Пресвета Богородица Archives - Република https://republika.mk/tema/presveta-bogorodica/ За подобро да се разбереме Sun, 13 Oct 2024 14:49:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Пресвета Богородица Archives - Република https://republika.mk/tema/presveta-bogorodica/ 32 32 Утре славиме битен празник за жените, еве кои се обичаите ако сте сингл, омажена, сакате деца… https://republika.mk/zivot/servisi/utre-slavime-biten-praznik-za-zhenite-eve-koi-se-obichaite-ako-ste-singl-omazhena-sakate-detsa/ Sun, 13 Oct 2024 15:16:45 +0000 https://republika.mk/?p=826167

Православните верници утре го одбележуваат празникот Покров на Пресвета Богородица како спомен на случката кога Богородица се јави меѓу народот собран за молитва, за време на богослужба. Празникот е познат под името Покров, Богородични покров и Женски празник.

Празникот е посветен на нејзиното покривање, покритието, кое таа го рашири над христијаните. Се верува дека Богородица сè уште ја држи оваа плаштеница над нас и нè штити од злото.

Се верува дека на овој голем празник на жените ќе им се исполнат сите желби - ако се кажани со чиста вера.

Ако девојка сака среќно да се омажи, треба да оди во црква и да се помоли пред иконата Пресвета Богородица. Треба да донесе крпа, која ќе ја донира во црквата и да се моли Богородица да ѝ ги прекрсти патиштата со идниот младоженец.

Омажените на овој ден купуваат хризантеми, ги ставаат пред врата за да привлечат среќа, љубов и семејна благосостојба.

Тие кои немаат деца на овој ден се молат да добијат.

Доколку во ваша близина има млад брачен пар, кој според вас имаат идеален брак, би било добро да разговарате со нив на овој ден за тоа што е потребно за среќен брак.

 

The post Утре славиме битен празник за жените, еве кои се обичаите ако сте сингл, омажена, сакате деца… appeared first on Република.

]]>

Православните верници утре го одбележуваат празникот Покров на Пресвета Богородица како спомен на случката кога Богородица се јави меѓу народот собран за молитва, за време на богослужба. Празникот е познат под името Покров, Богородични покров и Женски празник. Празникот е посветен на нејзиното покривање, покритието, кое таа го рашири над христијаните. Се верува дека Богородица сè уште ја држи оваа плаштеница над нас и нè штити од злото. Се верува дека на овој голем празник на жените ќе им се исполнат сите желби - ако се кажани со чиста вера. Ако девојка сака среќно да се омажи, треба да оди во црква и да се помоли пред иконата Пресвета Богородица. Треба да донесе крпа, која ќе ја донира во црквата и да се моли Богородица да ѝ ги прекрсти патиштата со идниот младоженец. Омажените на овој ден купуваат хризантеми, ги ставаат пред врата за да привлечат среќа, љубов и семејна благосостојба. Тие кои немаат деца на овој ден се молат да добијат. Доколку во ваша близина има млад брачен пар, кој според вас имаат идеален брак, би било добро да разговарате со нив на овој ден за тоа што е потребно за среќен брак.  

The post Утре славиме битен празник за жените, еве кои се обичаите ако сте сингл, омажена, сакате деца… appeared first on Република.

]]>
Што возат монасите од Света Гора https://republika.mk/vesti/balkan/shto-vozat-monasite-od-sveta-gora/ Fri, 20 Sep 2024 17:19:24 +0000 https://republika.mk/?p=818284

Монаси од Света Гора, поточно oд српскиот манастир Хиландер дојдоа во Скопје да ја донесат иконата на Пресвета Богородица -„Троеручица“ .Оваа реликвија има непроценлива вредност па затоа кај нас дојде копија од иконата која ќе остане во нашиот храм во центарот на градот.

Неколкумина српски монаси пристигнаа пред храмот со полициска придружба со џип „Волво“ со специјални регистарски ознаки од Света Гора.

Присутните им бакнуваа рака и се воодушевуваа. Кога иконата пристигна пред храмот беше дочекана од наши свештеници кои ја внесоа во црквата.

https://republika.mk/vesti/skopje/vernitsite-se-turkaa-da-ja-doprat-i-baknat-ikonata-na-bogoroditsa-od-sveta-gora/

 

The post Што возат монасите од Света Гора appeared first on Република.

]]>

Монаси од Света Гора, поточно oд српскиот манастир Хиландер дојдоа во Скопје да ја донесат иконата на Пресвета Богородица -„Троеручица“ .Оваа реликвија има непроценлива вредност па затоа кај нас дојде копија од иконата која ќе остане во нашиот храм во центарот на градот. Неколкумина српски монаси пристигнаа пред храмот со полициска придружба со џип „Волво“ со специјални регистарски ознаки од Света Гора. Присутните им бакнуваа рака и се воодушевуваа. Кога иконата пристигна пред храмот беше дочекана од наши свештеници кои ја внесоа во црквата. https://republika.mk/vesti/skopje/vernitsite-se-turkaa-da-ja-doprat-i-baknat-ikonata-na-bogoroditsa-od-sveta-gora/  

The post Што возат монасите од Света Гора appeared first on Република.

]]>
Богородица -Троеручица, икона од Света Гора пристигнува во Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/bogoroditsa-troeruchitsa-ikona-od-sveta-gora-pristignuva-vo-skopje/ Fri, 20 Sep 2024 05:54:12 +0000 https://republika.mk/?p=818001

Во навечерието на празникот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје денеска ќе биде донесена икона на Пресвета Богородица -„Троеручица“ од светогорскиот манастир Хиландар. Свечениот пречек на иконата ќе биде во 17:00 часот пред храмот „Рождество на Пресвета Богородица“. Потоа ќе следи празнична Вечерна богослужба, по што ќе се изврши литија со иконата низ центарот на Скопје, информираат од Канцеларијата на Скопска епархија на МПЦ-ОА.

В сабота, на 21 септември ќе се отслужи света архијерејска Литургија, на која ќе началствува Неговото блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на архијереи и свештенослужители на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија и гости.

Икона Богородична Троеручица

Оваа света и чудотворна икона на Пресвета Богородица најпрвин му припаѓаше на свети Јован Дамаскин, кој живееше во VIII век по Христа. Во тоа време, Дамаск беше дел од исламската држава – Омејадскиот калифат, а Јован беше службеник кај калифот. Кога во соседното христијанско Источно римско царство се појави ереста на иконоборството, тогаш светиот Јован Дамаскин се покажа ревносен заштитник на светите икони.

Заради тоа, безбожниот иконоборен цар Лав III Исавријанец го наклевети Јована пред Калифот за божемно ковање завера против калифот, заради што на Јован како казна му беше отсечена десната рака. Но, Јован измоли од калифот да му ја дадат отсечената рака, и, откако ја доби, се молеше пред оваа икона на Пресветата Богомајка за исцеление. Молејќи се долго пред иконата, Јован заспа пред неа. На сон му се јави Богомајката и му ја врати отсечената рака на нејзиното место, оставајќи само видлива лузна на кожата, на местото каде што беше пресечена, како сведоштво за чудото. Од благодарност за исцелението, светиот Дамаскин направи рака (поточно дланка) од сребро и ја додаде на иконата, која од тогаш е наречена „Троеручица“ (или „Трирачица“).

Кога го виде тоа, калифот сфати дека Јован бил лажно обвинет и сакаше да го задржи на претходното место каде што службуваше, но Јован одбра да замине во манастир и отиде во лаврата на свети Сава Освештен, помеѓу Ерусалим и Мртвото море, каде што се замонаши, а со себе постојано ја имаше оваа чудотворна икона на Пречистата Богомајка. Светиот Сава Освештен им имаше оставено завет на своите монаси, неговиот игуменски стап и неговата икона наречена „Млекопитателка“ (или „Млекохранителка“) монасите да му ја дадат на оној монах кој ќе дојде да се поклони во лаврата многу години после смртта на свети Сава Освештен, а кој ќе го носи истото име – Сава, и при чие доаѓање ќе се придвижи игуменскиот стап. Пред својата смрт, светиот Јован Дамаскин кон овој завет ја приложи и иконата Троеручица да биде предадена заедно со останатите работи.

Очекуваното знамение се случи во XIII век, кога во лаврата дојде свети Сава, првиот Српски архиепископ, и при неговото доаѓање се придвижи игуменскиот стап на светиот Сава Освештен. Така, свети Сава во Србија ги донесе двете икони и игуменскиот стап. Од тогаш иконата Троеручица се чуваше во дворецот на Српските владетели.

Кога Српскиот цар Душан беше крунисан во Скопје, се смета дека и иконата Троеручица беше донесена во Скопје, каде што остана до крајот на XIV век, кога беше пренесена во манастирот Студеница, во централна Србија.

Во XV век, овој манастир стана мета на нападите на турските освојувачи, па монасите се решија оваа икона да ја заштитат со тоа што ќе ја препуштат на Божјата волја. Ја ставија на едно магаре и го оставија само да оди. Магарето го помина целиот пат преку Србија и Македонија и стигна до Света Гора, пред манастирот Хиландар. Хиландарските монаси со радост ја дочекаа иконата и свечено ја внесоа во манастирскиот соборен храм на Воведението Богородично.

Подоцна, кога во Хиландар настана спор околу изборот на игумен, светата Икона Троеручица самата на чудесен начин дојде на игуменскиот трон. Отците, мислејќи дека некој таму ја донел, ја вратија во олтар, но ова се повторуваше трипати, и тие сфатија дека е тоа е волјата на самата Пресвета Богородица, па ја оставија на игуменското место, каде што стои до ден денес. Таа се смета за игуманија Хиландарска, и не се бираат други игумени, туку само проигумени (односно заменици). И денес, сите монаси од иконата земаат благослов за сите служби и за сите работи во манастирот.

Не се знае каде точно се наоѓала иконата кога била во Скопје. Истражувачите се согласуваат дека била во црква посветена на Пресвета Богородица, а некои таа црква ја именуваат како „Пресвета Богородица – Троеручица“. Каде точно се наоѓала таа црква, не е познато. Постојат повеќе теории: една – дека црквата била на самото Кале, втората – дека била помеѓу калето и реката Серава, некаде во денешната чаршија, третата – дека била токму на местото каде што денес се наоѓа храмот „Рождество Богородично“, а не е исклучено храмот да бил на сосема четврто место. Но, она што е сигурно е дека тој храм бил соборен храм на градот Скопје и дека Пречистата Богородица се сметала заштитничка на градот.

The post Богородица -Троеручица, икона од Света Гора пристигнува во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во навечерието на празникот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје денеска ќе биде донесена икона на Пресвета Богородица -„Троеручица“ од светогорскиот манастир Хиландар. Свечениот пречек на иконата ќе биде во 17:00 часот пред храмот „Рождество на Пресвета Богородица“. Потоа ќе следи празнична Вечерна богослужба, по што ќе се изврши литија со иконата низ центарот на Скопје, информираат од Канцеларијата на Скопска епархија на МПЦ-ОА. В сабота, на 21 септември ќе се отслужи света архијерејска Литургија, на која ќе началствува Неговото блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на архијереи и свештенослужители на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија и гости. Икона Богородична Троеручица Оваа света и чудотворна икона на Пресвета Богородица најпрвин му припаѓаше на свети Јован Дамаскин, кој живееше во VIII век по Христа. Во тоа време, Дамаск беше дел од исламската држава – Омејадскиот калифат, а Јован беше службеник кај калифот. Кога во соседното христијанско Источно римско царство се појави ереста на иконоборството, тогаш светиот Јован Дамаскин се покажа ревносен заштитник на светите икони. Заради тоа, безбожниот иконоборен цар Лав III Исавријанец го наклевети Јована пред Калифот за божемно ковање завера против калифот, заради што на Јован како казна му беше отсечена десната рака. Но, Јован измоли од калифот да му ја дадат отсечената рака, и, откако ја доби, се молеше пред оваа икона на Пресветата Богомајка за исцеление. Молејќи се долго пред иконата, Јован заспа пред неа. На сон му се јави Богомајката и му ја врати отсечената рака на нејзиното место, оставајќи само видлива лузна на кожата, на местото каде што беше пресечена, како сведоштво за чудото. Од благодарност за исцелението, светиот Дамаскин направи рака (поточно дланка) од сребро и ја додаде на иконата, која од тогаш е наречена „Троеручица“ (или „Трирачица“). Кога го виде тоа, калифот сфати дека Јован бил лажно обвинет и сакаше да го задржи на претходното место каде што службуваше, но Јован одбра да замине во манастир и отиде во лаврата на свети Сава Освештен, помеѓу Ерусалим и Мртвото море, каде што се замонаши, а со себе постојано ја имаше оваа чудотворна икона на Пречистата Богомајка. Светиот Сава Освештен им имаше оставено завет на своите монаси, неговиот игуменски стап и неговата икона наречена „Млекопитателка“ (или „Млекохранителка“) монасите да му ја дадат на оној монах кој ќе дојде да се поклони во лаврата многу години после смртта на свети Сава Освештен, а кој ќе го носи истото име – Сава, и при чие доаѓање ќе се придвижи игуменскиот стап. Пред својата смрт, светиот Јован Дамаскин кон овој завет ја приложи и иконата Троеручица да биде предадена заедно со останатите работи. Очекуваното знамение се случи во XIII век, кога во лаврата дојде свети Сава, првиот Српски архиепископ, и при неговото доаѓање се придвижи игуменскиот стап на светиот Сава Освештен. Така, свети Сава во Србија ги донесе двете икони и игуменскиот стап. Од тогаш иконата Троеручица се чуваше во дворецот на Српските владетели. Кога Српскиот цар Душан беше крунисан во Скопје, се смета дека и иконата Троеручица беше донесена во Скопје, каде што остана до крајот на XIV век, кога беше пренесена во манастирот Студеница, во централна Србија. Во XV век, овој манастир стана мета на нападите на турските освојувачи, па монасите се решија оваа икона да ја заштитат со тоа што ќе ја препуштат на Божјата волја. Ја ставија на едно магаре и го оставија само да оди. Магарето го помина целиот пат преку Србија и Македонија и стигна до Света Гора, пред манастирот Хиландар. Хиландарските монаси со радост ја дочекаа иконата и свечено ја внесоа во манастирскиот соборен храм на Воведението Богородично. Подоцна, кога во Хиландар настана спор околу изборот на игумен, светата Икона Троеручица самата на чудесен начин дојде на игуменскиот трон. Отците, мислејќи дека некој таму ја донел, ја вратија во олтар, но ова се повторуваше трипати, и тие сфатија дека е тоа е волјата на самата Пресвета Богородица, па ја оставија на игуменското место, каде што стои до ден денес. Таа се смета за игуманија Хиландарска, и не се бираат други игумени, туку само проигумени (односно заменици). И денес, сите монаси од иконата земаат благослов за сите служби и за сите работи во манастирот. Не се знае каде точно се наоѓала иконата кога била во Скопје. Истражувачите се согласуваат дека била во црква посветена на Пресвета Богородица, а некои таа црква ја именуваат како „Пресвета Богородица – Троеручица“. Каде точно се наоѓала таа црква, не е познато. Постојат повеќе теории: една – дека црквата била на самото Кале, втората – дека била помеѓу калето и реката Серава, некаде во денешната чаршија, третата – дека била токму на местото каде што денес се наоѓа храмот „Рождество Богородично“, а не е исклучено храмот да бил на сосема четврто место. Но, она што е сигурно е дека тој храм бил соборен храм на градот Скопје и дека Пречистата Богородица се сметала заштитничка на градот.

The post Богородица -Троеручица, икона од Света Гора пристигнува во Скопје appeared first on Република.

]]>
Во манастирот Пречиста во Кичево ќе се одржи Чествувања за празникот Воведение на Пресвета Богородица https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-manastirot-prechista-vo-kichevo-ke-se-odrzhi-chestvuvana-za-praznikot-vovedenie-na-presveta-bogoroditsa/ Sat, 02 Dec 2023 10:13:47 +0000 https://republika.mk/?p=718607

Големиот празник Воведение на Пресвета Богородица - Пречиста, кој се смета за  еден од дванаесетте големи христијански празници, достојно ќе биде одбележан во манастирот Пречиста Кичевска.

Со особена радост ве покануваме на сеноќното молитвено бдение во Манастирот Пречиста Кичевска, по повод големиот празник Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста, што ќе започне во недела, на 3 декември, во 21 часот, информираат од Бигорскиот манастир.

На бдението молитвено ќе претстои Старецот Епископ Антаниски г. Партениј, кој ќе чинодејствува со Божествената Литургија на крајот од бдението.

Оваа година голема чест и благослов за нас ќе биде и присуството и молитвеното учество на Старецот на ќелијата на Света Ана во Кареја на Света Гора, сепреподобниот јеромонах Антипа, кој е мошне познат духовник и проповедник, одличен познавач на православната теологија и еклисиологија. Тој ќе допатува со браќа монаси, коишто со своите светогорски напеви ќе го збогатат празничното бдение, додаваат од манастирот.

Отец Антипа во недела, со почеток во 8:30 ч. ќе богослужи Света Литургија, на која молитвено ќе присуствува и Преосветениот Епископ г. Партениј.

Манастирот „Св. Богородица Пречиста“ во Кичево или Пречиста Кичевска е женски манастир, се наоѓа јужно од градот, во општина Другово на падините на планината Цоцан, на надморска височина од 920 метри.

Манастирот е познат и како Крнински манастир кој името го добил според селото Крнино, кое денес не постои. Според преданијата самиот Бог, го одредил местото за градба на манастирски комплекс. Локалните жители одлучиле да градат, па оставале икона да преноќи. Но утрото иконата ја немало, Бог ја преместувал над изворот, местото каде денес е лоциран манастирот, кој се градел четири години од 1316-та година до 1320-та година.

Низ историјата манастирот бил опожаруван трипати и повторно обновен. Денешниот велелепен храм изграден од камен, во прекрасната живописна природа, датира од 1848 година, а за неговото возобновување најголем придонес дале Мијаците од долнореканските села. Монашкиот живот се возобновен во 2016 година.

По традиција се очекува големо присуство на верници од поширокиот регион и други градови од државава.

The post Во манастирот Пречиста во Кичево ќе се одржи Чествувања за празникот Воведение на Пресвета Богородица appeared first on Република.

]]>

Големиот празник Воведение на Пресвета Богородица - Пречиста, кој се смета за  еден од дванаесетте големи христијански празници, достојно ќе биде одбележан во манастирот Пречиста Кичевска.
Со особена радост ве покануваме на сеноќното молитвено бдение во Манастирот Пречиста Кичевска, по повод големиот празник Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста, што ќе започне во недела, на 3 декември, во 21 часот, информираат од Бигорскиот манастир.
На бдението молитвено ќе претстои Старецот Епископ Антаниски г. Партениј, кој ќе чинодејствува со Божествената Литургија на крајот од бдението.
Оваа година голема чест и благослов за нас ќе биде и присуството и молитвеното учество на Старецот на ќелијата на Света Ана во Кареја на Света Гора, сепреподобниот јеромонах Антипа, кој е мошне познат духовник и проповедник, одличен познавач на православната теологија и еклисиологија. Тој ќе допатува со браќа монаси, коишто со своите светогорски напеви ќе го збогатат празничното бдение, додаваат од манастирот.
Отец Антипа во недела, со почеток во 8:30 ч. ќе богослужи Света Литургија, на која молитвено ќе присуствува и Преосветениот Епископ г. Партениј. Манастирот „Св. Богородица Пречиста“ во Кичево или Пречиста Кичевска е женски манастир, се наоѓа јужно од градот, во општина Другово на падините на планината Цоцан, на надморска височина од 920 метри. Манастирот е познат и како Крнински манастир кој името го добил според селото Крнино, кое денес не постои. Според преданијата самиот Бог, го одредил местото за градба на манастирски комплекс. Локалните жители одлучиле да градат, па оставале икона да преноќи. Но утрото иконата ја немало, Бог ја преместувал над изворот, местото каде денес е лоциран манастирот, кој се градел четири години од 1316-та година до 1320-та година. Низ историјата манастирот бил опожаруван трипати и повторно обновен. Денешниот велелепен храм изграден од камен, во прекрасната живописна природа, датира од 1848 година, а за неговото возобновување најголем придонес дале Мијаците од долнореканските села. Монашкиот живот се возобновен во 2016 година. По традиција се очекува големо присуство на верници од поширокиот регион и други градови од државава.

The post Во манастирот Пречиста во Кичево ќе се одржи Чествувања за празникот Воведение на Пресвета Богородица appeared first on Република.

]]>
Утре ќе се освети сечесниот храм на Мајката Божја во село Ростуше https://republika.mk/vesti/makedonija/utre-ke-se-osveti-sechesniot-hram-na-majkata-bozhja-vo-selo-rostushe/ Sat, 29 Jul 2023 09:43:01 +0000 https://republika.mk/?p=666563

Црквата посветена на Пресвета Богородица, во долнореканското село Ростуше, која е изградена со многу љубов и големи заложби на Бигорското братство, предводено од апископот Антаниски г. Партениј и на иницијативниот одбор од ова село, утре ќе биде осветена, а според програмата активностите почнуваат од вечерва.

Во сабота, 29 јули 2023 година, со почеток во 18 часот ќе се изврши Отворањето на Дверите на новоизградениот Храм на Пресвета Богородица во с. Ростуше. Во продолжение ќе биде отслужена голема празнична архиерејска Вечерна, на којашто ќе претстои игуменот на Свештената Бигорска Обител, Неговото Преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј. За време на Вечерната богослужба, за поклонение ќе бидат изложени Светите Мошти коишто ќе бидат вградени во Светата Трпеза, информираат од Бигорскиот манастир.

По Вечерната богослужба, со своја културно-музичка програма ќе настапи хорот „Митрополит Козма Пречистански“ од Кичево, кој ќе изведе традиционални византиски каланди.

Утре, 30 јули, со почеток во 9 часот, ќе биде извршено осветувањето на Храмот од страна на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Неговото Преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј. По осветувањето следува Божествена архиерејска Литургија, наведуваат од манастирот.

По историскиот чин на осветувањето и архиерејската Литургија со своја традиционална културно-уметничка програма ќе настапат составот „Чалгија мерак“, како и ансамблот „Македонија“.

По тој повод Свештената бигорска обител, со голема чест и радост ги поканува почитуваните верници, сите ростушани и пријатели на Река и на Мијачкиот крај, да присуствуваат на овој свет и значаен настан за овој крај.

Според историски извори, со сигурност се знае дека во ова долнореканското село суштествувал велелепен храм посветен на Пресвета Богородица, уште од византиско време, но бил разурнат и на негово место изграден друг објект.

Храмот е идејно обмислен од страна на владиката Партениј, изграден е од камен и од тули, во препознатливиот византиски стил опус микстум, и структурно наликува на старата црква што била на сред село, крстообразна, со голема купола на средината, со конхи од страните и со камбанарија над тремот.

The post Утре ќе се освети сечесниот храм на Мајката Божја во село Ростуше appeared first on Република.

]]>

Црквата посветена на Пресвета Богородица, во долнореканското село Ростуше, која е изградена со многу љубов и големи заложби на Бигорското братство, предводено од апископот Антаниски г. Партениј и на иницијативниот одбор од ова село, утре ќе биде осветена, а според програмата активностите почнуваат од вечерва.
Во сабота, 29 јули 2023 година, со почеток во 18 часот ќе се изврши Отворањето на Дверите на новоизградениот Храм на Пресвета Богородица во с. Ростуше. Во продолжение ќе биде отслужена голема празнична архиерејска Вечерна, на којашто ќе претстои игуменот на Свештената Бигорска Обител, Неговото Преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј. За време на Вечерната богослужба, за поклонение ќе бидат изложени Светите Мошти коишто ќе бидат вградени во Светата Трпеза, информираат од Бигорскиот манастир.
По Вечерната богослужба, со своја културно-музичка програма ќе настапи хорот „Митрополит Козма Пречистански“ од Кичево, кој ќе изведе традиционални византиски каланди.
Утре, 30 јули, со почеток во 9 часот, ќе биде извршено осветувањето на Храмот од страна на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Неговото Преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј. По осветувањето следува Божествена архиерејска Литургија, наведуваат од манастирот.
По историскиот чин на осветувањето и архиерејската Литургија со своја традиционална културно-уметничка програма ќе настапат составот „Чалгија мерак“, како и ансамблот „Македонија“. По тој повод Свештената бигорска обител, со голема чест и радост ги поканува почитуваните верници, сите ростушани и пријатели на Река и на Мијачкиот крај, да присуствуваат на овој свет и значаен настан за овој крај. Според историски извори, со сигурност се знае дека во ова долнореканското село суштествувал велелепен храм посветен на Пресвета Богородица, уште од византиско време, но бил разурнат и на негово место изграден друг објект. Храмот е идејно обмислен од страна на владиката Партениј, изграден е од камен и од тули, во препознатливиот византиски стил опус микстум, и структурно наликува на старата црква што била на сред село, крстообразна, со голема купола на средината, со конхи од страните и со камбанарија над тремот.

The post Утре ќе се освети сечесниот храм на Мајката Божја во село Ростуше appeared first on Република.

]]>
Доколку сакате деца, денеска е денот да кажете молитва: Го славиме Покровот на Пресвета Богородица https://republika.mk/zivot/servisi/dokolku-sakate-deca-deneska-e-denot-da-kazete-molitva-go-slavime-pokrovot-na-presveta-bogorodica/ Fri, 14 Oct 2022 07:00:43 +0000 https://republika.mk/?p=560875

Православните верници денеска го одбележуваат празникот Покров на Пресвета Богородица како спомен на случката кога Богородица се јави меѓу народот собран за молитва, за време на богослужба.

Настанот што го слави Црквата денес се случил на 1 октомври 911 година, на едно бдение во Богородичната влахернска црква во Цариград. Црквата била полна со народ. Меѓу народот бил и свети Андреј Јуродивиот со својот ученик Епифаниј. Во четири часот ноќта над народот се појавила Пресвета Богородица со распослан омофор со кој го покривала целиот народ. Била облечена во порфира и блескала со неискажлив сјај, опколена од апостолите и светителите. Гледајќи го јавувањето, свети Андреј му рекол на Епифаниј: “Ја гледаш ли, брате, царицата и господарката над се, како се моли за целиот свет?” Во чест на тоа јавување и се востанови овој празник. Но, овој празник е само потврда или симбол на славењето на Пресвета Богородица, како заштитничка на целиот православен народ, бидејќи нејзиното заштитништво се покажало многупати и пред овој настан. Тој е потврда, пред се, за нејзиното молитвено застапништво за нас луѓето пред престолот на Троичниот Бог.

Празникот е познат под името Покров, Богородични покров и Женски празник.

Го слават жените за полесно да раѓаат и одгледуваат деца. Тие кои немаат деца на овој ден се молат да добијат.

The post Доколку сакате деца, денеска е денот да кажете молитва: Го славиме Покровот на Пресвета Богородица appeared first on Република.

]]>

Православните верници денеска го одбележуваат празникот Покров на Пресвета Богородица како спомен на случката кога Богородица се јави меѓу народот собран за молитва, за време на богослужба. Настанот што го слави Црквата денес се случил на 1 октомври 911 година, на едно бдение во Богородичната влахернска црква во Цариград. Црквата била полна со народ. Меѓу народот бил и свети Андреј Јуродивиот со својот ученик Епифаниј. Во четири часот ноќта над народот се појавила Пресвета Богородица со распослан омофор со кој го покривала целиот народ. Била облечена во порфира и блескала со неискажлив сјај, опколена од апостолите и светителите. Гледајќи го јавувањето, свети Андреј му рекол на Епифаниј: “Ја гледаш ли, брате, царицата и господарката над се, како се моли за целиот свет?” Во чест на тоа јавување и се востанови овој празник. Но, овој празник е само потврда или симбол на славењето на Пресвета Богородица, како заштитничка на целиот православен народ, бидејќи нејзиното заштитништво се покажало многупати и пред овој настан. Тој е потврда, пред се, за нејзиното молитвено застапништво за нас луѓето пред престолот на Троичниот Бог. Празникот е познат под името Покров, Богородични покров и Женски празник. Го слават жените за полесно да раѓаат и одгледуваат деца. Тие кои немаат деца на овој ден се молат да добијат.

The post Доколку сакате деца, денеска е денот да кажете молитва: Го славиме Покровот на Пресвета Богородица appeared first on Република.

]]>
Со убава мисла станете и оваа молитва споменете – денеска е Втор ден Божик https://republika.mk/zivot/servisi/so-ubava-misla-stanete-i-ovaa-molitva-spomenete-deneska-e-vtor-den-bozik/ Sat, 08 Jan 2022 07:20:35 +0000 https://republika.mk/?p=441863

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 декември, Собор на Пресвета Богородица, а православните христијани го празнуваат Вториот ден од Божик.

Во Охрид од древноста беше устроено наспроти вториот ден на Божик вечерната да се служи само во црквата на Пресвета Богородица, наречена Челница. Целото свештенство со народот овде соборно Ја прославуваше Пречистата Божја Мајка.

Обичајот вели дека денес треба да се каже следната молитва за да владее мир во куќата цела година и сите да бидат здрави:

„Со твоето раѓање, Христе Боже, осветли ја светата светлина на спознанието Божјо, зашто во таа светлина оние што им служат на ѕвездите се научени да Ти се поклонуваат, Сонцето на правдата, и да Те спознаат од височините на истокот, Господи. слава Ти!“

Обичајот вели дека куќата денеска не се чисти бидејќи во православието Божиќ се слави три дена. А на третиот ден, 9 јануари, се празнува споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан.

The post Со убава мисла станете и оваа молитва споменете – денеска е Втор ден Божик appeared first on Република.

]]>

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 декември, Собор на Пресвета Богородица, а православните христијани го празнуваат Вториот ден од Божик. Во Охрид од древноста беше устроено наспроти вториот ден на Божик вечерната да се служи само во црквата на Пресвета Богородица, наречена Челница. Целото свештенство со народот овде соборно Ја прославуваше Пречистата Божја Мајка. Обичајот вели дека денес треба да се каже следната молитва за да владее мир во куќата цела година и сите да бидат здрави:
„Со твоето раѓање, Христе Боже, осветли ја светата светлина на спознанието Божјо, зашто во таа светлина оние што им служат на ѕвездите се научени да Ти се поклонуваат, Сонцето на правдата, и да Те спознаат од височините на истокот, Господи. слава Ти!“
Обичајот вели дека куќата денеска не се чисти бидејќи во православието Божиќ се слави три дена. А на третиот ден, 9 јануари, се празнува споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан.

The post Со убава мисла станете и оваа молитва споменете – денеска е Втор ден Божик appeared first on Република.

]]>