31 +0000 https://republika.mk/?p=446106

На првиот ден од изборот на новата Влада, во министерствата беше извршено примопредавање, а новиот премиер Димитар Ковачевски најави дека се посветат на клучните прашања од интерес на граѓаните.

Ковачевски, по средбата со претседателот на државата Стево Пендаровски, изјави дека првиот предизвик на новата Влада е надминувањето на енергетската криза и обезбедувањето подобри услови за живот на граѓаните.

Од денеска секоја минута од нашето време им ја посветуваме на клучните прашања од интерес на нашите граѓани. Токму затоа инсистирам во неколку наврати дека нашиот фокус е ставен на економскиот развој на земјата и подобрување на животниот стандард. Како прв човек на новата Влада за моја задача и одговорност ја поставив конструктивната комуникација и соработка со сите чинители во нашето општество како што се граѓанските здруженија и претставниците на опозицијата. Новата Влада ќе биде високопродуктивна во работењето посветена на поставените високи цели за кои сум сигурен дека со многу работа и труд можеме да ги реализираме - изјави Ковачевски.

Тој изјави дека од новите министри очекува да работат чесно, одговорно и ефикасно.

Дел од нив веќе ги презедоа функциите од досегашните министри.

Новата министерка за одбрана Славјанка Петровска најави дека почнатите процеси во одбраната ќе продолжат со уште поинтензивна динамика, а еден од најважните приоритети во текот на нејзиниот мандат ќе биде одржувањето на стабилно финансирање на одбраната и достигнувањето на два процента од БДП за одбранбениот буџет до 2024 година. Приоритети за Петровска ќе бидат и донесувањето на законот за службеници во одбраната, модернизацијата и опремувањето на Армијата, како и реновирањето на воените објекти.

Примопредавање имаше и во ресорот за борба против корупцијата и криминалот. Во овој ресор, според досегашниот вицепремиер за борба против корупцијата и криминалот Љупчо Николовски, поставени се темелите во борбата против криминалот и корупцијата – донесен е План со 18 системски мерки, нов Етички кодекс, Национален регистар на вистински сопственици, подигнато е нивото на транспарентност и отчетност кај министерствата, државните органи и општините, а започнат е и процес на дигитализација на институциите со кој ќе се елиминира човечкиот фактор.

Министерот за внатрешни работи, кој и досега ја извршуваше оваа функција, Оливер Спасовски најави зголемување на платата за пет проценти на сите вработени во МВР во 2022 година, средства за бонус плата за оствaрени над 150 часа прекувремена работа во 2021 година, како и реконструкции на повеќе објекти кои се во надлежност на Министерството. Приоритет на МВР за 2022 година ќе биде и набавката на возила исклучиво за оперативно работење на полицијата.

Смена беше направена и во министерствата за правда, здравство, образование, труд и социјала, култура и земјоделство.

Досегашниот министер за правда, кој во новата Влада ќе го води ресорот евроинтеграции Бојан Маричиќ верува дека во Министерството за правда ќе продолжи темпото на спроведување на реформите бидејќи, според него, од суштинско значење за напредокот на државата и за евроинтеграцискиот процес се оценките кои доаѓаат од правосудството.

И досегашниот министер за здравство Венко Филипче, кој му ја предаде функцијата на новиот министер Беки Сали, верува дека тој ќе одговори на предизвиците што ги наметна ковид пандемијата и дека во негов фокус ќе бидат грижата за пациентите, здравствените работници и транспарентноста кон медиумите. Новиот министер, пак, вети создавање на силен здравствен систем бидејќи тоа според него е сеопфатно дефинирање на проблемите и навремен пристап кон решенијата.

Приоритет за новата министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, која доаѓа од Државниот инспекторат за труд, ќе бидат унапредувањето на правата од социјална заштита, обезбедувањето на редовни и сигурни пензии, заштитата и почитувањето на работничките права и грижа за најмладите. Родовата еднаквост, како што вети, останува и понатаму високо на агендата на Министерството за труд и социјална политика.

Посветена работа во секторот земјоделство најави и новиот министер за земјоделство Љупчо Николовски. Вети реформи и повеќе пари за земјоделството, подобар пласман на земјоделските производи и пониски трошоци за производство….

Подготвеност да се соочи со предизвиците, но и со убавините и прогресот што го носи културата изрази и новата министерка за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска, која ја презеде функцијата од досегашната министерка Ирена Стефоска.

Новоизбраниот состав на Владата по примопредавањето на функциите вчера одржа конститутивна седница. Беа донесени првите одлуки, при што беа определени вицепремиерите и нивните должности, како и претседателите и членовите на основните и на посебните владини комисии.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, оцени дека мнозинството и владата повторно се на стаклени нозе, затоа што, како што изјави пратеникот Драган Ковачки, СДСМ и ДУИ изгласаа влада со само 62 пратеници, а недели наназад зборувале како имаат стабилно мнозинство. Повторија дека Владата нема легитимитет и повторно повикаа да се одржат избори.

Старо-новата Влада нема народен легитимитет и таа е производ на тешкиот пораз на СДСМ на локалните избори. Таа е континуитет на криминалот, корупцијата и неспособноста. Со оваа Влада без легитимитет, капацитет и авторитет, Македонија ќе продолжи да тоне.Токму затоа, на Македонија и се потребни избори кои ќе ја рефлектираат волјата на народот, а Владата ќе биде легитимна и одлучна во борбата со криминалот и корупцијата и ќе донесе нова иднина за сите граѓани на државата - оценија од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Влада предводена од Ковачевски беше избрана во неделата со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани. Владата брои 21 член – 11 од СДСМ, шест од ДУИ, тројца од Алтернатива и еден министер од ЛДП. Новиот владин кабинет има еден член повеќе од досегашниот и тоа министер без ресор, место што по формирањето на новото парламентарно мнозинство и припадна на Алтернатива.

The post Премиерот и новите министри ги презедоа функциите, беа на средба и кај Пендаровски appeared first on Република.

]]>

На првиот ден од изборот на новата Влада, во министерствата беше извршено примопредавање, а новиот премиер Димитар Ковачевски најави дека се посветат на клучните прашања од интерес на граѓаните. Ковачевски, по средбата со претседателот на државата Стево Пендаровски, изјави дека првиот предизвик на новата Влада е надминувањето на енергетската криза и обезбедувањето подобри услови за живот на граѓаните.
Од денеска секоја минута од нашето време им ја посветуваме на клучните прашања од интерес на нашите граѓани. Токму затоа инсистирам во неколку наврати дека нашиот фокус е ставен на економскиот развој на земјата и подобрување на животниот стандард. Како прв човек на новата Влада за моја задача и одговорност ја поставив конструктивната комуникација и соработка со сите чинители во нашето општество како што се граѓанските здруженија и претставниците на опозицијата. Новата Влада ќе биде високопродуктивна во работењето посветена на поставените високи цели за кои сум сигурен дека со многу работа и труд можеме да ги реализираме - изјави Ковачевски.
Тој изјави дека од новите министри очекува да работат чесно, одговорно и ефикасно. Дел од нив веќе ги презедоа функциите од досегашните министри. Новата министерка за одбрана Славјанка Петровска најави дека почнатите процеси во одбраната ќе продолжат со уште поинтензивна динамика, а еден од најважните приоритети во текот на нејзиниот мандат ќе биде одржувањето на стабилно финансирање на одбраната и достигнувањето на два процента од БДП за одбранбениот буџет до 2024 година. Приоритети за Петровска ќе бидат и донесувањето на законот за службеници во одбраната, модернизацијата и опремувањето на Армијата, како и реновирањето на воените објекти. Примопредавање имаше и во ресорот за борба против корупцијата и криминалот. Во овој ресор, според досегашниот вицепремиер за борба против корупцијата и криминалот Љупчо Николовски, поставени се темелите во борбата против криминалот и корупцијата – донесен е План со 18 системски мерки, нов Етички кодекс, Национален регистар на вистински сопственици, подигнато е нивото на транспарентност и отчетност кај министерствата, државните органи и општините, а започнат е и процес на дигитализација на институциите со кој ќе се елиминира човечкиот фактор. Министерот за внатрешни работи, кој и досега ја извршуваше оваа функција, Оливер Спасовски најави зголемување на платата за пет проценти на сите вработени во МВР во 2022 година, средства за бонус плата за оствaрени над 150 часа прекувремена работа во 2021 година, како и реконструкции на повеќе објекти кои се во надлежност на Министерството. Приоритет на МВР за 2022 година ќе биде и набавката на возила исклучиво за оперативно работење на полицијата. Смена беше направена и во министерствата за правда, здравство, образование, труд и социјала, култура и земјоделство. Досегашниот министер за правда, кој во новата Влада ќе го води ресорот евроинтеграции Бојан Маричиќ верува дека во Министерството за правда ќе продолжи темпото на спроведување на реформите бидејќи, според него, од суштинско значење за напредокот на државата и за евроинтеграцискиот процес се оценките кои доаѓаат од правосудството. И досегашниот министер за здравство Венко Филипче, кој му ја предаде функцијата на новиот министер Беки Сали, верува дека тој ќе одговори на предизвиците што ги наметна ковид пандемијата и дека во негов фокус ќе бидат грижата за пациентите, здравствените работници и транспарентноста кон медиумите. Новиот министер, пак, вети создавање на силен здравствен систем бидејќи тоа според него е сеопфатно дефинирање на проблемите и навремен пристап кон решенијата. Приоритет за новата министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, која доаѓа од Државниот инспекторат за труд, ќе бидат унапредувањето на правата од социјална заштита, обезбедувањето на редовни и сигурни пензии, заштитата и почитувањето на работничките права и грижа за најмладите. Родовата еднаквост, како што вети, останува и понатаму високо на агендата на Министерството за труд и социјална политика. Посветена работа во секторот земјоделство најави и новиот министер за земјоделство Љупчо Николовски. Вети реформи и повеќе пари за земјоделството, подобар пласман на земјоделските производи и пониски трошоци за производство…. Подготвеност да се соочи со предизвиците, но и со убавините и прогресот што го носи културата изрази и новата министерка за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска, која ја презеде функцијата од досегашната министерка Ирена Стефоска. Новоизбраниот состав на Владата по примопредавањето на функциите вчера одржа конститутивна седница. Беа донесени првите одлуки, при што беа определени вицепремиерите и нивните должности, како и претседателите и членовите на основните и на посебните владини комисии. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, оцени дека мнозинството и владата повторно се на стаклени нозе, затоа што, како што изјави пратеникот Драган Ковачки, СДСМ и ДУИ изгласаа влада со само 62 пратеници, а недели наназад зборувале како имаат стабилно мнозинство. Повторија дека Владата нема легитимитет и повторно повикаа да се одржат избори.
Старо-новата Влада нема народен легитимитет и таа е производ на тешкиот пораз на СДСМ на локалните избори. Таа е континуитет на криминалот, корупцијата и неспособноста. Со оваа Влада без легитимитет, капацитет и авторитет, Македонија ќе продолжи да тоне.Токму затоа, на Македонија и се потребни избори кои ќе ја рефлектираат волјата на народот, а Владата ќе биде легитимна и одлучна во борбата со криминалот и корупцијата и ќе донесе нова иднина за сите граѓани на државата - оценија од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Влада предводена од Ковачевски беше избрана во неделата со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани. Владата брои 21 член – 11 од СДСМ, шест од ДУИ, тројца од Алтернатива и еден министер од ЛДП. Новиот владин кабинет има еден член повеќе од досегашниот и тоа министер без ресор, место што по формирањето на новото парламентарно мнозинство и припадна на Алтернатива.

The post Премиерот и новите министри ги презедоа функциите, беа на средба и кај Пендаровски appeared first on Република.

]]>
Бисера Костадиновска Стојчевска: Подготвена сум за предизвиците и за соочување со проблемите https://republika.mk/vesti/kultura/bisera-kostadinovska-stojchevska-podgotvena-sum-za-predizvicite-i-za-soochuvanje-so-problemite/ Mon, 17 Jan 2022 11:34:06 +0000 https://republika.mk/?p=445772

Досегашната министерка за култура Ирена Стефоска, во Министерството за култура и ја предаде функцијата на новоизбраната министерка, Бисера Костадиновска Стојчевска.

На новоименуваната министерка Костадиновска - Стојчевска, Стефоска ѝ посака срдечно добредојде во Министерството и многу успех во мандатот. Таа подвлече дека во ресорот се започнати повеќе процеси и проекти кои се од системско значење за уредување на културата, а кои поради сложеноста се одвиваат во повеќе фази кои бараат континуитет. Некои од нив се во сферата на заштитата на културното наследство, инвестициите, нормативата, евроинтеграциите, УНЕСКО, како и функционалната анализа во самото Министерство за култура. Стефоска им се  заблагодари за довербата и соработката на својот тим и на сите вработени во Министерството, како и на културните работници и на уметниците, стои во соопштението на Министерството за култура.

 Новоименуваната министерка за култура, Бисера Костадиновска - Стојчевска, се заблагодари на убавите желби упатени од Стефоска и рече дека позицијата министерка за култура на Република Северна Македонија ја презема со голема чест и одговорност.

Подготвена сум за предизвиците и за соочување со проблемите, но и за убавината и прогресот што културата ги носи како силен обединувачки елемент во секое општество. Искрено верувам дека сите заедно ќе оствариме нови цели и успеси со трајни вредности“,рече министерката Костадиновска – Стојчевска.

The post Бисера Костадиновска Стојчевска: Подготвена сум за предизвиците и за соочување со проблемите appeared first on Република.