превод од латински јазик Archives - Република https://republika.mk/tema/prevod-od-latinski-jazik/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Nov 2024 09:59:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png превод од латински јазик Archives - Република https://republika.mk/tema/prevod-od-latinski-jazik/ 32 32 Нов превод на латински јазик во „Или-Или“ https://republika.mk/vesti/kultura/nov-prevod-na-latinski-jazik-vo-ili-ili/ Thu, 28 Nov 2024 09:59:11 +0000 https://republika.mk/?p=842660

Oд печат излезе нов превод од латински јазик во едицијата „Арго“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ. Се работи за книгата „Избрани дела“ од Публиј Корнелиј Такит, која ги содржи делата „Агрикола“, „Германија“ и „Дијалогот на говорниците“, во превод од латински на македонски јази на Весна Димовска-Јањатова и Војислав Саракински. Излегувањето на книгата финансиски е поддржано од Министерството за култура.

„Агрикола“ или „За животот и карактерот на Агрикола“ е посмртно пофално слово напишано во чест на истакнатиот римски политичар и војсководец Агрикола од страна на неговиот зет Конелиј Такит – говорник, историограф, политичар, сенатор и угледен аристократ од периодот на принципатот и нововоспоставената монархија. Возвишувајќи ги војничките вештини и моралните доблести на Агрикола, како позадина во рамката на панегиричната слика, ненаметливо, но сепак убедливо Такит вметнува и политички мотиви и историско-етнографскиот опис на Британија, па ова возбудливо четиво се претвора во пофалба на римската чест и доблест.

„Германија“ или „За потеклото и местоположбата на Германите“ според повеќе критериуми се вклопува во етнографската книжевна традиција и претставува географско-етнолошка монографија за етногенезата, антрополошките особености и психофизичките типови на германските племиња, веродостојни описи на климата и условите за живот, но и пофалба на нивната скромност, храброст и решителност да се одбранат од освојувачките напади на римската војска. Контрапункт на овие карактеристики на Германите се негативните појави во римското општество коишто Такит ги критикува, но истовремено ги величи римската воена моќ, државничка организираност и цивилизаторска супериорност.

„Дијалогот за говорниците“, пак, низ дискусиите на познатите говорници за причините за пропаѓањето на римското говорништво го критикува принципатот како уредување што ги гуши слободите, вклучително и слободата на ораторите, па монархијата ја изедначува со тиранија, го критикува апсолутизмот на Домитијан и ги открива надежите во доаѓањето на новата власт на Трајан.

Публиј Корнелиј Такит (55/57 – 117 г.) бил римски историограф, сенатор и консул. Тој е автор е на делата Агрикола, Германија, Дијалог за говорниците, Анали и Истории.

The post Нов превод на латински јазик во „Или-Или“ appeared first on Република.

]]>

Oд печат излезе нов превод од латински јазик во едицијата „Арго“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ. Се работи за книгата „Избрани дела“ од Публиј Корнелиј Такит, која ги содржи делата „Агрикола“, „Германија“ и „Дијалогот на говорниците“, во превод од латински на македонски јази на Весна Димовска-Јањатова и Војислав Саракински. Излегувањето на книгата финансиски е поддржано од Министерството за култура. „Агрикола“ или „За животот и карактерот на Агрикола“ е посмртно пофално слово напишано во чест на истакнатиот римски политичар и војсководец Агрикола од страна на неговиот зет Конелиј Такит – говорник, историограф, политичар, сенатор и угледен аристократ од периодот на принципатот и нововоспоставената монархија. Возвишувајќи ги војничките вештини и моралните доблести на Агрикола, како позадина во рамката на панегиричната слика, ненаметливо, но сепак убедливо Такит вметнува и политички мотиви и историско-етнографскиот опис на Британија, па ова возбудливо четиво се претвора во пофалба на римската чест и доблест. „Германија“ или „За потеклото и местоположбата на Германите“ според повеќе критериуми се вклопува во етнографската книжевна традиција и претставува географско-етнолошка монографија за етногенезата, антрополошките особености и психофизичките типови на германските племиња, веродостојни описи на климата и условите за живот, но и пофалба на нивната скромност, храброст и решителност да се одбранат од освојувачките напади на римската војска. Контрапункт на овие карактеристики на Германите се негативните појави во римското општество коишто Такит ги критикува, но истовремено ги величи римската воена моќ, државничка организираност и цивилизаторска супериорност. „Дијалогот за говорниците“, пак, низ дискусиите на познатите говорници за причините за пропаѓањето на римското говорништво го критикува принципатот како уредување што ги гуши слободите, вклучително и слободата на ораторите, па монархијата ја изедначува со тиранија, го критикува апсолутизмот на Домитијан и ги открива надежите во доаѓањето на новата власт на Трајан. Публиј Корнелиј Такит (55/57 – 117 г.) бил римски историограф, сенатор и консул. Тој е автор е на делата Агрикола, Германија, Дијалог за говорниците, Анали и Истории.

The post Нов превод на латински јазик во „Или-Или“ appeared first on Република.

]]>