претседателски избори во франција Archives - Република https://republika.mk/tema/pretsedatelski-izbori-vo-francija/ За подобро да се разбереме Sat, 30 Apr 2022 15:39:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png претседателски избори во франција Archives - Република https://republika.mk/tema/pretsedatelski-izbori-vo-francija/ 32 32 Ердоган го нарече победа поразот на Марин Ле Пен во Франција https://republika.mk/vesti/balkan/erdogan-go-nareche-pobeda-porazot-na-marin-le-pen-vo-francija/ Sat, 30 Apr 2022 15:39:06 +0000 https://republika.mk/?p=495772

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го оквалификува како „победа“ поразот на кандидатката на крајната десница Марин Ле Пен минатиот викенд на претседателските избори во Франција, пренесоа турските медиуми.

Отстранувањето и поразот на екстремистичките ставови на француските избори ми се чини дека е победа, бидејќи се од што страдаме е предизвикано од екстремизам“, изјави Ердоган.

Ле Пен, која рече дека сака да се „бори против исламистичката идеологија“ и да се залага за „забрана за носење муслимански превез во јавност“, загуби од центристот Емануел Макрон, но забележа рекорден резултат за екстремната десница, освојувајќи 41,5 отсто од гласови.

Се надевам дека како резултат на овие избори нашите односи со Франција ќе бидат многу подобри, додаде турскиот претседател.

Ердоган вербално се судри со Макрон во неколку наврати во последните години, обвинувајќи го дека „води кампања на омраза“ против муслиманите, откако францускиот претседател ја бранеше слободата на изразување по објавувањето на карикатурите на муслиманскиот пророк Мухамед.

The post Ердоган го нарече победа поразот на Марин Ле Пен во Франција appeared first on Република.

]]>

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го оквалификува како „победа“ поразот на кандидатката на крајната десница Марин Ле Пен минатиот викенд на претседателските избори во Франција, пренесоа турските медиуми.
Отстранувањето и поразот на екстремистичките ставови на француските избори ми се чини дека е победа, бидејќи се од што страдаме е предизвикано од екстремизам“, изјави Ердоган.
Ле Пен, која рече дека сака да се „бори против исламистичката идеологија“ и да се залага за „забрана за носење муслимански превез во јавност“, загуби од центристот Емануел Макрон, но забележа рекорден резултат за екстремната десница, освојувајќи 41,5 отсто од гласови.
Се надевам дека како резултат на овие избори нашите односи со Франција ќе бидат многу подобри, додаде турскиот претседател.
Ердоган вербално се судри со Макрон во неколку наврати во последните години, обвинувајќи го дека „води кампања на омраза“ против муслиманите, откако францускиот претседател ја бранеше слободата на изразување по објавувањето на карикатурите на муслиманскиот пророк Мухамед.

The post Ердоган го нарече победа поразот на Марин Ле Пен во Франција appeared first on Република.

]]>
Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и министрите на Емануел Макрон ја поздравуваат „мобилизацијата“ на Французите https://republika.mk/vesti/svet/pretsedatelot-na-evropskiot-sovet-sharl-mishel-i-ministrite-na-emanuel-makron-ja-pozdravuvaat-mobilizacijata-na-francuzite/ Sun, 24 Apr 2022 19:07:13 +0000 https://republika.mk/?p=493201

Од штабот на Емануел Макрон на Полињата т на Марс, Жан-Ив Ле Дриан, шефот на дипломатијата го изразува своето „големо задоволство“: „Тоа е пред се силата на мобилизацијата на Французите за одржување на нашите вредности и фактот што Французите не сакаат Франција која се намалува“, јави дописникот на МИА.

– Дали Емануел Макрон ќе има корист од моментумот? „Тој секогаш го имаше… а постои и тоа дека екстремната десница не ја презеде земјата, изјави Ерик Дупон-Морети, министерот за правда, поздравувајќи ја победата на Макрон. А потоа сега следат и парламентарните избори, некои веќе почнаа со кампања и пред вториот круг. Видно трогнат, министерот за правда потврд „дека е среќен, бидејќи ова е првпат претседател во заминување да биде реизбран под овие услови, со општо гласање, без соживот“.

На Франс 2 беше испрашуван и Клеман Бон, државниот секретар задолжен за европски прашања: „Има радост, задоволство, има политичка борба против екстремната десница, тоа е чиста победа, значителен јаз. Но, тоа исто така значи дека ќе мора да продолжиме да работиме за да ја зближиме земјата кога ќе ја видиме екстремната десница на повеќе од 40 отсто“.

Шарл Мишел, претседател на Европскиот совет, на Твитер го поздрави реизборот на Емануел Макрон. „Во овој турбулентен период ни треба силна Европа и Франција целосно посветена на посуверена и постратешка Европска унија“, напиша тој.

The post Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и министрите на Емануел Макрон ја поздравуваат „мобилизацијата“ на Французите appeared first on Република.

]]>

Од штабот на Емануел Макрон на Полињата т на Марс, Жан-Ив Ле Дриан, шефот на дипломатијата го изразува своето „големо задоволство“: „Тоа е пред се силата на мобилизацијата на Французите за одржување на нашите вредности и фактот што Французите не сакаат Франција која се намалува“, јави дописникот на МИА.
– Дали Емануел Макрон ќе има корист од моментумот? „Тој секогаш го имаше… а постои и тоа дека екстремната десница не ја презеде земјата, изјави Ерик Дупон-Морети, министерот за правда, поздравувајќи ја победата на Макрон. А потоа сега следат и парламентарните избори, некои веќе почнаа со кампања и пред вториот круг. Видно трогнат, министерот за правда потврд „дека е среќен, бидејќи ова е првпат претседател во заминување да биде реизбран под овие услови, со општо гласање, без соживот“.
На Франс 2 беше испрашуван и Клеман Бон, државниот секретар задолжен за европски прашања: „Има радост, задоволство, има политичка борба против екстремната десница, тоа е чиста победа, значителен јаз. Но, тоа исто така значи дека ќе мора да продолжиме да работиме за да ја зближиме земјата кога ќе ја видиме екстремната десница на повеќе од 40 отсто“. Шарл Мишел, претседател на Европскиот совет, на Твитер го поздрави реизборот на Емануел Макрон. „Во овој турбулентен период ни треба силна Европа и Франција целосно посветена на посуверена и постратешка Европска унија“, напиша тој.

The post Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и министрите на Емануел Макрон ја поздравуваат „мобилизацијата“ на Французите appeared first on Република.

]]>
Мари Ле Пен: Ќе останам посветена на Франција и Французите https://republika.mk/vesti/svet/mari-le-pen-kje-ostanam-posvetena-na-francija-i-francuzite/ Sun, 24 Apr 2022 19:04:28 +0000 https://republika.mk/?p=493199

Кандидататката на десницата на претседателските избори во Франција Марин Ле Пен се обрати од нејзиниот штаб во 16-тиот арондисман на Париз.

Марин Ле Пен притоа го поздрави „и покрај двонеделните нефер, насилни методи“, фактот што идеите „што ги претставува достигнуваат нови височини во изборната ноќ. Со повеќе од 43 отсто од гласовите, резултатот сам по себе претставува убедлива победа, јави дописникот на МИА.

Таа понатаму додаде: „Милиони наши сонародници го избраа националниот камп и промените. Ја упатувам мојата најдлабока благодарност до оние кои ми веруваа во првиот круг и до оние кои со милиони ни се придружија во вториот круг“.

– Се плашам дека петгодишниот мандат што се отвора нема да се скрши со бруталните методи на претходниот, за да се избегне монополизација на моќта од некои, повеќе од кога било ќе ја продолжам мојата посветеност на Франција и Французите со енергијата, истрајноста и наклонетоста што ме познавате, истакна Ла Пен.

Кандидатката на РН најави и „голема изборна битка на законодавните избори. Ќе ја водам оваа битка заедно со Жордан Бардела“ рече таа. тг/ссм/

The post Мари Ле Пен: Ќе останам посветена на Франција и Французите appeared first on Република.

]]>

Кандидататката на десницата на претседателските избори во Франција Марин Ле Пен се обрати од нејзиниот штаб во 16-тиот арондисман на Париз. Марин Ле Пен притоа го поздрави „и покрај двонеделните нефер, насилни методи“, фактот што идеите „што ги претставува достигнуваат нови височини во изборната ноќ. Со повеќе од 43 отсто од гласовите, резултатот сам по себе претставува убедлива победа, јави дописникот на МИА. Таа понатаму додаде: „Милиони наши сонародници го избраа националниот камп и промените. Ја упатувам мојата најдлабока благодарност до оние кои ми веруваа во првиот круг и до оние кои со милиони ни се придружија во вториот круг“.
– Се плашам дека петгодишниот мандат што се отвора нема да се скрши со бруталните методи на претходниот, за да се избегне монополизација на моќта од некои, повеќе од кога било ќе ја продолжам мојата посветеност на Франција и Французите со енергијата, истрајноста и наклонетоста што ме познавате, истакна Ла Пен.
Кандидатката на РН најави и „голема изборна битка на законодавните избори. Ќе ја водам оваа битка заедно со Жордан Бардела“ рече таа. тг/ссм/

The post Мари Ле Пен: Ќе останам посветена на Франција и Французите appeared first on Република.

]]>
Емануел Макрон со 58 отсто на гласовите е реизбран за претседател на Франција https://republika.mk/vesti/svet/emanuel-makron-so-58-otsto-na-glasovite-e-reizbran-za-pretsedatel-na-francija/ Sun, 24 Apr 2022 18:17:56 +0000 https://republika.mk/?p=493187

Новиот француски претседател е Емануел Макрон на кој Французите денеска му доверија нов петгодишен мандат освојувајќи 58 отсто од гласовите, покажуваат излезните анкети. Сепак тој е далеку од 66,10 отсто освоени гласови во 2017 година. Марин Ле Пен освои 42 отсто од гласовите, јави дописникот на МИА.

Како и во 2017 година, 48,7 милиони Французи избираа меѓу Емануел Макрон и Марин Ле Пен. Првиот беше фаворит. Но, никогаш екстремната десница не изгледаше толку блиску до портите на Елисејската палата. Резултатот од далеку ги надминува резултатите од пред пет години кога таа освои 33,90 отсто од гласовите. Таа денеска освои 42 отсто од гласовите

Емануел Макрон се очекува да им се обрати на своите приврзаници од пред Ајфеловата кула на Полињата на Марс. Симболично место со универзалноста на Ајфеловата кула како декорација за новоизбраниот претседател, место кое му беше одбиено во 2017 година. Тука, од околу 19 часот, започнаа да се собираат неговите симпатизери со многу француски и европски знамиња.

Во изборниот штаб на Марин Ле Пен – Павилјонот д’Арменoвил во 16-от париски арондисман, непосредно пред објавувањето на резултатите се појавија шишиња со Шампањ на кои пишуваше „Марин Претседател 2022“, забележа новинарот на Фигаро.

Нејзините симпатизери се послужуваат без комплекс. Некои од нив не не верувале во победа на овие избори. Но пред сè, тие слават „политичка и морална“ победа.

Неизлезеноста на гласачите се очекува да достигне 28,2 отсто во вториот круг од претседателските избори, 2,5 поени повеќе отколку во 2017 година (25,44%), според процените на ИФОП.

Ова се првични проекции за резултатите од гласањето, додека конечните резултати нема да бидат познати до утре изутрина. Победникот официјално ќе биде прогласен, по вообичаените проверки, во среда на 27 април од Лоран Фабиус, претседател на Уставниот совет. тг/ссм/

The post Емануел Макрон со 58 отсто на гласовите е реизбран за претседател на Франција appeared first on Република.

]]>

Новиот француски претседател е Емануел Макрон на кој Французите денеска му доверија нов петгодишен мандат освојувајќи 58 отсто од гласовите, покажуваат излезните анкети. Сепак тој е далеку од 66,10 отсто освоени гласови во 2017 година. Марин Ле Пен освои 42 отсто од гласовите, јави дописникот на МИА. Како и во 2017 година, 48,7 милиони Французи избираа меѓу Емануел Макрон и Марин Ле Пен. Првиот беше фаворит. Но, никогаш екстремната десница не изгледаше толку блиску до портите на Елисејската палата. Резултатот од далеку ги надминува резултатите од пред пет години кога таа освои 33,90 отсто од гласовите. Таа денеска освои 42 отсто од гласовите Емануел Макрон се очекува да им се обрати на своите приврзаници од пред Ајфеловата кула на Полињата на Марс. Симболично место со универзалноста на Ајфеловата кула како декорација за новоизбраниот претседател, место кое му беше одбиено во 2017 година. Тука, од околу 19 часот, започнаа да се собираат неговите симпатизери со многу француски и европски знамиња. Во изборниот штаб на Марин Ле Пен – Павилјонот д’Арменoвил во 16-от париски арондисман, непосредно пред објавувањето на резултатите се појавија шишиња со Шампањ на кои пишуваше „Марин Претседател 2022“, забележа новинарот на Фигаро. Нејзините симпатизери се послужуваат без комплекс. Некои од нив не не верувале во победа на овие избори. Но пред сè, тие слават „политичка и морална“ победа. Неизлезеноста на гласачите се очекува да достигне 28,2 отсто во вториот круг од претседателските избори, 2,5 поени повеќе отколку во 2017 година (25,44%), според процените на ИФОП. Ова се првични проекции за резултатите од гласањето, додека конечните резултати нема да бидат познати до утре изутрина. Победникот официјално ќе биде прогласен, по вообичаените проверки, во среда на 27 април од Лоран Фабиус, претседател на Уставниот совет. тг/ссм/

The post Емануел Макрон со 58 отсто на гласовите е реизбран за претседател на Франција appeared first on Република.

]]>
Ле Пен убедливо води во прекуокеанските територии https://republika.mk/vesti/svet/le-pen-ubedlivo-vodi-vo-prekuokeanskite-teritorii/ Sun, 24 Apr 2022 17:59:00 +0000 https://republika.mk/?p=493175

Во француските прекуокеанските територии вчера почна гласањето во вториот круг од претседателските избори, а според резултатите во Мартиник, Гвадалупе и Гвајана, Ле Пен победила доста убедливо.

Резултатите од овие територии ги објави белгиската RTFB, повикувајќи се на веродостојни извори.

Француските медиуми не ги објавија овие резултати, бидејќи според законот, ниту еден медиум од Франција не смее да ги објавува изборните резултати од која било територија што и припаѓа на Франција до затворањето на гласачките места во земјата, што ќе се случи во повеќето општини во 19 часот, додека во поголемите градови како Париз или Ница гласањето трае до 20 часот. Секој медиум што ќе го прекрши ова правило ќе биде казнет со 75.000 евра.

The post Ле Пен убедливо води во прекуокеанските територии appeared first on Република.

]]>

Во француските прекуокеанските територии вчера почна гласањето во вториот круг од претседателските избори, а според резултатите во Мартиник, Гвадалупе и Гвајана, Ле Пен победила доста убедливо. Резултатите од овие територии ги објави белгиската RTFB, повикувајќи се на веродостојни извори. Француските медиуми не ги објавија овие резултати, бидејќи според законот, ниту еден медиум од Франција не смее да ги објавува изборните резултати од која било територија што и припаѓа на Франција до затворањето на гласачките места во земјата, што ќе се случи во повеќето општини во 19 часот, додека во поголемите градови како Париз или Ница гласањето трае до 20 часот. Секој медиум што ќе го прекрши ова правило ќе биде казнет со 75.000 евра.

The post Ле Пен убедливо води во прекуокеанските територии appeared first on Република.

]]>
До 17 часот излезеноста на претседателските избори во Франција е 63,23 отсто, два поени помалку од 2017 година https://republika.mk/vesti/svet/do-17-chasot-izlezenosta-na-pretsedatelskite-izbori-vo-francija-e-63-23-otsto-dva-poeni-pomalku-od-2017-godina/ Sun, 24 Apr 2022 16:13:30 +0000 https://republika.mk/?p=493156

Излезноста на вториот круг од претседателските избори во Франција до 17 часот е 63,23 отсто, за два поени помалку од 2017 година, јави дописникот на МИА.

Двајцата кандидати Марин Ле Пен и Емануел Макрон гласаа уште напладне, по што се упатија во Париз за подготовка на постизборната вечер.

Меѓу нив треба да изберат 48,7 милиони Французи запишани на изборните листи,. Излезноста напладне изнесуваше 26,41 отсто, соопшти МВР. Таа беше 25,48 проценти во исто време, во текот на првиот круг.

Гласачките места беа отворени од 8 часот наутро насекаде во Франција и ќе се затворат во 19 часот (во 20 часот во поголемите градови). Првите проценки ќе бидат објавени, како што е обичај, во 20 часот од медиумите. Двајцата протагонисти потоа ќе и се обратаат на нацијата.

Во 2017 година, Емануел Макрон стана најмладиот претседател на Републиката. Сега има 44 години, дипломиран на високата школа за администрација, поранешен инвестициски банкар и поранешен министер за економија на Франсоа Оланд се надева дека ќе биде реизбран за втор петгодишен мандат.

Марин Ле Пен, 53-годишна адвокатка, е со трета кандидатура за Елисејската палата. Долго време избрана во Европскиот парламент, противкандидатката од екстремната десница сега е пратеничка на Па-де-Кале. Веќе финалист пред пет години, кандидатката на Националниот собир имаше добиено 33,9 отсто од гласовите.

The post До 17 часот излезеноста на претседателските избори во Франција е 63,23 отсто, два поени помалку од 2017 година appeared first on Република.

]]>

Излезноста на вториот круг од претседателските избори во Франција до 17 часот е 63,23 отсто, за два поени помалку од 2017 година, јави дописникот на МИА. Двајцата кандидати Марин Ле Пен и Емануел Макрон гласаа уште напладне, по што се упатија во Париз за подготовка на постизборната вечер. Меѓу нив треба да изберат 48,7 милиони Французи запишани на изборните листи,. Излезноста напладне изнесуваше 26,41 отсто, соопшти МВР. Таа беше 25,48 проценти во исто време, во текот на првиот круг. Гласачките места беа отворени од 8 часот наутро насекаде во Франција и ќе се затворат во 19 часот (во 20 часот во поголемите градови). Првите проценки ќе бидат објавени, како што е обичај, во 20 часот од медиумите. Двајцата протагонисти потоа ќе и се обратаат на нацијата. Во 2017 година, Емануел Макрон стана најмладиот претседател на Републиката. Сега има 44 години, дипломиран на високата школа за администрација, поранешен инвестициски банкар и поранешен министер за економија на Франсоа Оланд се надева дека ќе биде реизбран за втор петгодишен мандат. Марин Ле Пен, 53-годишна адвокатка, е со трета кандидатура за Елисејската палата. Долго време избрана во Европскиот парламент, противкандидатката од екстремната десница сега е пратеничка на Па-де-Кале. Веќе финалист пред пет години, кандидатката на Националниот собир имаше добиено 33,9 отсто од гласовите.

The post До 17 часот излезеноста на претседателските избори во Франција е 63,23 отсто, два поени помалку од 2017 година appeared first on Република.

]]>
Утре Франција гласа, изборот ист како и пред пет години https://republika.mk/vesti/svet/utre-francija-glasa-izborot-ist-kako-i-pred-pet-godini/ Sat, 23 Apr 2022 19:03:51 +0000 https://republika.mk/?p=492867

Утре 47,8 милиони француски гласачи се повикани да излезат да гласаат за изборот на нов претседател на француската република, при што тие треба да одлучат меѓу Еманул Макрон и Марин Ле Пен. Сепак, во првиот круг многумина не гласаа ниту за Макрон, ниту за Ле Пен и утре треба да гласаат за кандидат кој или го отфрлаат или не го одобруваат, јави дописникот на МИА.

Има и такви што ќе излезат на гласање „неволно“, оние кои сакаат „јако да го удрат мравјалникот“ или дури и оние кои нема да се мачат да се помрднат, но кои „држат среќа“ дека анкетите ја кажуваат вистината. А други, пак, кои „вртат очи кон небото“ се убедуваат дека „Овие претседателски избори нема ништо да сменат “. Повеќе француски медиуми се обидоа да опишат во која состојба се наоѓаат добар дел од француските гласачи, во пресрет на вториот круг, поточно меѓу 63 отсто Французи кои не гласаа пред две недели, ниту за Емануел Макрон, ниту за Марин Ле Пен.

„Во мојата глава сето тоа е матно: има многу фрустрација, но и гнев“, вели еден од овие „сирачиња од првиот круг“ кои веруваат дека нивните избори се „украдени“.

Според истражувањето на Елабе за БФМТВ и Л’Експресс, 43 отсто од Французите кои планираат да гласаат в недела ќе го направат тоа за да го блокираат другиот кандидат.

„Ниту Макрон, ниту Ле Пен! Минатата недела токму овој собирен крик одекна на универзитетите. Повторувајќи ги зборовите на Жан-Лук Меланшон, третиот човек на овие претседателски избори, кој „не сака г-ѓата Ле Пен да ја преземе земјата“, ниту „г-дин Макрон да ја задржи власта“. „Уморни сме постојано да гласаме поради инает, во најмала рака! Не, што мисли, Макрон? Јас сум Непокорна и таква останувам- вели за „Фигаро“ Луси, 24-годишна студентка во Лион.

Иако за нивните гласови имаше многу додворување во изминативе две недели, не е сигурно дека 22 отсто од гласачите на лидерот на Ла Франс инсуумис (Бунтовна Франција на Меланшон) сите ја играат играта на „републиканскиот фронт“.

-Си велам дека треба да пробаме нешто друго, нема што повеќе да изгубиме! Ни е ветена граѓанска војна ако Марин Ле Пен помине, но имам впечаток дека со Макрон може да биде тотален хаос на улица. А потоа Марин, таа ги брани сиромашните…“вели Кристин, која живее со „многу мала пензија“ во Нормандија.

„Корисниот глас“, Лора веќе го даде. Во 2017 година, па и оваа година од првиот круг.

„Ќе гласав за зелените, но добро знаев дека Јаник Жадот нема да биде во вториот круг. Затоа го зедов билтенот на Меланшон. Сега, тоа е болно патување да се прегласува Макрон: не само што нема ништо сериозно во неговата програма за екологија, туку, за време на неговиот мандат, тој нè нарече „Амиши кои сакаат да живеат на маслена ламба! Кога тоа го примивме директно в лице, дури и да го „изгланца“ својот проект во зелено, со своите големитеналони, ние не забораваме, објаснува еден адвокатка од Бордо во изјава за Фигаро.

Таа не е „воопшто чувствителна на безбедносниот или антимиграцискиот дискурс на Марин Ле Пен“, таа го отфрла овој избор. „За мојата генерација на триесет и неколку години, со мали деца, тоа е навистина ужасно! Ќе морам да гласам за оној кој лансираше 5G и не направи ништо за животната средина освен да го отстрани пластичниот прибор за јадење…“ додава оваа млада жена од Бордо.

Сара член на движењето Европа, екологија Зелени, сакаше да ги почитува нејзините убедувања во првиот круг. Таа денес се чувствува „крајно уморна и тажна“, „многу разочарана од оваа кампања која беше бескорисна“. „Разбирам дека идеите на Марин Ле Пен мора да бидат присутни во вториот круг, бидејќи тие се поддржани од повеќе од една четвртина од Французите, но имам впечаток дека политичкиот говор функционира како скршена плоча, воздивнува таа, која работи во професионална интеграција во Брест. Во овој контекст на климатска вонредна состојба, неверојатно е што оваа тема отсуствуваше од кампањата. Но додека блокирачкото гласање против екстремната десница беше очигледно во 2017 година, таа вели дека повеќе не може да го убеди нејзиното опкружување дека не е доволно само да се гласа празно. „Постои желба да му се одржи лекција на претседателот кој излегува од ветувањата, во последен момент, само за да флертува со нас…“

Во 2017 година, Бертранд гласаше за Меланшон. Овој пат, бидејќи „навистина не го ценеше неговиот комунитаристички пресврт“, тој се одлучи за комунистот Фабиен Русел. „Прво си реков, ќе гласам празно: Макрон како Ле Пен отелотворуваат модели на општество што не сакам да ги видам развиени, вели овој 27-годишен правник. Старт-оп нација, неолиберализмот, за мене е многу малку. Што се однесува до Марин Ле Пен, дури и да не сум од оние кои плачат нацизам, се плашам дека таа ќе има штетно влијание врз градовите и имам загриженост за владеењето на правото. Дури и ако, од моја гледна точка, „дамата-мачка“ би предизвикала помала социјална штета од Макрон“.

Конечно, „речиси сум сигурен дека уште еднаш ќе ја блокирам крајната десница“, продолжува тој. Ако, како мене, навистина не ви се допаѓаат и двајцата, треба да го изберете најмалку лошото…“

Од десната страна се исто толку многу фрустрирани, особено по „свртувањето на лево на кормилото“ на кандидатот Макрон, објаснува понатаму Фигаро.

-Се стремев кон сè, освен репродукција на најавениот дуел, во кој шефот на државата направи сè за да не затвори. Не доаѓа предвид да гласам за него, поради неговото негативно искуство во повеќето области. Не можам да гласам ниту за Марин Ле Пен, иако можевме да и дадеме шанса да ја контролира имиграцијата и да ставиме крај на деликвенцијата. Ќе гласам празно затоа што сакам да покажам дека не се работи за граѓанско дезангажирање се доверува Симон (44 години), висок париски функционер, кој и го даде својот глас на Валери Пекрес.

Со внесување на билтенот на Ерик Земур во гласачката кутија, Вирџини сакаше „да алармира за ситуацијата во предградијата“, каде што предава десет години. „И ми кажаа дека ова гласање е фашистичко! Таа огорчена.

-Која е поентата да се одржат избори ако се гласа за Макрон? Можеме да се изразиме во првиот круг, но, во вториот, секогаш треба да се избере центристички кандидат, про-ЕУ! Имаме впечаток дека веќе нема можна алтернација. Фактот што Емануел Макрон ги спои десниот центар и левиот центар го засилува чувството на едноумие, една партија и единствена политика.

30-годишната девојка ќе гласа за Марин Ле Пен: „Во суштина, нема толку многу разлики, тврди таа. Но, со Земур имаше шанси за демократски почеток. Додека со Марин Ле Пен, тоа е премногу истата манихејска конфронтација што ја знаеме. Тоа е, исто така, глас за инает, бидејќи таа не е најдобриот кандидат да ги носи овие идеи и знаеме дека ќе изгуби…“

На возраст од 22 години – Флора, која завршува бизнис студии, нема „што да загуби со превртување на масата“, вели таа. „Гласав Земур затоа што ми изгледаше најискрено, се оправдува оваа парижанка.

-Тој имаше храброст да го потенцира и ризикот од големата замена и дислокацијата на францускиот идентитет. Како млад човек, бев многу вознемирена од начинот на кој претседателот се справи со пандемијата, преку претерано ограничување на јавните слободи наместо зголемување на бројот на кревети во болниците. Ни ги уништи животите, а ова „колку и да чини“ ќе има феноменални последици! Дебатата во средата вечерта уште повеќе ми тежеше. За недела, сè уште не знам дали ќе ги следам упатствата на Земур, или едноставно ќе одам да се релаксирам со пријателите, вели таа.

Ќерка на фармери, по потекло од Пикардија, Клеманс по втор пат го избра Жан Ласал.

-Тоа е неговата социјална личност што ми зборува. Тој се издвојува во оваа многу цивилизирана средина. А неговата програма, не ми е воопшто глупава. Годинава повторно гласав за него затоа што тој беше единствениот што ми изгледаше автентичен. И сега се чувствувам големо сираче. Повеќе од пет години, згора на тоа, од распадот на УМП, партијата за која гласав претходно, објаснува 28-годишната млада жена, сега продавач на книги во Париз.

Во 2017 година, нејзиното гласачко ливче беше празно.

-Имам уште помала желба да го зајакнам Макрон денес! Ова би го потврдило управувањето со кризи во првиот петгодишен мандат, што не го одобрувам. А етичките прашања многу ме засегаат, а Емануел Макрон воопшто не е свесен за нив. Па се враќам на бело гласање. Бидејќи Жан Ласал се залага за броење на празните гласови, ова ќе биде мојот начин да му оддадам почит, завршува таа.

The post Утре Франција гласа, изборот ист како и пред пет години appeared first on Република.

]]>

Утре 47,8 милиони француски гласачи се повикани да излезат да гласаат за изборот на нов претседател на француската република, при што тие треба да одлучат меѓу Еманул Макрон и Марин Ле Пен. Сепак, во првиот круг многумина не гласаа ниту за Макрон, ниту за Ле Пен и утре треба да гласаат за кандидат кој или го отфрлаат или не го одобруваат, јави дописникот на МИА. Има и такви што ќе излезат на гласање „неволно“, оние кои сакаат „јако да го удрат мравјалникот“ или дури и оние кои нема да се мачат да се помрднат, но кои „држат среќа“ дека анкетите ја кажуваат вистината. А други, пак, кои „вртат очи кон небото“ се убедуваат дека „Овие претседателски избори нема ништо да сменат “. Повеќе француски медиуми се обидоа да опишат во која состојба се наоѓаат добар дел од француските гласачи, во пресрет на вториот круг, поточно меѓу 63 отсто Французи кои не гласаа пред две недели, ниту за Емануел Макрон, ниту за Марин Ле Пен. „Во мојата глава сето тоа е матно: има многу фрустрација, но и гнев“, вели еден од овие „сирачиња од првиот круг“ кои веруваат дека нивните избори се „украдени“. Според истражувањето на Елабе за БФМТВ и Л’Експресс, 43 отсто од Французите кои планираат да гласаат в недела ќе го направат тоа за да го блокираат другиот кандидат. „Ниту Макрон, ниту Ле Пен! Минатата недела токму овој собирен крик одекна на универзитетите. Повторувајќи ги зборовите на Жан-Лук Меланшон, третиот човек на овие претседателски избори, кој „не сака г-ѓата Ле Пен да ја преземе земјата“, ниту „г-дин Макрон да ја задржи власта“. „Уморни сме постојано да гласаме поради инает, во најмала рака! Не, што мисли, Макрон? Јас сум Непокорна и таква останувам- вели за „Фигаро“ Луси, 24-годишна студентка во Лион. Иако за нивните гласови имаше многу додворување во изминативе две недели, не е сигурно дека 22 отсто од гласачите на лидерот на Ла Франс инсуумис (Бунтовна Франција на Меланшон) сите ја играат играта на „републиканскиот фронт“. -Си велам дека треба да пробаме нешто друго, нема што повеќе да изгубиме! Ни е ветена граѓанска војна ако Марин Ле Пен помине, но имам впечаток дека со Макрон може да биде тотален хаос на улица. А потоа Марин, таа ги брани сиромашните…“вели Кристин, која живее со „многу мала пензија“ во Нормандија. „Корисниот глас“, Лора веќе го даде. Во 2017 година, па и оваа година од првиот круг. „Ќе гласав за зелените, но добро знаев дека Јаник Жадот нема да биде во вториот круг. Затоа го зедов билтенот на Меланшон. Сега, тоа е болно патување да се прегласува Макрон: не само што нема ништо сериозно во неговата програма за екологија, туку, за време на неговиот мандат, тој нè нарече „Амиши кои сакаат да живеат на маслена ламба! Кога тоа го примивме директно в лице, дури и да го „изгланца“ својот проект во зелено, со своите големитеналони, ние не забораваме, објаснува еден адвокатка од Бордо во изјава за Фигаро. Таа не е „воопшто чувствителна на безбедносниот или антимиграцискиот дискурс на Марин Ле Пен“, таа го отфрла овој избор. „За мојата генерација на триесет и неколку години, со мали деца, тоа е навистина ужасно! Ќе морам да гласам за оној кој лансираше 5G и не направи ништо за животната средина освен да го отстрани пластичниот прибор за јадење…“ додава оваа млада жена од Бордо. Сара член на движењето Европа, екологија Зелени, сакаше да ги почитува нејзините убедувања во првиот круг. Таа денес се чувствува „крајно уморна и тажна“, „многу разочарана од оваа кампања која беше бескорисна“. „Разбирам дека идеите на Марин Ле Пен мора да бидат присутни во вториот круг, бидејќи тие се поддржани од повеќе од една четвртина од Французите, но имам впечаток дека политичкиот говор функционира како скршена плоча, воздивнува таа, која работи во професионална интеграција во Брест. Во овој контекст на климатска вонредна состојба, неверојатно е што оваа тема отсуствуваше од кампањата. Но додека блокирачкото гласање против екстремната десница беше очигледно во 2017 година, таа вели дека повеќе не може да го убеди нејзиното опкружување дека не е доволно само да се гласа празно. „Постои желба да му се одржи лекција на претседателот кој излегува од ветувањата, во последен момент, само за да флертува со нас…“ Во 2017 година, Бертранд гласаше за Меланшон. Овој пат, бидејќи „навистина не го ценеше неговиот комунитаристички пресврт“, тој се одлучи за комунистот Фабиен Русел. „Прво си реков, ќе гласам празно: Макрон како Ле Пен отелотворуваат модели на општество што не сакам да ги видам развиени, вели овој 27-годишен правник. Старт-оп нација, неолиберализмот, за мене е многу малку. Што се однесува до Марин Ле Пен, дури и да не сум од оние кои плачат нацизам, се плашам дека таа ќе има штетно влијание врз градовите и имам загриженост за владеењето на правото. Дури и ако, од моја гледна точка, „дамата-мачка“ би предизвикала помала социјална штета од Макрон“. Конечно, „речиси сум сигурен дека уште еднаш ќе ја блокирам крајната десница“, продолжува тој. Ако, како мене, навистина не ви се допаѓаат и двајцата, треба да го изберете најмалку лошото…“ Од десната страна се исто толку многу фрустрирани, особено по „свртувањето на лево на кормилото“ на кандидатот Макрон, објаснува понатаму Фигаро. -Се стремев кон сè, освен репродукција на најавениот дуел, во кој шефот на државата направи сè за да не затвори. Не доаѓа предвид да гласам за него, поради неговото негативно искуство во повеќето области. Не можам да гласам ниту за Марин Ле Пен, иако можевме да и дадеме шанса да ја контролира имиграцијата и да ставиме крај на деликвенцијата. Ќе гласам празно затоа што сакам да покажам дека не се работи за граѓанско дезангажирање се доверува Симон (44 години), висок париски функционер, кој и го даде својот глас на Валери Пекрес. Со внесување на билтенот на Ерик Земур во гласачката кутија, Вирџини сакаше „да алармира за ситуацијата во предградијата“, каде што предава десет години. „И ми кажаа дека ова гласање е фашистичко! Таа огорчена. -Која е поентата да се одржат избори ако се гласа за Макрон? Можеме да се изразиме во првиот круг, но, во вториот, секогаш треба да се избере центристички кандидат, про-ЕУ! Имаме впечаток дека веќе нема можна алтернација. Фактот што Емануел Макрон ги спои десниот центар и левиот центар го засилува чувството на едноумие, една партија и единствена политика. 30-годишната девојка ќе гласа за Марин Ле Пен: „Во суштина, нема толку многу разлики, тврди таа. Но, со Земур имаше шанси за демократски почеток. Додека со Марин Ле Пен, тоа е премногу истата манихејска конфронтација што ја знаеме. Тоа е, исто така, глас за инает, бидејќи таа не е најдобриот кандидат да ги носи овие идеи и знаеме дека ќе изгуби…“ На возраст од 22 години – Флора, која завршува бизнис студии, нема „што да загуби со превртување на масата“, вели таа. „Гласав Земур затоа што ми изгледаше најискрено, се оправдува оваа парижанка. -Тој имаше храброст да го потенцира и ризикот од големата замена и дислокацијата на францускиот идентитет. Како млад човек, бев многу вознемирена од начинот на кој претседателот се справи со пандемијата, преку претерано ограничување на јавните слободи наместо зголемување на бројот на кревети во болниците. Ни ги уништи животите, а ова „колку и да чини“ ќе има феноменални последици! Дебатата во средата вечерта уште повеќе ми тежеше. За недела, сè уште не знам дали ќе ги следам упатствата на Земур, или едноставно ќе одам да се релаксирам со пријателите, вели таа. Ќерка на фармери, по потекло од Пикардија, Клеманс по втор пат го избра Жан Ласал. -Тоа е неговата социјална личност што ми зборува. Тој се издвојува во оваа многу цивилизирана средина. А неговата програма, не ми е воопшто глупава. Годинава повторно гласав за него затоа што тој беше единствениот што ми изгледаше автентичен. И сега се чувствувам големо сираче. Повеќе од пет години, згора на тоа, од распадот на УМП, партијата за која гласав претходно, објаснува 28-годишната млада жена, сега продавач на книги во Париз. Во 2017 година, нејзиното гласачко ливче беше празно. -Имам уште помала желба да го зајакнам Макрон денес! Ова би го потврдило управувањето со кризи во првиот петгодишен мандат, што не го одобрувам. А етичките прашања многу ме засегаат, а Емануел Макрон воопшто не е свесен за нив. Па се враќам на бело гласање. Бидејќи Жан Ласал се залага за броење на празните гласови, ова ќе биде мојот начин да му оддадам почит, завршува таа.

The post Утре Франција гласа, изборот ист како и пред пет години appeared first on Република.

]]>
Макрон го искористи предизборниот молк за прошетка крај морето https://republika.mk/vesti/svet/makron-go-iskoristi-predizborniot-molk-za-proshetka-kraj-moreto/ Sat, 23 Apr 2022 18:55:42 +0000 https://republika.mk/?p=492860

Саботното попладне, и предизборниот молк францускиот претседател Емануел Макрон го искористи за прошетка на плажа заедно со својата сопруга Брижит Макрон. Лежерно облечен во дуксерка со боите на француското знаме и фармерки, актуелниот претседател кој се бори за втор мандат, речиси и да не ја испушти од рака сопругата, која исто така му парираше облечена во лежерен стил, облечена во патики, фармерки и кожна јакна. Случајните минувачи кои се најдоа на плажата воодушевено ги поздравуваа и се сликаа со нив.

Макрон е во пол-позиција да победи на реизборот утре во вториот круг од претседателските избори во земјата, но неговата предност пред екстремно десничарската ривалка Марин Ле Пен зависи од една голема неизвесност: гласачите кои би можеле да одлучат да останат дома.

Победата на Макрон во ова гласање – што може да има далекусежни последици за идниот правец на Европа и напорите на Западот да ја запре војната во Украина – ќе го направи првиот француски претседател во 20 години што освоил втор мандат.

The post Макрон го искористи предизборниот молк за прошетка крај морето appeared first on Република.

]]>

Саботното попладне, и предизборниот молк францускиот претседател Емануел Макрон го искористи за прошетка на плажа заедно со својата сопруга Брижит Макрон. Лежерно облечен во дуксерка со боите на француското знаме и фармерки, актуелниот претседател кој се бори за втор мандат, речиси и да не ја испушти од рака сопругата, која исто така му парираше облечена во лежерен стил, облечена во патики, фармерки и кожна јакна. Случајните минувачи кои се најдоа на плажата воодушевено ги поздравуваа и се сликаа со нив. Макрон е во пол-позиција да победи на реизборот утре во вториот круг од претседателските избори во земјата, но неговата предност пред екстремно десничарската ривалка Марин Ле Пен зависи од една голема неизвесност: гласачите кои би можеле да одлучат да останат дома. Победата на Макрон во ова гласање – што може да има далекусежни последици за идниот правец на Европа и напорите на Западот да ја запре војната во Украина – ќе го направи првиот француски претседател во 20 години што освоил втор мандат.

The post Макрон го искористи предизборниот молк за прошетка крај морето appeared first on Република.

]]>
Протести во Франција против крајната десница https://republika.mk/vesti/svet/protesti-vo-francija-protiv-krajnata-desnica/ Sat, 16 Apr 2022 18:50:46 +0000 https://republika.mk/?p=489395

Во Франција денеска се одржаа демонстрации чие мото беше: „Против екстремната десница и нејзините идеи, не Марин Ле Пен во Елисејската палата“, јави дописникот на МИА од Париз.

Во Париз и во регионот, неколку илјади луѓе дојдоа да и кажат „не на екстремната десница“ без да го поддржат Емануел Макрон осум дена пред вториот круг од претседателските избори, кој се спротивставува на Марин Ле Пен.

„Тука сме да и кажеме не на крајната десница. Би било вистинска регресија доколку таа дојде на власт“, вели Жан-Франсоа Жулиар, генерален директор на Гринпис Франција во Париз, каде што се мобилизираа неколку илјади луѓе.

И во Марсеј, градот каде што Емануел Макрон одржа митинг, пораката е слична: „Тука сме да ја блокираме екстремната десница“.

Анкета: Макрон со поддршка од 55,5 отсто во вториот круг наспроти 44,5 отсто за Ле Пен

Осум дена пред вториот круг од претседателските избори во Франција, одѕивот на француските гласачи би бил 72 отсто, според барометарот Ипсос Сопра/Стериа, спроведен за ФрансИнфо и Паризиен Ожурдуи, јави дописникот на МИА од Париз.

Претседателот во заминување Емануел Макрон ќе победи во вториот круг од претседателските избори против Марин Ле Пен, со резултат од 55,5 отсто наспроти 45,5 отсто, покажува најновиот барометар објавен денеска.

Пред пет години Макрон победи со 66,1 отсто од гласовите наспроти 33,9 отсто за Марин Ле Пен.

Според оваа анкета, осум дена пред вториот круг одѕивот би бил 72 отсто, ниво многу блиску до оној од првиот круг (73,7 отсто).

Меѓу Французите кои гласаа за Жан-Лук Меланшон во првиот круг од претседателските избори во 2022 година, 33 отсто имаат намера да гласаат за Емануел Макрон во вториот круг, 16 отсто за Марин Ле Пен и 51 отсто не изразиле намера да гласаат. Меѓу гласачите на Јаник Жадот, 59 отсто имаат намера да го изберат претседателот во заминување во вториот круг и 7 отсто Марин Ле Пен (34 отсто не кажуваат).

Исто така, 55 отсто од гласачите на Валери Пекрес ќе го изберат Емануел Макрон и 21 отсто ја претпочитаат Марин Ле Пен (24 отсто не се изјаснуваат).

Гласачите на Ерик Земур имаат намера да гласаат за Марин Ле Пен дури 76 отсто, а за Емануел Макрон само 9 отсто (15 отсто не се изјаснуваат).

Истражувањето е спроведено од 14. до 16 април, со онлајн анкета, според методот на квоти, со примерок од 1.676 лица запишани на изборните листи, претставници на француската популација на возраст од 18 и повеќе години.

Маргината на грешка варира помеѓу 0,7 и 2,4 отсто, во зависност од целниот резултат. Намерите за гласање не претставуваат прогноза за исходот од гласањето. Тие даваат индикација за односот на силите и динамиката на денот на истражувањето

Во Лион, каде што демонстрантите се претежно млади луѓе, се мобилизираа „против тривијализирањето на опасните идеи, против расизмот, исклученоста, потенцијалната диктатура“.

Марин Ле Пен, која претходно утрото зборуваше пред новинарите во Сен Реми-сур-Авр, смета дека „одржувањето демонстрации против резултатите од изборите е антидемократско“.

– Мислам дека на Французите им е непријатно да гледаат дека нивниот избор така се оспорува на улица, преку демонстрации, рече Ле Пен.

„Со отфрлањето на Марин Ле Пен, станува збор за спречување на појавата на деструктивниот социјален проект на владеењето на правото, на социјалната и обединета демократска република што ја браниме секој ден“, се вели во соопштението од организаторите, околу триесет организации и синдикати, како што се Лигата за човекови права, СОС Расизам, СЖТ, Синдикатот на судството или Националниот синдикат на новинари.

Во Париз, копретседателот на Мрап  (движењето против расизмот) Франсоа Сотери рече дека „не ја сакаат Марин Ле Пен во Елисејската палата“.

– Овде сме да кажеме да го искористите вашето гласачко ливче за да ја спречите да дојде на власт. Не велиме гласајте го Макрон, туку се сведува на тоа, рече Сотери.

Во Париз, каде поворката пристигна на Плоштадот на Републиката околу 17 часот, имаше неколку инциденти меѓу полицијата и стотина луѓе. Со фрлање проектили, велосипеди и палење отпад од една страна и употреба на солзавец од друга.

Во Ница, пак, се собраа стотина луѓе, каде што во 2002 година имаше 20.000 меѓу двата круга, односно организаторите на демонстрациите против крајната десница не успеаја да мобилизираат многу Французи, од кои многумина се на велигденски одмор. 

The post Протести во Франција против крајната десница appeared first on Република.

]]>

Во Франција денеска се одржаа демонстрации чие мото беше: „Против екстремната десница и нејзините идеи, не Марин Ле Пен во Елисејската палата“, јави дописникот на МИА од Париз. Во Париз и во регионот, неколку илјади луѓе дојдоа да и кажат „не на екстремната десница“ без да го поддржат Емануел Макрон осум дена пред вториот круг од претседателските избори, кој се спротивставува на Марин Ле Пен. „Тука сме да и кажеме не на крајната десница. Би било вистинска регресија доколку таа дојде на власт“, вели Жан-Франсоа Жулиар, генерален директор на Гринпис Франција во Париз, каде што се мобилизираа неколку илјади луѓе. И во Марсеј, градот каде што Емануел Макрон одржа митинг, пораката е слична: „Тука сме да ја блокираме екстремната десница“.

Анкета: Макрон со поддршка од 55,5 отсто во вториот круг наспроти 44,5 отсто за Ле Пен

Осум дена пред вториот круг од претседателските избори во Франција, одѕивот на француските гласачи би бил 72 отсто, според барометарот Ипсос Сопра/Стериа, спроведен за ФрансИнфо и Паризиен Ожурдуи, јави дописникот на МИА од Париз. Претседателот во заминување Емануел Макрон ќе победи во вториот круг од претседателските избори против Марин Ле Пен, со резултат од 55,5 отсто наспроти 45,5 отсто, покажува најновиот барометар објавен денеска. Пред пет години Макрон победи со 66,1 отсто од гласовите наспроти 33,9 отсто за Марин Ле Пен. Според оваа анкета, осум дена пред вториот круг одѕивот би бил 72 отсто, ниво многу блиску до оној од првиот круг (73,7 отсто). Меѓу Французите кои гласаа за Жан-Лук Меланшон во првиот круг од претседателските избори во 2022 година, 33 отсто имаат намера да гласаат за Емануел Макрон во вториот круг, 16 отсто за Марин Ле Пен и 51 отсто не изразиле намера да гласаат. Меѓу гласачите на Јаник Жадот, 59 отсто имаат намера да го изберат претседателот во заминување во вториот круг и 7 отсто Марин Ле Пен (34 отсто не кажуваат). Исто така, 55 отсто од гласачите на Валери Пекрес ќе го изберат Емануел Макрон и 21 отсто ја претпочитаат Марин Ле Пен (24 отсто не се изјаснуваат). Гласачите на Ерик Земур имаат намера да гласаат за Марин Ле Пен дури 76 отсто, а за Емануел Макрон само 9 отсто (15 отсто не се изјаснуваат). Истражувањето е спроведено од 14. до 16 април, со онлајн анкета, според методот на квоти, со примерок од 1.676 лица запишани на изборните листи, претставници на француската популација на возраст од 18 и повеќе години. Маргината на грешка варира помеѓу 0,7 и 2,4 отсто, во зависност од целниот резултат. Намерите за гласање не претставуваат прогноза за исходот од гласањето. Тие даваат индикација за односот на силите и динамиката на денот на истражувањето
Во Лион, каде што демонстрантите се претежно млади луѓе, се мобилизираа „против тривијализирањето на опасните идеи, против расизмот, исклученоста, потенцијалната диктатура“. Марин Ле Пен, која претходно утрото зборуваше пред новинарите во Сен Реми-сур-Авр, смета дека „одржувањето демонстрации против резултатите од изборите е антидемократско“.
– Мислам дека на Французите им е непријатно да гледаат дека нивниот избор така се оспорува на улица, преку демонстрации, рече Ле Пен.
„Со отфрлањето на Марин Ле Пен, станува збор за спречување на појавата на деструктивниот социјален проект на владеењето на правото, на социјалната и обединета демократска република што ја браниме секој ден“, се вели во соопштението од организаторите, околу триесет организации и синдикати, како што се Лигата за човекови права, СОС Расизам, СЖТ, Синдикатот на судството или Националниот синдикат на новинари. Во Париз, копретседателот на Мрап  (движењето против расизмот) Франсоа Сотери рече дека „не ја сакаат Марин Ле Пен во Елисејската палата“.
– Овде сме да кажеме да го искористите вашето гласачко ливче за да ја спречите да дојде на власт. Не велиме гласајте го Макрон, туку се сведува на тоа, рече Сотери.
Во Париз, каде поворката пристигна на Плоштадот на Републиката околу 17 часот, имаше неколку инциденти меѓу полицијата и стотина луѓе. Со фрлање проектили, велосипеди и палење отпад од една страна и употреба на солзавец од друга. Во Ница, пак, се собраа стотина луѓе, каде што во 2002 година имаше 20.000 меѓу двата круга, односно организаторите на демонстрациите против крајната десница не успеаја да мобилизираат многу Французи, од кои многумина се на велигденски одмор. 

The post Протести во Франција против крајната десница appeared first on Република.

]]>
Речиси 49 милиони Французи ќе избираат меѓу Макрон или Ле Пен https://republika.mk/vesti/svet/rechisi-49-milioni-francuzi-kje-izbiraat-megju-makron-ili-le-pen/ Sun, 10 Apr 2022 07:06:16 +0000 https://republika.mk/?p=486057

Речиси 49 милиони Французи денеска ќе излезат на првиот круг од претседателските избори, а според анкетите главната борба, како и на претходните избори во 2017 година, ќе се води меѓу претседателот во заминување, центристот Емануел Макрон и кандидатката на крајната десница Марин Ле Пен.

Фаворитот во анкетите со месеци, Макрон, кој најдоцна влезе во предизборната кампања, во изминатите недели се соочува со намалување на разликата во однос на Марин Ле Пен, чија победа веќе не е незамислива.

Во првиот круг учествуваат вкупно 12 кандидати, додека аналитичарите проценуваат дека излезноста на гласачите ќе биде помала од вообичаената, бидејќи изборната кампања беше бледа и се одржа во голема сенка на војната во Украина.

Годинава првпат нема да има изборна ноќ на француската приватна телевизија ТФ1, која традиционално досега беше единствената телевизија која ги следи резултатите и носи аналитичари во студиото по затворањето на гласачките места. Овој пат таа изборна ноќ е скратена до 21.30 часот, по што ќе биде прикажана познатата француска комедија „Посетителите“.

На национално ниво, Франција се соочува со целосно поделена левица и слаба десница, па анкетите покажуваат дека Макрон би освоил околу 26 отсто во првиот круг, а Ле Пен околу 22 отсто. Макрон во вториот круг би ја победил Ле Пен со 53 отсто од гласовите, а таа би освоила 47 отсто.

Аналитичарите сметаат дека Ле Пен ја зголемила својата популарност зборувајќи за куповната моќ и грижите на Французите, но и поради падот на популарноста на кандидатот, исто така, на екстремната десница Ерик Земур.

Додека Земур повторуваше антиимиграциски и антиисламски теми, Ле Пен се фокусираше на куповната моќ ветувајќи итни мерки како што е укинувањето на данокот на додадена вредност (ДДВ) за одредени производи.

Земур е помалку популарен од почетокот на руската инвазија врз Украина, поради претходно позитивните ставови кон рускиот претседател Владимир Путин и неубедливиот став за прифаќање украински бегалци. Земур често беше гонет за контроверзни изјави. Тој беше осуден во 2011 година за поттикнување расна дискриминација, а во 2018 година за поттикнување омраза кон муслиманите.

Лидерот на радикалната левица Жан-Лук Меланшон се очекува на третото место во првиот круг од изборите со околу 17 отсто од гласовите. Кандидатката на десницата Валери Пекрес и Земур би добиле по девет отсто од гласовите.

Пекрес, која пред неколку месеци важеше како сериозен противкандидат на Макрон, играше на таа карта дека освежување за Франција би било ако ја предводи жена. Сепак, таа остана без официјална поддршка од поранешниот десничарски претседател Никола Саркози, во чиј период беше министерка за буџет.

Другите кандидати би освоиле околу пет отсто од гласовите.

Во Франција, претседателот се избира со директно гласање, во два круга, доколку ниту еден кандидат не освои мнозинство во првиот круг.

Шефот на државата се избира за мандат од пет години и може да биде реизбран само еднаш.

Предизборниот молк во Франција ќе трае до денеска во 20 часот по затворањето на гласачките места.

Францускиот закон забранува објавување на изборните резултати пред затворањето на гласачките места. Веднаш по затворањето на избирачките места, може да се очекуваат резултатите од излезните анкети спроведени од институти за истражување на јавното мислење.

Вториот круг од изборите е закажан за 24 април.

Изборите се одржуваат во екот на војната во Украина, но и во период на шестмесечното претседавање на Франција со Советот на Европската унија.

На претходните избори Макрон ја победи Ле Пен во вториот круг и со тоа стана најмладиот француски претседател. Неговото доаѓање на власт ги потресе традиционалните партии во земјата, левичарски и десничарски, кои се менуваа на власт со децении.

The post Речиси 49 милиони Французи ќе избираат меѓу Макрон или Ле Пен appeared first on Република.

]]>

Речиси 49 милиони Французи денеска ќе излезат на првиот круг од претседателските избори, а според анкетите главната борба, како и на претходните избори во 2017 година, ќе се води меѓу претседателот во заминување, центристот Емануел Макрон и кандидатката на крајната десница Марин Ле Пен. Фаворитот во анкетите со месеци, Макрон, кој најдоцна влезе во предизборната кампања, во изминатите недели се соочува со намалување на разликата во однос на Марин Ле Пен, чија победа веќе не е незамислива. Во првиот круг учествуваат вкупно 12 кандидати, додека аналитичарите проценуваат дека излезноста на гласачите ќе биде помала од вообичаената, бидејќи изборната кампања беше бледа и се одржа во голема сенка на војната во Украина. Годинава првпат нема да има изборна ноќ на француската приватна телевизија ТФ1, која традиционално досега беше единствената телевизија која ги следи резултатите и носи аналитичари во студиото по затворањето на гласачките места. Овој пат таа изборна ноќ е скратена до 21.30 часот, по што ќе биде прикажана познатата француска комедија „Посетителите“. На национално ниво, Франција се соочува со целосно поделена левица и слаба десница, па анкетите покажуваат дека Макрон би освоил околу 26 отсто во првиот круг, а Ле Пен околу 22 отсто. Макрон во вториот круг би ја победил Ле Пен со 53 отсто од гласовите, а таа би освоила 47 отсто. Аналитичарите сметаат дека Ле Пен ја зголемила својата популарност зборувајќи за куповната моќ и грижите на Французите, но и поради падот на популарноста на кандидатот, исто така, на екстремната десница Ерик Земур. Додека Земур повторуваше антиимиграциски и антиисламски теми, Ле Пен се фокусираше на куповната моќ ветувајќи итни мерки како што е укинувањето на данокот на додадена вредност (ДДВ) за одредени производи. Земур е помалку популарен од почетокот на руската инвазија врз Украина, поради претходно позитивните ставови кон рускиот претседател Владимир Путин и неубедливиот став за прифаќање украински бегалци. Земур често беше гонет за контроверзни изјави. Тој беше осуден во 2011 година за поттикнување расна дискриминација, а во 2018 година за поттикнување омраза кон муслиманите. Лидерот на радикалната левица Жан-Лук Меланшон се очекува на третото место во првиот круг од изборите со околу 17 отсто од гласовите. Кандидатката на десницата Валери Пекрес и Земур би добиле по девет отсто од гласовите. Пекрес, која пред неколку месеци важеше како сериозен противкандидат на Макрон, играше на таа карта дека освежување за Франција би било ако ја предводи жена. Сепак, таа остана без официјална поддршка од поранешниот десничарски претседател Никола Саркози, во чиј период беше министерка за буџет. Другите кандидати би освоиле околу пет отсто од гласовите. Во Франција, претседателот се избира со директно гласање, во два круга, доколку ниту еден кандидат не освои мнозинство во првиот круг. Шефот на државата се избира за мандат од пет години и може да биде реизбран само еднаш. Предизборниот молк во Франција ќе трае до денеска во 20 часот по затворањето на гласачките места. Францускиот закон забранува објавување на изборните резултати пред затворањето на гласачките места. Веднаш по затворањето на избирачките места, може да се очекуваат резултатите од излезните анкети спроведени од институти за истражување на јавното мислење. Вториот круг од изборите е закажан за 24 април. Изборите се одржуваат во екот на војната во Украина, но и во период на шестмесечното претседавање на Франција со Советот на Европската унија. На претходните избори Макрон ја победи Ле Пен во вториот круг и со тоа стана најмладиот француски претседател. Неговото доаѓање на власт ги потресе традиционалните партии во земјата, левичарски и десничарски, кои се менуваа на власт со децении.

The post Речиси 49 милиони Французи ќе избираат меѓу Макрон или Ле Пен appeared first on Република.

]]>