прекршона пријава Archives - Република https://republika.mk/tema/prekrshona-prijava/ За подобро да се разбереме Wed, 10 Jul 2024 12:18:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png прекршона пријава Archives - Република https://republika.mk/tema/prekrshona-prijava/ 32 32 ЈП Комунална хигиена-Скопје со демант: Комуналниот отпад во општината Кисела Вода се собира и транспортира континуирано и секојдневно без никаков застој https://republika.mk/vesti/skopje/jp-komunalna-higiena-skopje-so-demant-komunalniot-otpad-vo-opshtinata-kisela-voda-se-sobira-i-transportira-kontinuirano-i-sekojdnevno-bez-nikakov-zastoj/ Wed, 10 Jul 2024 12:16:34 +0000 https://republika.mk/?p=795354

По објавените информации за поднесена прекршочна пријава против ЈП Комунална хигиена-Скопје од градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, претпријатието испрати писмен демант, кој го пренесуваме во целост.

ЈП Комунална хигиена-Скопје остро реагира на информацијата од градоначалникот на општината Кисела Вода дека е поднесена прекршочна пријава против Претпријатието.
Нашите очекувања беа дека досега ќе бидат поднесени пријави против прекршителите на Законот за јавна чистота што секојдневно ја загадуваат животната средина и го загрозуваат јавното здравје преку несовесно и непрописно одлагање огромни количества отпад на јавни површини. За жал, досега не сме слушнале дека инспекциските служби при општината реагирале, опоменале или казниле некој од овие прекршители.
Ве молиме да престанете со валканите политички игри, ниските удари и обидите да го компромитирате Претпријатието. И самиот сте добро запознат дека комуналниот отпад во општината Кисела Вода се собира и транспортира континуирано и секојдневно - без никаков застој, според динамиката утврдена со Оперативната програма за собирање и транспортирање на комунален отпад од подрачјето на градот Скопје. Во текот на месец јуни 2024 година, на територијата на општината се подигнати и транспортирани приближно 1400 тони комунален отпад. Исто така, во општината Кисела Вода континуирано се реализираат и рачно и машинско метење, како и машинско миење на булеварите и улиците со употреба на автоцистерни. Понатаму, во текот на минатиот месец, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и вкупно 100 кубни метри отпад од голем број диви депонии, лоцирани на улиците Христо Татарчев, Боте Боцески, Дичо Петров, Ѓорѓи Димитров и добро познатата локација кај Томи маркет што претставува „црна точка“ каде што се интервенира најмалку еднаш неделно за отстранување непрописно одложен отпад од јавните и сообраќајните површини.
Ви советуваме веднаш да пристапите со инспекциски надзор, но не врз работата на ЈП Комунална хигиена-Скопје чиишто активности на терен се одвиваат седум дена во неделата  во три смени, туку врз несовесните поединци што во последните неколку месеци тенденциозно се занимаваат со непрописно одлагање отпад и загадување на животната средина, со цел да ги доведат во прашање компетентноста и ангажираноста на екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје.

https://republika.mk/vesti/skopje/prekrshochna-prijava-za-jp-komunalna-higiena-skopje/

The post ЈП Комунална хигиена-Скопје со демант: Комуналниот отпад во општината Кисела Вода се собира и транспортира континуирано и секојдневно без никаков застој appeared first on Република.

]]>

По објавените информации за поднесена прекршочна пријава против ЈП Комунална хигиена-Скопје од градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, претпријатието испрати писмен демант, кој го пренесуваме во целост.
ЈП Комунална хигиена-Скопје остро реагира на информацијата од градоначалникот на општината Кисела Вода дека е поднесена прекршочна пријава против Претпријатието. Нашите очекувања беа дека досега ќе бидат поднесени пријави против прекршителите на Законот за јавна чистота што секојдневно ја загадуваат животната средина и го загрозуваат јавното здравје преку несовесно и непрописно одлагање огромни количества отпад на јавни површини. За жал, досега не сме слушнале дека инспекциските служби при општината реагирале, опоменале или казниле некој од овие прекршители. Ве молиме да престанете со валканите политички игри, ниските удари и обидите да го компромитирате Претпријатието. И самиот сте добро запознат дека комуналниот отпад во општината Кисела Вода се собира и транспортира континуирано и секојдневно - без никаков застој, според динамиката утврдена со Оперативната програма за собирање и транспортирање на комунален отпад од подрачјето на градот Скопје. Во текот на месец јуни 2024 година, на територијата на општината се подигнати и транспортирани приближно 1400 тони комунален отпад. Исто така, во општината Кисела Вода континуирано се реализираат и рачно и машинско метење, како и машинско миење на булеварите и улиците со употреба на автоцистерни. Понатаму, во текот на минатиот месец, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и вкупно 100 кубни метри отпад од голем број диви депонии, лоцирани на улиците Христо Татарчев, Боте Боцески, Дичо Петров, Ѓорѓи Димитров и добро познатата локација кај Томи маркет што претставува „црна точка“ каде што се интервенира најмалку еднаш неделно за отстранување непрописно одложен отпад од јавните и сообраќајните површини. Ви советуваме веднаш да пристапите со инспекциски надзор, но не врз работата на ЈП Комунална хигиена-Скопје чиишто активности на терен се одвиваат седум дена во неделата  во три смени, туку врз несовесните поединци што во последните неколку месеци тенденциозно се занимаваат со непрописно одлагање отпад и загадување на животната средина, со цел да ги доведат во прашање компетентноста и ангажираноста на екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје.
https://republika.mk/vesti/skopje/prekrshochna-prijava-za-jp-komunalna-higiena-skopje/

The post ЈП Комунална хигиена-Скопје со демант: Комуналниот отпад во општината Кисела Вода се собира и транспортира континуирано и секојдневно без никаков застој appeared first on Република.

]]>
Градоначалникот од СДСМ кој пијан истепа полицаец, доби прекршочна пријава, иако за стореното се лежи затвор https://republika.mk/vesti/makedonija/gradonachalnikot-od-sdsm-koj-pijan-istepa-politsaets-dobi-prekrshochna-prijava-iako-za-storenoto-se-lezhi-zatvor/ Thu, 26 Jan 2023 16:52:05 +0000 https://republika.mk/?p=601389

Случајот за боксовите од градоначалникот на Крива Паланка Сашо Митовски кон полицаецот Кристофер Стоевски стигна и на пратенички прашања во Собрание. Пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ праша дали е поднесена кривична пријава против градоначалникот, а пак, премиерот Димитар Ковачевски кажа дека е прекршочно казнет. Со ова, случајот за боксовите од Митовски за Стоевски е затворен. За ваквата постапка имаше реакции од пратеникот Стојаноски, кој кажа дека Митовски, кој тепал полицаец, не заслужува да ја врши функцијата градоначалник.

Целата јавност имаше можност да види и да слушне како тој во видно алкохолизирана состојба агресивно пред неговиот ресторан излегол и нападнал службено лице кое што во моментот не било на должност. Сашо Митовски му е името на овој градоначалникот кој што пијан нападнал полициски службеник. И ова не е прв случај овој градоначалник да нападне граѓани, затоа што пред неколку месеци овој градоначалник нападна граѓанин во неговата канцеларија. Нема јасен одговор дали е поднесена кривична пријава против овој насилник, како и, што го дрзнало овој насилник да излезе од сопствената кафана и да нападне полициски службеник со два шамара обидувајќи се да го понижи, праша пратеникот Стојаноски.

Одговорот од Ковачевски беше во една реченица.

Во однос на првото прашање веднаш по настанот МВР има постапено, направена е комплетна истрага и поднесена е прекршочна пријава за лицето, кажа премиерот.

На ова следуваше остра реакција од Стојаноски.

Јас ќе го дадам одговорот кој што требаше да го дадете вие на македонските граѓани. МВР и Спасовски четири дена молчеа и се обидоа да го забошотат овој случај. За дело кое е напад на службено лице не се одговара прекршочно туку веднаш кривично и казната затвор е од три месеци до три години затвор. Вие сакавте овој случај да го забошотите, но кога видовте дека притисокот на јавноста е голем и дека храбриот полицаец одби да ги трпи притисоците кои му ги правевте вие и вашата Влада, човекот имаше јавно признание. Ковачевски, овој човек кој пијан нападна полицаец не заложува да ја врши функцијата градоначалник. Народот го избрал да работи, да реализира проекти, а не да тепа граѓани пред ресторан во видно алкохолизирана состојба. Митовски за да не влијае на сведоци треба веднаш да си поднесе неотповиклива оставка, а не да се шета низ Крива Паланка глумејќи локален шериф затоа што е близок до вас, Спасовски, Николовски. Со овој обид за амнестија сакате да пратите порака дека член на СДСМ во оваа држава може да тепа, да краде, да прави што сака и да поминува неказнето. За ова дело застарувањето е десет години. Во овие десет години, ниту вие ќе бидете премиер и СДСМ ќе биде на власт, ниту Сашко Митовски ќе биде градоначалник, кажа Стојаноски.

За случајот со боксовите од градоначалникот се дозна откако полицаецот излезе со јавно признание и барање за одговорност. Првично, во дел од медиумите, градоначалникот негираше дека го направил тоа. Потоа, МВР водеше истрага.

The post Градоначалникот од СДСМ кој пијан истепа полицаец, доби прекршочна пријава, иако за стореното се лежи затвор appeared first on Република.