„Превенција подобро од лекување“ Archives - Република https://republika.mk/tema/preventsija-podobro-od-lekuvane/ За подобро да се разбереме Wed, 22 May 2024 07:43:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Превенција подобро од лекување“ Archives - Република https://republika.mk/tema/preventsija-podobro-od-lekuvane/ 32 32 Документарен филм „Превенција подобро од лекување“ денеска во Кинотека https://republika.mk/zivot/zdravje/dokumentaren-film-preventsija-podobro-od-lekuvane-deneska-vo-kinoteka/ Wed, 22 May 2024 07:43:24 +0000 https://republika.mk/?p=780677

Во организација на Здружението за промоција, едукација и заштита на човековите и здравствените права „Биди човек“, денеска во Кинотеката на премиерно ќе биде прикажан документарниот филм „Превенција подобро од лекување“.

Како што најавија организаторите, станува збор за филм кој е моќен доказ за издржливоста и храброста на три извонредни жени кои храбро се борат со карцином на јајниците.

Преку нивните лични приказни, документарецот фрла светлина врз предизвиците, триумфите и издржливоста на оние кои се погодени од карцином на јајниците, нудејќи им на гледачите подлабоко разбирање за влијанието на оваа често занемарена болест – тивок убиец. По премиерното прикажување, ќе следува панел дискусија на која ќе се потенцира важноста од раното дијагностицирање, третман и поддршка, посочуваат во соопштение.

Говорници на панел дискусијата ќе бидат проф. д-р Глигор Тофоски, проф. д-р Ана Данева, психолог Тина Чачоровска, жените кои се избореле и се борат со карциномот на јајниците Анита Бошкова, Емилија Христовска Костовска, Марија Стоименова и претседателката на Фемина М, Милица Кузмановска.

Реализацијата на овој проект е овозможена од „dm drogerie markt“.

The post Документарен филм „Превенција подобро од лекување“ денеска во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Во организација на Здружението за промоција, едукација и заштита на човековите и здравствените права „Биди човек“, денеска во Кинотеката на премиерно ќе биде прикажан документарниот филм „Превенција подобро од лекување“. Како што најавија организаторите, станува збор за филм кој е моќен доказ за издржливоста и храброста на три извонредни жени кои храбро се борат со карцином на јајниците.
Преку нивните лични приказни, документарецот фрла светлина врз предизвиците, триумфите и издржливоста на оние кои се погодени од карцином на јајниците, нудејќи им на гледачите подлабоко разбирање за влијанието на оваа често занемарена болест – тивок убиец. По премиерното прикажување, ќе следува панел дискусија на која ќе се потенцира важноста од раното дијагностицирање, третман и поддршка, посочуваат во соопштение.
Говорници на панел дискусијата ќе бидат проф. д-р Глигор Тофоски, проф. д-р Ана Данева, психолог Тина Чачоровска, жените кои се избореле и се борат со карциномот на јајниците Анита Бошкова, Емилија Христовска Костовска, Марија Стоименова и претседателката на Фемина М, Милица Кузмановска. Реализацијата на овој проект е овозможена од „dm drogerie markt“.

The post Документарен филм „Превенција подобро од лекување“ денеска во Кинотека appeared first on Република.

]]>