прејадување Archives - Република https://republika.mk/tema/prejaduvanje/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Dec 2023 17:03:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png прејадување Archives - Република https://republika.mk/tema/prejaduvanje/ 32 32 Ако веќе се прејадувате за време на празниците – немојте да вежбате https://republika.mk/zivot/zdravje/ako-veke-se-prejaduvate-za-vreme-na-praznitsite-nemojte-da-vezhbate/ Sun, 31 Dec 2023 16:51:48 +0000 https://republika.mk/?p=725774

Традиционално, со празниците често пати доаѓа и вишокот килограми што потоа тешко се губат. Порталот „24 часа“ споделува неколку совети за „вкусен а здрав“ Божиќ.

Пред сѐ, првиот совет гласи: Не се седнува на маса прегладнет. Избегнувањето на дневните оброци на сметка на обврските, води кон обилна вечера и прејадување. Тоа, според стручњаците, воопшто не е здраво.

Натаму, не треба да се претерува ни со јаткастите плодови. Честопати ги јадеме и „несвесно“, а познато е оти тие се доста калорични и носат опасности.

Помалку алкохол, но не претерувајте ни со газираните пијалаци. Тие го отекуваат стомакот и создаваат непријатности. Потоа, се препорачува и помалку мрсно бело месо, наместо сочни шницли и колбаси, но и мајонез, крем и слични масни производи. Пржената храна, велат познавачите, е забранета. Наместо тоа, варената, обарената и печената закуска секогаш се подобар избор.

Околу облеката, треба да се избегнуваат тесни фустани и ремени што го притискаат стомакот.

Опуштете се. Стресот има негативно влијание врз варењето, а ако цела вечер се грижите дали гостите се среќни и нервозно трчате за другите да бидат задоволни, тоа ќе се одрази на Вашиот стомак и главата.

Следниот совет е: За да не дојде до оптоварување на црниот дроб, се јадат мали порции, а почесто во текот на денот. Доколку се прејадете со еден оброк, прескокнете го следниот.

Внимавајте и на висок холестерол. Тука се земаат во обѕир сирењата, месото, питите и колачите. Се препорачува бело месо, риба, зеленчук, како и повеќе јаболка, бидејќи тие се богати со пектин и го намалуваат лошиот холестерол во крвта.

Во случај на кардиоваскуларни проблеми, особено треба да се намали алкохолот, солената храна и мрсната храна. Ова важи и за луѓето со висок крвен притисок. Дури и прекумерните емоции за време на празниците претставуваат опасност за овие лица.

За крај: Дури и ако имате малку повеќе слободно време, не значи дека токму сега треба да се почне со понапорни вежби или интензивирање на постојната програма. Ова се денови кога вообичаено се претерува со храната, па тоа во спој со енергични спортови води кон премор за телото и бројни здравствени ризици и опасности.

The post Ако веќе се прејадувате за време на празниците – немојте да вежбате appeared first on Република.

]]>

Традиционално, со празниците често пати доаѓа и вишокот килограми што потоа тешко се губат. Порталот „24 часа“ споделува неколку совети за „вкусен а здрав“ Божиќ. Пред сѐ, првиот совет гласи: Не се седнува на маса прегладнет. Избегнувањето на дневните оброци на сметка на обврските, води кон обилна вечера и прејадување. Тоа, според стручњаците, воопшто не е здраво. Натаму, не треба да се претерува ни со јаткастите плодови. Честопати ги јадеме и „несвесно“, а познато е оти тие се доста калорични и носат опасности. Помалку алкохол, но не претерувајте ни со газираните пијалаци. Тие го отекуваат стомакот и создаваат непријатности. Потоа, се препорачува и помалку мрсно бело месо, наместо сочни шницли и колбаси, но и мајонез, крем и слични масни производи. Пржената храна, велат познавачите, е забранета. Наместо тоа, варената, обарената и печената закуска секогаш се подобар избор. Околу облеката, треба да се избегнуваат тесни фустани и ремени што го притискаат стомакот. Опуштете се. Стресот има негативно влијание врз варењето, а ако цела вечер се грижите дали гостите се среќни и нервозно трчате за другите да бидат задоволни, тоа ќе се одрази на Вашиот стомак и главата. Следниот совет е: За да не дојде до оптоварување на црниот дроб, се јадат мали порции, а почесто во текот на денот. Доколку се прејадете со еден оброк, прескокнете го следниот. Внимавајте и на висок холестерол. Тука се земаат во обѕир сирењата, месото, питите и колачите. Се препорачува бело месо, риба, зеленчук, како и повеќе јаболка, бидејќи тие се богати со пектин и го намалуваат лошиот холестерол во крвта. Во случај на кардиоваскуларни проблеми, особено треба да се намали алкохолот, солената храна и мрсната храна. Ова важи и за луѓето со висок крвен притисок. Дури и прекумерните емоции за време на празниците претставуваат опасност за овие лица. За крај: Дури и ако имате малку повеќе слободно време, не значи дека токму сега треба да се почне со понапорни вежби или интензивирање на постојната програма. Ова се денови кога вообичаено се претерува со храната, па тоа во спој со енергични спортови води кон премор за телото и бројни здравствени ризици и опасности.

The post Ако веќе се прејадувате за време на празниците – немојте да вежбате appeared first on Република.

]]>
Без разлика дали сте постеле или не – внимателно со јајцата, еве колку смеете на ден https://republika.mk/zivot/zdravje/bez-razlika-dali-ste-postele-ili-ne-vnimatelno-so-jajtsata-eve-kolku-smeete-na-den/ Sat, 15 Apr 2023 14:16:36 +0000 https://republika.mk/?p=631053

По долгиот пост за Велигден треба да се внимава со храната, бидејќи често доаѓа до прејадување, мачнини, па дури и труење, и нередок случај е некој да заврши во болница.

Сите кои постеле едвај чекаат да вкусат јајца, месо и масна храна, а најчесто се случува да се прејадат и да си создадат здравствен проблем.

Но, и оние кои ги постеле само последните неколку дена, или пак, воопшто не постеле, мораат да внимаваат да не претераат со велигденските јајца. Тие се полни со холестерол и ако се консумираат во големи количини предизвикуваат закрчување на артериите.

Изедете само едно за адет, а докторите препорачуваат да се јаде најмногу две јајца за жените, а три за мажите.

Секако, вмавајте и со масната храна и пиењето, за да не му направите шок на организмот.

The post Без разлика дали сте постеле или не – внимателно со јајцата, еве колку смеете на ден appeared first on Република.

]]>

По долгиот пост за Велигден треба да се внимава со храната, бидејќи често доаѓа до прејадување, мачнини, па дури и труење, и нередок случај е некој да заврши во болница. Сите кои постеле едвај чекаат да вкусат јајца, месо и масна храна, а најчесто се случува да се прејадат и да си создадат здравствен проблем. Но, и оние кои ги постеле само последните неколку дена, или пак, воопшто не постеле, мораат да внимаваат да не претераат со велигденските јајца. Тие се полни со холестерол и ако се консумираат во големи количини предизвикуваат закрчување на артериите. Изедете само едно за адет, а докторите препорачуваат да се јаде најмногу две јајца за жените, а три за мажите. Секако, вмавајте и со масната храна и пиењето, за да не му направите шок на организмот.

The post Без разлика дали сте постеле или не – внимателно со јајцата, еве колку смеете на ден appeared first on Република.

]]>
Кога јадете и руска и месо си правите бомба во стомакот: Д-р Дејан советува како да се храните за време на празниците https://republika.mk/zivot/zdravje/koga-jadete-i-ruska-i-meso-si-pravite-bomba-vo-stomakot-d-r-dejan-sovetuva-kako-da-se-hranite-za-vreme-na-praznitsite/ Wed, 04 Jan 2023 20:42:05 +0000 https://republika.mk/?p=581942

Ние сме народи кои живеат многу лошо, вели проф. д-р Дејан Чубрило, професор по физиологија на Медицинскиот факултет во Крагуевац и специјалист по спортска медицина, објаснувајќи Балканците постојано мислат на тоа што ќе јадат и како ќе се прејадат, а тоа особено се гледа за време на зимските празници.

Кога доаѓа Нова година ние едноставно сме преотоварени со тоа што сè ќе имаме на маса. Па размислуваме кога да се купи, од која продавница, колку..., вели тој.

Единствен начин да си помогнеме себе и на организмот, вели, е да престанеме да внесуваме толку голема количина храна.

Сè зависи од нас, да си ставиме прст на чело колку ќе изедеме, но најважно од сè, што јадеме и како го комбинираме. Ако веќе јадеме од печењето, да си кажеме „добро, јадам месо, но нема да јадам и мезе, значи денес нема сувомеснато и кашкавал“, или „нема да јадам и зелник со месото и без руска салата“. Кога јадете руска салата со месото, вие си правите таква бомба во телото што не може да се свари, а потоа се создаваат гасови, од кои некои излегуваат надвор, ама повеќето остануваат во системот. Замислете си ги гасовите како оставена храна на тераса и таа скапува, смрди... Баш така гасовите испаруваат, од тоа несварено месо излегува метан, влегува во циркулацијата, органите ти се преоптоварени... Така го преоптоварувате и телото и имунолошкиот систем, објаснува д-р Чубрило.

Руската салата сама по себе не е „забранета“, но ако веќе ја јадете, д-р Чубрило советува да ја јадете само со кифлички, можеби и некаква пита.

Немојте и месо, и кашкавал, и сарма, тоа е најлошата комбинација, затоа што сè тоа е масти и протеини. Сармите може да се каснат со малку леб, малку туршија. Туршијата е многу здрава работа, на пример киселите краставички, феферонка, но тоа е единственото нешто што оди во комбинацијата со сарма, вели докторот.

The post Кога јадете и руска и месо си правите бомба во стомакот: Д-р Дејан советува како да се храните за време на празниците appeared first on Република.