претседател Archives - Република https://republika.mk/tema/pretsedatel/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Aug 2024 06:25:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png претседател Archives - Република https://republika.mk/tema/pretsedatel/ 32 32 Роберт Ф. Кенеди Јуниор се откажува од трката за претседател, гласовите ќе му ги даде на Трамп https://republika.mk/vesti/svet/robert-f-kenedi-junior-se-otkazhuva-od-trkata-za-pretsedatel-glasovite-ke-mu-gi-dade-na-tramp/ Thu, 22 Aug 2024 06:25:33 +0000 https://republika.mk/?p=808865

Претседателскиот кандидат Роберт Ф. Кенеди Јуниор се очекува да се откаже од трката за Белата куќа, објавија американски медиуми, а независниот кандидат треба да има големо обраќање во текот на неделава.

„Њујорк тајмс“ и „Си-Ен-Ен“ објавија дека Кенеди, чија поддршка беше 8,7 проценти во анкетата на „Хил“ ширум земјата оваа недела, ќе го поддржи републиканскиот кандидат Доналд Трамп по откажувањето.

Аналитичарите велат дека во тесната трка меѓу Камала Харис од Демократската партија и Трамп за претседателската функција, гласовите на поддржувачите на Кенеди би можеле да го одредат исходот во некои држави.

Кенеди е адвокат за заштита на животната средина и долгогодишен скептик за вакцини, чија кампања се бореше да добие привлечност кај мејнстрим гласачите.

Неговата кампања синоќа соопшти дека в петок тој ќе и се обрати на нацијата од сојузната држава Аризона, каде што Трамп исто така треба да одржи предизборен настан тој ден.

„Независниот претседателски кандидат Роберт Ф. Кенеди Јуниор в петок ќе и се обрати на нацијата во живо за сегашниот историски момент и неговиот пат напред“, се вели во кусото соопштение од кампањата.

„Њујорк тајмс“ вчера цитираше три анонимни извори дека Кенеди ќе ја заврши својата кампања и потенцијално ќе го поддржи Трамп.

Си-Ен-Ен цитира два анонимни извори кои објавија дека Кенеди се очекува да ја прекине својата кампања в петок.

The post Роберт Ф. Кенеди Јуниор се откажува од трката за претседател, гласовите ќе му ги даде на Трамп appeared first on Република.

]]>

Претседателскиот кандидат Роберт Ф. Кенеди Јуниор се очекува да се откаже од трката за Белата куќа, објавија американски медиуми, а независниот кандидат треба да има големо обраќање во текот на неделава. „Њујорк тајмс“ и „Си-Ен-Ен“ објавија дека Кенеди, чија поддршка беше 8,7 проценти во анкетата на „Хил“ ширум земјата оваа недела, ќе го поддржи републиканскиот кандидат Доналд Трамп по откажувањето. Аналитичарите велат дека во тесната трка меѓу Камала Харис од Демократската партија и Трамп за претседателската функција, гласовите на поддржувачите на Кенеди би можеле да го одредат исходот во некои држави. Кенеди е адвокат за заштита на животната средина и долгогодишен скептик за вакцини, чија кампања се бореше да добие привлечност кај мејнстрим гласачите. Неговата кампања синоќа соопшти дека в петок тој ќе и се обрати на нацијата од сојузната држава Аризона, каде што Трамп исто така треба да одржи предизборен настан тој ден. „Независниот претседателски кандидат Роберт Ф. Кенеди Јуниор в петок ќе и се обрати на нацијата во живо за сегашниот историски момент и неговиот пат напред“, се вели во кусото соопштение од кампањата. „Њујорк тајмс“ вчера цитираше три анонимни извори дека Кенеди ќе ја заврши својата кампања и потенцијално ќе го поддржи Трамп. Си-Ен-Ен цитира два анонимни извори кои објавија дека Кенеди се очекува да ја прекине својата кампања в петок.  

The post Роберт Ф. Кенеди Јуниор се откажува од трката за претседател, гласовите ќе му ги даде на Трамп appeared first on Република.

]]>
Новиот ирански претседател е кардиолог, син на Азер и Курдка, и ги поддржува сите малцинства во земјата https://republika.mk/vesti/svet/noviot-iranski-pretsedatel-e-kardiolog-sin-na-azer-i-kurdka-i-gi-poddrzhuva-site-maltsinstva-vo-zemjata/ Sun, 07 Jul 2024 08:47:49 +0000 https://republika.mk/?p=794169

Новиот ирански претседател, умерениот политичар Масуд Пезешкијан, ги подигна надежите на милиони Иранци кои сакаат повеќе социјални слободи и попрагматична надворешна политика, откако вчера, во вториот круг од претседателските избори, го победи тврдокорниот Саед Џалили.

Неговиот триумф најверојатно ќе биде поздравен од светските сили кои се надеваат на помирен пристап кон меѓународната заедница со која Иран е во расправија околу неговата нуклеарна програма и поддршката за паравоените организации во регионот.

Пезешкијан успеа да победи на бранот на поддршката од средната класа и младите, кои се погодени од долгогодишната репресија од страна на исламистичкиот режим.

Овој 69-годишен кардиолог вети дека ќе води попрагматична надворешна политика, ќе ги намали тензиите во преговорите за нуклеарната програма и ќе донесе социјална либерализација во општеството, како и политички плурализам.

Според иранскиот двоен систем на свештеничка и републиканска влада, претседателот не може сам да донесе големи промени бидејќи врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи, сè уште го држи клучот. Но, претседателот може да влијае на тонот на иранската политика и ќе биде важен фактор во изборот на наследник на 85-годишниот Хамнеи.

Пезешкијан е лојален на иранската теократска влада и нема намера да им се спротивставува на моќниците на безбедносниот апарат и свештенството. Во телевизиските дебати и интервјуа, тој вети дека нема да ја оспорува политиката на Хамнеи.

-Доколку се обидам, а не успеам да ги исполнам предизборните ветувања, ќе се збогувам со политиката и нема да продолжам. Нема смисла да си ги трошиме животите и да не му служиме на нашиот драг народ, им порача Пезешкијан на гласачите.

Враќајќи се во јавноста по долгогодишната политичка изолација, реформистичкиот табор предводен од поранешниот претседател Мохамад Хатами го поддржа Пезешкијан на изборите распишани по смртта на тврдокорниот претседател Ебрахим Раиси, кој загина во хеликоптерска несреќа во мај.

Ставовите на Пезешкијан често пати беа спротивни од оние на Раиси. Поранешниот ученик на Хамнеи го зајакна надзорот врз жените кои не ги следат правилата за облекување и зазеде поостра линија во преговорите со светските сили. Пезешкијан, исто така, вети дека ќе ја оживее пропаднатата економија, уништена од лошото управување, корупцијата и американските санкции.

Пратеник од 2008 година, Пезешкијан е син на Азер и Курдка и ги поддржува правата на сите малцинства во Иран. Тој често го критикуваше задушувањето на политичкиот и општествениот отпор во земјата. Но, некои Иранци веруваат дека тој нема да може да донесе многу промени поради силата на Хамнеи и неговите сојузници.

Во 2022 година, новиот претседател побара објаснување од властите во врска со смртта на Махса Амини, која почина во затвор откако наводно го прекршила кодексот на облекување, што предизвика протести низ целата земја.

Извор: Хина

The post Новиот ирански претседател е кардиолог, син на Азер и Курдка, и ги поддржува сите малцинства во земјата appeared first on Република.

]]>

Новиот ирански претседател, умерениот политичар Масуд Пезешкијан, ги подигна надежите на милиони Иранци кои сакаат повеќе социјални слободи и попрагматична надворешна политика, откако вчера, во вториот круг од претседателските избори, го победи тврдокорниот Саед Џалили. Неговиот триумф најверојатно ќе биде поздравен од светските сили кои се надеваат на помирен пристап кон меѓународната заедница со која Иран е во расправија околу неговата нуклеарна програма и поддршката за паравоените организации во регионот. Пезешкијан успеа да победи на бранот на поддршката од средната класа и младите, кои се погодени од долгогодишната репресија од страна на исламистичкиот режим. Овој 69-годишен кардиолог вети дека ќе води попрагматична надворешна политика, ќе ги намали тензиите во преговорите за нуклеарната програма и ќе донесе социјална либерализација во општеството, како и политички плурализам. Според иранскиот двоен систем на свештеничка и републиканска влада, претседателот не може сам да донесе големи промени бидејќи врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи, сè уште го држи клучот. Но, претседателот може да влијае на тонот на иранската политика и ќе биде важен фактор во изборот на наследник на 85-годишниот Хамнеи. Пезешкијан е лојален на иранската теократска влада и нема намера да им се спротивставува на моќниците на безбедносниот апарат и свештенството. Во телевизиските дебати и интервјуа, тој вети дека нема да ја оспорува политиката на Хамнеи. -Доколку се обидам, а не успеам да ги исполнам предизборните ветувања, ќе се збогувам со политиката и нема да продолжам. Нема смисла да си ги трошиме животите и да не му служиме на нашиот драг народ, им порача Пезешкијан на гласачите. Враќајќи се во јавноста по долгогодишната политичка изолација, реформистичкиот табор предводен од поранешниот претседател Мохамад Хатами го поддржа Пезешкијан на изборите распишани по смртта на тврдокорниот претседател Ебрахим Раиси, кој загина во хеликоптерска несреќа во мај. Ставовите на Пезешкијан често пати беа спротивни од оние на Раиси. Поранешниот ученик на Хамнеи го зајакна надзорот врз жените кои не ги следат правилата за облекување и зазеде поостра линија во преговорите со светските сили. Пезешкијан, исто така, вети дека ќе ја оживее пропаднатата економија, уништена од лошото управување, корупцијата и американските санкции. Пратеник од 2008 година, Пезешкијан е син на Азер и Курдка и ги поддржува правата на сите малцинства во Иран. Тој често го критикуваше задушувањето на политичкиот и општествениот отпор во земјата. Но, некои Иранци веруваат дека тој нема да може да донесе многу промени поради силата на Хамнеи и неговите сојузници. Во 2022 година, новиот претседател побара објаснување од властите во врска со смртта на Махса Амини, која почина во затвор откако наводно го прекршила кодексот на облекување, што предизвика протести низ целата земја. Извор: Хина

The post Новиот ирански претседател е кардиолог, син на Азер и Курдка, и ги поддржува сите малцинства во земјата appeared first on Република.

]]>
Ѓунер Исмаил вчера не гласал за претседател на партијата: СДСМ сè повеќе заличува на трговец – поединец https://republika.mk/vesti/makedonija/guner-ismail-vchera-ne-glasal-za-pretsedatel-na-partijata-sdsm-se-poveke-zalichuva-na-trgovets-poedinets/ Mon, 01 Jul 2024 11:43:55 +0000 https://republika.mk/?p=792399

Поранешниот министер и висок функционер на СДСМ, Ѓунер Исмаил, излезе со своја реакција по вчерашните внатрепартиски избори за претседател на СДСМ.

„Вчера, иако имав 'активна регистрација', не гласав, бидејки не бев во земјата. Можно е да има слични случаи како мојот, ама сеедно. По којзнае кој пат, вербата во тоа дека ќе има доволно броен електорат па СДСМ ќе си добие легитимно избран претседател. Сепак, сакам да дадам на знаење на многу мои пријатели, другари дека И ДА БЕВ ВО ЗЕМЈАТА НЕМАШЕ ДА ГЛАСАМ заради многу причини меѓу кои и ПОНУДАТА за гласање заради која не бев воопшто среќен. Секако, дополна на мојот став беа и реакциите на Другарката Славјанка за која, не кријам, да не се откажеше ќе гласав.
Нејзините реакции колку и да беа умерени и со должно внимание кон секој учесник во предизборието, како и раководството на Партијата во оставка и од кое се очекуваше, освен целосна воздржаност/објективност, сепак да проба да стави некаков ред во “базата“ за да барем од таа страна бидеме сигурни дека сепак газиме на патот на демократизација на Партијата и дека здравите елементи ќе можат да дојдат до израз и да почнат со процесите на заздравување на Партијата, објави на Фејсбук Исмаил.

Понатаму тој пишува:

Да, Партијата заради широкиот спектар на причини, (историски)околности, кадровски потенцијал, а особено важно, менталитет, многу често заличуваше на ТРГОВЕЦ ПОЕДИНЕЦ, што граѓаните не пропуштија да го видат и соодветно го санкционираа. Историјата на оваа еволуција е долга. Почнувајки од годините кога земјава ни беше скоро под буквална окупација и заради што Партиските, ама и личните премрежја, вклучително и менталитетот на преживување, а ако е можно, патемно се разбира и некој ќар да се фати, доведоа до чудни сојузништва од кои за некои (пазарења од кои некои прилично гнасни) знаевме а за некое дознавме предоцна, вклучително и вчера. Тие, пазарењата, овозможија и на сите да ни е јасно Киднапирање НЕ на Шарената Револуција, туку на сите вредности кои тогаш се промовираа, а кои во рацете на менталитетот Трговец-поединец доведоа до многу неубав епилог. На пример, геслото “Нема правда-нема мир“ денес предизвикува громогласно смеење, а и пдсмев на сите кои од оваа фаза на, ЃОА, ослободување на Заробената Држава, продолжија да ја третираат правдата како Vileda крпа, во кафеанските седенки за тоа дали Зделката ќе биде со шест или седум нули!

Ако се прашувам за тоа што најмногу ме разбеснува тогаш тоа е ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА на злосторничкиот проект Скопје 2014 кој земјата ја поставаи на пиедесталот на Светска Престолнина на кичот, тотално уништувајки ја секоја можност земјата да биде нормална според ликот и креативните идеите од кои никогаш не сме оскудевале. Тој процес на легализација не беше некаков писмен акт туку пресметан процес на ОСОЈУЗУВАЊЕ со изведувачите, подизведувачите и сите кои на еден или друг начин дебело се офајдија од злосторот. Но, да се вратиме на Партијата со прашањето: ШТО ТРЕБА ДА СЕ ПРАВИ? Ние кои памтиме троа подолго знаеме дека престои долга битка. Знаеме дека заробувањето на партијата, а што е евидентно го стори истиот менталитет и Ороводците на тој менталитет од кој, да не се самозалажуваме, сите сме заразени помалку или повеќе, па ќе треба да појдеме од самите себе. Ќе има добволно храбри, чесни другарки и другари кои ќе се нафатат со процесот на ослободување на Партијата, како за почеток, а за понатаму….
п.с. Се надевам дека на сите мои пријатели и другари им е јасно дека со овај првичен пост нема да се застане и дека, не само преписката, ќе се оди до уште многу моменто со кои ќе се обидам да осветлам барем едеен дел по патот кој го изодевме и кој ќе го одиме“ пишува Исмаил.

The post Ѓунер Исмаил вчера не гласал за претседател на партијата: СДСМ сè повеќе заличува на трговец – поединец appeared first on Република.

]]>

Поранешниот министер и висок функционер на СДСМ, Ѓунер Исмаил, излезе со своја реакција по вчерашните внатрепартиски избори за претседател на СДСМ.
„Вчера, иако имав 'активна регистрација', не гласав, бидејки не бев во земјата. Можно е да има слични случаи како мојот, ама сеедно. По којзнае кој пат, вербата во тоа дека ќе има доволно броен електорат па СДСМ ќе си добие легитимно избран претседател. Сепак, сакам да дадам на знаење на многу мои пријатели, другари дека И ДА БЕВ ВО ЗЕМЈАТА НЕМАШЕ ДА ГЛАСАМ заради многу причини меѓу кои и ПОНУДАТА за гласање заради која не бев воопшто среќен. Секако, дополна на мојот став беа и реакциите на Другарката Славјанка за која, не кријам, да не се откажеше ќе гласав. Нејзините реакции колку и да беа умерени и со должно внимание кон секој учесник во предизборието, како и раководството на Партијата во оставка и од кое се очекуваше, освен целосна воздржаност/објективност, сепак да проба да стави некаков ред во “базата“ за да барем од таа страна бидеме сигурни дека сепак газиме на патот на демократизација на Партијата и дека здравите елементи ќе можат да дојдат до израз и да почнат со процесите на заздравување на Партијата, објави на Фејсбук Исмаил.
Понатаму тој пишува:
Да, Партијата заради широкиот спектар на причини, (историски)околности, кадровски потенцијал, а особено важно, менталитет, многу често заличуваше на ТРГОВЕЦ ПОЕДИНЕЦ, што граѓаните не пропуштија да го видат и соодветно го санкционираа. Историјата на оваа еволуција е долга. Почнувајки од годините кога земјава ни беше скоро под буквална окупација и заради што Партиските, ама и личните премрежја, вклучително и менталитетот на преживување, а ако е можно, патемно се разбира и некој ќар да се фати, доведоа до чудни сојузништва од кои за некои (пазарења од кои некои прилично гнасни) знаевме а за некое дознавме предоцна, вклучително и вчера. Тие, пазарењата, овозможија и на сите да ни е јасно Киднапирање НЕ на Шарената Револуција, туку на сите вредности кои тогаш се промовираа, а кои во рацете на менталитетот Трговец-поединец доведоа до многу неубав епилог. На пример, геслото “Нема правда-нема мир“ денес предизвикува громогласно смеење, а и пдсмев на сите кои од оваа фаза на, ЃОА, ослободување на Заробената Држава, продолжија да ја третираат правдата како Vileda крпа, во кафеанските седенки за тоа дали Зделката ќе биде со шест или седум нули! Ако се прашувам за тоа што најмногу ме разбеснува тогаш тоа е ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА на злосторничкиот проект Скопје 2014 кој земјата ја поставаи на пиедесталот на Светска Престолнина на кичот, тотално уништувајки ја секоја можност земјата да биде нормална според ликот и креативните идеите од кои никогаш не сме оскудевале. Тој процес на легализација не беше некаков писмен акт туку пресметан процес на ОСОЈУЗУВАЊЕ со изведувачите, подизведувачите и сите кои на еден или друг начин дебело се офајдија од злосторот. Но, да се вратиме на Партијата со прашањето: ШТО ТРЕБА ДА СЕ ПРАВИ? Ние кои памтиме троа подолго знаеме дека престои долга битка. Знаеме дека заробувањето на партијата, а што е евидентно го стори истиот менталитет и Ороводците на тој менталитет од кој, да не се самозалажуваме, сите сме заразени помалку или повеќе, па ќе треба да појдеме од самите себе. Ќе има добволно храбри, чесни другарки и другари кои ќе се нафатат со процесот на ослободување на Партијата, како за почеток, а за понатаму…. п.с. Се надевам дека на сите мои пријатели и другари им е јасно дека со овај првичен пост нема да се застане и дека, не само преписката, ќе се оди до уште многу моменто со кои ќе се обидам да осветлам барем едеен дел по патот кој го изодевме и кој ќе го одиме“ пишува Исмаил.

The post Ѓунер Исмаил вчера не гласал за претседател на партијата: СДСМ сè повеќе заличува на трговец – поединец appeared first on Република.

]]>
Мадиќ: Имаме кредибилен, фер и демократски процес за избор на претседател на СДСМ https://republika.mk/vesti/makedonija/madik-imame-kredibilen-fer-i-demokratski-protses-za-izbor-na-pretsedatel-na-sdsm/ Sun, 30 Jun 2024 19:11:38 +0000 https://republika.mk/?p=792223

По завршување на гласањето на вонредните внатрепартиски избори за претседател на СДСМ Централната изборна комисија со задоволство контатира дека процес за избор на претседател на СДСМ е кредибилен и демократски.

„Гласањето и целиот процес се одвиваа непречено и мирно, во фер и демократска атмосфера. Од вкупно запишаните во избирачкиот список за избор на претседател на СДСМ, до 19.45 часот излезени се 12.608 членови или 54%.

Сите 77 избирачки места беа отворени и општинските изборни комисии го спроведоа согласно Правилниците донесени од ЦО и одредбите од Статутот на партијата.

Во општинската Студеничани е констатирано предвреме затворање на избирачкото место поради што Централната комисија одлучи да го поништи гласањето.

Вкупно акредитрани во оваа општина се 66 гласачи а во моментот на затворањето на ова гласачко место гласале 51 гласач.

Констатиран е прекин на гласањето во општина Гевгелија од 10 минути поради скршена избирачка кутија. Извршена е замена на кутија и гласањето е продолжено.

Прифатени се приговори во 6 општински организации, на 7 членови да им се овозможи гласање. Затоа што по проверка во системот се констатираше дека овие членови се акредитирале и се регистрирале во системот за активна регистрација.

Вкупно 44 членови од 9 различни општини доставија пријави до Централната изборна комисија да им биде овозможено да може да гласаат. Овие приговори се одбиени поради тоа што по проверка во системот се контстатираше дека не се акредитирани преку активна регистрација и не е доставен образец за активна регистрација“ образложи Мадиќ.

Таа додаде дека по завршување на обработката на податоците Централната изборна комисија ќе ги соопшти и конечните резултати.

The post Мадиќ: Имаме кредибилен, фер и демократски процес за избор на претседател на СДСМ appeared first on Република.

]]>

По завршување на гласањето на вонредните внатрепартиски избори за претседател на СДСМ Централната изборна комисија со задоволство контатира дека процес за избор на претседател на СДСМ е кредибилен и демократски. „Гласањето и целиот процес се одвиваа непречено и мирно, во фер и демократска атмосфера. Од вкупно запишаните во избирачкиот список за избор на претседател на СДСМ, до 19.45 часот излезени се 12.608 членови или 54%. Сите 77 избирачки места беа отворени и општинските изборни комисии го спроведоа согласно Правилниците донесени од ЦО и одредбите од Статутот на партијата. Во општинската Студеничани е констатирано предвреме затворање на избирачкото место поради што Централната комисија одлучи да го поништи гласањето. Вкупно акредитрани во оваа општина се 66 гласачи а во моментот на затворањето на ова гласачко место гласале 51 гласач. Констатиран е прекин на гласањето во општина Гевгелија од 10 минути поради скршена избирачка кутија. Извршена е замена на кутија и гласањето е продолжено. Прифатени се приговори во 6 општински организации, на 7 членови да им се овозможи гласање. Затоа што по проверка во системот се констатираше дека овие членови се акредитирале и се регистрирале во системот за активна регистрација. Вкупно 44 членови од 9 различни општини доставија пријави до Централната изборна комисија да им биде овозможено да може да гласаат. Овие приговори се одбиени поради тоа што по проверка во системот се контстатираше дека не се акредитирани преку активна регистрација и не е доставен образец за активна регистрација“ образложи Мадиќ. Таа додаде дека по завршување на обработката на податоците Централната изборна комисија ќе ги соопшти и конечните резултати.

The post Мадиќ: Имаме кредибилен, фер и демократски процес за избор на претседател на СДСМ appeared first on Република.

]]>
Џо Бајден нема да се откаже од трката за нов претседателски мандат https://republika.mk/vesti/svet/dho-bajden-nema-da-se-otkazhe-od-trkata-za-nov-pretsedatelski-mandat/ Fri, 28 Jun 2024 18:36:24 +0000 https://republika.mk/?p=791680

Џо Бајден нема да се откаже од трката за нов претседателски мандат, изјави портпаролот на неговата кампања, Сет Шустер.

„Секако дека нема да се откаже,“ изјави Шустер по дебатата на Бајден со Доналд Трамп, по која некои демократи изразија незадоволство, а дел од јавноста повика тој да се повлече од трката.

Бајден по дебатата исто така потврди дека нема да се откаже од трката за нов мандат, додавајќи дека е тешко да се расправа со „лажливец“.

The post Џо Бајден нема да се откаже од трката за нов претседателски мандат appeared first on Република.

]]>

Џо Бајден нема да се откаже од трката за нов претседателски мандат, изјави портпаролот на неговата кампања, Сет Шустер. „Секако дека нема да се откаже,“ изјави Шустер по дебатата на Бајден со Доналд Трамп, по која некои демократи изразија незадоволство, а дел од јавноста повика тој да се повлече од трката. Бајден по дебатата исто така потврди дека нема да се откаже од трката за нов мандат, додавајќи дека е тешко да се расправа со „лажливец“.

The post Џо Бајден нема да се откаже од трката за нов претседателски мандат appeared first on Република.

]]>
Пропадна уште еден обид: И Осман Кадриу не доби двотретинско мнозинство за претседател на Уставен суд https://republika.mk/vesti/makedonija/propadna-ushte-eden-obid-i-osman-kadriu-ne-dobi-dvotretinsko-mnozinstvo-za-pretsedatel-na-ustaven-sud/ Mon, 03 Jun 2024 10:54:49 +0000 https://republika.mk/?p=784364

Ниту уставниот судија Осман Кадриу не доби поддршка за претседател на Уставниот суд. И вториот круг гласање денеска пропадна. Кадриу беше единствен кандидат откако утринава Павловска – Данева се повлече од трката за да се деблокира процесот, а Васиќ – Бозаџиева и без противкандидата повторно доби само 5 гласа.

Изминатите денови пропаднаа шесте обиди во кои ниту еден од кандидатите не успеа да собери двотретинска поддршка од своите колеги или шест гласа за да биде избрана

Судот може да се соочи со блокада со оглед дека на Кацарска вчера и заврши мандатот вчера , а деловникот не предвидува ниту заменик претседател ниту вршител на должност

The post Пропадна уште еден обид: И Осман Кадриу не доби двотретинско мнозинство за претседател на Уставен суд appeared first on Република.

]]>

Ниту уставниот судија Осман Кадриу не доби поддршка за претседател на Уставниот суд. И вториот круг гласање денеска пропадна. Кадриу беше единствен кандидат откако утринава Павловска – Данева се повлече од трката за да се деблокира процесот, а Васиќ – Бозаџиева и без противкандидата повторно доби само 5 гласа. Изминатите денови пропаднаа шесте обиди во кои ниту еден од кандидатите не успеа да собери двотретинска поддршка од своите колеги или шест гласа за да биде избрана Судот може да се соочи со блокада со оглед дека на Кацарска вчера и заврши мандатот вчера , а деловникот не предвидува ниту заменик претседател ниту вршител на должност

The post Пропадна уште еден обид: И Осман Кадриу не доби двотретинско мнозинство за претседател на Уставен суд appeared first on Република.

]]>
Филипче потврди: Поднесувам кандидатура за претседател на СДСМ https://republika.mk/vesti/makedonija/filipche-potvrdi-podnesuvam-kandidatura-za-pretsedatel-na-sdsm/ Mon, 03 Jun 2024 09:51:58 +0000 https://republika.mk/?p=784344

Венко Филипче влегува во трката за лидер на СДСМ. Ексминистерот за здравство и актуелен пратеник на СДСМ за ТВ24 ја најави својата кандидатура.

Поднесувам кандидатура за претседател на СДСМ - изјави Филипче за ТВ 24.

Филипче е трет кандидат за лидер на СДСМ, својата кандидатура досега ја најавија пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска и директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски, а опција да се кандидираат не исклучуваат ниту Стефан Богоев, ниту Александар Бајдевски.

Филипче беше носител на четвртата изборна единица, каде СДСМ доби пет пратеници.

https://republika.mk/vesti/makedonija/filipche-sdsm-ke-mora-da-pomine-niz-dlaboka-vnatreshna-reforma-i-reorganizatsija/

Важи за човек од доверба на екс лидерот на СДСМ Зоран Заев.

The post Филипче потврди: Поднесувам кандидатура за претседател на СДСМ appeared first on Република.

]]>

Венко Филипче влегува во трката за лидер на СДСМ. Ексминистерот за здравство и актуелен пратеник на СДСМ за ТВ24 ја најави својата кандидатура.
Поднесувам кандидатура за претседател на СДСМ - изјави Филипче за ТВ 24.
Филипче е трет кандидат за лидер на СДСМ, својата кандидатура досега ја најавија пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска и директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски, а опција да се кандидираат не исклучуваат ниту Стефан Богоев, ниту Александар Бајдевски. Филипче беше носител на четвртата изборна единица, каде СДСМ доби пет пратеници. https://republika.mk/vesti/makedonija/filipche-sdsm-ke-mora-da-pomine-niz-dlaboka-vnatreshna-reforma-i-reorganizatsija/ Важи за човек од доверба на екс лидерот на СДСМ Зоран Заев.

The post Филипче потврди: Поднесувам кандидатура за претседател на СДСМ appeared first on Република.

]]>
Уставен во криза: Павловска Данева ја повлече кандидатурата за претседател, Васиќ Бозаџиева не го доби потребното мнозинство https://republika.mk/vesti/makedonija/ustaven-vo-kriza-pavlovska-daneva-ja-povleche-kandidaturata-za-pretsedatel-vasik-bozadhieva-ne-go-dobi-potrebnoto-mnozinstvo/ Mon, 03 Jun 2024 09:43:02 +0000 https://republika.mk/?p=784338

Судијката Ана Павловска Данева на продолжението на денешната седница на Уставниот суд на која треба да се избере новиот претседател на судот, ја повлекла својата кандидатура, потврдуваат од Уставениот суд. Нејзината противкандидатка Татјана Васиќ Бозаџиева, не го добила потребното мнозинство. Ќе следува нов круг гласања, со други кандидати од редот на судиите во Уставен.

Ова беше седмиот обид на членовите на Уставниот суд, откако пропаднаа шестте претходни во четвртокот и петокот, да изберат нов претседател на Судот.

Новиот претседател на Уставен треба да ја замени досегашната претседателка Добрила Кацарска, чиј тригодишен мандат истече во неделата, на 2 јуни.

Според Деловникот, Уставниот суд на седница избира претседател на Судот од редот на судиите со двотретинско мнозинство од вкупниот број на судиите, со тајно гласање.

По завршувањето на мандатот на Кацарска, и неуспешните кандидатури на Татјана Васиќ Бозаџиева и Ана Павловска Данева, се очекува кандидатура на некој од следните актуелни судии во Уставен суд кој ќе треба да ја преземе претседателската функција - Насер Ајдари, Осман Кадриу, Дарко Костадиновски, Фатмир Скендер, Елизабета Дуковска и Јадранка Дабовиќ Анастасовска.

Секој судија може да предложи кандидат за претседател на Уставниот суд.

Предлогот за кандидат за претседател на Уставниот суд го утврдува комисија од тројца судии избрани со мнозинство од вкупниот број на судиите.

Ако кандидатот не го добие потребното мнозинство гласови, постапката за избор на претседател се повторува.

Мандатот на претседателот на Уставен суд е три години, без право на реизбор.

The post Уставен во криза: Павловска Данева ја повлече кандидатурата за претседател, Васиќ Бозаџиева не го доби потребното мнозинство appeared first on Република.

]]>

Судијката Ана Павловска Данева на продолжението на денешната седница на Уставниот суд на која треба да се избере новиот претседател на судот, ја повлекла својата кандидатура, потврдуваат од Уставениот суд. Нејзината противкандидатка Татјана Васиќ Бозаџиева, не го добила потребното мнозинство. Ќе следува нов круг гласања, со други кандидати од редот на судиите во Уставен. Ова беше седмиот обид на членовите на Уставниот суд, откако пропаднаа шестте претходни во четвртокот и петокот, да изберат нов претседател на Судот. Новиот претседател на Уставен треба да ја замени досегашната претседателка Добрила Кацарска, чиј тригодишен мандат истече во неделата, на 2 јуни. Според Деловникот, Уставниот суд на седница избира претседател на Судот од редот на судиите со двотретинско мнозинство од вкупниот број на судиите, со тајно гласање. По завршувањето на мандатот на Кацарска, и неуспешните кандидатури на Татјана Васиќ Бозаџиева и Ана Павловска Данева, се очекува кандидатура на некој од следните актуелни судии во Уставен суд кој ќе треба да ја преземе претседателската функција - Насер Ајдари, Осман Кадриу, Дарко Костадиновски, Фатмир Скендер, Елизабета Дуковска и Јадранка Дабовиќ Анастасовска. Секој судија може да предложи кандидат за претседател на Уставниот суд. Предлогот за кандидат за претседател на Уставниот суд го утврдува комисија од тројца судии избрани со мнозинство од вкупниот број на судиите. Ако кандидатот не го добие потребното мнозинство гласови, постапката за избор на претседател се повторува. Мандатот на претседателот на Уставен суд е три години, без право на реизбор.

The post Уставен во криза: Павловска Данева ја повлече кандидатурата за претседател, Васиќ Бозаџиева не го доби потребното мнозинство appeared first on Република.

]]>
Нов обид на Уставен суд да избере претседател https://republika.mk/vesti/makedonija/nov-obid-na-ustaven-sud-da-izbere-pretsedatel/ Mon, 03 Jun 2024 07:16:16 +0000 https://republika.mk/?p=784256

Во Уставниот суд денеска треба да се одржи продолжение на седницата за избор на нов претседател на Судот.

Ова ќе биде седми обид на членовите на Уставниот суд, откако пропаднаа шест обиди во претходните две продолженија на седницата да се избере претседател. На седницата во четвртокот и на продолжението во петокот, судиите во шест наврати бираа меѓу кандидатките Татјана Васиќ Бозаџиева и Ана Павловска Данева, но ниту една од нив не го доби потребното мнозинство.

Новиот претседател на Уставен треба да ја замени досегашната претседателка Добрила Кацарска, чиј тригодишен мандат истече во неделата, на 2 јуни.

Според Деловникот, Уставниот суд на седница избира претседател на Судот од редот на судиите со двотретинско мнозинство од вкупниот број на судиите, со тајно гласање.

Покрај Кацарска, актуелни судии во Уставен суд од кои некој ќе ја преземе претседателската функција се Насер Ајдари, Осман Кадриу, Дарко Костадиновски, Фатмир Скендер, Татјана Васиќ Бозаџиева, Елизабета Дуковска, Јадранка Дабовиќ Анастасовска и Ана Павловска Данева.

Секој судија може да предложи кандидат за претседател на Уставниот суд.

Предлогот за кандидат за претседател на Уставниот суд го утврдува комисија од тројца судии избрани со мнозинство од вкупниот број на судиите.

Ако кандидатот не го добие потребното мнозинство гласови, постапката за избор на претседател се повторува.

Мандатот на претседателот на Уставен суд е три години, без право на реизбор.

The post Нов обид на Уставен суд да избере претседател appeared first on Република.

]]>

Во Уставниот суд денеска треба да се одржи продолжение на седницата за избор на нов претседател на Судот. Ова ќе биде седми обид на членовите на Уставниот суд, откако пропаднаа шест обиди во претходните две продолженија на седницата да се избере претседател. На седницата во четвртокот и на продолжението во петокот, судиите во шест наврати бираа меѓу кандидатките Татјана Васиќ Бозаџиева и Ана Павловска Данева, но ниту една од нив не го доби потребното мнозинство. Новиот претседател на Уставен треба да ја замени досегашната претседателка Добрила Кацарска, чиј тригодишен мандат истече во неделата, на 2 јуни. Според Деловникот, Уставниот суд на седница избира претседател на Судот од редот на судиите со двотретинско мнозинство од вкупниот број на судиите, со тајно гласање. Покрај Кацарска, актуелни судии во Уставен суд од кои некој ќе ја преземе претседателската функција се Насер Ајдари, Осман Кадриу, Дарко Костадиновски, Фатмир Скендер, Татјана Васиќ Бозаџиева, Елизабета Дуковска, Јадранка Дабовиќ Анастасовска и Ана Павловска Данева. Секој судија може да предложи кандидат за претседател на Уставниот суд. Предлогот за кандидат за претседател на Уставниот суд го утврдува комисија од тројца судии избрани со мнозинство од вкупниот број на судиите. Ако кандидатот не го добие потребното мнозинство гласови, постапката за избор на претседател се повторува. Мандатот на претседателот на Уставен суд е три години, без право на реизбор.

The post Нов обид на Уставен суд да избере претседател appeared first on Република.

]]>
Живко Гроздановски е избран за нов претседател на Друштвото на писатели на Македонија https://republika.mk/vesti/kultura/zhivko-grozdanovski-e-izbran-za-nov-pretsedatel-na-drushtvoto-na-pisateli-na-makedonija/ Sat, 01 Jun 2024 16:22:15 +0000 https://republika.mk/?p=783918

Писателит Живко Грозданоски (38) е нов претседател на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). На денешното редовно изборно Собрание Грозданоски е избран во конкуренција на Весна Дамчевска Илиевска, Мирче Нешовски, Југослав Петровски, а Јордан Ѓорчев вчера ја повлече кандидатурата за прв човек на ДПМ.

За Грозданоски гласале најголем број од присутните активни членови на Собранието.

ДПМ денеска избра и нови раководни органи, а беа усвоени и измени и дополнувања во Статутот на Друштвото. За членови на Управниот одбор се избрани: Зоран Анчевски, Виолета Танчева-Златева, Марина Мијаковска, Сузана В. Спасовска, Бранко Цветкоски и Димитар Пандев.

Избран е и Суд на честа, кој го сочинуваат: Лидија Капушевска-Дракулевска, Санде Стојчевски, Анастасија Ѓурчинова, Владимир Мартиновски и Славе Ѓорѓо Димоски.

Раководството на ДПМ наскоро ќе ја одржи својата конститутивна седница, на која ќе биде избран и потпретседател на Друштвото.

Грозданоски основно образование завршил во Бигор Доленци и во Кичево, а средно во Американската гимназија „Нова“ во Скопје. Дипломирал на Универзитетот Св. Кирил и Методиј на Филолошкиот факултет Блаже Конески на Катедрата за романски јазици и книжевности, на Отсекот Италијански јазик и книжевност (сегашната Катедра по италијанистика).

Учествувал на неколку меѓународни резиденции и студиски престои во САД, Италија и БиХ. Во октомври 2006 година, во рамките на двонеделната работилница DoKo YoMi во Косовска Митровица го снимил краткиот документарец “In Cage”, кој следната 2007 година го претставил на Филмскиот фестивал во Кан (Critics’ week).

Пишува проза и книжевност за деца. Неговите кратки раскази се преведени на десетина јазици, а неговите романи се преведени на бугарски („Куфер за тројца“, „Или-или“, 2014) и на италијански („Последното име на иднината“, „Антолог“, 2018). Преведува и препејува од и на италијански јазик. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Здружението на преведувачи на Македонија (ЗПРМ).

The post Живко Гроздановски е избран за нов претседател на Друштвото на писатели на Македонија appeared first on Република.

]]>

Писателит Живко Грозданоски (38) е нов претседател на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). На денешното редовно изборно Собрание Грозданоски е избран во конкуренција на Весна Дамчевска Илиевска, Мирче Нешовски, Југослав Петровски, а Јордан Ѓорчев вчера ја повлече кандидатурата за прв човек на ДПМ. За Грозданоски гласале најголем број од присутните активни членови на Собранието. ДПМ денеска избра и нови раководни органи, а беа усвоени и измени и дополнувања во Статутот на Друштвото. За членови на Управниот одбор се избрани: Зоран Анчевски, Виолета Танчева-Златева, Марина Мијаковска, Сузана В. Спасовска, Бранко Цветкоски и Димитар Пандев. Избран е и Суд на честа, кој го сочинуваат: Лидија Капушевска-Дракулевска, Санде Стојчевски, Анастасија Ѓурчинова, Владимир Мартиновски и Славе Ѓорѓо Димоски. Раководството на ДПМ наскоро ќе ја одржи својата конститутивна седница, на која ќе биде избран и потпретседател на Друштвото. Грозданоски основно образование завршил во Бигор Доленци и во Кичево, а средно во Американската гимназија „Нова“ во Скопје. Дипломирал на Универзитетот Св. Кирил и Методиј на Филолошкиот факултет Блаже Конески на Катедрата за романски јазици и книжевности, на Отсекот Италијански јазик и книжевност (сегашната Катедра по италијанистика). Учествувал на неколку меѓународни резиденции и студиски престои во САД, Италија и БиХ. Во октомври 2006 година, во рамките на двонеделната работилница DoKo YoMi во Косовска Митровица го снимил краткиот документарец “In Cage”, кој следната 2007 година го претставил на Филмскиот фестивал во Кан (Critics’ week). Пишува проза и книжевност за деца. Неговите кратки раскази се преведени на десетина јазици, а неговите романи се преведени на бугарски („Куфер за тројца“, „Или-или“, 2014) и на италијански („Последното име на иднината“, „Антолог“, 2018). Преведува и препејува од и на италијански јазик. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Здружението на преведувачи на Македонија (ЗПРМ).

The post Живко Гроздановски е избран за нов претседател на Друштвото на писатели на Македонија appeared first on Република.

]]>
Продолжува „сапуницата“ во Уставен суд: Уште двапати се гласало за претседател, ама повторно не е избран https://republika.mk/vesti/makedonija/prodolzhuva-sapunitsata-vo-ustaven-sud-ushte-dvapati-se-glasalo-za-pretsedatel-ama-povtorno-ne-e-izbran/ Fri, 31 May 2024 11:43:30 +0000 https://republika.mk/?p=783544

Денеска продолжи постапката за избор на нов претседател на Уставниот суд.

Како што велат од судот, во два наврати судиите гласаа за предложените кандидати, при што ниту еден од кандидатите не го добил потребното мнозинство.

Со согласност на сите судии беше договорено седницата за избор да продолжи во понеделник на 3 јуни,  велат од таму.

Мандатот на претседателката Добрила Кацарска истекува на 2 јуни 2024 година.

The post Продолжува „сапуницата“ во Уставен суд: Уште двапати се гласало за претседател, ама повторно не е избран appeared first on Република.

]]>

Денеска продолжи постапката за избор на нов претседател на Уставниот суд. Како што велат од судот, во два наврати судиите гласаа за предложените кандидати, при што ниту еден од кандидатите не го добил потребното мнозинство. Со согласност на сите судии беше договорено седницата за избор да продолжи во понеделник на 3 јуни,  велат од таму. Мандатот на претседателката Добрила Кацарска истекува на 2 јуни 2024 година.

The post Продолжува „сапуницата“ во Уставен суд: Уште двапати се гласало за претседател, ама повторно не е избран appeared first on Република.

]]>
Петмина кандидати за претседател на ДПМ на Собранието на 1 јуни https://republika.mk/vesti/kultura/petmina-kandidati-za-pretsedatel-na-dpm-na-sobranieto-na-1-juni/ Tue, 28 May 2024 09:06:48 +0000 https://republika.mk/?p=782299

Редовното изборно Собрание на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) е закажано за 1 јуни во 11 часот, кога писателите ќе изберат нов Статут, како и Претседател, Управен одбор и Суд на честа.

За функцијата претседател на ДПМ во предвидениот рок, кандидатури доставија петмина членови: Живко Грозданоски, Весна Дамчевска Илиевска, Јордан Ѓорчев, Мирче Нешовски и Југослав Петровски. Според Статутот, за Претседател ќе биде избран оној кандидат што ќе добие најголем број гласови од присутните активни членови на редовното изборно Собрание.

Актуелниот Управен одбор (Зоран Анчевски потпретседател и членовите: Весна Мојсова-Чепишевска, Лилјана Пандева, Бранко Цветковски, Александра Јуруковска, Марина Мијаковска и Владимир Мартиновски) на состанокот одржан на 27 мај 2024 ги верификуваше и усвои сите пристигнати кандидатури, како и ажурираниот Регистар на активни членови, кој брои 108 члена.

УО ги усвои и предлог-Дневниот ред за Собранието, како и предлог-Деловникот за работа на Собранието.

На состанокот беше донесена и одлука и за промена и измена на Статутот на ДПМ од 2011 година, што би стапил на сила веднаш по усвојувањето од страна на Собранието.

Согласно член 7 алинеја А од актуелниот Статут на ДПМ и пред сè, согласно одлуката донесена од страна на Управниот одбор на ДПМ на 15.4.2024 г., Претседателот на ДПМ сите ангажмани околу редовното изборно Собрание му ги препушта на Потпретседателот на ДПМ и редовното изборно Собрание го отвора Потпретседателот на ДПМ.

УО на ДПМ ги повикува сите свои активни членови да учествуваат на изборното Собрание на 1 јуни со цел да се избере ново раководство, нов Статут на Здружението, т.е. да се обезбеди континуитет на најстарото и најзначајното здржение на писатели во земјата.

The post Петмина кандидати за претседател на ДПМ на Собранието на 1 јуни appeared first on Република.

]]>

Редовното изборно Собрание на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) е закажано за 1 јуни во 11 часот, кога писателите ќе изберат нов Статут, како и Претседател, Управен одбор и Суд на честа. За функцијата претседател на ДПМ во предвидениот рок, кандидатури доставија петмина членови: Живко Грозданоски, Весна Дамчевска Илиевска, Јордан Ѓорчев, Мирче Нешовски и Југослав Петровски. Според Статутот, за Претседател ќе биде избран оној кандидат што ќе добие најголем број гласови од присутните активни членови на редовното изборно Собрание. Актуелниот Управен одбор (Зоран Анчевски потпретседател и членовите: Весна Мојсова-Чепишевска, Лилјана Пандева, Бранко Цветковски, Александра Јуруковска, Марина Мијаковска и Владимир Мартиновски) на состанокот одржан на 27 мај 2024 ги верификуваше и усвои сите пристигнати кандидатури, како и ажурираниот Регистар на активни членови, кој брои 108 члена. УО ги усвои и предлог-Дневниот ред за Собранието, како и предлог-Деловникот за работа на Собранието. На состанокот беше донесена и одлука и за промена и измена на Статутот на ДПМ од 2011 година, што би стапил на сила веднаш по усвојувањето од страна на Собранието. Согласно член 7 алинеја А од актуелниот Статут на ДПМ и пред сè, согласно одлуката донесена од страна на Управниот одбор на ДПМ на 15.4.2024 г., Претседателот на ДПМ сите ангажмани околу редовното изборно Собрание му ги препушта на Потпретседателот на ДПМ и редовното изборно Собрание го отвора Потпретседателот на ДПМ. УО на ДПМ ги повикува сите свои активни членови да учествуваат на изборното Собрание на 1 јуни со цел да се избере ново раководство, нов Статут на Здружението, т.е. да се обезбеди континуитет на најстарото и најзначајното здржение на писатели во земјата.  

The post Петмина кандидати за претседател на ДПМ на Собранието на 1 јуни appeared first on Република.

]]>
СДСМ на 30 јуни ќе добие нов претседател на партијата https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-na-30-juni-ke-dobie-nov-pretsedatel-na-partijata/ Mon, 27 May 2024 18:37:39 +0000 https://republika.mk/?p=782196

Извршниот одбор на СДСМ на денешната седница донесе Одлука за распишување вонредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ на 30 јуни 2024 година (недела), по повлекувањето на Димитар Ковачевски од функцијата.

Согласно роковите во Статутот на партијата ќе има доволен период за подготовка на кандидатурите и програмите, претставување на кандидатите пред членството и активна регистрација, стои во соопштението од партијата.

Воедно, се наведува дека на седница којашто ќе се одржи в четврток, 30 мај 2024 година, Централниот одбор на СДСМ треба да го усвои Правилникот за критериумите, начинот и роковникот за спроведување на постапката на највисоко демократско ниво од страна на Централната изборна комисија.

Пред одржување на седницата прашан дали ќе се кандидира за нов мандат за претседател на партијата, Ковачевски отсечно одговори дека нема да се кандидира.

Фатмир Битиќи кој исто така поднесе оставка од потпретседателската функција во СДСМ, прашан дали планира да поднесе кандидатура за челната позција, вели, дека е се уште рано за тоа.

Се уште е рано, сметам дека секој еден социјалдемократ денеска е фокусиран во иднината на социјалдемократијата. Тоа е најбитно, а за функциите, секако, членството одлучува кој е најдобриот избор, вели Битиќи.

И Петре Шилегов, смета дека е се уште рано да се разговара за кандидатура и оти приоритет е како да се запрат, како што вели, ретроградните процеси кои се веќе започнати во општетството.

Мислам дека е се уште прерано воопшто да се разговара за тие процеси. Моето лично размислување е дека СДСМ во периодот кој следи треба да се врати кон корените на сопствените политики, повторно да стане привлечно тело за прогресивниот дел од македонската јавност затоа што некои процеси кои се веќе започнати во нашто општество се и тоа како ретроградни и т, и тоа како можат да ја вратат државата назад. СДСМ како и секогаш мора да биде исправен пред тие предизвици со цел да го спречиме ретрпградниот процес во македонското општетство, вели Шилегов.

На новинарско прашање и спикерот на Собранието и член на СДСМ Јован Митрески, пред седницата изјави дека нема намера да се кандидира за претседател на партијата.

Славјанка Петровска и Јован Деспотовски веќе потврдија дека планираат да поднесат кандидатура, а во медиумите како можни кандидати за претседател на СДСМ се спомнуваат и Венко Филипче и Стефан Богоев.

На седницата на 22 мај Димитар Ковачевски и формално поднесе оставка од лидерската позиција. Извршниот одбор на СДСМ ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на јуни во транспарентна и демократска постапка.

The post СДСМ на 30 јуни ќе добие нов претседател на партијата appeared first on Република.

]]>

Извршниот одбор на СДСМ на денешната седница донесе Одлука за распишување вонредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ на 30 јуни 2024 година (недела), по повлекувањето на Димитар Ковачевски од функцијата.
Согласно роковите во Статутот на партијата ќе има доволен период за подготовка на кандидатурите и програмите, претставување на кандидатите пред членството и активна регистрација, стои во соопштението од партијата.
Воедно, се наведува дека на седница којашто ќе се одржи в четврток, 30 мај 2024 година, Централниот одбор на СДСМ треба да го усвои Правилникот за критериумите, начинот и роковникот за спроведување на постапката на највисоко демократско ниво од страна на Централната изборна комисија. Пред одржување на седницата прашан дали ќе се кандидира за нов мандат за претседател на партијата, Ковачевски отсечно одговори дека нема да се кандидира. Фатмир Битиќи кој исто така поднесе оставка од потпретседателската функција во СДСМ, прашан дали планира да поднесе кандидатура за челната позција, вели, дека е се уште рано за тоа.
Се уште е рано, сметам дека секој еден социјалдемократ денеска е фокусиран во иднината на социјалдемократијата. Тоа е најбитно, а за функциите, секако, членството одлучува кој е најдобриот избор, вели Битиќи.
И Петре Шилегов, смета дека е се уште рано да се разговара за кандидатура и оти приоритет е како да се запрат, како што вели, ретроградните процеси кои се веќе започнати во општетството.
Мислам дека е се уште прерано воопшто да се разговара за тие процеси. Моето лично размислување е дека СДСМ во периодот кој следи треба да се врати кон корените на сопствените политики, повторно да стане привлечно тело за прогресивниот дел од македонската јавност затоа што некои процеси кои се веќе започнати во нашто општество се и тоа како ретроградни и т, и тоа како можат да ја вратат државата назад. СДСМ како и секогаш мора да биде исправен пред тие предизвици со цел да го спречиме ретрпградниот процес во македонското општетство, вели Шилегов.
На новинарско прашање и спикерот на Собранието и член на СДСМ Јован Митрески, пред седницата изјави дека нема намера да се кандидира за претседател на партијата. Славјанка Петровска и Јован Деспотовски веќе потврдија дека планираат да поднесат кандидатура, а во медиумите како можни кандидати за претседател на СДСМ се спомнуваат и Венко Филипче и Стефан Богоев. На седницата на 22 мај Димитар Ковачевски и формално поднесе оставка од лидерската позиција. Извршниот одбор на СДСМ ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на јуни во транспарентна и демократска постапка.

The post СДСМ на 30 јуни ќе добие нов претседател на партијата appeared first on Република.

]]>
Ковачевски нема повторно да се кандидира за претседател на СДСМ https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-nema-povtorno-da-se-kandidira-za-pretsedatel-na-sdsm/ Mon, 27 May 2024 15:54:08 +0000 https://republika.mk/?p=782150

Откако си поднесе оставка, претседателот на СДСМ во заминување, Димитар Ковачевски објави дека нема да се кандидира за највисоката партиска функција.

Пред почетокот на состанокот на Извршниот одбор на партијата во седиштето на Бихаќка рече дека нема да поднесе документи за кандидатура на претстојните внатрепартиски избори.

Партиското тело денеска треба да ги распише изборите внатре во СДСМ. Како најсериозни за кандидатура за претседател на партијата се споменуваат Јован Деспотовски, Славјанка Петровска, Венко Филипче и Оливер Спасовски. Денеска во интервју и Стефан Богоев не ги сокри своите амбиции да го преземе кормилото на партијата.

Во интервју за БИРН рече дека е способен за да биде прв човек на СДСМ.

Сметам дека во овие 16 години сум ги поминал буквално сите скалила во партијата по природен пат, а и во државата, и сум бил дел од сите клучни процеси во партијата, како Отпорот, Вистината за Македонија, Шарена револуција и низ сите тие процеси, години и скалила сум стекнал големо искуство и пријателства во партијата. Оттука, сметам дека сум способен за лидер на СДСМ, а наскоро ќе одлучам дали ќе тргнам по тој пат сега. Најбитно е партијата да избере тим што ќе го зачува јадрото на СДСМ, а не само претседател, изјави Богоев во интервју за БИРН.

The post Ковачевски нема повторно да се кандидира за претседател на СДСМ appeared first on Република.

]]>

Откако си поднесе оставка, претседателот на СДСМ во заминување, Димитар Ковачевски објави дека нема да се кандидира за највисоката партиска функција. Пред почетокот на состанокот на Извршниот одбор на партијата во седиштето на Бихаќка рече дека нема да поднесе документи за кандидатура на претстојните внатрепартиски избори. Партиското тело денеска треба да ги распише изборите внатре во СДСМ. Како најсериозни за кандидатура за претседател на партијата се споменуваат Јован Деспотовски, Славјанка Петровска, Венко Филипче и Оливер Спасовски. Денеска во интервју и Стефан Богоев не ги сокри своите амбиции да го преземе кормилото на партијата. Во интервју за БИРН рече дека е способен за да биде прв човек на СДСМ.
Сметам дека во овие 16 години сум ги поминал буквално сите скалила во партијата по природен пат, а и во државата, и сум бил дел од сите клучни процеси во партијата, како Отпорот, Вистината за Македонија, Шарена револуција и низ сите тие процеси, години и скалила сум стекнал големо искуство и пријателства во партијата. Оттука, сметам дека сум способен за лидер на СДСМ, а наскоро ќе одлучам дали ќе тргнам по тој пат сега. Најбитно е партијата да избере тим што ќе го зачува јадрото на СДСМ, а не само претседател, изјави Богоев во интервју за БИРН.
 
The post Ковачевски нема повторно да се кандидира за претседател на СДСМ appeared first on Република.

]]>
Непознато е што се случи со хеликоптерот со кој патуваше претседателот на Иран, Раиси https://republika.mk/vesti/svet/nepoznato-e-shto-se-sluchi-so-helikopterot-so-koj-patuvashe-pretsedatelot-na-iran-raisi/ Sun, 19 May 2024 15:22:05 +0000 https://republika.mk/?p=779867

По веста објавена од Иранската државна телевизија дека хеликоптерот, со кој патувал претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, имал „тврдо слетување“ на терен се упатени 16 спасувачки тимови и беспилотни летала.

Иранска новинска агенција (ИРНА) на англиски јазик објави дека се случила несреќа односно хеликоптерот се урнал. Иранската државна телевизија, како и ИРНА не јавија дали Раиси или други лица се повредени.

Претходно иранската новинската агенција Мехр објави дека операцијата за пребарување и спасување ќе потрае извесно време поради непроодноста на теренот, планинските и шумските услови, како и неповолните временски услови, особено густата магла.

Дел од иранските медиуми објавија дека некои од придружниците на претседателот во хеликоптерот успеале да стапат во контакт со централните власти, истакнувајќи оти тоа надеж дека нема жртви во инцидентот.

Конвојот на претседателот се состоеше од три хеликоптери. Во другите две летала се превезувале други ирански функционери, меѓу кои и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан и гувернерот на иранската провинција Источен Азербејџан.

Раиси патувал во Источен Азербејџан, а инцидентот се случи во близина на градот Џолф, во близина на границата со Азербејџан, на околу 600 километри северозападно од главниот град на Иран, Техеран.

Раиси на претседателската функција стапи во август 2021 година.

The post Непознато е што се случи со хеликоптерот со кој патуваше претседателот на Иран, Раиси appeared first on Република.

]]>

По веста објавена од Иранската државна телевизија дека хеликоптерот, со кој патувал претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, имал „тврдо слетување“ на терен се упатени 16 спасувачки тимови и беспилотни летала. Иранска новинска агенција (ИРНА) на англиски јазик објави дека се случила несреќа односно хеликоптерот се урнал. Иранската државна телевизија, како и ИРНА не јавија дали Раиси или други лица се повредени. Претходно иранската новинската агенција Мехр објави дека операцијата за пребарување и спасување ќе потрае извесно време поради непроодноста на теренот, планинските и шумските услови, како и неповолните временски услови, особено густата магла. Дел од иранските медиуми објавија дека некои од придружниците на претседателот во хеликоптерот успеале да стапат во контакт со централните власти, истакнувајќи оти тоа надеж дека нема жртви во инцидентот. Конвојот на претседателот се состоеше од три хеликоптери. Во другите две летала се превезувале други ирански функционери, меѓу кои и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан и гувернерот на иранската провинција Источен Азербејџан. Раиси патувал во Источен Азербејџан, а инцидентот се случи во близина на градот Џолф, во близина на границата со Азербејџан, на околу 600 километри северозападно од главниот град на Иран, Техеран. Раиси на претседателската функција стапи во август 2021 година.

The post Непознато е што се случи со хеликоптерот со кој патуваше претседателот на Иран, Раиси appeared first on Република.

]]>
То Лам именуван за претседател на Виетнам https://republika.mk/vesti/svet/to-lam-imenuvan-za-pretsedatel-na-vietnam/ Sat, 18 May 2024 16:54:18 +0000 https://republika.mk/?p=779606

Комунистичката партија на Виетнам го именува министерот за јавна безбедност То Лам за нов шеф на државата.

– Централниот комитет одобри другарот То Лам, член на Политбирото и министер за јавна безбедност, да биде именуван за претседател, објави Виетнамската новинска агенција (ВНА).

Лам (66), кој ја извршуваше функцијата министер за јавна безбедност од 2016 година, имаше тврд став против движењата за човекови права.

Неговото именување уследи по оставката на Во Ван Туонг во март.

The post То Лам именуван за претседател на Виетнам appeared first on Република.

]]>

Комунистичката партија на Виетнам го именува министерот за јавна безбедност То Лам за нов шеф на државата. – Централниот комитет одобри другарот То Лам, член на Политбирото и министер за јавна безбедност, да биде именуван за претседател, објави Виетнамската новинска агенција (ВНА). Лам (66), кој ја извршуваше функцијата министер за јавна безбедност од 2016 година, имаше тврд став против движењата за човекови права. Неговото именување уследи по оставката на Во Ван Туонг во март.  

The post То Лам именуван за претседател на Виетнам appeared first on Република.

]]>
Убедлива победа на актуелниот претседател на Литванија во првиот круг од изборите https://republika.mk/vesti/svet/ubedliva-pobeda-na-aktuelniot-pretsedatel-na-litvanija-vo-prviot-krug-od-izborite/ Mon, 13 May 2024 08:43:13 +0000 https://republika.mk/?p=777481

Литванската Централна изборна комисија соопшти дека на вчерашните претседателски избори актуелниот претседател Гитанас Науседа освоил убедливо најмногу гласови, односно 44,54 отсто, додека второто место го освои премиерката Ингрид Шимоните со 19,94 отсто, врз основа на 100 отсто од преброени гласови.

Своето право на глас го искористиле 59,37 отсто од граѓаните на Литванија, што е најголема излезност во таа земја во последните две децении, а бидејќи ниту Наузеда ниту Шимоните не освоиле повеќе од 50 отсто од гласовите, вториот круг од изборите ќе се одржи во мај. 26, пренесува литванскиот портал Делфи.

Наузеда и Шимоните веќе излегоа во вториот круг од претседателските избори во 2019 година, а потоа Науседа освои 66,53, а Шимоните 33,47 отсто од гласовите.

The post Убедлива победа на актуелниот претседател на Литванија во првиот круг од изборите appeared first on Република.

]]>

Литванската Централна изборна комисија соопшти дека на вчерашните претседателски избори актуелниот претседател Гитанас Науседа освоил убедливо најмногу гласови, односно 44,54 отсто, додека второто место го освои премиерката Ингрид Шимоните со 19,94 отсто, врз основа на 100 отсто од преброени гласови. Своето право на глас го искористиле 59,37 отсто од граѓаните на Литванија, што е најголема излезност во таа земја во последните две децении, а бидејќи ниту Наузеда ниту Шимоните не освоиле повеќе од 50 отсто од гласовите, вториот круг од изборите ќе се одржи во мај. 26, пренесува литванскиот портал Делфи. Наузеда и Шимоните веќе излегоа во вториот круг од претседателските избори во 2019 година, а потоа Науседа освои 66,53, а Шимоните 33,47 отсто од гласовите.

The post Убедлива победа на актуелниот претседател на Литванија во првиот круг од изборите appeared first on Република.

]]>
Официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател https://republika.mk/vesti/makedonija/ofitsijalna-tseremonija-na-primopredavane-na-funktsijata-pretsedatel/ Sun, 12 May 2024 06:59:34 +0000 https://republika.mk/?p=777155

Во Кабинетот на претседателот, денеска ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател со највисоки државни и воени почести.

По свечената церемонија, соопштија од кабинетот на Претседателот на државата, новоизбраната претседателка Гордана Силјановска Давкова и претседателот Стево Пендаровски ќе остварат тет-а-тет средба.

The post Официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател appeared first on Република.

]]>

Во Кабинетот на претседателот, денеска ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател со највисоки државни и воени почести. По свечената церемонија, соопштија од кабинетот на Претседателот на државата, новоизбраната претседателка Гордана Силјановска Давкова и претседателот Стево Пендаровски ќе остварат тет-а-тет средба.

The post Официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател appeared first on Република.

]]>
Се подготвува изборно Собрание на ДПМ, рокот за кандидатури за нов претседател истекува на 15 мај https://republika.mk/vesti/kultura/se-podgotvuva-izborno-sobranie-na-dpm-rokot-za-kandidaturi-za-nov-pretsedatel-istekuva-na-15-maj/ Thu, 09 May 2024 07:05:47 +0000 https://republika.mk/?p=776132

Управниот одбор на ДПМ соопшти дека подготовките за Годишното изборно Собрание закажано за 1 јуни, годинава во просториите на ДПМ се во тек, согласно одлуките на Управниот одбор на Друштвото и според однапред зацртана и утврдена динамика.

Како прво, се наметна потребата за ажурирање на постоечкиот Регистар на членови на ДПМ по неколку основи, како на пример бришење на починатите членови и членовите кои доброволно истапиле од друштвото. Покрај тоа, во тек е и иницијативата членовите да го потврдат своето активно членство со подмирување на заостанати членарини помеѓу две изборни Собранија (за 2023 и за 2024 г.), со краен рок до 12.05.2024 г. За таа цел, беше контактирано речиси целото членство (269 члена) и тоа по електронски пат или по пошта, со укажување дека со подмирување на двете членарини членовите ќе се стекнат со право за активно учество на Собранието, односно со право на глас. Со ажурирањето на Регистарот на ДПМ и со потврдувањето на активното членство ќе се утврди и кворумот неопходен за одржување на изборното Собрание, се наведува во соопштението.

Напоредно со овие активности, се посочува, се одвива и процесот за измени и дополнување на постоечкиот Статут на ДПМ.

За таа цел е ангажиран соодветен тим правни лица кој веќе работи на изготвувањето на измените и дополнувањата согласно Законот за здруженија од доменот на културата, со цел новиот Статут да биде благовремено (најдоцна до 20.05.2024 г.) испратен до членството на разгледување, а потоа предложен за усвојување на изборното Собрание, се посочува во соопштението од потпретсеателот на УО на ДПМ Зоран Анчевски.

Исто така, во тек е процесот за прибирање кандидатури за нов претседател на ДПМ. Рокот за нивното поднесување завршува на 15.мај 2024 г. Кандидатурите и предлог-програмите на кандидатите исто така ќе бидат испратени на разгледување до членството со цел тоа навреме да биде запознаено со кандидатите и нивните планови и идеи за натамошен развој на ДПМ, како најстаро и најмасовно писателско здружение во зeмјата, стои во соопштението.

The post Се подготвува изборно Собрание на ДПМ, рокот за кандидатури за нов претседател истекува на 15 мај appeared first on Република.

Гордана Силјановска Давкова победи на претседателските избори, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 пратенички мандати https://republika.mk/vesti/makedonija/gordana-siljanovska-davkova-pobedi-na-pretsedatelskite-izbori-vmro-dpmne-osvoi-58-pratenichki-mandati/ Thu, 09 May 2024 06:42:57 +0000 https://republika.mk/?p=776109

Со победа на Гордана Силјановска Давкова и на ВМРО-ДПМНЕ, според првичните резултати на ДИК завршија претседателските и парламентарните избори во земјава. Сите учесници на изборите, како и членовите на Државната изборна комисија оценија дека изборите минаа во фер и демократска атмосфера.

По преброени 99,82 отсто од гласачките ливчиња, Силјановска Давкова освои 560.170 гласови (65,14%), а нејзиниот противкандидат Сево Пендаровски од СДСМ 251.541 (29,25%). Силјановска Давкова е првата жена претседател во земјава. Во изјавата дадена на синоќешната прес-конференција во Централниот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ, таа вети дека ќе биде претседател на сите грѓани.

Јас тврдам дека ќе се однесувам како претседателка на сите граѓани. Тоа значи на сите етнички групи, на сите членови на партиите, на оние кои не се во партиите, бидејќи не може ниту еден претседател да трага по единство, ако држи партиски линии, изјави Силјановска Давкова.

Таа потенцираше дека ќе ги брани државните и националните интереси и упати честитка до граѓаните, бидејќи, како што рече, покажаа граѓански имунитет, граѓанска отпорност на притисоците.

Оти да повикувате на бојкот е партиски и политички притисок. Да одите по домовите со списоци е исто така политички и партиски притисок. Значи, се одважија македонските граѓани без оглед на етничката, верската, социјалната и каква било положба да излезат стамено, достоинствено, стоечки и да го дадат гласот на оној на кој што сакаат, рече таа.

Силјановска Давкова, оцени и дека нема поголема промена од тоа за прв пат во нашата држава да има претседател жена.

Има ли поголема промена од таа за првпат во оваа државичка, држава, жена да стане претседател? Има ли поголема инспирација за умните жени – нема. И јас мислам дека со мене, држете ме до збор, кога ќе се опкружам со жени слични на мене, жени по моделот на Вацлав Хавел, субверзивни, свои, стамени, кои умеат да изразат став на свој начин, на поинаков начин од машкиот, да го бранат, тоа е некаков голем исчекор и тоа е за мене реформски чекор, потенцираше меѓу другото, таа.

Противкандидатот поддржан од СДСМ и Коалицијата кој се тркаше за втор мандат, Стево Пендаровски им честиташе на победниците и им посака успешна работа во следните четири, односно пет години, наведувајќи дека резултатите се јасни и оти нема намера подетално да ги образложува.

Мојот концепт за мултиетничка Македонија целосно интегрирана во евро-атлантските структури за жал не доби поддршка. Длабоко сум уверен, дека само таква Македонија може да биде успешна, и мојата совест е чиста, но не верувам дека им е чиста на оние кои, тргнувајќи од тесно партиски и лични интереси, денеска ефективно спречија илјадници граѓани да го земат и второто ливче и да гласаат за преседателските избори, рече Пендаровски осврнувајќи се на бојкотот на претседателските избори.

Прашан дали за поразот се виновни СДСМ, тој кажа дека долги месеци пред да ја најави втората кандидатура, кажал дека е битно да се има партиска поддршка, бидејќи живееме во држава која е силно партизирана.

-За жал, партократските елити ден денеска се посилни од таа граѓанска компонента да ја наречам, не само во изборниот процес туку во нашиот политички живот воопшто и ми беше битно да видам во каква кондиција ќе биде коалицијата од 15 политички партии предводена од СДСМ, значи уште пред Нова година на последните сондажи знаев дека не се во онаа кондиција во која биле пред пет или 10 години. Меѓутоа, анализите кои покажуваа дека мојот личен рејтинг е над рејтингот на таа политичка партија и над рејтингот на таа коалиција си дадов за право да имам надеж да се надевам дека можам да бидам рамноправен натпреварувач во оваа трка, рече Пендаровски.

Тој се осврна и на бојкотот на претседателските избори и оцени дека стотици илјади граѓани биле оневозможени на системски, плански, на организиран начин да земат второ ливче.

Јас сум убеден како што реков и по првиот изборен круг дека оние 330 илјади гласови кои отпаднаа од првиот круг дека се далеку поблиску до мојот политички концепт за ваква Македонија за која се залагам не само во изборна кампања, туку целиот мој живот практично, дека се поблиску до мене отколку до концептот кој го заговараше противкандидатката. Меѓутоа, повторно од за мене непознати причини верувам од теснопартиски интереси направија таква калкулација и на организиран начин ги попречија луѓето да гласаат и за претседател. Со тие претпоставени стотици многу над стотици илјади гласови трката ќе беше далеку, далеку понеизвесна, оцени тој.

Според него, не ги добил гласовите по онаа анализа првична што ја направиле и од албанската опозиција, бидејќи, вели Пендаровски, тие имаа сличен пристап кон своите гласачи, неколкумина видни функционери гласаа и земаа две ливчиња. -Меѓутоа според она инфо што јас го имам најголемиот дел и од нивните гласачи веројатно калкулирајќи утре да се најдат во следната влада преводена од ВМРО-ДПМНЕ постапија многу слично на гласачите на ДУИ, истакна тој.

Во однос на парламентарните избори, од преброени 99,27 проценти од гласовите, Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 58 мандати за новиот состав на Собранието. Зад неа е коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ со 19 пратенички мандати, Коалицијата предводена од СДСМ има 18, коалицијата Вреди 13, а Левица и партијата ЗНАМ по шест пратенички места.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека за брзо време ќе започнат преговори со партиите од опозицијата за формирање коалиција и кажа дека е уверен дека ќе формираат влада во најкус можен рок и дека процесот ќе биде транспарентен. Најави дека резултатите од нивната работа ќе се почувствуваат уште во првите 100 дена од нејзиното формирање.

Во напредна фаза сме и во разговори за силен инвестициски пакет кој ќе ја помогне економијата. Ова не сакав да го соопштувам пред кампањата за да не се исполитизира истото, но очекувајте уште во првите 100 дена многу добри вести за граѓаните и македонската економија, дополни Мицкоски.

На вчерашната прес – конференција во изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски потенцираше дека на изборите се поразени, како што рече, „криминалот, корупцијата и неспособноста“.

Поразени се и предавствата, поделбите, тие стотина луѓе од ДУИ и СДСМ кои мислеа дека се господари на нашите животи. Нив денеска ги боли главата, има и зошто. Ќе одговараат до последниот. Секој кој направил криминал и спровел корупција мора да има одговорност која што ќе се темели на правда и закони, рече Мицкоски, дополнувајќи дека е победен и бојкотот на ДУИ.

Според него, народот покажал дека нема да дозволи поединци да создаваат кризи и преку институции да се штитат себеси.

Народот ја одржа најважната лекција и си ја спаси државата. Оваа генерација ја има неповторливата можност да создаде ново поглавје во кое Македонија ќе биде горда и Македонија ќе биде ваша и ќе има иднина која што ќе се темели на вредности и надеж. Ќе ја вратиме надежта и вечерва имаме причина за славење, рече тој и нагласи дека ќе го даде, како што рече, и последниот атом од неговите сили да ги исполни сите ветувања.

Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски синоќа изјави дека резултатот од изборите е разочарувачки, и дека на СДСМ му е зададен сериозен удар. Најави процес на обнова и консолидација на партијата и нови избори за претседател и раководство на партијата.

Ковачевски ги оцени изборите за фер и слободни, организирани согласно европските стандарди и тоа е рече огромен исчекор како резултат на слободата на медиумите и мирот и стабилноста која, како што рече, ја воспоставивме во изминатите години. Упати честитки за победата на политичкиот конкурент ВМРО-ДПМНЕ и на нивниот претседател Христијан Мицкоски, како и на Гордана Силјановска Давкова за изборот за претсдеател посакувајќи и да ја врши функцијата согласно уставните овластувања и евроатлантската посветеност. Тој упати честитка и до граѓаните и челнството на СДСМ кои рече и покрај резултатите од првиот круг, достоинствено излегоа да гласаат и помогнаа да се постигне цензусот за избор на Претседател.

-СДСМ повторно покажа државотворност и одговорност по стоти пат. Најлесно беше по толку лажни обвинувања и напади од ВМРО-ДПМНЕ да не го мобилизираме нашето членство за негласање на претседателските избори, но не паднавме во таа замка. Покажавме дека Македонија ни е поважна и секогаш ќе биде така. Денешниот резултат е разочарувачки. На СДСМ му е зададен тежок удар не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата. Во наредниот период детално ќе ги анализираме овие резултати. Во наредните месеци ќе треба посериозно и подлабоко да го најдеме изворот и причините за овој поразителен исход, рече Ковачевски

Тој посочи дека не сака да избрзува со заклучоците и да посочува виновници, но подвлече дека и тој и партиското раководство како и сите избрани функционери имааат одговорност на локално и централно ниво.

Не се сомневам дека многу граѓани вечерва чувствуваат страв, страв од прекумерната моќ, која ја има партија, која е позната по злоупотреба на моќта. СДСМ и коалицијата мора и треба да бидат силна, одговорна и државничка опозиција, порача Ковачевски.

Тој меѓу другото додаде дека следната година е можност земјава да ја продолжи евроинтеграцијата и нагласи дека ако се пропушти таа шанса може да се загуби уште една деценија, но можеби и уште една генерација.

СДСМ ќе се однесува одговорно, но топката сега е во рацете на новата влада предводена од Христијан Мицкоски, порача Ковачевски, предупредувајќи на последиците од евентуалните обиди за блокирање на патот на Европа и потенцирајќи дека местото на Македонија е во НАТО и ЕУ.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети од седиштето на партијата во Мала Речица рече дека коалицијата „Европски фронт“ е втора сила во државата по денешните избори.

Легитимитетот ни го дадоа граѓаните, мнозинството Албанци и малите заедници како Турците, Бошњаците и Ромите, на кои им се заблагодарувам. Ова е првиот чекор кон долгите етапи на Фронтот за Европа до полноправно членство во ЕУ, рече Ахмети.

Според Ахмети, денес, повеќе од кога било, на државата и треба стабилност, мир, нула проблеми со соседите, владеење на правото, почеток на преговорите за членството во ЕУ.

Остануваме силен фронт на мисионерите до реализација на финалните цели за членство во ЕУ, рече Ахмети.

На новинарско прашање за коментар на победата на ВМРО-ДПМНЕ, Ахмети рече дека треба да се почекаат финалните резултати од Државната изборна комисија, но му честита победа на Мицкоски.

Утре е 9 мај и да го оставиме назад фолклорот и да се зафатиме за работа за стабилноста и иднината на државата. Ако се рационални, можеме процесите на стабилност и мир да ги гарантираме во нашата земја. Ние нема да правиме неодмерени движења. Очекуваме да се затворат резултатите, се уште не се објавени финалните резултати. Откако ќе се објават резулатите официјално тогаш да размислуваме за работите што не чекаат во иднина, рече Ахмети.

На прашањето дали и каква опозиција би биле со оглед на резултатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ахмети повтори дека треба да се почитуваат освоените гласови.

Коалицијата ВЛЕН излезе како победник во сите општини со мнозинско албанско население. Од утре почнуваат преговорите за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција ВЛЕН. Честитки на сите Албанци, честитки за сите граѓани, изјави Биљал Касами од БЕСА.

Ова, според Касами, е резултат на доаѓањето на нашите иселеници.

– Коалицијата ВЛЕН е апсолутен победник кај Албанците. Ова е како резултат на доаѓањето на нашите иселеници. Затоа 100 илјади пати им велам „благодарам, благодарам, благодарам!“ на сите тие кои дојдоа и уште еднаш ја направија разликата во татковината. Затоа во име на 100 илјади гласови на Коалицијата ВЛЕН им кажуваме благодарам, изјави Касами.

Според анализите кои ги имаат, Касами рече дека, најверојатно ќе излезат подеднакво по број на пратеници со коалицијата ДУИ.

Разликата во гласови нема да помине 10 илјади, рече тој.

-Коалицијата ВЛЕН излезе како победник во сите општини со мнозинско албанско население. Од утре почнуваат преговорите за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција ВЛЕН. Честитки на сите Албанци, честитки за сите граѓани, изјави Биљал Касами од БЕСА.

Левица има освоени шест пратенички мандати на парламентарните избори, а очекува да освојат уште еден пратенички мандат, изјави синоќа лидерот на партијата Димитар Апасиев.

Најави дека прво барање на „Левица“ ќе биде воведувањето на една изборна единица.

Она за што се залагавме, тоа ни успеа. Ја кутнавме црвената буржоазија, што беше наш детски сон уште од транзицијата, на под 20 пратеника. Друга наша значајна победа, и покрај сета наша маргинализација и фаворизација на Максо, го препопловивме проектот на ЗНАМ на пола од претседателските избори што покажува дека овој изборен систем повторно не краде затоа што некаде водиме за 4.000 гласа, а имаме ист број пратеници. Тоа ќе биде првото барање на Левица – воведување на една изборна единица, рече Апасиев.

Лидерот на Левица вети и жестока дебата во Собранието.

Левица ќе продолжи појако, пет пати појако од сега, затоа што секој наш пратеник вреди колку десет нивни. Да знаат дека ги чека пекол во Собранието со нашите борбени пратеници, рече Апасиев.

Претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски синоќа на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање во однос на можните идни коалиции, посочи дека дополнително ќе ги разгледат опциите, но ќе бидат на располагање на која било идна власт кога се работи за државни национални интереси. Тој е на ставот дека со ДУИ нема да коалицираат се додека партијата не претпри реформи.

Димитриевски напомена дека нивните црвени линии се дефинирани во предизборната програма, и строго ќе се држат до нив.

Ние засега нашите црвени линии ги дефинираме во предизборната програма и строго ќе се држиме до нашите црвени линии. Што се однесува до идни коалиции и евентуални соработки, секогаш ќе бидеме тука на располагање на која било идна власт кога се работи за државни национални интереси, но дополнително партиското раководство ќе ги разгледа сите опции и можности за евентуално партиципирање во власта или останување да работиме како конструктивна опозиција, рече Димитриевски.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ единствено на претседателските избори загуби од Максим Димитриевски во Куманово.

Вчера одржаните двојни избори се 24-то изјаснување на граѓаните од осамостојувањето на државата. Ова се 11 парламентарни избори кои се спроведуваат истовремено со вториот круг од седмите претседателски избори.

Првите избори за пратеници во Собранието беа одржани во 1990 година, вторите во 1994, третите во 1998, четвртите во 2002, петтите во 2006, шестите во 2008, седмите во 2011, осмите во 2014, деветтите во 2016 година, а десеттите во 2020 година.

На претседателската фотелја досега седнаа петмина претседатели. Првиот претседател Киро Глигоров и Ѓорге Иванов претседателската функција ја вршеа во два мандата, а по еден мандат имаа Борис Трајковски и Бранко Црвенковски, како и Стево Пендаровски.

The post Гордана Силјановска Давкова победи на претседателските избори, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 пратенички мандати appeared first on Република.

]]>

Со победа на Гордана Силјановска Давкова и на ВМРО-ДПМНЕ, според првичните резултати на ДИК завршија претседателските и парламентарните избори во земјава. Сите учесници на изборите, како и членовите на Државната изборна комисија оценија дека изборите минаа во фер и демократска атмосфера. По преброени 99,82 отсто од гласачките ливчиња, Силјановска Давкова освои 560.170 гласови (65,14%), а нејзиниот противкандидат Сево Пендаровски од СДСМ 251.541 (29,25%). Силјановска Давкова е првата жена претседател во земјава. Во изјавата дадена на синоќешната прес-конференција во Централниот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ, таа вети дека ќе биде претседател на сите грѓани.
Јас тврдам дека ќе се однесувам како претседателка на сите граѓани. Тоа значи на сите етнички групи, на сите членови на партиите, на оние кои не се во партиите, бидејќи не може ниту еден претседател да трага по единство, ако држи партиски линии, изјави Силјановска Давкова.
Таа потенцираше дека ќе ги брани државните и националните интереси и упати честитка до граѓаните, бидејќи, како што рече, покажаа граѓански имунитет, граѓанска отпорност на притисоците.
Оти да повикувате на бојкот е партиски и политички притисок. Да одите по домовите со списоци е исто така политички и партиски притисок. Значи, се одважија македонските граѓани без оглед на етничката, верската, социјалната и каква било положба да излезат стамено, достоинствено, стоечки и да го дадат гласот на оној на кој што сакаат, рече таа.
Силјановска Давкова, оцени и дека нема поголема промена од тоа за прв пат во нашата држава да има претседател жена.
Има ли поголема промена од таа за првпат во оваа државичка, држава, жена да стане претседател? Има ли поголема инспирација за умните жени – нема. И јас мислам дека со мене, држете ме до збор, кога ќе се опкружам со жени слични на мене, жени по моделот на Вацлав Хавел, субверзивни, свои, стамени, кои умеат да изразат став на свој начин, на поинаков начин од машкиот, да го бранат, тоа е некаков голем исчекор и тоа е за мене реформски чекор, потенцираше меѓу другото, таа.
Противкандидатот поддржан од СДСМ и Коалицијата кој се тркаше за втор мандат, Стево Пендаровски им честиташе на победниците и им посака успешна работа во следните четири, односно пет години, наведувајќи дека резултатите се јасни и оти нема намера подетално да ги образложува.
Мојот концепт за мултиетничка Македонија целосно интегрирана во евро-атлантските структури за жал не доби поддршка. Длабоко сум уверен, дека само таква Македонија може да биде успешна, и мојата совест е чиста, но не верувам дека им е чиста на оние кои, тргнувајќи од тесно партиски и лични интереси, денеска ефективно спречија илјадници граѓани да го земат и второто ливче и да гласаат за преседателските избори, рече Пендаровски осврнувајќи се на бојкотот на претседателските избори.
Прашан дали за поразот се виновни СДСМ, тој кажа дека долги месеци пред да ја најави втората кандидатура, кажал дека е битно да се има партиска поддршка, бидејќи живееме во држава која е силно партизирана. -За жал, партократските елити ден денеска се посилни од таа граѓанска компонента да ја наречам, не само во изборниот процес туку во нашиот политички живот воопшто и ми беше битно да видам во каква кондиција ќе биде коалицијата од 15 политички партии предводена од СДСМ, значи уште пред Нова година на последните сондажи знаев дека не се во онаа кондиција во која биле пред пет или 10 години. Меѓутоа, анализите кои покажуваа дека мојот личен рејтинг е над рејтингот на таа политичка партија и над рејтингот на таа коалиција си дадов за право да имам надеж да се надевам дека можам да бидам рамноправен натпреварувач во оваа трка, рече Пендаровски. Тој се осврна и на бојкотот на претседателските избори и оцени дека стотици илјади граѓани биле оневозможени на системски, плански, на организиран начин да земат второ ливче.
Јас сум убеден како што реков и по првиот изборен круг дека оние 330 илјади гласови кои отпаднаа од првиот круг дека се далеку поблиску до мојот политички концепт за ваква Македонија за која се залагам не само во изборна кампања, туку целиот мој живот практично, дека се поблиску до мене отколку до концептот кој го заговараше противкандидатката. Меѓутоа, повторно од за мене непознати причини верувам од теснопартиски интереси направија таква калкулација и на организиран начин ги попречија луѓето да гласаат и за претседател. Со тие претпоставени стотици многу над стотици илјади гласови трката ќе беше далеку, далеку понеизвесна, оцени тој.
Според него, не ги добил гласовите по онаа анализа првична што ја направиле и од албанската опозиција, бидејќи, вели Пендаровски, тие имаа сличен пристап кон своите гласачи, неколкумина видни функционери гласаа и земаа две ливчиња. -Меѓутоа според она инфо што јас го имам најголемиот дел и од нивните гласачи веројатно калкулирајќи утре да се најдат во следната влада преводена од ВМРО-ДПМНЕ постапија многу слично на гласачите на ДУИ, истакна тој. Во однос на парламентарните избори, од преброени 99,27 проценти од гласовите, Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 58 мандати за новиот состав на Собранието. Зад неа е коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ со 19 пратенички мандати, Коалицијата предводена од СДСМ има 18, коалицијата Вреди 13, а Левица и партијата ЗНАМ по шест пратенички места. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека за брзо време ќе започнат преговори со партиите од опозицијата за формирање коалиција и кажа дека е уверен дека ќе формираат влада во најкус можен рок и дека процесот ќе биде транспарентен. Најави дека резултатите од нивната работа ќе се почувствуваат уште во првите 100 дена од нејзиното формирање.
Во напредна фаза сме и во разговори за силен инвестициски пакет кој ќе ја помогне економијата. Ова не сакав да го соопштувам пред кампањата за да не се исполитизира истото, но очекувајте уште во првите 100 дена многу добри вести за граѓаните и македонската економија, дополни Мицкоски.
На вчерашната прес – конференција во изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски потенцираше дека на изборите се поразени, како што рече, „криминалот, корупцијата и неспособноста“.
Поразени се и предавствата, поделбите, тие стотина луѓе од ДУИ и СДСМ кои мислеа дека се господари на нашите животи. Нив денеска ги боли главата, има и зошто. Ќе одговараат до последниот. Секој кој направил криминал и спровел корупција мора да има одговорност која што ќе се темели на правда и закони, рече Мицкоски, дополнувајќи дека е победен и бојкотот на ДУИ.
Според него, народот покажал дека нема да дозволи поединци да создаваат кризи и преку институции да се штитат себеси.
Народот ја одржа најважната лекција и си ја спаси државата. Оваа генерација ја има неповторливата можност да создаде ново поглавје во кое Македонија ќе биде горда и Македонија ќе биде ваша и ќе има иднина која што ќе се темели на вредности и надеж. Ќе ја вратиме надежта и вечерва имаме причина за славење, рече тој и нагласи дека ќе го даде, како што рече, и последниот атом од неговите сили да ги исполни сите ветувања.
Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски синоќа изјави дека резултатот од изборите е разочарувачки, и дека на СДСМ му е зададен сериозен удар. Најави процес на обнова и консолидација на партијата и нови избори за претседател и раководство на партијата. Ковачевски ги оцени изборите за фер и слободни, организирани согласно европските стандарди и тоа е рече огромен исчекор како резултат на слободата на медиумите и мирот и стабилноста која, како што рече, ја воспоставивме во изминатите години. Упати честитки за победата на политичкиот конкурент ВМРО-ДПМНЕ и на нивниот претседател Христијан Мицкоски, како и на Гордана Силјановска Давкова за изборот за претсдеател посакувајќи и да ја врши функцијата согласно уставните овластувања и евроатлантската посветеност. Тој упати честитка и до граѓаните и челнството на СДСМ кои рече и покрај резултатите од првиот круг, достоинствено излегоа да гласаат и помогнаа да се постигне цензусот за избор на Претседател. -СДСМ повторно покажа државотворност и одговорност по стоти пат. Најлесно беше по толку лажни обвинувања и напади од ВМРО-ДПМНЕ да не го мобилизираме нашето членство за негласање на претседателските избори, но не паднавме во таа замка. Покажавме дека Македонија ни е поважна и секогаш ќе биде така. Денешниот резултат е разочарувачки. На СДСМ му е зададен тежок удар не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата. Во наредниот период детално ќе ги анализираме овие резултати. Во наредните месеци ќе треба посериозно и подлабоко да го најдеме изворот и причините за овој поразителен исход, рече Ковачевски Тој посочи дека не сака да избрзува со заклучоците и да посочува виновници, но подвлече дека и тој и партиското раководство како и сите избрани функционери имааат одговорност на локално и централно ниво.
Не се сомневам дека многу граѓани вечерва чувствуваат страв, страв од прекумерната моќ, која ја има партија, која е позната по злоупотреба на моќта. СДСМ и коалицијата мора и треба да бидат силна, одговорна и државничка опозиција, порача Ковачевски.
Тој меѓу другото додаде дека следната година е можност земјава да ја продолжи евроинтеграцијата и нагласи дека ако се пропушти таа шанса може да се загуби уште една деценија, но можеби и уште една генерација.
СДСМ ќе се однесува одговорно, но топката сега е во рацете на новата влада предводена од Христијан Мицкоски, порача Ковачевски, предупредувајќи на последиците од евентуалните обиди за блокирање на патот на Европа и потенцирајќи дека местото на Македонија е во НАТО и ЕУ.
Претседателот на ДУИ Али Ахмети од седиштето на партијата во Мала Речица рече дека коалицијата „Европски фронт“ е втора сила во државата по денешните избори.
Легитимитетот ни го дадоа граѓаните, мнозинството Албанци и малите заедници како Турците, Бошњаците и Ромите, на кои им се заблагодарувам. Ова е првиот чекор кон долгите етапи на Фронтот за Европа до полноправно членство во ЕУ, рече Ахмети.
Според Ахмети, денес, повеќе од кога било, на државата и треба стабилност, мир, нула проблеми со соседите, владеење на правото, почеток на преговорите за членството во ЕУ.
Остануваме силен фронт на мисионерите до реализација на финалните цели за членство во ЕУ, рече Ахмети.
На новинарско прашање за коментар на победата на ВМРО-ДПМНЕ, Ахмети рече дека треба да се почекаат финалните резултати од Државната изборна комисија, но му честита победа на Мицкоски.
Утре е 9 мај и да го оставиме назад фолклорот и да се зафатиме за работа за стабилноста и иднината на државата. Ако се рационални, можеме процесите на стабилност и мир да ги гарантираме во нашата земја. Ние нема да правиме неодмерени движења. Очекуваме да се затворат резултатите, се уште не се објавени финалните резултати. Откако ќе се објават резулатите официјално тогаш да размислуваме за работите што не чекаат во иднина, рече Ахмети.
На прашањето дали и каква опозиција би биле со оглед на резултатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ахмети повтори дека треба да се почитуваат освоените гласови. Коалицијата ВЛЕН излезе како победник во сите општини со мнозинско албанско население. Од утре почнуваат преговорите за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција ВЛЕН. Честитки на сите Албанци, честитки за сите граѓани, изјави Биљал Касами од БЕСА. Ова, според Касами, е резултат на доаѓањето на нашите иселеници. – Коалицијата ВЛЕН е апсолутен победник кај Албанците. Ова е како резултат на доаѓањето на нашите иселеници. Затоа 100 илјади пати им велам „благодарам, благодарам, благодарам!“ на сите тие кои дојдоа и уште еднаш ја направија разликата во татковината. Затоа во име на 100 илјади гласови на Коалицијата ВЛЕН им кажуваме благодарам, изјави Касами. Според анализите кои ги имаат, Касами рече дека, најверојатно ќе излезат подеднакво по број на пратеници со коалицијата ДУИ. Разликата во гласови нема да помине 10 илјади, рече тој. -Коалицијата ВЛЕН излезе како победник во сите општини со мнозинско албанско население. Од утре почнуваат преговорите за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција ВЛЕН. Честитки на сите Албанци, честитки за сите граѓани, изјави Биљал Касами од БЕСА. Левица има освоени шест пратенички мандати на парламентарните избори, а очекува да освојат уште еден пратенички мандат, изјави синоќа лидерот на партијата Димитар Апасиев. Најави дека прво барање на „Левица“ ќе биде воведувањето на една изборна единица.
Она за што се залагавме, тоа ни успеа. Ја кутнавме црвената буржоазија, што беше наш детски сон уште од транзицијата, на под 20 пратеника. Друга наша значајна победа, и покрај сета наша маргинализација и фаворизација на Максо, го препопловивме проектот на ЗНАМ на пола од претседателските избори што покажува дека овој изборен систем повторно не краде затоа што некаде водиме за 4.000 гласа, а имаме ист број пратеници. Тоа ќе биде првото барање на Левица – воведување на една изборна единица, рече Апасиев.
Лидерот на Левица вети и жестока дебата во Собранието.
Левица ќе продолжи појако, пет пати појако од сега, затоа што секој наш пратеник вреди колку десет нивни. Да знаат дека ги чека пекол во Собранието со нашите борбени пратеници, рече Апасиев.
Претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски синоќа на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање во однос на можните идни коалиции, посочи дека дополнително ќе ги разгледат опциите, но ќе бидат на располагање на која било идна власт кога се работи за државни национални интереси. Тој е на ставот дека со ДУИ нема да коалицираат се додека партијата не претпри реформи. Димитриевски напомена дека нивните црвени линии се дефинирани во предизборната програма, и строго ќе се држат до нив.
Ние засега нашите црвени линии ги дефинираме во предизборната програма и строго ќе се држиме до нашите црвени линии. Што се однесува до идни коалиции и евентуални соработки, секогаш ќе бидеме тука на располагање на која било идна власт кога се работи за државни национални интереси, но дополнително партиското раководство ќе ги разгледа сите опции и можности за евентуално партиципирање во власта или останување да работиме како конструктивна опозиција, рече Димитриевски.
Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ единствено на претседателските избори загуби од Максим Димитриевски во Куманово. Вчера одржаните двојни избори се 24-то изјаснување на граѓаните од осамостојувањето на државата. Ова се 11 парламентарни избори кои се спроведуваат истовремено со вториот круг од седмите претседателски избори. Првите избори за пратеници во Собранието беа одржани во 1990 година, вторите во 1994, третите во 1998, четвртите во 2002, петтите во 2006, шестите во 2008, седмите во 2011, осмите во 2014, деветтите во 2016 година, а десеттите во 2020 година. На претседателската фотелја досега седнаа петмина претседатели. Првиот претседател Киро Глигоров и Ѓорге Иванов претседателската функција ја вршеа во два мандата, а по еден мандат имаа Борис Трајковски и Бранко Црвенковски, како и Стево Пендаровски.  

The post Гордана Силјановска Давкова победи на претседателските избори, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 пратенички мандати appeared first on Република.

]]>