прехранбени производи Archives - Република https://republika.mk/tema/prehranbeni-proizvodi/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Dec 2023 09:03:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png прехранбени производи Archives - Република https://republika.mk/tema/prehranbeni-proizvodi/ 32 32 Oсновните прехранбени производи и пијалаците со замрзнати цени до 31 јануари https://republika.mk/vesti/ekonomija/osnovnite-prehranbeni-proizvodi-i-pijalatsite-so-zamrznati-tseni-do-31-januari/ Wed, 27 Dec 2023 08:23:51 +0000 https://republika.mk/?p=726993

Цените на основните прехранбени производи, водата, негазираните и газираните пијалаци и пивото остануваат замрзнати до 31 јануари, одлучи Владата.

Одлуката е донесена на вчерашната владина седница на предлог на Министерството за економија и, како што се наведува во соопштението, е во интерес на граѓаните поради претстојните новогодишни и божиќни празници.

-Според денешната владина одлука, донесена на предлог на Министерството за економија, ограничувањето на цените на повеќе производи во трговијата на мало, коешто беше со важност до 31 декември, се продолжува до 31 јануари. Станува збор за белиот ориз, пченично брашно – тип 400 и 500, бел и полубел леб и одделни пекарски производи, одредени видови бисквити, наполитанки, тестенини, месо и производи од месо, јогурт и млечни производи и свежи јајца од кокошка, се наведува во соопштението.

До 31 јануари остануваат замрзнати и цените на негазираната и газираната вода, одредени видови негазирани и газирани пијалаци и пивото.

The post Oсновните прехранбени производи и пијалаците со замрзнати цени до 31 јануари appeared first on Република.

]]>

Цените на основните прехранбени производи, водата, негазираните и газираните пијалаци и пивото остануваат замрзнати до 31 јануари, одлучи Владата. Одлуката е донесена на вчерашната владина седница на предлог на Министерството за економија и, како што се наведува во соопштението, е во интерес на граѓаните поради претстојните новогодишни и божиќни празници.
-Според денешната владина одлука, донесена на предлог на Министерството за економија, ограничувањето на цените на повеќе производи во трговијата на мало, коешто беше со важност до 31 декември, се продолжува до 31 јануари. Станува збор за белиот ориз, пченично брашно – тип 400 и 500, бел и полубел леб и одделни пекарски производи, одредени видови бисквити, наполитанки, тестенини, месо и производи од месо, јогурт и млечни производи и свежи јајца од кокошка, се наведува во соопштението.
До 31 јануари остануваат замрзнати и цените на негазираната и газираната вода, одредени видови негазирани и газирани пијалаци и пивото.  

The post Oсновните прехранбени производи и пијалаците со замрзнати цени до 31 јануари appeared first on Република.

]]>
Коригирана листата на прехранбени производи со повластена стапка https://republika.mk/vesti/ekonomija/koregirana-listata-na-prehranbeni-proizvodi-so-povlastena-stapka/ Tue, 10 Oct 2023 15:26:10 +0000 https://republika.mk/?p=689962

Основните прехранбени производи како урдата, кашкавалот, лутеницата, цвеклото, фефероните, вафлите, наполитанките и црвениот пипер остануваат со повластена стапка од пет проценти, соопшти попладнево Министерството за финансии.

Со повластена стапка од пет проценти остануваат и замрзнатото тесто, бебешките каши, адаптираното млеко за доенчиња, додатоците за исхрана за опаднат имунитет и хербалните чаеви.

Од Министерството за финансии информираа дека на денешната владина седница е донесена измена на Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност, која беше усвоена на 28 септември.

Измените ќе почнат да се применуваат од 13 октомври (петок).

- Министерството за финансии и Владата во креирањето на политиките и нивната примена се во постојана комуникација со бизнис заедницата и отворени се за сугестии и предлози. Процесот на утврдување на оваа одлука, исто така, се водеше низ транспарентен и инклузивен процес и беше споделена листата со производи кои ќе се оданочуваат со повластена стапка на ДДВ пред девет месеци, уште во јануари со бизнис заедницата, преку стопанските комори за тие да можат да достават свои предлози. Одлуката се донесе на седница на Владата на 28 септември и стапи во сила на 2 октомври кога започна со примена, но поради утврдените недоследности во примената кај дел од производите се укажа потреба од измена на Одлуката која беше направена во најкус можен рок, се наведува во соопштението.

Од Министерството посочуваат дека земјава има најниски даночни стапки на ДДВ (редовни и повластени) и целата човечка исхрана се оданочува со повластена стапка на ДДВ. Најголем дел од неа се оданочуваат со најниска повластена стапка од пет проценти, односно примената на најниската повлатена стапка на ДДВ во земјава се однесува на повеќе од 1650 прехранбени производи, а дополнително повластена стапка имаат и други околу 950 прехранбени производи. 

The post Коригирана листата на прехранбени производи со повластена стапка appeared first on Република.

]]>

Основните прехранбени производи како урдата, кашкавалот, лутеницата, цвеклото, фефероните, вафлите, наполитанките и црвениот пипер остануваат со повластена стапка од пет проценти, соопшти попладнево Министерството за финансии. Со повластена стапка од пет проценти остануваат и замрзнатото тесто, бебешките каши, адаптираното млеко за доенчиња, додатоците за исхрана за опаднат имунитет и хербалните чаеви. Од Министерството за финансии информираа дека на денешната владина седница е донесена измена на Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност, која беше усвоена на 28 септември. Измените ќе почнат да се применуваат од 13 октомври (петок). - Министерството за финансии и Владата во креирањето на политиките и нивната примена се во постојана комуникација со бизнис заедницата и отворени се за сугестии и предлози. Процесот на утврдување на оваа одлука, исто така, се водеше низ транспарентен и инклузивен процес и беше споделена листата со производи кои ќе се оданочуваат со повластена стапка на ДДВ пред девет месеци, уште во јануари со бизнис заедницата, преку стопанските комори за тие да можат да достават свои предлози. Одлуката се донесе на седница на Владата на 28 септември и стапи во сила на 2 октомври кога започна со примена, но поради утврдените недоследности во примената кај дел од производите се укажа потреба од измена на Одлуката која беше направена во најкус можен рок, се наведува во соопштението. Од Министерството посочуваат дека земјава има најниски даночни стапки на ДДВ (редовни и повластени) и целата човечка исхрана се оданочува со повластена стапка на ДДВ. Најголем дел од неа се оданочуваат со најниска повластена стапка од пет проценти, односно примената на најниската повлатена стапка на ДДВ во земјава се однесува на повеќе од 1650 прехранбени производи, а дополнително повластена стапка имаат и други околу 950 прехранбени производи. 

The post Коригирана листата на прехранбени производи со повластена стапка appeared first on Република.

]]>
Битиќи: Уште на следната владина седница може да се ревидира одлуката за зголемување на ДДВ-то за десетина прехранбени производи https://republika.mk/vesti/ekonomija/bitiki-ushte-na-slednata-vladina-sednitsa-mozhe-da-se-revidira-odlukata-za-zgolemuvane-na-ddv-to-za-desetina-prehranbeni-proizvodi/ Fri, 06 Oct 2023 12:12:30 +0000 https://republika.mk/?p=688578

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи смета дека граѓаните најмногу реагираат за зголемувањето на ДДВ-то од 5 на 10 отсто за 10 прехранбени производи од вкупно 2.000 групи на производи кои се опфатени со одлуката и вели дека нема никаков проблем Владата уште на наредната седница во вторник да направи измена на одлуката за тие производи.

Има одредена реакција за одредени продукти. Штом ја добиеме таа листа на продуктите веќе во вторник кога имаме закажана седница на Влада може да се ревидира одлуката. Но, сметам дека досега реакциите се од прилика за 10 до 15 продукти, не гледам голем проблем за 10-ина продукти да има корекција, рече Битиќи во одговор на новинарско прашање пред почетокот на Економскиот форум „Од криза до решенија: Станавме ли поотпорна економија денес?“ во организација на Фајнанс тинк.

Знам, посочи, дека граѓаните имаат навики на храна, но одредени продукти ако во овој момент ги сметаме дека треба да бидат во стапката од 10 отсто оставаме простор да се ревидираат ако се дел од секојдневната исхрана на граѓаните.

Навистина не влегуваме во дефинирање што е луксуз, за кого е луксуз. Може да е пропуст во еден момент, може да не е. Од реакциите што ги гледам од вчера граѓаните најчесто реагираат за 10 производи од 2.000 групи на производи коишто се опфатени со одлуката. Затоа сметам дека за 10 производи нема никаков проблем да направиме измена на одлука, рече Битиќи.

Не е вистина, додаде, дека има зголемување на цена за илјада производи и тоа го кажувам и цврсто стојам на тоа затоа што се опфатени 358 категории на производи.

Дел од нив се опфатени со мерките за намалување на цените и без разлика што има зголемена даночна стапка кај одредени производи ќе останат на истата референтна цена која што спаѓа под одлуката така што нема да биде толкаво покачувањето. Врз основа на она што наслушнав досега има три одлуки на одредени производители со иста цена да останат продуктите коишто се со ревидирана цена, дел се зголемуваат. Ги поттикнувам сите стопански комори, сите производители, па и граѓаните до соодветните институции да пратат предлози за кои производи да испаднат во предлог-одлуката за изменување на стапката на ДДВ и соодветно ќе го направиме тоа, прецизира Битиќи.

Посочи дека константно се носат мерки за да се ублажи инфлацијата, која, како што кажа има тренд на намалување и до крај на годината во делот на храната ќе стигне на ниво од 5 отсто.

Јас би сакал таа да е на ниво на нула отсто, но тоа не е возможно затоа што во еврозоната инфлацијата е скоро на иста стапка како и во Македонија, потенцира Битиќи

The post Битиќи: Уште на следната владина седница може да се ревидира одлуката за зголемување на ДДВ-то за десетина прехранбени производи appeared first on Република.

Цените на над 50 основни прехранбени производи ќе се намалат за минимум 10 отсто од наредната среда, тврди Бектеши https://republika.mk/vesti/ekonomija/tsenite-na-nad-50-osnovni-prehranbeni-proizvodi-ke-se-namalat-za-minimum-10-otsto-od-narednata-sreda-tvrdi-bekteshi/ Thu, 14 Sep 2023 11:31:38 +0000 https://republika.mk/?p=681892

Цените на над 50 основни прехранбени производи, од кои 90 отсто се даночат со ДДВ од 5 отсто, ќе се намалат за минимум 10 отсто од наредната среда, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши по средбата со претставници на осум синџири на маркети што се одржа во Министерството за економија на која присуствуваа директорот на Државен пазарен инспекторат Горан Трајковски и претставници на Стопанската комора.

Имавме многу конструктивна дебата и заеднички се согласивме дека има простор за намалување на цените. Тоа како општествено одговорни претпријатија го прифатија и синџирите на супермаркети што значи дека ќе бие усвоена одлуката на Министерството за економија на владината седница во вторник и реализирана во делот на намалување на цените на прехранбените производи во сите синџири на супермаркети, изјави Бектеши по средбата и додаде дека очекува нивниот пример да го следат и увозниците и производителите на прехранбени производи.

Со тоа, како што кажа, за минимум 10 отсто ќе се намалат цените на над 50 основни прехранбени производи, од кои 90 отсто се даночат со ДДВ од 5 отсто, а референтна цена ќе им биде цената од еден од претходните месеци.

Моментално Министерството за економија работи на дополнителни мерки за дистрибутерите и за производителите на прехранбени производи кои утре најверојатно ќе бидат свикани на состанок во Министерството. Со тоа потрошувачите нема да се чувствуваат измамени и нема дополнително да им се зголемат трошоците, рече Бектеши.

Најави дека Министерството во текот на следната недела ќе направи и измени и дополнување на Законот за државен пазарен инспекторат (ДПИ) со кои ќе ги зголеми ингеренциите на инспекторите на ДПИ за да можат веднаш да постапат и да го затворат објектот без да поминат одредени судски постапки. Од среда, посочи, ДПИ со зголемен капацитет ќе биде на терен.

До крајот на наредната недела ќе го имаме и новото законско решение за нефер трговски практики со кое ќе се укинат над 20 отсто од одредени давачки во синџирот на трговија, почнувајќи од производство, па се до малопродажба што дополнително ќе влијае на намалување на цените. Со законското решение ќе се утврди начинот како треба да се направи договорот меѓу синџирот на супермаркети и нивните добавувачи или, пак, синџирот на супермаркети и производителите од државата, потенцира Бектеши.

Најави дека Министерството ги следи движењата на цените и во другите сектори и истакна дека фазно ќе оди со намалување на цените и во другите сектори ако има нарушување во делот на утврдување на цените. Додаде дека прехранбената индустрија е во првата фаза бидејќи се забележува нелогично зголемување на цените на прехранбените производи.

На маркетите, како што кажа, ќе им биде дозволено акциски да ги намалат цените само на производите на кои им истекува рокот. Во спротивно доколку спроведуваат акциски продажби до 30 ноември ќе им следат санкции.

Доколку стават забелешка дека намалувањето на производот е заради тоа што му истекува рокот за да знае потрошувачот дека не се работи за сеопфатна акција тогаш ќе им биде дозволено акциски да ја намалат цената. Ако нема таква назнака ќе бидат казнети, а казната може да биде и со затворање на субјектот, прецизира Бектеши.

The post Цените на над 50 основни прехранбени производи ќе се намалат за минимум 10 отсто од наредната среда, тврди Бектеши appeared first on Република.

]]>

Цените на над 50 основни прехранбени производи, од кои 90 отсто се даночат со ДДВ од 5 отсто, ќе се намалат за минимум 10 отсто од наредната среда, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши по средбата со претставници на осум синџири на маркети што се одржа во Министерството за економија на која присуствуваа директорот на Државен пазарен инспекторат Горан Трајковски и претставници на Стопанската комора.
Имавме многу конструктивна дебата и заеднички се согласивме дека има простор за намалување на цените. Тоа како општествено одговорни претпријатија го прифатија и синџирите на супермаркети што значи дека ќе бие усвоена одлуката на Министерството за економија на владината седница во вторник и реализирана во делот на намалување на цените на прехранбените производи во сите синџири на супермаркети, изјави Бектеши по средбата и додаде дека очекува нивниот пример да го следат и увозниците и производителите на прехранбени производи.
Со тоа, како што кажа, за минимум 10 отсто ќе се намалат цените на над 50 основни прехранбени производи, од кои 90 отсто се даночат со ДДВ од 5 отсто, а референтна цена ќе им биде цената од еден од претходните месеци.
Моментално Министерството за економија работи на дополнителни мерки за дистрибутерите и за производителите на прехранбени производи кои утре најверојатно ќе бидат свикани на состанок во Министерството. Со тоа потрошувачите нема да се чувствуваат измамени и нема дополнително да им се зголемат трошоците, рече Бектеши.
Најави дека Министерството во текот на следната недела ќе направи и измени и дополнување на Законот за државен пазарен инспекторат (ДПИ) со кои ќе ги зголеми ингеренциите на инспекторите на ДПИ за да можат веднаш да постапат и да го затворат објектот без да поминат одредени судски постапки. Од среда, посочи, ДПИ со зголемен капацитет ќе биде на терен.
До крајот на наредната недела ќе го имаме и новото законско решение за нефер трговски практики со кое ќе се укинат над 20 отсто од одредени давачки во синџирот на трговија, почнувајќи од производство, па се до малопродажба што дополнително ќе влијае на намалување на цените. Со законското решение ќе се утврди начинот како треба да се направи договорот меѓу синџирот на супермаркети и нивните добавувачи или, пак, синџирот на супермаркети и производителите од државата, потенцира Бектеши.
Најави дека Министерството ги следи движењата на цените и во другите сектори и истакна дека фазно ќе оди со намалување на цените и во другите сектори ако има нарушување во делот на утврдување на цените. Додаде дека прехранбената индустрија е во првата фаза бидејќи се забележува нелогично зголемување на цените на прехранбените производи. На маркетите, како што кажа, ќе им биде дозволено акциски да ги намалат цените само на производите на кои им истекува рокот. Во спротивно доколку спроведуваат акциски продажби до 30 ноември ќе им следат санкции.