придонеси Archives - Република https://republika.mk/tema/pridonesi/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Dec 2023 12:32:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png придонеси Archives - Република https://republika.mk/tema/pridonesi/ 32 32 ВМРО-ДПМНЕ предлага медиумските работници да бидат ослободени од придонеси https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-predlaga-mediumskite-rabotnitsi-da-bidat-oslobodeni-od-pridonesi/ Wed, 27 Dec 2023 19:27:45 +0000 https://republika.mk/?p=727108

За време на собраниската расправа за Буџетот, ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи амандман со кој сите медиумски работници би биле ослободени од обврските по основ на придонеси.

Ова на брифинг со новинарите го најави партискиот лидер, Христијан Мицкоски.

Според него, потребно за ова сега за да се обезбедат средствата, за потоа да може да се регулира со законски и подзаконски акти.

За импликациите од оваа мерка, како што рече Мицкоски, ќе бидат потребни околу 10 милиони евра.

The post ВМРО-ДПМНЕ предлага медиумските работници да бидат ослободени од придонеси appeared first on Република.

]]>

За време на собраниската расправа за Буџетот, ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи амандман со кој сите медиумски работници би биле ослободени од обврските по основ на придонеси. Ова на брифинг со новинарите го најави партискиот лидер, Христијан Мицкоски. Според него, потребно за ова сега за да се обезбедат средствата, за потоа да може да се регулира со законски и подзаконски акти. За импликациите од оваа мерка, како што рече Мицкоски, ќе бидат потребни околу 10 милиони евра.

The post ВМРО-ДПМНЕ предлага медиумските работници да бидат ослободени од придонеси appeared first on Република.

]]>
Газдите бараат да им се намалат придонесите за плати, за да не мора да се увезуваат работници од Непал и Турција https://republika.mk/vesti/ekonomija/gazdite-baraat-da-im-se-namalat-pridonesite-za-plati-za-da-ne-mora-da-se-uvezuvaat-rabotnitsi-od-nepal-i-turtsija/ Tue, 21 Mar 2023 13:36:19 +0000 https://republika.mk/?p=622082

Стопанската комора на Северозападна Македонија побара нови мерки од Владата во насока на ублажување на одливот на работна сила во регионот.

 Приоритет треба да биде либерализација на трудот со некои земји од регионот, бараме либерализација и со Косово. Да се зголемат квотите, имаме недостиг на работна сила во хотелиерството, туризмот и градежништвото. Од ден на ден нашата земја останува без работна сила иако во последните три години дипломирале 15.000 студенти. Минималната плата ја имаме поддржано и настојуваме средната плата да се покачи. Бараме да се намалат придонесите од Владата за да може да се зголемат и средните плати за да ублажиме колку толку работна сила да не заминуват во страство. Придонесите се прогресивни и затоа бараме да бидат намалени за да може да ги покачиме платите – рече потпретседателот на СКСЗМ, Менди Ќура.

Тој рече дека лани во Струга и во Охрид биле затворени ресторани поради недостиг на работници.

Пријавите во Агенцијата за вработување да се вклучат во работната сила. Во градежништвото веќе почнаа да доаѓаат од Непал и од Турција. Ќе сме принудени да увезуваме такви кадри. Најголем проблем е работната сила и тоа ќе биде уште поголем проблем во следните години. Членките во Комората се жалат дека никој не се јавува на оглас. Во мојата компанија ни фалат многу работници и имаме нон-стоп отворени огласи - рече Ќура.

Комората бара да се престане со замрзнување на цените и да се интервенира со активирање на државни резерви, со намалување на даноците и со намалување на ддв-то.

The post Газдите бараат да им се намалат придонесите за плати, за да не мора да се увезуваат работници од Непал и Турција appeared first on Република.

Бесими се пишмани за плаќањето придонеси за хонорарците https://republika.mk/vesti/ekonomija/besimi-se-pishmani-za-plakjanjeto-pridonesi-za-honorarcite/ Wed, 17 Aug 2022 10:46:15 +0000 https://republika.mk/?p=541345

Прашањето за договорите на дело е исклучително важна тема која останува отворена за дебата во рамки на даночните реформи, вели министерот за финансии Фатмир Бесими.

Во интервјуто за МИА, министерот посочува дека се работи за комплексна тема која опфаќа широк спектар на граѓани. Веќе имаме искуство дека една иницијатива не успеа, вели Бесими, додавајќи дека целта е да се слушнат размислувања и предлози од различни интересни групи за да се дојде со најдоброто решение.

–  Се работи за тема којашто опфаќа многу широк спектар на граѓани или физички лица кои се во економска активност во тој дел. За жал, во пракса сме виделе дека дел од тоа се манипулира. Имаме ситуација во која намерно се пријавуваат најниски социјални давачки, а потоа разликата се дава со договор на дело. На овој начин, директно губат вработените, затоа што во иднина ќе имаат пониски пензии. Има и ситуации во кои некои воопшто не се пријавуваат, а користат социјални здравствени услуги од Агенцијата за невработени. Ова е исто така дел од сивата економија, вели Бесими.

Прашан дали во секој случај со даночната реформа ќе бидат опфатени договорите на дело, Бесими со став дека не сака ништо да прејудицира и дека најважно е да се дебатира за ова

The post Бесими се пишмани за плаќањето придонеси за хонорарците appeared first on Република.

]]>

Прашањето за договорите на дело е исклучително важна тема која останува отворена за дебата во рамки на даночните реформи, вели министерот за финансии Фатмир Бесими. Во интервјуто за МИА, министерот посочува дека се работи за комплексна тема која опфаќа широк спектар на граѓани. Веќе имаме искуство дека една иницијатива не успеа, вели Бесими, додавајќи дека целта е да се слушнат размислувања и предлози од различни интересни групи за да се дојде со најдоброто решение.
–  Се работи за тема којашто опфаќа многу широк спектар на граѓани или физички лица кои се во економска активност во тој дел. За жал, во пракса сме виделе дека дел од тоа се манипулира. Имаме ситуација во која намерно се пријавуваат најниски социјални давачки, а потоа разликата се дава со договор на дело. На овој начин, директно губат вработените, затоа што во иднина ќе имаат пониски пензии. Има и ситуации во кои некои воопшто не се пријавуваат, а користат социјални здравствени услуги од Агенцијата за невработени. Ова е исто така дел од сивата економија, вели Бесими.
Прашан дали во секој случај со даночната реформа ќе бидат опфатени договорите на дело, Бесими со став дека не сака ништо да прејудицира и дека најважно е да се дебатира за ова

The post Бесими се пишмани за плаќањето придонеси за хонорарците appeared first on Република.

]]>
Joвановиќ: Ќе им земате пари на хонорарците, а оние кои се обогатија за време на кризите не ги ни чепкате https://republika.mk/vesti/ekonomija/jovanovikj-kje-im-zemate-pari-na-honorarcite-a-onie-koi-se-obogatija-za-vreme-na-krizite-ne-gi-ni-chepkate/ Thu, 11 Aug 2022 09:36:49 +0000 https://republika.mk/?p=538997

Плаќање придонеси за договорите на дело, како прво, е правно неиздржано, затоа што тие луѓе немаат работен однос, па со тоа ни права ни обврски од работен однос, вели за „Фокус“ професорот од Виенскиот Институт, Бранимир Јовановиќ.

Во 2014, кога ВМРО сакаше да го направи истово, а СДСМ беше против, се достави и иницијатива до Уставен суд за проценка на уставноста на оваа одредба (судот никогаш не пресуди, бидејќи одредбата се укина во меѓувреме), појаснува Јовановиќ.

Освен тоа како што додава тој, неправедно е да се даночат хонорарците со нови даноци од 28%, во ситуација кога на најбогатите во државата не им правите ништо.

Хонорарците се најексплоатираната категорија работници, тие немаат ни договор за работа, ни постојана работа, ни стабилни приходи, ниту пак заработуваат многу. И вие сега ќе им земате пари на нив, а оние кои се обогатија и за време на пандемијата и за време на оваа нова криза, не ги ни чепкате. Не е во ред!, вели Јовановиќ.

The post Joвановиќ: Ќе им земате пари на хонорарците, а оние кои се обогатија за време на кризите не ги ни чепкате appeared first on Република.

Власта ги остава штрајкувачите без плата https://republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-gi-ostava-shtrajkuvachite-bez-plata/ Wed, 20 Apr 2022 09:15:17 +0000 https://republika.mk/?p=491022

На вработените во образованието и детските градинки кои штрајкуваат државата ќе им исплати само придонеси, порача министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска. Таа нагласи дека тоа не значи притисок кон нив да го прекинат штрајкот, туку само почитување на законите и Колективниот договор.

Не се работи за притисок, ниту за каква било уцена, туку за почитување на законите и Колективниот договор. Во Колективниот договор за детска заштита за градинките кои се во надлежност на МТСП, убаво е дефинирано што треба да се прави во случај на штрајк и што е должен да направи работодавачот. Истото е дефинирано и во Законот за работни односи каде се вели дека во услови на штрајк работодавачот е должен да исплати придонеси на сите оние работници кои штрајкуваат на најниската основица за исплата на придонесите. Следниот член – 241 дава можност СОНК да обезбеди исплата на нето плата за сите оние работници кои штрајкуваат. Затоа сметам дека се работи само за почитување на законите, а не за какви било притисоци или уцени од страна на МТСП врз вработените во градинките кои штрајкуваат, рече Тренчевска.

Таа нагласува дека доколку таа како министер не постапи согласно со тоа што е предвидено во законите, може да сноси и кривична одговорност.

Јас како министер мора да го почитувам Законот и мора да го почитувам Колективниот договор. Се друго што ќе биде направено надвор од ЗРО и она што е мое законско овластување ќе биде злоупотреба на службена положба, а со оглед на тоа што е врзано со фискални импликации ќе значи кривична одговорност. Не сакам да се впуштам во нешто што ќе значи кривична одговорност поврзана со моето работење, ниту прекршување на законската регулатива, нагласи министерката во одговор на новинарско прашање по посетата на градинката „Орце Николов“ во Општина Карпош.

Според неа, Владата во текот на дијалогот го понудила решението кое е најсоодветно во однос на буџетот со кој располага државата. Со друго зголемување, нагласи таа, може да се предизвикаат несакани инфлаторни проблеми во државата. Затоа, рече, е побарано и ресорните министерства за труд и социјална политика, за образование и наука, и за финансии, со ребаланост да обезбедат средства за покачување од 10 проценти на платите за вработените во образованието и детската заштита.

Побара СОНК да ја преиспита одлуката и неговите претставници и членството да седнат да разговараат за конкретниот предлог, и да го прифатат, со цел, како што рече, штрајкот да прекине и учениците да се вратат во училиштата и во градинките.

Таа нагласи дека за натамошно зголемување на платите е отворен и нов процес за подготовка за нов општ колективен договор во јавниот сектор во кој ќе се вклучува нова методологија која ќе овозможи постојан раст на платите во овој сектор, преку опција на годишно ниво да се усогласуваат со пораст на трошоци на живот и раст на просечната плата.

Според министерката Тренчевска, во 29 градинки во земјава вработените не штрајкуваат и таму нормално се одвива процесот на згрижување на децата. Во останатите, рече, се прифаќаат сите деца иако има делови од објектите кои се затворени.

Самостојниот синдикат на образованието, науката и културата (СОНК) вчера рече дека очекува да ги добие заклучоците на Владата во врска со генералниот штрајк на вработените во градинките, основните и средните училишта и најави дека ќе ги разгледа и ќе се произнесе по нив. Дотогаш, посочија од СОНК, штрајкот на вработените во образованието и градинките продолжува.

Штрајкот на вработените во образованието и во градинките почна на 11 април.

The post Власта ги остава штрајкувачите без плата appeared first on Република.

]]>

На вработените во образованието и детските градинки кои штрајкуваат државата ќе им исплати само придонеси, порача министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска. Таа нагласи дека тоа не значи притисок кон нив да го прекинат штрајкот, туку само почитување на законите и Колективниот договор.
Не се работи за притисок, ниту за каква било уцена, туку за почитување на законите и Колективниот договор. Во Колективниот договор за детска заштита за градинките кои се во надлежност на МТСП, убаво е дефинирано што треба да се прави во случај на штрајк и што е должен да направи работодавачот. Истото е дефинирано и во Законот за работни односи каде се вели дека во услови на штрајк работодавачот е должен да исплати придонеси на сите оние работници кои штрајкуваат на најниската основица за исплата на придонесите. Следниот член – 241 дава можност СОНК да обезбеди исплата на нето плата за сите оние работници кои штрајкуваат. Затоа сметам дека се работи само за почитување на законите, а не за какви било притисоци или уцени од страна на МТСП врз вработените во градинките кои штрајкуваат, рече Тренчевска.
Таа нагласува дека доколку таа како министер не постапи согласно со тоа што е предвидено во законите, може да сноси и кривична одговорност.
Јас како министер мора да го почитувам Законот и мора да го почитувам Колективниот договор. Се друго што ќе биде направено надвор од ЗРО и она што е мое законско овластување ќе биде злоупотреба на службена положба, а со оглед на тоа што е врзано со фискални импликации ќе значи кривична одговорност. Не сакам да се впуштам во нешто што ќе значи кривична одговорност поврзана со моето работење, ниту прекршување на законската регулатива, нагласи министерката во одговор на новинарско прашање по посетата на градинката „Орце Николов“ во Општина Карпош.
Според неа, Владата во текот на дијалогот го понудила решението кое е најсоодветно во однос на буџетот со кој располага државата. Со друго зголемување, нагласи таа, може да се предизвикаат несакани инфлаторни проблеми во државата. Затоа, рече, е побарано и ресорните министерства за труд и социјална политика, за образование и наука, и за финансии, со ребаланост да обезбедат средства за покачување од 10 проценти на платите за вработените во образованието и детската заштита. Побара СОНК да ја преиспита одлуката и неговите претставници и членството да седнат да разговараат за конкретниот предлог, и да го прифатат, со цел, како што рече, штрајкот да прекине и учениците да се вратат во училиштата и во градинките. Таа нагласи дека за натамошно зголемување на платите е отворен и нов процес за подготовка за нов општ колективен договор во јавниот сектор во кој ќе се вклучува нова методологија која ќе овозможи постојан раст на платите во овој сектор, преку опција на годишно ниво да се усогласуваат со пораст на трошоци на живот и раст на просечната плата. Според министерката Тренчевска, во 29 градинки во земјава вработените не штрајкуваат и таму нормално се одвива процесот на згрижување на децата. Во останатите, рече, се прифаќаат сите деца иако има делови од објектите кои се затворени. Самостојниот синдикат на образованието, науката и културата (СОНК) вчера рече дека очекува да ги добие заклучоците на Владата во врска со генералниот штрајк на вработените во градинките, основните и средните училишта и најави дека ќе ги разгледа и ќе се произнесе по нив. Дотогаш, посочија од СОНК, штрајкот на вработените во образованието и градинките продолжува. Штрајкот на вработените во образованието и во градинките почна на 11 април.

The post Власта ги остава штрајкувачите без плата appeared first on Република.

]]>
Владата се закани: На штрајкувачите ќе им се исплатат само придонесите https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-se-zakani-na-shtrajkuvachite-kje-im-se-isplatat-samo-pridonesite/ Sun, 17 Apr 2022 17:47:58 +0000 https://republika.mk/?p=489626

Владата на Република Македонија во преговорите со СОНК понуди зголемување за 10% на платите кои ќе се обезбедат со ребалансот на Буџетот.

Тоа значи дека наставниците и воспитувачите би добиле просечно зголемување за 2.500 денари на нивните месечни примања. Воедно и методологијата со која Владата ќе обезбеди континуиран раст на платите, ќе обезбеди трајно решавање на социјалниот статус на вработените во образование. Синдикатот треба да има верба во институциите, бидејќи и претходно низ партнерски дијалог беше постигнато зголемување на платите на наставниците и на вработените во градинките од 21%. Со ова зголемување платата на наставник/чка во основно образование е порасната за над 3.200 денари плус минат труд и сега е најмалку 24.786 денари. На наставник/чка во средно образование зголемувањето е над 4.300 денари плус минат труд и просечно платата е 25.874 денари. На воспитувачите пак во градинките платата им е зголемена за околу 6.400 денари плус минат труд, додека на негователите за околу 5.000 денари, соопштија од Владата на РСМ.

Од Владата сметаат дека е исклучително важно што постојано се подобрува на статусот на вработените во образованието, според воспоставената пракса од оваа влада.

Така во периодот од 2018 година до 13 април годинава на неопределено време се вработени вкупно 2.375 лица, што е половина од вкупната бројка на вработени во градинките која се движи околу 4.600. Меѓу нив има работни места кои се трансформирани од определено на неопределено, но и отворени се нови вработувања. Дополнително во истиот период се обезбедени 416 согласности за унапредување на кадарот, стои во соопштението од Владата кое пристигна откако СОНК соопшти дека донеле одлука генералниот штрајк во образованието да не го прекинуваат.

https://republika.mk/vesti/makedonija/shtrajkot-prodolzuva-sonk-ne-ja-prifati-ponudata-na-vladata/

Владата смета дека е неодговорно и покрај понуденото решение за раст на платите во образованието и детската заштита и воспитание да се продолжи со штрајкот и да се руши веќе воспоставениот образовен процес во услови кога се соочуваме со економска и здравствена криза. Најдобриот интерес на децата треба да ни е на прво место, бидејќи правото на образование на секое дете е уставно загрантирано право. Учениците треба да се вратат во училиштата, таму каде што припаѓаат, соопштуваат од Владата.

Од таму предупредуваат дека со продолжувањето на штрајкот и одбивањето на понудата на Владата со која се отвора простор за трајно решавање и подобрување на стандардот на вработените во образованите, ризикот за продолжување на училишната година е особено извесен.

Во овој контекст, несериозно е да се ставаат во ризик и да им се прави штета во личниот развој на децата кои треба да го продолжат образованието, да се запишат во средните училишта, да полагаат матура и да се запишат на факултетите во земјава и странство, нагласуваат од Владата.

Дополнително, согласно Законот за работни односи и Колективниот договор за основно и средно образование, и за вработените во јавните установи за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, на вработените кои штрајкуваат ќе им се исплатат само придонесите на платите. Ова произлегува од одлуката на СОНК да организира и одржува генерален штрајк за унапредување на правата на работниците, а во периодот од шест месеци од донесувањето односно зголемувањето на минималната плата. Законската обврска за усогласувањето е шест месеци од донесувањето, односно зголемувањето на минималната плата и Владата, а министерствата и СОНК сѐ уште преговараат во овој законски предвиден рок.

Децата и учениците треба да ни се на прво место, затоа нарушувањето на образовниот процес е спротивно на правата загарантирани со Уставот и Законите. Местото на учениците е во училиштата и настава мора да има, нагласуваат од Владата.

The post Владата се закани: На штрајкувачите ќе им се исплатат само придонесите appeared first on Република.

]]>

Владата на Република Македонија во преговорите со СОНК понуди зголемување за 10% на платите кои ќе се обезбедат со ребалансот на Буџетот.
Тоа значи дека наставниците и воспитувачите би добиле просечно зголемување за 2.500 денари на нивните месечни примања. Воедно и методологијата со која Владата ќе обезбеди континуиран раст на платите, ќе обезбеди трајно решавање на социјалниот статус на вработените во образование. Синдикатот треба да има верба во институциите, бидејќи и претходно низ партнерски дијалог беше постигнато зголемување на платите на наставниците и на вработените во градинките од 21%. Со ова зголемување платата на наставник/чка во основно образование е порасната за над 3.200 денари плус минат труд и сега е најмалку 24.786 денари. На наставник/чка во средно образование зголемувањето е над 4.300 денари плус минат труд и просечно платата е 25.874 денари. На воспитувачите пак во градинките платата им е зголемена за околу 6.400 денари плус минат труд, додека на негователите за околу 5.000 денари, соопштија од Владата на РСМ.
Од Владата сметаат дека е исклучително важно што постојано се подобрува на статусот на вработените во образованието, според воспоставената пракса од оваа влада.
Така во периодот од 2018 година до 13 април годинава на неопределено време се вработени вкупно 2.375 лица, што е половина од вкупната бројка на вработени во градинките која се движи околу 4.600. Меѓу нив има работни места кои се трансформирани од определено на неопределено, но и отворени се нови вработувања. Дополнително во истиот период се обезбедени 416 согласности за унапредување на кадарот, стои во соопштението од Владата кое пристигна откако СОНК соопшти дека донеле одлука генералниот штрајк во образованието да не го прекинуваат.
https://republika.mk/vesti/makedonija/shtrajkot-prodolzuva-sonk-ne-ja-prifati-ponudata-na-vladata/
Владата смета дека е неодговорно и покрај понуденото решение за раст на платите во образованието и детската заштита и воспитание да се продолжи со штрајкот и да се руши веќе воспоставениот образовен процес во услови кога се соочуваме со економска и здравствена криза. Најдобриот интерес на децата треба да ни е на прво место, бидејќи правото на образование на секое дете е уставно загрантирано право. Учениците треба да се вратат во училиштата, таму каде што припаѓаат, соопштуваат од Владата.
Од таму предупредуваат дека со продолжувањето на штрајкот и одбивањето на понудата на Владата со која се отвора простор за трајно решавање и подобрување на стандардот на вработените во образованите, ризикот за продолжување на училишната година е особено извесен.
Во овој контекст, несериозно е да се ставаат во ризик и да им се прави штета во личниот развој на децата кои треба да го продолжат образованието, да се запишат во средните училишта, да полагаат матура и да се запишат на факултетите во земјава и странство, нагласуваат од Владата.
Дополнително, согласно Законот за работни односи и Колективниот договор за основно и средно образование, и за вработените во јавните установи за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, на вработените кои штрајкуваат ќе им се исплатат само придонесите на платите. Ова произлегува од одлуката на СОНК да организира и одржува генерален штрајк за унапредување на правата на работниците, а во периодот од шест месеци од донесувањето односно зголемувањето на минималната плата. Законската обврска за усогласувањето е шест месеци од донесувањето, односно зголемувањето на минималната плата и Владата, а министерствата и СОНК сѐ уште преговараат во овој законски предвиден рок. Децата и учениците треба да ни се на прво место, затоа нарушувањето на образовниот процес е спротивно на правата загарантирани со Уставот и Законите. Местото на учениците е во училиштата и настава мора да има, нагласуваат од Владата.