пресметки Archives - Република https://republika.mk/tema/presmetki/ За подобро да се разбереме Mon, 19 Feb 2024 17:35:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пресметки Archives - Република https://republika.mk/tema/presmetki/ 32 32 Оружени пресметки меѓу банди, апсења и заплена на кокаин во Брисел https://republika.mk/vesti/svet/oruzheni-presmetki-megu-bandi-apsena-i-zaplena-na-kokain-vo-brisel/ Mon, 19 Feb 2024 20:53:52 +0000 https://republika.mk/?p=745837

Оружените пресметки помеѓу банди и секојдневните полициски апсења и заплени на кокаин и крак стигнаа до срцето на Брисел, главниот град на Белгија и на Европската Унија.

– Се биеме со мафијашка организација – изјави Жан Спинет, градоначалник на општината Сен-Жил, каде што пресметките помеѓу бандите во средата кулминираа со убиство на еден маж.

Престрелка имало и претходниот ден, кога на неработен ден за училиштата по парковите и улиците имало многу деца.

Врската на Белгија со глобалната мрежа на наркотици е пристаништето Антверпен, кое е влезна порта за латиноамериканските кокаински картели. Нелегалната трговија цвета, наспроти полициските интервенции. Бриселското обвинителство речиси секој ден објавува информации за нови апсења и запленето количество дрога.

Во изминатата година пропорционално зачестила и продажбата на кокаин и крак низ бриселските улички, што ја зголемило нетрпеливоста помеѓу реонските банди за контрола на териториите. Во инциденти поврзани со дрога лани во Брисел биле убиени седум луѓе и 131 бил ранет. Федералната полиција издвоила една четвртина од своите капацитети за да одговори на случаите поврзани со наркобанди. Спинет повикува на засилување на меѓународната соработка заради борба против криминалните банди. Тој истакнува дека во Брисел е најсилно влијанието на криминалните групи од Албанија и од Марсеј.

– Убеден сум дека полицијата и правосудниот систем може да бидат успешни против овој проблем – изјави министерот за правда Пол ван Тигхелт.

Лани во Брисел бил уапсен наркобарон од Марсеј, по кој биле објавени две меѓународни потерници.

– Не зборуваме за мали реонски дилери ни за мали зделки. Проблемот треба да се решава кон главата, со демонтирање на мрежите и со побрзо гонење на криминалците за да се избегне чувството на неказнивост – вели градоначалникот на Сен-Жил.

Наспроти улиците со бутици, барови и ресторани, низ оваа општина има и многу сиромашни квартови. Локацијата близу до центарот на Брисел е згодна за дилерите. Жителите се жалат, се плашат и се лутат, бидејќи само неколку часа по престрелките дилерите се враќаат на своите позиции.

– Луѓето имаат впечаток дека не се прави ништо. Дилерите се враќаат за минута. Како за нив да нема казни, како да се сигурни од било што, како да ја провоцираат полицијата – вели Спинет.

Мажот во средата бил убиен на плоштад озлогласен како собиралиште на дилери и на зависници. Откако белгиските власти лани со низа операции го исчистија просторот околу железничката станица Миди, нелегалната трговија се префрлила во зоната Порт де Хал.

– Сѐ тргна наопаку за четири-пет месеци. Пред некој ден, тип се шприцаше покрај мојот дуќан. Друг влезе со крваво лице. На многумина им ги скршија излозите. Ова не се трпи – изјавил за Асошиетед прес сопственик на продавница во Сен-Жил.

The post Оружени пресметки меѓу банди, апсења и заплена на кокаин во Брисел appeared first on Република.

]]>

Оружените пресметки помеѓу банди и секојдневните полициски апсења и заплени на кокаин и крак стигнаа до срцето на Брисел, главниот град на Белгија и на Европската Унија.
– Се биеме со мафијашка организација – изјави Жан Спинет, градоначалник на општината Сен-Жил, каде што пресметките помеѓу бандите во средата кулминираа со убиство на еден маж.
Престрелка имало и претходниот ден, кога на неработен ден за училиштата по парковите и улиците имало многу деца.
Врската на Белгија со глобалната мрежа на наркотици е пристаништето Антверпен, кое е влезна порта за латиноамериканските кокаински картели. Нелегалната трговија цвета, наспроти полициските интервенции. Бриселското обвинителство речиси секој ден објавува информации за нови апсења и запленето количество дрога. Во изминатата година пропорционално зачестила и продажбата на кокаин и крак низ бриселските улички, што ја зголемило нетрпеливоста помеѓу реонските банди за контрола на териториите. Во инциденти поврзани со дрога лани во Брисел биле убиени седум луѓе и 131 бил ранет. Федералната полиција издвоила една четвртина од своите капацитети за да одговори на случаите поврзани со наркобанди. Спинет повикува на засилување на меѓународната соработка заради борба против криминалните банди. Тој истакнува дека во Брисел е најсилно влијанието на криминалните групи од Албанија и од Марсеј.
– Убеден сум дека полицијата и правосудниот систем може да бидат успешни против овој проблем – изјави министерот за правда Пол ван Тигхелт.
Лани во Брисел бил уапсен наркобарон од Марсеј, по кој биле објавени две меѓународни потерници.
– Не зборуваме за мали реонски дилери ни за мали зделки. Проблемот треба да се решава кон главата, со демонтирање на мрежите и со побрзо гонење на криминалците за да се избегне чувството на неказнивост – вели градоначалникот на Сен-Жил.
Наспроти улиците со бутици, барови и ресторани, низ оваа општина има и многу сиромашни квартови. Локацијата близу до центарот на Брисел е згодна за дилерите. Жителите се жалат, се плашат и се лутат, бидејќи само неколку часа по престрелките дилерите се враќаат на своите позиции.
– Луѓето имаат впечаток дека не се прави ништо. Дилерите се враќаат за минута. Како за нив да нема казни, како да се сигурни од било што, како да ја провоцираат полицијата – вели Спинет.
Мажот во средата бил убиен на плоштад озлогласен како собиралиште на дилери и на зависници. Откако белгиските власти лани со низа операции го исчистија просторот околу железничката станица Миди, нелегалната трговија се префрлила во зоната Порт де Хал.
– Сѐ тргна наопаку за четири-пет месеци. Пред некој ден, тип се шприцаше покрај мојот дуќан. Друг влезе со крваво лице. На многумина им ги скршија излозите. Ова не се трпи – изјавил за Асошиетед прес сопственик на продавница во Сен-Жил.

The post Оружени пресметки меѓу банди, апсења и заплена на кокаин во Брисел appeared first on Република.

]]>
Неколку часовна рафална пресметка кај Суботица меѓу криумчари на мигранти, полицијата со апел граѓаните да останат дома https://republika.mk/vesti/balkan/nekolku-chasovna-rafalna-presmetka-kaj-subotitsa-megu-kriumchari-na-migranti-politsijata-so-apel-graganite-da-ostanat-doma/ Sat, 17 Jun 2023 15:50:19 +0000 https://republika.mk/?p=652493

Во близина на Суботица денеска неколку часа се слушаа рафали од огнено оружје, а вознемирени граѓани пишуваат дека пукањето се случило во шума. Се сомневаат дека се работи за пресметка меѓу мигранти. Повредени се две лица кои не се државјани на Србија, објавија српските медиуми.

Околу 13 часот дошло до конфликт меѓу две групи мигранти. Полицијата се сомнева дека се Авганистанци. За време на конфликтот било употребено огнено оружје, а полицијата е на терен.

Вознемирените граѓани пишуваат на социјалните мрежи и ги известуваат своите сограѓани да внимаваат и да не излегуваат од домовите.

Престрелката се случила во Маково Шума, место каде претходно се судриле мигрантски групи.

 

The post Неколку часовна рафална пресметка кај Суботица меѓу криумчари на мигранти, полицијата со апел граѓаните да останат дома appeared first on Република.

]]>

Во близина на Суботица денеска неколку часа се слушаа рафали од огнено оружје, а вознемирени граѓани пишуваат дека пукањето се случило во шума. Се сомневаат дека се работи за пресметка меѓу мигранти. Повредени се две лица кои не се државјани на Србија, објавија српските медиуми. Околу 13 часот дошло до конфликт меѓу две групи мигранти. Полицијата се сомнева дека се Авганистанци. За време на конфликтот било употребено огнено оружје, а полицијата е на терен. Вознемирените граѓани пишуваат на социјалните мрежи и ги известуваат своите сограѓани да внимаваат и да не излегуваат од домовите. Престрелката се случила во Маково Шума, место каде претходно се судриле мигрантски групи.  

The post Неколку часовна рафална пресметка кај Суботица меѓу криумчари на мигранти, полицијата со апел граѓаните да останат дома appeared first on Република.

]]>
Владата ќе прави дополнителни пресметки за барањата на Синдикатот на УКИМ за поголеми плати https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-kje-pravi-dopolnitelni-presmetki-za-baranjata-na-sindikatot-na-ukim-za-pogolemi-plati/ Tue, 04 Oct 2022 10:38:59 +0000 https://republika.mk/?p=557191

Владата ќе прави дополнителни пресметки во врска со барањето на Сојузот на синдикатите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за зголемување на платите на професорите, бидејќи во периодот што следи ќе се носи Буџетот за следната година, изјави проф. д-р Ангел Ристов, претседател на Синдикатот на УКИМ по средбата со премиерот Димитар Ковачевски и министрите за финансии и за образование и наука, Фатмир Бесими и Јетон Шаќири која се одржа во владата.

Ристов ја оцени средбата како конструктивна, а за владините претставници посочи дека имаат политичка волја да излезат во пресрет на барањата на Синдикатот.

Средбата беше конструктивна. Ги изложивме нашите легитимни барања, аргументи. Од нивна страна беше укажано на многу тешката економска и финансиска состојба. На крајот заклучија дека постои од нивна страна политичка волја да излезат во пресрет на барањата на Синдикатот. Но, побараа малку време да направат одредени дополнителни пресметки зашто во периодот што доаѓа е донесувањето на Буџетот за новата година. Така што, во некое блиско време повторно ќе имаме средба на која ќе бидеме повикани и очекуваме, конечно, да биде позитивно одговорено на нашите барања. Затоа што ако државата не инвестира во високото образование и во науката, тогаш таа држава нема иднина“, рече Ристов.

Синдикатот на УКИМ бара надминување на исклучително тешката материјална состојба на вработените, бидејќи имаат најниски плати во регионот, обезбедување достоинствен живот на наставниот и ненаставниот кадар и развој на високото образование и науката. Барањата на Синдикатот се потпишување Колективен договор и постепено покачување на платите, по 25 проценти на годишно ниво, за по четири години да се достигне 100-процентно покачување.

Не се само платите, туку и науката, пристапот до бази, обезбедување литература, гостување во странство. Како вие ќе отидете со 650 евра во Лондон или во Париз, не можете да отидете ниту до Ниш на една конференција“, изјави Ристов одговарајќи на новинарски прашања.

The post Владата ќе прави дополнителни пресметки за барањата на Синдикатот на УКИМ за поголеми плати appeared first on Република.

]]>

Владата ќе прави дополнителни пресметки во врска со барањето на Сојузот на синдикатите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за зголемување на платите на професорите, бидејќи во периодот што следи ќе се носи Буџетот за следната година, изјави проф. д-р Ангел Ристов, претседател на Синдикатот на УКИМ по средбата со премиерот Димитар Ковачевски и министрите за финансии и за образование и наука, Фатмир Бесими и Јетон Шаќири која се одржа во владата. Ристов ја оцени средбата како конструктивна, а за владините претставници посочи дека имаат политичка волја да излезат во пресрет на барањата на Синдикатот.
Средбата беше конструктивна. Ги изложивме нашите легитимни барања, аргументи. Од нивна страна беше укажано на многу тешката економска и финансиска состојба. На крајот заклучија дека постои од нивна страна политичка волја да излезат во пресрет на барањата на Синдикатот. Но, побараа малку време да направат одредени дополнителни пресметки зашто во периодот што доаѓа е донесувањето на Буџетот за новата година. Така што, во некое блиско време повторно ќе имаме средба на која ќе бидеме повикани и очекуваме, конечно, да биде позитивно одговорено на нашите барања. Затоа што ако државата не инвестира во високото образование и во науката, тогаш таа држава нема иднина“, рече Ристов.
Синдикатот на УКИМ бара надминување на исклучително тешката материјална состојба на вработените, бидејќи имаат најниски плати во регионот, обезбедување достоинствен живот на наставниот и ненаставниот кадар и развој на високото образование и науката. Барањата на Синдикатот се потпишување Колективен договор и постепено покачување на платите, по 25 проценти на годишно ниво, за по четири години да се достигне 100-процентно покачување.
Не се само платите, туку и науката, пристапот до бази, обезбедување литература, гостување во странство. Како вие ќе отидете со 650 евра во Лондон или во Париз, не можете да отидете ниту до Ниш на една конференција“, изјави Ристов одговарајќи на новинарски прашања.

The post Владата ќе прави дополнителни пресметки за барањата на Синдикатот на УКИМ за поголеми плати appeared first on Република.

]]>
Познато e кога ќе го имаме пикот, ако денес имаме над 1.000 – тогаш колку заразени би имале на ден? https://republika.mk/zivot/zdravje/poznato-e-koga-kje-go-imame-pikot-ako-denes-imame-nad-1-000-togash-kolku-zarazeni-bi-imale-na-den/ Thu, 06 Jan 2022 14:59:34 +0000 https://republika.mk/?p=441330

Универзитетскиот професор Дејан Трајковски со неговите математичко статистички пресметки предвидува дека новиот бран предизвикан од омикрон сојот во земјава ќе го достигне врвот за еден месец. Иако заразата во моментот се шири со голема брзина, сепак не очекува поголема смртност од онаа во претходните бранови, ниту преполнување на болниците.

Бројот на заразени забрзано се зголемува, репродукциониот број е над 1, а за многу брзо во Македонија дневно ќе се регистрираат и над 1.000 позитивни на вирусот. Вакви се статистичките анализи на професорот од Техничкиот факултет во Битола, Дејан Трајковски, кој вели дека омикрон сојот е причината за брзото ширење на коронавирусот. Врвот на овој бран, според Трајковски, се очекува за еден месец, а бројот на позитивни случаи вели ќе биде поголем од капацитетите за тестирање

Очекувам за 10 до 15 дена да видиме над 1000 случаи, а вистинскито максимум не знаеме колкав ќе биде, затоа што е ограничен со бројот на тестирања. Во Македонија слабо се тестира, доколку се тестира како во некои европски држави, ние најверојатно би виделе и над 3.000. Но поради малиот број тестови прашање е дали дневно ќе има по 2.000 случаи. Тие максимални бројки ќе ги видиме на почетокот на февруари, вели Трајковски.

Иако, според Трајковски, заштитата на вакцините од заразување опаѓа, сепак се уште е висок процентот на нивна заштита од смртен исход. И покрај големата заразност, не очекува поголем број на починати од последици предизвикани од КОВИД-19, ниту пак преполнети болнички капацитети, затоа што омикрон дава полесна клиничка слика.

Со голема сигурност може да се предивиде дека нема да се преполнат болниците. Речиси сигурно нема да достигнеме 1500 хоспитализирани. Тука помага и скратеното време за затворање на случаите. Од омикрон сојот хоспитализираност трае од 3 до 5 дена. Така што дури и да имаме зголемен наплив на хоспитализирани случаите брз ќе се затвораат, вели Трајковски.

Сепак професорот Трајковски не може да прогнозира дали наскоро ќе има крај на пандемијата, затоа што вели не се знае дали во наредниот период ќе се појават мутации на вирусот кои ќе бидат отпорни на вакцините и прележаност. Но очекува дека ќе премине од пандемија во ендемија, со повремени пандемиски размери.

The post Познато e кога ќе го имаме пикот, ако денес имаме над 1.000 – тогаш колку заразени би имале на ден? appeared first on Република.

]]>

Универзитетскиот професор Дејан Трајковски со неговите математичко статистички пресметки предвидува дека новиот бран предизвикан од омикрон сојот во земјава ќе го достигне врвот за еден месец. Иако заразата во моментот се шири со голема брзина, сепак не очекува поголема смртност од онаа во претходните бранови, ниту преполнување на болниците. Бројот на заразени забрзано се зголемува, репродукциониот број е над 1, а за многу брзо во Македонија дневно ќе се регистрираат и над 1.000 позитивни на вирусот. Вакви се статистичките анализи на професорот од Техничкиот факултет во Битола, Дејан Трајковски, кој вели дека омикрон сојот е причината за брзото ширење на коронавирусот. Врвот на овој бран, според Трајковски, се очекува за еден месец, а бројот на позитивни случаи вели ќе биде поголем од капацитетите за тестирање
Очекувам за 10 до 15 дена да видиме над 1000 случаи, а вистинскито максимум не знаеме колкав ќе биде, затоа што е ограничен со бројот на тестирања. Во Македонија слабо се тестира, доколку се тестира како во некои европски држави, ние најверојатно би виделе и над 3.000. Но поради малиот број тестови прашање е дали дневно ќе има по 2.000 случаи. Тие максимални бројки ќе ги видиме на почетокот на февруари, вели Трајковски.
Иако, според Трајковски, заштитата на вакцините од заразување опаѓа, сепак се уште е висок процентот на нивна заштита од смртен исход. И покрај големата заразност, не очекува поголем број на починати од последици предизвикани од КОВИД-19, ниту пак преполнети болнички капацитети, затоа што омикрон дава полесна клиничка слика. Со голема сигурност може да се предивиде дека нема да се преполнат болниците. Речиси сигурно нема да достигнеме 1500 хоспитализирани. Тука помага и скратеното време за затворање на случаите. Од омикрон сојот хоспитализираност трае од 3 до 5 дена. Така што дури и да имаме зголемен наплив на хоспитализирани случаите брз ќе се затвораат, вели Трајковски. Сепак професорот Трајковски не може да прогнозира дали наскоро ќе има крај на пандемијата, затоа што вели не се знае дали во наредниот период ќе се појават мутации на вирусот кои ќе бидат отпорни на вакцините и прележаност. Но очекува дека ќе премине од пандемија во ендемија, со повремени пандемиски размери.

The post Познато e кога ќе го имаме пикот, ако денес имаме над 1.000 – тогаш колку заразени би имале на ден? appeared first on Република.

]]>