претседателство Archives - Република https://republika.mk/tema/pretsedatelstvo/ За подобро да се разбереме Mon, 01 Jan 2024 10:37:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png претседателство Archives - Република https://republika.mk/tema/pretsedatelstvo/ 32 32 Белгија го презема претседателство со ЕУ https://republika.mk/vesti/svet/belgija-go-prezema-pretsedatelstvo-so-eu/ Mon, 01 Jan 2024 08:35:44 +0000 https://republika.mk/?p=728604

Белгија денеска го презема претседавањето со Советот на ЕУ и во следните шест месеци ќе работи на подобра заштита на европските граѓани, зајакнување на соработката и подготовка за заедничка иднина.

За време на своето претседавање, Белгија ќе се фокусира на шест тематски области и ќе посвети особено внимание на одржувањето на непоколебливата поддршка на ЕУ за Украина, се наведува на веб-страницата на претседателството со Унијата.

Претседателството ќе работи на одбрана на владеењето на правото, демократијата и единството на ЕУ, зајакнувањето на конкурентноста на блокот, зелената и правична транзиција, зајакнувањето на социјалната и здравствената агенда, заштитата на луѓето и границите, како и промовирање на глобална Европа.

Ова е тринаесетто ротирачко претседателство на Белгија со ЕУ.

За време на белгиското претседателство, на почетокот на јуни ќе се одржат европските избори.

Како што е наведено во програмата, со оглед на тоа што сегашниот институционален циклус на ЕУ се ближи кон крајот, белгиското претседателство ќе поддржи непречена транзиција кон следниот циклус. Претседателството ќе го поддржи усвојувањето на Стратешката агенда 2024-2029 година и ќе подготви дискусии за иднината на ЕУ, пренесува Бета.

Белгија на крајот на јуни ќе и го предаде претседавањето со ЕУ на Унгарија.

The post Белгија го презема претседателство со ЕУ appeared first on Република.

]]>

Белгија денеска го презема претседавањето со Советот на ЕУ и во следните шест месеци ќе работи на подобра заштита на европските граѓани, зајакнување на соработката и подготовка за заедничка иднина. За време на своето претседавање, Белгија ќе се фокусира на шест тематски области и ќе посвети особено внимание на одржувањето на непоколебливата поддршка на ЕУ за Украина, се наведува на веб-страницата на претседателството со Унијата. Претседателството ќе работи на одбрана на владеењето на правото, демократијата и единството на ЕУ, зајакнувањето на конкурентноста на блокот, зелената и правична транзиција, зајакнувањето на социјалната и здравствената агенда, заштитата на луѓето и границите, како и промовирање на глобална Европа. Ова е тринаесетто ротирачко претседателство на Белгија со ЕУ. За време на белгиското претседателство, на почетокот на јуни ќе се одржат европските избори. Како што е наведено во програмата, со оглед на тоа што сегашниот институционален циклус на ЕУ се ближи кон крајот, белгиското претседателство ќе поддржи непречена транзиција кон следниот циклус. Претседателството ќе го поддржи усвојувањето на Стратешката агенда 2024-2029 година и ќе подготви дискусии за иднината на ЕУ, пренесува Бета. Белгија на крајот на јуни ќе и го предаде претседавањето со ЕУ на Унгарија.

The post Белгија го презема претседателство со ЕУ appeared first on Република.

]]>
Груби ќе добие уште една функција од Ахмети? Незадоволните ветуваат нова фракција ако тој не падне https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-kje-dobie-ushte-edna-funkcija-od-ahmeti-nezadovolnite-vetuvaat-nova-frakcija-ako-toj-ne-padne/ Sat, 29 Oct 2022 07:51:56 +0000 https://republika.mk/?p=567047

Во седиштето на Демократска унија за интеција денеска од 14:30 часот започнува состанокот на новото раководство, на кој отчет за работата пред лидерот Али Ахмети ќе даваат партиските функционери на централно и локално ниво. Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи во емисијата „Патот кон“ на Алсат изјави дека покрај министрите, отчет пред претседателството на Генералниот совет ќе дадат и други функционери, меѓу кои и градоначалниците.

Одговорност ќе има, не само за министрите, туку и за сите избрани функционери како министри, заменици-министри, директори, градоначалници. Презедовме обврска да му служиме на народот во име на партијата и таму ќе дадеме отчет кој што направил. Ова е дел од нормалната евалуација, рече Османи.

Извори од ДУИ на „Алсат“ велат дека се очекува маратонска средба, бидејќи според нив, чекор по чекор ќе се испитува и анализира работата на секој функционер, почнувајќи од првиот вицепремиер Артан Груби, па сите останати.

ТВ21, пак, дознава дека, иако Ахмети засега нема да прави промени во владиниот кабинет, Артан Груби ќе биде предложен за шеф на кабинет на лидерот, иако незадоволните ќе инсистираат на разрешување на првиот вицепремиер.

Незадоволните сопартијци и првирзаници на Изет Меџити, кои со месеци наназад јавно го искажуваат незадоволството на дел од функционерите, посебно на првиот вицепремиер, ветуваат дека ако тој не е сменет отворена е опцијата за фракција во партијата.

Ако има само формална дебата и формално функционирање на органите на ДУИ, подобро да ги нема, велат тие за „Слободен печат“.

 

 

The post Груби ќе добие уште една функција од Ахмети? Незадоволните ветуваат нова фракција ако тој не падне appeared first on Република.

]]>

Во седиштето на Демократска унија за интеција денеска од 14:30 часот започнува состанокот на новото раководство, на кој отчет за работата пред лидерот Али Ахмети ќе даваат партиските функционери на централно и локално ниво. Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи во емисијата „Патот кон“ на Алсат изјави дека покрај министрите, отчет пред претседателството на Генералниот совет ќе дадат и други функционери, меѓу кои и градоначалниците.
Одговорност ќе има, не само за министрите, туку и за сите избрани функционери како министри, заменици-министри, директори, градоначалници. Презедовме обврска да му служиме на народот во име на партијата и таму ќе дадеме отчет кој што направил. Ова е дел од нормалната евалуација, рече Османи.
Извори од ДУИ на „Алсат“ велат дека се очекува маратонска средба, бидејќи според нив, чекор по чекор ќе се испитува и анализира работата на секој функционер, почнувајќи од првиот вицепремиер Артан Груби, па сите останати. ТВ21, пак, дознава дека, иако Ахмети засега нема да прави промени во владиниот кабинет, Артан Груби ќе биде предложен за шеф на кабинет на лидерот, иако незадоволните ќе инсистираат на разрешување на првиот вицепремиер. Незадоволните сопартијци и првирзаници на Изет Меџити, кои со месеци наназад јавно го искажуваат незадоволството на дел од функционерите, посебно на првиот вицепремиер, ветуваат дека ако тој не е сменет отворена е опцијата за фракција во партијата. Ако има само формална дебата и формално функционирање на органите на ДУИ, подобро да ги нема, велат тие за „Слободен печат“.  
 

The post Груби ќе добие уште една функција од Ахмети? Незадоволните ветуваат нова фракција ако тој не падне appeared first on Република.

]]>
Џафери VS. Џафери: Ќе го избрка ли Муса Талат од претседателството на ДУИ? https://republika.mk/vesti/makedonija/dzaferi-vs-dzaferi-kje-go-izbrka-li-musa-talat-od-pretsedatelstvoto-na-dui/ Mon, 17 Oct 2022 11:19:16 +0000 https://republika.mk/?p=562038

Талат Џафери може да остане без местото во претседателството на ДУИ. Членот на Надзорниот совет на ДУИ Муса Џафери најави дека ќе направи внатрепартиски консултации за учеството на претседателот на Собранието во раководството на партијата и дека ќе се испита дали тоа е во согласност со законот и Уставот.

Во оваа појдовна точка прво ќе се консултираме за учеството на претседателот на Собранието во претседателството, од причина што претседателството е извршен орган и дали е тоа во согласност со законот и Уставот, рече Муса Џафери во изјава за ТВ21.

Најавата за преиспитување на учеството на собранискиот спикер во раководството на ДУИ следува по состанокот на Централниот совет на партијата викендов, кој Талат Џафери предвреме го напушти откако искажал забелешки за некои кадровски решенија и не биле прифатени неговите предлози за членови во раководните партиски тела.

Талат Џафери, според ТВ21, побарал поголема застапеност на гостиварскиот огранок на партијата, на што Муса Џафери му порачал дека „Гостивар го има претседателот на Собранието“.

Дека Џафери воопшто и присуствува на партискиот состанок на централниот совет на ДУИ, реагираше и поранешниот амбасадор Оливер Шамбевски кој посочи дека самото присуство на спикерот е противуставно.

https://republika.mk/vesti/makedonija/shambevski-po-koj-osnov-talat-dzaferi-prisustvuva-na-partiski-sostanok-i-zoshto-revoltirano-go-napushtil-koga-ne-smee-da-bide-tamu/

The post Џафери VS. Џафери: Ќе го избрка ли Муса Талат од претседателството на ДУИ? appeared first on Република.

]]>

Талат Џафери може да остане без местото во претседателството на ДУИ. Членот на Надзорниот совет на ДУИ Муса Џафери најави дека ќе направи внатрепартиски консултации за учеството на претседателот на Собранието во раководството на партијата и дека ќе се испита дали тоа е во согласност со законот и Уставот.
Во оваа појдовна точка прво ќе се консултираме за учеството на претседателот на Собранието во претседателството, од причина што претседателството е извршен орган и дали е тоа во согласност со законот и Уставот, рече Муса Џафери во изјава за ТВ21.
Најавата за преиспитување на учеството на собранискиот спикер во раководството на ДУИ следува по состанокот на Централниот совет на партијата викендов, кој Талат Џафери предвреме го напушти откако искажал забелешки за некои кадровски решенија и не биле прифатени неговите предлози за членови во раководните партиски тела. Талат Џафери, според ТВ21, побарал поголема застапеност на гостиварскиот огранок на партијата, на што Муса Џафери му порачал дека „Гостивар го има претседателот на Собранието“. Дека Џафери воопшто и присуствува на партискиот состанок на централниот совет на ДУИ, реагираше и поранешниот амбасадор Оливер Шамбевски кој посочи дека самото присуство на спикерот е противуставно. https://republika.mk/vesti/makedonija/shambevski-po-koj-osnov-talat-dzaferi-prisustvuva-na-partiski-sostanok-i-zoshto-revoltirano-go-napushtil-koga-ne-smee-da-bide-tamu/

The post Џафери VS. Џафери: Ќе го избрка ли Муса Талат од претседателството на ДУИ? appeared first on Република.

]]>
Османи: Никој не е сменет, всушност Груби е унапреден на ова централно претседателство https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-nikoj-ne-e-smenet-vsushnost-grubi-e-unapreden-na-ova-centralno-pretsedatelstvo/ Sun, 16 Oct 2022 15:31:21 +0000 https://republika.mk/?p=561749

Никој не е сменет од позицијата, туку е избрано ново раководство во кое генералниот совет на партијата ги има одлучено, не само членовите на централното претседателство, туку и потпретседателите и генералните секретари. Мислам дека Артан Груби е унапреден на ова централно претседателство, бидејќи е член на претседателството, вели портпаролот на ДУИ и министер за надворешни работи Бујар Османи
По вчерашниот состанок на Централниот совет на ДУИ, Османи вели дека односите во партијата се добри и дека новата енергија на партијата ќе биде видлива во периодот кој следи. За проблемите со кој се соочувале, вели тие се слични во сите партии и организации но проценките се прават во однос на тоа дали постои капацитет да се надминат и од тешкотиите да се создадат можности.

Односите се добри, политичките организации се всушност составени од луѓе кои претставуваат различни електорати и не секогаш интересите на различните електорати, на мојата населба, не се исти со интересите на некој друг град како Струга, Тетово и Гостивар. Но, успешноста на организацијата се цени по тоа дали различните погледи може да ги стави во фукнција на една моќна организација која им служи на луѓето, реализира, испорачува и победува. А ДУИ тоа го прави, изјави Османи.

Тој воедно кажа дека по партискиот сотанок се пласирале многу погрешни информации, во однос на тоа дека некој добил смена од функцијата.

Тоа не е точно. Значи никој не е сменет од позицијата, туку е избрано ново раководство во кое генералниот совет на партијата ги има одлучено, не само членовите на централното претседателство, туку и потпретседателите и генералните секретари. Мислам дека Артан Груби е унапреден на ова централно претседателство, бидејќи е член на претседателството, рече портпаролот на ДУИ.

Според Османи, ДУИ во овие дваесет години се покажала како лидерска партија која нема изгубено ниту едни избори и станува се посилна.

The post Османи: Никој не е сменет, всушност Груби е унапреден на ова централно претседателство appeared first on Република.

]]>

Никој не е сменет од позицијата, туку е избрано ново раководство во кое генералниот совет на партијата ги има одлучено, не само членовите на централното претседателство, туку и потпретседателите и генералните секретари. Мислам дека Артан Груби е унапреден на ова централно претседателство, бидејќи е член на претседателството, вели портпаролот на ДУИ и министер за надворешни работи Бујар Османи По вчерашниот состанок на Централниот совет на ДУИ, Османи вели дека односите во партијата се добри и дека новата енергија на партијата ќе биде видлива во периодот кој следи. За проблемите со кој се соочувале, вели тие се слични во сите партии и организации но проценките се прават во однос на тоа дали постои капацитет да се надминат и од тешкотиите да се создадат можности.
Односите се добри, политичките организации се всушност составени од луѓе кои претставуваат различни електорати и не секогаш интересите на различните електорати, на мојата населба, не се исти со интересите на некој друг град како Струга, Тетово и Гостивар. Но, успешноста на организацијата се цени по тоа дали различните погледи може да ги стави во фукнција на една моќна организација која им служи на луѓето, реализира, испорачува и победува. А ДУИ тоа го прави, изјави Османи.
Тој воедно кажа дека по партискиот сотанок се пласирале многу погрешни информации, во однос на тоа дека некој добил смена од функцијата.
Тоа не е точно. Значи никој не е сменет од позицијата, туку е избрано ново раководство во кое генералниот совет на партијата ги има одлучено, не само членовите на централното претседателство, туку и потпретседателите и генералните секретари. Мислам дека Артан Груби е унапреден на ова централно претседателство, бидејќи е член на претседателството, рече портпаролот на ДУИ.
Според Османи, ДУИ во овие дваесет години се покажала како лидерска партија која нема изгубено ниту едни избори и станува се посилна.

The post Османи: Никој не е сменет, всушност Груби е унапреден на ова централно претседателство appeared first on Република.

]]>
Заврши шестчасовната средба во Мала Речица, утре ДУИ избира ново претседателство https://republika.mk/vesti/makedonija/zavrshi-shestchasovnata-sredba-vo-mala-rechica-utre-dui-izbira-novo-pretsedatelstvo/ Fri, 14 Oct 2022 18:36:40 +0000 https://republika.mk/?p=561270

По речиси шест часа завршија внатрепартиските консултации во Демократската унија за интеграција (ДУИ) во партиското седиште во Мала Речица, а одлуките ќе се носат утре на состанок на Централниот совет на ДУИ.

Партискиот портпарол Бујар Османи по завршување на средбата рече дека консултациите на членовите на претседателството со партиските ограноци била конструктивна.

Имавме неформална консултативна средба на претседателот Ахмети, со претставници од партијата од различните ограноци во подготовка за утрешниот состанок на Централниот совет, каде ќе се донесат одлуки за формирање на Централното претседателство и другите органите на партија. Претседателот Ахмети правеше индивидуални средби овие денови, меѓутоа веќе во два наврати средби со повеќе функционери од партијата со кои се разменуваа ставови, консулатации како утре да се донесат одлуките на Централниот совет. Мислам дека целата средба помина во најконструктуивна атмосфера, во една атмосфера на соработка, на унифицираност, на спремност на партијата за нови победи, изјави Бујар Османи.

Во Тетово утре ќе се одржи состанокот на Централниот совет на ДУИ. Треба да се изберат генерален секретар, организациски секретар и нови потпретседатели, со мандат до следниот конгрес.

Реорганизацијата во партијата почна откако на 24 септември дел од партијата на чело со Изет Меџити побара реформи во ДУИ, а одредени функционери да понесат одговорност.

The post Заврши шестчасовната средба во Мала Речица, утре ДУИ избира ново претседателство appeared first on Република.

]]>

По речиси шест часа завршија внатрепартиските консултации во Демократската унија за интеграција (ДУИ) во партиското седиште во Мала Речица, а одлуките ќе се носат утре на состанок на Централниот совет на ДУИ. Партискиот портпарол Бујар Османи по завршување на средбата рече дека консултациите на членовите на претседателството со партиските ограноци била конструктивна.
Имавме неформална консултативна средба на претседателот Ахмети, со претставници од партијата од различните ограноци во подготовка за утрешниот состанок на Централниот совет, каде ќе се донесат одлуки за формирање на Централното претседателство и другите органите на партија. Претседателот Ахмети правеше индивидуални средби овие денови, меѓутоа веќе во два наврати средби со повеќе функционери од партијата со кои се разменуваа ставови, консулатации како утре да се донесат одлуките на Централниот совет. Мислам дека целата средба помина во најконструктуивна атмосфера, во една атмосфера на соработка, на унифицираност, на спремност на партијата за нови победи, изјави Бујар Османи.
Во Тетово утре ќе се одржи состанокот на Централниот совет на ДУИ. Треба да се изберат генерален секретар, организациски секретар и нови потпретседатели, со мандат до следниот конгрес. Реорганизацијата во партијата почна откако на 24 септември дел од партијата на чело со Изет Меџити побара реформи во ДУИ, а одредени функционери да понесат одговорност.

The post Заврши шестчасовната средба во Мала Речица, утре ДУИ избира ново претседателство appeared first on Република.

]]>
Чешка го презеде ротирачкото претседателство со ЕУ https://republika.mk/vesti/svet/cheshka-go-prezede-rotirachkoto-pretsedatelstvo-so-eu/ Fri, 01 Jul 2022 09:30:47 +0000 https://republika.mk/?p=522026

Чешката Република на 1 јули го презеде ротирачкото претседателство со Советот на Европската унија од Франција. Преземањето доаѓа во време на историските предизвици со кои се соочува Унијата во врска со руската војна против Украина и нејзините последици врз пазарот со енергенси и храна, застојот на економиите и тековната пандемија со ковид.

Чесите последен пат претседаваа со ЕУ во 2004 година, нивната прва година од членството во Унијата.

Во текот на денот претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ќе се сретне со чешкиот премиер Петр Фиала во Прага за да го одбележат официјално предавањето на претседателството.

Претходно Чешка посочи кои ќе и бидат приоритетите за време на шестмесечното претседателство. Ќе се фокусираат на војната во Украина и последиците од неа, вклучително и масовниот прилив на бегалци, како и на енергетската безбедност, бидејќи Европа се обидува да се оттргне од зависноста од руски гас и нафта.

 

The post Чешка го презеде ротирачкото претседателство со ЕУ appeared first on Република.

]]>

Чешката Република на 1 јули го презеде ротирачкото претседателство со Советот на Европската унија од Франција. Преземањето доаѓа во време на историските предизвици со кои се соочува Унијата во врска со руската војна против Украина и нејзините последици врз пазарот со енергенси и храна, застојот на економиите и тековната пандемија со ковид. Чесите последен пат претседаваа со ЕУ во 2004 година, нивната прва година од членството во Унијата. Во текот на денот претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ќе се сретне со чешкиот премиер Петр Фиала во Прага за да го одбележат официјално предавањето на претседателството. Претходно Чешка посочи кои ќе и бидат приоритетите за време на шестмесечното претседателство. Ќе се фокусираат на војната во Украина и последиците од неа, вклучително и масовниот прилив на бегалци, како и на енергетската безбедност, бидејќи Европа се обидува да се оттргне од зависноста од руски гас и нафта.  

The post Чешка го презеде ротирачкото претседателство со ЕУ appeared first on Република.

]]>
Комшиќ сака повторно да биде хрватски член на Претседателството на БиХ https://republika.mk/vesti/balkan/komshikj-saka-povtorno-da-bide-hrvatski-chlen-na-pretsedatelstvoto-na-bih/ Sun, 08 May 2022 06:33:58 +0000 https://republika.mk/?p=499306

Актуелниот хрватски член на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, потврди дека на изборите во октомври повторно ќе се кандидира за нов мандат во највиското тело на БиХ.

Сакам, морам да одам понатаму, не можам да застанам сега. Во работата што ја избрав за своја професија нема откажувања, па затоа мора да се оди до крај - рече Комшиќ гостувајќи на сараевската „Фејс ТВ“, кога експлицитно беше прашан дали ќе се кандидира повторно.

Комшиќ најави дека ќе биде кандидат на неговата партија Демократски фронт (ДФ), а засега не знае дали со него ќе има уште една поголема партија.

Сите тие имаат свои политики и мора да имаат кандидати за најважната функција - рече Комшиќ.

Тој порача дека за натпреварот го мотивира борбата за политички концепт во БиХ во кој луѓето ќе се препознаат себеси како поединци.

Комшиќ досега трипати беше избиран во Претседателството на БиХ како хрватски кандидат. Изборниот закон на БиХ дозволува можност за два последователни мандати во државното раководство и соодветно тој има право повторно да се кандидира.

Неговиот избор за Претседател на БиХ беше повод партиите собрани околу Хрватското народно собрание (ХНС) да инсистираат на измени на изборниот закон бидејќи тврдат дека тој бил избран од Бошњаците, а не од Хрватите чии интереси треба да ги застапува.

Општите избори во БиХ се закажани за 2 октомври, а актуелниот изборен закон дефинира дека за Претседателството на БиХ се избираат еден Хрват и еден Бошњак од Федерацијата БиХ и еден Србин од Република Српска.

The post Комшиќ сака повторно да биде хрватски член на Претседателството на БиХ appeared first on Република.

]]>

Актуелниот хрватски член на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, потврди дека на изборите во октомври повторно ќе се кандидира за нов мандат во највиското тело на БиХ.
Сакам, морам да одам понатаму, не можам да застанам сега. Во работата што ја избрав за своја професија нема откажувања, па затоа мора да се оди до крај - рече Комшиќ гостувајќи на сараевската „Фејс ТВ“, кога експлицитно беше прашан дали ќе се кандидира повторно.
Комшиќ најави дека ќе биде кандидат на неговата партија Демократски фронт (ДФ), а засега не знае дали со него ќе има уште една поголема партија.
Сите тие имаат свои политики и мора да имаат кандидати за најважната функција - рече Комшиќ.
Тој порача дека за натпреварот го мотивира борбата за политички концепт во БиХ во кој луѓето ќе се препознаат себеси како поединци. Комшиќ досега трипати беше избиран во Претседателството на БиХ како хрватски кандидат. Изборниот закон на БиХ дозволува можност за два последователни мандати во државното раководство и соодветно тој има право повторно да се кандидира. Неговиот избор за Претседател на БиХ беше повод партиите собрани околу Хрватското народно собрание (ХНС) да инсистираат на измени на изборниот закон бидејќи тврдат дека тој бил избран од Бошњаците, а не од Хрватите чии интереси треба да ги застапува. Општите избори во БиХ се закажани за 2 октомври, а актуелниот изборен закон дефинира дека за Претседателството на БиХ се избираат еден Хрват и еден Бошњак од Федерацијата БиХ и еден Србин од Република Српска.

The post Комшиќ сака повторно да биде хрватски член на Претседателството на БиХ appeared first on Република.

]]>
На 7 мај писателите ќе избираат ново Претседателство, 15 април е рокот за кандидатури https://republika.mk/vesti/kultura/na-7-maj-pisatelite-kje-izbiraat-novo-pretsedatelstvo-15-april-e-rokot-za-kandidaturi/ Tue, 29 Mar 2022 08:53:52 +0000 https://republika.mk/?p=480194

Изборно собрание односно редовни избори за Претседателство на Друштвото на писателите на Македонија, кое вклучува избор на претседател на ДПМ и претседател на Собранието на ДПМ, заедно со останатите членови на Претседателството на ДПМ, ќе се одржи на 7 мај 2022 (сабота) од 12 часот.  Гласањето ќе се одвива во просториите на ДПМ, со почитување на важечките протоколи за заштита од КОВИД-19.

Писателската асоцијација информира дека рокот за поднесување на кандидатурите е 15 април 2022. Според Статутот на ДПМ, заинтересираните писатели треба да ги поднесат кандидатурите за овие функции  заедно со Програма на најмногу три страници, која претходно треба да биде пратена до членството, како и на електронската адреса на Претседателството на ДПМ – [email protected].

Во согласност со Статутот, за успешно ќе се смета гласањето во кое ќе биде обезбеден кворум со просто мнозинство од најмалку 50 проценти од вкупниот број членови на Друштвото, кое брои над 300 живи членови, што ја става маргината на над 150 присутни членови. Во спротивно, гласањето ќе биде повторено и Друштвото ќе остане без ново раководство сѐ до спроведување успешен гласачки процес, соопшти ДПМ.

Мандатот на претседателот на ДПМ, претседателот на Собранието и членовите на Претседателството на ДПМ трае четири години односно, како што наведува Друштвото – „двојно повеќе од она што беше пракса во минатото кога за мандатот за овие позиции беше во времетраење од две години“.

Актуелен претседател на ДПМ е Соња Стојменска-Елзесер која беше избрана на минатото Изборно собрание на македонската писателска асоцијација.

The post На 7 мај писателите ќе избираат ново Претседателство, 15 април е рокот за кандидатури appeared first on Република.

]]>

Изборно собрание односно редовни избори за Претседателство на Друштвото на писателите на Македонија, кое вклучува избор на претседател на ДПМ и претседател на Собранието на ДПМ, заедно со останатите членови на Претседателството на ДПМ, ќе се одржи на 7 мај 2022 (сабота) од 12 часот.  Гласањето ќе се одвива во просториите на ДПМ, со почитување на важечките протоколи за заштита од КОВИД-19. Писателската асоцијација информира дека рокот за поднесување на кандидатурите е 15 април 2022. Според Статутот на ДПМ, заинтересираните писатели треба да ги поднесат кандидатурите за овие функции  заедно со Програма на најмногу три страници, која претходно треба да биде пратена до членството, како и на електронската адреса на Претседателството на ДПМ – [email protected].
Во согласност со Статутот, за успешно ќе се смета гласањето во кое ќе биде обезбеден кворум со просто мнозинство од најмалку 50 проценти од вкупниот број членови на Друштвото, кое брои над 300 живи членови, што ја става маргината на над 150 присутни членови. Во спротивно, гласањето ќе биде повторено и Друштвото ќе остане без ново раководство сѐ до спроведување успешен гласачки процес, соопшти ДПМ.
Мандатот на претседателот на ДПМ, претседателот на Собранието и членовите на Претседателството на ДПМ трае четири години односно, како што наведува Друштвото – „двојно повеќе од она што беше пракса во минатото кога за мандатот за овие позиции беше во времетраење од две години“. Актуелен претседател на ДПМ е Соња Стојменска-Елзесер која беше избрана на минатото Изборно собрание на македонската писателска асоцијација.

The post На 7 мај писателите ќе избираат ново Претседателство, 15 април е рокот за кандидатури appeared first on Република.

]]>