претседател Ебрахим Раиси Archives - Република https://republika.mk/tema/pretsedatel-ebrahim-raisi/ За подобро да се разбереме Wed, 22 May 2024 10:59:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png претседател Ебрахим Раиси Archives - Република https://republika.mk/tema/pretsedatel-ebrahim-raisi/ 32 32 Стотици илјади луѓе излегоа на улиците во Техеран да се збогуваат од претседателот Раиси https://republika.mk/vesti/svet/stotitsi-iljadi-luge-izlegoa-na-ulitsite-vo-teheran-da-se-zboguvaat-od-pretsedatelot-raisi/ Wed, 22 May 2024 10:59:42 +0000 https://republika.mk/?p=780829

Стотици илјади луѓе се собраа во центарот на Техеран денеска за да му оддадат последна почит на иранскиот претседател Ебрахим Раиси, кој загина во хеликоптерска несреќа во неделата.

Врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи ги водеше молитвите за време на прошталната церемонија за починатиот претседател и седум други, меѓу кои и министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан, кој загина во несреќата.

Врховната власт на Исламската Република се поклони пред осум ковчези покриени со иранското зелено-бело-црвено знаме поставени еден до друг на Универзитетот во Техеран.

Врховниот лидер беше опкружен од водечки шиитски свештеници, членови на владата, вклучително и привремениот претседател Мохамад Мокбер, и високи членови на војската и на Револуционерната гарда.

Присутни беа и политичкиот лидер на палестинското исламистичко движење Хамас Исмаил Ханија и „бројот два“ на либанскиот Хезболах, Наим Касем.

Неколку странски земји како Русија, Турција и Ирак најавија дека ќе испратат претставници на погребот, но не и на ниво на шефови на држави.

Мавтајќи со ирански знамиња, десетици илјади Иранци се собраа во центарот на Техеран за да му оддадат последна почит на загинатиот ирански претседател.

Денешниот ден е прогласен за државен празник и жителите на Техеран добиваа пораки на нивните телефони во кои ги повикуваат „да дојдат на погребот на маченикот“.

Властите прогласија петдневна жалост низ целата земја, додека процесот за смена на Раиси, кој претседаваше со Иран од 2021 годин. Една од задачитена привремениот претседател Мохамад Мохбер (68) е подготовка на избори што ќе се одржат на 28 јуни.

Погребната церемонија, предвидена да трае до четврток, започна вчера во Табриз, голем северозападен град во близина на местото каде што се случи несреќата.

Раиси ќе биде погребан утре во Машхад (североисточниот дел на земјата), неговиот роден град.

Ултраконзервативецот Ебрахим Раиси важеше за еден од фаворитите за наследник на ајатолахот Али Хамнеи, кој има 85 години. Додека беше претседател се соочи со протестното движење во 2022 година, економска криза влошена од американските санкции и влошените тензии со Израел.

 

The post Стотици илјади луѓе излегоа на улиците во Техеран да се збогуваат од претседателот Раиси appeared first on Република.

]]>

Стотици илјади луѓе се собраа во центарот на Техеран денеска за да му оддадат последна почит на иранскиот претседател Ебрахим Раиси, кој загина во хеликоптерска несреќа во неделата. Врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи ги водеше молитвите за време на прошталната церемонија за починатиот претседател и седум други, меѓу кои и министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан, кој загина во несреќата. Врховната власт на Исламската Република се поклони пред осум ковчези покриени со иранското зелено-бело-црвено знаме поставени еден до друг на Универзитетот во Техеран. Врховниот лидер беше опкружен од водечки шиитски свештеници, членови на владата, вклучително и привремениот претседател Мохамад Мокбер, и високи членови на војската и на Револуционерната гарда. Присутни беа и политичкиот лидер на палестинското исламистичко движење Хамас Исмаил Ханија и „бројот два“ на либанскиот Хезболах, Наим Касем. Неколку странски земји како Русија, Турција и Ирак најавија дека ќе испратат претставници на погребот, но не и на ниво на шефови на држави. Мавтајќи со ирански знамиња, десетици илјади Иранци се собраа во центарот на Техеран за да му оддадат последна почит на загинатиот ирански претседател. Денешниот ден е прогласен за државен празник и жителите на Техеран добиваа пораки на нивните телефони во кои ги повикуваат „да дојдат на погребот на маченикот“. Властите прогласија петдневна жалост низ целата земја, додека процесот за смена на Раиси, кој претседаваше со Иран од 2021 годин. Една од задачитена привремениот претседател Мохамад Мохбер (68) е подготовка на избори што ќе се одржат на 28 јуни. Погребната церемонија, предвидена да трае до четврток, започна вчера во Табриз, голем северозападен град во близина на местото каде што се случи несреќата. Раиси ќе биде погребан утре во Машхад (североисточниот дел на земјата), неговиот роден град. Ултраконзервативецот Ебрахим Раиси важеше за еден од фаворитите за наследник на ајатолахот Али Хамнеи, кој има 85 години. Додека беше претседател се соочи со протестното движење во 2022 година, економска криза влошена од американските санкции и влошените тензии со Израел.  

The post Стотици илјади луѓе излегоа на улиците во Техеран да се збогуваат од претседателот Раиси appeared first on Република.

]]>