претседател на држава Archives - Република https://republika.mk/tema/pretsedatel-na-drzava/ За подобро да се разбереме Sun, 12 May 2024 08:02:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png претседател на држава Archives - Република https://republika.mk/tema/pretsedatel-na-drzava/ 32 32 Ингеренции на шефот на државата https://republika.mk/vesti/makedonija/ingerentsii-na-shefot-na-drzhavata/ Sun, 12 May 2024 08:15:48 +0000 https://republika.mk/?p=777170

Претседателот на Република Македонија ја претставува државата. Тој е врховен командант на вооружените сили. Своите права и должности ги врши врз основа и во рамките на Уставот и законите, а се бира на општи и непосредни избори, со тајно гласање, за време од пет години.

Изборот за претседател на Републиката се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател. Во случај на престанок на мандатот на претседателот од кои и да е причини, изборот за нов претседател се врши во рок од 40 дена од денот на престанокот на мандатот.

За претседател исто лице може да биде избрано најмногу два пати. Претседателот мора да биде државјанин на Република Македонија. За претседател може да биде избрано лице кое на денот на изборите наполнило најмалку 40 години живот. За претседател не може да биде избрано лице кое до денот на изборите не било жител на Република  Македонија најмалку десет години во последните 15 години.

Пред преземањето на должноста, претседателот на Републиката дава свечена изјава пред Собранието со која се обврзува на почитување на Уставот и законите.

Во случај на смрт, оставка, трајна спреченост да ја врши функцијата или престанок на мандатот по сила на Уставот, до изборот на нов претседател на Републиката, функцијата претседател на Републиката ја врши претседателот на Собранието.

Настапувањето на условите за престанок на функцијата претседател на Републиката го утврдува Уставниот суд по службена должност.

Должноста претседател на Републиката е неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија. Претседателот на Републиката ужива имунитет. За одземање на имунитетот на претседателот на одлучува Уставниот суд со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии.

Претседателот го определува мандатот за состав на Владата, ги поставува и ги отповикува со указ амбасадорите и пратениците на државата во странство, ги прима акредитивните и отповиковните писма на странските дипломатски претставници, предлага двајца судии на Уставниот суд, предлага двајца членови на Републичкиот судски совет, именува тројца членови на Советот за безбедност, ги предлага членовите на Советот за меѓунационални односи, именува и разрешува и други носители на државни и јавни функции утврдени со Устав и со закон, доделува одликувања и признанија, дава помилување во согласност со закон и врши други функции утврдени со Уставот.

Претседателот на Републиката го известува Собранието за прашања од неговата надлежност најмалку еднаш годишно. Собранието може да побара од претседателот на Републиката мислење за прашања од неговата надлежност.

Претседателот на Републиката е претседател на Советот за безбедност, а него го сочинуваат: претседателот, претседателот на Собранието, претседателот на Владата, министрите кои раководат со органите на државната управа во областите на безбедноста, одбраната и надворешните работи и тројца членови кои ги именува претседателот на Републиката.

Советот ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната на Републиката и дава предлози на Собранието и Владата.

Претседателот на Републиката е одговорен за кршење на Уставот и законите во вршењето на своите права и должности. Постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Републиката покренува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. За одговорноста на претседателот одлучува Уставниот суд со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии.

Ако Уставниот суд утврди одговорност на претседателот на Републиката, функцијата му престанува по сила на Уставот

The post Ингеренции на шефот на државата appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Република Македонија ја претставува државата. Тој е врховен командант на вооружените сили. Своите права и должности ги врши врз основа и во рамките на Уставот и законите, а се бира на општи и непосредни избори, со тајно гласање, за време од пет години. Изборот за претседател на Републиката се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател. Во случај на престанок на мандатот на претседателот од кои и да е причини, изборот за нов претседател се врши во рок од 40 дена од денот на престанокот на мандатот. За претседател исто лице може да биде избрано најмногу два пати. Претседателот мора да биде државјанин на Република Македонија. За претседател може да биде избрано лице кое на денот на изборите наполнило најмалку 40 години живот. За претседател не може да биде избрано лице кое до денот на изборите не било жител на Република  Македонија најмалку десет години во последните 15 години. Пред преземањето на должноста, претседателот на Републиката дава свечена изјава пред Собранието со која се обврзува на почитување на Уставот и законите. Во случај на смрт, оставка, трајна спреченост да ја врши функцијата или престанок на мандатот по сила на Уставот, до изборот на нов претседател на Републиката, функцијата претседател на Републиката ја врши претседателот на Собранието. Настапувањето на условите за престанок на функцијата претседател на Републиката го утврдува Уставниот суд по службена должност. Должноста претседател на Републиката е неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија. Претседателот на Републиката ужива имунитет. За одземање на имунитетот на претседателот на одлучува Уставниот суд со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии. Претседателот го определува мандатот за состав на Владата, ги поставува и ги отповикува со указ амбасадорите и пратениците на државата во странство, ги прима акредитивните и отповиковните писма на странските дипломатски претставници, предлага двајца судии на Уставниот суд, предлага двајца членови на Републичкиот судски совет, именува тројца членови на Советот за безбедност, ги предлага членовите на Советот за меѓунационални односи, именува и разрешува и други носители на државни и јавни функции утврдени со Устав и со закон, доделува одликувања и признанија, дава помилување во согласност со закон и врши други функции утврдени со Уставот. Претседателот на Републиката го известува Собранието за прашања од неговата надлежност најмалку еднаш годишно. Собранието може да побара од претседателот на Републиката мислење за прашања од неговата надлежност. Претседателот на Републиката е претседател на Советот за безбедност, а него го сочинуваат: претседателот, претседателот на Собранието, претседателот на Владата, министрите кои раководат со органите на државната управа во областите на безбедноста, одбраната и надворешните работи и тројца членови кои ги именува претседателот на Републиката. Советот ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната на Републиката и дава предлози на Собранието и Владата. Претседателот на Републиката е одговорен за кршење на Уставот и законите во вршењето на своите права и должности. Постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Републиката покренува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. За одговорноста на претседателот одлучува Уставниот суд со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии. Ако Уставниот суд утврди одговорност на претседателот на Републиката, функцијата му престанува по сила на Уставот

The post Ингеренции на шефот на државата appeared first on Република.

]]>
ДИК ги потврди кандидатурите за претседател на државата https://republika.mk/vesti/makedonija/dik-gi-potvrdi-kandidaturite-za-pretsedatel-na-drzhavata/ Thu, 21 Mar 2024 14:38:55 +0000 https://republika.mk/?p=757055

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница едногласно ги потврди кандидатурите за претседател на Република Македонија 2024 година поднесени од Стево Пендаровски поддржан од СДСМ, Стевче Јакимовски поддржан од ГРОМ, Максим Димитриевски од партијата ЗНАМ, Арбен Таравари од албанската опозициска коалиција Вреди, Билјана Ванковска Цветковска од Левица, Бујар Османи од ДУИ и Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски информира дека кандидатите Јакимовски и Таравари во рок од 48 часа треба да доставаат единствен даночен број и трансакциска сметка.

Даштевски соопшти дека сите кандидатски листи за претседател на државата се доставени навремено.

Членот на ДИК, Бобан Стојаноски истакна дека согласно член 160 од Изборниот законик до ДИК било доставено барање за акредитирање на набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР - Канцеларијата за демократски институции и човекови права за 34 акредитации со список на набљудувачи кои уредно се доставени до ДИК за набљудување на изборите за претседател и изборите за пратеници. Членовите на ДИК едногласно го усвоија ова барање.

ДИК го усвои Упатството за изгледот на беџовите за идентификација на изборните органи, изборната администрација, овластените претставници на подносителите на листа на кандидат, меѓународните и домашните набљудувачи за изборите за претседател на Република Македонија и изборите за пратеници во Собранието на Република Македонија.

Изборната кампања за претседателските избори закажани за 24 април годинава, започнува на 4 април во 00:00 часот и ќе трае до 24:00 часот на 22 април. Течат и роковите за подготвување на листите за пратеници. Листите на кандидати за пратеници во Собранието овластените претставници на предлагачите ги доставуваат до ДИК најдоцна до полноќ на 2 април.

The post ДИК ги потврди кандидатурите за претседател на државата appeared first on Република.

]]>

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница едногласно ги потврди кандидатурите за претседател на Република Македонија 2024 година поднесени од Стево Пендаровски поддржан од СДСМ, Стевче Јакимовски поддржан од ГРОМ, Максим Димитриевски од партијата ЗНАМ, Арбен Таравари од албанската опозициска коалиција Вреди, Билјана Ванковска Цветковска од Левица, Бујар Османи од ДУИ и Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на ДИК, Александар Даштевски информира дека кандидатите Јакимовски и Таравари во рок од 48 часа треба да доставаат единствен даночен број и трансакциска сметка. Даштевски соопшти дека сите кандидатски листи за претседател на државата се доставени навремено. Членот на ДИК, Бобан Стојаноски истакна дека согласно член 160 од Изборниот законик до ДИК било доставено барање за акредитирање на набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР - Канцеларијата за демократски институции и човекови права за 34 акредитации со список на набљудувачи кои уредно се доставени до ДИК за набљудување на изборите за претседател и изборите за пратеници. Членовите на ДИК едногласно го усвоија ова барање. ДИК го усвои Упатството за изгледот на беџовите за идентификација на изборните органи, изборната администрација, овластените претставници на подносителите на листа на кандидат, меѓународните и домашните набљудувачи за изборите за претседател на Република Македонија и изборите за пратеници во Собранието на Република Македонија. Изборната кампања за претседателските избори закажани за 24 април годинава, започнува на 4 април во 00:00 часот и ќе трае до 24:00 часот на 22 април. Течат и роковите за подготвување на листите за пратеници. Листите на кандидати за пратеници во Собранието овластените претставници на предлагачите ги доставуваат до ДИК најдоцна до полноќ на 2 април.

The post ДИК ги потврди кандидатурите за претседател на државата appeared first on Република.

]]>
До петок трае собирањето потписи за кандидатите за претседател на претстојните избори https://republika.mk/vesti/makedonija/do-petok-trae-sobiraneto-potpisi-za-kandidatite-za-pretsedatel-na-pretstojnite-izbori/ Mon, 04 Mar 2024 12:33:30 +0000 https://republika.mk/?p=751063

До петок трае собирањето потписи од граѓаните за кандидатите за претседател на претстојните избори. На листата кандидати кои ги собраа потребните 10 000 потписи, изминатите денови се најдоа и кандидатот од СДСМ Стево Пендаровски и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска.

Според најновите објавени податоци на Државната изборна комисија (ДИК) до овој момент кандидатот Стево Пендаровски има собрано 21 852, а Гордана Силјановска 28 029 гласови.

Претходно, потребниот број на гласови ги собраа и кандидатот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Бујар Османи, Арбен Таравари од опозицискиот блок „Вреди“, Максим Димитриевски лидерот на ЗНАМ-За наша Македонија, Билјана Ванковска Цветковска кандидат на Левица и претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски.

Димитриевски има освоено 11 601, Османи 11 085, Јакимовски 10 887 потписи, Таравари 10 709 потписи и Ванковска Цветковска 10 432.

Сите останати пријавени кандидати за шеф на државата имаат помалку потписи - кандидатката Мерсиха Смаиловиќ поддржана од Бошњачкиот демократски сојуз има 1 596, кандидатот Вело Марковски - 1466 потписи, Ѓорѓи Манасков – 429, Зорица Цветковска – 204, Господин Попоски има 119 потписи. Според податоците од ДИК, во овие пет дена, ниту еден потпис нема за кандидатот Томе Николоски.

Потпис за подносителите на кандидатура за претседател на државата оставиле вкупно 108 409 граѓани.

Постапката за собирање потписи, која почна на 23 февруари ќе трае непрекинато секој ден од 8 до 20 часот, а последниот ден на 8 март до полноќ.

Собирањето потписи се одвива во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари.

Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список, додека кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците.

Учесниците на изборите, листите со кандидати за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна до 19 март, на полноќ.

The post До петок трае собирањето потписи за кандидатите за претседател на претстојните избори appeared first on Република.

]]>

До петок трае собирањето потписи од граѓаните за кандидатите за претседател на претстојните избори. На листата кандидати кои ги собраа потребните 10 000 потписи, изминатите денови се најдоа и кандидатот од СДСМ Стево Пендаровски и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска. Според најновите објавени податоци на Државната изборна комисија (ДИК) до овој момент кандидатот Стево Пендаровски има собрано 21 852, а Гордана Силјановска 28 029 гласови. Претходно, потребниот број на гласови ги собраа и кандидатот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Бујар Османи, Арбен Таравари од опозицискиот блок „Вреди“, Максим Димитриевски лидерот на ЗНАМ-За наша Македонија, Билјана Ванковска Цветковска кандидат на Левица и претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски. Димитриевски има освоено 11 601, Османи 11 085, Јакимовски 10 887 потписи, Таравари 10 709 потписи и Ванковска Цветковска 10 432. Сите останати пријавени кандидати за шеф на државата имаат помалку потписи - кандидатката Мерсиха Смаиловиќ поддржана од Бошњачкиот демократски сојуз има 1 596, кандидатот Вело Марковски - 1466 потписи, Ѓорѓи Манасков – 429, Зорица Цветковска – 204, Господин Попоски има 119 потписи. Според податоците од ДИК, во овие пет дена, ниту еден потпис нема за кандидатот Томе Николоски. Потпис за подносителите на кандидатура за претседател на државата оставиле вкупно 108 409 граѓани. Постапката за собирање потписи, која почна на 23 февруари ќе трае непрекинато секој ден од 8 до 20 часот, а последниот ден на 8 март до полноќ. Собирањето потписи се одвива во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари. Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список, додека кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците. Учесниците на изборите, листите со кандидати за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна до 19 март, на полноќ.

The post До петок трае собирањето потписи за кандидатите за претседател на претстојните избори appeared first on Република.

]]>
Девет кандидати за претседател на државата, три жени: Кој ќе успее да собере 10.000 потписи? https://republika.mk/vesti/makedonija/devet-kandidati-za-pretsedatel-na-drzhavata-tri-zheni-koj-ke-uspee-da-sobere-10-000-potpisi/ Thu, 22 Feb 2024 10:40:36 +0000 https://republika.mk/?p=746885

Шаренолика е понудата за претседателски кандидати. Најголем дел од партиите што ги номинираат кандидатите знаат дека шансите да победат се никакви, сепак претседателската трка ќе ја искористат за мерење на поддршката за парламентарните избори кои следуваат две недели подоцна.

За овие претседателски избори, пријавени се, или допрва ќе се пријават,Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ,Стево Пендаровски од СДСМ, Арбен Таравари од албанската опозиција, Стевчо Јакимовски од ГРОМ, Вело Марковски како независен кандидат, Билјана Ванковска од Левица, Мерсиха Смаиловиќ од Бошњачкиот демократски сојуз.

Кандидати за претседател ќе има и ДУИ во Бујар Османи како и партијата ЗНАМ на Максим Димитриевски.

Но, најголем дел од овие кандидати ќе треба да собираат 10.000 потписи бидејќи немаат поддршка од 30 пратеници во Собранието. Колкумина ќе успепат да ги соберат потребните потписи ќе се види во следниот период .

Кампањата за претседателските избори започнува на 4 април а првиот груг е на 24 април.

The post Девет кандидати за претседател на државата, три жени: Кој ќе успее да собере 10.000 потписи? appeared first on Република.

]]>

Шаренолика е понудата за претседателски кандидати. Најголем дел од партиите што ги номинираат кандидатите знаат дека шансите да победат се никакви, сепак претседателската трка ќе ја искористат за мерење на поддршката за парламентарните избори кои следуваат две недели подоцна. За овие претседателски избори, пријавени се, или допрва ќе се пријават,Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ,Стево Пендаровски од СДСМ, Арбен Таравари од албанската опозиција, Стевчо Јакимовски од ГРОМ, Вело Марковски како независен кандидат, Билјана Ванковска од Левица, Мерсиха Смаиловиќ од Бошњачкиот демократски сојуз. Кандидати за претседател ќе има и ДУИ во Бујар Османи како и партијата ЗНАМ на Максим Димитриевски. Но, најголем дел од овие кандидати ќе треба да собираат 10.000 потписи бидејќи немаат поддршка од 30 пратеници во Собранието. Колкумина ќе успепат да ги соберат потребните потписи ќе се види во следниот период . Кампањата за претседателските избори започнува на 4 април а првиот груг е на 24 април.

The post Девет кандидати за претседател на државата, три жени: Кој ќе успее да собере 10.000 потписи? appeared first on Република.

]]>
Силјановска, Пендаровски, Таравари, Jaкимовски, Ванковска, засега потврдени кандидати за претседател https://republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-pendarovski-taravari-jakimovski-vankovska-zasega-potvrdeni-kandidati-za-pretsedatel/ Thu, 22 Feb 2024 07:07:32 +0000 https://republika.mk/?p=746764

На ден пред почетокот на рокот за собирање потписи за претседателски кандидати и за пратеници, во период од еден час најголемите политички партии ги соопштија своите претседателски кандидати, кои треба да добијат поддршка на партиски конвенции на почетокот на март.

 

Актуелниот претседател Стево Пендаровски доби поддршка од највисокото раководство на владејачката СДСМ за втор мандат, додека единствена кандидатка пријавена на јавниот оглас на ВМРО-ДПМНЕ е професорката и пратеничка Гордана Силјановска Давкова. Пендаровски и Силјановска Давкова беа противкандидати и на минатите претседателски избори (прв круг на 21 април, втор круг на 5 мај) во 2019 година, кога во вториот круг победи актуелниот шеф на државата.

Од СДСМ вчера брифираа дека на состанок на раководството е одлучено Стево Пендаровски да биде поддржан за кандидат за претседател на државата. Оваа одлука деновиве ќе се најде пред членовите на Извршниот и Централниот одбор на партијата. Наредните денови се веќе планирани средби со коалициските партнери, а на 3 - ти март ќе биде и официјалната промотивна конвенција.

Пендаровски е победнички кандидат, со најголем коалиционен капацитет, кој заедно со СДСМ и со партиите од прогресивниот, демократски блок, силно ја споделува визија за европска иднина на државата. Тој во досегашниот мандат го врати интегритерот и кредибилитетот на институцијата Претседател и покажа што значи да се биде претседател за сите граѓани, велат од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, соопштија дека професорката и пратеничка Гордана Силјановска-Давкова се пријавила на јавниот оглас на партијата за претседател на државата. За нејзината кандидатура ќе се одлучува од страна на делегатите на Конвенцијата за избор на кандидат за претседател која ќе се одржи на 02 март 2024 година.

Во врска со Јавниот повик за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Македонија ја информираме јавноста дека крајниот рок за поднесување на пријава истекува денес. На истиот се пријави проф-др Гордана Силјановска-Давкова која поднесе план, програма за работа и потребен број на потписи на делегати, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

 

За кандидатот на ДУИ во јавноста се уште се типува, иако медиумите јавуваат дека кандидат за претседател на партијата би можело да биде актуелниот шеф на дипломатијата Бујар Османи. Од ДУИ најавија дека денеска Али Ахмети ќе соопшти важна вест. Доцна синоќа Ахмети закажа прес-конференција во 13 часот во седиштето на партијата во Мала Речица.

 

Централниот одбор на ГРОМ синоќа поддршка му даде на претседателот на партијата Стевчо Јакимовски.

 

Претходно, Европскиот сојуз за промени соопшти дека нивен кандидат ќе биде Арбен Таравари, претседател на едното крило на Алијанса за Албанците.

Професорката Билјана Ванковска ќе биде кандидат на партијата Левица за претседателските избори.

Професорката Билјана Ванковска е кандидат за претседател на Левица, а потписи ќе собира и Вело Марковски, кој прв пред повеќе месеци најави кандидатура. Кандидатура за претседател се очекува денеска да објави и партијата ЗНАМ на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

The post Силјановска, Пендаровски, Таравари, Jaкимовски, Ванковска, засега потврдени кандидати за претседател appeared first on Република.

]]>

На ден пред почетокот на рокот за собирање потписи за претседателски кандидати и за пратеници, во период од еден час најголемите политички партии ги соопштија своите претседателски кандидати, кои треба да добијат поддршка на партиски конвенции на почетокот на март.   Актуелниот претседател Стево Пендаровски доби поддршка од највисокото раководство на владејачката СДСМ за втор мандат, додека единствена кандидатка пријавена на јавниот оглас на ВМРО-ДПМНЕ е професорката и пратеничка Гордана Силјановска Давкова. Пендаровски и Силјановска Давкова беа противкандидати и на минатите претседателски избори (прв круг на 21 април, втор круг на 5 мај) во 2019 година, кога во вториот круг победи актуелниот шеф на државата. Од СДСМ вчера брифираа дека на состанок на раководството е одлучено Стево Пендаровски да биде поддржан за кандидат за претседател на државата. Оваа одлука деновиве ќе се најде пред членовите на Извршниот и Централниот одбор на партијата. Наредните денови се веќе планирани средби со коалициските партнери, а на 3 - ти март ќе биде и официјалната промотивна конвенција.
Пендаровски е победнички кандидат, со најголем коалиционен капацитет, кој заедно со СДСМ и со партиите од прогресивниот, демократски блок, силно ја споделува визија за европска иднина на државата. Тој во досегашниот мандат го врати интегритерот и кредибилитетот на институцијата Претседател и покажа што значи да се биде претседател за сите граѓани, велат од СДСМ.
Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, соопштија дека професорката и пратеничка Гордана Силјановска-Давкова се пријавила на јавниот оглас на партијата за претседател на државата. За нејзината кандидатура ќе се одлучува од страна на делегатите на Конвенцијата за избор на кандидат за претседател која ќе се одржи на 02 март 2024 година.
Во врска со Јавниот повик за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Македонија ја информираме јавноста дека крајниот рок за поднесување на пријава истекува денес. На истиот се пријави проф-др Гордана Силјановска-Давкова која поднесе план, програма за работа и потребен број на потписи на делегати, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
  За кандидатот на ДУИ во јавноста се уште се типува, иако медиумите јавуваат дека кандидат за претседател на партијата би можело да биде актуелниот шеф на дипломатијата Бујар Османи. Од ДУИ најавија дека денеска Али Ахмети ќе соопшти важна вест. Доцна синоќа Ахмети закажа прес-конференција во 13 часот во седиштето на партијата во Мала Речица.   Централниот одбор на ГРОМ синоќа поддршка му даде на претседателот на партијата Стевчо Јакимовски.   Претходно, Европскиот сојуз за промени соопшти дека нивен кандидат ќе биде Арбен Таравари, претседател на едното крило на Алијанса за Албанците. Професорката Билјана Ванковска ќе биде кандидат на партијата Левица за претседателските избори. Професорката Билјана Ванковска е кандидат за претседател на Левица, а потписи ќе собира и Вело Марковски, кој прв пред повеќе месеци најави кандидатура. Кандидатура за претседател се очекува денеска да објави и партијата ЗНАМ на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

The post Силјановска, Пендаровски, Таравари, Jaкимовски, Ванковска, засега потврдени кандидати за претседател appeared first on Република.

]]>
Ќе најде ли СДСМ кандидат за претседател? Какви ли се другите кога Пендаровски наречен „0,2 посто“ има највисок рејтинг кај членството https://republika.mk/vesti/makedonija/ke-najde-li-sdsm-kandidat-za-pretsedatel-kakvi-li-se-drugite-koga-pendarovski-narechen-0-2-posto-ima-najvisok-rejting-kaj-chlenstvoto/ Sat, 17 Feb 2024 07:31:31 +0000 https://republika.mk/?p=744949

Партиите полека почнаа да ги објавуваат кандидатите за претседател на Македонија. Прво беше објавена кандидатурата на Билјана Ванковска. Потоа албанската опозиција која објави дека тоа ќе биде Арбен Таравари. Уплашени од поддршка кај Албанците кои го има Европскиот сојуз за промени, и ДУИ најавува „тешкаш“ за кандидат.

Според најавите од партијата, тоа ќе биде или лидерот Али Амхети или министерот за надворешни работи Бујар Османи. Анкетите покажуваат дека ќе се води изедначена трка во првиот круг меѓу кандидатот од Албанците во власта и опозицијата.

ВМРО-ДПМНЕ својот кандидат за претседател ќе го избере на втори март и во најтесната група се неколку кандидати. Но, приказна за себе е помалиот коалициски партнер во власта СДСМ. На популарната „Бихаќка“ владее вистинска паника откако ДУИ најави дека ќе излезе со свој кандидат па сега социјалдемократите се на вистина мака да излезат и тие со свој кандидат. Првичната желба беше да се „шлепаат“ на ДУИ знаејќи дека рејтингот постојано им оди надолу.

СДСМ веќе подолго време прави внатрешни мерења и анкети кои покажуваат дека највисок рејтинг има актуелниот претседател Стево Пендаровски. Иронијата да биде поголема, рејтингот на Пендаровски меѓу народот е катасторфален па и оттаму името кое му го дадоа „Стево 0,2 посто“.

Партиските анкети уште покажале дека вториот кандидат има двојно понизок рејтинг од Пендаровски. Верувале или не. Засега е нејасно кој е тој вториот, иако во игра се споменуваат Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, па дури и Венко Филипче.

Професорот Ненад Марковиќ е на сличен став дека СДСМ во моментов нема подобра опција за претседател од Пендаровски.

СДСМ нема подобар кандидат од Пендаровски.Ниту еден од кандидатите кои СДСМ ги мери нема повисок рејтинг од него.Вториот кандидат има половина од рејтингот кој го ужива Пендаровски кај гласачите.Самииот Пендаровски ќе одлучи дали има некакви шанси и дали сака да оди, гледајќи ги резултатите во вториот круг што би можело да се случи-изјави Марковиќ за „ВинВин“ на Телма.

The post Ќе најде ли СДСМ кандидат за претседател? Какви ли се другите кога Пендаровски наречен „0,2 посто“ има највисок рејтинг кај членството appeared first on Република.

]]>

Партиите полека почнаа да ги објавуваат кандидатите за претседател на Македонија. Прво беше објавена кандидатурата на Билјана Ванковска. Потоа албанската опозиција која објави дека тоа ќе биде Арбен Таравари. Уплашени од поддршка кај Албанците кои го има Европскиот сојуз за промени, и ДУИ најавува „тешкаш“ за кандидат. Според најавите од партијата, тоа ќе биде или лидерот Али Амхети или министерот за надворешни работи Бујар Османи. Анкетите покажуваат дека ќе се води изедначена трка во првиот круг меѓу кандидатот од Албанците во власта и опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ својот кандидат за претседател ќе го избере на втори март и во најтесната група се неколку кандидати. Но, приказна за себе е помалиот коалициски партнер во власта СДСМ. На популарната „Бихаќка“ владее вистинска паника откако ДУИ најави дека ќе излезе со свој кандидат па сега социјалдемократите се на вистина мака да излезат и тие со свој кандидат. Првичната желба беше да се „шлепаат“ на ДУИ знаејќи дека рејтингот постојано им оди надолу. СДСМ веќе подолго време прави внатрешни мерења и анкети кои покажуваат дека највисок рејтинг има актуелниот претседател Стево Пендаровски. Иронијата да биде поголема, рејтингот на Пендаровски меѓу народот е катасторфален па и оттаму името кое му го дадоа „Стево 0,2 посто“. Партиските анкети уште покажале дека вториот кандидат има двојно понизок рејтинг од Пендаровски. Верувале или не. Засега е нејасно кој е тој вториот, иако во игра се споменуваат Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, па дури и Венко Филипче. Професорот Ненад Марковиќ е на сличен став дека СДСМ во моментов нема подобра опција за претседател од Пендаровски.
СДСМ нема подобар кандидат од Пендаровски.Ниту еден од кандидатите кои СДСМ ги мери нема повисок рејтинг од него.Вториот кандидат има половина од рејтингот кој го ужива Пендаровски кај гласачите.Самииот Пендаровски ќе одлучи дали има некакви шанси и дали сака да оди, гледајќи ги резултатите во вториот круг што би можело да се случи-изјави Марковиќ за „ВинВин“ на Телма.

The post Ќе најде ли СДСМ кандидат за претседател? Какви ли се другите кога Пендаровски наречен „0,2 посто“ има највисок рејтинг кај членството appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ со јавен повик за избор на кандидат за претседател на Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-so-javen-povik-za-izbor-na-kandidat-za-pretsedatel-na-makedonija/ Tue, 06 Feb 2024 13:51:54 +0000 https://republika.mk/?p=741071

ВМРО-ДПМНЕ врз основа на членовите 38, 40, 41 и 42 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, како и заклучоците донесени на седницата на Извршниот Комитет од 05.12.2023 година распишува јавен повик за кандидат за претседател на Република Македонија кој ќе биде поддржан од

ВМРО-ДПМНЕ на претстојните претседателски избори.
Кандидатот кој ќе биде претходно пријавен и ќе ги исполни пропишаните услови ќе биде одбран на Конвенција која ќе се одржи на 2 март во Скопје, согласно одлуката на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Заинтересираните кандидати за учество на Конвенцијата треба да ги исполнуваат уставно предвидените обврски и услови содржани во членот 80 за кандидирање за кандидат за претседател на државата и кои се согласуваат и ги поддржуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

Сите оние поединци, кои сметаат дека се потенцијален кандидат треба да добијат поддршка од најмалку 30 делегати кои се претходно изгласани од Централниот Комитет на партијата и објавени на веб страната на ВМРО-ДПМНЕ. Кандидатите треба да поднесат програма и план за работа кои ќе бидат разгледани од страна на работните тела на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор на кандидат за претседател на Република Македонија, и тоа најдоцна до 21.02.2024 година до 17:00 часот, во просториите на централното седиште на ВМРО-ДПМНЕ, плоштад ВМРО-ДПМНЕ, Палата др. Христо Татарчев (плоштад ВМРО бр.1) во Скопје.

ВМРО-ДПМНЕ ќе го одбере најмотивираниот кандидат за Претседател на Република Македонија кој заедно со граѓаните ќе победи на претстојните претседателски избори 2024 година.
ВМРО-ДПМНЕ со идниот кандидат кој ќе го одбере за кандидат за претседател на Република Македонија, ќе ја порази оваа власт. Македонија заслужува да има претседател кој активно ќе ги штити државните и национални интереси на сите граѓани и ќе ја претставува достоинствено државата пред Европа и светот.

The post ВМРО-ДПМНЕ со јавен повик за избор на кандидат за претседател на Македонија appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ врз основа на членовите 38, 40, 41 и 42 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, како и заклучоците донесени на седницата на Извршниот Комитет од 05.12.2023 година распишува јавен повик за кандидат за претседател на Република Македонија кој ќе биде поддржан од ВМРО-ДПМНЕ на претстојните претседателски избори. Кандидатот кој ќе биде претходно пријавен и ќе ги исполни пропишаните услови ќе биде одбран на Конвенција која ќе се одржи на 2 март во Скопје, согласно одлуката на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Заинтересираните кандидати за учество на Конвенцијата треба да ги исполнуваат уставно предвидените обврски и услови содржани во членот 80 за кандидирање за кандидат за претседател на државата и кои се согласуваат и ги поддржуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Сите оние поединци, кои сметаат дека се потенцијален кандидат треба да добијат поддршка од најмалку 30 делегати кои се претходно изгласани од Централниот Комитет на партијата и објавени на веб страната на ВМРО-ДПМНЕ. Кандидатите треба да поднесат програма и план за работа кои ќе бидат разгледани од страна на работните тела на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор на кандидат за претседател на Република Македонија, и тоа најдоцна до 21.02.2024 година до 17:00 часот, во просториите на централното седиште на ВМРО-ДПМНЕ, плоштад ВМРО-ДПМНЕ, Палата др. Христо Татарчев (плоштад ВМРО бр.1) во Скопје. ВМРО-ДПМНЕ ќе го одбере најмотивираниот кандидат за Претседател на Република Македонија кој заедно со граѓаните ќе победи на претстојните претседателски избори 2024 година. ВМРО-ДПМНЕ со идниот кандидат кој ќе го одбере за кандидат за претседател на Република Македонија, ќе ја порази оваа власт. Македонија заслужува да има претседател кој активно ќе ги штити државните и национални интереси на сите граѓани и ќе ја претставува достоинствено државата пред Европа и светот.

The post ВМРО-ДПМНЕ со јавен повик за избор на кандидат за претседател на Македонија appeared first on Република.

]]>
СДСМ моли по амбасади да ја убедат албанската опозиција да нема кандидат за претседател https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-moli-po-ambasadi-da-ja-ubedat-albanskata-opozitsija-da-nema-kandidat-za-pretsedatel/ Thu, 28 Dec 2023 11:58:51 +0000 https://republika.mk/?p=727461

СДСМ агитира по неколку амбасади на земји на ЕУ да ја убедат албанската опозиција да нема кандатат за претседател на државата.

Вицепремиерот Бојан Маричиќ во име на СДСМ бара амбасадорите да направат притисок врз Изет Меџити, Африм Гаши и Билам Касами да се откажат од намерата да номинираат кандатот за шеф на државата.

Ова вчера го откри лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека Маричиќ оди по амбасадите на т.н Квинта и ги моли да ја убедат албанската опозиција да немаат кандидат за претседател на државата.

Причината поради која СДСМ посакува албанската опозиција да нема кандидат за шеф на државата не е стравот од кандидат на новиот „Сојуз за европски промени“ туку ако тие имаат кандидат речиси е сигурно дека и ДУИ ќе има свој кандидат во првиот круг.

Ако тоа се случи, гласовите на Албанците ќе бидат поделени а со тоа ќе се зголеми и разликата меѓу кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.Тоа пак би ги демотивирало поддржувачите на СДСМ  да го дадат гласот на 8 мај кога заедно со вториот круг на претседателски ќе бидат и парламентарните избори.

Од ВМРО-ДПМНЕ брифираат дека разликата  во првиот круг ќе биде 150.000 гласови во полза на нивниот кандидат, а во вториот и повеќе.

Од албанската опозиција велат дека нема да отстапат од намерата да имаат кандидат за шеф на државата.

Ќе имаме наш кандидат за претседател-потврди за „Република“ Изет Меџити од Демократското движење.

 

The post СДСМ моли по амбасади да ја убедат албанската опозиција да нема кандидат за претседател appeared first on Република.

]]>

СДСМ агитира по неколку амбасади на земји на ЕУ да ја убедат албанската опозиција да нема кандатат за претседател на државата. Вицепремиерот Бојан Маричиќ во име на СДСМ бара амбасадорите да направат притисок врз Изет Меџити, Африм Гаши и Билам Касами да се откажат од намерата да номинираат кандатот за шеф на државата. Ова вчера го откри лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека Маричиќ оди по амбасадите на т.н Квинта и ги моли да ја убедат албанската опозиција да немаат кандидат за претседател на државата. Причината поради која СДСМ посакува албанската опозиција да нема кандидат за шеф на државата не е стравот од кандидат на новиот „Сојуз за европски промени“ туку ако тие имаат кандидат речиси е сигурно дека и ДУИ ќе има свој кандидат во првиот круг. Ако тоа се случи, гласовите на Албанците ќе бидат поделени а со тоа ќе се зголеми и разликата меѓу кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.Тоа пак би ги демотивирало поддржувачите на СДСМ  да го дадат гласот на 8 мај кога заедно со вториот круг на претседателски ќе бидат и парламентарните избори. Од ВМРО-ДПМНЕ брифираат дека разликата  во првиот круг ќе биде 150.000 гласови во полза на нивниот кандидат, а во вториот и повеќе. Од албанската опозиција велат дека нема да отстапат од намерата да имаат кандидат за шеф на државата.
Ќе имаме наш кандидат за претседател-потврди за „Република“ Изет Меџити од Демократското движење.
 

The post СДСМ моли по амбасади да ја убедат албанската опозиција да нема кандидат за претседател appeared first on Република.

]]>
Идниот претседател на државата предложен од ВМРО-ДПМНЕ треба да биде патриот, личност која што обединува, а не разединува https://republika.mk/vesti/makedonija/idniot-pretsedatel-na-drzhavata-predlozhen-od-vmro-dpmne-treba-da-bide-patriot-lichnost-koja-shto-obedinuva-a-ne-razedinuva/ Thu, 07 Dec 2023 07:49:56 +0000 https://republika.mk/?p=720527

Човек со интегритет, личност која што си ја сака сопствената држава, личност која што е патриот, личност која што обединува, а не разединува. Личност која што има свое животно портфолио позади себе, не само дома туку и надвор, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на неговото гостување во вчерашната емисија „Интервју на Шења“ кое се емитува на ТВ Шења, говорејќи околу профилот на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ кој би влегол во трка на претседателските избори.

„Ценам дека една таква личност би можела да понуди нешто коешто ќе биде поразлично од сето она коешто беше изминативе речиси 5 години, а коешто го нудеше Стево Пендаровски“, додаде Мицкоски.

Тој исто така, додаде дека како што стојат бројките во овој момент, не постои начин кандидатот кој што ќе го поддржи ВМРО-ДПМНЕ да не биде претседател, освен ако власта свесно не ги бојкотира изборите и да не се исполни цензусот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ne-mi-treba-takva-evropa-koja-shto-nema-da-me-pochituva-kako-makedonets/

„ВМРО-ДПМНЕ излегува на избори, претпоставувам наскоро од денеска со име, со кандидат. Еве вчера донесовме одлука, на втори март ја имаме и конвенцијата за избор на претседателски кандидат и ВМРО-ДПМНЕ влегува самоуверено заедно со коалицијата дека победува на тие претседателски избори. Ние не влегуваме дефанзивно. Ние влегуваме офанзивно и ние сме убедени во нашата победа“, потенцираше Мицкоски.

The post Идниот претседател на државата предложен од ВМРО-ДПМНЕ треба да биде патриот, личност која што обединува, а не разединува appeared first on Република.

]]>

Човек со интегритет, личност која што си ја сака сопствената држава, личност која што е патриот, личност која што обединува, а не разединува. Личност која што има свое животно портфолио позади себе, не само дома туку и надвор, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на неговото гостување во вчерашната емисија „Интервју на Шења“ кое се емитува на ТВ Шења, говорејќи околу профилот на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ кој би влегол во трка на претседателските избори.
„Ценам дека една таква личност би можела да понуди нешто коешто ќе биде поразлично од сето она коешто беше изминативе речиси 5 години, а коешто го нудеше Стево Пендаровски“, додаде Мицкоски.
Тој исто така, додаде дека како што стојат бројките во овој момент, не постои начин кандидатот кој што ќе го поддржи ВМРО-ДПМНЕ да не биде претседател, освен ако власта свесно не ги бојкотира изборите и да не се исполни цензусот.
https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ne-mi-treba-takva-evropa-koja-shto-nema-da-me-pochituva-kako-makedonets/ „ВМРО-ДПМНЕ излегува на избори, претпоставувам наскоро од денеска со име, со кандидат. Еве вчера донесовме одлука, на втори март ја имаме и конвенцијата за избор на претседателски кандидат и ВМРО-ДПМНЕ влегува самоуверено заедно со коалицијата дека победува на тие претседателски избори. Ние не влегуваме дефанзивно. Ние влегуваме офанзивно и ние сме убедени во нашата победа“, потенцираше Мицкоски.

The post Идниот претседател на државата предложен од ВМРО-ДПМНЕ треба да биде патриот, личност која што обединува, а не разединува appeared first on Република.

]]>