Приелпски театар Archives - Република https://republika.mk/tema/prielpski-teatar/ За подобро да се разбереме Wed, 05 Jun 2024 08:55:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Приелпски театар Archives - Република https://republika.mk/tema/prielpski-teatar/ 32 32 Премиера на „Бура“ од Шекспир во режија на Џон Блондел во Прилепски театар https://republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-bura-od-shekspir-vo-rezhija-na-dhon-blondel-vo-prilepski-teatar/ Wed, 05 Jun 2024 08:55:41 +0000 https://republika.mk/?p=784862

Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, вечерва во 20 часот театарот „Војдан Чернодрински“ премиерно ќе ја изведе претставата „Бура“ од Вилијам Шекспир, во режија на Џон Блондел. Драматург е Лидија Митоска-Ѓорѓиевска, сценографијата, костимите, светлото и автор на плакатот е Благој Мицевски, а музиката е на Томе Темелкоски.

Играат: Игор Трпчески, Ангела Наумоска, Даниела Иваноска, Наташа Ачански, Димитар Ѓорѓиевски, Александар Тодески, Михајло Миленкоски, Катерина Чакмакоска-Клинческа и Ана Митоска.

Бура (1611) обично се смета за последната драма на Шекспир. Имал удел и во следни соработки, но ова е неговото последно напишано дело. Во него, волшебникот Просперо – поранешен војвода од Милано, живее на пуст остров со својата млада ќерка Миранда, со робот Калибан и со духот-помошник Ариел. Кога неговиот брат, предавникот Антонио плови во близина на островот, Просперо предизвикува бура во која Антонио преживува бродолом заедно со Алонзо – кралот на Неапол, синот на Алонзо – Фердинанд, братот Себастијан, советникот Гонзало, шутот Тринкуло и служителот Стефано. Фердинанд, за кого мислат дека е мртов, ја запознава Миранда и се вљубува во неа…

Решисерпт Блоднел вели дека не знае ниту една друга драма што во себе ја содржи целата богата сложеност на животот.

– Ако имаме среќа да живееме доволно долго, преживуваме бури – се вљубуваме, изневеруваме или сме изневерени, вршиме или трпиме насилство, се смееме со пријателите… Бурата го содржи сево ова и уште повеќе. Тоа е прекрасно. Претставата е филозофија на животот, барем Шекспир ја понудува како таква преку неговото алтер его – волшебникот Просперо. Неизмерно уживав во работата на оваа претстава, со овие прекрасни луѓе во Прилеп. Сите се надевам дека ќе уживате – вели Џон Блондел.

The post Премиера на „Бура“ од Шекспир во режија на Џон Блондел во Прилепски театар appeared first on Република.

]]>

Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, вечерва во 20 часот театарот „Војдан Чернодрински“ премиерно ќе ја изведе претставата „Бура“ од Вилијам Шекспир, во режија на Џон Блондел. Драматург е Лидија Митоска-Ѓорѓиевска, сценографијата, костимите, светлото и автор на плакатот е Благој Мицевски, а музиката е на Томе Темелкоски. Играат: Игор Трпчески, Ангела Наумоска, Даниела Иваноска, Наташа Ачански, Димитар Ѓорѓиевски, Александар Тодески, Михајло Миленкоски, Катерина Чакмакоска-Клинческа и Ана Митоска. Бура (1611) обично се смета за последната драма на Шекспир. Имал удел и во следни соработки, но ова е неговото последно напишано дело. Во него, волшебникот Просперо – поранешен војвода од Милано, живее на пуст остров со својата млада ќерка Миранда, со робот Калибан и со духот-помошник Ариел. Кога неговиот брат, предавникот Антонио плови во близина на островот, Просперо предизвикува бура во која Антонио преживува бродолом заедно со Алонзо – кралот на Неапол, синот на Алонзо – Фердинанд, братот Себастијан, советникот Гонзало, шутот Тринкуло и служителот Стефано. Фердинанд, за кого мислат дека е мртов, ја запознава Миранда и се вљубува во неа… Решисерпт Блоднел вели дека не знае ниту една друга драма што во себе ја содржи целата богата сложеност на животот. – Ако имаме среќа да живееме доволно долго, преживуваме бури – се вљубуваме, изневеруваме или сме изневерени, вршиме или трпиме насилство, се смееме со пријателите… Бурата го содржи сево ова и уште повеќе. Тоа е прекрасно. Претставата е филозофија на животот, барем Шекспир ја понудува како таква преку неговото алтер его – волшебникот Просперо. Неизмерно уживав во работата на оваа претстава, со овие прекрасни луѓе во Прилеп. Сите се надевам дека ќе уживате – вели Џон Блондел.

The post Премиера на „Бура“ од Шекспир во режија на Џон Блондел во Прилепски театар appeared first on Република.

]]>