претепано Archives - Република https://republika.mk/tema/pretepano/ За подобро да се разбереме Sat, 03 Feb 2024 10:01:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png претепано Archives - Република https://republika.mk/tema/pretepano/ 32 32 Обвинение против мајката на тешко повреденото четиригодишното девојче од Струмица https://republika.mk/vesti/crna-hronika/obvinenie-protiv-majkata-na-teshko-povredenoto-chetirigodishnoto-devojche-od-strumitsa/ Sat, 03 Feb 2024 10:14:40 +0000 https://republika.mk/?p=739962

Основното јавно обвинителство Струмица донесе наредба за спроведување истражна постапка против мајка осомничена за кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.

Осомничената, како што соопшти денеска Јавното обвинителство, иако била должна да ја издржува и да се грижи за животот и здравјето на нејзината четиригодишна ќерка, грубо ја запоставила својата родителска должност за грижа и воспитување, ја запуштила и дозволила детето да се оддаде на питачење, што штетно влијаело на неговиот развој, здравје и лична безбедност. Поради тоа настапило тешко нарушување на здравјето на детето, кое во тешка здравствена состојба на 17 јануари годинава било најпрво примено во ЈЗУ Општа болница Струмица, а потоа хоспитализирано на Клиниката за детски болести во Скопје.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/majkata-tvrdeshe-deka-ja-napadnalo-kuche-a-na-prstite-veke-se-gledashe-gangrena-velat-od-detska-klinika-za-4-godishnoto-devojche-od-strumitsa/

Надлежниот јавен обвинител продолжува да постапува и го очекува вештиот наод од Институтот за судска медицина во поглед на причините за настанатите повреди кај девојчето. По барање на јавниот обвинител, Центарот за социјални работи постапи согласно своите надлежности за обезбедување заштита на другите три деца од семејството, се наведува во соопштението.

The post Обвинение против мајката на тешко повреденото четиригодишното девојче од Струмица appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Струмица донесе наредба за спроведување истражна постапка против мајка осомничена за кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. Осомничената, како што соопшти денеска Јавното обвинителство, иако била должна да ја издржува и да се грижи за животот и здравјето на нејзината четиригодишна ќерка, грубо ја запоставила својата родителска должност за грижа и воспитување, ја запуштила и дозволила детето да се оддаде на питачење, што штетно влијаело на неговиот развој, здравје и лична безбедност. Поради тоа настапило тешко нарушување на здравјето на детето, кое во тешка здравствена состојба на 17 јануари годинава било најпрво примено во ЈЗУ Општа болница Струмица, а потоа хоспитализирано на Клиниката за детски болести во Скопје. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/majkata-tvrdeshe-deka-ja-napadnalo-kuche-a-na-prstite-veke-se-gledashe-gangrena-velat-od-detska-klinika-za-4-godishnoto-devojche-od-strumitsa/
Надлежниот јавен обвинител продолжува да постапува и го очекува вештиот наод од Институтот за судска медицина во поглед на причините за настанатите повреди кај девојчето. По барање на јавниот обвинител, Центарот за социјални работи постапи согласно своите надлежности за обезбедување заштита на другите три деца од семејството, се наведува во соопштението.

The post Обвинение против мајката на тешко повреденото четиригодишното девојче од Струмица appeared first on Република.

]]>
Не се сеќава на ништо и не зборува: Еве што било пронајдено во крвта на повреденото дете од Велес https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ne-se-sekava-na-nishto-i-ne-zboruva-eve-shto-bilo-pronajdeno-vo-krvta-na-povredenoto-dete-od-veles/ Tue, 14 Feb 2023 16:07:47 +0000 https://republika.mk/?p=609007

Дванаесетгодишното дете пронајдено повредено на улица во Велес, на Детската клиника во Скопје е примено со фрактура на мандибулата или долната вилица, на ништо не се сеќава и не кажува никаква информација, изјави за МИА директорката на клиниката, Стојка Фуштиќ.

Од токсиколошката анализа, само дијазепам му е најдено во крвта. Уште истиот ден свеста се воспоставила, а други лекови не се најдени во крвта. Веројатно било без свест, првично е примено во Велес, а потоа, завчера, е донесено кај нас, појасни таа.

Во саботата околу 13 часот е пријавено дека во велешката Општа болница, со тешки телесни повреди, бил донесен малолетник, кој бил пронајден нa улицата „Алексо Демниевски“, информираше портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.

Тој додаде дека полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Портпаролката Елена Левкова Ќулумова, за МИА рече дека на Детското одделение во велешката болница во саботата било донесено дете, кое со тешки повреди било испратено на понатамошно лекување на скопските клиники.

The post Не се сеќава на ништо и не зборува: Еве што било пронајдено во крвта на повреденото дете од Велес appeared first on Република.

]]>

Дванаесетгодишното дете пронајдено повредено на улица во Велес, на Детската клиника во Скопје е примено со фрактура на мандибулата или долната вилица, на ништо не се сеќава и не кажува никаква информација, изјави за МИА директорката на клиниката, Стојка Фуштиќ. Од токсиколошката анализа, само дијазепам му е најдено во крвта. Уште истиот ден свеста се воспоставила, а други лекови не се најдени во крвта. Веројатно било без свест, првично е примено во Велес, а потоа, завчера, е донесено кај нас, појасни таа. Во саботата околу 13 часот е пријавено дека во велешката Општа болница, со тешки телесни повреди, бил донесен малолетник, кој бил пронајден нa улицата „Алексо Демниевски“, информираше портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев. Тој додаде дека полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Портпаролката Елена Левкова Ќулумова, за МИА рече дека на Детското одделение во велешката болница во саботата било донесено дете, кое со тешки повреди било испратено на понатамошно лекување на скопските клиники.

The post Не се сеќава на ништо и не зборува: Еве што било пронајдено во крвта на повреденото дете од Велес appeared first on Република.

]]>