Пресвета Макрина Archives - Република https://republika.mk/tema/presveta-makrina/ За подобро да се разбереме Tue, 01 Aug 2023 13:05:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Пресвета Макрина Archives - Република https://republika.mk/tema/presveta-makrina/ 32 32 Денеска ја славиме Преподобна Макрина, се верува дека ги штити жените https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/deneska-ja-slavime-prepodobna-makrina-se-veruva-deka-gi-shtiti-zhenite/ Tue, 01 Aug 2023 13:05:48 +0000 https://republika.mk/?p=667661

Најстарата сестра на Св. Василиј Велики и Св. Григориј Ниски. Како девица рано ја свршија за некој благороден младич. Но кога ? умре свршеникот, Макрина се заветува никогаш да не стапи во брак, говорејќи: „Не е право девојката верена за еден вереник да оди кај друг; според природниот закон сопружништвото треба да биде едно како што е едно раѓањето и една смртта“. Уште го оправдуваше таа ова со верата во Воскресението, сметајќи го својот вереник не за мртов, туку за жив во Бога. „Грев и срамота е“, велеше, „сопругата да не ја сочува верноста кон сопругот кога тој ќе појде во некоја далечна и непозната земја“. Потоа заедно со нејзината мајка Емилија примија монаштво во еден девствен манастир, каде што се подвизуваа со други монахињи. Живееја од трудот на своите раце, а поголемиот дел од времето го посветуваа на богомислие, молитва и непрестајно воздигнување на умот кон Бога. По некое време мајка ? умре, а потоа и брат ? Василиј. Деветтиот месец по смртта на Василиј дојде да ја посети Григориј, но ја најде на смртна постела. Пред смртта Макрина Му вознесе молитва на Бога: „Ти Господи ги упокојуваш нашите тела со сон смртен на некое време, но после повторно ќе ги разбудиш со последната труба. Прости ми и дај ми кога мојата душа ќе ја соблече нејзината телесна облека да застане пред Тебе непорочна и без грев и да биде како темјан пред Тебе.“ Потоа со раката си направи крсен знак на челото, на очите, на лицето, на срцето и издивна. Се упокои во Господ во 379 година.

Обратете и се со овие зборови:
Бог им се противи на горделивите, о блажена Макрино, а на смирените им дарува благодат, исцелувајќи ја душата и болестите телесни, тебе на која ? беше откриена тајната на привремената смрт, ангелски времениот живот го помина, и сега имајќи слобода пред Христа, моли се за спасение на оние што го празнуваат твојот свет спомен.

The post Денеска ја славиме Преподобна Макрина, се верува дека ги штити жените appeared first on Република.

]]>

Најстарата сестра на Св. Василиј Велики и Св. Григориј Ниски. Како девица рано ја свршија за некој благороден младич. Но кога ? умре свршеникот, Макрина се заветува никогаш да не стапи во брак, говорејќи: „Не е право девојката верена за еден вереник да оди кај друг; според природниот закон сопружништвото треба да биде едно како што е едно раѓањето и една смртта“. Уште го оправдуваше таа ова со верата во Воскресението, сметајќи го својот вереник не за мртов, туку за жив во Бога. „Грев и срамота е“, велеше, „сопругата да не ја сочува верноста кон сопругот кога тој ќе појде во некоја далечна и непозната земја“. Потоа заедно со нејзината мајка Емилија примија монаштво во еден девствен манастир, каде што се подвизуваа со други монахињи. Живееја од трудот на своите раце, а поголемиот дел од времето го посветуваа на богомислие, молитва и непрестајно воздигнување на умот кон Бога. По некое време мајка ? умре, а потоа и брат ? Василиј. Деветтиот месец по смртта на Василиј дојде да ја посети Григориј, но ја најде на смртна постела. Пред смртта Макрина Му вознесе молитва на Бога: „Ти Господи ги упокојуваш нашите тела со сон смртен на некое време, но после повторно ќе ги разбудиш со последната труба. Прости ми и дај ми кога мојата душа ќе ја соблече нејзината телесна облека да застане пред Тебе непорочна и без грев и да биде како темјан пред Тебе.“ Потоа со раката си направи крсен знак на челото, на очите, на лицето, на срцето и издивна. Се упокои во Господ во 379 година. Обратете и се со овие зборови: Бог им се противи на горделивите, о блажена Макрино, а на смирените им дарува благодат, исцелувајќи ја душата и болестите телесни, тебе на која ? беше откриена тајната на привремената смрт, ангелски времениот живот го помина, и сега имајќи слобода пред Христа, моли се за спасение на оние што го празнуваат твојот свет спомен.

The post Денеска ја славиме Преподобна Макрина, се верува дека ги штити жените appeared first on Република.

]]>