превенцијата е најдобра заштита Archives - Република https://republika.mk/tema/preventsijata-e-najdobra-zashtita/ За подобро да се разбереме Mon, 14 Oct 2024 15:24:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png превенцијата е најдобра заштита Archives - Република https://republika.mk/tema/preventsijata-e-najdobra-zashtita/ 32 32 Почнува националната кампања под мотото „Октомвриски розов караван – Превенцијата е најдобра заштита“ со јавни трибини на кои ќе говорат доктори за ракот на дојка https://republika.mk/zivot/zdravje/pochnuva-natsionalnata-kampana-pod-mototo-oktomvriski-rozov-karavan-preventsijata-e-najdobra-zashtita-so-javni-tribini-na-koi-ke-govorat-doktori-za-rakot-na-dojka/ Mon, 14 Oct 2024 15:24:05 +0000 https://republika.mk/?p=826725

Министерството за здравство од денеска ја почнува националната кампања под мотото „Октомвриски розов караван – Превенцијата е најдобра заштита“.

Кампањата се спроведува со поддршка од СЗО, УНФПА, град Скопје, Здружение за помош и поддршка на пациенти со гинеколошки заболувања „Фемина М“, како и Национална опера и балет, Факултет за музичка уметност и општествено одговорните компании „Скопје Сити Мол“ и Синеплекс.

Главната активност на кампањата е одржувањето јавни трибини водени од панелисти, стручни лица, доктори во јавните здравствени установи низ целата земја, со цел подигнување на свесноста за значењето на превенцијата и раната дијагностика на ракот на дојка.

Во рамки на кампањата, ќе се организираат и едукативни сесии, проследени со едукативен промотивен материјал и консултации со стручни лица, како и on–site пријавувања на веб страната https://skrining.zdravstvo.gov.mk/home со што на жените ќе им се обезбедат информации и поддршка за редовни превентивни прегледи.

Во продолжение распоред за трибините, кои ќе ги водат доктори - специјалисти во оваа област, кои се членови на националната комисија за скрининг на рак на дојка.

На 14 октомври, во Клиничка болница Тетово, во 13:30 часот, д-р Арџенд Имери,

На 17 октомври, во во КБ Штип - 13:30, д-р Јасминка Чабуковска

На 18 октомври, во ОБ Кавадарци - 13:30 часот, д-р Светлана Темелковска

На 21 октомври, во ОБ Струга – 13:30 часот, д-р Маја Јакимовска-Димитровска
На 25 октомври, во ОБ Куманово – 13:30 часот, д-р Маја Јакимовска
На 28 октомври, во КБ Битола – 13:30 часот, д-р Тања Петровска
На 29 октомври, - 13 и 30 часот просторија ЈЗУ Општа болница Велес, д-р Тања Петровска

Ракот на дојка е една од најчестите форми на рак кај жените, но со рано откривање и навремено лекување, можностите за успешен третман значително се зголемуваат. Ги повикуваме жените да го заштитат своето здравје и заеднички да го одбележиме „Розов октомври“, велат од МЗ.

The post Почнува националната кампања под мотото „Октомвриски розов караван – Превенцијата е најдобра заштита“ со јавни трибини на кои ќе говорат доктори за ракот на дојка appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство од денеска ја почнува националната кампања под мотото „Октомвриски розов караван – Превенцијата е најдобра заштита“. Кампањата се спроведува со поддршка од СЗО, УНФПА, град Скопје, Здружение за помош и поддршка на пациенти со гинеколошки заболувања „Фемина М“, како и Национална опера и балет, Факултет за музичка уметност и општествено одговорните компании „Скопје Сити Мол“ и Синеплекс. Главната активност на кампањата е одржувањето јавни трибини водени од панелисти, стручни лица, доктори во јавните здравствени установи низ целата земја, со цел подигнување на свесноста за значењето на превенцијата и раната дијагностика на ракот на дојка. Во рамки на кампањата, ќе се организираат и едукативни сесии, проследени со едукативен промотивен материјал и консултации со стручни лица, како и on–site пријавувања на веб страната https://skrining.zdravstvo.gov.mk/home со што на жените ќе им се обезбедат информации и поддршка за редовни превентивни прегледи. Во продолжение распоред за трибините, кои ќе ги водат доктори - специјалисти во оваа област, кои се членови на националната комисија за скрининг на рак на дојка. На 14 октомври, во Клиничка болница Тетово, во 13:30 часот, д-р Арџенд Имери, На 17 октомври, во во КБ Штип - 13:30, д-р Јасминка Чабуковска На 18 октомври, во ОБ Кавадарци - 13:30 часот, д-р Светлана Темелковска На 21 октомври, во ОБ Струга – 13:30 часот, д-р Маја Јакимовска-Димитровска На 25 октомври, во ОБ Куманово – 13:30 часот, д-р Маја Јакимовска На 28 октомври, во КБ Битола – 13:30 часот, д-р Тања Петровска На 29 октомври, - 13 и 30 часот просторија ЈЗУ Општа болница Велес, д-р Тања Петровска
Ракот на дојка е една од најчестите форми на рак кај жените, но со рано откривање и навремено лекување, можностите за успешен третман значително се зголемуваат. Ги повикуваме жените да го заштитат своето здравје и заеднички да го одбележиме „Розов октомври“, велат од МЗ.

The post Почнува националната кампања под мотото „Октомвриски розов караван – Превенцијата е најдобра заштита“ со јавни трибини на кои ќе говорат доктори за ракот на дојка appeared first on Република.

]]>