прележаност Archives - Република https://republika.mk/tema/prelezanost/ За подобро да се разбереме Tue, 15 Feb 2022 14:56:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png прележаност Archives - Република https://republika.mk/tema/prelezanost/ 32 32 Мехмедовиќ: Во моментов не може да стане збор за укинување на сертификатите за прележан Ковид-19 https://republika.mk/vesti/makedonija/mehmedovikj-vo-momentov-ne-moze-da-stane-zbor-za-ukinuvanje-na-sertifikatite-za-prelezan-kovid-19/ Tue, 15 Feb 2022 14:56:04 +0000 https://republika.mk/?p=458963

Портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ, изјави дека во моментот кога ќе има релаксирање на епидемиолошката состојба, односно кога кога нема да има толку високи бројки, ќе може да се разговара и за поинакви мерки кои ќе бидат аплицирани.

Мехмедовиќ додаде дека во моментов не може да стане збор за укинување на сертификатите за прележан Ковид-19.

Тој посочи дека сертификатите не се во насока на тоа да се спречи трансмисијата, туку да се спречи пренесувањето на вирусот на тие коишто немаат имунитет.

Денес сертификат искрено не можете да добиете доколку немате прележано болест, односно според тоа што го препорачавме од минатиот пат. Сега сертификатот ќе важи 180 дена, шест месеци, вакцините имаат неограничена важност. Тие кои не можат да докажат дека ја прележале болеста и на тој начин стекнале имунитет или се вакцинирале и на тој начин стекнале имунитет практично ќе бидат заштитени од тоа да не може да влегуваат во простории кои се од висок ризик за заразување со вирусот. И тоа е интенцијата во моментов на сертификатите, да не ги оставиме да бидат на таа страна тие кои немаат имунитет - додаде Мехмедовиќ, одговарајќи на новинарски прашања по заедничката прес-конференција со претседателот на Комисијата, Александар Петличковски.

The post Мехмедовиќ: Во моментов не може да стане збор за укинување на сертификатите за прележан Ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ, изјави дека во моментот кога ќе има релаксирање на епидемиолошката состојба, односно кога кога нема да има толку високи бројки, ќе може да се разговара и за поинакви мерки кои ќе бидат аплицирани. Мехмедовиќ додаде дека во моментов не може да стане збор за укинување на сертификатите за прележан Ковид-19. Тој посочи дека сертификатите не се во насока на тоа да се спречи трансмисијата, туку да се спречи пренесувањето на вирусот на тие коишто немаат имунитет.
Денес сертификат искрено не можете да добиете доколку немате прележано болест, односно според тоа што го препорачавме од минатиот пат. Сега сертификатот ќе важи 180 дена, шест месеци, вакцините имаат неограничена важност. Тие кои не можат да докажат дека ја прележале болеста и на тој начин стекнале имунитет или се вакцинирале и на тој начин стекнале имунитет практично ќе бидат заштитени од тоа да не може да влегуваат во простории кои се од висок ризик за заразување со вирусот. И тоа е интенцијата во моментов на сертификатите, да не ги оставиме да бидат на таа страна тие кои немаат имунитет - додаде Мехмедовиќ, одговарајќи на новинарски прашања по заедничката прес-конференција со претседателот на Комисијата, Александар Петличковски.

The post Мехмедовиќ: Во моментов не може да стане збор за укинување на сертификатите за прележан Ковид-19 appeared first on Република.

]]>
Д-р Трајковски: Прележаноста е факторот што го сопира ширењето на заразата со ковид https://republika.mk/zivot/zdravje/d-r-trajkovski-prelezanosta-e-faktorot-shto-go-sopira-shirenjeto-na-zarazata-so-kovid/ Wed, 26 Jan 2022 13:27:29 +0000 https://republika.mk/?p=449792

И дневниот број на тестови, којшто претставува показател на изложеноста на населението на вирусот, веќе се намалува (жолтата линија на третиот дијаграм), што секако е позитивен сигнал. Единствен загрижувачки показател е стапката на позитивни тестови (сината и црвената линија на третиот дијаграм), која сé уште искачува и која не покажува знаци за скоро достигнување на максимумот, пишува во својата дневна ковид- анализа проф. Дејан Трајковски.

Тој вели дека во околните земји оваа стапка достигната е дури до 50%, а кај нас сé уште е под 40%, што може да нé загрижи.

-Додуша, таа последна започна и да искачува, дури откако броевите на нови случаи започнаа да растат, па можеме да се надеваме дека се работи за некаков задоцнет индикатор, иако не е јасно зошто би се појавило доцнењето.

На четвртиот дијаграм гледаме дека инциденците на заразување кај непрележаните и прележаните оваа недела се изедначија, што значи дека ефективноста на прележувањето во заштитата од заразување опадна на 0%. Тоа се добива сметајќи со вкупно население од 1,7 милион жители, инаку со 1,8 милиони жители би добиле негативна ефективност (т.е. би испаднало прележаните да се разболуваат повеќе од непрележаните), што е малку веројатно и поради што е направена корекција во бројот на жители. Ќе ги почекаме резултатите од пописот на населението, меѓутоа речиси сигурно е дека во земјава живеат најмногу 1,7 милиони жители, а можеби и помалку.

Податокот за ефективноста на прележувањето ќе ни послужи за уште една анализа. Иако ефективноста опаднала на 0%, односно прележаните се разболуваат еднакво како непрележаните, сепак епидемијата на омикрон сојот не започнува од почеток, што се гледа од достигнувањето на врвот на бранот при релативно мал број на дијагностицирани, сé на сé околу 35.000 од почетокот на бранот за Нова година. Тоа значи дека има некаков фактор којшто го сопира бранот иако прележаноста сама по себе не е доволна. Тој фактор може да биде вакцинираноста, како кај непрележаните, така и прележаните.

Истото резонирање ќе го примениме и кај вакцинираните и невакцинираните. Веќе видовме дека ефективноста на вакцините против заразување со Омикрон сојот исто така опадна практично до 0%, т.е. вакцинираните се заразуваат подеднакво како невакцинираните. Сепак, врвот на бранот кажува дека постои фактор што го сопира ширењето на заразата независно од вакцините – а тоа е прележаноста, пишува Трајковски.

 

The post Д-р Трајковски: Прележаноста е факторот што го сопира ширењето на заразата со ковид appeared first on Република.

]]>

И дневниот број на тестови, којшто претставува показател на изложеноста на населението на вирусот, веќе се намалува (жолтата линија на третиот дијаграм), што секако е позитивен сигнал. Единствен загрижувачки показател е стапката на позитивни тестови (сината и црвената линија на третиот дијаграм), која сé уште искачува и која не покажува знаци за скоро достигнување на максимумот, пишува во својата дневна ковид- анализа проф. Дејан Трајковски. Тој вели дека во околните земји оваа стапка достигната е дури до 50%, а кај нас сé уште е под 40%, што може да нé загрижи.
-Додуша, таа последна започна и да искачува, дури откако броевите на нови случаи започнаа да растат, па можеме да се надеваме дека се работи за некаков задоцнет индикатор, иако не е јасно зошто би се појавило доцнењето. На четвртиот дијаграм гледаме дека инциденците на заразување кај непрележаните и прележаните оваа недела се изедначија, што значи дека ефективноста на прележувањето во заштитата од заразување опадна на 0%. Тоа се добива сметајќи со вкупно население од 1,7 милион жители, инаку со 1,8 милиони жители би добиле негативна ефективност (т.е. би испаднало прележаните да се разболуваат повеќе од непрележаните), што е малку веројатно и поради што е направена корекција во бројот на жители. Ќе ги почекаме резултатите од пописот на населението, меѓутоа речиси сигурно е дека во земјава живеат најмногу 1,7 милиони жители, а можеби и помалку. Податокот за ефективноста на прележувањето ќе ни послужи за уште една анализа. Иако ефективноста опаднала на 0%, односно прележаните се разболуваат еднакво како непрележаните, сепак епидемијата на омикрон сојот не започнува од почеток, што се гледа од достигнувањето на врвот на бранот при релативно мал број на дијагностицирани, сé на сé околу 35.000 од почетокот на бранот за Нова година. Тоа значи дека има некаков фактор којшто го сопира бранот иако прележаноста сама по себе не е доволна. Тој фактор може да биде вакцинираноста, како кај непрележаните, така и прележаните. Истото резонирање ќе го примениме и кај вакцинираните и невакцинираните. Веќе видовме дека ефективноста на вакцините против заразување со Омикрон сојот исто така опадна практично до 0%, т.е. вакцинираните се заразуваат подеднакво како невакцинираните. Сепак, врвот на бранот кажува дека постои фактор што го сопира ширењето на заразата независно од вакцините – а тоа е прележаноста, пишува Трајковски.
 

The post Д-р Трајковски: Прележаноста е факторот што го сопира ширењето на заразата со ковид appeared first on Република.

]]>