претседател на Собрние Archives - Република https://republika.mk/tema/pretsedatel-na-sobrnie/ За подобро да се разбереме Mon, 27 May 2024 16:35:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png претседател на Собрние Archives - Република https://republika.mk/tema/pretsedatel-na-sobrnie/ 32 32 Африм Гаши се повлече од лидерската функција во Алтернатива, ќе биде предложен за претседател на Собранието https://republika.mk/vesti/makedonija/afrim-gashi-se-povleche-od-liderskata-funktsija-vo-alternativa-ke-bide-predlozhen-za-pretsedatel-na-sobranieto/ Mon, 27 May 2024 16:35:31 +0000 https://republika.mk/?p=782159

Поради кандидатурата за претседател на Собранието, Африм Гаши поднесе оставка од функцијата претседател на Алтернатива, информираат од Секторот за односи со јавност на Алтернатива.

Информацијата за МИА ја потврди и Гаши.

На последната седница на Централното собрание на Алтернатива, одржана во четвртокот на 23 мај, меѓу другото се разговараше и за кандидатурата на Африм Гаши за претседател на Собранието на Република Македонија. Бидејќи Уставот на Македонија, член 67, определува дека претседателот на републичкото собрание не може да биде и претседател или функционер на политичка партија, Африм Гаши поднесе оставка од функцијата претседател на Алтернатива и од сите други функции на партијата, велат од Алтернатива.

Пред тоа, стои во соопштението, согласно статутот на Алтернатива, претседателот Африм Гаши го овласти потпретседателот Беким Сали да ги извршува формалните обврски на партијата до конечното решавање на темата на претседателот на Алтернатива.

The post Африм Гаши се повлече од лидерската функција во Алтернатива, ќе биде предложен за претседател на Собранието appeared first on Република.

]]>

Поради кандидатурата за претседател на Собранието, Африм Гаши поднесе оставка од функцијата претседател на Алтернатива, информираат од Секторот за односи со јавност на Алтернатива. Информацијата за МИА ја потврди и Гаши.