преселба Archives - Република https://republika.mk/tema/preselba/ За подобро да се разбереме Sat, 04 Nov 2023 12:02:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png преселба Archives - Република https://republika.mk/tema/preselba/ 32 32 Библиотеката „Кочо Рацин“ – Тетово започна со преселување во новите простории https://republika.mk/vesti/kultura/bibliotekata-kocho-ratsin-tetovo-zapochna-so-preseluvane-vo-novite-prostorii/ Sat, 04 Nov 2023 13:49:08 +0000 https://republika.mk/?p=698127

Библиотеката „Кочо Рацин“ – Тетово започна со преселување во новите простории, односно во предавалните на Факултетот за музичка уметност при Државниот универзитет во Тетово.

Оттаму вчера ги известија своите членови за процесот и ги замолија да ги вратат позајмените книги.

„Ве молиме сите кои имате зајмено библиотечен материјал а рокот на зајмување ви е во период од 06.11.2023 до 15.11.2023, книгите да ги вратите во Библиотеката или да го продолжите рокот на зајмување. Продолжување на рокот за зајмување можете да го направите преку апликацијата Мојата библиотека / mCOBISS или да се јавите на тел. 044-350-039“, соопштија од Библиотеката.

Тетовската библиотека располага со фонд од преку 80.000 наслови, а како што велат оттаму, регистрирани се над 5.000 редовни читатели.

Вработените и директорката на библиотеката ја сметаа за спорна одлуката за преселба од постојните простории во училници кои според нив покрај што не се доволно големи, не ги исполнуваат потребните услови за чување книги и се противеа на одлуката на Владата да ги напуштат просториите со цел да се отстапат на Делегацијата на Европската Унија за формирање на Европска куќа.

Министерството формираше Комисија која по проверката утврди дека просториите ги немаат условите за библиотека.

„По разните премерки дојдовме до заклучок дека она што треба да го направи е библиотеката во Тетово од постојните простории сега само да се помести во следната врата каде што ќе добие 80 односно до 100 метри квадратни плус во простор за цел нивен книжевен фонд. Простор којшто ние, бидејќи тие треба да го користат, ќе го реновираме, простор којшто ќе се осовремени, повторно ќе кажам се до нивно влегување до нивните нови простории во новиот објект по најсовремени стандарди“, рече министерката Бисера Костадиновска – Стојчевска на прес-конференција.

За ситуацијата се огласи и Делегацијата на ЕУ од каде кажаа дека се обврзале да помогнат при преселбата за да се осигураат дека ќе е непречена и дека библиотеката ќе може веднаш да продолжи со својата служба кон граѓаните.

The post Библиотеката „Кочо Рацин“ – Тетово започна со преселување во новите простории appeared first on Република.

]]>

Библиотеката „Кочо Рацин“ – Тетово започна со преселување во новите простории, односно во предавалните на Факултетот за музичка уметност при Државниот универзитет во Тетово. Оттаму вчера ги известија своите членови за процесот и ги замолија да ги вратат позајмените книги. „Ве молиме сите кои имате зајмено библиотечен материјал а рокот на зајмување ви е во период од 06.11.2023 до 15.11.2023, книгите да ги вратите во Библиотеката или да го продолжите рокот на зајмување. Продолжување на рокот за зајмување можете да го направите преку апликацијата Мојата библиотека / mCOBISS или да се јавите на тел. 044-350-039“, соопштија од Библиотеката. Тетовската библиотека располага со фонд од преку 80.000 наслови, а како што велат оттаму, регистрирани се над 5.000 редовни читатели. Вработените и директорката на библиотеката ја сметаа за спорна одлуката за преселба од постојните простории во училници кои според нив покрај што не се доволно големи, не ги исполнуваат потребните услови за чување книги и се противеа на одлуката на Владата да ги напуштат просториите со цел да се отстапат на Делегацијата на Европската Унија за формирање на Европска куќа. Министерството формираше Комисија која по проверката утврди дека просториите ги немаат условите за библиотека. „По разните премерки дојдовме до заклучок дека она што треба да го направи е библиотеката во Тетово од постојните простории сега само да се помести во следната врата каде што ќе добие 80 односно до 100 метри квадратни плус во простор за цел нивен книжевен фонд. Простор којшто ние, бидејќи тие треба да го користат, ќе го реновираме, простор којшто ќе се осовремени, повторно ќе кажам се до нивно влегување до нивните нови простории во новиот објект по најсовремени стандарди“, рече министерката Бисера Костадиновска – Стојчевска на прес-конференција. За ситуацијата се огласи и Делегацијата на ЕУ од каде кажаа дека се обврзале да помогнат при преселбата за да се осигураат дека ќе е непречена и дека библиотеката ќе може веднаш да продолжи со својата служба кон граѓаните.

The post Библиотеката „Кочо Рацин“ – Тетово започна со преселување во новите простории appeared first on Република.

]]>
Ковачевски се заканил: Ќе се селам во Америка https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-se-zakanil-ke-se-selam-vo-amerika/ Tue, 23 May 2023 17:10:52 +0000 https://republika.mk/?p=644065

Освен пред триесетина дена кога на средба со пратеничката група на СДСМ си дал оставка која подоцна под притисок на ДУИ ја повлекол премиерот Ковачевски уште најмалку еднаш во моменти на бес и немоќ се заканувал дека ќе си замине од премиерската позиција, пренесува Експрес.

Втората ситуација во која најавил оставка на шефот на владата му се случила лани во јули текот на протестите против Францускиот договор пред Собранието да донесе заклучок за прифаќање на документот кој ја стави Македонија во страшна ситуација во однос на Бугарија.

Тогаш на средба во кабинетот на спикерот на парламентот Талат Џафери биле собрани повеќе високи преставници на СДСМ, ДУИ и други членови на владеачката коалиција.

https://republika.mk/vesti/makedonija/pishman-premier-kovachevski-podnel-ostavka-pa-ja-povlekol/

Според извори во ДУИ кои имаат прецизни информации за средбата во еден момент во расправата за прифатливоста на Францускиот предлог и можноста за негови промени со цел тој да се прилагоди на очекувањата на македонците и ВМРО-ДПМНЕ Ковачевски станал и се заканил дека ќе ја напушти премиерската функција.

Ако ги прифатите промените на францускиот предлог кои што ги бара ВМРО-ДПМНЕ тогаш јас ќе си заминам од премиерската позиција и ќе се преселам во Америка каде што имам понуда за работа, изјавил нервозниот Ковачевски пред повеќе луѓе на состанокот на кој немало претставник на ВМРО-ДПМНЕ.

На оваа реакција предходела расправа во која Али Ахмети го прашал Бујар Османи дали сугестиите на опозицијата се прифатливи на што добил позитивен одговор.

По оценката на Османи вицепремиерот Артан Груби предложил да се прифатат предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за да може таканаречениот Француски предлог да биде прифатлив за сите во Македонија по што уставните измени ќе беа само техничко прашање.

Во тој момент Ковачевски станал и рекол дека ќе го напушти состанокот и владата и ќе замине да живее во САД.

Извор „Експрес.мк“

The post Ковачевски се заканил: Ќе се селам во Америка appeared first on Република.

]]>

Освен пред триесетина дена кога на средба со пратеничката група на СДСМ си дал оставка која подоцна под притисок на ДУИ ја повлекол премиерот Ковачевски уште најмалку еднаш во моменти на бес и немоќ се заканувал дека ќе си замине од премиерската позиција, пренесува Експрес. Втората ситуација во која најавил оставка на шефот на владата му се случила лани во јули текот на протестите против Францускиот договор пред Собранието да донесе заклучок за прифаќање на документот кој ја стави Македонија во страшна ситуација во однос на Бугарија. Тогаш на средба во кабинетот на спикерот на парламентот Талат Џафери биле собрани повеќе високи преставници на СДСМ, ДУИ и други членови на владеачката коалиција. https://republika.mk/vesti/makedonija/pishman-premier-kovachevski-podnel-ostavka-pa-ja-povlekol/ Според извори во ДУИ кои имаат прецизни информации за средбата во еден момент во расправата за прифатливоста на Францускиот предлог и можноста за негови промени со цел тој да се прилагоди на очекувањата на македонците и ВМРО-ДПМНЕ Ковачевски станал и се заканил дека ќе ја напушти премиерската функција.
Ако ги прифатите промените на францускиот предлог кои што ги бара ВМРО-ДПМНЕ тогаш јас ќе си заминам од премиерската позиција и ќе се преселам во Америка каде што имам понуда за работа, изјавил нервозниот Ковачевски пред повеќе луѓе на состанокот на кој немало претставник на ВМРО-ДПМНЕ.
На оваа реакција предходела расправа во која Али Ахмети го прашал Бујар Османи дали сугестиите на опозицијата се прифатливи на што добил позитивен одговор. По оценката на Османи вицепремиерот Артан Груби предложил да се прифатат предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за да може таканаречениот Француски предлог да биде прифатлив за сите во Македонија по што уставните измени ќе беа само техничко прашање. Во тој момент Ковачевски станал и рекол дека ќе го напушти состанокот и владата и ќе замине да живее во САД. Извор „Експрес.мк“

The post Ковачевски се заканил: Ќе се селам во Америка appeared first on Република.

]]>
Вера и Илија се вратија од град в село и пронајдоа мир во душата https://republika.mk/zivot/semejstvo/vera-i-ilija-se-vratija-od-grad-v-selo-i-pronajdoa-mir-vo-dushata/ Sun, 30 Oct 2022 15:36:08 +0000 https://republika.mk/?p=565054

Вера и Илија Велјанови решија да го напуштат живеењето во Неготино и се населија во кавадаречкото село Сопот. Поговорката „Фали село, живеј во град“ не важи за овие позитивни луѓе. На седум километри од Кавадарци и девет од Неготино, тие ја живеат својата селска бајка.

Да го одживеам остатокот од животот 

Се вратив од град во село да го одживеам остатокот од животот! Со овие зборови ме пречека деновиве Илија, кога ги посетив во нивниот своевиден рај.

Како дете во далечната 1960 година, моето семејство го напушти Сопот и се настани во Скопје, градот кој беше гладен за работници, а селата се празнеа. Се индустријализираше земјата. Се отвараа големи капацитети кои побаруваа многу работници. Јас бев ученик во основно училиште и почнав да се привикнувам на градскиот живот, кој морам да признаам тешко ми паѓаше. Меѓутоа со тек на времето децата побрзо се вклопуваме во новите средини. Преку игри со врсниците од маалото и заедничките посети во паркот, зоолошката градина, во кино, потоа и во театар и на концерти, животот ми беше исполнет, разновиден и го засакав Скопје, евоцираше спомени за МИА.

Дипломирал архитектонско градежен факултет и се вработил во Неготино. Се пензионирал пред десет години. По пензионирањето одлучил да се врати во родното село.

Со доза на задоволство, дека сум го дал мојот придонес кон заедницата и време е да го одживеам остатокот од животот во средина, каде што ќе најдам други активности кои беа одамна заборавени. Едноставно барав мир за душата! А во почетокот имав потешкотии да ја убедам сопругата дека во Сопот ќе ни биде поубаво, а Кавадарци и Неготино ни се на дофат и можеме во секој момент да одиме. Во село имаме поголем двор и услови за градина, живина, па и некоја коза. Се навикнавме на ваквиот живот многу полесно, отколку на промената од село во град. Стануваме рано и најпрво се прошетува во дворот, се дава храна на двете кучиња, па кокошките ќе се нахранат, козите исто така, па јајцата да се земат, козите да се измолзат, па градината да се ископа… И пресните производи да се стават на маса. Задоволството, верувале или не, е целосно. Домашен производ, еколошки чист, производство со сопствени раце, од своја градина, од своја стаја, од свој подрум. Во подрумот секогаш се наоѓа вино произведено од сопствени лозови насади од повеќе сорти на грозје. Секогаш во умерена физичка активност, со здрава еколошки произведена храна и користење пијалок на боговите, што друго да посака човек, кога го дал својот удел кон татковината и општеството, освен да го одживее остатокот од животот, онака како што нему најмногу му одговара и погодува, откри тој.

Избравме селски живот и не зажаливме

Мојот живот го живеев и го живеам измешан помеѓу раздвиженоста и хаосот во градска средина  и смиреноста и особеностите на шареноликоста на задоволства кои ги дава селото. Ова пак беа зборовите на неговата сопруга Вера. Родена во битолско, израсната во Битола и Скопје, правник по професија.

Паралелно со работата, а живеејќи во лозарски крај, го посадивме, првото лозје од три декари, наредната година уште два декара, на нивите од татко му. Лозјето ни беше за рекреација и за зголемување на домашниот буџет. По некоја година изградивме и сопствена куќа во Неготино. Условите за градба тогаш беа поволни, бидејќи банките одобруваа кредити под поволни услови. Тоа значеше дека ќе се врзиме за овој крај. И така стана. Кога човек ствара имот, потешки се преселбите. По 35 години работен стаж се пензионирав и Илија предложи да се настаниме во Сопот, а куќата да му ја преостапиме на синот. Тоа беше неприфатливо за мене. Навикната на живот во Битола и кратко во Скопје, се прилагодив во Неготино, да се селам во село Сопот?! Се противев, ама прифатив. Кога и децата ни се придружија, тогаш и животот на село, малку по малку, ми стана прифатлив, искрено проговори домаќинката.

Таа кажа дека е голем љубител на животни и нагласи дека тие што ги имаат во селото, им го прават животот интересен и исполнет.

Кога мајка ми Милица ми ја даде првата коза, иако ми беше мила, ме плашеше помислата, дали ќе можам да се справам околу исхраната, чистењето, молзењето и преработката на млекото во сирење, кисело млеко и урда. По телефон се јавував кај мајка ми и таа ме подучуваше и така малку по малку сега се специјализиравме и во оваа дејност. На сопругот и моето здравје се подобри со секојдневните активности околу грижата за имотот во дворот. Домашните производи ги користиме исклучиво за сопствена консумација. Денот ни е исполнет, а задоволството од постигнат резултат ни го јача духот. Ние го избравме овој селски живот и не зажаливме, децидна е Вера.

Сопружниците се осврнаа и на одлуката на синот Трајче и снаата Суза, исто така интелектуалци, кои, како и нив, му дале предност на селскиот, пред градскиот живот.

Нашиот наследник е дипломиран електро инженер, електро-енергетска насока. Побара работа во неколку компании што вработуваат од оваа струка. Беше спремен да прифати да работи и како работник во овие претпријатија. Сметаме дека не се создаде прилика да го искаже знаењето стекнато со студиите. Се обиде да работи преку сопствена фирма на работи според квалификацијата. Откако ги доби овластувањата за изведба на електротехнички инсталации, за проектирање и надзор над електро технички работи и го набави потребниот алат за работа, отпочна со работа. Меѓутоа, поради нелојалната конкуренција од вработени во јавни претпријатија и установи, патот кон успех беше попречуван и оневозможен и од тие причини, се посвети на работи во земјоделството. Производство на грозје, а потоа и производство на вино, регистрирана семејна винарија, беше неговиот избор за скромен живот на село, сподели Илија.

Снаата има завршено Педагошки факултет за предучилишно образование и воспитание.

Редовно се пријавуваше во Агенцијата за вработување. Од минатата година се регистрираше како земјоделец и егзистенција за неа и семејството ќе си обезбедува од земјоделска дејност. Сепак, свесни дека образованието е неопходно, издвојуваат од скромната заработка за да им обезбедат на нивните две деца, а наши внуци, пристојно образование, давајќи им можности за посетување на курсеви по странски јазици и музичко образование. За еден ден, со сопствен труд да заработуваат во татковината или во белиот свет. Најсладок е лебот заработен со сопствениот труд! И имотот, што самиот си го стекнал, најмногу е вреден и чуван! Бог е голем!!, додаде Вера.

Не изостанаа и пофалбите за внуците Илија и Филип. Тие имаат 13 и 9 години, но веќе се вклучени во работните обврски на семејството. Стекнуваат работни навики и учат за животот.

Бабата и дедото се категорични дека сите се среќни и задоволни од животот во село

Сопот е урбана населба со релативно добри услови за живот. Асфалирани се целосно улиците во селото, водоснабдувањето е решено преку регионалниот водовод „Лукар”. Користиме здрава планинска вода од изворите на планината Кожуф. Има канализациона мрежа и ми се чини секоја куќа е со бања и внатрешни тоалети. Електрификацијата е од далечните 50 години од минатиот век. Имаме достапност до интернет и кабелски телевизии. Организирано изнесување на комуналниот смет. И навиките на урбано живеење постепено се стекнуваат! Сопот има убава поврзаност со општинските центри Кавадарци и Неготино, рекоа  Велјанови, задржувајќи се сепак и на проблемите што ги носи животот на село. Но, како што истакнаа, тие се сепак помалку и помали, во однос на придобивките што ги носи селскиот живот.

Приказната за испијанетата коза

Вистинска селска идила владее на семејниот имот на Велјанови. Со оглед на тоа што станува збор за есен и гроздоберски крај, денови по гроздобер, во дворот главно опрема и алати за винопроизводство и печење ракија. Пчелите и осите наоколу, се доказ дека грозјето е благо и ќе има извонредни производи од гроздовите зрна. Но, тука се и ќумбињата за подготовка на домашна зимница. Има и дрва за огрев, велат скромните и гостопримливи луѓе, зимата слободно може да дојде.

Напред во дворот нова современа куќа проектирана од газдата, назад стара автентична селска куќа за која се планира да биде искористена во функција на развој на селски и вински туризам.

Го регистрирав и процесот на производство на шира од грозје, а нејзиниот вкус, ветува извонреден квалитет на божествената течност.

На едно место во големата дворна површина остатоци од пресувани гроздови зрна се сушат и се мелат во сопственото млинче, се додава јачмен и пченка во мелењето, па се добива концентрирана храна за петте кози, двата прча и едното јаре. Токму со пресно комиње е поврзана и интересната семејна анегдота.

Козата Белка легна како болна. Беше неподвижна и неконтактибилна. Не можеше да стои на нозе, не сакаше да јаде и да пие вода. Се обидуваше да крене глава, но не можеше. Се уплашивме и се загриживме, што бидна со козата. Направивме импровизирана носилка од штици и ја пренесовме во шталата. Постојано бевме загрижени за нејзината судбина  и околу полноќ станав да проверам како е животното. Бев изненаден кога ја видов исправена и како јаде сено од јаслите. Тогаш сфатив дека козата се одврзала и прејала од штотуку пресувано комиње од грозје. Додуше снаата имаше право кога уште претходно коментираше дека можеби стрвното животинче претерало со комиње па се опијанило, оти се однесувало како пијан човек. Кон ова се надоврза синот, потсетувајќи дека стануваше збор за 80 проценти исферментирано комиње со голем процент на алкохол. Како и да е, оттогаш сме повнимателни и не дозволуваме некое од животните да јаде свежо комиње. Или, како што се шегуваме, не дозволуваме да се пие на голо или на суво, како што  велат тиквешани кога се мајтапат. Се јаде само остатоци од комиње мешано со јачмен и пченка, па и ако има мал процент на алкохол, барем е со мезе,  знаеме да се насмееме, со ведрина се присети Илија.

Бидејќи првите две кози се подарок од мајката на Вера, едната од нив го носи нејзиното име, Мила. Другата е Белка, испијанетата коза. Тука се и Злата и Рошка. Токму со Белка се поврзани бројни згоди и незгоди.

Пролетта таа окози три јариња. Две бели како неа и едно темно како прчот. Белите веднаш ги засака и имаше мајчински инстинкт кон нив. Ги лижеше, им дозволуваше да цицаат. Третото го туркаше од себе и не му дозволуваше да се приближи. Моравме да обезбедиме шише со бебешка цуцла и ние да го храниме. Женско е, го крстивме Ѕвезда, оти има ѕвезда на челото. И погодено му е името, оти навистина е родено под среќна ѕвезда, иако несакано од мајката, најснаодливо е од сите и многу деца доаѓаат да го погалат, откри Вера.

Таа со насмевка раскажуваше и за бељите што ги правеле козите кога знаеле да се напасат од овошките или живата ограда.

Каква неправда, коментиравме со смеа кога дознавме дека во селото една коза се продава по цена од три до пет илјади денари, а прч, за девет илјади. Но, прчот печали, беше одговорот. Ех, ами и козата дава млеко, а од млекото се прави сирење и кашкавал, ама, тоа е таа судбина. Наздравивме со пресна шира и си посакавме пак да се сретнеме. Следен пат, здравје нека е, на летниковец под оревот, пред старата куќа.

Извор: МИА, Светлана Дарудова

The post Вера и Илија се вратија од град в село и пронајдоа мир во душата appeared first on Република.

]]>

Вера и Илија Велјанови решија да го напуштат живеењето во Неготино и се населија во кавадаречкото село Сопот. Поговорката „Фали село, живеј во град“ не важи за овие позитивни луѓе. На седум километри од Кавадарци и девет од Неготино, тие ја живеат својата селска бајка.

Да го одживеам остатокот од животот 

Се вратив од град во село да го одживеам остатокот од животот! Со овие зборови ме пречека деновиве Илија, кога ги посетив во нивниот своевиден рај. Како дете во далечната 1960 година, моето семејство го напушти Сопот и се настани во Скопје, градот кој беше гладен за работници, а селата се празнеа. Се индустријализираше земјата. Се отвараа големи капацитети кои побаруваа многу работници. Јас бев ученик во основно училиште и почнав да се привикнувам на градскиот живот, кој морам да признаам тешко ми паѓаше. Меѓутоа со тек на времето децата побрзо се вклопуваме во новите средини. Преку игри со врсниците од маалото и заедничките посети во паркот, зоолошката градина, во кино, потоа и во театар и на концерти, животот ми беше исполнет, разновиден и го засакав Скопје, евоцираше спомени за МИА. Дипломирал архитектонско градежен факултет и се вработил во Неготино. Се пензионирал пред десет години. По пензионирањето одлучил да се врати во родното село.
Со доза на задоволство, дека сум го дал мојот придонес кон заедницата и време е да го одживеам остатокот од животот во средина, каде што ќе најдам други активности кои беа одамна заборавени. Едноставно барав мир за душата! А во почетокот имав потешкотии да ја убедам сопругата дека во Сопот ќе ни биде поубаво, а Кавадарци и Неготино ни се на дофат и можеме во секој момент да одиме. Во село имаме поголем двор и услови за градина, живина, па и некоја коза. Се навикнавме на ваквиот живот многу полесно, отколку на промената од село во град. Стануваме рано и најпрво се прошетува во дворот, се дава храна на двете кучиња, па кокошките ќе се нахранат, козите исто така, па јајцата да се земат, козите да се измолзат, па градината да се ископа… И пресните производи да се стават на маса. Задоволството, верувале или не, е целосно. Домашен производ, еколошки чист, производство со сопствени раце, од своја градина, од своја стаја, од свој подрум. Во подрумот секогаш се наоѓа вино произведено од сопствени лозови насади од повеќе сорти на грозје. Секогаш во умерена физичка активност, со здрава еколошки произведена храна и користење пијалок на боговите, што друго да посака човек, кога го дал својот удел кон татковината и општеството, освен да го одживее остатокот од животот, онака како што нему најмногу му одговара и погодува, откри тој.

Избравме селски живот и не зажаливме

Мојот живот го живеев и го живеам измешан помеѓу раздвиженоста и хаосот во градска средина  и смиреноста и особеностите на шареноликоста на задоволства кои ги дава селото. Ова пак беа зборовите на неговата сопруга Вера. Родена во битолско, израсната во Битола и Скопје, правник по професија.
Паралелно со работата, а живеејќи во лозарски крај, го посадивме, првото лозје од три декари, наредната година уште два декара, на нивите од татко му. Лозјето ни беше за рекреација и за зголемување на домашниот буџет. По некоја година изградивме и сопствена куќа во Неготино. Условите за градба тогаш беа поволни, бидејќи банките одобруваа кредити под поволни услови. Тоа значеше дека ќе се врзиме за овој крај. И така стана. Кога човек ствара имот, потешки се преселбите. По 35 години работен стаж се пензионирав и Илија предложи да се настаниме во Сопот, а куќата да му ја преостапиме на синот. Тоа беше неприфатливо за мене. Навикната на живот во Битола и кратко во Скопје, се прилагодив во Неготино, да се селам во село Сопот?! Се противев, ама прифатив. Кога и децата ни се придружија, тогаш и животот на село, малку по малку, ми стана прифатлив, искрено проговори домаќинката.
Таа кажа дека е голем љубител на животни и нагласи дека тие што ги имаат во селото, им го прават животот интересен и исполнет.
Кога мајка ми Милица ми ја даде првата коза, иако ми беше мила, ме плашеше помислата, дали ќе можам да се справам околу исхраната, чистењето, молзењето и преработката на млекото во сирење, кисело млеко и урда. По телефон се јавував кај мајка ми и таа ме подучуваше и така малку по малку сега се специјализиравме и во оваа дејност. На сопругот и моето здравје се подобри со секојдневните активности околу грижата за имотот во дворот. Домашните производи ги користиме исклучиво за сопствена консумација. Денот ни е исполнет, а задоволството од постигнат резултат ни го јача духот. Ние го избравме овој селски живот и не зажаливме, децидна е Вера.
Сопружниците се осврнаа и на одлуката на синот Трајче и снаата Суза, исто така интелектуалци, кои, како и нив, му дале предност на селскиот, пред градскиот живот.
Нашиот наследник е дипломиран електро инженер, електро-енергетска насока. Побара работа во неколку компании што вработуваат од оваа струка. Беше спремен да прифати да работи и како работник во овие претпријатија. Сметаме дека не се создаде прилика да го искаже знаењето стекнато со студиите. Се обиде да работи преку сопствена фирма на работи според квалификацијата. Откако ги доби овластувањата за изведба на електротехнички инсталации, за проектирање и надзор над електро технички работи и го набави потребниот алат за работа, отпочна со работа. Меѓутоа, поради нелојалната конкуренција од вработени во јавни претпријатија и установи, патот кон успех беше попречуван и оневозможен и од тие причини, се посвети на работи во земјоделството. Производство на грозје, а потоа и производство на вино, регистрирана семејна винарија, беше неговиот избор за скромен живот на село, сподели Илија.
Снаата има завршено Педагошки факултет за предучилишно образование и воспитание.
Редовно се пријавуваше во Агенцијата за вработување. Од минатата година се регистрираше како земјоделец и егзистенција за неа и семејството ќе си обезбедува од земјоделска дејност. Сепак, свесни дека образованието е неопходно, издвојуваат од скромната заработка за да им обезбедат на нивните две деца, а наши внуци, пристојно образование, давајќи им можности за посетување на курсеви по странски јазици и музичко образование. За еден ден, со сопствен труд да заработуваат во татковината или во белиот свет. Најсладок е лебот заработен со сопствениот труд! И имотот, што самиот си го стекнал, најмногу е вреден и чуван! Бог е голем!!, додаде Вера.
Не изостанаа и пофалбите за внуците Илија и Филип. Тие имаат 13 и 9 години, но веќе се вклучени во работните обврски на семејството. Стекнуваат работни навики и учат за животот.

Бабата и дедото се категорични дека сите се среќни и задоволни од животот во село

Сопот е урбана населба со релативно добри услови за живот. Асфалирани се целосно улиците во селото, водоснабдувањето е решено преку регионалниот водовод „Лукар”. Користиме здрава планинска вода од изворите на планината Кожуф. Има канализациона мрежа и ми се чини секоја куќа е со бања и внатрешни тоалети. Електрификацијата е од далечните 50 години од минатиот век. Имаме достапност до интернет и кабелски телевизии. Организирано изнесување на комуналниот смет. И навиките на урбано живеење постепено се стекнуваат! Сопот има убава поврзаност со општинските центри Кавадарци и Неготино, рекоа  Велјанови, задржувајќи се сепак и на проблемите што ги носи животот на село. Но, како што истакнаа, тие се сепак помалку и помали, во однос на придобивките што ги носи селскиот живот.

Приказната за испијанетата коза

Вистинска селска идила владее на семејниот имот на Велјанови. Со оглед на тоа што станува збор за есен и гроздоберски крај, денови по гроздобер, во дворот главно опрема и алати за винопроизводство и печење ракија. Пчелите и осите наоколу, се доказ дека грозјето е благо и ќе има извонредни производи од гроздовите зрна. Но, тука се и ќумбињата за подготовка на домашна зимница. Има и дрва за огрев, велат скромните и гостопримливи луѓе, зимата слободно може да дојде. Напред во дворот нова современа куќа проектирана од газдата, назад стара автентична селска куќа за која се планира да биде искористена во функција на развој на селски и вински туризам. Го регистрирав и процесот на производство на шира од грозје, а нејзиниот вкус, ветува извонреден квалитет на божествената течност. На едно место во големата дворна површина остатоци од пресувани гроздови зрна се сушат и се мелат во сопственото млинче, се додава јачмен и пченка во мелењето, па се добива концентрирана храна за петте кози, двата прча и едното јаре. Токму со пресно комиње е поврзана и интересната семејна анегдота.
Козата Белка легна како болна. Беше неподвижна и неконтактибилна. Не можеше да стои на нозе, не сакаше да јаде и да пие вода. Се обидуваше да крене глава, но не можеше. Се уплашивме и се загриживме, што бидна со козата. Направивме импровизирана носилка од штици и ја пренесовме во шталата. Постојано бевме загрижени за нејзината судбина  и околу полноќ станав да проверам како е животното. Бев изненаден кога ја видов исправена и како јаде сено од јаслите. Тогаш сфатив дека козата се одврзала и прејала од штотуку пресувано комиње од грозје. Додуше снаата имаше право кога уште претходно коментираше дека можеби стрвното животинче претерало со комиње па се опијанило, оти се однесувало како пијан човек. Кон ова се надоврза синот, потсетувајќи дека стануваше збор за 80 проценти исферментирано комиње со голем процент на алкохол. Како и да е, оттогаш сме повнимателни и не дозволуваме некое од животните да јаде свежо комиње. Или, како што се шегуваме, не дозволуваме да се пие на голо или на суво, како што  велат тиквешани кога се мајтапат. Се јаде само остатоци од комиње мешано со јачмен и пченка, па и ако има мал процент на алкохол, барем е со мезе,  знаеме да се насмееме, со ведрина се присети Илија.
Бидејќи првите две кози се подарок од мајката на Вера, едната од нив го носи нејзиното име, Мила. Другата е Белка, испијанетата коза. Тука се и Злата и Рошка. Токму со Белка се поврзани бројни згоди и незгоди.
Пролетта таа окози три јариња. Две бели како неа и едно темно како прчот. Белите веднаш ги засака и имаше мајчински инстинкт кон нив. Ги лижеше, им дозволуваше да цицаат. Третото го туркаше од себе и не му дозволуваше да се приближи. Моравме да обезбедиме шише со бебешка цуцла и ние да го храниме. Женско е, го крстивме Ѕвезда, оти има ѕвезда на челото. И погодено му е името, оти навистина е родено под среќна ѕвезда, иако несакано од мајката, најснаодливо е од сите и многу деца доаѓаат да го погалат, откри Вера.
Таа со насмевка раскажуваше и за бељите што ги правеле козите кога знаеле да се напасат од овошките или живата ограда. Каква неправда, коментиравме со смеа кога дознавме дека во селото една коза се продава по цена од три до пет илјади денари, а прч, за девет илјади. Но, прчот печали, беше одговорот. Ех, ами и козата дава млеко, а од млекото се прави сирење и кашкавал, ама, тоа е таа судбина. Наздравивме со пресна шира и си посакавме пак да се сретнеме. Следен пат, здравје нека е, на летниковец под оревот, пред старата куќа. Извор: МИА, Светлана Дарудова

The post Вера и Илија се вратија од град в село и пронајдоа мир во душата appeared first on Република.

]]>